1.1 Договорен орган е Државниот завод за ревизија, со седиште во Скопје, на ул. ,,Македонија” бр. 12/3, Палата Македонија, телефон 02/32 11 520, факс 02/31 26 311, електронска пошта: dzr@dzr.gov.mk, интернет адреса: www.dzr.gov.mk. 1.2. Лице за...
ПОЕДНОСТАВЕНА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
ЗА НАБАВКА НА АРТИКЛИ ЗА КУЈНА
ОГЛАС 12/2016
Скопје, април, 2016 година
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
1.1 Договорен орган е Државниот завод за ревизија, со седиште во Скопје, на ул. ,,Македонија” бр. 12/3, Палата Македонија, телефон 02/00 00 000, факс 02/31 26 311, електронска пошта: xxx@xxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxx.xxx.xx.
1.2. Лице за контакт кај договорниот орган е Xxxx Xxxxxxxxxxx, телефон 02/3233503 локал 230, моб.тел 000 000 000, електронска пошта xxxx.xxxxxxxxxx@xxx.xxx,mk и факс 02/3126 311.
2. Предмет на договорот за јавна набавка
2.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на артикли за кујна. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерска документација.
2.2 Предметот на договорот е делив на делови како што е дефинирано во техничките спецификации и тоа:
Дел 1 - Газирани сокови
Дел 2 - Негазирани сокови
Дел 3 - Природна минерална вода
Дел 4 - Други артикли
Економскиот оператор може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Економскиот оператор не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има и истите треба да бидат искажани посебно.
3. Начин на испорака на стоките
3.1 Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорачува сукцесивно врз основа на писмена нарачка на Договорниот орган.
3.2 Место на испорака е седиштето на Договорниот орган, ул. „Македонија“ бр.12/3 Палата Македонија, Скопје.
4. Разлики во цена (корекција на цени)
Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
5. Рок на испорака на стоките
Носителот на набавката е должен да ги испорача стоките во рок од 1 (еден) ден од писмената нарачка на Договорниот орган.
6. Начин на плаќање
Плаќањето на предметот на набавката ќе се изврши вирмански со доставување на фактура по извршената услуга во рок до 60 дена од денот на приемот на фактурата и потпишана испратница од двете договорени страни.
7. Извор на средства
Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од буџетот на Државниот завод за ревизија.
8. Применливи прописи
8.1. Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во „Службен весник на Република Македонија“, број 136/07; 130/08; 97/10; 53/2011, 185/2011, 15/2013, 148/2013, 160/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/15, 192/15 и 27/16) и донесените подзаконски акти.
8.2. При подготовка на својата понуда, понудувачот/економскиот оператор треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, потребните закони можат да се најдат во соодветните изданија на „Службен весник на Република Македонија„. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот/економскиот оператор може да ги добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии.
9. Право на учество
9.1. Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
9.2. Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
9.3. Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
9.4. Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
9.5. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда, носителот на групата треба да биде регистриран на Електронскиот систем за јавни набавки. Во случај некој од членовите на групата да не е регистриран на ЕСЈН, понудата не треба да се отфрли како неприфатлива. Доколку е потребно да се издаде негативна референца на групата понудувачи а некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, договорниот орган ќе ја објави негативната референца за сите членови на групата, при што нерегистрираните претходно ќе ги регистрира на ЕСЈН врз основа на доставените податоци од понудата.
9.6. Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
9.7. Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
9.8. Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
9.9. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
10. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
10.1. Лична состојба
во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
10.2. Способност за вршење на професионална дејност
Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
10.3. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од три работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
10.4. Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
11. Начин на докажување на способноста на понудувачот
Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда. Исполнетоста на останатите критериуми за утврдување на способност, понудувачот ја докажува со доставување на потребната документација утврдена во овој дел од тендерската документација:
11.1. За докажување на личната состојба:
изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
Документите од точка 11.1. не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот на барање на комисијата. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.
Понудувачот за докажување на својата лична состојба поднесува изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на личната состојба, која е дадена во прилог на оваа тендерска документација. Комисијата ќе побара само од понудувачот чија понуда ја утврдила за најповолна да ги достави потребните документи за утврдување на неговата лична состојба.
