ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА I-BANK СЕРВИСОТ (ДИГИТАЛНО БАНКАРСТВО) НА СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА I-BANK СЕРВИСОТ (ДИГИТАЛНО БАНКАРСТВО) НА СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
Со овие Општи правила и услови за користење на i-bank сервисот на Стопанска банка АД – Скопје (во понатамошнот текст Општи правила и услови), се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности на правното лице Корисник (во понатамошниот текст: Корисник) и Стопанска банка АД Скопје ( во понатамошниот текст: Банка) во врска со користење на i-bank сервисот на Банката. Општите правила и услови за користење на i-bank сервисот на Банката се составен дел од Рамковниот договор за платежни услуги склучен помеѓу Банката и Корисникот.
1. ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ:
1.1 Поимите кои се користат во овие Општи Правила и Услови го имаат следното значење:
• i-bank сервис: е називот на платформата за дигитални банкарски услуги на Стопанска банка АД – Скопје преку кој Банката ја обезбедува платежната услуга за онлајн користење на услуги поврзани со платежната сметка преку интернет и/или мобилна апликација. Таа претставува систем на современи канали преку кој се нудат банкарски услуги и производи преку интерактивни електронски комуникациски канали.
• Корисник на i-bank сервисот: е овластено лице на правното лице регистрирано во Банката кое има најмалку една платежна сметка во Банката.
• Корисничко име: е уникатно име кое Xxxxxxx го доделува на овластените лица на Корисникот за работа со сметките со кое им се овозможува пристап во i-bank сервисот во комбинација со својата корисничка лозинка.
● Корисничка лозинка: е сет од алфанумерички карактери и знаци кои во комбинација со Корисничкото име му овозможуваат на овластеното лице на Корисникот уникатно да го идентификува својот пристап во i-bank сервисот на Банката.
• Кориснички пристап: претставува персонализирано средство за автентикација на Корисникот исклучиво само за комуникација во затворен систем за користење на i-bank сервисот.
• Дигитален сертификат: е средство со кое се утврдува електронскиот идентитет на потписникот.
• ПИН: е лозинка доставена од издавачот на дигиталниот сертификат на Корисникот а со кој се активира сертификатот во моментот на потпишување на налогот.
• ОТП Токен: е персонализиран уред, уникатно поврзан со Корисникот на кој се генерираат временски ограничени лозинки за идентификација на Корисникот и авторизација на плаќања и други услуги извршени преку i-bank сервисот. ОТП токенот може да биде во физичка или во виртуелна (софтверска) форма.
• Авторизација и автентикација: е процес преку кој Банката преку доделените кориснички пристапи, недвосмислено и дигитално го потврдува идентитетот и согласноста на Корисникот на i-bank сервисот за извршување на налозите за плаќање овозможени преку i-bank сервисот или користењето на одредени услуги преку истиот. Автентикацијата на идентитетот на Корисникот се врши со употреба на комбинација од персонализирани средства за сигурност (Кориснички Пристапи) кои вклучуваат знаење, владение и/или својственост.
• Мобилна Апликација: софтверска апликација која се инсталира на уредот на Корисникот (мобилен телефон, таблет и сл.) и преку која Корисникот пристапува до услугите на мобилното банкарство на Банката.
● Идентификационен број (ИД број): претставува единствен број за препознавање на Корисникот во системите на Банката (генериран од главниот систем на Банката).
