Железнички коридор VIII ‐ источна делница
Република Македонија
Февруари 2012
План за вклучување на засегнатите страни
Железнички коридор VIII – Источна делница
Договор бр:
C21196/EBSF-2010-07-101
Македонски Железници
Изработено од:
Во соработка со:
Студија за оправданост за Xxxxxxx XXXX – Источна делница
и Xxxxxxx за оценка на влијанието врз животната средина и социо-економските аспекти
Железнички коридор VIII ‐ источна делница
План за вклучување на засегнатите страни
Подготвен за: Министерство за транспорт и врски, Република Македонија
Изработено од:
Февруари 2012
СОДРЖИНА
1 Вовед 2
1.1 Историјат 2
1.2 Резиме на проектот 3
1.2.1 Опис на проектот 3
1.2.2 Историја на проектот ‐ преглед 5
2 Регулаторна рамка 6
2.1 Македонските барања за вклучување на засегнатите страни/јавна консултација 6
2.2 Барања на ЕБОР за вклучување на засегнатите страни и јавна консултација 7
3 Идентификување на засегнатите страни 8
4 Карактеристики на засегнатите страни 11
4.1 Македонски засегнати страни 11
4.2 Бугарски засегнати страни 13
5 Процес и метод на комуникација 14
5.1 Стратегија за вклучување на засегнатите страни 14
5.2 Објавување на информации 16
6 Механизам за поплаки 17
7 Список на засегнати страни 21
8 Образец за коментари 25
9 Образец за поплаки 26
10 Контакти 27
ЛИСТА НА СЛИКИ
Слика 1 Рута на Коридорот VIII и интерконекција со други коридори 3
Слика 2 Локација на проектот во рамките на регионот 4
Слика 3 Локација на проектот во рамките на земјата 4
Слика 4 Засегнати општини 5
Слика 5 Јавна расправа за Нацрт студијата за ОВЖСО во рамките на процесот на ОВЖС во Македонија 7
Слика 6 Графички приказ за процесирање на поплаките 19
ЛИСТА НА ТАБЕЛИ
Табела 1 Идентификација на засегнатите страни 10
Табела 2 Засегнати страни – под директно или индиректно влијание од проектот 11
Табела 3 Идентификување на засегнатите страни – учесници во спроведувањето на проектот 12
Табела 4 Идентификување на засегнатите страни – надлежни органи и одлучувачки тела 12
Табела 5 Идентификување на засегнатите страни – НВО кои би можеле да бидат заинтересирани за проектот 13
Табела 6 Бугарски засегнати страни – под директно или индирекнто влијание на проектот 13
Табела 7 Идентификација на бугарските засегнати страни – надлежни органи и одлучувачки тела 13
Табела 8 Идентификување на засегнатите страни во Бугарија – НВО кои би можеле да бидат заинтересирани за проектот 14
1 ВОВЕД
1.1 ИСТОРИЈАТ
Овој документ претставува План за Вклучување на Засегнатите Страни (ПВЗС) и го опишува планираниот процес за консултација и вклучување на засегнатите страни кој сe спроведува во рамките на проектот "Македонски железници: Физибилити студија за источната делница од коридорот VIII и Студијата за оценка на влијанието врз животната средина и општеството (ОВЖСО)". Проектот е инициран од страна на Одделот за железници, Министерството за транспорт и врски (во понатамошниот текст како Инвеститор) врз основа на барањата на законодавството во Република Македонија и оние на Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) која има во предвид да го финансира проектот.
Вклучување на засегнатите страни претставува континуиран процес кој вклучува (а) јавно објавување на соодветни информации за клиентот со цел да се овозможи значајна консултација на засегнатите страни, (б) значајна консултација со потенцијално засегнатите страни, и (в) процедура или политика со која се одредува на кој начин јавностат може да даде коментари или да поднесе жалби. Овој процес треба да започне во раната фаза на планирањето на проектот и да продолжи во текот на целокупниот животен циклус на проектот.
Дополнително, за проектот ќе биде подготвено Не‐техничко резиме за нагласување на потенцијалните влијанија врз животната средина и општеството како и мерки за ублажување со цел да се спречат, намалат или минимизираат влијанијата врз животната средина, врз работниот сектор, здравјето и безбедноста на заедницата и врз општеството, групирани за градежната фаза и з оперативната фаза од предложениот проект.
Од есенцијална важност е внимателно да се идентификуваат сите засегнати страни, како и оние кои се заинтересирани за проектот, и уредно да се земат во предвид нивната загриженост, очекувања и преференци. Треба да се обрне внимание на идентификување на ранливите заинтересирани страни чиј живот и благосостојба може да зависи од активностите на Инвеститорот. Покрај тоа, задолжително е одржувањето на блиска интеракција со локалната заедница и утврдувањето на можностите за подобрување на изведбата од социјален аспект.
Овој ПВЗС се базира на првичната идентификација на клучните засегнати страни во проектот. Во текот на спроведувањето на првичните консултации со засегнатите страни ќе се идентификуваат дополнителните засегнати страни и согласно на тоа ПВЗС ќе биде надополнет. Доколку сакате да бидете додадени на листата на засегнати страни за да добивате информации за проектот и можностите за коментирање, ве молиме обратете се до:
Министерство за транспорт и врски,
Адреса: “Црвена Скопска Општина” 4; 1000 Скопје, Република Македонија; xxxx://xxx.xxx.xx/ Телефон: + 000 0 0000 000, + 000 0 0000 000
Факс: + 000 (0)0 0000 000
Xxxxxx Xxxxxxxx – Раководител на Одделот за железници
Во текот на имплементацијата на проектот, исто така, ќе се изготви и ќе биде јавно достапна долгорочна програма за вклучување на засегнати страни.
1.2 РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ
1.2.1 ОПИС НА ПРОЕКТОТ
Република Македонија со својата географска поставеност во срцето на Балканскиот Полуостров претставува природна крстосница помеѓу Северна, Централна и Јужна Европа, како и помеѓу Средоземното Море и Источна Европа, Азија и Русија. Во овој дел од светот, железничката пруга игра важна историска улога.
Железничкиот Коридор Исток‐Запад кој ги поврзува Албанија, Македонија и Бугарија, инаку познат како Xxxxxxx XXXX, беше дефиниран на Пан‐европска конференција што се одржа во Хелсинки. Со новодонесените европски документи за транспортната стратегија, изградбата и оперативноста на железничкиот Коридор VIII се идентификува како составен дел од еден од петте нови Европски транснационални оски.
Исто така, коридорот VIII има многу важна улога за Република Македонија, особено поради влијанието врз економскиот и општествениот развој на земјата. Реконструкцијата на веќе изградените делови на железницата и изградбата на деловите кои недостасуваат од железничкиот Коридор VIII претставуваат висок владин приоритет и тоа е истакнато во рамките на Националната стратегија за транспорт, донесена во 2009 година.
Слика 1 Рута на Коридорот VIII и интерконекција со други коридори
Железничкиот Коридор VIII, кој поминува низ територијата на Република Македонија, има два недовршени дела: првиот, западниот дел, во правец на Република Албанија, и вториот, источниот дел, кој преку тунел се поврзува со Република Бугарија. Вкупната должина на двата дела изнесува 312 км.
Република Македонија, како чекор напред кон аплицирањето за финансиски средства, ја иницира подготовката на физибилити студии за деловите на коридорот кои недостигаат во рамките на македонската територија.
