BSH Hišni aparati d.o.o. Nazarje Savinjska cesta 30, 3331 Nazarje Република Словенија
Услови за продолжена гаранција
Договорни услови – 3-годишна дополнителна гаранција од BOSCH во рамки на продажната кампања со наслов „Bosch Ви подарува: 5 безгрижни години.”, која ќе трае од 1 април 2020 година до 31 август 2020 година. Продажната кампања се однесува на следните категории на апарати од Bosch: вградни машини за миење садови, самостојни машини за миење садови.
Друштво која ја издава гаранцијата:
BSH Hišni aparati d.o.o. Nazarje Savinjska cesta 30, 3331 Nazarje Република Словенија
Следните услови кои го опишуваат делокругот и условите за продолжената гаранција не ги засегаат статутарните гарантни обврски на продавачот согласно со купопродажниот договор склучен со крајниот клиент.
1. Делокруг на договорни услови
1.1. Во текот на продолжениот гарантен период, договорните сервисни техничари од BSH Hišni aparati
d.o.o. Nazarje, Xxxxxxxxx xxxxx 00, 3331 Nazarje, Република Словенија (во понатамошниот текст „BOSCH“) бесплатно ќе ги поправат докажаните материјални и/или производствени дефекти на апаратот укажани на гарантниот сертификат доколку BOSCH биде известен во најкратко возможно време откако истите дефекти ќе бидат откриени во текот на периодот на важење на продолжената гаранција.
1.2. Гарантниот сервис се извршува со поправка во текот на гарантниот период, односно со поправка или замена на делови на дискреција на BOSCH. Доколку одредена поправка се докаже како неизводлива или економски неисплатлива, BOSCH ќе одлучи дали апаратот ќе биде заменет наместо поправен во рамки на гарантниот период. Заменетите делови, како и заменетите апарати, ќе бидат во сопственост на BOSCH.
1.3. Гарантниот сервис вклучува, согласно член 1.4., времето на работење, пристигнување и заминување, материјалот за замена и производите за чистење, како и совет од сервисниот техничар во однос на вознемирености на клиентот и управување.
1.4. Доколку отстранувањето на дефектот не спаѓа во рамки на делокругот на гаранцијата и постои возможност со истото клиентот да бил запознаен, во тој случај сите настанати трошоци во текот на проверката, особено трошоците за сервисни посети, ќе бидат наплатени, освен доколку клиентот нè докаже дека не постои возможност да бил запознаен со истото и дека гарантното барање ќе биде невалидно земајќи ги предвид околностите.
1.5. Продолжената гаранција се применува единствено за апаратот кој е укажан на сертификатот и не може да се пренесе врз друг апарат.
1.6. Продолжената гаранција единствено е валидна во рамки на територијата на Македонија, за производи купени од страна на потрошувачи (физички лица) во Македонија, од правни лица регистрирани во
Македонија за употреба во домаќинството.
1.7. Сервисните услуги согласно со продолжената гаранција можат да се побараат по претставување на валиден сертификат заедно со фактура за купениот апарат (на која е наведен датумот на купување и/или достава).
2. Времетраење на гаранција и пренос
2.1. Продолжената гаранција веднаш ќе биде преземена од страна на BOSCH откако ќе измине двегодишната гаранција од производителот за сервисните услуги наведени во член 1, и тоа за период од 3 години. Договорот автоматски ќе заврши по изминати 3 години и нема потреба истиот да се раскинува.
2.2. Извршените гарантни сервисни услуги не опфаќаат ефект на продолжување на гарантниот период, ниту пак обновениот гарантен период ќе започне одново да се пресметува, освен во случаи предвидени со закон.
2.3. Доколку апаратот е заменет во гарантниот период во рамки на значењето на параграф 2 од член 1.2., оригиналниот сертификат ја губи својата валидност. Преостанатиот гарантен период се пренесува врз заменетиот апарат, за што се издава нов соодветен сертификат.
2.4. Кога го продавате апаратот, сертификатот кој се применува врз апаратот може да се пренесе врз новиот сопственик. Со ова не се нарушуваат договорните услови за продолжената гаранција, кои ќе важат и непроменети ќе се пренесат кон новиот сопственик. Во овој случај, нема да биде продолжен гарантниот период, ниту пак продолжената гаранција нема одново да започне да се пресметува.
3. Сервисни услуги кои не се опфаќаат и прекинување на гаранција
3.1. Продолжената гаранција од BOSCH нема да опфаќа гаранции во следните случаи:
• Доколку клиентот не ги следел придружните упатства за употреба на производот;
• Доколку производот бил изменуван од страна на личност без овластување од страна на производителот,
• Доколку клиентот несоодветно ракувал со производот.
BOSCH нема да биде одговорен за оштетувања кои ќе бидат предизвикани во текот на транспортот по доставата на производот, за дефекти кои настанале заради неправилна монтажа или одржување, за механичко оштетување предизвикано од страна на корисникот, како и за дефекти од пренизок или превисок напон или пак од недостаток на вода како резултат на надворешен фактор.
4. Добивање на продолжена гаранција
4.1. Со купување на апарат од продажната кампања, која ги вклучува следните категории на апарати од Bosch: вградни машини за миење садови, самостојни машини за миење садови во периодот од 1 април 2020 година до 31 август 2020 година (датум на фактура), регистрирање на апаратот, како и отпечатување на сертификатот преку xxx.xxxxx-xxxxxxxx.xx во рамки на 30 дена од датумот на купување на апаратот, клиентот добива бесплатно промотивно 3-годишно продолжување на гаранцијата.
5. Гаранција
5.1. Барањата кои не се опфатени со делокругот на продолжената гаранција, како и други барања – особено барањата во однос на надомест за оштетување кое се случило надвор од апаратот – не се опфатени со продолжената гаранција.
6. Решавање случај на гарантно барање
6.1. Сервисните услуги се извршуваат во текот на работното време на овластените сервисни техничари на BOSCH.
6.2. Кога нарачувате гарантна поправка, клиентот треба да ги обезбеди информациите кои се наведени на плочата со назив на производот. Дополнителните информации на плочата со назив на производот, како и положбата на истата на апаратот се достапни во упатството за употреба или на xxx.xxxxx-xxxxxxxx.xx.
6.3. На денот на поправката, на увид на овластениот сервисен техничар, клиентот треба да го обезбеди сертификатот и оригиналната фактура.
7. Останати одредби
7.1. Овие услови единствено се применуваат за продолжената гаранција од BOSCH во рамки на делокругот на продажната кампања „Bosch Ви подарува: 5 безгрижни години.”, која ќе трае од 1 април 2020 година до 31 август 2020 година.
7.2. Законските одредби кои отстапуваат, или се во спротивност, и/или ја изменуваат и дополнуваат тековната продолжена гаранција, единствено ќе бидат валидни доколку истите се изготвени во писмена форма.
7.3. Договорниот однос помеѓу BOSCH и клиентот ќе биде регулиран според законите во Словенија.
7.4. Надлежноста за каков било спор кој може да се јави помеѓу клиентот и BOSCH ќе се утврди според местото на живеење на клиентот. Клиентот има право да започне судска постапка против BOSCH пред суд согласно регистрираното седиште.
Март 2020 година