2. ОПИС НА СЕРВИСОТ
2.1 Преку i-bank сервисот на Банката за правни лица – регистрирани клиенти на Банката, Банката како давател на услугата му овозможува на Корисникот:
• Кориснички пристап
• Издавање дигитален сертификат на Банката, односно прифаќање на дигитален сертификат издаден од овластен Издавач на сертификати за користење на електронското банкарство на Банката
• Активирање и овозможување користење на софтверски токен
• Увид во состојбата на платежната сметка/ки на Корисникот во Банката
• Вршење на платежни трансакции кои ги овозможува Банката, во рамките на дефинираниот лимит
• Информации и извештаи поврзани со банкарските услуги на Корисникот
2.2 Наведените услуги од точка 2.1 се овозможуваат на законскиот застапник на Корисникот и/или ополномоштени лица од негова страна (во понатамошниот текст заедно како: овластени лица на Корисникот) за работа со платежните сметки. Услугите од точка 2.1 Корисникот може да ги врши преку еден и/или два канали:
• Електронско банкарство (e-banking), достапнo преку веб страната на Банката
• Мобилно банкарство (m-banking), достапно преку мобилна апликација на Банката.
3. РЕГИСТРАЦИЈА/ПРИЈАВА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТЕЖНАТА УСЛУГА
3.1 Корисник на i-bank сервисот може да биде резидентно правно лице регистриран клиент на Банката, а по исклучок Банката може да одобри користење на i-bank платежната услуга (со ограничени функционалности) и од страна на нерезидентно правно лице.
3.2 Корисникот се регистрира за користење на i-bank сервисот на Банката со доставување и потпишување на Пријава во филијалите на Банката од страна на овластено/одговорно лице на правното лице.
3.3 Корисникот избира еден од пристапите што ги нуди Банката (во понатамошниот текст: Кориснички Пристап) за секое овластено лице на Корисникот за работа со сметка:
• делумен пристап само за увид и/или генерирање на налог
• целосен пристап со потпишување на плаќања
• друг вид специфичен за клиентот
3.4 Банката, врз основа на бараниот пристап, може да му додели на Корисникот еден или повеќе персонализирани средства за сигурност кои се користат за потврда на плаќањата и други финансиски услуги преку i-bank сервисот и тоа:
• Корисничко име и корисничка лозинка
• Дигитален сертификат на Банката
• ПИН код
• ОТП токен
• Друг уред за автентикација на плаќањата и други услуги овозможени преку i-bank сервисот
• Прифаќање на дигитален сертификат за плаќање преку i-bank сервисот, издаден од овластен издавач
3.5 Банката на Корисникот доделува корисничко име и иницијална лозинка односно на овластените лица на Корисникот за користење на услугите на електронско и мобилно банкарство на Банката. Преку Корисничкото име и лозинка (слог на знаци што му се познати единствено на Корисникот) и преку дигиталниот сертификат на Банката или дигиталниот сертификат издаден од друг овластен Издавач на сертификати или софтверски токен или друг уред (електронска картичка, клуч и/или единствени физички карактеристики во согласност со важечката регулатива) што единствено Корисникот ги поседува, односно овластените лица на Xxxxxxxxxx, Xxxxxxx го потврдува неговиот идентитет и го валидира како единствен корисник на сервисот.
3.6 Доделените Кориснички Пристапи претставуваат персонализирани средства за сигурност за автентикација на Корисникот и исклучиво само за комуникација во затворен систем, односно помеѓу Корисникот и Банката и истите не важат и не смеат да се употребуваат за комуникација во други системи без дозвола од Банката.
4. ИНСТАЛАЦИЈА И КОРИСТЕЊЕ
4.1 ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО
4.1.1 За користење на услугата електронско банкарство Банката на Корисникот му доставува во електронска форма софтвер за инсталација со кој се овозможува плаќање со дигитален сертификат издаден на УСБ токен. Корисникот самостојно врши инсталација на софтвер потребен за потпишување согласно Упатство за инсталација достапнo на веб страната на Банката.
4.1.2 Банката на барање на Корисникот може да му издаде дигитален сертификат прифатен во i-bank сервисот на Банката, односно овозможи прифаќање на дигитален сертификат кој е издаден од овластен Издавач на сертификати за користење на електронското банкарство на Банката. Банката на Корисникот му издава дигитален сертификат на Корисникот за овластените лица на Корисникот за работа со платежните сметките, исклучиво за користење на услугите од електронското банкарство и истиот не смее да се употребува за комуникација во други системи надвор од Банката.