Референтиот проект е Физибилити студијата за Коридорот VIII – источен дел. Локацијата на проектот е источната делница од железничкиот Коридор VIII (северо‐источна Македонија), почнувајќи од Куманово ‐ Бељаковце ‐ Крива Паланка ‐ МК/БГ граница (прикажано на Слика 2 и Слик 3). Должината на источната делница изнесува 88.1 км.
Serbia
Presevo
Kriva Palanka
Lipkovo Karposh
Kumanovo
Rankovce
Kyustendil
Bulgaria
Tetovo
Kamenica
Blagbevgrad
Arachinovo Llinden
Dracevo
Probistip
Skopje
Kocani
Sokolarc
i
Studenicani
Sveti Xxxxxx
Cheshinovo Vinica
Gostivar
Veles
Stip
Albania Debar
Macedonia
Gradsko
Berovo
Radovic
Zajas
Kicevo
Makedonski Xxxx
Negotino
Kavadarci
Strumica
Dabilje
Krusevo
Prilep
Valandovo
Krivogastani
Struga
Bogdanci Nov Dojran
Gevgelija
Ohrid
Bitola
Greece
Border Macedonia Highway
Main Road
0
existing Railway Railway Projected
Railway Section Focused
100
km
Слика 2 Локација на проектот во рамките на регионот
Слика 3 Локација на проектот во рамките на земјата
Слика 4 Засегнати општини
Во периодот помеѓу 1994 и 2004 година, Владата на Македонија инвестираше во изградбата на железничката линија во источниот дел. И покрај прекинот на работите поради недостаток на средства, сепак, коридорот беше повеќе или помалку етаблиран.
Врз основа на мулти критериумска анализа беше евалуирана постоечката железничка линија и алтернативно решение (кое го следи планираниот автопатен Коридор VIII). Постоечката алтернатива беше препорачана како претпочитана. Во оваа фаза беше спроведена само првична оценка за влијанието врз животната средина и општеството. Владата ја одбра препорачаната линија. По официјалниот избор на алтернативата, во идните фази од спроведувањето на проектот ќе следува понатамошен елаборат за оценката на влијанието врз животната средина и општеството.
За подетален опис на проектот, ве молиме погледнете го летокот за јавно информирање.
1.2.2 ИСТОРИЈА НА ПРОЕКТОТ‐ ПРЕГЛЕД
Плановите за изградба и оперативност на железничка линија Куманово – Бугарија се многу стари, датираат од 19‐ти век (1873‐1888). Работите, во континуитет, но со прекини поради војните и политичката ситуација продолжиле до средината на 19‐тиот век, кога во 1948 година истите биле прекинати по спорот помеѓу Југославија и земјите на Варшавскиот пакт. Од 1956 до 1994 година, на проектната делница во функција била единствено железничката линија на трасата помеѓу Куманово ‐ Бељаковце, кога започнале реконструкцијата и градежните работи преземени од страна на Владата. Од 2004 година, кога поради недостиг на средства работите се прекинати, линија повеќе не е во функција.
Во 1995 година, поради политичките, економски и стратешки промени во државата, како и поради истекот на претходниот просторен план, Владата одлучува да подготви нов просторен план за земјата. Основа за развој на просторниот план е Националната стратегија за економски развој на Република Македонија објавена во 1998 година. Просторниот план е донесен во 2004 година со временски хоризонт кој истекува во 2020 година. Просторниот план го вклучува просторното уредување на транспортната и другата инфраструктура. Развојот на железничкиот систем е утврден
како основа во потребата од модернизација и проширување на железничката мрежа, како и за поврзувањето на македонската железничка мрежа со албанската и бугарската мрежа. Трасата Куманово – БГ граница останува речиси иста како што е дизајнирана пред 50 години, но сега се зема во предвид и проектираната брана во близина на Кратово. Во планскиот период до 2020 година се очекува дека железничките линии Бељаковце ‐ Ѓуешево и Кичево ‐ Ќафасан ќе бидат завршени.
Бугарија, исто така презема активности во насока на завршување на коридорот на нејзината територија. Изготвена е физибилити студија за модернизација. Се очекува дека проектот ќе биде финансиран од средствата од ЕУ и дека тој би можел да биде завршен во 2020 година.
2 РЕГУЛАТОРНА РАМКА
2.1 МАКЕДОНСКИТЕ БАРАЊА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ/ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА
Во согласност со македонското законодавство, јавноста треба да биде вклучена во секоја фаза од процедурата за ОВЖС и сите одлуки донесени во текот на процесот треба да бидат објавени во соодветни медиуми. Ова се однесува на следните документи:
• Известување за намерата за спроведување на проектот;
• Решение за утврдување на потребата од спроведување на ОВЖС;
• Решение за утврдување на обемот на ОВЖС;
• Објавување за достапноста на студијата за ОВЖСО;
• Не‐техничко резиме на студијата за ОВЖСО;
• Извештај за соодветноста на студијата за ОВЖСО;
• Решение за давање согласност или одбивање на барањето за спроведување на проектот.
Со цел да и се овозможи на јавноста да го изрази своето мислење, од страна на Инвеститорот и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ќе бидат организирани јавни расправи и ќе постои можност за поднесување на писмени мислења. Македонскиот процес за јавна расправа во врска со нацртот за студијата за ОВЖСО е прикажан подолу на Слика 4.
Во Меѓународната конвенција за влијанието врз животната средина во преку‐граничен контекст, ЕСПОО конвенцијата, член 3, се наведува дека за "изградба на линии за железничкиот сообраќај на долги релации ... " страната од каде се иницира проектот, со цел да се обезбедат соодветни и ефикасни консултации согласно со членот 5, ќе ја извести секоја страна за којашто смета дека може да биде засегната страна, најрано што може и не подоцна од информирањето на сопствената јавност за оваа предложена активност". Како потписник на Конвенцијата од 1999 година, Македонија ги инкорпорираше нејзините одредби во националното законодавство (Законот за животна средина) и го одреди националното контакт лице:
Министерство за животна средина и просторно планирање Бул. Xxxx Xxxxxx б.б.
Г‐ѓа Xxxxxxx Xxxxxxxxx
e‐mail: xxxxxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx
моб. тел.: 00 000 00 00 00 00
Македонското Министерство за животна средина и просторно планирање ќе ја информира (врз основа на Известувањето за намерата за спроведување на проектот и за утврдување на потребата од спроведување на ОВЖС) бугарската владина институција и бугарското ЕСПОО контакт лице за започнувањето на процедурата за ОВЖСО, ќе даде опис на проектот и на првичното влијание на проектот врз животната средина и општеството. Потоа, Бугарија ќе има рок од 30 дена да одговори
дали ќе одлучи да учествува во процесот за ОВЖСО. Доколку одговорат дека тие сакаат да учествуваат, имаат обврска да спроведат еквивалентна јавна консултација во засегнатата земја во која проектот е лоциран. Македонското Министерство за животна средина и просторно планирање ќе и ја испрати на Бугарија, исто така, и нацрт студијата за ОВЖСО, Извештајот за соодветноста на студијата за ОВЖСО (ќе бидат извршени консултации со бугарските владини тела за мерки за ублажување) и конечното Решение за одобрување или одбивање на барањето за спроведување на проектот. Сите споменати документи ќе бидат доставени на бугарски јазик.
