Contract
Д О Г О В О Р
за доделување на награда во рамки на Јавниот повик
Дигитализација на картотеките при Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков”
Овој Договор за доделување на награда во рамки на Јавниот повик Дигитализација на картотеките при Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” (во натамошниот текст: “Договорот”) е склучен на ден
………….. година во Скопје помеѓу:
1. Фондот за иновации и технолошки развој, со седиште на адреса: бул. Гоце Делчев бб, 1000 Скопје, претставуван од в.д. Директор Костадин Петров, ( во натамошниот текст: “Фондот”) од една страна и
2. Друштво за производство, трговија и услуги ---------, со седиште на адреса: бул. ---------, ----------, со ЕМБС ,
ЕДБ ------------, наменска сметка --------, ------------- AД Скопје, застапуван од , (во натамошниот текст:
“Корисник на наградата”) од друга страна.
Фондот и Корисникот на наградата заеднички се наречени “Договорни страни”
Член 1
Сo овој Договор се уредуваат меѓусебните права и обврски на Договорните страни кои произлегуваат од доделувањето на награда согласно со “Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата” бр. 01-514/17 од 20.01.2020 година, “Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата” бр. 01-797/6 од 16.03.2020 година и Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата” бр. 01-1662/5 од 01.06.2020 година (во понатамошниот текст: “Правила за натпревари и предизвици”), а во врска со спроведување на проектот предвиден во Проектната апликација бр. ......... од ........ година и Буџетот на проектот бр. ........ од година, поднесени од
Корисникот на наградата, а прифатени и одобрени со Одлука бр. ............. од година.
1. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е доделување на награда согласно Правилата за натпревари и предизвици на Корисникот на наградата од член 1 на овој Договор, со цел развивање на иновативни решенија за заштита, валоризација, категоризација и ревалоризација на културно наследство на македонскиот јазик, односно заштита, унапредување и промоција на утврденото културно наследство, односно на македонскиот јазик преку создавање на лесно достапен дигитален оригинал од картотеките на Институтот за македонски јазик и култура, создавање на дигитална форма и копија од оригиналот (микрофилм) на секој запис од картотеките
на Институтот за македонски јазик и создавање на план за управување со оригиналите според принципите за управување со ризици и катастрофи.
2. ДЕФИНИЦИИ
Член 3
(1) За целите на овој Договор, поимите наведени во истиот ќе го имаат следното значење:
1. „Буџет на проект“ значи одобрени финансиски средства за реализација на Проект, кои корисникот ќе ги обезбеди од свои средства и од средства доделени од страна на Фондот;
2. „Виша сила“ претставува се она што е предвидено како Виша сила во одредбите на Законот за облигационите односи;
3. „Договор” претставува овој Договор за доделување на награда во рамки на Јавниот повик Дигитализација на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“;
4. „Завршен извештај“ е извештај кој Корисникот на наградата има обврска да го достави до Фондот во рок од 30 (триесет) дена по истекот на последниот календарски ден од Проектот и истиот ги содржи следните делови: описен дел и финансиски дел;
5. „Иновациска дејност“ се активности кои се преземаат за да се создадат иновации на производи, технологии, процеси и услуги;
6. „Квартал“ претставува временски период од три последователни месеци;
7. „Тримесечен извештај за напредок“ е извештај кој Корисникот на наградата има обврска да го достави до Фондот за времетраење на Проектот во рок од 14 (четиринаесет) дена по истекот на едно тримесечие и истиот ги содржи следните делови: описен дел и финансиски дел;
8. „Проект” значи проект избран за финансирање преку натпревар или предизвик организиран од Фондот согласно со Правилата за натпревари и предизвици;
9. „Трета страна” значи секое физичко и/или правно лице кое не е договорна страна на овој Договор;
10. „Услуги” претставуваат услуги извршени од страна на Корисникот на наградата во согласност со овој Договор;
11. „Финансиско сметководствена документација“ претставува збир од изводи од банка, аналитички и финансиски картици, фактури, договори од добавувачи и други финансиски и сметководствени документи согласно применливите прописи.
(2) Роковите во овој Договор се пресметуваат во денови, месеци и квартали.
