Contract
Друштво за трговија со електрична енергија У Повер ДОО Експорт-Импорт со регистрирано седиште на ул. XXXXXXXX XXXXXX Xx.64 СКОПЈЕ – ЦЕНТАР, ЕМБС 7130201, ЕДБ 4057016533129 , застапувано од управител
Xxxxx Xxxxxxxx (во понатамошниот текст: Снабдувач) и
, со регистрирано седиште на ул.
XXXX XXX застапувано од управител
(во понатамошниот текст: Потрошувач)
ДОГОВОР ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
I. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
(1) Предмет на овој договор е уредување на меѓусебните права и обврски на договорните страни во врска со снабдување со електрична енергија на Потрошувачот од страна на Снабдувачот.
(2) Договорните страни го склучуваат овој Договор врз основа на Понуда од година (во понатамошниот текст како “Понудата”), прифатена од Потрошувачот на година, која претставува составен дел на овој Договор.
(3) Снабдувачот ќе му продава и ќе му испорачува на Потрошувачот, а Потрошувачот, со користење на (преносната мрежа/дистрибутивната мрежа) ќе купува и презема електрична енергија од Снабдувачот и ќе ја плаќа електричната енергија, во согласност со одредбите на овој договор и Правилата за снабдување со електрична енергија.
Член 2
(1) Местото на примопредавање на електричната енергија за кое се склучува овој договор е мерно место во рамки на електроенергетскиот систем на Република Македонија.
(2) Периодот на снабдување со електрична енергија според овој договор почнува од година заклучно со година (во понатамошниот текст: “Период на снабдување“).
(3) Потрошувачот, со склучување на овој договор, изјавува дека е согласен да биде зачленет во Балансната група на Снабдувачот.
II. ЦЕНА И НАЧИН НА ПРЕСМЕТКА
Член 3
(1) Цената за kWh на потрошена електрична енергија ќе биде фиксна во текот на целиот период на снабдување и ќе биде утврдена на следниов начин :
ДВОТАРИФНА ПРЕСМЕТКА | |
ВТ ВИСОКА ТАРИФА од понеделник заклучно со сабота (од 07h до 22h) | НТ НИСКА ТАРИФА од понеделник до сабота (од 22h до 00h и од 00h до 07h) и недела цел ден |
денари/кWh | денари/кWh |
2) Во цената на електрична енергија се вклучени и трошоците по основ на балансна одговорност, што операторот ги пресметува кон Снабдувачот во согласност со важечките Правила за работа на пазарот со електрична енергија.
(3)Снабдувачот ќе ги покрие сите трошоци за балансирање на потрошувачката на Потрошувачот, и Потрошувачот нема да сноси никакви дополнителни трошоци за балансирањето на својата потрошувачка.
(4)Цената е без данок на додадена вредност (ДДВ), како и без давачките кои се според Законот за Енергетика и правилата за снабдување : надоместок за користење на пазарот, комунална такса за јавно осветлување, надоместок за електрична енергија произведена од повластен производител од обновливи извори, надоместок за регулирана просечна тарифа за организирање и управување со пазарот на електрична енергија, сите евентуални даноци, такси, надоместоци, давачки, придонеси или додатоци, што ги одредуваат надлежните институции на Република Македонија, вклучително и нивно евентуално зголемување или воведување на нови даноци, такси, надоместоци, итн., како и сите други евентуални трошоци, како и било кои други државни регулирани надоместоци, што изречно не се спомнуваат и што им се наметнуваат на договорните страни во периодот на важење на овој договор од страна на надлежниот државен орган, а кои Снабдувачот ќе му ги искаже на Потрошувачот на секоја фактура.
Член 4
(1) Периодот за пресметка на испорачаната електрична енергија според овој договор е календарски месец (во понатамошниот текст: “Пресметковен период“) кој започнува на првиот календарски ден во месецот и завршува на последниот календарски ден во месецот.