Слика 5 Јавна расправа за Нацрт студијата за ОВЖСО во рамките на процесот на ОВЖС во
Македонија
2.2 БАРАЊА НА ЕБОР ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ И ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА
Бидејќи ЕБОР може да биде вклучен во понатамошните фази на проектот, истиот мора да ги исполни најдобрите меѓународни практики и обврски за вклучување на засегнатите страни и за јавните консултации како што е наведено во Политиката на ЕБОР во однос на животната средина и социјалните прашањата од 2008 година. ЕБОР смета дека вклучувањето на засегнатите страни е суштински елемент за добрата деловна пракса и граѓанското здружување како и начин за подобрување на квалитетот на проектите. Особено, од централно значење за успешно управување со ризиците и влијанија врз заедниците кои се засегнати од проектите е ефективното вклучување на заедницата и тоа е главно за постигнување на поголем бенефит за заедницата. Накратко, следниот систем за вклучување на засегнатите страни е применлив за проектот:
• Идентификување на групи на засегнати страни во проектот. Идентификација на засегнатите страни, вклучувајќи ги и членовите од јавноста кои би можеле да бидат засегнати од изградбата и оперативноста на проектот.
• Процес за вклучување на засегнатите страни и објавување на информации. Во текот на оваа етапа, треба да се осигура дека идентификуваните засегнати страни се соодветно вклучени во прашањата за животната средина и општеството кои би можеле потенцијално да влијаат врз нив во текот на процесот на објавување на информации и значајните консултации.
• Значајни консултации. Процесот на консултации ќе се базира на објавување на информации релевантни за проектните активности и операции. Процесот на консултации ќе биде спроведен на начин кој е инклузивен и на ниво адекватно за сите засегнати страни.
• Механизам за поплаки. Одржување на процес за поплаки со кој јавноста и останатите засегнати страни може да ја изнесат загриженоста, а со кои ќе се постапува на брз и конзистентен начин.
3 ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ
Со цел да се дефинира процесот на комуникација, идентификувани се неколку групи на засегнати страни кои може да бидат заинтересирани и/или засегнати од развојот и спроведувањето на проектот. Сепак, сите останати кои би сакале да бидат вклучени во мејлинг листата, со цел да добиваат информации во врска со известувањата, состаноците или останатите можности за консултации може да се јават на телефонските броеви споменати на првата страница.
Постојат голем број на групи на луѓе и социјални групи кои се заинтересирани за проектот на различни нивоа. Истите може да се опишат на следниот начин:
• Луѓе и социјални групи кои ќе бидат под директно или индиректно влијание од проектот,
• Луѓе и социјални групи кои можат да учествуваат во спроведувањето на проектот;
• Луѓе и социјални групи кои можат да влијаат и да учествуваат во процесот на донесувањето одлуки за спроведување на проектот.
Во согласност со горенаведената класификација беа идентификувани следниве засегнати страни:
Министерство за транспорт и врски, Република Македонија
Ниво на интерес на засегнатите страни/вклучување во проектот | Метод и алатки за комуникација | |||||||||||
Состаноци за јавна консултација | Информативни и консултациони состаноци со поедноставени | Интернет страници | Леток/ци за проектот | Доставување на документација | Огласна табла | Комуникација со помош на НВО | Членоци во списанието за градежништво, архитектура и дизајн „Порта 3“ | Кореспонденција поврзана со проектот | Објавување во јавноста | Размена на информации | ||
Засеганти страни кои може да бидат под директно или индиректно влијание од проектот | ||||||||||||
Жители на општините, селата и заедниците каде ќе се гради желеничката пруга и придружната инфраструктура | Y | Y | Y | Y | Y | Y | Y | Y | ||||
Сопственици на земјиштето и корисници на инфраструктурните локалитети | Y | Y | Y | Y | Y | Y | ||||||
Ликални и регионални претпријатија | Y | Y | Y | Y | Y | Y | Y | |||||
Национални, регионални и локални товарни компании | Y | Y | Y | Y | Y | Y | ||||||
Еколошки и социјални НВО | Y | Y | Y | Y | Y | Y | Y | |||||
Корисници на јавен транспорт | Y | Y | Y | |||||||||
Неофицијални и сезонски корисници на земјиштето | Y | Y | Y | Y | Y | Y | Y | Y | ||||
Желенчки работници | ||||||||||||
Засегнати страни кои може да учествуваат во спроведувањето на проектот | ||||||||||||
Инвеститорот | Y | Y | Y | |||||||||
Градежните претпријатија како на пр. Бетон, Пелагонија и Гранит | Y | Y | Y | Y | ||||||||
Вработените во градежните претпријатија, изведувачи и подизведувачи | Y | Y | Y | Y | Y | Y | ||||||
Добавувачи на опрема и даватели на услуги | Y | Y | Y | Y | ||||||||
Претставници на синдикатот | Y | Y | Y | Y | Y | |||||||
Корисници на железничката линија | Y | Y | ||||||||||
Можност да се влијае и одлучува во процесот на спроведување на проектот | ||||||||||||
Внатрешни органи | ||||||||||||
Министерство за транспорт и врски | Y | Y | Y | Y | ||||||||
Министерство за животна средина и просторно планирање | Y | Y | Y | Y |
Железнички коридор VIII ‐ источна делница 9
Министерство за транспорт и врски, Република Македонија
Ниво на интерес на засегнатите страни/вклучување во проектот | Метод и алатки за комуникација | ||||||||||
Состаноци за јавна консултација | Информативни и консултациони состаноци со поедноставени | Интернет страници | Леток/ци за проектот | Доставување на документација | Огласна табла | Комуникација со помош на НВО | Членоци во списанието за градежништво, архитектура и дизајн „Порта 3“ | Кореспонденција поврзана со проектот | Објавување во јавноста | Размена на информации | |
Министерство за труд и социјална политика | Y | Y | Y | Y | |||||||
Министерство за економија | Y | Y | Y | Y | |||||||
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство | Y | Y | Y | Y | |||||||
Центар за управување со кризи | Y | Y | Y | Y | |||||||
Центар за регионален развој на северо‐источниот регион во Куманово | Y | Y | Y | Y | Y | ||||||
Локална владина администрација | Y | Y | Y | Y | Y | ||||||
Xxxxxxx инспекторат | Y | Y | Y | Y | Y | Y | |||||
Служби за вонредни состојби | Y | Y | Y | Y | |||||||
Надворешни органи, Органи во Р. Бугарија | |||||||||||
Министерство за надворешни работи | Y | Y | Y | Y | |||||||
Министерство за транспорт | Y | Y | Y | Y | |||||||
Министерство за вонредни ситуации | Y | Y | Y | Y | |||||||
Министерство за животна средина и води | Y | Y | Y | Y | |||||||
Засегнати страни кои може да бидат заинтересирани за проектот | |||||||||||
Општа јавност | Y | Y | Y Y | ||||||||
Верски заедници | Y | Y | Y | Y | Y | ||||||
Медиуми | Y | Y | Y | ||||||||
Потенцијални инвеститори во Р. Македонија | Y | Y | Y |
Табела 1 Идентификација на засегнатите страни
Железнички коридор VIII ‐ источна делница 10
4 КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ
4.1 МАКЕДОНСКИ ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ
Засегнати страни | Општини | Популација | Методи на комуникација |
Жителите на градовите | Градот Куманово | 70,872 | - состаноци за консултации со јавноста - веб страни - летоци за проектот - наменски летоци за проектот - огласна табла - информативни и консултативни состаноци - состаноци со заедницата како и и состаноци еден на еден |
