Contract
Рамковен договор за платежна сметка и платежни услуги за нерезидент – клиент број
Склучен во Скопје на ден помеѓу:
1. Комерцијална банка АД Скопје (во натамошниот текст: Банка), со седиште на xxxxx Xxxx Xxxxxxx xxxx 0, 1000 Скопје, електронска пошта contact@kb,mk, од една страна и
2……………..................................................................,држава.........…………....., адреса ,
град................................. со пасош/лична карта бр. ………........... и ЕМБГ (во
натамошниот текст: Xxxxxxxx), од друга страна.
Општи одредби
Член 1
Со овој Рамковен договор за платежна сметка и платежни услуги ( во понатамошен текст: Договор) се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности при отворање и одржување на платежна сметка, извршувањето на поединечни и последователни платежни трансакции, како и начинот на извршување на платежни услуги поврзани со платежната сметка во Банката.
Банката врз основа на овој Договор, по поднесено Барање од Корисникот, без склучување на посебни договори може да отвoри една денарска и една девизна сметка (во понатамошен текст: платежни сметки) и/или може да овозможи користење на банкарски производи и платежни услуги од страна на Корисникот под услови и на начин утврдени во овој Договор и во Општите услови за платежна сметка и платежни услуги за физички лица (во понатамошниот текст: Општи услови
Услугите и производите наведени во член 2 од овој Договор Корсиникот може да ги користи врз основа на поднесено Барање до Банката без склучување на дополнителни поединечни договори и добиена потврда, при што на нив се применуваат одредбите од овој Договор и документите кои преставуваат негов составен дел.
За секоја платежна сметка, отворена на барање на Корисникот врз основа на овој Договор, Xxxxxxx доделува единствен и неповторлив број преку кој Kорисникот може да прима уплати, врши плаќања во денари или во девизи, како и да подига готовина, со примена на платни инструменти.
Начинот на отворање, одржување и затворање на платежна сметка, во денари или девизи е регулиран и се врши согласно овој Договор и Општите услови и документите кои се составен дел на овој Договор.
Член 2
На барање на Корисникот, во рамки на овој Договор Банката може да одобри користење на следните производи и платежни услуги поврзани со платежната сметка:
а) отворање, одржување и затворање на платежна сметка, во денари или девизи;
б) исплата и уплата на готовина од/на платежната сметка во денарски платен промет;
в) безготовински пренос на средства од/на платежната сметка во денарски платен промет; г) траен налог,
ѓ) наплати и плаќања кон нерезиденти и резиденти во девизи, пренос на средства oд/на девизен депозит, како и уплати и исплати во ефективни странски пари до износот на средствата на девизната платежна сметка на корисникот, согласно законската и подзаконската регулатива;
е) издавање, одржување, користење и затворање на дебитна картичка; ж) користење на дигитални услуги (Интернет банка и мБанка),
Начинот на користење на наведените производи/услуги ќе се врши согласно одредбите на овој Договор и документите кои се составен дел на овој Договор.
Освен наведените производи/услуги, Банката може да му понуди на Корисникот и други производи/услуги кои може да произлезат од работењето со платежната сметка или Банката, за што Корисникот потпишува посебен наменски Договор со кој се регулира работењето со конкретните производ/услуга, како и правата и обврските при користењето на истите.
Член 3
Со потпишување на овој Договор, Корисникот потврдува дека е запознаен и согласен со содржината од Општите условиТерминскиот план за извршување на трансакции, Одлуката за Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје (во понатамошниот текст: Тарифа на надоместоци на Банката) и Одлуката за каматните стапки на Комерцијална банка АД Скопје (во понатамошен текст: Одлука за каматни стапки.
Горенаведените документи се јавно објавени и достапни на веб страницата на Банката на следниот линк:--------
, а врз основа на барање од Корисникот, Xxxxxxx може да му ги даде и во хартиена форма или на друг траен медиум.
Составен дел на овој Договор се следните документи:
- Барањето за отворање платежна сметка и користење на платежни услуги/производи,
- Потврда за отворена сметка / одобрен производ
- Општи услови,
- Одлука за каматни стапки
- Тарифа на надоместоци и провизии.