4.1.3 За користење на дигиталниот сертификат Банката доделува Лозинка т.н. ПИН со кој се активира сертификатот во моментот на потпишување на налогот.
4.1.4 Дигиталниот сертификат се доделува со рок на важност определен од Издавачот на сертификатот и Корисникот на i-bank сервисот е должен навремено да се информира за неговата важност и обезбеди негова навремена обнова за непречено продолжување со користењето на i-bank сервисот.
4.1.5 Корисникот кој покрај електронско банкарство, користи и мобилно банкарство на Банката може да го користи издадениот софтверски ОТП токен за потпишување на платежни налози и преку електронско банкарство. На овој начин, Корисникот на кој му е издаден софтверски ОТП токен преку мобилната апликација на Банката креира код за плаќање кој понатаму ќе го користи за автентикација при секое користење на софтверскиот ОТП токен за потпишување на налози преку електронско банкарство.
4.2 МОБИЛНО БАНКАРСТВО
4.2.1 За користење на услугата мобилно банкарство Банката на Корисникот му овозможува активирање на софтверски ОТП токен за плаќања преку мобилно банкарство (m-banking) на мобилна апликација на Банката.
4.2.2 Банката на Корисникот му активира софтверски ОТП токен за уредите на кои ќе се инсталира софтверскиот токен и за овластените лица на Корисникот за работа со платежните сметки кои ќе го користат софтверскиот токен, исклучиво за користење на услугите мобилно банкарство и истиот не смее да се употребува за комуникација во други системи надвор од Банката.
4.2.3 Корисникот самостојно врши преземање и инсталација на мобилната апликација на Банката достапна за IOS и Android уреди и активирање на софтверскиот токен со доставениот активациски код од Банката согласно Упатство за активација и користење на софтверски токен достапно на веб страната на Банката.
4.2.4 Корисникот преку мобилната апликација на Банката креира код за плаќање кој понатаму ќе го користи за автентикација при секое користење на софтверскиот ОТП токен за потпишување на налози преку мобилно односно електронско банкарство.
4.2.5 Софтверскиот ОТП токен се доделува на неопределено време. Во случај на промена на рокот на важење на софтверскиот токен согласно деловната политика и интерните акти на Банката, Xxxxxxx има обврска веднаш да го извести Корисникот.
4.3 УСЛОВИ, ТЕРМИНСКИ ПЛАН И ТРОШОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
4.3.1 Банката се обврзува да обезбеди навремено извршување на сите правилно пополнети налози за банкарски трансакции доставени во рамките на термините објавени во Терминскиот план на Банката објавен на шалтерите на Банката и на интернет страната на Банката: xxx.xxx.xxx.xx. Работните денови и часови за вршење на платните трансакции се утврдени со Терминскиот план кој Xxxxxxx го објавува на својата веб страна (xxx.xxx.xxx.xx).
4.3.2 Секоја извршена платна трансакција на Корисникот преку i-bank сервисот се потврдува со лозинка за активирање на дигиталниот сертификат и/или софтверскиот токен или друг уред. Вака извршените платни трансакции се неотповикливи и за истите Xxxxxxx обезбедува соодветни ревизорски траги кои се чуваат во согласност со важечката законска регулатива.
4.3.3 Банката нема да изврши налог за платна трансакција доколку сметката на Корисникот е блокирана. Банката нема да изврши налог за плаќање доколку на сметката на Корисникот нема доволно средства за извршување на налогот или нема доволно средства за плаќање на провизијата за Банката, или доколку извршувањето на налогот би го надминал дозволеното пречекорување на сметката. Xxxxxxx нема да изврши налог за плаќање доколку податоците и документите за Корисникот не се ажурирани согласно важечката законска и подзаконска регулатива и интерните акти на Банката.