и селата по должината на железничка линија во Македонија | |||
Ромската населба Банева Трла | ‐ | ||
Проевце | 2,311 | ||
Доброшане | 1,655 | ||
Шупљи Камен | 81 | ||
Клечовце | 573 | ||
Довезенце | 123 | ||
Бељаковце | 64 | ||
Димонче | 69 | ||
Кетеново | 216 | ||
Крилатица | 141 | ||
Пендак | 45 | ||
Шопско Рударе | 143 | ||
Ветуница | 57 | ||
Ранковце | 1,192 | ||
Одрено | 131 | ||
Гиновци | 311 | ||
Псача | 539 | ||
Љубинци | 164 | ||
Опила | 269 | ||
Петралица | 669 | ||
Т’лминци | 73 | ||
Конопница | 1,398 | ||
Градот Крива Паланка | 14,558 | ||
Кошари | 21 | ||
Варовиште | 87 | ||
Дрења | 90 | ||
Жидилово | 302 | ||
Кркља | 227 | ||
Узем | 256 | ||
Костур | 38 | ||
Сопственици на земјиштето на местата каде има објекти на | |||
инфраструктурата | |||
Локалните претпријатија долж железничката линија | |||
НВО (Невладини организации) | |||
Национални, регионални и локални товарни компании | |||
Корисници на јавен превоз | |||
Неофицијални и сезонски корисници на земјиштето |
Табела 2 Засегнати страни – под директно или индиректно влијание од проектот
Засегнати страни | Метод на комуникација |
Инвеститор | Официјални писма, кореспонденција |
Градежни компании | Официјални писма, кореспонденција, периодични извештаи |
Вработени во градежните компании, изведувачи и подизведувачи | Огласна табла во просториите на градежните компании, списание специјализирано во доменот за градежништво „Порта“ |
Табела 3 Идентификување на засегнатите страни – учесници во спроведувањето на проектот
Засегнати страни | Метод на комуникација |
Министерство за транспорт и врски | Официјални писма / кореспонденција Доставување на документација |
Министерство за животна средина и просторно планирање | Официјални писма / кореспонденција Доставување на документација |
Министерство за труд и социјална политика | Официјални писма / кореспонденција Доставување на документација |
Министерство за економија | Официјални писма / кореспонденција Доставување на документација |
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство | Официјални писма / кореспонденција Доставување на документација |
Центар за регионален развој на северо‐ источниот дел во Куманово | • Консултативни состаноци • Кореспонденција во врска со проектот • Размена на информации • Доставување на документација |
Центар за управување со кризи | • Состаноци за спречување на вонредни ситуации и планирање на активности |
Локални владини организации: 1. Куманово 2. Кратово 3. Ранковце 4. Крива Паланка 5. Липково 6. Старо Нагоричане | • Консултативни состаноци • Кореспонденција во врска со проектот • Размена на информации • Доставување на документација |
Локални инспекторати и служби за вонредна состојба | • Консултативни состаноци • Кореспонденција во врска со проектот • Размена на информации • Доставување на документација |
Табела 4 Идентификување на засегнатите страни – надлежни органи и одлучувачки тела
Назив | Метод на комуникација |
Општина Куманово: • Национален центар на Ромите ‐ Куманово Врама си (прашања поврзани со Ромите) • Дром (прашања поврзани со Ромите) • Арка Форум за правата на Ромите • Ромска организација на жените “Даја” ‐ Куманово • ЛИПА: Центар за меѓукултурен дијалог | • Консултативни состаноци • Електронска пошта • Интернет страница |
Општина Кратово: • Во регионалниот центар за НВО се регистрирани 100 но само неколку од нив се активни • Xxxxxx Xxxxx – Кратово | |
Општина Крива Паланка: • Нема активни НВО организации во општината | |
Општина Ранковце: • Нема активни НВО организации во општината | |
Општина Старо Нагоричане: • Нема активни НВО организации во општината |
Табела 5 Идентификување на засегнатите страни – НВО кои би можеле да бидат заинтересирани за
проектот
4.2 БУГАРСКИ ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ
Засегнати страни | Општини | Популација | Метод на комуникација |
Жители на градовите и селата по должината на железничката линија во Бугарија | Ѓуешево | xxxxx | Веб страни Проектни летоци |
Ќустендил | 44,416 |
Табела 6 Бугарски засегнати страни – под директно или индирекнто влијание на проектот
Засеганти страни | Метод на комуникација |
Бугарски министерства: 1. Министерство за надворешни работи 2. Министерство за транспорт и врски 3. Министерство за вонредни ситуации 4. Министерство за животна средина и води | • Консултативни состаноци • Доставување на “Известување за намерата за спроведување на проектот” од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање • Дискусија за прекугранична одговорност за вонредни ситуации |
Табела 7 Идентификација на бугарските засегнати страни – надлежни органи и одлучувачки тела
Име | Метод на комуникација |
Бугарски НВО: • Треба подоцна да се додадат во зависност од тоа дали од бугарската страна ќе има интерес за учество во процесот за ОВЖСО | • Консултативни состаноци • E‐mail • Веб страни |
Табела 8 Идентификување на засегнатите страни во Бугарија – НВО кои би можеле да бидат
заинтересирани за проектот
5 ПРОЦЕС И МЕТОД НА КОМУНИКАЦИЈА
Одделот за железници ќе се грижи околу давањето на информации од јавен карактер, учеството и консултациите во текот на сите фази од реализацијата на проектот. Ова ги вклучува фазите на прелиминарни консултации за ОВЖСО, студијата за ОВЖСО, објавувањето на ОВЖСО, проектирањето и изградбата и во продолжение градежните и оперативните фази.
Главниот метод за собирање на информации во текот на траењето на ОВЖСО е преку интензивни консултации и состаноци со идентификуваните засегнати страни. Покрај внимателното идентификување на заинтересирани страни кои треба да бидат консултирани и континуираните консултации со нив, ќе се воспостави механизам за вклучување на пошироката јавност, односно информациите за проектот ќе бидат достапни на интернет, ќе има можност за превземање на летокот за проектот надополнет со образец за коментар и поплаки, како и на информативните табли на локалните органи (општините, селата, месните заедници). Доколку сметате дека друг метод ќе биде посоодветен, ве молиме да не контактирате.
5.1 СТРАТЕГИЈА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ
Вклучувањето на засегнатите страни може да се подели на 5 главни фази. Целосната листа на консултирантите засегнати страни може да се најде во Анекс 1.
Фаза 1: Прелиминарни консултации за ОВЖСО Фаза 2: Консултации за студијата за ОВЖСО Фаза 3: Објавување на ОВЖСО
Фаза 4: Детален проект и изградба Фаза 5: Оперативност.
Во текот на Фаза 1 (август ‐ октомври, 2010), Консултантот, со помош на информациите добиени од голем број различни и релевантни извори, детално го анализира историјатот на проектот. Имајќи за цел да добие јасна слика за неговата сложеност, сегашната состојба и потребните понатамошни интервенции, и со цел прво да се подготви методологија која точно ќе го одреди обемот на работите на проектот, а понатаму и негова лесна и сигурна имплементација, Консултантот ги утврди сите релевантни институции во Македонија. Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање, ЈП Македонски железници – Инфраструктура одставувале информации на начин кој е можен во тендерската фаза, главно преку барања за појаснување. Исто така, Консултантот собрал дополнителни информации од локалните експерти за кои, во случај на одобрување, се планира да работат на проектот, како и од локалните експерти кои веќе работеле со Консултантот на претходните проекти во Македонија.