(3) Поимите кои не се дефинирани во Договорот, го имаат значењето како што е утврдено согласно важечките закони на Република Северна Македонија кои ги регулираат соодветните области.
3. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ И НАЧИН НА ИСПЛАТА НА СРЕДСТВА
Член 4
(1) Фондот одобрува финансиски средства на Корисникот на наградата во износ од денари (со букви:
............. денари), а кој износ претставува 100% (сто) проценти од вкупниот Буџет на проектот.
(2) Распределбата и намената на средствата од став 1 на овој член е определена и ќе се врши согласно одобрениот Буџет на проектот, Правилата за натпревари и предизвици и расположливите средства на Фондот, согласно алокацијата на финансиските средства во Буџетот на Република Северна Македонија.
(3) За потребите на проектот, Корисникот на наградата отвори наменска сметка со број ,
................. од (банка) на која ќе бидат префрлени средствата од став 1 на овој член.
(4) Средствата се исплаќаат на квартална основа, во согласност со Буџетот на проектот.
(5) Средствата за првиот квартал ќе бидат исплатени на наменската сметка на проектот по потпишување на Договорот за доделување на награда.
.
(6) Средствата за секој нареден квартал ќе бидат исплатени на наменската сметка откако ќе бидат исполнети следните услови:
- одобрен тримесечен извештај за напредок (описен дел и финансиски дел);
- наменски потрошени најмалку 70% (седумдесет проценти) од претходно буџетираните средства и
(7) Доколку наградата надминува 300.000,00 (тристотиниилјади) денари Фондот од последната исплата задржува 5% од вкупниот износ на наградата доделена од Фондот. Овој износ се исплаќа на корисникот на наградата по одобрување на Завршниот извештај за проектот.
4.ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
А. Обврски на Фондот
Фондот со овој Договор се обврзува:
Член 5
• исплатата на финансирањето од Фондот да ја спроведува под услови и рокови уредени со овој Договор, одобрениот Буџет на проектот, Правилата за натпревари и предизвици и расположливите средства на Фондот, согласно алокацијата на финансиските средства во Буџетот на Република Северна Македонија,
• редовно да врши надзор на работењето на Корисникот на наградата преку теренски посети, разгледување и одобрување на извештаи, евалуација на остварените резултати од Проектот и длабинска деловна и финансиска анализа согласно одредбите од Правилата за натпревари и предизвици.
Б. Обврски на Корисникот на наградата
Член 6
(1) Корисникот на наградата има обврска да го спроведе Проектот во согласност со условите пропишани во овој Договор, Правилата за натпревари и предизвици и Јавниот повик за Дигитализација на картотеките при Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков”, како и во согласност со добрите технички, економски, финансиски, управувачки, еколошки и социјални стандарди и практики и во согласност со законските и подзаконските акти во Република Северна Македонија.
(2) Корисникот на наградата има обврска да го спроведе Проектот ефективно и ефикасно, во согласност со проектната апликација и Буџетот на проектот.
(3) Доколку е применливо, Корисникот на наградата ќе гарантира дека секој партнер во Проектот ќе ги реализира своите проектни активности во согласност со одредбите од овој Договор, Правилата за натпревари и предизвици, ефикасно, транспарентно и посветено, во согласност со најдобрите практики и во согласност со одредбите за судир на интереси, повреди на права на интелектуална сопственост, лични податоци и класифицирани информации, измама и корупција, како што е утврдено во Правилата за натпревари и предизвици и применливите законски прописи.
(5) Корисникот на наградата е должен да се придржува кон процедурите за надзор и да му овозможи на Фондот да изврши лесен надзор над спроведувањето на Проектот. Исто така, Корисникот на наградата е должен да му овозможи на Фондот или на лица овластени од Фондот во секое време да извршат длабинска анализа на спроведувањето на Проектот, на неговите активности и остварени резултати, како и да извршат ревизија на проектната и финансиска документација поврзана со Проектот. Корисникот на наградата има обврска сите релевантни документи поврзани со Проектот да ги подготви и достави до Фондот на негово барање, со цел обезбедување на наменско искористување на доделените финансиски средства за реализација на одобрениот Проект и исполнување на условите согласно со одобрениот Буџет на проектот, одредбите од овој Договор и Правилата за натпревари и предизвици.