Комисијата ќе прифати документи за утврдување на личната состојба кои се издадени и по денот на отворање на понудите, но не подоцна од денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда.
11.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност
За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
12. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација
12.1. Појаснување на тендерската документација
12.1.1. Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 3 дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
12.1.2. Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
12.1.3 Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) преку модулот „Одговор на прашања во хартиена форма“, при што откако ќе се објави одговорот, за истиот ќе биде доставена нотификација до сите економски оператори кои подигнале тендерска документација.
12.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
12.2.1. Договорниот орган го задржува правото најдоцна 3 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
12.2.2. Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 дена.
12.2.3. Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
13. Изготвување и поднесување на понудите
13.1. Начин на изготвување на понудата
Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластено лице од страна на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
13.2. Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба
Со понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава со која потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба во целост утврдени во законот и во тендерската документација и дека ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку неговата понуда биде избрана за најповолна.
13.3. Изјава за сериозност на понудата
Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
13.4. Изјава за независна понуда
Во прилог на понудата, понудувачот доставува потпишана изјава за независна понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити. Изјавата од ставот на овој член ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата во секоја постапка одделно и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
13.5. Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:
Модел на договор - парафиран (Прилог број 1),
Образец на понуда (Прилог 2),
Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба (Прилог 3),
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 4),
Изјава за независна понуда (Прилог 5)
Документ за регистрирана дејност (ДРД- Образец).
Образец за општи информации (Прилог 6).
Доколку економскиот оператор не го достави погоре наведените документи Комисијата нема да ги земе во предвид во понатамошнa евалуација на понудите.
13.6. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.
13.7. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 90 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
13.8. Затворање на понудата
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:
е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
го содржи бројот на огласот,
во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено или оштетени и притоа може да се види нивната содржина поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите, ќе се отфрлат како неуредни.
13.9. Принцип на една понуда
Едно правно или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.
14. Краен рок за поднесување на понудите
Краен рок за поднесување на понудата е 09.06.2016 година до 11.00 часот. Понудите кои ќе пристигнат по наведениот краен рок ќе се сметаат за задоцнети и нема да бидат земени предвид во натамошната евалуација.
Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Државен завод за ревизија, ул. ,,Македонија” бр.12/3, Палата Македонија, 1000 Скопје, Република Македонија.
15. Критериум за доделување на договорот
15.1. Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
16. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
16.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
16.2. Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx).
16.3. Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Секое лице кое се регистрира како корисник на ЕСЈН, при пополнување на веб образецот за регистрација се запознава и дава согласност дека ќе ги почитува правилата и условите за користење на ЕСЈН. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори”.
16.4. Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена, од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.
Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани со активиран кориснички профил во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано и има активен кориснички профил во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
16.5. Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.
17. Доделување на договорот за јавна набавка
17.1. Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
17.2. Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
17.3. Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда.
17.4. Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична прифатлива понуда има најниска цена или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.
17.5. По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената
на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
17.6. По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, Носителот на набавката е должен да достави коригирана/изменета понуда согласно вредноста постигната со завршувањето на аукцијата врз основа на која ќе биде склучен договорот за јавна набавка. Останатите карактеристики на понудата остануваат непроменети.
