Цел на наградната игра е рекламирање на производите од портфолиото на Проктер и Гембл (P&G) од брендовите на Ariel, Fairy, Lenor и Mr. Proper. Производи кои учествуваат во наградната игра: сите производи на Ariel, Fairy, Lenor (детергенти и...
Официјални правила на наградната игра
“Време е да внесете свежина во вашиот дом со вашите омилени брендови!”
Организатор на наградната игра Член 1
Организатор на оваа наградна игра е Друштво за глобални комуникации Греј-Ворлдвајд ЛТД Дооел Скопје, со седиште на Xxxxxx Xxxxxxxx бр.26, 1000 Скопје, Република Северна Македонија (во понатамошниот текст „Организатор“).
Име, траење и цел на наградната игра Член 2
Името на наградната игра е “Време е да внесете свежина во вашиот дом со вашите омилени брендови!”
Наградната игра ќе почне на 09.05.2024 и ќе заврши на 09.06.2024 година.
Цел на наградната игра е рекламирање на производите од портфолиото на Проктер и Гембл (P&G) од брендовите на Xxxxx, Fairy, Xxxxx и Mr. Proper.
Производи кои учествуваат во наградната игра: сите производи на Ariel, Fairy, Xxxxx (детергенти и омекнувачи) и Mr. Proper.
Член 3
Наградната игра ќе се приредува во маркетите на МКБ Миса, Тамаро, Ангромаркетинг, Атва, Монтенегро, Рептил, Маркет Дијана ДД на територија на Република Северна Македонија.
Правила за учество и начин на спроведување на наградната игра Член 4
Право на учество во наградната игра имаат сите лица кои се постари од 18 години, жители на Република Северна Македонија и ги прифаќаат условите на овие Правила. Во времетраењето на наградната игра, учесникот треба да купи било кои од производите на Ariel, Fairy, Xxxxx или Mr. Proper (согласно член 2 кои производи учествуваат во наградната игра) во продажните места наведени во член 3 на територија на Република Северна Македонија, во вредност од најмалку 799 денари. Учесниците во наградната игра ги наведуваат/пишуваат своите лични податоци (име, презиме, адреса, и контакт телефон) на фискалната сметка на која се купени производите и пополнетите фискални сметки со личните податоци (име, презиме, адреса и контакт телефон) учесниците во наградната игра може да ги достават во кутијата наменета за собирање (означена, избрендирана кутија), која ќе биде поставена во маркетите кои учествуваат во оваа наградна игра.
Учесниците во наградната игра ќе можат да ги остават фискалните сметки заедно со своите лични податоци во кутиите за собирање најдоцна до 9-ти јуни 2024 година, по што истите ќе бидат затворени се до почетокот на извлекувањето. Со учеството во наградната игра, Учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на овие правила и ја изразуваат својата согласност во поглед на истите.
Вработените кај Организаторот на наградната игра, како и членовите на нивните потесни семејства (син/ќерка, родители, брат/сестра или брачен другар) немаат право да учествуваат во наградната игра.
Член 5
Извлекување на наградите и објавување на добитниците
5.1 Извлекувањето на добитниците на наградите ќе се изврши на 20.06.2024 година:
- во просториите на ТД Нелт СТ ДООЕЛ со почеток во 12:00 часот.
На денот на извлекувањето кутиите за собирање од сите маркети ќе се достават во наведените простории и ќе се истурат во една поголема кутија наменета за извлекување, по маркет. Извлекувањето ќе се врши рачно од кутијата во која се внесени фискалните сметки, по маркет, од страна на лице определено од страна на организаторот.
Ќе биде организирано едно извлекување и ќе биде извлечен по еден добитник за секоја награда. Исто така ќе бидат извлечени за секоја награда по еден резервен добитник.
Добитниците ќе бидат информирани за наградите на телефонскиот број кој го имаат наведено на фискалната сметка. Во случај да не може да се стапи во контакт со добитникот на наградата или истиот не може да се потврди како валиден добитник, резервниот добитник ќе се земе во предвид како добитник.
Извлекувањата на наградите ќе се прават според следниот распоред:
Маркет | Награда | Вкупен број на награди |
МКБ Миса | 1xМашина за перење BEKO WTV 7522 XCW 1xМашина за садови BEKO DVN 05320 W | 2х награди вкупно |
Тамаро | 1xМашина за перење BEKO WTV 7522 XCW 1xМашина за садови BEKO DVN 05320 W | 2х награди вкупно |
Ангромаркетинг | 1xМашина за перење BEKO WTV 7522 XCW 1xМашина за садови BEKO DVN 05320 W | 2х награди вкупно |
Атва | 1xМашина за перење BEKO WTV 7522 XCW 1xМашина за садови BEKO DVN 05320 W | 2х награди вкупно |
Монтенегро | 1xМашина за перење BEKO WTV 7522 XCW 1xМашина за садови BEKO | 2х награди вкупно |
DVN 05320 W | ||
Рептил | 1xМашина за перење BEKO WTV 7522 XCW 1xМашина за садови BEKO DVN 05320 W | 2х награди вкупно |
Xxxxxx Xxxxxx XX | 1xМашина за перење BEKO WTV 7522 XCW 1xМашина за садови BEKO DVN 05320 W | 2х награди вкупно |
5.2 За да може да се подигне наградата, добитникот мора да приложи лична карта/пасош.
