Contract
1.
од , со седиште на ул.
бр. со
ЕДБ: , преставувано од Управителот (во натамошниот текст: Нарачател) и
2. од , со седиште на ул. бр. со ЕМБГ: во натамошен текст:Автор)
го склучија на ден 20 год. следниот
АВТОРСКИ ДОГОВОР
Член 1
Предмет на овој договор е што Авторот по нарача и за потребите на Нарачателот се оврзува да ги изврши.
Член 2
Детална презетација за изработка на авторското дело е приложена во спецификација која е составен дел на договорот.
Нарачателот има право да ја надгледува работата на Авторот и да му дава напатствија.
Член3
Нарачателот се обврзува да ги обезбеди сите потребни информации (и/или услови и опрема) за извршување на договорените работи опишани во член 1 од овој договор.
Член 4
За услугите од член 1 од овој договор, Нарачателот се обврзува на Авторот да му исплати еднократен авторски надомест (или месечен паушал) во вкупен бруто износ (нето + персонален данок на доход) од евра, во денарска противвредност по среден курс на НБРМ.
Нарачателот има законска обврска персоналениот данок на доход да го пресмета, согласно ЗПДД за авторски договори, задржи и плати.
Договорениот нето износ од овој член, Нарачателот ќе го уплати во име на Авторот на трансакциска сметка бр. во Банка.
Член5
Изработеното авторско дело (опис)Авторот на Нарачателот ќе го предаде во електронска и хартиена форма најкасно до 20 год.
По примот на авторското дело (опис), Нарачателот ја прегледува содржината, а со нејзината исплата значи дека ги потврдил и прифатил договорените работи/услуги.
Член6
Договоренитестранкиодделносеспогодијазаследното: Авторотделотоодчлен1наовојдоговоргоотстапуванаНарачателотсамозанегови потреби.
Член7
Нарачателот се обврзува навремено да го извести Авторот во случај на какви било промени во законската регулатива кои би влијаеле на договорените стапки на персонален данок на доход.
За законските обврски кои произлегуваат од исплатените надоместоци врз основа на авторски договор, одговара Нарачателот и Авторот, секој за својот дел согласно законските прописи.
Член 8
Договорот се склучува со време траење од (месец, година или се наведува дата од-------до )
Секоја од договорените страни има прво на раскинување на договорот, поради нарушување на договорените обврски.Отказниот рок за раскинување на договорот не може да биде пократок од три дена.
Член 9
Во случај на спор по овој договор, доколку не може да се реши спогодбено меѓу договорените страни истиот се решава пред надлежниот суд во .
Член 10
На се што не е предвидено со овој договор, непосредно се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи.
Член 11
Договорот е составен во 2 (два) еднакви примероци, од кои по еден за секоја договорените страни.
Договорени страни
Нарачател Автор