18. Известување за доделување на договорот за јавна набавка
18.1. По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
18.2. Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор, како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
19. Правна заштита
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
20. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка
20.1. Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
ДЕЛ 1 - ГАЗИРАНИ СОКОВИ
Ред. бр. |
Опис |
Единечна мера |
Количина |
1 |
Безалкохолен освежителен пијалок (на база на кофеин, во пластична амбалажа со волумен максимум до 2л. ) |
литар |
360 литри |
2 |
Безалкохолен освежителен пијалок (на база на лимон, во пластична амбалажа, волумен максимум до 1.5 л. ) |
литар |
714 литри |
|
|
|
|
ДЕЛ 2 - НЕГАЗИРАНИ СОКОВИ
Ред. бр. |
Опис |
Единечна мера |
Количина |
1 |
Овошен сок од портокал (содржина на овошје 100 %, без додаток на шеќер, без конзерванси, пакување во картонска амбалажа, волумен максимум до 1л.) |
литар |
760 литри |
2 |
Овошен сок од јаболко (содржина на овошје 100 %, без додаток на шеќер, без конзерванси, пакување во картонска амбалажа, волумен максимум до 1л.) |
литар |
380 литри |
|
|
|
|
ДЕЛ 3 - ПРИРОДНА МИНЕРАЛНА ВОДА
Ред. бр. |
Опис |
Единечна мера |
Количина |
1 |
Газирана природна минерална вода (во пластична амбалажа, волумен максимум до 0.50 л) |
литар |
550 литри |
2 |
Негазирана природна минерална вода (во пластична амбалажа, волумен максимум до 0.50 л) |
литар |
915 литри |
ДЕЛ 4 - ДРУГИ АРТИКЛИ
Ред. бр. |
Опис |
Единечна мера |
Количина |
1 |
Млеко (кравјо, стерилизирано, во картонска амбалажа, со масленост од 2,8 % до 3,2% , пакување максимум до 1 литар) |
литар |
630 литри |
2 |
Шеќер (бел, во кристали, пакување максимум до 1 кг.) |
килограм |
20 килограми |
3 |
Чај од нане (пакување од минимум 20 филтер кесички) |
пакување |
50 пакувања |
4 |
Чај од камилица (пакување од минимум 20 филтер кесички) |
пакување |
50 пакувања |
5 |
Чај од шипка (пакување од минимум 20 филтер кесички) |
пакување |
50 пакувања |
6 |
Чај од мајчина душичка (пакување од минимум 20 филтер кесички) |
пакување |
50 пакувања |
7 |
Кафе (100% кафе, состав: робуста и арабика, ситно мелено, во пакување од 100-500 гр.) |
килограм |
215 килограми |
8 |
Инстант кафе во гранули (100% кафе, пакување максимум до 200 гр. ) |
килограм |
14 килограми |
9 |
Какао во прав (минимум 10% какао путер, пакување максимум до 100 гр.) |
килограм |
22 килограми |
Прилог 1 – Модел на договор
Д
О Г О В О Р
за набавка на артикли за
кујна
Склучен помеѓу:
1. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА Скопје, ул. Македонија бр.12/3, Палата Македонија, ЕМБС ______________, претставуван од м-р Xxxx Xxxxxxxx, Главен државен ревизор /во понатамошниот текст: Договорен орган/
2. _____________________________, ул. ___________________, бр.____, со ЕМБС_______ застапувано од _____________________________ /во понатамошниот текст: Носител на набавка/
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
член 1
Со овој договор се утврдуваат меѓусебните права и обврски на Договорниот орган и Носителот на набавката во врска со набавка на артикли за кујна (Газирани сокови/Негазирани сокови/Природна минерална вода/Други артикли) за потребите на Државниот завод за ревизија по вид, карактеристики и количини согласно техничката спецификација и понудата на Носителот на набавката доставена по спроведената електронска аукција која е составен дел на овој Договор, кои Носителот на набавката се обврзува да ги испорача, а Договорниот орган да ги преземе и плати во согласност со одредбите на овој Договор.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
член 2
Вкупната вредност на овој договор, изнесува __________ денари со вклучен ДДВ, односно _________денари и износ за ДДВ од __________денари по цени за видот и количините, согласно Понудата во прилог на овој Договор.
Во цената се пресметани царината, данокот на додадена вредност, трошоци за транспорт и други трошоци до седиштето на Договорниот орган.
РАЗЛИКИ ВО ЦЕНА (корекција на цени)
член 3
Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
член 4
Договорот се склучува на определено време за период од 1 (една) година од денот на неговото склучување или до негова целосна реализација.
РОК, НАЧИН И МЕСТО НА ИСПОРАКА НА СТОКИТЕ
член 5
Испораката на стоките, предмет на овој договор, Xxxxxxxxx на набавката ќе ја врши сукцесивно врз основа на писмена нарачка на Договорниот орган, заверена од овластено лице, во рок од 1 (еден) ден од денот на приемот на нарачката.
Место на испорака е седиштето на Договорниот орган, ул. „Македонија“ бр.12/3 Палата Македонија, Скопје.
Испораката се смета за извршена со потпишување на испратница од овластено лице на Договорниот орган и овластено лице од Носителот на набавката.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ
член 6
Во случај на доцнење на испораката на стоките (артикли за кујна) од страна на носителот на набавката, Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна - пенали.
За доцнење на договорените рокови за испорака на артиклите за кујна, Носителот на набавката се обврзува да му плати на Договорниот орган надомест на штета во висина од 0,5% од вредноста на артиклите за кујна за секој ден доцнење, сметано од првиот ден на доцнење. Вкупниот износ на казнените пенали не може да премине 10% од вкупната вредност на Договорот.
Доколку до доцнење дојде по вина на Договорниот орган, надомест на штета нема да се применува.
ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ФАКТУРА
член 7
Носителот на набавката е должен да приложи уредно пополнета испратница и фактура која ќе ги содржи следните елементи:
назив на Договорниот орган, место, седиште и даночен број;
број и датум на Договорот;
количини со опис на стоката;
единечни договорени цени, на секој од елементите;
вкупни цени по елементите;
вкупна цена на фактурата;
пресметка на ДДВ и
валута на плаќање.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
член 8
Начинот на плаќање е вирмански, со доставување на фактура по извршена испорака на предметот на набавката, најдоцна во рок до 60 дена, од денот на приемот на фактурата, со приложена испратница, потпишана и заверена од страна на Договорниот орган и Носителот на набавката.
КВАЛИТАТИВЕН И КВАНТИТИВЕН ПРИЕМ
член 9
Квалитативен и квантитативен прием на артиклите за кујна врши Договорниот орган, со документ (испратница) потпишана од двете договорни страни.
Во текот на примопредавањето се утврдува квалитетот и квантитетот на испорачаните стоки.
член 10
Носителот на набавката се обврзува да ги испорачува артиклите за кујна согласно утврдениот квалитет на декларираните производители на производите и техничката спецификација.
Доколку Носителот на набавката испорача стоки (артикли за кујна) со понизок квалитет или друг вид, Договорниот орган нема да ги прими, а истите ќе бидат вратени на сметка на Носителот на набавката.
ВИША СИЛА
член 11
Договорниот орган и Носителот на набавката се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон другата за губиток, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор кои се предизвикани од виша сила.
Под виша сила се подразбира се она што е регулирано со Законот за облигационите односи.
Договорните страни се обврзуваат писмено да ја известат другата договорна страна, во случај на стапување на виша сила во дејство и ќе договорат нови услови за исполнување или раскинување на Договорот.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
член 12
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска на начин како што е определено со одредбите од овој договор, другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот.
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска во определениот рок, другата страна, писмено ќе побара исполнување на обврската и ќе остави примерен дополнителен рок за исполнување на обврската.
Ако договорната страна не ја исполнила својата обврска ниту во определениот рок, ниту во дополнителниот примерен рок, другата договорна страна може да го раскине договорот и има право да бара надомест на штетата.
член 13
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата страна без одлагање и во писмена форма.
член 14
Сите евентуални недоразбирања кои можат да произлезат од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено во духот на добрите деловни обичаи и со меѓусебно договарање, а во случај на спор кој не може да се реши спогодбено, за истиот за надлежен се определува надлежниот суд во Скопје.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 15
Овој Договор се смета за склучен и стапува во сила на денот на неговото потпишување од двете договорни страни, односно на денот кога е потпишан од договорната страна која последна го потпишала во случај кога договорот не е потпишан во истиот ден од двете договорни страни и важи до неговото целосно извршување.
член 16
За се што не е пропишано со овој Договор, ќе се применува Законот за облигациони односи и другите важечки прописи во Република Македонија кои имаат примена.
член 17
Овој Договор е изработен во 4 /четири/ еднообразни примероци од кои по 2 /два/ за Договорниот орган и 2 /два/ за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКА
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА ______________________________
Главен државен ревизор ____________________________
м –р Xxxx Xxxxxxxx (Одговорно лице)
_____________________________
Прилог 2 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број 12/2016 објавен од страна на Државниот завод за ревизија за доделување договор за јавна набавка на артикли за кујна, со спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди која се спроведува во хартиена форма и завршува со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx) и на тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: ______________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________________
Факс: ________________________________________________________________
Е-пошта: _____________________________________________________________
Лице за контакт: _______________________________________________________
I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________
I.4. Даночен број: ____________________________________________________________
1.5. Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно со Тендерската документација.
1.6. Нашата понудата е составена од следниве елементи:
Модел на договор - парафиран (Прилог број 1),
Образец на понуда (Прилог 2),
Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба (Прилог 3),
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 4),
Изјава за независна понуда (Прилог 5)
Документ за регистрирана дејност (ДРД- Образец).
Образец за општи информации (Прилог 6).
Дел II – Техничка и финансиска понуда
II.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува:
Дел |
Вкупна цена без ДДВ |
ДДВ |
ДЕЛ 1 -ГАЗИРАНИ СОКОВИ |
|
|
ДЕЛ 2 -НЕГАЗИРАНИ СОКОВИ |
|
|
ДЕЛ 3 -ПРИРОДНА МИНЕРАЛНА ВОДА |
|
|
ДЕЛ 4-ДРУГИ АРТИКЛИ |
|
|
II. 2. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
ДЕЛ 1 - ГАЗИРАНИ СОКОВИ
Ред. бр. |
Опис |
Единечна мера |
Количина |
Име на производ |
Производител |
Земја на потекло |
Единечна цена без ДДВ |
Вкупна цена без ДДВ |
ДДВ |
Вкупна цена со ДДВ |
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 (4*8) |
10 |
11 (9+10) |
1 |
Безалкохолен освежителен пијалок (на база на кофеин, во пластична амбалажа со волумен максимум до 2л. ) |
литар |
360 литри |
|
|
|
|
|
|
|
2 |
Безалкохолен освежителен пијалок (на база на лимон, во пластична амбалажа, волумен максимум до 1.5 л. ) |
литар |
714 литри |
|
|
|
|
|
|
|
ВКУПНО |
|
|
|
Вкупната
цена на нашата понуда за ДЕЛ 1, вклучувајќи
ги сите трошоци и попусти без ДДВ,
изнесува:_________________________________[со
бројки],
односно (_______________________________________________[со
букви] денари).
Вкупниот износ на ДДВ изнесува
________________________________денари.
ДЕЛ 2 - НЕГАЗИРАНИ СОКОВИ
Ред. бр. |
Опис |
Единечна мера |
Количина |
Име на производ |
Производител |
Земја на потекло |
Единечна цена без ДДВ |
Вкупна цена без ДДВ |
ДДВ |
Вкупна цена со ДДВ |
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 (4*8) |
10 |
11 (9+10) |
1 |
Овошен сок од портокал (содржина на овошје 100 %, без додаток на шеќер, без конзерванси, пакување во картонска амбалажа, волумен максимум до 1л.) |
литар |
760 литри |
|
|
|
|
|
|
|
2 |
Овошен сок од јаболко (содржина на овошје 100 %, без додаток на шеќер, без конзерванси, пакување во картонска амбалажа, волумен максимум до 1л.) |
литар |
380 литри |
|
|
|
|
|
|
|
ВКУПНО |
|
|
|
Вкупната
цена на нашата понуда за ДЕЛ 2, вклучувајќи
ги сите трошоци и попусти без ДДВ,
изнесува:_________________________________[со
бројки],
односно (_______________________________________________[со
букви] денари).
Вкупниот износ на ДДВ изнесува
________________________________денари.
ДЕЛ 3 - ПРИРОДНА МИНЕРАЛНА ВОДА
Ред. бр. |
Опис |
Единечна мера |
Количина |
Име на производ |
Производител |
Земја на потекло |
Единечна цена без ДДВ |
Вкупна цена без ДДВ |
ДДВ |
Вкупна цена со ДДВ |
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 (4*8) |
10 |
11 (9+10) |
1 |
Газирана природна минерална вода (во пластична амбалажа, волумен максимум до 0.50 л) |
литар |
550 литри |
|
|
|
|
|
|
|
2 |
Негазирана природна минерална вода (во пластична амбалажа, волумен максимум до 0.50 л) |
литар |
915 литри |
|
|
|
|
|
|
|
ВКУПНО |
|
|
|
Вкупната цена на нашата понуда за ДЕЛ 3, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без ДДВ, изнесува:_________________________________[со бројки], односно (_______________________________________________[со букви] денари). Вкупниот износ на ДДВ изнесува ________________________________денари.
