Со овој договор се регулираат правата и обврските помеѓу корисниците на tarana.mk и ТАРАНА МК ДООЕЛ во врска со користење на услугите на ТАРАНА МК ДООЕЛ дадени на веб сајтот на tarana.mk. oтворање и користење на кориснички профил поставен на веб...
ДОГОВОР
Склучен во Скопје на ден ********* помеѓу:
ТАРАНА МК ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со седиште на ул. ********* бр. *********, застапувано од *********, со ЕМБС ********* и ЕДБ ********* ( во понатамошниот текст ТАРАНА МК ДООЕЛ) и
*********, со седиште на ул. ********* бр. *********, застапувано од *********, со ЕМБС ********* и ЕДБ ********* (во понатамошниот текст Огласувач)
Со овој договор се регулираат правата и обврските помеѓу корисниците на xxxxxx.xx и ТАРАНА МК ДООЕЛ во врска со користење на услугите на ТАРАНА МК ДООЕЛ дадени на веб сајтот на xxxxxx.xx.
ПРЕДМЕТ
Член 1
Предмет на овој Договор е уредување на:
oтворање и користење на кориснички профил поставен на веб платформата xxxxxx.xx;
времетраење на користење на сервисот, датум на активирање на профилот, кориснички сметки, комуникација, условите на користење, права и обврски што произлегуваат од меѓусебните односи;
права и обврски помеѓу договорните страни во однос на сопственоста на содржината;
начини на плаќање;
суспендирање на услугите и раскинување на договорот;
други прашања од значење за двете договорни страни поврзани со користење на електронската продавница односно корисничкиот профил.
ОПШТИ УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Член 2
(1) Користење на е-продавница е единствено можно со регистрација на веб платформата и поврзување на истата со Diners Club профилот. Секое физичко лице, активен корисник на MY Diners, има право на посета, купување и продавање производи од платформата xxxxxx.xx.
(2) Секое физичко лице, активен корисник на MY Diners, има право на посета и огласување на производи на платформата xxxxxx.xx
(3) Купувањето може да се направи исклучиво со Diners Club картичка (во готово и/или на 2 до 24 рати). Доколку посетителот не е корисник на My Diners, регистрација на платформата е возможна, но тргување на истата е оневозможено.
(4) Според ЗЗЛП, обврска на огласувачот е да ја истакне продажната цена на јасен, читлив, недвосмислен и видлив начин, до описот на производот, и да се придржува до истакнатата цена и услови за продажба. Сите цени кои се прикажани на платформата се конечни. Доколку огласувачот сака да ја намали цената или пак во одреден период да даде попуст на производот, може да го направи со ажурирање на податокот за производот во неговиот кориснички профил.
Член 3
(1) Договорот е со неопределена временска важност, сметана од датумот на активирање на корисничкиот профил. Договорните страни се согласни дека како датум на активирање на корисничкиот профил се смета датумот кога истиот е креиран, а со тоа сопственикот се согласува со условите.
(2) За да добие кориснички пристап на корисничкиот профил сопственикот мора да биде активен корисник на MY Diners.
Член 4
(1) Сопственикот на корисничкиот профил е согласен и запознаен дека за менаџирање на корисничкиот профил задолжително е да има најмалку една несуспендирана, активна и валидирана корисничка сметка што ќе се смета за корисничка сметка на сопственикот на корисничкиот профил.
(2) Сопственикот на корисничкиот профил е согласен и запознаен доколку како втора договорна страна се јавуваат повеќе странки, секоја од нив е потребно да има несуспендирана, активна и валидирана корисничка сметка.
(3) Сопственикот на корисничкиот профил е согласен и запознаен дека корисничката сметка со улога “Сопственик на е-продавница” може да биде избришана или заменета само со официјално барање до корисничката поддршка на xxxxxx.xx.
(4) Сопственикот на корисничкиот профил е согласен и запознаен дека корисничките сметки со улоги пониски од улогата “Сопственик на е-продавница” кои се креираат во понатамошното работење, како и акциите што се извршуваат од страна на тие кориснички сметки се исклучиво на одговорност на Сопственикот на е-продавницата.