(6) Корисникот на наградата има обврска да одржува систем на финансиско управување и да одржува систем на одвоена-посебна финансиско-сметководствена евиденција, во согласност со меѓународните сметководствени стандарди и на начин најсоодветен за проектните активности, расположивите ресурси и трошоци поврзани со проектот и ќе изготвува финансиски извештаи во согласност со сметководство на парична односно готовинска основа, јасно претставувајќи ги сметкопотврдите и исплатите за Кварталот за кој се однесуваат, на начин кој ќе соодветствува со активностите, ресурсите и трошоците поврзани со Проектот.
(7) Во случај на промени на Проектот (проектната апликација и буџетот на проектот), Корисникот на наградата има обврска да постапува согласно одредбите на Правилата за награди и предизвици.
(8) Корисникот на награда е должен сите набавки на добра и услуги да ги врши согласно одредбите од Правилата за награди и предизвици, како и тогаш кога е применливо, договорите кои ги склучува со трети страни да вклучуваат и одредби за заштита на интелектуална сопственост, спречување судир на интереси, ревизија и влијание на животната средина.
(9) Корисникот на наградата е обврзан да ги исполни во целост сите обврски кои произлегуваат од Правилата за натпревари и предизвици, а кои се однесуваат на исплата на финансиските средства, поднесување на Тримесечни извештаи за напредок и Завршен извештај, достава на изводи од сметка и други документи и слично.
(10) Корисникот на наградата е должен да ја чува целокупната документација, на Проектот, како што е утврдено со Правилата за натпревари и предизвици, од почетокот на Проектот, а најмалку 5 (пет) години по завршување на Проектот и истата да ја достави на увид на барање на Фондот.
(11) Корисникот на наградата е должен за време на спроведување на проектот сите промотивни материјали за проектот да ги означи со логото и називот на Фондот и јасно да истакне дека проектот се спроведува со поддршка од Фондот а опремата што е набавена преку проектот финансиран од Фондот задолжително треба јасно да биде обележана со логото на Фондот, како и со напомена: „Поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија“.
(12) Доколку Корисникот на наградата поседува веб-страница или профил/страница/и на социјалните мрежи, должен е да објави кратка информација за поддршката обезбедена од Фондот. Доколку корисникот на наградата објавува или дава изјава за медиуми во врска со проектот должен е да ја спомне поддршката обезбедена од Фондот.
(13) Корисникот е обврзан за време на спроведување на проектот да го спроведе и доставениот План за транспарентност и комуникација со јавноста и да ги следи насоките од Фондот во однос на транспарентност и комуникација на проектот кон јавноста, согласно Упатството за транспарентност и комуникација на проектите на Фондот.
Член 7
(1) Корисникот на наградата не смее свесно или намерно да ги нарушува правата на интелектуална сопственост на трети лица.
(2) Доколку Проектот вклучува договор со високообразовна и/или научно-истражувачка установа, претпријатие и/или здружение, правата на интелектуална сопственост треба да бидат јасно регулирани во таквиот договор, при што правото на комерцијализација на интелектуалната сопственост треба да припадне исклучиво на Корисникот на наградата.
(3) Доколку Проектот не вклучува договор со високообразовна и/или научно-истражувачка установа, претпријатие и/или здружение, сите права на интелектуална сопственост и „know how“ кои ќе бидат создадени за време на имплементација на Проектот и/или како резултат на спроведувањето на Проектот му припаѓаат на Корисникот на наградата и доколку е применливо, Корисникот на наградата треба да ги заштити правата на интелектуална сопственост.
(4) Фондот не е одговорен за спорови поврзани со правата на интелектуална сопственост помеѓу Корисникот на наградата и трети лица.
В. Рок за реализација на проектот
Член 8
(1) Проектот е со времетраење од ..... (..........) месеци почнувајќи од година.
(2) Под оправдани околности, времетраењето на спроведувањето на Проектот може да биде продолжено најмногу за дополнителни 6 (шест) месеци по претходно добиено одобрување во согласност со одредбите на Правилата за натпревари и предизвици.
