Contract
КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ
Врз основа на членовите 203 и 218 став 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15,
72/15 и 129/15), член 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија" бр. 10/08 и 85/09) и член 122 од Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 60/06, 156/07, 17/09, 88/09, 60/10, 33/11, 5/13, 172/14, 118/15, 3/16 и 75/16), Министерството за здравство и репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија, на 22 јули 2016 година, склучија
АНЕКС
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 1
Во Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија" бр. 60/06, 156/07, 17/09, 88/09, 60/10, 33/11, 5/13, 172/14, 118/15, 3/16 и 75/16), во членот 2 по зборот „лице“ се става запирка и се додаваат зборовите „казнено-поправни установи и воспитно-поправни установи, во кои се спроведуваат одредени мерки од здравствената дејност на примарно ниво за лицата сместени во нив,“.
Член 2
Во членот 61-д во ставот 1 по зборовите „клинички болници“ се додаваат зборовите
„како и за здравствените работници кои имаат засновано работен однос во казнено- поправни установи и воспитно-поправни установи, во кои се спроведуваат одредени мерки од здравствената дејност на примарно ниво за лицата сместени во нив,“.
Во ставот 3 по зборовите „Институт за јавно здравје“ се додаваат зборовите „како и за здравствените работници кои имаат засновано работен однос во казнено-поправни установи и воспитно-поправни установи, во кои се спроведуваат одредени мерки од здравствената дејност на примарно ниво за лицата сместени во нив,“.
Во ставот 7 по зборовите „клинички болници“ се додаваат зборовите „како и за здравствените работници кои имаат засновано работен однос во казнено-поправни установи и воспитно-поправни установи, во кои се спроведуваат одредени мерки од здравствената дејност на примарно ниво за лицата сместени во нив,“.
Во ставот 9 по зборовите „Институт за јавно здравје“ се додаваат зборовите „како и за здравствените работници кои имаат засновано работен однос во казнено-поправни установи и воспитно-поправни установи, во кои се спроведуваат одредени мерки од здравствената дејност на примарно ниво за лицата сместени во нив,“.
Член 3
Во членот 68 став 2 по зборовите „јавна здравствена установа“ се додаваат збоворите
„како и здравствените работници кои имаат засновано работен однос во казнено- поправни установи и воспитно-поправни установи, во кои се спроведуваат одредени мерки од здравствената дејност на примарно ниво за лицата сместени во нив,“.
Член 4
Овој Анекс за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија, влегува во сила со денот на објавувањето во
„Службен весник на Република Македонија“.
Бр. 0101-72/1 Бр. 17-6217/1
22 јули 2016 година 22 јули 2016 година
Скопје Скопје
Самостоен синдикат за Министерство за здравство
здравство, фармација и на Република Македонија
социјална заштита на Министер,
Република Македонија Xxxxxx Xxxxxxx, с.р. Претседател,
д-р Xxxxxx Xxxxxxxxxxxxx, с.р.