Член 5
Договорните страни се согласни дека за официјална комуникација помеѓу xxxxxx.xx и корисничкиот профил се смета комуникацијата како и сите информации разменети меѓу xxxxxx.xx (системот на xxxxxx.xx, официјалните претставници задолжени за комуникација, корисничката поддршка и сл.) и сопственикот на корисничкиот профил како и административниот контакт и технички контакт поставени во Tarana Dashboard, во моментот на размена на информацијата.
Член 6
Правата и обврските што произлегуваат од меѓусебниот однос на договорните страни се регулирани согласно договорот, условите на користење како и сите официјални известувања поврзани со работењето на xxxxxx.xx и корисничкиот профил.
Член 7
Сопственикот на корисничкиот профил изрично се согласува со следните обврски кои произлегуваат од користењето на веб платформата xxxxxx.xx:
уредно доставување на сите потребни податоци за регистрација, активација, наплата и непречено работење на xxxxxx.xx и корисничкиот профил во целост;
навремено и легитимно доставување на информации за било каква можна промена што влијае на овој договор или на работењето на xxxxxx.xx и сите сервиси поврзани со корисничкиот профил.
Член 8
(1) Сопственикот на платформата изрично се согласува со следните обврски за xxxxxx.xx кои произлегуваат од администрирањето на платформата:
овозможување на пристап до кориснички профил;
навремено и легитимно доставување на информации за било каква можна промена што влијае на овој договор или на работењето до сопственикот на корисничкиот профил на платформата xxxxxx.xx и сите сервиси поврзани со корисничкиот профил;
адресирање на сите технички проблеми поврзани со корисничкиот профил пријавени по официјалниот канал за пријава на технички проблеми и решавање на истите во најкус можен временски рок, не подолг од 30 дена;
xxxxxx.xx има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.
(2) Сопственикот на корисничкиот профил е запознаен и согласен дека xxxxxx.xx нема обврска да стапи во комуникација помеѓу Сопственикот на корисничкиот профил и компаниите во чија сопственост се третите сервиси кои дополнително треба да се активираат на корисничкиот профил. Обврската е исклучиво на сопственикот на корисничкиот профил и за активирање на сервисите тој е потребно уредно и легитимно да ги достави сите потребни информации до xxxxxx.xx.
(3) Сопственикот на корисничкиот профил е запознаен и согласен дека xxxxxx.xx го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на платформата или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина.
(4) Сопственикот на корисничкиот профил признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на xxxxxx.xx, и xxxxxx.xx не е одговорна за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку интернет.
(5) Иако целта на xxxxxx.xx е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, платформата или делови од платформата може да се недостапни од време на време поради било каква техничка причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Сопственикот на корисничкиот профил разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на xxxxxx.xx, пристапот до веб платформата или е-продавницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.
(6) Сопственикот на корисничкиот профил е запознаен и согласен дека xxxxxx.xx има право, но не е обврзан, да отстранува материјали и објави од е-продавницата доколку смета дека со истите се нарушува политиката на работење на xxxxxx.xx или доколку смета дека материјалите и објавите се спротивни на законодавството на РСМ или било која друга држава и со нивното поставување или објавување би се нанело штета на xxxxxx.xx, сопственикот на е-продавницата, компаниите кои се јавуваат како трети странки, крајните корисници и посетителите.
(7) Сопственикот на корисничкиот профил е запознаен и согласен дека xxxxxx.xx може да примени корпоративна регулатува за проверка на веродостојност и валидација на легалност на сите содржини, производи и сервиси кои се објавуваат на корисничкиот профил. При тоа во случај на поставени и објавени нелегални содржини, xxxxxx.xx има право автоматски да ги острани и за истите да го извести сопственикот на корисничкиот профил.
(8) Сопственикот на корисничкиот профил е запознаен и согласен со тоа дека неговиот профил не е пренослив и истиот не смее да го сподели или продаде на друго лице, а доколку сака да изврши трансфер на е-продавницата на друго физичко или правно лице, сопственикот мора да испрати официјално барање до Правната служба на xxxxxx.xx, кое ќе биде дополнително разгледано.
ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ И СОДРЖИНА
Член 9
(1) Корисничкиот профил, изворниот код, базата на податоци и сите други компоненти што произлегуваат од корисничкиот профил се исклучиво во сопственост на xxxxxx.xx.
(2) Содржините објавувани на корисничкиот профил, јавно достапни за корисниците се исклучиво во сопственост на Сопственикот на корисничкиот профил и xxxxxx.xx нема да сноси било каква одговорност согласно позитивните законски прописи во однос на повреда на права од интелектуална сопственост и надомест на штета.
(3) Со пристапување кон овој договор, сопственикот на корисничкиот профил се согласува дека во случај на евентуален спор истиот ќе се јави на страната на xxxxxx.xx и е должен да ја надомести целокупната штета и сите трошоци кои ќе бидат предмет на евентуална постапка.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ
Член 10
(1) xxxxxx.xx не сноси никаква одговорност, ниту пак се обврзува да присуствува во било каков спор помеѓу трети страни и сопственикот на корисничкиот профил, настанат на корисничкиот профил, платформата xxxxxx.xx или при продажба и размена на стоките и услугите.
(2) xxxxxx.xx не сноси никаква одговорност за производите и услугите, односно нивното потекло, квалитет, легалност, декларираност и останато кои сопственикот ги поставил на неговиот кориснички профил.
(3) xxxxxx.xx не сноси никаква одговорност за авторските права на фотографиите, аудио и видео содржините или содржини од било каков формат кои сопственикот ги поставил на неговиот кориснички профил.
(4) xxxxxx.xx не сноси никаква одговорност за сите загуби на профит поради недоволна продажба на стоки или услуги или предизвикани штети поради превземање, копирање или злоупотреба на податоци објавени на е-продавницата.
(5) xxxxxx.xx не сноси никаква одговорност за функционирањето на третите сервиси интегрирани на корисничкиот профил кои може да го нарушат работењето и функционирањето на корисничкиот профил.
(6) xxxxxx.xx не сноси никаква одговорност за штетите предизвикани со испорака на производи или услуги со несоодветен квалитет или со неиспорака на нарачани и платени производи или услуги до потрошувачите или штети поради ненавремена испорака на нарачани производи или услуги до потрошувачите.
(7) xxxxxx.xx не сноси никаква одговорност за можните картични измами, или било какви упади и злоупотреби на корисничките сметки на регистрираните корисници.
Член 11
(1) Со потпишувањето на овој договор и пристапување кон условите, а воедно и со самото користење на корисничкиот профил, сопственикот на корисничкиот профил изречно е согласен со ставките од член 10 од овој договор и се откажува од отпочнување на било какви постапки за надомест на штета предизвикана поради наведените причини.
(2) Со потпишувањето на овој договор и пристапување кон условите, а воедно и со самото користење на корисничкиот профил сопственикот на корисничкиот профил изрично е согласен дека ги превзема сите одговорности наведени во член 10 од овој договор.
(3) Со потпишувањето на овој договор и пристапување кон условите, сопственикот на корисничкиот профил изрично изјавува и потрврдува дека ќе работи во целост во согласност со позитивната законска регулатива од државата на потекло на сопственикот и државите каде истиот ги испорачува производите или услугите.
Член 12
(1) Доколку содржините, производите и услугите се спротивни на законодавството на државата на потекло на сопственикот и државите каде истиот ги испорачува производите или услугите, xxxxxx.xx на сопствена дискреција и по барање на надлежен орган има право да го суспендира корисничкиот профил и сите кориснички сметки што се јавуваат во својство на сопственикот/сопствениците или застапувачот на сопственикот/сопствениците на корисничкиот профил.
(2) Суспендирањето поради нелегални содржини, производи или сервиси е на неопределно време, а реактивација е можна само по претходно прифатено барање за реактивација од страна на xxxxxx.xx.
Член 13
Договорните страни се запознаени дека повратот на средства се регулира со политиката за поврат на средства на линкот xxxxx://xxx.xxxxxx.xx/xxxxxxx/xxxxx/xxxxxxxx-xx-xxxxxxxxxxxx поставена на официјалнот веб-сајт на xxxxxx.xx во моментот на барањето за поврат на средства од страна на сопственикот на корисничкиот профил.