(3) Во случај Фондот да донесе одлука за продолжување на времетраењето на проектот, продолжувањето на времетраењето ќе започне од денот на донесување на одлуката за продолжување. Во периодот од истекот на времетраењето на проектот до денот на донесување на одлуката за продолжување од страна на Фондот, на Корисникот нема да му се признаваат никакви трошоци и активности и истиот е должен или да се воздржи од правење на било какви трошоци и преземање на активности или самиот да ги сноси така направените трошоци.
(4) Во случај на продолжување на спроведувањето на Проектот согласно став (2) од овој член, износот на доделените средства не може да биде зголемен.
5. НАДЗОР НА ПРОЕКТОТ
Член 9
(1) Правилата, начинот на спроведување и последиците од спроведениот надзор на Проектот се детално уредени во Правилата за натпревари и предизвици.
(2) Фондот задолжително спроведува најмалку една теренска посета по проект во рок од 12 месеци, согласно Правилата за натпревари и предизвици. Фондот има право да спроведе и повеќе теренски посети доколку е потребно.
6. ПРОМЕНИ НА СОПСТВЕНИЧКА СТРУКТУРА И СТАТУСНИ ПРОМЕНИ НА КОРИСНИКОТ
Член 10
(1) Во случај на можна промена на доминантната сопственичка структура (над 50,1% од сопственоста) и/или промена во доминантна македонска сопственичка структура (над 50,1% од сопственоста), Корисникот на наградата е должен да побара одобрување за промената од страна на Фондот. Оваа обврска не важи во случај на смрт на сопственик/содружник и/или акционер и/или спроведување на оставинска постапка.
(2) Во случај на промена на сопственичка структура која не претставува промена во доминантната сопственост, Корисникот на наградата е обврзан во рок од 15 (петнаесет) дена од денот по извршувањето на упис на промената во Централниот регистар на Република Северна Македонија да го извести Фондот за настанатата промена. Оваа обврска не важи во случај на смрт на сопственик/содружник и/или акционер и спроведување на оставинска постапка. При настанување на промената Корисникот на наградата е обврзан да ја задржи доминантната македонска сопственичка структура.
(3) Обврската на Корисникот на наградата за барање на одобрување од Фондот за промена во доминантната сопственичка структура и/или доминантната македонска сопственичка структура на Корисникот на наградата има за цел да спречи обиди од трети страни да воспостават контрола над Корисникот на наградата и трае сè до исполнување на сите обврски на Корисникот на наградата кон Фондот согласно овој Договор.
(4) Во случај на промена во доминантната сопственичка структура (пренос на сопственички удел и/или акции) новиот сопственик на Корисникот на наградата, треба да ги преземе сите правни обврски и одговорности од овој Договор и да потпише Изјава за продолжување на проектот и потврда на временската рамка со изјава
за пристапување кон обврските од овој Договор.
(5) Доколку во периодот на спроведување на Проектот и додека се уште траат обврските кон Фондот, Корисникот на наградата ја промени доминантната сопственичка структура и/или доминантната македонска сопственичка структура без претходно добиено одобрување од страна на Фондот, пренесе во целост или дел од трговското друштво, активностите и/или го пренесе правото на сопственост на технологијата/производите/услугите настанати за време на Проектот надвор од земјата на кој било начин, Корисникот на наградата ќе треба да плати 100% од износот на доделените средства од страна на Фондот. Во случај на престанок на трговското друштво согласно закон, Корисникот на наградата, должен е претходно да достави барање до Фондот, освен во случај на стечај или ликвидација кога Корисникот на наградата е должен да го извести Фондот за истото.
(6) Доколку во периодот на спроведување на Проектот и додека се уште траат обврските кон Фондот, новиот сопственик на Корисникот на наградата ја промени доминантната сопственичка структура и/или доминантната македонска сопственичка структура без претходно добиено одобрување од страна на Фондот, друштвото престане, се спроведе ликвидација или Корисникот на наградата го пренесе во целост или дел од трговското друштво, активностите и/или се пренесе правото на сопственост на технологијата/производите/услугите настанати за време на Проектот надвор од земјата на кој било начин, новиот корисник ќе треба да плати 100% од износот на доделени средства од страна на Фондот.
Член 11
(1) Во случај на можна статусна промена на Корисникот на наградата согласно Законот за трговските друштва
– поделба на Корисникот на наградата, спојување или присоединување на Корисникот на наградата, Корисникот на наградата е должен да побара одобрување на промената од страна на Фондот.