III. МЕРЕЊЕ НА ИСПОРАЧАНАТА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Член 5
(1) Мерните податоци за испорачаната електрична енергија ќе се утврдуваат со отчитување на мерниот уред, односно броилото за електрична енергија на пресметковното мерно место, кое се наоѓа на Местото на примопредавање.
(2) Мерните податоци ги утврдува надлежниот (преносен/дистрибутивен) систем оператор, со мерни уреди на пресметковните мерни места, во согласност со Законот за енергетика, и другите релевантни закони и технички прописи.
(3) Договорот се склучува за снабдување на мерните места дадени во Прилог бр.1 на овој Договор – Листа на места на потрошувачка.
(4) Во случај на измена на мерните места, Потрошувачот ќе го извести Снабдувачот и ќе му достави нова листа која како прилогот бр 1 на овој Договор и ќе ја замени претходната листа, при што нема да се менува Договорот.
IV. РОКОВИ И НАЧИН НА НАПЛАТА
Член 6
(1) Пресметковните величини за утврдување на обврските за плаќање се утврдуваат на крајот на Периодот на пресметка, со конечна пресметка на испорачани и примени количини на електрична енергија.
(2) Фактурата ќе биде доставена преку е-пошта, согласно податоците за контакт од член 13, што ќе биде прифатено како редовна достава на фактура. Потрошувачот може да побара и достава на фактура по редовна пошта во хартиена форма.
(3) Потрошувачот е должен да ја плати фактурата за електрична енергија во рок од 8 дена по пристигнување на ф-рата од Снабдувачот, но не подолго од 30 (триесет) дена од денот на завршување на пресметковниот период, (во понатамошниот текст: “Ден на доспевање“). Доколку 30-тиот (триесеттиот) ден паѓа неработен ден, фактурата ќе биде подмирена на првиот работен ден по тој ден.
(4) Во случај на доцнење со плаќање, Снабдувачот може во месечните фактури кон Снабдувачот да пресмета законска казнена камата согласно Законот за облигациони односи во Република Македонија
пресметана на годишна основа од датумот на доспевање на плаќањето до датумот на прием на фактурираните средства на банкарска сметка на Снабдувачот наведена во фактурата.
V. ВИША СИЛА
Член 7
(1) “Виша сила“ во смисла на овој договор значи настапување на настан кој е надвор од разумна контрола на договорната страна, која се повикува на Виша сила (во понатамошниот текст: “Страната која се повикува на Виша сила“), што таа основано не можела да го избегне или надмине и што прави да е невозможно за Страната која се повикува на Виша сила да ги изврши своите обврски за испорака или преземање, вклучително, но без ограничување на настапување на еден или повеќе од следните настани:
1. испади во соодвените електроенергетски систем на преносната, односно дистрибутивната мрежа што ја спречуваат Страната која се повикува на Виша сила да ги изврши своите обврски за испорака или преземање;
2. прекин на испораката односно Настани на прекин, што подразбира непланирано намалување или прекин на капацитетот на оптоварување како резлутат на технички причини и појави во високонапонските мрежи на преносната, односно дистрибутивната мрежа од изворот на енергија до местото на испорака.
3. други непредвидени околности или настани како што се: војна, земјотрес, поплава, природни непогоди и големи хаварии во објектите за производство, пренос или дистрибуција на електрична енергија, кои се надвор од разумната контрола на Снабдувачот.
Член 8
(1) Ако едната договорна страна во целост, или делумно, поради виша сила е спречена да ги извршува своите обврски за испорака или преземање според овој договор, ќе се смета дека не дошло до кршење на обврските или неизвршување од таа страна и таа ќе биде ослободена (а не само суспендирана) од тие обврски за временскиот период, и во обем, додека таквата Виша сила го спречува нејзиното извршување.
(2) Потрошувачот не може да се повикува на член 8 од овој Договор во поглед на своите парични обврски спрема Снабдувачот.
