ONE ЦЕНОВНИК – ONE NET БИЗНИС ТАРИФИ
ONE ЦЕНОВНИК – ONE NET БИЗНИС ТАРИФИ
Ценовникот се однесува на цените за интернет сообраќај тарифните модели за Фиксен широкопојасен Интернет на ONE.
Генерални информации
- Корисник на корпоративен тарифен модел со фиксен широкопојасен интернет се станува откако се потпишува Општиот Договор како и Анекс за користење на услугите поднесено од страна на Корисникот до ОНЕ ДООЕЛ Скопје
- Понудата со фиксен широкопојасен интернет опфаќа три (3) тарифни планови именувани како Net Business S, Net Business M и Net Business L
- Тарифните модели со фиксен широкопојасен интернет се наменети за правни лица
- Цените се наведени со 18% ДДВ.
- ОНЕ ДООЕЛ Скопје има право да ги одредува, менува и дополнува цените на услугите што ги нуди, при што истите се објавуваат во Ценовникот пред нивно стапување на сила
Бизнис тарифни модели
Тарифен модел | Net Business S | Net Business M | Net Business L |
Месечна претплата (МКД) | 1.299 | 3.599 | 5.499 |
БЕСПЛАТЕН Интернет сообраќај (GB) | 40 | 120 | 500 |
Брзина на интернет пристап* (Mbps) | 12 | 14 | 16 |
Трошок за активација (МКД) | 0 | 0 | 0 |
Е-маил адреси | 30 | 50 | 100 |
Web хостирање (MB) | 30 | 50 | 100 |
Трошок за активација (МКД)** | 0 | 0 | 0 |
*Брзината на интернет пристап зависи од технологијата и презентираните брзини во некои случаи не се валидни
**Промотивната цена за трошокот за активација е 0 денари.
Дефиниции за ONE Net тарифните модели:
• Сите цени се дадени со вклучен ДДВ
• Интернет тарифирањето е на 1MB
• Месечната претплата за ONE net business тарифните модели се наплатува еден месец однапред
• Вклучениот бесплатен интернет сообраќај може да се користи само во тековниот месец и не може да се пренесе во следниот месец.
• Во месецот на активирање, месечната претплата и вклучениот бесплатен интернет сообраќај се пропорционални во однос на бројот на денови на користење на тарифниот модел.
• Интернет сообраќајот по надминување на бесплатниот сообраќај се наплаќа 99 МКД/GB (се однесуваат на Фиксен ширикопојасен интернет преку ADSL технологија; кај WADSL технологија по надминување на бесплатниот сообраќај се намалува брзината на интернет пристап 64/64 kbps)
• За целото времетраење на договорот корисникот добива на користење терминална опрема – ADSL Модем/ уред за безжичен фиксен широкопојасен интернет (во зависност од технологијата).
• Сите миграции од било кој тарифен модел од пониско ниво во тарифен модел од повисоко ниво, се дозволени без какви било услови, додека миграциите од тарифен модел од повисоко ниво во едно ниво понизок тарифен модел се дозволени еднаш во 6 месеци (по 6 платени сметки), сметано од датумот на: активација на услугата, последна обнова на договор или последна промена на тарифен модел. Дозволена е само една промена на тарифен модел во еден календарски месец.
• Претплатникот нема право на миграција кон пониско ниво на тарифен модел во период од 24 (дваесет и четири) месеци од денот на активација/ користење на специјалната промотивна понуда.
Специјални промотивни понуди на Операторот се следниве:
„Промоција кај понудите со фиксна телефонија, интернет и телевизија“
• Дополнителни промоции кои се однесуваат на тарифните модели се наведени во продажната понуда која се наоѓа на официјалната веб страна
Преглед на пенали :
Во табелата е прикажан износот на еднократните пенали за деактивација пред истек на договор според висина на месечната претплата на тарифниот модел кој корисникот го имал при активација на линијата/услугата/сервисот.
Месечна претплата | Еднократен пенал за деактивација (денари) |
од 0 до 1.098 | 3.540 |
од 1.099 до 1.898 | 7.080 |
од 1.899 до 2.949 | 14.160 |
2.950 + | 28.320 |
Надоместок за повторно вклучување :
Секој корисник кој во текот на својот договор ќе биде исклучен за некоја од услугите кои ги користи во ОНЕ, ќе му се наплати еднократен надоместок при повторна активација. Надоместокот се наплатува на ниво на фактура, односно независно колку услуги има корисникот на иста фактура, ќе му се наплати еден надоместок.
Статус на услуга | Резидентен | Бизнис |
Делумно исклучена услуга | 199 ден. | 399 ден. |
Целосно исклучена услуга | 590 ден. | 990 ден. |
Нивоа на тарифни планови:
Xxxx | Xxxxxxx ОНЕ портфолио | Месечна претплата |
3 | Net Business S | 1299 мкд |
4 | Net Business M | 3599 мкд |
5 | Net Business L | 5499 мкд |