- Термински план за извршување на трансакции
Права, обврски и одговорности
Член 4
Xxxxxxx се обврзува дека при извршувањето на платежните услуги предвидени со овој Договор:
- ќе ги почитува одредбите од овој Договор, Општите услови, Терминскиот план за извршување на трансакции, Тарифата за надоместоци на Банката и Одлуката за каматни стапки, Законот за платежни услуги и платни системи, Законот за девизно работење, како и други прописи кои ги регулираат платежните услуги или се поврзани со нив;
-На Корисникот ќе му овозможи:
- сигурен и ефикасен начин на работа со платежната сметка при извршувањето на платежни услуги, согласно одредбите на овој Договор;
- тајност на податоците, согласно законските прописи;
- заштита на податоците за Xxxxxxxxxx, согласно законските прописи, интерните акти и правилата на Банката за заштита на личните податоци.
Банката го задржува правото да одбие воспоставување на деловна соработка или извршување на конкретна платежна трансакција, како и без согласност на Корисникот да ја блокира можноста за користење на сите или одредени производи и услуги предвидени со овој Договор, во случај кога Корисникот до Банката нема да ги достави сите неопходни информации, податоци и документација побарани во согласност со регулативата за спречување перење пари и финансирање на тероризам и друга релевантна законска регулатива. .
Член 5
Корисникот се обврзува при вршење на платежните трансакции, издавање платни налози, употреба на платежни инструменти, т.е при користење на платежните услуги на Банката дека:
- ќе постапува согласно одредбите од овој Договор, Општите услови, како и во согласност со Законот за платежни услуги и платни системи, Законот за девизно работење и други прописи кои ги регулираат
платежните услуги и
- при извршување на платните налози, на барање на Банката ќе и ги достави сите неопходни податоци и документација во согласност со релевантна законска регулатива како и законската регулатива за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Корисникот е одговорен за точноста и потполноста на податоците во платните налози или инструкциите испратени до Банкатa. Xxxxxxx нема да земе предвид и нема да постапува по платни налози со стар датум на извршување, како и непотполни или неправилно пополнети платни налози.
Корисникот ја сноси целокупната одговорност и штета настаната во случај на непридржување кон одредбите од овој Договор, како и во случај на нејасни, нецелосни или непрецизни податоци наведени во платните налози.
Корисникот со потпишување на овој Договор е изрично согласен и ја овластува Банката без негова дополнителна согласност, од средствата на сите платежни сметки кои Корисникот ги има во Банката, да воспоставува налози и да врши наплата на сите надоместоци, трошоци и побарувања кои може да произлезат од работењето на Корисникот со Xxxxxxx по основ на било кој производ или услуга кои Корисникот ги користи во Банката.
Камата, надоместоци и девизни курсеви
Член 6
Xxxxxxx пресметува и евидентира активни и пасивни каматни стапки на платежната сметка во висина и согласно Одлуката за каматни стапки. Каматните стапки се променливи согласно Одлуката за каматни стапки.
Надоместоците за отворање, затворање и одржување на платежната сметка, надоместоците кои произлегуваат од работењето со платежната сметка/платежна сметка со основни функции, вршењето на трансакции или од користењето на производи и услуги од страна на Корисникот, Банката ќе ги пресметува и наплатува од Корисникот согласно Xxxxxxxx на надоместоци на Банката, а Xxxxxxxxxx се обврзува да и ги плати на Банката сите надоместоци за извршените активности од овој Договор. Видот и висината на надоместоците е променлив согласно Xxxxxxxx на надоместоци на Банката и за секоја промена Банката ќе го извести Корисникот на начин утврден во член 8 од овој Договор. Банката по истек на тековната година на начин утврден во член 8 од овој Договор ќе го извести Корисникот за сите наплатени надоместоци, камати и други трошоци за сите услуги кои се наоѓаат на листата на најрепрезентативни услуги поврзани со платежна сметка.
Известување
Член 7
Банката за сите промени на состојбата на платежната сметка изготвува Извод на состојба и промет од платежната сметка.
Корисникот има обврска да подига Извод на состојба и промет на платежната сметка најмалку еднаш месечно, во спротивно ќе се смета дека Xxxxxxxxxx е уредно известен за состојбата и прометот на платежната сметка на последниот ден од месецот. Корисникот може да го подигне Изводот на состојба и промет на платежната сметка на шалтерите на Банката, како и со користење на услугата Интернет банка и мБанка.
Сите приговори/рекламации во врска со работењето со платежната сметка и извршувањето на платежните трансакции, Xxxxxxxxxx е должен да ги пријави кај Банката во рок од 20 (дваесет) дена по завршување на месецот во кој е евидентирана спорната трансакција на платежната сметка.