4.3.4 Банката нема да биде одговорна доколку не била во можност да изврши или задоцни со извршувањето на плаќањето преку електронското банкарство поради било која од следните причини:
• доколку се случат настани надвор од контрола на Банката поради виша сила, губење на телекомуникациските врски, пожар, поплава, вируси или други, кои може да го задржат извршувањето на налогот.
• опремата и /или софтверот на Корисникот или Xxxxxxx не работат, а Xxxxxxxxxx знаел или бил известен од Xxxxxxx за настанатиот проблем или прекин во работењето пред да се обиде да даде налог за плаќање.
• доколку страната во чија корист се врши плаќањето не е во состојба да го прифати плаќањето или на друг начин предизвика задоцнување во трансферот на средствата.
• доколку Xxxxxxxxxx не доставил соодветна документација за плаќањето согласно важечката законска и подзаконска регулатива и интерните акти на Банката или доколку плаќањето е над утврдените лимити за плаќања согласно интерните акти на Банката.
4.3.6 Корисникот се согласува за видот и висината на трошоците настанати со користење на услугите на i-bank сервисот на Банката , да се информира од објавите на шалтерите на Банката и/или интернет страната на Банката.
4.3.7 За наплата на гореспоменатите трошоци Корисникот ја овластува Xxxxxxx да ја задолжи сметката на Корисникот. Доколку нема средства на сметката од која се врши плаќањето, Корисникот ја овластува Xxxxxxx да ги наплати настанатите трошоци за користење на услугите на товар на премолченото должничко салдо што за таа цел Корисникот е согласен Банката да му го стави на располагање или со зафаќање на средства односно издавање на платни инструменти на товар на било која сметка на Корисникот во Банката.
5 ПРАВА И ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ
5.1 Корисникот може да го користи i-bank сервисот на Банката единствено преку поседување на генериран и персонализиран дигитален сертификат или софтверски токен или уред (електронска картичка, клуч, и/или единствени физички карактеристики во согласност со важечката регулатива) издаден на овластените лица на Корисникот што единствено тие ги поседуваат и се поврзани со ЕМБС и ЕДБ на Корисникот-правно лице.
5.2 Корисникот е должен за сите лица кои се овластените лица на Корисникот да вршат плаќања и трансфери во име и за сметка на Корисникот преку i-bank сервисот на Банката да ги обезбеди и со нивна согласност да ги достави личните податоци кои се потребни за персонализација и генерирање на сертификат/и, односно активирање софтверски токен.
5.3 Корисникот се обврзува во случај на промена на личните податоци на лицата кои се овластените лица на Корисникот да вршат плаќања и трансфери во име и за сметка на Корисникот, писмено да ја извести Банката, веднаш по настанатата промена. Банката не превзема одговорност за плаќања или трансфери извршени од страна на лице/а кое било променето, во периодот од моментот на неговата промена до моментот на приемот на писменото известување од страна на Xxxxxxx.
5.4 Корисникот се обврзува да обезбеди овластените лица на Корисникот, лозинката, сертификатот и уредот на кој е активиран софтверскиот токен да ги третираат како доверлива информација, да не ги откриваат на трети лица и да не дозволи трето лице:
• Да го користи името на Корисникот на i-bank сервисот на Банката
• Да има пристап до сметката/сметките на Корисникот
• Да врши трансакции од сметката на Корисникот.
5.5 Корисникот се обврзува да обезбеди овластените лица на Корисникот да ги преземат сите неопходни дејствија за чување на лозинката, сертификатот и уредот на кој е активиран софтверски токен и да го спречат секој неовластен пристап до податоците и средствата за електронско потпишување како и да се одјават од веб пристапот до i-bank сервисот на Банката при секое физичко напуштање на компјутерот, односно по употреба на мобилно банкарство да се одјават од мобилната апликација на Банката.
5.6 Во случај на постапување на Корисникот спротивно на превземените обврски, Банката нема да сноси никаква одговорност.
5.7 Корисникот ја овластува Xxxxxxx да ја реализира секоја порака потпишана со електронски потпис на овластените лица на Корисникот.