(2) Доколку Фондот даде согласност за статусна промена – поделба на Корисникот на наградата, спојување или присоединување на Корисникот на наградата, правниот наследник, новото друштво - Корисник на наградата, новооснованите или постојните друштва (друштвата со кои Корисникот на наградата извршил спојување, се присоединил или на кои Корисникот на наградата пренел дел од својот имот и обврски – новоосновани или постоечки друштва) во рок од 15 (петнаесет) дена по извршувањето на упис на промената во Централниот регистар на Република Северна Македонија се должни да склучат и анекс на овој Договор.
(3) Обврската на Корисникот на наградата за барање на одобрување од Фондот за промена на статусот на Корисникот на наградата трае сè до исполнување на сите обврски кон Фондот согласно овој Договор.
(4) Доколку во периодот додека се уште траат обврските кон Фондот, новиот правен наследник, новооснованите или постоечките друштва (друштвата со кои Корисникот на наградата извршил спојување, се присоединил или на кои Корисникот на наградата пренел дел од својот имот и обврски – новоосновани или постоечки друштва), го затвори или ликвидира или го префрли трговското друштво, активностите и/или го пренесе правото на сопственост на технологијата/производите/услугите настанати за време на Проектот надвор од земјата на кој било начин, истиот ќе биде должен да надомести 100% од износот на доделени средства од страна на Фондот.
(5) За контрола на евентуални промени во доминантната сопственичка структура, доминантната македонска сопственичка структура и/или статусна промена, Фондот има право во секое време да побара Корисникот на наградата да достави нова Тековна состојба од Централниот регистар на Република Северна Македонија (не постара од 8 (осум) дена).
7. ВИША СИЛА
Член 12
(1) Договорните страни се согласни дека ниту една Договорна страна нема да сноси одговорност кон другата Договорна страна за било каква штета, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор кои се предизвикани од или се последица на Виша сила.
(2) Во случај на настанување на Виша сила која влијае или би можела да влијае на исполнувањето на овој Договор, секоја од Договорните страни се обврзува писмено да ја извести другата Договорна страна за таквата околност, со цел договарање на нови услови за исполнување или за раскинување на овој Договор.
8. УСЛОВИ ЗА ПРЕСТАНОК НА ФИНАНСИРАЊЕ И РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА Член 13
(1) Фондот има право привремено да го прекине финансирањето и/или да го раскине Договорот, во случај на проневера и било каков случај на повреда на обврските од овој Договор од страна на Корисникот на наградата, и/или било каква повреда на одредбите од Правилата за натпревари и предизвици од страна на Корисникот на наградата, а особено во следниве случаи:
1. Доколку Корисникот на наградата наменски не ги користи одобрените финансиски средства согласно Проектот предмет на овој Договор, вклучувајќи и прераспределба на средства во процент поголем од утврдениот процент на средства од вкупниот Буџет на проектот согласно одредбите од Правилата за натпревари и предизвици кои се однесуваат на промените во Проектот без претходна писмена согласност од Фондот;
2. Доколку Корисникот на наградата со намера за измама дава неточни податоци во текот на постапката за доделување на награда и за времетраењето на Договорот за доделување на награда кои имаат материјално влијание на Проектот;
3. Доколку Корисникот на наградата не воведе соодветни политики и процедури кои ќе му овозможат на Фондот да врши надзор и да ги оцени напредокот на Проектот согласно Правилата за натпревари и предизвици;
4. Доколку Корисникот на наградата не подготвува финансиски извештаи во согласност со сметководствените стандарди на начин кој соодветно ќе ги рефлектира активностите, ресурсите и трошоците поврзани со Проектот;
5. Доколку Корисникот на наградата на барање на Фондот не дозволи ревизија од страна на независен ревизор и/или стручно лице за ревизија назначено од Фондот;
6. Доколку Корисникот на наградата не му обезбеди на Фондот или на лица назначени од страна на Фондот, да извршат увид во спроведувањето на Проектот, неговите активности, остварени резултати, сите релевантни документи за Проектот, или на сметките и/или истите да ги достави до Фондот на негово барање;
7. Доколку Корисникот на наградата не го извести Фондот за секоја значајна промена на страна на Корисникот на наградата, која би можела да има материјално влијание врз Проектот;
8. Доколку Корисникот на наградата постапува спротивно на одредбите од Правилата за натпревари и предизвици кои се однесуваат на измама и корупција;
9. Доколку Корисникот на наградата не побара согласност од страна на Фондот за статусна промена и/или промена во доминантната сопственичка структура и/или доминантната македонска сопственичка структура,
со цел да се спречи каков било обид за воспоставување контрола од трето лице врз Корисникот на наградата;
10. Доколку Корисникот на наградата не се придржува кон одредбите од Правилата за натпревари и предизвици кои се однесуваат на одобрена статусна промена и/или промена на сопственичка структура;
11. Врз основа на барање на Корисникот на наградата или тимот за следење, доколку поради неизбежна пречка од технички или пазарен аспект се доведат во прашање идните резултати на Проектот.