ПРОМЕНА НА УСЛУГИТЕ И ЦЕНИТЕ
Член 14
(1) Цените за користење на услугите на xxxxxx.xx се предмет на промена по известување од 30 (триесет) дена од страна на xxxxxx.xx. Таквото известување може да се обезбеди во секое време со објавување на промените на официјалниот веб-сајт на xxxxxx.xx или во административниот панел на xxxxxx.xx преку соопштение/нотификација.
(2) xxxxxx.xx го задржува правото во било кое време, и/или понекогаш, да ги менува или прекине услугите (или кој било дел од нив) со или без известување.
ДЕАКТИВИРАЊЕ И СУСПЕНДИРАЊЕ НА КОРИСНИЧКИОТ ПРОФИЛ
Член 15
Xxxxxx.xx има право да го суспендира корисничкиот профил поради објавување на нелегални содржини и производи, лажни информации за производите како и прекршување на условите за користење. Реактивирањето на суспендираниот кориснички профил поради оваа причина е на одлука на правниот тим на xxxxxx.xx.
ПРЕДВРЕМЕНО ОТКАЖУВАЊЕ НА КОРИСНИЧКИОТ ПРОФИЛ
Член 16
(1) Сопственикот на корисничкиот профил може да го откаже својот кориснички профил во било кое време преку xxxxxx.xx со барање доставено до техничката поддршка на xxxxxx.xx.
(2) При откажување, претплатата добива статус на “Откажана”. Доколку сопственикот сака да го реактивира неговиот кориснички профил истото може да го направи со барање доставено до техничката поддршка на xxxxxx.xx.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОР
Член 17
(1) xxxxxx.xx може еднострано да го раскине овој договор:
доколку сопственикот на корисничкиот профил не се придржува до условите за користење на xxxxxx.xx;
доколку сопственикот на корисничкиот профил ја користи е-продавницата за продажба на производи или услуги што се забранети согласно законодавството на државата во која е регистриран корисничкиот профил или пак во државата/државите во која сопственикот ги испорачува производите или услугите;
доколку не се користи за продажба на производи или услуги туку преку истата се прикажува навредлива и штетна содржина за xxxxxx.xx или за трети странки;
доколку дејствијата што ги превзема сопственикот на корисничкиот профил на било кој начин се спротивставуваат на корпоративната регулатива на xxxxxx.xx, или пак на било која точка од овој договор.
(2) При постоење на еден од основите за еднострано раскинување на овој Договор, раскинувањето се врши со испраќање на е-порака од страна на xxxxxx.xx до сопственикот на корисничкиот профил при што раскинувањето стапува на сила веднаш со приемот на известувањето.
(3) Со раскинување на договорот, xxxxxx.xx има право веднаш да го запре корисничкиот профил и да му ги предаде сите податоци на сопственикот на корисничкиот профил при што тој нема право на надомест на штета по ниту еден основ.
Член 18
Овој договор може да се раскине и со заемна согласност на двете договорни страни, со отказен рок од 30 (триесет) дена.
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ, ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ И ДОВЕРЛИВИ ПОДАТОЦИ
Член 19
Политиката за приватност која е објавена на официјалниот веб-сајт на xxxxxx.xx содржи детални информации за природата, обемот и целта за која се собираат, користат и обработуваат личните податоци на крајните корисници, за начинот на кој се заштитуваат нивните лични податоци преку примена на соодветни технички и организациски мерки, како и за правата што за крајните корисници произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.
Член 20
(1) Договорните страни имаат обврска меѓусебно да се известат доколку:
увидат дека не се во можност да ги исполнат своите обврски според кои произлегуваат од прилог 6 од овој Договор, од која било причина;
според нивните мислења, примената на одделни одредби од прилог 6 од овој Договор го прекршуваат ЗЗЛП или други прописи за заштита на личните податоци;
утврдат какво било нарушување на безбедноста во обработката на личните податоци.