Член 8
Корисникот е согласен за промените на одредбите од овој Договор и документите цитирани во член 3 од овој Договор, а кои промени се однесуваат на работењето со платежната сметка, услугите и производите опфатени со овој Договор, Банката да го известува преку Изводот за состојба и прометот од платежната сметка кој Xxxxxxxxxx може да го подигне на шалтер на Банката во хартиена форма или во електронска форма со користење на електронска пошта, преку услугата Интернет банкарство и мБанка и/или на web-страницата на Интернет банката, во рок од два месеци пред настанување на промената.
Доколку Xxxxxxxxxx пред датумот на примена на промените не ја извести Xxxxxxx дека не се согласува со направените промени односно, не поднесе барање за раскинување на Договорот, се смета дека е согласен со промените и дека ги прифаќа во целост. Доколку Xxxxxxxxxx ја извести Xxxxxxx во предвидениот рок дека не ги прифаќа промените, Xxxxxxx има право еднострано да го раскине Договорот со Xxxxxxxxxx.
Корисникот е запознаен и изрично согласен дека во случај на промена на висината на каматните стапки и/или девизниот курс, Xxxxxxx промените ќе ги применува веднаш, без претходно писмено известување и без да се бара дополнителна согласност од Корисникот.
Член 9
Корисникот на платежната сметка е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од настанувањето да ја извести Банката за следните промени:
- престанок на работниот однос по било кој основ;
- промена на работно место во друга фирма;
- промената на адресните и личните податоци, вклучувајќи ги и промените на податоците за овластените лица.
- Промена на документот за идентификација
Доколку Корисникот не ја извести Банката за променетата адреса, при следна достава на известување по пошта за уредна и валидна ќе се смета последната пријавена адреса.Овој начин на известување ќе се земе предвид при редовно работење со платежната сметка и во постапката за присилна наплата на побарувањата на Банката согласно законските прописи.
Корисници кои во Банката се идентификуваат со документ за странец, имаат обврска, да достават во Банката нов документ за идентификација, во спротивно Банката нема да им дозволи да вршат одлив од платежните сметки, се до ажурирање на документот за идентификација во Банката.
Член 10
Банката на Корисникот согласно овој Договор и Општите услови ќе му овозможи една или повеќе услуги и производи поврзани со платежната сметка да ги користи како дел од пакет услуги врз основа на поднесено Барање од Корисникот. Во барањето ќе бидат утврдени конкретните услуги и производи кои влегуваат во секој поединечен пакет со точно дефинирани надоместоци кои Корисникот е должен да ги плати на Банката врз основа на избраниот пакет услуги.
Заштита на лични податоци
Член 11
Корисникот e информиран дека за целите на овој Договор Xxxxxxx ќе врши обработка на неговите лични податоци, ќе ги користи за целите на овој Договор, ќе врши проверка и верификација на истите, ќе ги користи при анализа на работењето на Корисникот преку Банката, за наплата на долг, како и во други случаи предвидени со закон.
Личните податоци во Банката се обработуваат и споделуваат во согласност со закон, се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели.
Корисникот e информиран и согласен, Xxxxxxx за цели на наплата на долг врз основа на договор, дел од неговите лични податоци да ги пренесе на обработувач на збирки на лични податоци.
Банката нема да ги користи личните податоци за друга цел различна од наведените во овој Договор.
Банката обезбедува ниво на безбедност соодветно на ризикот согласно законската, подзаконската регулатива и интерните акти, вклучувајќи и заштита од неовластена или незаконска обработка, како и заштита од нивно случајно губење, уништување или оштетување.
Банката врши транспарентна обработка на личните податоци. Корисникот се запознава со сите информации за обработката на личните податоци преку Информацијата за обработка на лични податоци, која е составен дел на Општите услови.
Завршни одредби
Член 12
Овој Договор се склучува на неопределено време. Секоја промена како и постапката за раскинување на овој Договор договорните страни се согласни да се врши согласно Општите услови.
Член 13
За се што не е предвидено со овој Договор важат законските прописи и актите на Xxxxxxx.
Член 14
Во случај на спор по овој Договор надлежен е судот во Скопје.
Член 15
Овој Договор е составен во 2 (два) еднакви примероци, од кои по еден задржува секоја договорна страна
Корисник Банка