Занимања од I група на сложеност 1,093 -1,118 Занимања од II група на сложеност 1,144 -1,283
Врз основа на член 205 став 3, 206 и 218 став 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09 и 52/10) и член 122 од Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/06, 156/07, 17/09 и 88/09), Министерството за здравство и репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија, на 2010 година, склучија
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 1
Во Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/06, 156/07, 17/09 и 88/09) во член 61, ставот 3 се менува и гласи:
„Поединечните работи, односно занимања се класифицираат по групи на сложеност и тоа:
Занимања од I група на сложеност 1,093 -1,118
- чистач во административни простории 1,093
- чистач во кујна 1,093
- чувар на животни 1,093
- општ работник 1,093
- садомијач 1,108
- перач, пеглач на веш 1,108
- чистач во здравствени простории 1,118
- чистач во РТГ простории 1,118
Занимања од II група на сложеност 1,144 -1,283
- портир 1,144
- вратар 1,144
- курир 1,165
- домаќин 1,165
- сервирка 1,175
- работник во кујна-садомијач 1,175
- пеглар, сушар, перач на веш 1,175
- телефонист во работна единица 1,185
- садомијач во лабораторија, трансфузиологија инфузија и нуклеарна медицина 1,185
- чувар – пожарникар 1,201
- гипсер, разнесувач на материјал 1,216
- физички работници 1,247
- физички работник-асанатор 1,257
- телефонист во здравствена установа 1,257
- болничар (помошник обдуцент, препаратор, одржувач на хигиена, транспортер во операциона сала, интензивна нега) 1,283
- болничар – неговател (детска негователка во стационар, млечна кујна, детска гледачка, болничар во операциона сала) 1,283
Занимања од III група на сложеност 1,326 -1,490
- КВ - работници (со стручен испит)
1,326
- КВ - работници 1,382
- КВ - телефонист 1,382
- работници со ССП 1,408
- противпожарен техничар 1,408
- дактилограф 1,408
- стенодактилограф 1,408
- сервирка 1,408
- продавач 1,408
- возач 1,434
- котлар 1,434
- електричар 1,434
- техничар (ТТ, ТВ и др.) 1,465
- болничар со ССП 1,490
- детска негователка со ССП 1,490
Занимања од IV група на сложеност 1,573 -1,686
- ВКВ - работници (возач, котлар, автомеханичар, на парен котел, водоинсталатер, електричар, монтер, бербер, готвач, машинобравар, ѕидар и др.) 1,573
- обезбедувач со лиценца за обезбедување 1,573
- технички секретар 1,573
- секретар - архивар 1,573
- секретар за настава 1,629
- стенодактилограф I-а класа 1,629
- статистичар - евидентичар 1,629
- архивар - дактилограф 1,629
- архивар - магационер 1,629
- референт - администратор 1,629
- оперативен службеник 1,629
- референт за прием и испис 1,629
- референт за студентски прашања 1,640
- информатор 1,640
- библиотекар 1,655
- преведувач - коресподент 1,655
- касиер 1,655
- економ - домаќин 1,655
- техничар (електро, машински, ТТ, ТВ, ПП и др.) 1,655
- возач во брза помош 1,686
Занимања од V група на сложеност Подгрупа V/1 1,712 -1,763
- општа медицинска сестра (приемно и картотека) 1,712
- референт за ОНО и ОСЗ 1,712
- благајник 1,737
- инкасатор 1,737
- пресметувач на плати 1,737
- фактурист 1,737
- материјално финансов книговодител 1,753
- ликвидатор 1,753
- референт за работни односи 1,753
- оператор на терминал 1,763
- контер 1,763
Подгрупа V/2 1,861 - 1,938
- здравствен статистичар 1,861
- медицинска сестра болничар 1,861
- негователски техничар за нега на болен 1,861
- мед. сестра xxxxxxxx техничар, стоматолошка сестра 1,887
- лаборант, лаборантски техничар, фармацеутски техничар, хемиски техничар, санитарен техничар, физиотерапевт, лаборант, препаратор, лаборант по нуклеарна медицина, цитогенски техничар, перфузионист, забен техничар, радиолошки техничар, фотолаборант, дезинсектор, програмер на компјутер, забари-дентисти 1,887
- патронажна медицинска сестра 1,912
- медицинска сестра во итна медицинска помош 1,912
- медицинска сестра во домашна посета 1,912
- медицинска сестра во одделенија во психијатриска болница 1,912
- медицинска сестра - инструментарка, инструментарка-акушерка, медицинска сестра
- анестетичар, физиотерапевт во реанимација, медицинска сестра во интензивна нега, xxxxxxxx во xxxxxxx xxxx, медицинска сестра на xxxxxxxx, медицинска сестра xxxxx xxxxxxxx, трансфузист 1,938
Занимања од VI група на сложеност Подгрупа VI/1 1,964 -2,098
- виш референт 1,964
- економист, правник (со степен) 2,015
- инжењер (со степен) 2,015
- виш социјален работник 2,015
- виш програмер 2,041
- xxx xxxxxxxxx техничар, виш забен техничар, виш физиотерапеут, xxxx xxxxxxxxxx сестра, акушерка, xxxx xxxxxxxx, трансфузионист, виш фармацевт, виш цитогенски техничар, виш РТГ техничар, виш фармацевтски техничар, дефектолог-диететичар, нутрицист, виш работен терапевт, воспитувач, педагог, наставник, виш здравствен соработник, инжењер по медицинска радиологија 2,098
Подгрупа VI/2 2,180
- виш здравствен работник специјалист во психијатрија, нуклеарна медицина, забна здравствена превентива, медицина на трудот, интензивно лекување, патронажна, диететика, комунална хигиена, итна медицинска помош, визил техничар, трансфузионист, анестетичар и др. 2,180