ДЕЛ 4 - ДРУГИ АРТИКЛИ
Ред. бр. |
Опис |
Единечна мера |
Количина |
Име на производ |
Производител |
Земја на потекло |
Единечна цена без ДДВ |
Вкупна цена без ДДВ |
ДДВ |
Вкупна цена со ДДВ |
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 (4*8) |
10 |
11 (9+10) |
1 |
Млеко (кравјо, стерилизирано, во картонска амбалажа, со масленост од 2,8 % до 3,2% , пакување максимум до 1 литар) |
литар |
630 литри |
|
|
|
|
|
|
|
2 |
Шеќер (бел, во кристали) - пакување максимум до 1 кг. |
килограм |
20 килограми |
|
|
|
|
|
|
|
3 |
Чај од нане (пакување од минимум 20 филтер кесички) |
пакување |
50 пакувања |
|
|
|
|
|
|
|
4 |
Чај од камилица (пакување од минимум 20 филтер кесички) |
пакување |
50 пакувања |
|
|
|
|
|
|
|
5 |
Чај од шипка (пакување од минимум 20 филтер кесички) |
пакување |
50 пакувања |
|
|
|
|
|
|
|
6 |
Чај од мајчина душичка (пакување од минимум 20 филтер кесички) |
пакување |
50 пакувања |
|
|
|
|
|
|
|
7 |
Кафе (100% кафе, состав: робуста и арабика, ситно мелено, во пакување од 100-500 гр.) |
килограм |
215 килограми |
|
|
|
|
|
|
|
8 |
Инстант кафе во гранули (100% кафе, пакување максимум до 200 гр. ) |
килограм |
14 килограми |
|
|
|
|
|
|
|
9 |
Какао во прав (минимум 10% какао путер, пакување максимум до 100 гр.) |
килограм |
22 килограми |
|
|
|
|
|
|
|
ВКУПНО |
|
|
|
Вкупната цена на нашата понуда за ДЕЛ 4, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без ДДВ, изнесува:_________________________________[со бројки], односно (_______________________________________________[со букви] денари). Вкупниот износ на ДДВ изнесува ________________________________денари.
II.3. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.
II.4. Нашата понуда ваши за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
II. 5. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложениот модел на договор.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице (задолжително се приложува Овластување за потпишување).
Прилог 3 – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот _____________________________________________________________ [се наведува назив на понудувачот] во целост ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба на понудувачите утврдени во законот и во тендерската документација по огласот за доделување на договор за јавна набавка на артикли за кујна објавен од страна на Државниот завод за ревизија со барање за прибирање на понуди со оглас 12/2016 и дека понудувачот ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Оваа изјава може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице (задолжително да се достави овластување)
Прилог 4 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот____________________________________________________________ , изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата во постапка со барање за прибирање на понуди со оглас број 12/2016 за доделување на договор за јавна набавка на артикли за кујна и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Изјавата за сериозност на понудата може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 5 – Изјава за независна понуда
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот _________________________________________________________, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата за дел/делови________________од постапката со барање за прибирање на понуди со оглас број 12/2016 за доделување на договор за јавна набавка на артикли за кујна ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата за дел/делови _________________од постапката со барање за прибирање на понуди со оглас број 12/2016 не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице*
________________ _____________________
*Изјавата за независна понуда не може да биде потпишана од ниту едно друго лице освен од одговорното лице
Прилог 6 - ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1. Назив на економскиот оператор / претставник на група економски оператори / член на група економски оператори:
|
|
|
|
2. Адреса на седиштето:
|
|
3. Телефон:
|
4. Контакт: |
5. Факс:
|
6.e-mail: |
7. Место на основањето / регистрацијата:
|
8. Година на основањето / регистрацијата:
|
9. Основни дејности на економскиот оператор:
|
Место и датум Одговорно лице
________________ _____________________
*Во случај на групна пријава за учество, образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори.
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН