Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, бул. ВМРО 3, 1000 Скопје, тел. 02 3288 800. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Дополнителни услови за осигурување на гости во хотели, мотели, кампови, бунгалови, капалишта, лекувалишта и слично од последици на несреќен случај (незгода)
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, бул. ВМРО 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 15.10.2004 година и со одлука бр.06/04-3 се применуваат од денот на донесувањето.
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие дополнителни услови за осигурување на гости во: хотели, мотели, кампови, бунгалови, капалишта, лекувалишта и сл. Од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на гости во: хоели, мотели, кампови, бунгалови, капалишта, лекувалишта и сл. Од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со УНИКА друштво за осигурување а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде секоја организација која се занимава со хотелска или слична дејност, како и секое друго физичко лице кое има дозвола да прима гости на ноќевање и сместување.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на старост, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Начин на склучување на договор
Договорот за осигурување гости од последици на несреќен случај се склучува според книгата на гости или друга евиденција што е пропишана.
Член 3
Траење на осигурувањето
Ако не е во полисата поинаку договорено, осигурувањето започнува во однос на секој одделен гостин во моментот кога како гостин е воведен во пропишаната евиденција на гостите и трае до моментот, кога според хотелскиот ред или некој друг ред го загуби својството на хотелски гостин.
Член 4
Обврски на осигурувачот
(1) Осигурувачот е во обврска, ако несреќниот случај или смрт поради незгода настане во текот на траењето на осигурувањето, додека гостинот престојува во хотелот или се наоѓа надвор од него.
(2) Кон осигурувањето на гости се вклучува осигурувањето од законска одговорност на договорувачот спрема осигурените гости поради телесни повреди, оштетување, односно исчезнување на некој од нивните предмети до износите означени во полисата.
Правата и обврските од ова осигурување се регулирани со посебните услови за осигурување од одговорност на договорувачот на осигурувањето од последици на несреќен случај (незгода) и од овие дополнителни услови.
постои и во случај кога договорувачот не ја уплатил премијата во рокот означен во полисата, ако осигурениот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на претходниот став на овој член и члено 6 и 19 од општите услови
Член 6
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 или постари од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со одлука на управниот одбор на
„Уника“ друштво за осигурување x.x. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 7
Пријава на несреќен случај
(1) Договорувачот е должен веднаш да му го пријави на осигурувачот секој настан кој според овие дополнителни услови има влијание врз обврската на осигурувачот (несреќен случај, оштетување или исчезнување на предмети), како и да им го пријави на органите надлежни за кривично гонење, доколку таков настан повлекува чија и да е кривична одговорност. Исклучена е обврската на осигурувачот за оштетување или исчезнување на предмети, ако оштетното побарување е поставено на договорувачот од гостин по губење на својството гостин.
(2) Договорувачот е обврзан на барање на осигурувачот да му ги даде сите потребни известувања со цел за разјаснување и утврдување на постоењето и висината на обврската.
Член 8
Завршни одредби
Овие дополнителни услови важат со општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на општите услови, важат овие дополнителни услови.
Член 5
Начин и рокови за пресметка и плаќање на премија
(1) Пресметка на премијата се врши во рокот означен во полисата за осигурување, според реалниот број на осигурените гости.
(2) Договорувачот е должен да му ги стави на увид сите книги и други евиденции од кои може да се утврди бројната состојба на гостите, како и висината на пресметаната и платена премија.
(3) Договорувачот е должен да ја плати на осигурувачот договорената премија за целото времетраење на осигурувањето во рокот назначен во полисата.
(4) Ако премијата се исплаќа по пошта се смета дека е уплатена во 24:00 часот оној ден на кој е уплатена по пошта. Ако се плаќа со вирман се смета дека е платена во 24:00 часот оној ден на кој е предаден вирманскиот налог на банката.
(5) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно