Contract
Д. бр. 02-12520/30/1
30.12.2020 година
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ВОЗАРОТ ЗА ШТЕТИ НА СТОКА ПРИМЕНА ВО ПРЕВОЗ
Член 1 – ДЕФИНИЦИИ И ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
[1] Изразите во овие услови го имаат следново значење:
oсигурувач - Триглав осигурување АД, Скопје, друштво за осигурување со кое што е склучен договор за осигурување;
договорувач на осигурувањето – физичко или правно лице кое склучува договор за осигурување;
осигуреник – лице чиј имот и/или имотен интерес е осигурен. Договорувачот на осигурувањето и осигуреникот се исто лице, освен кај осигурување на туѓа сметка;
полиса – документ за договорот за осигурување;
премија – износ кој договорувачот го плаќа согласно договорот за осигурување;
надомест од осигурување – износ кој осигурувачот го плаќа според склучениот договор за осигурување;
превозник – физичко или правно лице кое има лиценца за вршење на превоз;
домашен превоз – превоз кој што во целост (вклучувајќи појдовно и одредишно место) се врши на територијата на Р. Македонија;
меѓународен превоз – превоз кој што делумно или во целост се врши надвор од границите на Р. Македонија;
каботажа – превоз на стока помеѓу одделни места на територијата на една држава кој што го извршува превозник чие седиште не се наоѓа во таа држава;
превозно средство – копнено моторно возило сo кое се превезува стока, вклучувајќи и приклучно возило.
[2] Овие услови се темелат врз Законот за облигационите односи, Законот за супервизија на осигурувањето, како и останатите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони, и на соодветен начин се применуваат на договорот за осигурување кој што го склучуваат договорачот на осигурувањето и осигурувачот.
[3] Општите услови се составен дел на понудата и договорот за осигурување што договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот ќе го склучи со Триглав Осигурување АД, Скопје
Член 2 – ОБЕМ НА ОСИГУРИТЕЛНОТО ПОКРИТИЕ
(1) Осигурувањето покрива штети кои што произлегуваат од барањето за надомест на штета врз основа на законската одговорност на xxxxxxx за превоз на стока примена во превоз и тоа за:
1) целосна или делумна физичка загуба или уништување;
2) штета поради надминување на рокот за доставување;
3) возарина, царина (во меѓународниот превоз) и останати трошоци во врска со превозот на стока, пропорционално со загубата и оштетувањето на стоката.
(2) Одговорноста од став (1) се утврдува според одредбите од Конвенцијата за договор за меѓународен превоз на стока во патен сообраќај (во понатамошниот текст: ЦМР).
(3) Осигурувањето покрива и пропорционален износ на трошоци за постапка и правни дејства во врска со штетата, кои што осигуреникот ги преземал во договор со осигурувачот како би се одбранил од неосновани или превисоко поставени барања од трети лица и досудени камати. Осигурувачот ќе ја надомести штетата на осигуреникот и во случај кога трошоците го надминуваат износот од член 4 од овие Услови, договорен во полисата за осигурување.
(4) Со осигурувањето се надоместуваат и вистинските, оправдани трошоци, настанати при спасување на стоката примена во превоз. Трошоците од оваа точка се покриени до висина на еднократна возарина.
Член 3 – ПРОШИРУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Доколку е посебно договорено и/или е платена дополнителна премија, и/или се исполнети одредбите од соодветните клаузули за осигурување од одговорност на возарот за превоз на стока во патен сообраќај, со осигурување се покриени штети кои ќе настанат како последица или се причинети поради:
1) утовар на стока во превозно средство или истовар од превозното средство, кој што според договорот за
превоз треба да го изврши осигуреникот или негов работник;
2) разлика во температурата или одмрзнување на изладената или длабоко замрзнатата стока во камиони – ладилници;
3) превоз на документи, нацрти, ракописи како и музејски и уметнички предмети;
4) превоз на стока за која, поради нејзината големина или тежина, потребна е посебна согласност од надлежен орган;
5) превоз на копнени моторни возила (нови, половни, возила кои не се во возна состојба како и оштетени);
6) одговорност за провала и кражба на стоката или возилото со стока;
7) плаќање на акцизни давачки;
8) трошоци за уништување на оштетената стока со претходно одобрување од осигурувачот;
9) одговорност на организаторот на превоз на стока кој го вршат други превозници;
10) превоз на подрачјето на Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Руска федерација, Таџикистан, Туркменистан, Украина и Узбекистан;
11) меѓу вскладиштување.
Член 4 – ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
(1) Осигурувањето не покрива одговорност на осигуреникот за штети на стоката кои настануваат како последица или се причинети:
1) со превоз или поради опасностите кои се наведени во Член 2 од овие услови, а кои не се изречно договорени со осигурувачот;
2) со намерно постапување или од грубо невнимание на осигуреникот и неговите вработени
3) со постапување спротивно на законот за безбедност во сообраќајот на патиштата (возење под дејство на алкохол, дрога, надминување на дозволеното време за сигурно возење) и постапување со стоката (претовар, односно преоптеретување, надминување на габаритот на превозното средство) доколку постои причинска врска помеѓу штетниот настан и кршење на законот;
4) ако договорениот рок за достава е пократок од вообичаениот рок за поединечен вид на стока на одредена релација, а до штета дошло токму поради надминување на рокот за достава одреден со договор;
5) со неисполнување на договорот за превоз кога осигуреникот склучил договор за превоз, а превозот не е извршен или е извршен со задоцнување;
6) со плаќање на застарени побарувања кои што осигуреникот ги исплатил како отштета без согласност од осигурувачот;
7) со превоз на поштенски пратки кои се регулираат со прописи кои се однесуваат на поштите;
8) со каботажен превоз на стока;
9) со превоз со отворено превозно средство (без оглед на тоа дали тоа е вообичаен превоз на стока), доколку договорот за користење на отвореното превозно средство не е изречно наведен во товарниот лист;
10) со војна (независно од тоа дали е најавена или не), инвазија, дејство на надворешни непријатели, граѓанска војна, отпор, револуција, востание или нелегално преземање на власта, запленување или национализација, уништување односно оштетување на имот по барање на било која власт;
11) со xxxxx, престанок со работа, немири, државно востание;
12) со радиоактивно зрачење или контаминација;
13) со природни катастрофи (земјотрес, ерупција на вулкани, поплава, торнадо и сл.);
14) со погрешно доставување на стоката;
15) со лошо одржување на превозното средство што предизвикало штета на стоката;
16) со фиктивен недостаток;
17) оставање на возилото или приклучното возило без надзор.
(2) Осигурувањето, според овие услови не покрива загуба, штета, одговорност или трошоци кои непосредно или посредно произлегуваат од:
1) Јонизирачка радијација или контаминација со радиоактивно или било какво друго нуклеарно гориво или било кои нуклеарни отпадоци или изложеност на нуклеарно гориво;
2) Радиоактивни, токсични, експлозивни или останати опасни или контаминирачки било какви нуклеарни инсталации на рекатор или други нуклеарни направи или негови нуклеарни составни делови;
3) Било какво оружје или направи кои се користат при атомска или нуклеарна реакција или
радиоактивна сила;
4) Радиоактивни, токсични, експлозивни или останати опасни контаминирачки карактеристики на радиоактивните материи; исклучувањето не опфаќа радиоактивни изотопи кога тие изотопи се припремаат, превозуваат, складираат или се користат во комерцијални, земјоделски, медицински, научни или останати слични мирољубиви цели.
(3) осигурувањето според овие услови не покрива загуба, штета, одговорност или трошоци кои се непосредно или посредно предизвикани или произлегуваат од:
1) било какво хемиско, биолошко, биохемиско или електромагнетно оружје;
2) употреба или операции со било какви компјутери, компјутерски системи, компјутерски програми, компјутерски вируси или било какви останати електронски системи како средства кои предизвикуваат штета.
(4) Осигурувањето не покрива одговорност за штети настанати на транспортот за кој осигуреникот не наплатил возарина.
(5) Осигурувањето според овие услови не покрива одговорност за штети на пари, хартии од вредност, благородни метали и камења како и на нивни производи.
(6) Осигурувањето според овие услови не покрива одговорност на осигуреникот според член 7., став 3., член 21., 24., 26., 38. и 40. од Конвенцијата ЦМР.
Член 5 – СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Сумата на осигурување договорена во полисата, претставува горна граница на обврските на осигурувачот за секој поединечен случај. Повеќе временски поврзани штети претставуваат еден осигурен случај, доколку штетата настане поради иста причина.
Член 6 – ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
(1) Обврската на осигурувачот од договорот за осигурување стапува на сила по истекот на 24 часот од денот кој во полисата е наведен како почеток на осигурување, доколку не е поинаку договорено.
(2) Обврската на осигурувачот престанува по истекот на 24 часот од денот кој во полисата е означен како крај на осигурување. Ако во полисата е наведен само почетокот на осигурување, осигурувањето се продолжува од година во година со плаќање на доспеаната премија, се додека една од договорните страни не го откаже осигурувањето. Осигурувањето мора да се откаже најмалку три месеци пред истек на тековната година на осигурување.
(3) Со отуѓување на превозното средство, правата од полисите не се пренесуваат на новиот сопственик.
Член 7 – ТЕРИТОРИЈАЛНА ВАЖНОСТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
(1) Доколку е договорено осигурување во домашен транспорт, осигурителното покритие се однесува само на случаевите кои настанале на територија на Република Северна Македонија.
(2) Доколку е договорено осигурување во меѓународен транспорт, осигурителното покритие се однесува само на случаевите кои ќе настанат на територијата на Европа, освен ако во договорот за осигурување не е поинаку одредено.
Член 8 – ОКОЛНОСТИ КОИ СЕ ЗНАЧАЈНИ ЗА ОЦЕНА НА РИЗКОТ
(1) При склучување на договорот за осигурување, договорувачот на осигурувањето мора да му ги пријави на осигурувачот сите околности кои се значајни за оцена на ризикот, а кои му биле познати или морале да му бидат познати. Околности значајни за оцена на ризикот се сметаат околностите кои му се познати на осигуреникот и врз чија основа е одредена и пресметана премијата за осигурување, како и оние околности кои се наведени во договорот за осигурување, односно не можеле да останат непознати. Тие околности може осигуреникот и осигурувачот да ги одредат заеднички.
(2) На барање на осигурувачот, осигуреникот мора да му овозможи проверка.
Член 9 – ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
(1) Премијата и сумите на осигурување кои се наоѓаат во овие услови и во Тарифата на премии за осигурување од одговорност на возарот за штети на стока примена во превоз (ТП-цмр/13-1-мк), а се изразени во евра, се пресметуваат во денари според средниот курс на НБРМ на денот на пресметка и во полисата се запишуваат во денарска противвредност.
(2) Првата или еднократна премија, договорувачот на осигурувањето мора да ја плати при склучување на договорот за осигурување, а остатокот од премијата за кој е договорена динамика за плаќање на рати треба
да се плати најдоцна пред истекот на осигурувањето. Ако е договорено премијата да се плаќа на рати, при настанување на осигурен случај за наплата доспеваат сите рати од тековната година на осигурување.
(3) Ако е договорено плаќање на премијата на рати за изминато време, може да се пресмета редовна камата на износот на премијата за која е договорено одложено плаќање. Ако ратата не е платена до денот на доспевање, може да се пресмета законска камата.
(4) За датум на плаќање на премијата се смета денот кога налогот ќе биде евидентиран од страна на банката на осигурувачот.
(5) Ако и без разлика на договореното време на осигурување во договорот била определена пониска премија, а осигурувањето од било кои причини престанало пред истекот на тој период, осигурувачот има право да ја наплати разликата до онаа премија која договорувачот на осигурувањето би морал да ја плати доколку договорот за осигурување би бил склучен само за толкав период колку што навистина траело осигурувањето.
(6) Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договорувачот мора да ја плати премијата за неплатениот период до денот на престанок на важноста на договорот за осигурување или целокупната премија за тековната година на осигурување, ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот има обврска да исплати надомест од осигурување.
Член 10 – ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА
(1) Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување, пред истек на периодот за кој што е платена премија за осигурување, поради одјавување на возилото од сообраќајот (поради уништување, отуѓување) или престанување на вршење на дејност, осигурувачот е должен, на барање на осигуреникот, да му врати премија за преостанатото времетраење на осигурувањето од приемот на писменото барање за поврат на премија (по метод про-рата темпорис), доколку до тогаш не настапил осигурен случај.
(2) Доколку во осигурителната година настапил осигурен случај, на осигурувачот му припаѓа цела премија за тековната осигурителна година.
(3) Доколку осигуреното превозно средство е уништено пред почетокот на осигурувањето, осигурувачот ја враќа премијата во целост.
Член 11 – ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
За настанување на осигурен случај се смета моментот кога настанал штетниот настан поради кој би можело да се оствари право за надомест за штета.
Член 12 – ОДРЕДУВАЊЕ НА ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУВАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА ШТЕТЕН РЕЗУЛТАТ
(1) Годишната премија за осигурување се коригира за секое превозно средство одделно, наведено во договорот за осигурување, во зависност од изминатото времетраење на осигурување без осигурен случај, односно во зависност од бројот на исплатени осигурени случаи во изминатата осигурителна година (сите исплати по основ на ист штетен настан се сметаат за еден осигурен случај).
(2) Премијата за осигурување, во зависност од исплатените осигурени случаи, се одредува врз основа на распределување во соодветна премиска класа со која се одредува процентот од премијата за осигурување. Основна премија за осигурување е премијата одредена во Тарифата на премии за осигурување од одговорност на возарот.
(3) Премиските класи и соодветните попусти и доплатоци на основната премија за осигурување се:
Премиска класа | Попуст (бонус) | Премиска класа | Доплаток (малус) |
2 | 50% | 14 | 0% |
3 | 50% | 15 | 10% |
4 | 50% | 16 | 20% |
5 | 45% | 17 | 35% |
6 | 40% | 18 | 50% |
7 | 35% | 19 | 70% |
8 | 30% | 20 | 100% |
9 | 25% | ||
10 | 20% | ||
11 | 15% | ||
12 | 10% | ||
13 | 5% |
(4) Распределувањето во одредена премиска класа се врши според следните правила:
1) за секое ново превозно средство премијата се одредува според 14. премиска класа (основна премија); ново превозно средство се смета превозно средство за кое осигуреникот по прв пат склучува осигурување или по истек на три години од кога му завршило претходното осигурување;
2) секоја година на осигурување без исплатен осигурен случај е основа за распределување на превозното средство за еден премиски степен подолу во следната осигурителна година;
3) секој исплатен осигурен случај во изминатата осигурителна година, односно период, има за последица распределување на превозното средство за два премиски степени погоре во следната осигурителна година;
(5) Останати одредби:
1) ако осигуреникот пред да го одјави или отуѓу превозното средство, осигура друго превозно средство, стекнатато право на бонус, односно обврските за плаќање на малус се пренесуваат на тоа превозно средство;
2) осигуреникот има право на бонус, односно му се пресметува малус и врз основа на писмена потврда од претходниот осигурувач за претходниот осигурителен период и број на последователни години без осигурен случај, односно број на осигурени случаи.
Член 13 – ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
(1) Осигуреникот или негов помошник должен е секоја видлива штета за која би можел да биде одговорен и која врз основа на овие Услови е покриена со осигурување, писмено да ја утврди во записник, заедно со примачот на пратката.
Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за штетниот настан и да постапува во ссогласнот со евентуалните упатства од осигурувачот.
Осигуреникот е должен да направи се како би се спречила или намалила понатамошна штета.
(2) Во случај кога според оценката на осигуреникот, штетата надминува 1.000 евра, должен е ваквата штета веднаш да го извести осигурувачот и да побара упатства за понатамошна постапка.
(3) Секој случај на кражба, грабеж, загуба на предмети и/или сообраќајна несреќа, осигуреникот е должен веднаш да го пријави во полиција, односно друго надлежно тело и за тоа да му даде доказ на осигурувачот.
(4) Осигуреникот не е овластен сам и без согласност од осигурувачот да ја признае, да даде понуда, да ветува, плати или да ја надомести штетата. Ако осигуреникот ја прекрши оваа одредба, осигурувачот може во целост да одбие да исплати надомест на штета, доколку докаже дека осигуреникот не бил одговорен за настанатата штета или ако докаже дека одговорноста е помала од онаа што ја признал осигуреникот. Оваа одредба се применува и во случај на судски или арбитражни спорови доколку осигуреникот навремено не го известил осигурувачот, а осигурувачот при тоа има основани приговори за водењето на спорот.
Член 14 – ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ПРИЛОЖУВА КОН БАРАЊЕТО ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
(1) Ако оштетениот поднесе барање за надомест на штета против осигуреникот, осигуреникот е должен веднаш да го препрати барањето до осигурувачот.
За решавање на барањата за надомест на штета, потребно е да се приложат следните документи:
1) барање од оштетениот за надомест на штета;
2) документ за превоз – оригинален извод од ЦМР товарен лист за превозникот, односно патен налог;
3) сметка или друг доказ за вредноста на товарот (стоката);
4) записник за прегледот и утврдување на штетата;
5) изјава на возачот и придружникот за причините и околностите за настанување на штетата;
6) доказ врз основа на кој осигурувачот може да утврди одговорност на осигуреникот за штетата;
7) докази и изјави кои што осигурувачот дополнително ќе ги побара при обработка на барањето за надомест на штета;
8) лиценца за превозното средство со кое е транспортирана стоката на која настанала штета;
9) записник од полиција во случај на противправно одземање на товарот или сообраќајна несреќа.
(2) Доколку од околностите под кои настанала штетата или од приложената документација, не може со сигурност да се утврди одговорноста на осигуреникот за настанатата штета или нејзината висина, осигурувачот ќе проследи до осигуреникот упатство за мерките кои мора да ги преземе поради одбрана од недокажани, неосновани или превисоко поставени барања за надомест на штета. Ако осигурувачот не даде вакви упатства, осигуреникот е должен да преземе се што е потребно како би се заштитил од барањата за надомест на штета. Осигуреникот е обврзан за преземените мерки без одложување да го извести осигурувачот.
(3) Осигурувачот во никој случај не покрива барања за надомест на штета, доколку со останатата документација не е приложен писмен документ дека пратката е преземена на превоз.
Член 15 – ПОСТАПКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ ВО ВРСКА СО НАДОМЕСТОТ НА ШТЕТА
(1) Кога ќе настане осигурениот случај, осигурувачот ја пресметува штетата во согласност со одредбите од договорот за осигурување.
(2) Доколку осигурувачот при обарботка на осигурениот случај утврди дека масата на сите предмети на превозносто средство во моментот на настанување на осигурениот случај била поголема од носивоста наведена во полисата за осигурување, ќе ја надомести штетата пропорционално со платената премија и премијата која би требало да биде платена.
