Contract
Врз основа на член 22 став (1) алинеја 2, и став (8) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” бр.27/14, 199/14 и 27/16 и 35/2018), член 22 став (1) алинеја 1 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013,
187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018), Агенцијата за управување со одземен имот објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С бр. 01/2022
за вработување на 2 (две) лица во Агенција за управување со одземен имот на определено време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на фискална година (2022)
Агенцијата за управување со одземен имот има потреба за вработување на 2 (две) лица на определено време до 31.12.2022 година за следните работни места:
1. Самостоен референт – сметководител во Одделение за сметководство и плаќање при Секторот за финансиски прашања со локација на работно место во Скопје, 1 извршител
Општи услови:
-да е државјанин на Република Северна Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен;
-да има општа здраствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование ( средно гимназиско образование или средно стручно образование
(економски смер))
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- најмалку три години работно искуство во струката,
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време:
Работни часови во неделата: 40,
Работно време од понеделник до петок од 07. 30 – 08. 30 до 15.30 – 16. 30 часот. Паричен нето износ на основната плата : 16.495,00 денари
2. Помошно – техничко лице (Чувар Портир III) во Одделение за евиденција и преземање на одземен имот при Секторот за оперативно работење, со локација на работно место во Гевгелија, -1 извршител.
Општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен;
-да има општа здраствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- Основно образование Распоред на работно време:
Работни часови во неделата: 40,
Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16 часот. Паричен нето износ на основната плата : 14.500,00 денари
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места на Агенцијата за управување со одземен имот.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.
Кандидатите за сите работни позиции, потребно е со пријавата да ги достават следните документи во оригинална форма или копија заверена на нотар, и тоа:
-Доказ за државјанство;
-Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
-Доказ за општа здраствена состојба за работното место;
-Уверение / диплома за завршен степен на образование;
Кандидатите за работната позиција под реден број 1 покрај горе наведените, потребно е да ги достават и следните документи:
-Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
-Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски јазик);
-Доказ за работно искуство
-Кратка биографија (со задолжителен контакт телефон и адреса);
-Писмо за мотивација
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2022 година
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Агенцијата за управување со одземен имот или по пошта согласно рокот до 15:30 часот на следнава адреса:
Агенција за управување со одземен имот
Кеј Димитар Влахов бр.4 спрат 4, 1000 Скопје Архивата на Агенцијата
(со назнака ,,за оглас за вработување’’) Контакт број 3 209 087
Ненавремените и некомплентни пријави нема да се разгледуваат.
Агенција за управување со одземен имот
Директор Фатон Асани