VI. ПРЕКИН НА ИСПОРАКАТА
Член 9
(1) Покрај правата на Снабдувачот, утврдени со овој договор, во случај Потрошувачот да не изврши било кое плаќање, кое доспеало според овој договор, Снабдувачот ќе има право, доколку Потрошувачот не ги плати своите доспеани обврски според овој договор ниту во дополнителниот рок од 30 (триесет) дена по испраќањето на писмена опомена до Потрошувачот, веднаш да ја прекине понатамошната испорака на електрична енергија додека Потрошувачот не ја изврши својата обврска, односно Снабдувачот не ја прими целата уплата (вклучително и сите камати и трошоци) од сите ненамирени износи, кои се должат на Снабдувачот. Потрошувачот ќе ги сноси вкупните трошоци кои ќе ги фактурира Операторот на системот како резултат на прекинот на снабдувањето
VII. ПЕРИОД НА ВАЖЕЊЕ И ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ, НАДОМЕСТОЦИ
Член 10
(1) Овој договор се склучува на определено време од 1 година и тоа сметано од година до
година.
(2) Потрошувачот ќе биде известен по писмен пат или по е-маил, најмалку 45 (четириесет и пет) дена пред истекот на овој договор за евентуално продолжување на договорот.
VII. ПРИМЕНЛИВО ПРАВО И РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 11
(1) За се што не е предвидено со овој Договор ќе се применуваат одредбите од Правилата за снабдување со електрична енергија, Законот за енергетика и другите позитивни прописи на Република Македонија.
(2) Сите евентуални спорови што произлегуваат од овој договор, вклучително и спорови што се однесуваат на прашања на неговото валидно настанување, повреди или престанок, ќе ги решава надлежниот суд во местото на седиште на Снабдувачот.
VIII. ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 12
(1) Известувањата, фактурите и другите документи, што договорните страни си ги испраќаат меѓусебно во врска со овој договор ќе бидат доставувани на адресата од став (2) од овој член и/или електронската пошта наведени во став (2) од овој член и ќе се смета дека се примени со датумот според писменото, односно датумот на праќање на електронската пошта. Секоја страна може да ги промени електронските адреси со давање на писмено известување на другата страна.
(2) Адресите и електронскта пошата за известувања, доставување на фактури и приговори на фактури се следните:
a. Адреса За Потрошувач: : ул. , е-маил:
Контакт телефон:
b. Адреса За Снабдувач: xx. Мирослав Крлежа бр. 64, 1000 Скопје,
Контакт телефон: 00 000 00 00
(3) Потрошувачот е должен на Снабдувачот да му ги пријави промените на сопственоста или промените во врска со правото на користење, промената на имињата, промената на деловното име, односно за промени на називот, промени на намената на потрошувачката на електричната енергија, статусните промени и другите промени настаните по склучувањето на овој Договор, вклучувајќи отворањето на стечај или ликвидација во моментот кога се настанати промените.
Х. ПРЕНОС
Член 13
(1) Ниедна договорна страна нема да биде овластена да ги пренесе своите права и обврски согласно овој договор, делумно или во целост, на било која трета страна, без писмена согласност од другата страна. Таа согласност нема да биде неосновано одложена, одбиена или задржана.
XI. ДОВЕРЛИВОСТ
Член 14
(1) Договорните страни, сите информации што се однесуваат на овој Договор и неговата имплементација, кои не се јавно објавени или за кои не постои законски пропишана обврска за јавно соопштување, ќе ги сметаат за доверливи спрема било која трета страна.
(2) Ниедна Страна нема да открие било кој дел од овој договор на трета страна без претходна писмена согласност од другата страна, освен ако третата страна не е законски овластена да бара информации.
XII. БРОЈ НА ПРИМЕРОЦИ
Член 15
(1) Овој Договор е составен и потпишан во 2 (два) идентични примероци, при што секоја страна задржува по 1 (еден) примероци од договорот и истиот стапува на сила на денот на потпишувањето.
Во Скопје
на ден, година
Снабдувач Потрошувач
У ПОВЕР ДОО Скопје