Во текот на Фаза 2 (јануари – август 2011 година), која во моментов е сеуште во тек, тимот за ОВЖСО внимателно ги идентификуваше засегнатите страни кои може да бидат под директно или индиректно влијание од проектот, и кои сакаат да коментираат за проектот и неговите влијанија и покрена процес на консултации. Беа одржани состаноци за одредување на обемот при што со разните засегнати страни на многу детален начин беше дефиниран обемот на ОВЖСО и беше собрана соодветна документација за развој на основната база на Студијата за ОВЖСО (Локален акционен план за животна средина, локални планови за економски развој, еколошки извештаи за состојбата на животната средина и други).
Средби одржани до денес со:
• Бугарски претставници на Министерството за Транспорт
• Компанијата за железничката инфраструктура
• Проект за модернизација на железничката линија Радомир‐Ѓуешево
• Министерство за животна средина и просторно планирање
• Општини долж северо‐источниот регион
• Состаноци со јавноста за одредување на обемот на проектот на 4‐5 мај 2011 во Куманово, Кратово, Ранковце и Крива Паланка
Во текот на Фаза 3, која се планира да биде започната од почетокот на септември, Планот за вклучување на засегнатите страни и анексите кон планот, образецот за коментари и поплаки ќе и биде објавен на јавноста. Проектните летоци ќе бидат широко дистрибуирани во печатена форма и на распологање како PDF документ на веб страните до крај на септември. Информација за објавување во јавност на планот за вклучување и летокот ќе биде објавена во дневниот весник
„Дневник“.
Планот за вклучување и проектните летоци ќе бидат на располагање на англиски и македонски на следните веб страни:
xxxx://xxx.xxx.xxx.xx , xxxx://xxx.xxxxx.xxx.xx и xxxx://xxx.xx.xxx.xx.
Овие линкови ќе бидат ставени на веб страните на општините. За повеќе детали ве молиме повикајте се на поглавје 5.2 Објавување на информации.
На почеток на март 2012 се очекува да и биде објавена на јавноста Нацрт студијата за ОВЖСО. Рокот за давање на коментари ќе биде во времетраење од 120 дена, што дава сигурност дека сите засегнати страни ќе имаат можност да ги искажат своите ставови. Во првите 30 дена ќе се организираат јавни расправи. Јавноста ќе биде дополнително информирана за договорените датуми. По завршувањето на рокот за објавување и давање коментари, Xxxxxxxxx за ОВЖСО ќе биде надополнета за да ги прикаже коментарите дадени од засегнатите страни и информациите за тоа како биле земени во предвид коментарите а конечната одлука ќе биде јавно објавена преку истиот медиум. Дополнително, во текот на понатамошната работа коментарите ќе се употребуваат за деталниот проект и изградбата на проектот. Тогаш, на интернет страниците на Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање и ЈП Македонски Железници ‐ Инфраструктура ќе биде објавена конечната студија за ОВЖСО и планот за управување со животната средина и општеството, и ќе биде ставена и во главните општински канцеларии, каде што се наоѓал и нацртот за ОВЖСО.
Извештајот за соодветноста на студијата за ОВЖСО издаден од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и Решението за одобрување или одбивање на апликацијата за проектот ќе биде објавено на страната на Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање и ЈП Македонски Железници – Инфраструктура.
Во текот на Фазите 4 и 5 кои ги опфаќаат деталниот проект, изградбата и оперативноста, вклучувањето на засегнатите страни ќе продолжи од страна на Одделот за железници и процесот ќе продолжи во текот на целиот животен циклус на проектот. Повратните информации од засегнатите страни, ќе претставуваат клучна компонента во следење на успехот од мерките за ублажување. Методите за осигурување на вклучувањето ќе го опфатат следново:
• Квартални (тромесечни) надополнувања и информирања за напредокот на проектот за локалната заедница достапни во Општините кои се наоѓаат во рамките на северо‐источниот регион и на интернет страницата на МТВ.
• Известувања и информации за локалната заедница во врска со градежните активности, вклучувајќи било какви активности за кои се смета дека може да предизвикаат особено нарушување (како што се привременото затворање на патот, особено бучните активности итн.). Овие известувања ќе бидат вршени преку печатот и пренесувани на локалните медиуми, општинскиот весник, преку директно доставување на информациите до погодените домаќинства и претпријатија, и преку ажурирања на интернет страниците на МТВ.
5.2 ОБЈАВУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ
Објавувањето на релевантните проектни информации им помага на засегнатите страни да ги разберат проектните еколошки и социјални ризици, влијанијата и можности. Одделот за железници, преку одделот за односи со јавноста, има за цел да ги вклучи засегнатите страните и да одржува пракса на добра комуникација за време на траењето на проектот. Според овој пристап, цел на објавувањето на информации и на комуникацијата ќе биде:
• Да се достави до локалните заедници распоред и информации во врска со активностите кои ќе бидат договорени заедно со механизам за нивни повратен одговор
• Да се подобри знаењето за тоа што опфаќа проектот, со сите фази и очекуваната изведба
• Обезбедување на најдобра пракса во однос на заштитата на животната средина и здравјето и безбедноста на работниците и изведувачите
• Да се стави на располагање на јавноста процедура за поплаки, со цел да се соберат негативните повратни информации и да се дејствува за коригирањето на причините кои може да доведат до негативно мислење за проектот
За да се обезбеди транспарентност и достапност на информациите во врска со развојот на проектот, ќе бидат спроведени следните активности:
• Едностран информативен леток ‐ летокот ќе се состои од најважните информации за проектот, и ќе ја посочува интернет страницата и информативните телефонски линии за комуникација. Летоците ќе бидат подготвени и дистрибуирани во Информативните Центри при општините (што ќе обезбеди достапност до широк круг на граѓани), во селата и во центарот за северо‐источниот плански регион. Летокот ќе биде испратен до сите засегнати страни по пошта
/по електронска пошта заедно со образецот за коментари. Летокот, како и обрасците за коментари и поплаки, ќе бидат достапни и ќе можат да се симнат (во PDF формат) на интернет страниците:
• Информации за интернет страниците – информациите во врска со проектот ќе бидат достапни на македонски и англиски јазик на интернет страниците:
xxxx://xxx.xxx.xxx.xx , xxxx://xxx.xxxxx.xxx.xx и xxxx://xxx.xx.xxx.xx.
Кога ќе биде достапна, следната документација на македонски и англиски јазик, (некои документи може исто така да бидат преведени и на други јазици доколку во процесот за ОВЖСО се утврди дека е потребно) ќе и биде ставена на располагање на јавноста на интернет страниците: xxxx://xxx.xxx.xxx.xx, xxxx://xxx.xxxxx.xxx.xx и xxxx://xxx.xx.xxx.xx
• Известување за намерата за спроведување на проектот (веќе е објавено на: xxxx://xxx.xxxxx.xxx.xx)
• Документ за одредување на обемот на ОБЖС
• Решение издадено од страна на МЖСПП
• Не‐техничкото резиме за студијата за ОВЖСО
• План за вклучување на засегнатите страни заедно со механизмот за поплаки
• Студија за ОВЖСО
За да се осигура дека сите засегнати страни се свесни за достапноста на документите на интернет страницата, известувањето за намерата за спроведување на проектот беше испратен до сите општини во регионот: Куманово, Кратово, Ранковце, Крива Паланка, Липково и Старо Нагоричане. Сите општини ќе бидат благовремено информирани за информациите кои може да се најдат на интернет страницата на Министерството и ќе бидат советувани да стават линк на своите интернет страници:
xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx; xxxx://xxx.xxxxxxxx.xx; xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx; xxxx://xxx.xxxxxxxx.xxx.xx; xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxx.xxx.xx; xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx
Предходно испечатениот образец за давање коментари (двојазичен, на македонски и англиски јазик) ќе биде достапен на сите места за консултации, кои заинтересираните страни ќе можат да ги користат за да ги достават своите коментари. Коментарите исто така може да се искажат усно, преку електронска пошта или по телефон и ќе биде заведен од страна на консултантскиот тим. Доколку тоа го посакуваат, одредени коментари од поединци може да бидат анонимно доставени. Образецот за коментари претставува Анекс кон ПВЗС.
Дополнително, сите горенаведени информации ќе бидат испратени по електронска пошта, но исто така, ќе бидат достапни и во печатена форма за да и се овозможи на јавноста лесно да ги прочита документите (локациите во приложениот Анекс – Контакт места)
6 МЕХАНИЗАМ ЗА ПОПЛАКИ
Одделот за железници ќе воведе механизам за поплаки за да се осигура дека тој може да одговори на било каквa загриженост и поплаки особено на иние поднесени од погодените страни и заедници.
Процесот за поплаки кој треба да се следи е прикажан подолу на Слика 6. Ќе биде користена следнава временска рамка:
• Писмена потврда за приемот на поплаката: во рок од 5 дена од приемот на поплаката
• Предложено решение: во рок од 30 дена од добивањето на поплаката.
Првично, канцеларија на ЕПТИСА заедно со Министерство за транспорт и врски ќе ги процесира сите поплаки добиени од јавноста во текот на траењето на физибилити студијата. Потоа, одделот за железници при македонското Министерство за транспорт и врски ќе продолжи да ги добива и да ги процесира сите поплаки кои можат да произлезат во текот на било која од понатамошните фази на проектот. Одделот ќе назначи одговорно лице за процесирање на поплаките. Во текот на спроведувањето на физибилити студијата, поплаките ќе се доставуваат до:
Консултантската канцеларија
Xxxxxxx Xxxxxxxxx “Железничка” 2/8, 1000 Скопје,
Република Македонија
Тел.: x000 0 0000 000, x000 0 0000 000
Факс: x000 0 0000 000
Потоа, поплаките ќе се доставуваат до:
Министерството за транспорт и врски
Xxxxxx Xxxxxxxx
“Црвена Скопска Општина” 4; 1000 Скопје,
Република Македонија ; xxxx://xxx.xxx.xx/
Телефон: + 000 0 0000 000, + 000 0 0000 000
Факс: + 000 (0)0 0000 000
e‐mail: xxxxxxx@xxx.xxx.xx e‐mail: xxxxxxxx@xxx.xxx.xx
Образецот за поплаки (на македонски и англиски јазик) е Анекс кон овој документ и ќе биде достапен на интернет страницата: xxxx://xxx.xxx.xx и сите засегнати општини ќе добијат испечатени обрасци за да и бидат лесно достапни на јавноста. Во догледно време, обрасците за поплаки, исто така, ќе бидат достапни и на железничките станици.
За вработените во градежните фирми, како посебен систем, ќе се воведе механизам за поплаки на работниците. Изведувачите на градежните работи ќе бидат информирани од страна на одделот за железници за потребата од воведување на механизам за поплаки за своите вработени. На изведувачите на градежните работи ќе им се даде можност да доставуваат поплаки и преку претставниците на работниците и синдикатите, и независно, лично, без оглед на предметот на жалбата. Исто така, ќе бидат овозможени и анонимни доставувања (во кутии за поплаки). Деталите за овој тип на механизам за поплаки ќе се воведе 3 месеци пред започнувањето со градежните работи.
Министерството за транспорт и врски ќе се осигура дека постои независен, објективен механизам за поплаки. Министерството ќе ги информира засегнатите заедници во врска со процесот за поплаки во текот на активностите во својата заедница и редовно ќе ја известува јавноста за неговото спроведување, заштитувајќи ја приватноста на поединците.
Со оглед на горенаведеното, управувањето со поплаките претставува витална компонента во процесот на вклучувањето на засегнатите страни и важен аспект во доменот на управување со ризикот во проектот. Поплаките можат да бидат еден показател за зголемувањето на загриженостите на засегнатите страни (реални и увидени) и може да ескалираат доколку истите не се идентификуваат и решаваат. Идентификувањето и одговарањето на поплаките го поддржува развојотот на позитивни односи меѓу проектите, заедниците и другите засегнати страни. Следењето на поплаките ќе го сигнализира секое прашање што се повторува или конфликти и спорови кои ескалираат.
Процесот за поплаки ќе се состои од следниве клучни чекори:
1. Идентификување на поплаката преку лична комуникација со тимот за ОВЖСО, телефонски, по пошта, со образец за поплака, за време на состанокот, или на било кој друг начин. Поплаката ќе се евидентира на образецот за поплаки (види го прикачениот образец) а потоа ќе се чува во досието за поплаки кое ќе се води во консултантската канцеларија.
Жалбите поднесени директно до општините ќе бидат пренасочени кон консултантската канцеларија.
2. Процедурата за поплака започнува со официјално потврдување преку лична средба, телефонски повик, или писмо, во рок од 5 работни дена од поднесувањето. Доколку поплаката не е добро
разбрана или ако се потребни дополнителни информации, во склопот на овој чекор ќе се побара појаснување од подносителот на поплаката.
3. Одговорот се подготвува од страна на проектниот тим заедно со Министерството за транспорт и врски и ЈП Македонски железници Инфраструктура – Скопје. Бараните акции се применуваат за справување со соодветното прашање и завршувањето на истото се зачувува во досието за поплаки.
4. Одговорот се потпишува од страна на ЈП Македонски Железници – Инфраструктура Скопје. Потписот може да биде на на документот за поплака или коресподенција која треба да се пополни заедно со поплаката.
5. Одговорот на подносителот на поплаката се евидентира со цел да се процени дали поплаката е решена или потребни се понатамошни активности.
Процедурата за поплаки ќе биде слободна, отворена и достапна на сите, а коментарите и поплаките ќе бидат проследувани на фер и транспарентен начин. Информациите во врска со процедурата, кого и на кој начин да се контактира, ќе бидат достапни како што е погоре опишано. Особено, за процесот за поплаки ќе бидат информирани сите работници а новите работници ќе бидат информирани во моментот на нивното приклучување на проектот. Информациите за контакт ќе бидат објавени на информативната табла наменета за вработените како и на информативните табли.