(3) Пресметаната штета се намалува за учеството на осигуреникот во штетата, во висина од 10%, но не помалку од но не помалку од 100 евра ниту повеќе од 2.000 евра. Учеството се пресметува при секоја штета, освен кај штета која е последица на сообраќајна незгода, пожар или експлозија на превозното средство.
(4) Кога осигурувачот ќе ја утврди одговорноста на осигуреникот и својата обврска да ја исплати штетата, како и нејзината висина, му исплатува на осигуреникот, односно по негово овластување и претходна согласност, на лицето кое остварило право на надомест за штета, најдоцна во рок од 14 дена од денот на прием на целата потребна документација.
Член 16 – ПРАВО НА РЕГРЕС
(1) По исплата на штетата, на осигурувачот преминуваат сите права према трети лица одговорни за штетата.
(2) Осигуреникот е обврзан да преземе се за да овозможи остварување на право на регрес према трети лица. Осигуреникот, исто така е обврзан да му ја обезбеди на осигурувачот целата документација и информации кои му се потребни за остварување на правото на регрес према лицата кои се одговорни за штетата.
Член 17 – ПОСТАПКА ПРИ ВЕШТАЧЕЊЕ
(1) Секоја договорна страна за одредени спорни ситуации може да побара вештачење.
(2) Секоја страна именува по еден вештак кој не е во работен однос со странките. Именуваните вештаци пред почетокот на работата именуваат трет вештак кој го дава своето мислење само кога заклучоците на првите два вештака се различни, но само во границите на потребниот заклучок.
(3) Секоја договорна страна ги покрива трошоците за вештакот кој го именувала, а за третиот вештак ги делат трошоците по половина.
(4) Заклучокот од вештакот е обврзувачки за двете страни.
Член 18 – ИЗМЕНА НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИЛИ ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
(1) Ако осигурувачот ги измени условите за осигурување или тарифата на премии, треба да го извести договорувачот на осигурувањето во рок согласно законските прописи.
(2) Осигуреникот има право во законски предвидениот рок по приемот на известувањето да го откаже договорот за осигурување. Договорот за осигурување престанува да важи со завршувањето на тековната година на осигурување.
(3) Доколку осигуреникот не го откаже договорот за осигурување, тој со почетокот на следниот осигурителен период се менува согласно со новите услови за осигурување или тарифата на премии.
Член 19 – ПРОМЕНА НА АДРЕСА
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за промена на адресата на живеење односно седиштето, своето или името на фирмата во рок од петнаесет дена од денот на промената.
(2) Ако осигуреникот ја промени адресата на станот односно седиштето, своето или името на фирмата, а при тоа не го известил осигурувачот, доволно е осигурувачот да испрати известување на договорувачот на осигурувањето на адреса која му е последно позната и да го наслови на име кое му е последно познато.
Член 20 – НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
(1) Договорите за содржината на договорот за осигурување се во важност само ако се склучени во писмена форма.
(2) Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на договорот за осигурување мораат да се напишани.
(3) Известувањето или изјавата се дадени правовремено ако пред истекувањето на рокот се испратат со препорачано писмо.
(4) Изјавата која треба да се даде на лицето важи од моментот кога истото ќе ја прими.
Член 21 – ПРИМЕНА НА ЗАКОН
За правата и обврските на договорените страни што не се регулирани со овие услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување.
ЧЛЕН 22 - ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци:
Назив: | Триглав Осигурување АД, Скопје |
Седиште: | бул.„8-ми Септември“ бр.16, Скопје |
e-mail: |
Офицер за заштита на личните податоци: | |
ЧЛЕН 23 - ОБРАБОТКА И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје, а Триглав Осигурување АД, Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи совесно, законито и согласно целта за која се собрани.
ЧЛЕН 24 - ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
[2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
ЧЛЕН 25 - ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија, ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
[2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Триглав Осигурување АД, Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.
