Contract
Република Македонија
ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Број
А Н Е К С
за продолжување на Договор за регулирање на односите помеѓу Фондот за здравствено осигурување на Македонија за начинот на плаќање на здравствените услуги со кои се врши обезбедување на осигурените лица со лекови на рецепт од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот во примарната здравствена заштита
Склучен за 2013 година, помеѓу
1. Фондот за здравствено осигурување на Македонија, застапуван од директор М-р Xxxx Xxxxxxxxxxx - Xxxxxxxx и директор Xxxxxx Xxxxxx од една страна, и
2. Здравствена установа , со седиште во на xx. xx
, застапуван од директорот , од друга страна.
Член 1
Врз основа на барање бр. од , со овој Анекс на договор се врши изменување и дополнување на Договорот за регулирање на односите помеѓу Фондот за здравствено осигурување на Македонија и здравствената установа за начинот на плаќање на здравствените услуги со кои се врши обезбедување на осигурените лица со лекови на рецепт од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот во примарната здравствена заштита склучен под бр. за 2011 година.
Член 2
Во член 2 ставот 2 се менува и гласи : “Здравствените услуги на осигурените лица, согласно критериумите предвидени од Министерството за здравство во Правилникот за простор опрема и кадар, како и Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат обезбедување на осигурените лица со лекови кои се пропишуваат на рецепт во примарната здравствена заштита, ги пружа фармацевтски тим, односно тимови на фармацевт со лиценца за работа и фармацевтски техничар вработени со полно работно време во здравствената установа. Доколку аптеката има вработено најмалку по еден фармацевт и еден техничар секој со полно работно време, истата може да го зголеми фармацевтскиот тим со фармацевт/фармацевтски техничар пријавен со скратено работно време.“
Член 3
Во член 8 став 1 по зборот “Фондот“, се брише останатиот дел од ставот.
Во ставот 3 во втората реченица по зборот “доказ“ се додаваат зборовите “-е-маил, факс и друго.“
Член 4
Во член 9 ставот 3 датумот “01.04.2012 до 31.12.2012“ се заменува со датумот “01.01.2013
до 31.12.2013“
Член 5
Во член 13 во ставот 2 по зборот “корекција“ се додаваат зборовите “само во делот на шифра на лек“
Член 6
Во членот 14 се додава нова алинеја 7 која гласи: “нема доказ за здравствено осигурување.“
Член 7
Во членот 15 став 1 алинеја 1 се менува и гласи: “износ во висина максимално до референтната цена на пакување на лекот според Одлука на Управниот одбор за утврдување на референтни цени на лекови од Листата на лекови на товар на Фондот, односно според одобрената единствена цена на лекот во случај кога истата е пониска од референтната цена.“
Член 8
Во член 16 во ставот 2 по зборовите “шифра на лекот“ се додаваат зборовите“ максимално до“.
Член 9
Во член 18 ставот 2 се менува и гласи: “Приложените рецепти за кои податоците за осигуреникот, здравственото осигурување, издадениот лек, факсимилот на избраниот лекар или неговата замена или лекарот од дежурна служба не се совпаѓаат со податоците во фактурата и приложената пропратна документација кон фактурата и електронските податоци од информатичкиот систем на Фондот, како и за неправилности од член 14 на овој договор, истите не се земаат во предвид за плаќање.“
Во ставот 3 на крајот на реченицата се додава нова реченица која гласи : “Констатираната неисправна документација не се враќа на аптеката за корекција или замена“.
Ставот 4 се менува и гласи: “Здравствената установа може да достави барање за увид во неисправните рецепти во рок од 7 дена. Доколку по извршениот увид здравствената установа има забелешки, истите во рок од 7 дена со приговор ги доставува до подрачната служба. По доставените забелешки постапува и одлучува раководителот на подрачната служба на Фондот. “
Член 10
Во членот 20 точка 9 се брише.
Член 11
Во членот 22 бројот “21“ се заменува со бројот “30“. Во членот 22 се додава нов став 4 кој гласи:
“Здравствената установа секое ново вработување на дел од фармацевтскиот тим, како и распределбата на кадарот над 7 дена од една во друга работна единица ја врши со М-1 пријава на вработените во соодветната работна единица.
Ставовите 4 и 5 кои сега се став 5 и 6 се менуваат и гласат:
За користење на краткотрајни отсуства над три дена, на дел од фармацевтскиот тим да го извести писмено Фондот. За сите останати отсуства во текот на денот предвидени во Законот за работни односи, потребно е задолжително водење на кадрова евиденција со издавање налог за оправдано отсуство од работа или пропусница од страна на овластеното лице на здравствената установа. заведена во деловодната книга„.
Краткотрајно прераспоредување на дел од тимот (од 1 до 7 дена) од една во друга организациона единица се врши со писмена наредба за времетраење на прераспоредувањето издадена од директорот на здравствената установа на денот на извршеното прераспоредување. Примерокот од писмената наредба задолжително се чува во работната единица каде е прераспореден вработениот.“
Член 12
Во член 24 во точката 1 по зборот „договор“ се бришат останатите делови од реченицата. Се додава нова точка 11 која гласи:„
„Редовно да ги истакнува на WEB страницата важечките референтни цени на лековите“.
Член 13
Во членот 25 ставот 2 се менува и гласи:
“Здравствената установа до соодветната подрачна служба доставува посебна фактура за пружени здравствени услуги од став 1 на овој член со копии од доказ за странското осигурување. За странските осигуреници лек на рецепт се пропишува на посебен рецептен образец. За странските осигуреници кои доагаат од земја што има потпишано конвенција со РМ, каде плаќањето на здравствените услуги е по стварни трошоци, документацијата се доставува во посебна спецификација од истата фактура со прилог копија од доказот за осигурување“.
Член 14
Во член 31 во ставот 1 бројот “21“ се заменува со бројот “30“.
Член 15
Во ставот 13 по бројот “2011“ се додаваат зборовите “и анексите на договорите за 2012 и 2013 година “.
Во членот 32 се бришe став 14.
Член 16
Во членот 33 точка 5 се менува и гласи:
„ Доколку здравствената установа не води уредна кадрова евиденција“
Член 17
Во членот 34 се бришат точките 2, 6, 7, 8 и 10.
Во членот 34 се додаваат нови точки 13 и 14 кои гласат:
“ Доколку здравствената установа за користење на краткотрајни отсуства до 3 дена на дел од фармацевтскиот тим предвидени во Законот за работни односи, не води евиденција со издавање налог за оправдано отсуство од работа (пропусница) и не ја евидентира во деловодна книга.
“Доколку здравствената установа по две последователни опомени доцни со доставувањето на фактурите со пропратна документација во рокот предвиден во договорот .“
Член 18
Во член 35 се додава нова точка 9 која гласи:„ Доколку нема обезбедено или не го користи бар код читачот“.
Член 19
Во член 39 датумот “01.04.2011 година до 31.12.2012 година“ се заменува со датумот “01.01.2013 до 31.12.2013 година.“