Занимања во VII група на сложеност Подгрупа VII/1-а 2,592 -2,700
- технички уредник на списание 2,592
- дипломиран социјален работник 2,617
- здравствени работници со високо образование 2,617
- дипломиран економист, дипломиран правник, дипломиран педагог, дипломиран дефектолог, дипломиран психолог, дипломиран логопед, дипломиран биoлог, дипломиран физичар, дипломиран сурдолог, дипломиран соматопед 2,617
- стручен соработник - референт (економист, правник, библиотекар, педагог, дефектолог, психолог, логопед, биолог, физичар, сурдолог, соматопед) 2,648
- дипломиран инжењер 2,674
- дипломиран хемичар и биохемичар 2,674
- самостоен стручен соработник (економист, правник, библиотекар, педагог, дефектолог, психолог, логопед, биолог, физичар, сурдолог, соматопед) 2,700 Подгрупа VII/1-б 2,730 - 2,813
- доктор на медицина, доктор на стоматологија и дипломиран фармацевт 2,730
- доктор на медицина и стоматологија на специјализација, фармацевт, фармацевт на специјализација 2,730
- дипломиран фармацевт-примариус 2,803
- доктор на медицина и на стоматологија, примариус 2,803
- помлад асистент 2,813 Подгрупа VII/2-а 2,890 -2,942
- самостоен стручен соработник (дипломиран правник со правосуден испит кој врши работни задачи предвидени со правосудениспи) и дипл.економист овластен ревизор 2,890
- магистер (економист, правник, биолог, физичар, педагог, психолог, логопед, сурдолог, соматопед) 2,890
- магистер по јавно здравство 2,890
- здравствени соработници со специјализација 2,942 Подгрупа VII/2-б 3,173 -3,482
- дипломиран фармацевт, доктор на медицина и стоматологија - магистер 3,173
- дипломиран фармацевт, доктор на медицина и стоматологија - специјалист 3,251
- асистент 3,379
- доктор на медицина, стоматологија и дипл.фармацевт - субспецијалист 3,431
- доктор на медицина и стоматологија и дипл.фармацевт-специјалист - примариус 3,482
Занимања од VIII група на сложеност Подгрупа VIII-а 3,739 -3,765
- доктор на науки 3,739
- доктор на науки-асистент 3,765 Подгрупа VIII-б 4,177 - 4,743
- научен соработник 4,177
- доцент 4,280
- виш научен соработник 4,434
- вонреден професор 4,537
- научен советник 4,692
- редовен професор 4,743.“ Член 2
Член 73-а се менува и гласи:
„На директорите во јавните здравствени установи им се утврдува плата во вкупен коефициент
- за здравствени станици и здравствени домови до 150 вработени 5,289
- за здравствени домови над 150 вработени и центри за јавно здравје 5,721
- за Институт за јавно здравје, општи болници, специјални болници, заводи и инсти- тути 6,107
- за клинички болници, клиники и универзитетски клиники 6,379
- Универзитетски клинички центар 6,668.“
Додатокот на плата по основ на минат труд ќе се пресметува согласно член 65 од овој колективен договор.“
Член 3
Член 74 се менува и гласи:
„На раководните работници и другите одговорни работници основната плата им се зголемува со додаток на плата по основ на раководење и одговорност:
- раководител на работна единица 0,49
- раководител на оддел 0,44
- раководител на одделение 0,39
- раководител на аптека 0,36
- раководител на галенска лабораторија 0,36
- раководител на поликлиника 0,33
- раководител на центар 0,31
- раководител на лабораторија 0,28
- раководител на кабинет 0,28
- раководител на отсек 0,28
- раководител на операциона сала 0,28
- раководител на дневна болница 0,26
- раководител на диспанзер 0,26
- раководител на единица 0,23
- главна медицинска сестра 0,18
- главен медицински лаборант 0,18
- одговорна мед.сестра (одделенска и сл.) 0,13
- одговорен медицински лаборант 0,13 Администрација:
- инансов раководител на здравствена установа 0,51
- секретар на здравствена установа 0,41
- раководител на правни, кадровски и општи работи на здравствена установа 0,36
- раководител за економски работи 0,36
- шеф на сметководство 0,26
- одговорен на служба 0,26
- одговорен на сектор 0,21
- одговорен на одделение 0,15
- одговорен на отсек 0,10
Додатокот на плата по основ на раководење и одговорност може да се зголеми само по еден основ.“
Член 4
Овој Колективен договор се смета за склучен откако ќе го потпишат овластените претставници на Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Републиката Македонија.
Колективниот договор ќе се регистрира кај органот на државната управа надлежен за работите од областа на трудот.
Овој Колективен договор ќе биде објавен во „Службен весник на Република Македонија“ по извршената регистрација во органот на државната управа надлежен за работите од областа на трудот.
Член 5
Овој Колективен договор влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во
„Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува со исплатата на платата за месец април 2010 година.
Бр. 0104-37/1 Бр. 07-3486/1
27 април 2010 година 28 април 2010 година
Скопје Скопје
Самостоен синдикат за здравство, Министерство за здравство на фармација и социјална заштита на Република Македонија РепубликаМакедонија
Претседател, Министер,
д-р Xxxxx Xxxxxxxxxx, с.р. д-р Xxxxx Xxxxxx, с.р.