Член 14
(1) Во случај на настанување на која било од околностите од член 13 од овој Договор, Фондот го задржува правото да донесе одлука за привремен прекин на финансирањето на Проектот, и/или да бара враќање на дел или во целост на финансиските средства исплатени на Корисникот на наградата сметано до денот на донесување на таквата одлука.
(2) Истовремено со одлуката за привремен прекин на финансирањето, Фондот ќе испрати и писмено известување до Корисникот на наградата, информирајќи го за настанатите повреди на овој Договор, со барање Корисникот на наградата да ги отстрани повредите во рок од 14 (четиринаесет) дена од приемот на известувањето.
(3) По барање на Корисникот на наградата, Фондот може да му одобри на Корисникот на наградата дополнителни 30 (триесет) дена за отстранување на повредите.
(4) Во случај доколку Корисникот на наградата ги отстрани и/или престане со утврдените повреди во роковите наведени во став (2) и став (3) од овој член, Фондот ќе донесе одлука за повлекување на привремениот прекин на финансирањето.
(5) Во случај доколку Корисникот на наградата не ги отстрани и/или да престане со утврдените повреди во роковите од став (2) и став (3) од овој член, Фондот ќе одлучи дали ќе го раскине овој договор.
Член 15
(1) Во случај на настанување на било која од околностите за раскинување на Договорот наведени во Правилата за натпревари и предизвици и овој Договор, Фондот го задржува правото да донесе одлука за раскинување на Договорот и/или да бара враќање на дел или во целост на финансиски средства исплатени на Корисникот на наградата сметано до денот на донесување на таквата одлука, согласно одредбите од овој Договор и Правилата за натпревари и предизвици.
(2) Одлуката за раскинување на Договорот ја носи Фондот.
(3) Во случај на раскинување на Договорот, Корисникот на наградата е должен да му го врати на Фондот целиот износ доделен од страна на Фондот на Корисникот на наградата. Без оглед на претходното, а особено во случаи кои се однесуваат на условите наведени во член 13 став 1 алинеи 2, 5, 6 и 8 од овој Договор, Фондот го задржува правото покрај барањето за враќање на целокупниот износ од страна на Корисникот на наградата, да бара и надомест на штета претрпена поради повредите предизвикани од Корисникот на наградата.
(4) Доколку овој Договор е раскинат од било која причина опфатена со член 13, а до денот на раскинување на Договорот доделените финансиски средства не се употребени во целост, Корисникот на наградата е должен да го врати на Фондот целиот неискористен износ на средства најдоцна во рок 8 (осум) дена од денот на прием на таквото барање на Фондот. Во спротивно, ќе се смета дека Корисникот на наградата паднал во задоцнување со враќање на бараниот износ, со што истиот ќе биде обврзан да плати и законска казнена камата на таквиот износ во согласност со Законот за облигациони односи сметано од денот на задоцнување,
се до конечната исплата.
(5) Во случај на настанување на услови наведени во член 13 став 1 алинеја 11 од овој договор, Корисникот на наградата ќе биде должен да достави барање до Фондот за престанок на Проектот и финансирањето, со документација во прилог. По прием на таквото барање, Фондот ќе утврди дали постои оправданост на доказите за постоење на неизбежна пречка која ги доведува во прашање идните резултати на Проектот и ќе донесе соодветна одлука. Доколку Фондот донесе одлука дека се исполнети условите наведени во член 13 став 1 алинеја 11, Корисникот на наградата нема да има обврска да ги врати доделените средства од страна на Фондот.
(6) Без оглед на наведеното во член 14 од овој Договор, во случај на повреда на обврските од овој Договор од страна на Корисникот на наградата согласно член 13, став 1 алинеја 9 и/или алинеја 10 од овој Договор, Корисникот на наградата ќе биде должен да му надомести на Фондот 100% од износот на доделените средства, односно Фондот има право еднострано да го раскине Договорот и да бара враќање на износот на доделените средства.
(7) Сите исплати спрема Фондот треба да бидат исплатени во денари.
9. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 16
(1) Овој Договор започнува да произведува правно дејство од денот на неговото потпишување од страна на двете Договорни страни.
Член 17
(1) Овој Договор е составен на македонски јазик и неговото кирилско писмо.
Член 18
(1) Договорните страни се согласни меѓусебната комуникација да се врши по писмен пат со препорачана пратка на следните адреси:
• За Фондот, на адреса: бул. Гоце Делчев бб., 1000 Скопје;
• За Корисникот на наградата, на адреса ;
односно по електронски пат на следните е-маил адреси:
• За Фондот на електронска адреса: digitalizacija@fitr.mk
• За Корисникот на наградата на електронска адреса: ............
Доставата извршена на еден од горенаведените начини ќе се смета за уредна на денот на прием на писменото, односно е-маил пораката кај Другата договорна страна.
(2) Секоја Договорна страна е должна за каква било измена на податоците од став 1 на овој член писмено да ја извести другата Договорна страна во рок од 3 (три) дена од денот на настанување на промената.
(3) Доколку Корисникот на наградата изврши промена на податоците од став 1 од овој член и за тоа писмено не го извести Фондот во рокот наведен во став (2) од овој член, секоја извршена достава на писмена или електронска порака од страна на Фондот до Корисникот на наградата на адресите наведени во став 1 од овој член ќе се смета за уредна и валидна.
Член 19
(1) Со потпишување на Договорот, Корисникот на наградата потврдува дека ги прочитал и разбрал во целост одредбите од Правилата за натпревари и предизвици и дека истиот ќе постапува во целост согласно одредбите од Правилата за натпревари и предизвици, со цел успешна реализација на Проектот.
Член 20
(1) Насловите во овој Договор нема да имаат влијание на неговото толкување.
(2) Со потпишување на овој Договор, Корисникот на наградата потврдува дека пред склучувањето на Договорот навремено му се соопштени сите потребни информации и податоци потребни за склучување на Договорот и дека истиот е запознаен со одредбите од Правилата за натпревари и предизвици, содржината и условите на Договорот и применливите законски одредби.
Член 21
(1) Измени и дополнувања кон овој Договор можат да бидат извршени со заедничка согласност на Договорните страни со склучување на анекс во писмена форма.
Член 22
(1) За сè она што не е регулирано со овој Договор ќе се применуваат одредбите од Законот за иновациската дејност, Законот за облигациони односи, Правилата за натпревари и предизвици и важечките законски прописи во Република Северна Македонија.
Член 23
(1) Договорните страни ќе настојуваат настанатите спорови да ги решаваат спогодбено и на мирен начин.
(2) Во случај на поведување постапка за присилна наплата или друг спор кој може да произлезе од прекршување на одредбите на овој Договор, Корисникот на наградата има право да поднесе писмено барање до Фондот за вонсудско решавање на спорот.
(3) Фондот е должен во рок од 30 дена од приемот на писменото барање од ставот (2) на овој член да го извести Корисникот на наградата писмено или по електронски пат за прифатливоста на неговото барање.
(4) Во случај на вонсудско спогодување, Фондот и Корисникот на наградата потпишуваат спогодба или протокол во писмена форма.
(5) Во случај на спор по овој Договор надлежен да постапува е Граѓанскиот суд Скопје.
Член 24
(1) Овој Договор е сочинет во 4 (четири) еднакви примероци, од кои по 2 (два) за секоја договорна страна и еден за службена употреба.
За Фондот за иновации За Корисникот на наградата, и технолошки развој,