Слика 6 Графички приказ за процесирање на поплаките
Контакти
❖ Консултантска канцеларија
Xxxxxxx Xxxxxxxxx “Железничка” 2/8, 1000 Скопје, Република Македонија
Тел.: x000 0 0000 000, x000 0 0000 000
Факс: x000 0 0000 000
❖ Министерство за транспорт и врски
Xxxxxxx Xxxxxxxx
“Црвена Скопска Општина” 4; 1000 Скопје,
Република Македонија; xxxx://xxx.xxx.xx/
Тел: + 000 0 0000 000, + 000 0 0000 000
Факс: + 000 (0)0 0000 000
e‐mail: xxxxxxx@xxx.xxx.xx e‐mail: xxxxxxxx@xxx.xxx.xx
❖ ЈП Макеедонски Железници Инфраструктура – Скопје
“Железничка 50б” 1000 Скопје xxxx://xxx.xx.xxx.xx Тел: x000 0 0000‐773
Факс: x000 0 0000‐079
e‐mail: mz65dir@t‐xxxx.xx
Xxxx Xxxxxxxxxx – Раководител на сектор
7 СПИСОК НА ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ
Бр. | Име на засегнатата страна | Лице за контакт | Податоци за контакт |
МЕЃУНАРОДНА | |||
1 | Министерство за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Р. Бугарија | ‐ | xxxx://xxx.xxxxx.xxxxxxxxxx.xx/ Адреса: Дxxxx Xxxxxxx 0, Xxxxxx x359 987 ‐ 5750 |
2 | Претпријатие за железничка инфраструктура, Бугарија | ‐ | Адреса: 3 Улица Xxxx Xxxxx Софија, 1080 Телефон: + 000 0 000 00 00 Извршен директор + 359 2 932 41 90 Линија за клиентите (24 сати) + 359 2 932 55 60 Одделение за кореспонденција Факс: + 359 2 8907188 Одделение за кореспонденција |
НАЦИОНАЛНА | |||
1 | Министерство за транспорт и врски | Xxxxxxx Xxxxxxxx, Раководител на Одделот за Железници Светланка Поповска, Раководител на Одделението за железничка инфраструктура Македонка Димитриоска, Советник на Одделението за железници | Адреса: “Црвена скопска општина” 4, 1000 Скопје, Република Македонија Телефон: + 000 0 0000 000, + 000 0 0000 000 Факс: + 000 (0)0 0000 000 Е‐mail: xxxxxxx@xxx.xxx.xx xxxxxxxx@xxx.xxx.xx xxxxxxxx@xxx.xxx.xx xxxxxxxxx.xxxxxxxxxxx@xxx.xxx.xx x000 0 0000 000 x000 0 0000 000 |
2 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Бул. "Xxxx Xxxxxx", зграда на МРТВ (10,11,12 кат) 1000 Скопје, Р. Македонија; Телефон:x000 0 000‐400; Факс:x000 0 000‐165; | |
3 | Македонски железници ‐ Инфраструктура | Xxxxxxxx Xxxxxxxx, Раководител на Одделот за инфраструктура Раде Секулоски, Раководител на секторот Xxxxxxxxx Xxxxxxxxxxx, Заменик | ЈП МЖ Инфраструктура ‐ Скопје“ 50 б; 1000 Скопје Телефон: x000 0 0000‐773 Факс: x000 0 0000‐079 E‐mail: mz65dir@t‐xxxx.xx |
Бр. | Име на засегнатата страна | Лице за контакт | Податоци за контакт |
раководител на секторот | |||
РЕГИОНАЛНА | |||
4 | Центар за развој на северо‐ источниот плански регион | Атина Мургашанска, Заменик раководител на Центрот за развој Xxxxxxx Xxxxxxx – Координатор Xxxxx Xxxxxxxxxxx ‐ Координатор | xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx Адреса: Илинденска б.б. 1300 Куманово Поштенски број 182 Телефон/Факс: x000 00 000‐878 x000 00 000 000 x000 00 000 000 x000 00 000 000 |
5 | Регионална стопанска комора | Xxxxxx Xxxxxxxxxx ‐ Претседател | x000 00 000 000 |
ОПШТИНСКА | |||
6 | Општина на градот Куманово | Xxxxx Xxxxxxxxxxx, Помлад асистент за локален економски развој Xxxxx Xxxxxxxxx, Раководител на Одделот за управување со приходи, стратешко планирање, локален економски развој Xxxxx Xxxxxxxxx, Овластен инспектор за заштита на животната средина | Адреса “11ти Октомври” б.б., 1300 Куманово E‐mail: xxxxxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx Телефон: x000 00 000‐800 + 389 31 438‐633 xxxxxxxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx xxxxxxxxxx@xxxxx.xxx x000 00 000 000 x000 00 000 000 x000 00 000 000 |
7 | Општина на Старо Нагоричане | Xxxxx Xxxxxxxxxxx – Раководител на Одделот за | xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx Xxxxxx00@xxxxx.xxx |
Бр. | Име на засегнатата страна | Лице за контакт | Податоци за контакт |
урбанизам, ЛЕР (локален економски развој) и животна средина Xxxx Xxxxxxxxxx ‐ Помлад асистент за издавање дозвола за градба Xxxxxx Xxxxxxxxxx – Овластен инспектор за комунални услуги и животна средина | x000 00 000 000 x000 00 000 000 x000 00 000 000 | ||
8 | Општина на Ранковце | Xxxxxxx Xxxxxxxxxxx, Раководител на Одделот за инспекциски надзор Xxxxxxx Xxxxxxxxxxx – Помлад асистент за локален економски развој и образование | Поштенски број 1316 Телефон: x000 00 000 000 Факс: x000 00 000 000 Е‐mail: xxxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx xxxxxxxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx xxxxxxxxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx x000 00 000 000 x000 00 000 000 |
9 | Општина на градот Кратово | Цане Анчов – Раководител на Одделот за урбанизам, заштита на животната средина, комунални услуги и локален економски развој Ванче Алексовски – Комунален инспектор Xxxxxxx Xxxxxxxx – Асистент во | xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx/ Плоштад Маршал Тито, б.б. ‐ 1360 Кратово Телефон: x000 00 000 000, Факс: x000 00 000 000 Е‐mail : xxxxxxx_xxxxxxx@xxxxx.xxx Е‐mail : xxxxxxx_xxxxxxx@xxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx xxxx_xxxxxx@xxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx xxxxxxxx.xxxxxxx@xxxxx.xxx xxxxxxxx@xxxxx.xxx x000 00 000 000 x000 00 000 000 x000 00 000 000 x000 00 000 000 x000 00 000 000 |
Бр. | Име на засегнатата страна | Лице за контакт | Податоци за контакт |
Одделот за урбанизам, заштита на животната средина, комунални услуги и ЛЕР. Xxxxxxx Xxxxxxxxx ‐ Xxxxxxxxxx референт за ЛЕР | |||
10 | Општина на градот Крива Паланка | Добривој Николовски, Раководител на Одделот за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина Xxxxxxxx Xxxxxxxxx, Волонтер во Одделот за изградба и одржување на комуналната инфраструктура Xxxxxx Xxxxxxxxxxx, Помлад асистент за заштита на животната средина | xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxx.xxx.xx/ Адреса: “Св. Јоаким Осоговски” 175 Е‐mail: xxxx@xxxxxxxxxxxx.xxx.xx xxxxxxxxxxxxx@xxxxxxxxxxxx.xxx.xx xxxxxxx.xxxxxxxxxx@xxxx.xxx Телефон/Факс: x000 00 000 000 x000 00 000 000 x000 00 000 000 x000 00 000 000 |
НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ | |||
1 | НВО Врама си (Куманово) | Xxxxx Xxxxxxxx ‐ Претставник | x000 00 000 000 |