[3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
[4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: „бул.8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска
адреса xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Триглав Осигурување АД, Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
ЧЛЕН 26 - РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
[1] Личните податоци, Триглав Осигурување АД, Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
[2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
ЧЛЕН 27 - ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
[2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени член 25, од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
ЧЛЕН 28 ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје е дел од Групацијата Триглав. Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во рамките на Групацијата, односно во матичното друштвото Заваровалница Триглав каде што личните податоци се обработуваат само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во рамките на Групацијата Триглав се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса:
„бул.8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx.
ЧЛЕН 29 - ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг кои ги врши Триглав Осигурување АД, Скопје или поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија за своите услуги и услугите на поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија.
[2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx, или по пошта до Триглав Осигурување АД, Скопје, бул.„8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
ЧЛЕН 30 - САНКЦИСКА КЛАУЗУЛА – РЕСТРИКТИВНА МЕРКА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ
[1] Осигурувачот не дава осигурително покритие, односно не ја покрива одговорноста на осигуреникот за настаната штета или не исплаќа какви било други поволности, без оглед на Договорот за осигурување, доколку таквата исплата или плаќањето на каква било друга поволност би го изложила осигурувачот на некакви санкции, забрани или ограничувања врз основа на резолуциите на Обединетите нации, или на
трговски или економски санкции, на кршење на законите или прописите на Европската Унија, Обединетото Кралство или САД.
ЧЛЕН 31 - ПРИГОВОР (ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ)
[1] Договорните страни се согласни дека сите спорови што произлегуваат од овој Договор ќе се решаваат по мирен пат.
[2] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно корисникот на осигурување се согласни дека за сите спорни прашања, жалби и несогласувања кои произлегуваат од односот со осигурувачот ќе го известат истиот без одложување. Известувањата во форма на приговор од овој став се доставуваат во писмена форма, од што со сигурност може да се утврди содржината на известувањето и времето на неговото праќање.
[3] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односнокорисникот на осигурување кој смета дека со одлуката (решението) на осигурувачот за отштетното побарување му се нарушени правата од осигурувањето, може да поднесе приговор до Комисијата за приговори (жалби) на осигурувачот.
[4] Комисијата за приговори (жалби) е должна да донесе одлука по приговорот во писмена форма, без одложување, но чнајдоцна во рок од 30 дена од денот на прием на приговорот.
ЧЛЕН 32 - МЕРОДАВНО ПРАВО И СУДСКА НАДЛЕЖНОСТ
[1] За правата и обврските на договорните страни што не се регулирани со овие Услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие Услови некое прашање е утврдено спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од Законот.
[2] Споровите што настануваат помеѓу осигуреникот, на една страна, и осигурувачот, на друга страна, ги решава стварно и месно надлежниот суд според седиштето на осигурувачот.
ЧЛЕН 33: НАДЗОР НАД ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
[1] Орган надлежен за вршење надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
[2] Во случај осигуреникот да не е задоволен од односот на осигурувачот во текот на траењето на Договорот за осигурување, може да достави претставка до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за надзор над работењето на осигурувачот.
ЧЛЕН 34: ЗАСТАРУВАЊЕ НА БАРАЊАТА
[1] Побарувањата од договорите за осигурување застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
ЧЛЕН 36: ИЗЈАВА ЗА ИНФОРМИРАНОСТ
[1] Договарачот на осигурувањето/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата изречно потврдуваат дека при склучувањето на Договорот за осигурување, од страна на осигурувачот писмено се известени за сите податоци согласно членовите 49 и 50 од Законот за супервизија во осигурувањето и дека пред склучувањето на осигурувањето им е оставено разумно време за донесување на конечна одлука за склучување на Договорот за осигурување. Согласно ова, договарачот/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата потврдуваат дека се известени и за правото за поднесување на жалба.
ЧЛЕН 35: ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА
[1] Овие Општи услови со назнака УС-црм/20-12-мк влегуваат во сила со денот на нивното донесување, а ќе се применуваат од 01.01.2021 година.