Д О Г О В О Р За вршење на услуга - пресметка на плата Склучен на ден година помеѓу Д.У. Гивеко, Скопје, застапувано од Управителот Лазаровски Љубиша, во натамошниот текст давател на услуга, и во натамошниот текст, корисник на услуга. Предмет на...
Д О Г О В О Р | |||
За вршење на услуга - пресметка на плата | |||
Склучен на ден | година | помеѓу | |
Д.У. Гивеко, Скопје, застапувано од Управителот Лазаровски Xxxxxx, во натамошниот текст | |||
давател на услуга, и | |||
во натамошниот текст, корисник на услуга. | |||
Предмет на договорот е давање, односно користење на услуга - пресметка на плата. | |||
Обврски на корисникот на услугата | |||
Законска обврска за доставување на пресметка на плата е во рок од 10 дена по | |||
истекот на месецот за кој се врши пресметката. Обврска на корисникот на услугата е секој | |||
месец, на давателот на услугата, најдоцна до 5-ти ( петти ) во месецот, за претходниот месец | |||
за кој се врши пресметка на плата, да му достави список на вработените за кои се | |||
пресметува плата, со следниве податоци: | |||
1. Име и презиме на вработените, ЕМБГ, адреса на живеење, општина и број на трансакциска | |||
сметка. | |||
2. Износот на бруто плата по вработен, при што платата не може да биде пониска од 50% од | |||
просечната плата по работник во Р.Македонија објавена во тековниот месец, а највисока | |||
месечна основица е износот до 4 просечни плати, над кој износ не се пресметуваат и | |||
уплатуваат придонеси. | |||
3. Доколку има промени, датумот на пријавување и одјавување на вработени по сите | |||
основи, со приложување на соодветна документација. | |||
За доставен список ќе се смета донесен во просториите на давателот на | |||
услугата, или пратен по пат на телефакс или E-mail. | |||
Обврска на корисникот на услугата е самиот да ги спроведе плаќањата на | |||
вирманите во банка и тоа најдоцна до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец. | |||
Обврска на корисникот на услугата е на секој вработен да му достави заверена | |||
писмена пресметка за пресметаните придонеси и персонален данок најдоцна 15 дена од денот | |||
на исплатата на плата и збирен годишен извештај најдоцна до 15 февруари наредната година. | |||
Обврски на давателот на услугата | |||
Обврски на давателот на услугата се следниве: | |||
1. Пресметка на плата согласно Законските прописи, со изготвување на сите потребни и | |||
пропишани обрасци и вирмани, | |||
2. Изготвување на писмена пресметка за пресметаните придонеси и персонален данок за секој | |||
вработен месечно и збирен годишен извештај, | |||
3. Електронско доставување на образецот МПИН до Управата за јавни приходи, | |||
4. Електронски прием на вирманот за уплата на придонесите и персоналниот данок, | |||
5. Чување на кодот за идентификација, негово користење и заштита, | |||
6. Изготвување на образец ПДД-ГИ за трговското друштво во Законски рок. | |||
7. Информирање на корисникот на услугата за сите евентуални измени на Законските прописи. | |||
Цена | |||
Цената на услугата изнесува денари по вработен месечно, со вклучен ддв. | |||
Услугата се плаќа при спроведувањето на вирманите за плата на корисникот на услугата. | |||
Важноста на договорот е на неопределено време и истиот може да се раскине доколку не се | |||
исполнуваат обврските од истиот. Во случај на спор ќе решава надлежниот суд во Скопје. | |||
Договорот е составен во два примерока, по еден за секоја договорна страна. | |||
За давателот на услуги, | За корисникот на услуги, | ||
м.п. | Скопје, | год. | м.п. |