2 | НВО (Роми) Дром (Куманово) | Xxxxx Xxxxxxxxx | x000 00 000 000 |
3 | НВО Извор (Кратово) | Xxxxx Xxxxxxxxxxx | x000 00 000 000 |
ПРЕТПРИЈАТИЈА | |||
1 | БЕТОН Градежно претпријатие | Директор, Xxxxxx Xxxxxxxx | Градежно претпријатие "БЕТОН" А.Д. Скопје Xxxxx Xxxxxxx 15, 1000 Скопје Република Македонија . x000 0 00 00 000 ; x000 0 00 00 000 ; x000 0 00 00 000 Факс.x000 0 00 00 000 ; x000 0 00 00 000 |
8 ОБРАЗЕЦ ЗА КОМЕНТАРИ
Проект: Македонски железници – Коридор VIII – Источна делница: ОБРАЗЕЦ ЗА КОМЕНТАРИ | |||
ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛИЦЕТО КОЕ ГО ПОДНЕСУВА КОМЕНТАРОТ | |||
Би сакале, доколку е можно, да го внесете вашето име, адреса и електронска пошта, со што ќе можеме да ве информираме за идниот развој на настаните со проектот. Меѓутоа, доколку сакате да останете анонимен, тоа не претставува проблем – ве молиме во полето подолу внесете само АНОНИМЕН ‐ вашите коментари сепак ќе бидат земени во предвид од страна на одделот за железници. | |||
Име: | Само за интерна употреба: како бил заведен коментарот: □ Лично □ Телефонски □ Во читалната □ По пошта □ Преку електронска пошта □ Друго (ве молиме опишете како) …………………………………………… | ||
Датум на заведување: | |||
Адреса: | |||
Е‐маил: | Дали сакате да ве информираат за развојот на проектот? □ Да □ Не | ||
Општина/Село: | |||
ВАШИОТ КОМЕНТАР ЗА ПРОЕКТОТ | |||
САМО ЗА ИНТЕРНА УПОТРЕБА: СТАТУС НА КОМЕНТАРОТ | |||
Коментарот е заведен (Да/Не): | Датум: | Број на коментарот: | Заведен од: |
Побаран е одговор | Да/Не | Лице одговорно за давање на одговорот: | |
Одговорот е пратен (датум): | Одговорот е заведен (датум): |
9 ОБРАЗЕЦ ЗА ПОПЛАКИ
Проект: Македонски железници – Коридор VIII – Источна делница: ОБРАЗЕЦ ЗА ПОПЛАКИ | ||
ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛИЦЕТО КОЕ ЈА ПОДНЕСУВА ПОПЛАКАТА | ||
Име: | Само за интерна употреба како била заведена поплаката: □ Лично □ Телефонски □ Во читалната □ По пошта □ Преку електронска пошта □ Друго (ве молиме опишете како) …………………………………………… | |
Датум на заведување: | ||
Регистрирано од: □ Лицето кое ја поднело поплаката □ Друго (ве молиме прецизиратје кој) ………………………………. | ||
Адреса: | ||
Е‐маил: | Дали сакате да ве информираат за развојот на проектот? □ Да □ Не | |
Општина/Село: | Само за интерна употреба: Потврди дека приемто на поплаката е потврден и дали му е доставена копија од овој образец на подносителот? □ Да. Датум: ………………………… | |
Потпис на подносителот за потврдување на приемот на копија од пополнетиот образец за поплаки: | ||
ИНФОМАЦИИ ЗА ПОПЛАКАТА | ||
Опиши ја поплаката: | ||
САМО ЗА ИНТЕРНА УПОТРЕБА: ЕВИДЕНТИРАЊЕ И ОДГОВОР | ||
Референтен број на поплаката: | Датум кога е заведена поплаката | |
Име на лицето од персоналот кое ја евидентирало поплаката : | Xxxxxxx Xxxxxxxxx | Xxxxxx доставена до: □ Консултантска канцеларија (Оригинал) □ Лицето кое ја поднело поплаката/Подносителот (Копија 1) □ Лицето за решавање на жалбата (Копија 2) □ ЈП Македонски Железници ‐ Инфраструктура (Копија 3) |
Потребна акција (ако е потребно да се ажурира како што напредува и постапката за поплаката): | ||
Краен рок за повратно информирање Подносителот на поплака за напредокот (ако е потребно, да се надополни): Датум: ……………………………………………………… | ||
САМО ЗА ИНТЕРНА УПОТРЕБА: СТАТУС НА ПОПЛАКАТА | ||
Датум: | Статус на поплаката (ако е потребно да се додадат дополнителни колони): | |
Затворена поплака: | Датум: | Потпишано од МТВ/ЈП МЖ |
10 КОНТАКТИ
• Министерство за животна средина и просторно планирање, Адреса: Бул. "Xxxx Xxxxxx", зграда на МРТВ (10,11,12 кат) 1000 Скопје, Република Македонија; xxxx://xxx.xxxxx.xxx.xx
Телефон: x000 0 000 000
Факс: x000 0 000-000
e-mail: xxxx@xxxxx.xxx.xx
Xxxxx Xxxxx – Раководител на одделот на ОВЖСО Телефон: x000 00-000-000
Xxxxx Xxxx
Телефон: x000 00 000 000
Xxxxxx Xxxxxxxxxx Телефон: x000 00 000 000
е-mail: x.xxxxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
Xxxx Xxxxxxxxxx
Министерство за животна средина и просторно планирање
Канцеларија за односи со јавноста Адреса: "III-та Македонска Бригада" 10a Телефон: x000 0 0000 000
e-mail: x.xxxxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
• Министерство за транспорт и врски, Адреса: “Црвена Скопска Општина” 4; 1000 Скопје, Република Македонија; xxxx://xxx.xxx.xx/
Телефон: + 000 0 0000 000, + 000 0 0000 000
Факс: + 000 (0)0 0000 000
Xxxxxx Xxxxxxxx – Раководител на Одделот за железници
• ЈП МЖ Инфраструктура ‐ Скопје Адреса: “Железничка 50б”; 1000 Скопје
Телефон: x000 0 0000‐773
Факс: x000 0 0000‐079
e‐mail: mz65dir@t‐xxxx.xx
Xxxx Xxxxxxxxxx – Раководител на одделот Телефон: x000 00 000 000
• Регионален центар за развој, Адреса: “Илинденска” бб; 1300 Куманово; Поштенски број 182; xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx
Поштенски број 182
Телефон /Факс: x000 00 000 000
e‐mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx
• Општина на градот Куманово, Адреса: “11ти Октомври” бб, 1300 Куманово; xxxx://xxx.xxxxxxxx.xx/
Телефони: x000 00 000 000
Факс: x000 00 000 000
e-mail: xxxxxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx
• Општина на градот Кратово, Адреса: “Плоштад Маршал Тито”, бб ‐ 1360 Кратово; xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx/
Телефон: x000 00 000 000,
Факс: x000 00 000 000
e‐mail : xxxxxxx_xxxxxxx@xxxxx.xxx
e‐mail : xxxxxxx_xxxxxxx@xxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx
• Општина на Ранковце, Адреса: Поштенски број 1316; xxxx://xxxxxxxx.xxx.xx/xxx/
Телефон: x000 00 000 000
Факс: x000 00 000 000
e‐mail: xxxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx
• Општина на градот Крива Паланка, Адреса: „Јоаким Осоговскиi” 175; xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxx.xxx.xx/
Телефон /Факс: x000 00 000 000 e‐mail: xxxx@xxxxxxxxxxxx.xxx.xx xxxxxxxxxxxxx@xxxxxxxxxxxx.xxx.xx xxxxxxx.xxxxxxxxxx@xxxx.xxx
• Општина на Старо Нагоричане, Адреса: 1303 Старо Нагоричане, xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx
Телефон: x000 00 000 000
Факс: x000 00 000 000
• ЕБОР, Onx Xxxxxxxx Xxxxxx, XxxxxxXX0X 0XX, XX, xxx.xxxx.xxx
• ЕБОР, Соравиа центар, 7ми кат, 1000 Скопје; Тел: x000 0 0000 000