(2) Секоја од Договорните страни има право да:
побара информации од другата страна, потребни за докажување на исполнувањето на обврските од прилог 6 од овој Договор;
постави прашања во врска со обработката на личните податоци заради реализација на прилог 6 од овој Договор и да добие одговори од другата страна во рок од 3 (три) работни дена.
побара помош од другата страна, во случај на вршење на супервизија од АЗЛП;
Член 21
(1) Во случај на целосно раскинување на овој Договор, xxxxxx.xx ги чува информациите за корисничкиот профил, сопственикот на корисничкиот профил и сите други информации, во рок од три (3) месеци по неговото раскинување. Потребен е период од една (1) година, за да се извадат сите типови на извештаи за работењето на xxxxxx.xx, како и за да се овозможи повторна реактивација на е-продавницата, доколку сопственикот се одлучи на тоа. По истекот на период од една (1) година, информациите и податоците се анонимизираат и веќе не се поврзуваат во ниту еден случај со сопственикот на е-продавницата или неговата компанија.
(2) Доколку сопственикот на корисничкиот профил сака да се избришат сите информации и податоци поврзани со него, неговата компанија или неговата е-продавница, тоа може да го направи со барање до техничката служба на xxxxxx.xx. По барањето, xxxxxx.xx врши анонимизација на сите податоци.
Член 22
(1) Сите информации, документи и податоци кои се означени во овој договор како доверливи и се поврзани на кој било начин со овој договор, а кои што xxx.xxxxxx.xx ги добива од Сопственикот на корисничкиот профил како дел од извршувањето на овој договор, претставуваат доверливи податоци.
(2) xxxxxx.xx се обврзува да не открива доверливи податоци и да не ги користи за други цели освен за спроведувањето на овој договор, за целото времетраење на договорот и по неговото раскинување, од која било причина.
(3) xxxxxx.xx се обврзува дека на сите лица, особено на неговите вработени, изведувачи, полномошници кои имаат пристап до доверливи податоци, ќе им биде наложено да ги чуваат податоците како тајна и да ги користат исклучиво за целите на овој договор.
ВИША СИЛА
Член 23
(1) Договорните страни може да бидат ослободени од одговорност во одредени случаеви кои настанале независно од волјата на странките. (виша сила)
(2) Договорната страна погодена со виша сила треба веднаш, а најдоцна во рок од 5 (пет) дена со писмо, телеграма или телефакс да ја извести другата страна за настанувањето, видот и евентуалното траење на вишата сила, односно околностите кои го спречуваат извршувањето на договорот.
(3) За времето додека трае вишата сила, обврските на договорните страни мируваат и не може да се применат санкции за неизвршување на договорните обврски.
(4) Настапувањето на виша сила го продолжува рокот за исполнувањето на обврските на договорната страна која е погодена со истата.
ПРЕОДНИ И ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ
Член 24
Со потпишувањето на овој договор, двете договорни страни изречно изјавуваат дека се согласни со овој договор и сите известувања, напатствија, ажурирања и слично.
Член 25
Договорните страни изјавуваат дека овој договор претставува нивна волја и истиот го потпишуваат доброволно и неприсилени од никого и се согласни сите евентуални недоразбирања по овој Договор да ги решаваат спогодбено и во духот на добрите деловни односи, а доколку тоа не е можно, надлежен е Основниот Граѓански суд Скопје во Скопје.
Член 26
За се што не е уредено со овие услови и договор се применува законодавството на Република Северна Македонија.
Член 27
xxxxxx.xx ја поседува и менаџира платформата xxxxxx.xx како и нејзината веб и мобилна апликација и верзии. Со употреба на оваа платформа и нејзините услуги Вие се согласувате со условите на употреба и договорните одредби со кои се запознавте погоре. Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на xxxxx://xxxxxx.xx/xxxxxxx/xxxxx/xxxxxxxx-xx-xxxxxxxxxx/ и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате условите на употреба и договорни одредби за да бидете во тек со последните важечки верзии и сите нивни измени и дополнувања.
За Прва Договорна Xxxxxx XXXXXX МК ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Управител:
_______________________
М.П.
|
За Втора Договорна Xxxxxx
Xxxxxxxxx:
_______________________
X.П. |