Занимања од III група на сложеност - дактилограф 1,478 - стенодактилограф 1,478 - продавач 1,478 Занимања од IV група на сложеност - технички секретар 1,652 - секретар архивар 1,652 - секретар за настава 1,710 - стенодактилограф I-а класа 1,710 -...
Врз основа на членовите 203 и 218 став (1) од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16)
член 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10/08 и 85/09) и член 122 од Колективниот договор за
здравствената дејност на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 60/6, 156/07, 17/09, 88/09, 60/10, 33/11, 5/13, 172/14, 118/15, 3/16, 75/16 и 80/18, 31/19 и
32/19), Министерството за здравство претставувано од министерот Доц. д-р Xxxxx Xxxxxxx и репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на
Република Македонија претставуван од д-р Xxxxxx Xxxxxxxxxxxxx, склучија на ден 20.9.2019 година
АНЕКС
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 1
Во Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 60/6, 156/07, 17/09, 88/09, 60/10, 33/11, 5/13, 172/14, 118/15, 3/16, 75/16 и 80/18), во член 61 за поединечните работи односно занимања за работниците кои имаат засновано работен однос во јавните здравствени установи: здравствени домови, центри за јавно здравје, Институт за јавно здравје, општите болници, специјализирани болници, клинички болници, универзитетски клиники се менуваат коефициентите за пресметка на плата започнувајќи со исплата на платата за месец септември 2019 година и тоа:
Занимања од III група на сложеност | |
- дактилограф | 1,478 |
- стенодактилограф | 1,478 |
- продавач | 1,478 |
Занимања од IV група на сложеност | |
- технички секретар | 1,652 |
- секретар архивар | 1,652 |
- секретар за настава | 1,710 |
- стенодактилограф I-а класа | 1,710 |
- статистичар-евидентичар | 1,710 |
- архивар-дактилограф | 1,710 |
- архивар-магационер | 1,710 |
- референт-администратор | 1,710 |
- оперативен службеник | 1,710 |
- референт за прием и испуст | 1,710 |
- референт за студентски прашања | 1,722 |
- информатор | 1,722 |
- библиотекар | 1,738 |
- преведувач-коресподент | 1,738 |
- касиер | 1,738 |
Занимања од V група на сложеност | |
Подгрупа V/1 | |
- референт за ОНО и ОСЗ | 1,798 |
- благајник | 1,824 |
- инкасатор | 1,824 |
- пресметувач на плати | 1,824 |
- фактурист | 1,824 |
- материјално-финансов книговодител | 1,841 |
- ликвидатор | 1,841 |
- референт за работни односи | 1,841 |
- оператор на терминал | 1,851 |
- контер | 1,851 |
Подгрупа V/2 | |
- програмер на компјутер | 1,981 |
Занимања од VI група на сложеност | |
Подгрупа VI/1 | |
- виш референт | 2,062 |
- економист, правник (со степен) | 2,116 |
- виш програмер | 2,143 |
Занимања од VII група на сложеност | |
- Подгрупа VII/1-а | |
- технички уредник на списание | 2,722 |
- дипломиран економист, дипломиран правник | 2,748 |
- стручен соработник - дипл. економист, дипл. правник, библиотекар | 2,780 |
- самостоен стручен соработник - дипломиран економист, дипл. правник, библиотекар | 2,835 |
Подгрупа VII/2-а | |
- самостоен стручен соработник - дипл. правник со правосуден испит кој врши работни задачи предвидени со правосуден испит и дипл. економист овластен ревизор | 3,034 |
- магистер: дипломиран економист, дипломиран правник | 3,034 |
Член 2
Овој Колективен договор влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а почнува да се применува со исплата на платата за месец септември 2019 година.
Самостоен синдикат за здравство, | |
фармација и социјална заштита | Министерство за |
на Република Северна Македонија | здравство |
Претседател, | Министер, |
д-р Xxxxxx Xxxxxxxxxxxxx, x.x. | xxx. д-р Xxxxx Xxxxxx, с.р. |
Бр. 0101-97/1 | Бр. 17-6846/1 |
20 септември 2019 година | 20 септември 2019 година |
Скопје | Скопје |