5.8 Секоја порака потпишана од страна на овластените лица на Корисникот со нивниот електронски потпис- сертификат/ОТП токен е неотповиклива.
5.9 Корисникот се обврзува по секој даден налог за трансакција задолжително да провери дали истата е извршена и доколку не е извршена да констатира дали постои причина за неизвршувањето на плаќањето.
5.10 Корисникот се обврзува веднаш да ја извести Xxxxxxx доколку се сомнева дека дигиталниот сертификат на Банката, софтверски токен и/или лозинката на било кое овластено лице на Корисникот да врши трансакции или трансфери во име и за сметка на Корисникот се загрозени или злоупотребени или дека трето лице ги користело или се обидело да ги користи без согласност на Корисникот.
5.11 Корисникот се обврзува веднаш да ја извести Банката доколку било кое овластено лице на Корисникот да врши трансакции или трансфери во име и за сметка на Корисникот го изгуби или му е украден дигиталниот сертификат и/или лозинка и/или софтверски токен, односно уред на кој е активиран софтверски токен или друг уред.
6 ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
6.1 Банката го задржува правото да врши измени во понудата и содржината на одделни услуги и функционалности на електронското и мобилното банкарство регулирани со Рамковниот договор за платежни услуги и овие Општи Правила и Услови.
6.2 Сите измени и дополнувања на овие Општи Правила и услови, Xxxxxxx ќе му ги предложи на Корисникот најдоцна два месеци пред датумот на нивната примена на еден од следните начини: 1) преку писмено известување, 2) преку известување доставено по електронска пошта, или 3) со објавување на својата веб страна.
6.3 Корисникот има право да ги прифати или да не ги прифати предложените измените и дополнувањата од точка
6.1 пред датумот на примена на измените и дополнувањата и за прифаќањето или неприфаќањето ја известува Xxxxxxx.
6.4 Доколку пред датумот на примена на предложените измени и дополнувања, Xxxxxxxxxx не ја извести Xxxxxxx дека не ги прифаќа, ќе се смета дека Xxxxxxxxxx ги прифаќа предложените измени и дополнувања.
6.5 Во случај Xxxxxxxxxx не ги прифати предложените измени и дополнувања, ќе се смета дека истиот доставил барање за престанок на користење на i-bank услугите на Банката, осносно бара прекин на користењето на платежната услуга за онлајн користење на услуги поврзани со платежната сметка.
6.6 Корисникот е согласен и информиран дека Банкта може еднострано и без претходна најава, привремено или трајно да го ограничи неговиот пристап до i-bank сервисот во секое време, доколку се сомнева дека постои веројатност за одредена злоупотреба (од Корисникот или од трета страна) на неговиот Кориснички пристап или можност за намерно или со големо невнимание предизвикување на неправилно работење на поединечните системи во Банката или платниот систем во целина.
6.7 Корисникот е согласен дека Xxxxxxx може еднострано и без претходна најава, привремено или трајно да го ограничи неговиот пристап до i-bank сервисот, доколку Корисникот има доспеан а неоплатен долг поврзан со користењето на i-bank сервисот или другите банкарски производи и услуги.
6.8 Банката може еднострано да го исклучи Корисникот од i-bank сервисот доколку според сопствено убедување смета дека тој намерно или со големо невнимание предизвикал неправилно работење на системот за електронско банкарство, мобилно банкарство и платниот систем како целина, како и поради постапување од страна на Корисникот спротивно на преземените обврски од овие Општи Правила и Услови или нивно неисполнување.
6.9 Во случај на престанок на услугите на i-bank сервисот од било која причина, налозите за платежнните трансакции доставени пред кои се со идна дата на извршување ќе се сметаат за неважечки.
6.10 Банката не презема одговорност за директни или индиректни штети настанати поради непочитување на одредбите од Рамковниот договор за платежни услуги и овие Општи Правила и Услови од страна на Корисникот.
6.11 Овие Општи правила и услови се важечки од 01.01.2023 година па во иднина.