Contract
ДОГОВОР ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Овој Договор за снабдување со електрична енергија (во понатамошниот текст „Договорот“), е склучен во Скопје, на ден ________ _____ година помеѓу:
1. Друштво со ограничена одговорност ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС-Косово-Подружница XXXXXX XXXXXX XXXXXXXX XXX XXXXXXXX ДИНАМИКС во Македонија, Скопје, со ЕДБ 4028017531731 и ЕМБС 7198507, со седиште на Ул. Митрополит Xxxxxxxx Xxxxxxxxx 54Б / кат 2 Скопје застапуван од Одговорно лице - Управител Xxxxx Xxxxxxx, како лиценциран трговец и снабдувач со електрична енергија во Република Македонија, од една страна како Продавач/Снабдувач (во натамошниот текст „СНАБДУВАЧ”)
2. Друштво со седиште на ул._____________________, со ЕМБС__________________ и ЕДБ ___________________, застапувано од Управителот ____________ ______________, од друга страна како Потрошувач/ Квалификуван потрошувач (во натамошниот текст: „ПОТРОШУВАЧ”)
І. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
1.1. Предмет на овој Договор е купопродажба на ЕЕ, која што Снабдувачот му ја продава на Потрошувачот како ЕЕ, согласно одредбите од овој Договор и одредбите од ЗЕ, ПП и останатата применлива регулатива.
1.2. Договорните страни го склучуваат овој договор врз основа на Понуда бр. __________од _________година, прифатена од Потрошувачот на ден _____________ година, која е дадена како Прилог кон овој Договор и претставува негов составен дел.
1.3. Снабдувањето со ЕЕ согласно овој Договор ќе се врши на местата за снабдување определени како Прилог 2 кон овој Договор.
ІІ. РОК НА ВАЖЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
2.1. Договорните страни се согласни дека овој Договор стапува на сила на денот на неговото потпишување и трае заклучно со ________________ година.
2.2. Договорните страни се согласни дека дефинираниот период на снабдување со ЕЕ на Потрошувачот започнува да тече од 00:00 часот на ден ___________ година и трае до 24:00 часот на ден ____________ година.
2.3. Договорните страни се согласни дека, доколку ниту една од нив не поднесе писмено барање за: прекин на важноста на овој Договор или предлог за измени на условите од овој Договор најдоцна 45 (четириесет и пет дена) дена пред рокот на неговото истекување, ќе се смета дека овој Договор е продолжен под истите услови наведени во Договорот и за времетраење од една календарска година (за годината што следи).
III. РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ
3.1. Доколку дојде до настан или состојба кај било која договорна страна која може да влијае на исполнувањето на обврските на таа страна согласно овој Договор, таквата страна е должна да ја извести другата страна за таквиот настан или состојба, во рок од 10 дена од настанување на истите.
3.2. Договорните страни се согласни дека размената на информации ќе се води исклучиво на следните контакти:
За Снабдувачот: Тел.: 070/287-959 Е-адреса: xxxx@xxxxxxxxxxxxxx.xxx
За Потрошувачот: Тел.: Е-адреса:
3.3. Во случај на промена на контактите за комуникација Страната која ја врши измената писмено ќе ја извести другата Страна.
IV. ЦЕНА
4.1. Договорени количини
4.1.1. Снабдувачот ќе го снабдува Потрошувачот со ЕЕ во количини согласно неговата потреба.
4.2 Цени
4.2.1. Цената за еден MWh електрична енергија изнесува индексација на ЕУР/MWh или денари/MWh. Цената изразена во kWh изнесува денари/kWh.
4.2.2. Договорните страни се согласни дека цената наведена во претходниот став не вклучува ДДВ или други даноци и давачки.
V. ДОСТАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ФАКТУРАТА
5.1. Снабдувачот се обврзува да издаде месечна фактура за потрошената ЕЕ и да ја достави на Потрошувачот по електронски пат на електронската адреса наведена погоре, која ќе се смета за информативна верзија, а оригиналната фактура во печатена форма ќе му ја испрати на Снабдувачот на следната адреса: ____________________. Месечната фактура ќе му биде издадена и доставена на Потрошувачот најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.
5.2. Потрошувачот е должен да му ги плаќа на Снабдувачот месечните фактури најдоцна до 30- ти во месецот, за претходниот месец на трансакциската сметка на Снабдувачот наведена во фактурата.
5.3. Во случај на задоцнето плаќање по датумот на доспевање, Снабдувачот има право да наплати и законска казнена камата согласно применливата законска регулатива.
VI. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
6.1. Договорните страни се согласни дека овој Договор може да биде раскинат во следниве случаи:
- Со истекување на рокот на Договорот, доколку било која од договорните страни достави писмено известување, согласно Правилата за снабдување со електрична енергија;
- По взаемна писмена согласност меѓу Договорните страни;
- По истекот на 10 (десет) дена од доставувањето на писмено известување од Снабдувачот, во случај ако Потрошувачот има заостанати и неплатени долгови по овој Договор.
- Еднострано, по барање на Потрошувачот, со писмено известување од 10 (десет) дена во случај на неисполнување на договорните обврски од страна на Снабдувачот;
- Еднострано по барање на Снабдувачот, со писмено известување од 10 (десет) дена претходно.
VII. ОПШТИ УСЛОВИ
7.1. Општите услови за снабдување со електрична енергија се дадени како Прилог 1 кон овој Договор, и истите претставуваат составен дел на овој Договор или се објавени на веб-страницата на Снабдувачот xxx.xxxxxxxxxxxxxx.xxx. Вака објавените Општи услови ќе бидат директно применливи помеѓу договорните страни.
7.2. Во случај на спротивставеност во значењето помеѓу одредбите од овој Договор и одредбите од Општите услови, ќе преовладуваат одредбите од Општите услови.
VIII. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
8.1. Измените на овој Договор може да се вршат единствено во писмена форма со Xxxxx кон овој Договор.
8.2. Овој Договор е составен во 4 (четири) оригинални примероци, од кои по 2 (два) за секоја од договорните страни.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
XXXXXX XXXXXX XXXXXXXX XXX ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС-Косово-Подружница ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС во Македонија,
__________________________________
ДРУШТВО
____________________________________
Адреса: Митрополит Xxxxxxxx Xxxxxxxxx бр. 54Б-кат 2, Карпош, Скопје; ЕМБС:7198507; ЕДБ:МК0000000000000 Tel: x000 00 000 000 Website: xxx.xxxxxxxxxxxxxx.xxx E-Mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxxx.xxx |
ОДГОВОРУВАЊЕ:
Овој примерок на договор/договор е
нацрт и е даден со цел да им се даде
пример на заинтересираните страни. Тој
нема само да се дуплира со цел да се
склучи договор со потрошувачот, туку
е предмет на разгледување од страна на
страните кои склучуваат договор. Не е
наменет да ја покрие секоја ситуација
со снабдување со енергија, ниту пак
предвидува една специфична ситуација.
Изготвен е во согласност со важечката
легислатива.