5.3 Организаторот нема да сноси никаква одговорност за фискалните сметки со наведените лични податоци што не ги содржат потребните информации и истите нема да бидат земени во предвид како валидни.
5.4 Извлекувањето на добитниците на наградите ќе го контролира комисија составена од два члена: овластен претставник на Xxxx Xxxxxxxxx ЛТД ДООЕЛ Скопје, овластен претставник на ТД Нелт СТ ДООЕЛ. Нотар ќе води записник во текот на извлекувањето.
5.5 Имињата на добитниците ќе бидат објавени во рок од три дена од денот на извлекувањето, на интернет страницата xxx.xxxx.xxx/xx, откако ќе се провери дека добитниците ги почитувале сите правила на наградната игра. Секој добитник ќе биде контактиран од страна на организаторот на доставениот телефонски број.
Член 6
Целосната сума на наградниот фонд изнесува 238.000 денари со вклучено ДДВ. Вкупниот број на награди е: 14. Организаторот е обврзан да не дава дополнително награди од било кој вид. Добиените награди не можат да се заменат за пари или друг вид на награда. Наградниот фонд се состои од следниве награди.
Име и вид на награда | Количина | Цена на индивидуални награди без ДДВ | Целосна цена на награди без ДДВ | Целосна цена на награди со ДДВ |
Машина за перење BEKO WTV 7522 XCW | 7 | 14.830,51 ден | 103.813,60 ден | 122.500,00 ден |
Машина за садови BEKO DVN 05320 W | 7 | 13.983,05 ден | 97.881,36 ден | 115.500,00 ден |
Информирање на учесниците Член 7
Учесниците во наградната игра ќе бидат информирани за правилата, наградниот фонд и условите за учество, на интернет страницата xxx.xxxx.xxx/xx и преку промотивни материјали.
Доделување на наградите Член 8
Добитниците на наградната игра ќе бидат извлечени по случаен избор. Исправноста на наградната игра ќе ја следи комисија од Организаторот.
Добитниците ќе бидат информирани за наградите на телефонскиот број кој го имаат наведено на фискалната сметка. Во случај да не може да се стапи во контакт со добитникот на наградата или истиот не може да се потврди како валиден добитник, резервниот добитник ќе се земе во предвид како добитник.
Наградите ќе се доставуваат на домашна адреса или можат да се подигнат лично од просториите на Организаторот на ул. Xxxxxx Xxxxxxxx 26, Скопје, по претходен договор со добитниците.
За верификација на добитници, Организаторот или неговите претставници, мора да потврдат дека добитникот ги почитувал сите правила на наградната игра.
Подигнувањето на наградите ќе биде дозволено во рок од 30 дена по нивното објавување. Доколку останат награди, што може да биде последица на недоволен интерес на учесници или неочекуван прекин на наградната игра, тие награди остануваат во сопственост на Организаторот.
Член 9
Согласно Правилата, Организаторот има право да провери дали се исполнети потребните услови за учество и дали учесникот може да ја прими наградата.
По предавањето на наградата, Организаторот нема понатамошни одговорности кон добитникот, во врска со користењето на добиената награда. Организаторот, по предавањето на наградата, не е одговорен и нема да подмири никакви трошоци, како и други трошоци кои Организаторот не ги има прифатено во Правилата или во потпишаниот договор со добитникот, ниту за било какви потешкотии при подигнување на наградата или употреба на истата од страна на добитникот.
Резултатите за добитниците се конечни и тие во ниту еден случај не можат да бидат заменети за пари.
Согласност за користење на лични податоци Член 10
Со учество во наградната игра, учесникот се согласува да ги даде личните податоци на Организаторот, за користење при реализација на наградата игра за период од (три) месеци. Организаторот има право да ги користи личните податоци на секој учесник за потребите на наградната игра. Организаторот не смее да ги користи податоците за било која друга намена, која не е во согласност со законот и ќе ги користи само за потребите на наградната игра. Личните податоци на учесниците на наградната игра, ќе се користат само согласно Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на Република Северна Македонија бр.42/20 и 294/2021).
Даноци Член 11
Даноците за игрите на среќа се на товар на Организаторот, како што наложува законот. Организаторот гарантира дека предавањето на наградите ќе биде согласно со Правилата.
Прекинување на наградната игра Член 12
Наградната игра може да биде прекината доколку се случи виша сила надвор од контрола на Организаторот, по добивање согласност од Министерство за финансии.
Поднесување приговор Член 13
Учесникот во наградната игра, има право да поднесе приговор до организаторот, најдоцна 5 (пет) дена од денот на објавување на добитниците, на е-маил адресата xxxxxxx@xxxx.xxx.xx. Организаторот е должен да даде одговор на приговор во рок од 7 дена по добивањето на истата.
Објавување на правилата Член 14
Согласно законот, правилата за наградната игра ќе бидат објавени на интернет страницата xxx.xxxx.xxx/xx по добивање на согласност од страна на Министерството за Финансии, а пред нејзиниот почеток.
Прифаќање на правилата и овластувањата во случај на спор Член 15
Со учество во наградната игра, секој учесник се сложува дека ќе ги почитува претходно наведените правила и услови. Доколку се случи несакан спор меѓу Организаторот и учесникот во наградната игра, тој ќе биде решен по договор, но доколку не се достигне заемен договор, спорот меѓу Организаторот и учесникот ќе биде решен на судски спор во суд во Скопје.