1] Со осигурувањето од професионална одговорност на лица вработени во агенции за обезбедување е покриенa одговорноста на службениците за обезбедување на агенцијата за обезбедување поради професионална грешка, пропуст или повреда при вршење на дејноста...
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС- опо-обез 18-8-мк
Посебни услови за осигурување од професионална одговорност на лица вработени во агенции за обезбедување
член 1: воведни одредби
[1] Договорите за осигурување од професионална одговорност на лица вработени во агенции за обезбедување се склучуваат согласно важечките Општи услови за осигурување од професионална одговорност и одредбите на овие Посебни услови.
[2] Доколку некои од одредбите на Општите услови за осигурување од професионална одговорност се спротивни на одредбите на овие Услови, ќе се применуваат одредбите утврдени во овие Посебни услови.
член 2: осигурени опасности
[1] Со осигурувањето од професионална одговорност на лица вработени во агенции за обезбедување е покриенa одговорноста на службениците за обезбедување на агенцијата за обезбедување поради професионална грешка, пропуст или повреда при вршење на дејноста обезбедување во согласност со законските прописи.
[2] Во истиот степен, осигурувачот покрива и оштетување на осигурената сопственост поради грешка направена при планирањето и извршувањето на безбедносните системи кои биле планирани и извршени од страна на осигуреникот, но само ако планирањето и извршувањето биле направени за време на периодот на осигурување.
[3] Осигурувањето опфаќа и одговорност за штети предизвикани на трети лица кои настанале во врска со вршење на дејноста на агенцијата за обезбедување.
член 3: неосигурени опасности
[1] Покрај неосигурените опасности според Општите услови за осигурување од професионална одговорност, осигурувањето не покрива ниту одговорност за штета:
1) која не резултира ниту со штета на лица ниту со штета на предмети (чисто имотна штета);
2) која е последица на намера или груба небрежност на службеникот за обезбедување;
3) која се однесува на договорната одговорност, а која ја надминува правната одговорност за штети;
4) која ќе се случи при инсталација на безбедносни системи;
5) поради недостаток на опрема;
6) доколку дејноста обезбедување не се извршува во согласност со пропишани правила и прописи (на пр., без потпишан договор, без лиценца, обезбедувањето го извршува лице без дозвола, употреба на кучиња и други животни);
7) што ќе се случи на прекршители против кои службеникот за обезбедување презел дејства;
8) што ќе се случи за време на тренинг, без оглед на тоа кој е организаторот и без оглед на тоа дали учеството на службеникот за обезбедување е задолжително;
9) што ќе се случи поради исчезнување, оштетување или уништување на готовина, скапоцености, хартии од вредност и други предмети при транспорт и пренос, и доколку се утврди дека превозот или преносот не е извршен во согласност со правилата за начин на превоз на пари и други вредни пратки;
10) што ќе се случи поради повреда или смрт на персоналот на осигуреникот, како и на сите други службеници за обезбедување кои вршат услуга обезбедување заедно со вработените кај осигуреникот. За персонал се сметаат лица кои се вработени кај осигуреникот со договор за вработување и лица кои работат врз основа на упатување на нивниот работодавец (зајмена работна сила).
член 4: обврски на осигурувачот
[1] Ако не е поинаку договорено, осигурувачот исплаќа заедничка оштета од сите осигурени случаи во една година кои изнесуваат најмногу двојно од договорената осигурена сума.
[2] Во случај на исплата на двојна осигурена сума, осигурителното покритие може да се продолжи само ако тоа е посебно договорено. Во тој случај премијата се одредува посебно.
член 5: право на регрес
[1] Осигурувачот го задржува правото на регрес од осигуреникот во случај кога дополнително ќе се утврди дека штетата е предизвикана со намера, измама или грубо невнимание, а за неа на осигурувачот од страна на осигуреникот не му се презентирани точни и вистинити податоци, односно докази за надомест на штета.