Contract
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА НАБАВКИ НА ИНДУСТРИСКИ УСЛУГИ
2. ПРИМЕНА И ПРИФАЌАЊЕ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ И ДОГОВОРИ 5
4. СТРУЧНОСТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ И ОБВРСКА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА СТРАНКИТЕ 6
7. ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ: ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ, ЖИВОТНА СРЕДИНА, РАБОТНА СИЛА И ДАНОК 7
8. КОНЗОРЦИУМ, СЛИЧНО ЗДРУЖЕНИЕ 11
12. УСЛОВИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ГРАДИЛИШТЕТО 14
13. ВРЕМЕНСКИ ПЛАН – СУСПЕНДИРАЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕТО НА ДОГОВОР 16
15. ОБВРСКИ НА ИЗВЕДУВАЧОТ И ОБВРСКА ЗА РЕЗУЛТАТ 17
18. НЕИЗВРШУВАЊЕ ОД СТРАНА НА ИЗВЕДУВАЧОТ 21
20. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ 23
22. МОДИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОР – ИЗМЕНИ 27
31. УСОГЛАСЕНОСТ СО ЗАКОНИ И ПОЛИТИКИ НА АРЦЕЛОРМИТТАЛ 31
1. ДОГОВОРНИ ДЕФИНИЦИИ
Следните зборови, кога се употребени со големи букви во овие ОПШТИ УСЛОВИ или во било кој ДОГОВОР што ќе се склучи помеѓу КУПУВАЧОТ и ИЗВЕДУВАЧОТ го имаат значењето дефинирано во натамошнит текст:
1.1. КУПУВАЧ
Значи (и) било која компанија во која ARCELORMITTAL SA, компанија со ограничена одговорност, основана според законите на Луксембург, регистрирана во Регистарот за трговија и трговски друштва во Луксембург под број 82454 и која има седиште на 00-00, Xxxxxxxxx d’Avranches, L - 1160, Луксембург, Големо Војводство Луксембург поседува директно или индиректно најмалку 50% од акционерски капитал кои имаат гласачка сила или право на избор на мнозинство од управниот одбор или било кој еквивалентен корпорациски орган, вклучувајќи ги нејзините наследници по право на сопственост, корисници или цесионери, спрема случајот, или (ии) било која друга компанија наведена во односниот ДОГОВОР.
1.2. XXXXXXX XXXXXX КАКО КУПУВАЧ
Значи компанија која добила полномошно од КУПУВАЧОТ да преговара и склучува во нејзино име договори за набавка кои се однесуваат, меѓу другото, на глобални набавки, услуги, вложувања, производи, суровини…
1.3. ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Значи сите информации, податоци, технологија, ноу-хау, трговски тајни, формули, процеси, студии, извештаи, резултати, примена на патенти (во нивниот период на доверливост од осумнаесет (18) месеци од датумот на нивното доставување), дизајни, скици, фотографии, планови, цртежи, модели, деловни или финансиски извештаи, состојба на комитентите, ценовници, инструкции и друг информациски елемент кој се однесува директно или индиректно на опсегот на ОПШТИТЕ УСЛОВИ и еден од неколкуте ДОГОВОРИ и обелоденети од страна на било која СТРАНКА на другата.
1.4. ДОГОВОР(И)
Значи било кој договор и налог за набавка на УСЛУГИ, вклучувајќи ги сите прилози и натамошни додатоци што ќе ги склучат КУПУВАЧОТ и ИЗВЕДУВАЧОТ и кои се однесуваат на ОПШТИТЕ УСЛОВИ.
1.5. ИЗВЕДУВАЧ
Значи било која компанија која склучува или склучила ДОГОВОР со КУПУВАЧОТ.
1.6. ПОНУДА НА ИЗВЕДУВАЧОТ
Значи технички и комерцијален детален опис направен од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ, меѓу другото, на УСЛУГИТЕ што ќе му се вршат на КУПУВАЧОТ. Техничките средства обелоденети на КУПУВАЧОТ на никој начин не ја ограничува ОБВРСКАТА ЗА РЕЗУЛТАТ на ИЗВЕДУВАЧОТ по односниот ДОГОВОР, која ќе се исполни ако е потребна и соодветна на дополнителните средства на трошок и ризик на ИЗВЕДУВАЧОТ и по негово одлучување.
Кога се потребни РАБОТИ и ОПРЕМА за извршување на УСЛУГИТЕ, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе вклучи во својата понуда опис на тие РАБОТИ и ОПРЕМА.
1.7. ДОГОВОРНИ ДОКУМЕНТИ
Значи документите што ќе се применуваат и исполнуваат во рамките на секој ДОГОВОР вклучувајќи го ДОГОВОРОТ, ОПШТИТЕ УСЛОВИ, ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ и било кој дополнителен документ договорен помеѓу СТРАНКИТЕ.
1.8. ДЕНОВИ
Значи календарски денови.
1.9. ПОДНЕСОЦИ
Значи сите документи, известија, информации, во електронска или хартиена форма, како што се бара по ДОГОВОРОТ, во кои се формализираат резултатите како и текот и состојбата на реализацијата на УСЛУГИТЕ што ќе ги врши КУПУВАЧОТ спрема предвидувањата во временскиот план во ДОГОВОРОТ.
1.10. ИНОВАЦИИ
Значи било кои и сите изуми, податоци, подобрувања, работа, ноу-хау или било кои други информации или тек патентиран или не, кој може да се патентира или не, или сите елементи на замислената ДОКУМЕНТАЦИЈА, сведена на практика, модифицирана, составена или откриена од страна на било која СТРАНКА, во текот на подготвувањето или извршувањето на било кој ДОГОВОР, а имено оние кои се однесуваат на УСЛУГИТЕ, РАБОТИТЕ и ОПРЕМНАТА или вклучени во ПОДНЕСОЦИТЕ.
1.11. ДОКУМЕНТАЦИЈА
Значи сите информации што ИЗВЕДУВАЧОТ мора да ги предаде или достави на КУПУВАЧОТ по ЗАКОНИТЕ, задолжителните законски барања кои се применуваат на ГРАДИЛИШТЕТО или односниот ДОГОВОР во поглед на УСЛУГИТЕ, РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА ако се однесуваат на УСЛУГИТЕ или како што е наведено во односниот ДОГОВОР, или двете (вклучувајќи особено ТЕКОВИ, ОПРЕДЕЛЕН СОФТВЕР, СТАНДАРДЕН СОФТВЕР, СОФТВЕР НА
ИЗВЕДУВАЧОТ), кои можат да ги вклучат меѓу другото сите планови и документација кои се однесуваат на безбедност и заштита на животната средина, резервни делови, инженеринг, обука, користење на ресурси, работење, инспекција, одржување и поправка на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА, студии, цртежи, дијаграми, планови, известувања, технички документи, сертификати за безбедност и белешки за пресметки во врска со РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА, како и детални листи на резервни делови за РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА, како и сета документација за реализацијата и текот на УСЛУГИТЕ, вклучувајќи ги сите ПОДНЕСОЦИ.
1.12. ОПШТИ УСЛОВИ
Значи овие Општи услови за набавка на услуги.
1.13. ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Значи било кои и сите патенти, модели на користење, права на дизајн, авторски права (вклучувајќи било кои права на компјутерски софтвер и програма) права на база на податоци или права на топографија (без оглед дали истите се регистрирани или не и вклучувајќи пријави за регистрација на било која таква работа) и било кои права или форми на заштита од слична природа или кои имаат сличен ефект врз било кои од оние кои можат да постојат било каде во светот.
1.14. ЗАКОНИ
Значи (и) сите закони, укази, правила и прописи (вклучувајќи прописи на Европската унија) (ии) сите применливи стандарди, кои се применуваат на ДОГОВОР за целото негово времетраење.
1.15. СТРАНКА ИЛИ СТРАНКИ
Значи, спрема случајот, во ОПШТИТЕ УСЛОВИ или во било кој ДОГОВОР КУПУВАЧОТ или ИЗВЕДУВАЧОТ кога се наведува поединечно, или КУПУВАЧОТ и ИЗВЕДУВАЧОТ кога се наведуваат збирно.
1.16. ОБВРСКА ЗА РЕЗУЛТАТ
Значи обврска за ИЗВЕДУВАЧОТ да ги постигне резултатите и да му ги достави на КУПУВАЧОТ ПОДНЕСОЦИТЕ наведени во ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ, во ДОГОВОРОТ
или во ДОГОВОРНИТЕ ДОКУМЕНТИ како и резултатите што КУПУВАЧОТ разумно има право да ги очекува во поглед на извршувањето на ДОГОВОРОТ и УСЛУГИТЕ.
1.17. УСЛУГИ
Значи сите одредби, обврски, должности што треба да ги изврши ИЗВЕДУВАЧОТ наведени во ДОГОВОРНИТЕ ДОКУМЕНТИ, особено во ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ во однос на
истите, како на пр., меѓу другите, работно одржување, управување со уреди и индустриски работи, вклучувајќи ДОКУМЕНТАЦИЈА, имено ПОДНЕСОЦИТЕ, како и сите помошни услуги и РАБОТИ и ОПРЕМА потребни или соодветни за извршување на УСЛУГИТЕ и комплементарни.
1.18. ГРАДИЛИШТЕ
Значи место или постројка каде што ИЗВЕДУВАЧОТ треба да ги врши УСЛУГИТЕ. Локацијата на ГРАДИЛИШТЕТО е прецизно дефинирана во односниот ДОГОВОР.
1.19. СОФТВЕР
1.19.1. СОФТВЕР НА ИЗВЕДУВАЧОТ
Значи било кој софтвер, програма и база на податоци сопственост на ИЗВЕДУВАЧОТ на датумот на потпишување на односниот ДОГОВОР или направен или модифициран потоа од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ – сам и без употреба на ДОВЕРЛИВИТЕ ИНФОРМАЦИИ НА КУПУВАЧОТ – за извршување на било кој ДОГОВОР и потребен или употребен за работа, следење, одржување на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА, ако ги има, како и сите работи кои се однесуваат на УСЛУГИТЕ или било кој дел од истите.
1.19.2. СТАНДАРДЕН СОФТВЕР
Значи било кој софтвер, програма и база на податоци сопственост на трето лице на датумот на потпишување на ДОГОВОРОТ и потребен или употребен за работа, следење, одржување на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА или било кој дел од истите, како и сите работи кои се однесуваат на УСЛУГИТЕ и РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА ако ги има кои се потребни за извршување на УСЛУГИТЕ или било кој дел од истите.
1.20. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
Значи технички барања како и резултати и ПОДНЕСОЦИ што ги очекува КУПУВАЧОТ во врска со УСЛУГИТЕ што ги порачал или ќе ги порача КУПУВАЧОТ.
1.21. РАБОТИ И ОПРЕМА
Значи индустриска опрема и односни резервни делови направени од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ, по потреба, за извршување на УСЛУГИТЕ, во однос на ДОГОВОР. РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА изрично вклучуваат:
(и) материјали и работи што треба да ги обезбеди ИЗВЕДУВАЧОТ во однос на односниот ДОГОВОР.
(ии) сите изведбени и монтажни работи што треба да ги врши ИЗВЕДУВАЧОТ (иии) сите ТЕКОВИ, СОФТВЕР НА ИЗВЕДУВАЧОТ, СТАНДАРДЕН СОФТВЕР
кои се однесуваат на истите, како и било кои документи и други елементи кои ја сочинуваат ДОКУМЕНТАЦИЈАТА на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА, леење, шаблони, калапи, резервни делови и специјални алати кои се концептирани и изработени за или во однос на спроведувањето на ДОГОВОРОТ од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ.
2. ПРИМЕНА И ПРИФАЌАЊЕ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ И ДОГОВОРИ
2.1. ПРИМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
Овие ОПШТИ УСЛОВИ се применуваат на сите ДОГОВОРИ кои се однесуваат на набавка на било кои УСЛУГИ и склучени помеѓу КУПУВАЧОТ и ИЗВЕДУВАЧОТ.
2.2. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ
Посебни одредби што ќе се применуваат покрај ОПШТИТЕ УСЛОВИ на секој налог издаден од страна на КУПУВАЧОТ ќе се дефинираат во ДОГОВОР потпишан од страна на на двете СТРАНКИ.
2.3. ВАЖЕЧКИ ДОГОВОРНИ ДОКУМЕНТИ
ОПШТИТЕ УСЛОВИ и секој ДОГОВОР имаат предност над сите општи услови на ИЗВЕДУВАЧОТ. Прифаќањето на ОПШТИТЕ УСЛОВИ од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ е од најголемо значење за КУПУВАЧОТ за склучување на било кој ДОГОВОР, бидејќи ОПШТИТЕ УСЛОВИ се сметаат за составен дел на секој ДОГОВОР.
Посебните одредби предвидени во било кој ДОГОВОР склучен помеѓу КУПУВАЧОТ и ИЗВЕДУВАЧОТ и кој би можел да им противречи на ОПШТИТЕ УСЛОВИ имаат предност над соодветни одредби од ОПШТИТЕ УСЛОВИ. Меѓутоа, ОПШТИТЕ УСЛОВИ преовладуваат над противречните услови вклучени од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ во ПОНУДАТА НА ИЗВЕДУВАЧОТ.
2.4. ДОГОВОР СКЛУЧЕН ПРЕКУ НАЛОГ ИСПРАТЕН ОД КУПУВАЧОТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ
Ако КУПУВАЧОТ испрати налог на ИЗВЕДУВАЧОТ, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе врати потврда на прием во рок од пет (5) ДЕНА од датумот на приемот на тој налог. Ако не го направи тоа, овој налог ќе се смета за прифатен во целост од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ.
3. ОПСЕГ НА СЕКОЈ ДОГОВОР
Секој ДОГОВОР ќе прецизира, а имено:
- Опсег на УСЛУГИТЕ што ќе ги врши ИЗВЕДУВАЧОТ како и резултатите што ќе се постигнат во врска со истите, ПОДНЕСОЦИТЕ и временскиот план за нивно доставување;
- Цена на УСЛУГИТЕ што ќе ги плаќа КУПУВАЧОТ;
- Односното градилиште; и
- Xxxx која друга работа што ќе се дефинира помеѓу СТРАНКИТЕ.
4. СТРУЧНОСТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ И ОБВРСКА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА СТРАНКИТЕ
4.1. ДОЛЖНОСТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ
ИЗВЕДУВАЧОТ признава дека е специјалист за УСЛУГИТЕ што му ги доверува КУПУВАЧОТ. Како специјалист, ИЗВЕДУВАЧОТ има должност да советува, известува и предлага во секоја фаза на склучување и извршување на било кој ДОГОВОР. Во оваа должност и советување ќе се земе предвид барем современата состојба на технологијата и подобрувањето позната пред и за време на спроведувањето на споменатиот ДОГОВОР или разумно предвидливо во тоа време.
ИЗВЕДУВАЧОТ понатаму потврдува дека целосно ја испитал и ќе ја испитува през целото извршување на ДОГОВОР адекватноста на техничките барања на односниот ДОГОВОР кон потребите што му ги изразил КУПУВАЧОТ на ИЗВЕДУВАЧОТ.
ИЗВЕДУВАЧОТ исто писмено неодложно ќе го извести КУПУВАЧОТ за било кој настан или околност кој би можел да влијае или на било кој начин да го оштети извршувањето на УСЛУГИТЕ. Секое известување до КУПУВАЧОТ ќе ги содржи сите потребни и соодветни информации, а се утврдува дека во отсуство на одговор од КУПУВАЧОТ во поглед на тоа известување нема да се смета како прифаќање на истото.
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги извести своите вработени (каков и да е видот и траењето на нивниот договор за вработување), претставници, застапници и подизведувачи за осносните одредби на ОПШТИТЕ УСЛОВИ како и оние од односниот ДОГОВОР, а посебно кои се однесуваат на здравјето, безбедноста и животната средина. ИЗВЕДУВАЧОТ ќе им пренесе на своите подизведувачи сите релевантни обврски од ОПШТИТЕ УСЛОВИ и односниот ДОГОВОР и посебно ќе ги провери квалификациите и акредитирањето на своите вработени, застапници, претставници и поддизведувачи.
4.2. ОБВРСКА НА КУПУВАЧОТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ
КУПУВАЧОТ ќе го извести ИЗВЕДУВАЧОТ за било кои релевантни информации потребни за извршување на УСЛУГИТЕ, а особено сите информации кои се однесуваат на ГРАДИЛИШТЕТО, здравјето, безбедноста и животната средина.
КУПУВАЧОТ исто така ќе го извести ИЗВЕДУВАЧОТ за било кои настани кои се однесуваат на ГРАДИЛИШТЕТО кои би можеле суштински да влијаат врз извршувањето на УСЛУГИТЕ.
4.3. ДОКУМЕНТАЦИЈА НА КУПУВАЧОТ
Било кои и сите информации дадени од страна на КУПУВАЧОТ на ИЗВЕДУВАЧОТ е само за информативни цели. КУПУВАЧОТ внимателно ќе ја состави таа документација но ќе одговара за било која грешка, пропуст односно нецелосни или неточни информации што би можела да ги содржи таа.
Како специјалист, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги провери сите информации одржани во таа документација (како на пр. димензии, тежина, товар, материјал, цртежи, планови, техничка средина, софтвер и хардвер, задолжителни правни барања што се применуваат на УСЛУГИТЕ…)
Ако било кој дел од документацијата доставена од страна на УПУВАЧОТ во рамките на еден ДОГОВОР е изрично потврден од страна на КУПУВАЧОТ во споменатиот ДОГОВОР, КУПУВАЧОТ ќе одговара за последиците на неточност, нецелосност, грешка или пропуст во споменатиот дел од документацијата која е изрично потврдена од страна на КУПУВАЧОТ, под услов ИЗВЕДУВАЧОТ да не бил запознат или оправдано не требало да биде запознат за истите пред извршувањето на споменатиот ДОГОВОР.
5.1. ДОГОВОРНА ЦЕНА
Цената на УСЛУГИТЕ што ги порачал КУПУВАЧОТ од ИЗВЕДУВАЧОТ е утврдена во секој ДОГОВОР. Ако не е поинаку изрично предвидено во ДОГОВОР, цената на УСЛУГИТЕ е фиксна и не подлежи на ревизија.
5.2. ОПСЕГ НА ДОГОВОРНАТА ЦЕНА
Договорната цена договорена во секој ДОГОВОР ги вклучува сите даноци (освен ДДВ), придонеси и споредни издатоци од сите видови. Таа цена го вклучува и извршувањето на УСЛУГИТЕ како и (и) сите материјали, средства, услуги, вработени на ИЗВЕДУВАЧОТ, поддизведувачи, и меѓу другото алатите и опремата потребна или соодветна за извршување на односниот ДОГОВОР, (ии) сите студии за работите, (иии)трошоците за осигурување на ИЗВЕДУВАЧОТ, (ив) доставување на сета ДОКУМЕНТАЦИЈА и имено ПОДНЕСОЦИТЕ како и сиот соодвеветн прибор и уреди, (в) сите трошоци за обука (ви) сите други работи поврзани со извршувањето на УСЛУГИТЕ на ГРАДИЛИШТЕТО во согласност со односниот ДОГОВОР, и цената на лиценцата или преносот на ПРАВАТА НА ИНЕТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ утврдени во овие ОПШТИ УСЛОВИ или во било кој
ДОГОВОР.
6. УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ
6.1. УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ
КУПУВАЧОТ ќе ги плаќа фактурите во согласност со законот кој се применува и во рокот наведен во Налогот.
Во секој случај, КУПУВАЧОТ има изрично право да ги пребие сите суми што му ги должи КУПУВАЧОТ на ИЗВЕДУВАЧОТ по било кој ДОГОВОР (и) било која сума што КУПУВАЧОТ му ја платил на било кое трето лице (а особено на било кој подизведувач на ИЗВЕДУВАЧОТ) во однос на ДОГОВОРОТ спрема задолжителните закони, прелиминарни судски налози, национални или арбитражни одлуки и (ии) било која казна или штети што ИЗВЕДУВАЧОТ му ги должи на КУПУВАЧОТ.
КУПУВАЧОТ нема да должи плаќање сé додека ИЗВЕДУВАЧОТ не го(ги) исправи прекршокот(ците) кој(кои) довел(е) до неизвршување на било кој дел од УСЛУГИТЕ.
6.2. НАСТАНИ ШТО ГИ УСЛОВУВААТ ПЛАЌАЊАТА
СТРАНКИТЕ можат да се договорат во било кој ДОГОВОР за определен(и) договорен(и) настан(и) како што е доставување на ПОДНЕСОЦИТЕ, кои условуваат плаќање. Во таков случај, КУПУВАЧОТ нема да должи плаќање пред квантитативно и квалитетативно прифаќање на соодветниот договорен настан односно на соодветните резултати или перформанси наведени во односниот ДОГОВОР.
7. ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ: ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ, ЖИВОТНА СРЕДИНА, РАБОТНА СИЛА И ДАНОК
Во рамките на одржлив развој, КУПУВАЧОТ строго се обврзува за безбедност, здравје, социјален дијалог и животна средина.
Со ова ИЗВЕДУВАЧОТ потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил локалните прописи пред да склучи било каков ДОГОВОР со КУПУВАЧОТ.
Понатаму, за време на целото спроведување на било кој ДОГОВОР на ГРАДИЛИШТЕТО, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги исполнува и ќе направи неговите подизведувачи целосно да ги исполнуваат тие прописи, а особено оние кои се применуваат по ЗАКОНИТЕ и ОПШТИТЕ УСЛОВИ и внатрешни правила кои особено се применуваат на ГРАДИЛИШТЕТО. Освен тоа, принципите наведени во Глобалниот договор на Обединетите нации кои се од најголема важност за КУПУВАЧОТ, ИЗВЕДУВАЧОТ е повикан да ги преземе сите чекори со цел за поддршка на Глобалниот договор на Обединетите нации (xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxxxx.xxx).
ИЗВЕДУВАЧОТ изрично и веднаш ќе го известува КУПУВАЧОТ за време на целото извршување на односниот ДОГОВОР за било која околност или барање за безбедност, здравје и животна средина и која се однесува за УСЛУГИТЕ. ИЗВЕДУВАЧОТ исто така ќе бара информации од КУПУВАЧОТ во поглед на сите посебни обележја (конфигурација, активности, превоз, сообраќај…) на ГРАДИЛИШТЕТО.
Сите документи во врска со истите КУПУВАЧОТ ќе му ги соопшти на ИЗВЕДУВАЧОТ без одлагање по барање на ИЗВЕДУВАЧОТ. Споменатите информации на никој начин нема да влијае врз одговорноста на ИЗВЕДУВАЧОТ.
Затоа ИЗВЕДУВАЧОТ целосно ќе прифати одговорност во поглед на било кое дејство кое произлегува од неговата акција, пропуст или небрежност во поглед на безбедноста, здравјето и животната средина и тоа да го прави спрема КУПУВАЧОТ, ГРАДИЛИШТЕТО како и било кое трето лице. Ако, како последица на горе наведеното, КУПУВАЧОТ го примени своето право да го откаже или раскине односниот ДОГОВОР, ова ќе настане со исклучив прекршок спрема ИЗВЕДУВАЧОТ.
7.1. БЕЗБЕДНОСТ
Безбедност на работа, особено безбедност на персоналот на КУПУВАЧОТ и персоналот на неговите испорачувачи, изведувачи и посетители, е задолжителен приоритет за КУПУВАЧОТ, и како фундмаментална вредност, никаков приоритет не може да ја надмине безбедноста. Како последица, КУПУВАЧОТ нема да се обраќа на компании кои не достигнуваат високи безбедносни барања и кои целосно не ги исполнуваат безбедносните правила.
ИЗВЕДУВАЧОТ целосно ги поддржува овие политики и истите ги усвојува како свои, доколку истите се однесуваат на извршувањето на неговите обврски по било кој ДОГОВОР.
7.1.1. ПЕРСОНАЛ
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе вработи квалификуван персонал и е одговорен да обезбеди било кои средства што ги смета за потребни или соодветни за извршување на УСЛУГИТЕ.
ИЗВЕДУВАЧОТ одговара за себе и за своите подизведувачи за сите контроли со кои се потврдува уредно исполнување на неговите обврски наведени во односниот ДОГОВОР.
Персоналот на ИЗВЕДУВАЧОТ уредно ќе се придржува кон безбедносните правила на КУПУВАЧОТ како што ќе извести КУПУВАЧОТ и ГРАДИЛИШТЕТО, вклучувајќи ги оние кои се однесуваат на заштитна облека и безбедносна опрема. Во овој поглед КУПУВАЧОТ може да бара моментална замена и да не дозволи влегување на било кого од персоналот на ИЗВЕДУВАЧОТ и подизведувачите кој(кои) постапува(ат) на невнимателен или нечесен начин или со прекршување на било кои важечки прописи, внатрешни правила и било кои натамошни безбедносни упатства дадени од страна на ГРАДИЛИШТЕТО.
ИЗВЕДУВАЧОТ во секој случај пред и за време на целото извршување на било кој ДОГОВОР ќе им ги дава на своите вработени, застапници, претставници и подизведувачи сите релеванни информации за ГРАДИЛИШТЕТО како и сите ризици и ограничувања кои се однесуваат на истото.
Понатаму, ИЗВЕДУВАЧОТ се обврзува (и) уредно и веднаш да ги извести односните претставници на ГРАДИЛИШТЕТО за било кој несреќен случај, лична повред а, случајна контаминација или загадување настаната на или покрај ГРАДИЛИШТЕТО како и за било кој штетен производ забележан или откриен за време на спроведувањето на односниот ДОГОВОР, особено во однос на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА, (ии) ќе ги преземе сите соодветни мерки и акции за ублажување на последиците кои произлегуваат или кои можат да произлезат од истиот.
ИЗВЕДУВАЧОТ се обврзува да ги исполнува сите одредби содржани во ЗАКОНИ за работна сила, безбедност и здравје за неговиот персонал, да ги извршува или да дава да се потпишат сите формулари и други документи што мора или може да мора да ги исполни во поглед на даноци, плати,, социјални придонеси и осигурување, и да ги плаќа или да инструира плаќање на сите давачки и даноци, плати, социјални придонеси, казни на свој трошок, или да ги покрие истите со определени гаранции (особено платежни гаранции) прифатени од страна на КУПУВАЧОТ.
7.1.2. ПЛАН ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И БЕЗБЕДНОСТ
УСЛУГИТЕ на ГРАДИЛИШТЕТО ќе започнат дури по изготвување на план за превенција и безбедност од страна на КУПУВАЧОТ, ИЗВЕДУВАЧОТ, неговиот персонал и било кој подизведувач или трето лице ангажирано согласно ЗАКОНИТЕ. КУПУВАЧОТ ќе му обезбеди на ИЗВЕДУВАЧОТ пристап на ГРАДИЛИШТЕТО во секое разумно време почнувајќи од договорениот датум за почеток на активноста на ИЗВЕДУВАЧОТ на ГРАДИЛИШТЕТО, под услов (и) ИЗВЕДУВАЧОТ претходно да ги добил од КУПУВАЧОТ сите барани овластувања за работа (особено во однос на безбедносни работи) спрема прописите на секое односно ГРАДИЛИШТЕ и (ии) целиот персонал на ИЗВЕДУВАЧОТ (вклучувајќи го персоналот на неговите подизведувачи) кои интервенираат на ГРАДИЛИШТЕТО претходно да успешно да присуствувале на воведен состанок за безбедност организиран на ГРАДИЛИШТЕТО. КУПУВАЧОТ не може неразумно да ги одбие тие овластувања за работа.
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе биде одговорен за безбедносната координацица на сите работи и услуги што ги извршува ИЗВЕДУВАЧОТ во однос на УСЛУГИТЕ и како таков имено ќе биде одговорен за својот персонал, претставници, застапници и подизведувачи во поглед на сите безбедносни инструкции согласно ЗАКОНИТЕ.
7.1.3. ИНДИКАТОРИ НА БЕЗБЕДНОСТ
Ако не биде поинаку договорено во било кој ДОГОВОР, ИЗВЕДУВАЧОТ месечно ќе му доставува на КУПУВАЧОТ извештај во кој се наведува тежината на несреќните случаи и индикатори за зачестеност или било кој друг индикатор на безбедност договорен помеѓу СТРАНКИТЕ.
Мерките на ИЗВЕДУВАЧОТ целосно ќе ги исполнуваат оние кои се договорени помеѓу СТРАНКИТЕ за целото времетраење на ДОГОВОРОТ.
Ако не, во рок од два (2) месеца почнувајќи од датумот на неисполнување како што е наведено во месечниот извештај, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му предложи на КУПУВАЧОТ акционен план со кој се предвидуваат корективни мерки за санирање на ова неисполнување и спроведување на овој план. Без оглед на оваа обврска, СТРАНКИТЕ ќе се состанат пред крајот на овој рок и ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги преземе сите потребни акции за санирање на неисполнувањето.
Акциониот план ќе го направи ИЗВЕДУВАЧОТ, и ќе се утврди дека сите трошоци што произлегуваат од изработката и спроведувањето на овој акционен план ќе ги сноси ИЗВЕДУВАЧОТ, кој останува единствено одговорен за неговиот успех и за неговите последици.
Ако и покрај разумен рок, по изработката на овој акционен план мерките за безбедност остануваат под очекуваните нивоа:
КУПУВАЧОТ ќе има право да бара плаќање на казна како што е утврдено во односниот ДОГОВОР;
Ако неисполнувањето и натаму трае, ова ќе се смета како материјална причина за раскинување на ДОГОВОРОТ за неисполнување од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ.
7.1.4. БЕЗБЕДНОСТ И ХОМОЛОГАЦИИ
Во поглед на глобалната политика на КУПУВАЧОТ, секој ИЗВЕДУВАЧ ќе ги вложи сите потребни напори за добивање на хомологација како што е МАСЕ, или еквивалентна на неа.
7.2. ЖИВОТНА СРЕДИНА
Амбиција на КУПУВАЧОТ е целосно да делува самиот и со своите испорачувачи за почитување на животната средина. Во оваа мера, КУПУВАЧОТ има за цел постојано да го подобрува извршувањето во однос на животната средина вклучувајќи постојана грижа за соседството и крајно внимание за спречување на штети, како и транспарентна комуникација.
ИЗВЕДУВАЧОТ нема да внесе во било кое ГРАДИЛИШТЕ штетен или радиоктивен производ без претходнна изрична согласност од КУПУВАЧОТ. Ако не го стори ова, трошоците направени за задолжително или соодветна евакуација и обработка на тие материјали како и било кои штети што произлегуваат од таквото внесување, евакуација или обработка ќе бидат целосно на товар на ИЗВЕДУВАЧОТ, вклучувајќи случаи на лични повреди.
Кога ИЗВЕДУВАЧОТ ќе добие овластување да внесе штетни приозводи во ГРАДИЛИШТЕ, ИЗВЕДУВАЧОТ (и) ќе манипулира со нив и ќе ги складира согласно важечките ЗАКОНИ и внатрешните правила на ГРАДИЛИШТЕТО, како и (ии) ќе ги преземе било кои и сите превентивни мерки за избегнување на контаминација или загадување на ГРАДИЛИШТЕТО и на било кое лице кое интервенира на ГРАДИЛИШТЕТО.
Сите отпади, вклучувајќи штетни и радиоактивни производи создадени или донесени од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ ќе се исфрлат, обработаат, подобрат, ќе се употребат повторно и ќе се отстранат редовно на исклучив трошок и ризик на ИЗВЕДУВАЧОТ. Ако ИЗВЕДУВАЧОТ не ја исполни оваа обврска по приемот на едно (1) барање и после три ДЕНА грејс период, освен во случај на итност, КУПУВАЧОТ има право да именува трето лице да ја изврши оваа обврска на трошок на ИЗВЕДУВАЧОТ. ИЗВЕДУВАЧОТ ќе обезбеди контејнер за сопствен домаќински отпад.
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му ги стави обновливите отпадоци на ГРАДИЛИШТЕТО на располагање на КУПУВАЧОТ на определено(и) место(а).
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе го одржува ГРАДИЛИШТЕТО во чиста и уредна состојба. Тој редовно ќе отстранува од ГРАДИЛИШТЕТО ѓубре, отпадоци и сите непотребни материјали и опрема.
7.3. ИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКИ ЗА ДАНОК И РАБОТНА СИЛА ОД СТРАНА НА ИЗВЕДУВАЧОТ И ПОДИЗВДУВАЧИТЕ
За целото време на извршување на секој ДОГОВОР ИЗВЕДУВАЧОТ и неговите подизведувачи ќе ги исполнуваат сите ЗАКОНИ, особено оние кои се однесуваат на данок, вработување, социјални придонеси.
Со цел за горе наведеното и во согласност со периодичноста како што е законски предвидено, ИЗВЕДУВАЧОТ особено ќе му ги достави на КУПУВАЧОТ по првпат по потпишувањето на односниот ДОГОВОР и во секој случај без одлагање на барање на КУПУВАЧОТ, било кои и сите документи со кои се докажува дека ИЗВЕДУВАЧОТ и неговите подизведувачи (и) ги исполнуваат и уредно ги исполниле своите обврски во поглед на истите и (ии) благовремено ги извршиле сите нивни односни плаќања на било кои и сите даноци, давачки, плати и социјални придонеси.
Со цел за оваа клаузула 7.3., односните подизведувачи се оние кои интервенираат или кои мораат да интервенираат на ГРАДИЛИШТЕТО како и оние кои имаат седишта односно произвдодствени простории во земјата каде што се наоѓа ГРАДИЛИШТЕТО или во Европската унија.
7.4. ИЗМАМА И КОРУПЦИЈА
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги преземе сите потребни чекори, во согласност со добрата работна практика за спречување на било која недозволена активност од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ (вклучувајќи ги неговите акционери, членови, директори и вработени) и од страна на испорачувачите, застапниците, подизведувачите или нивните вработени на ИЗВЕДУВАЧОТ во врска со приемот на пари од КУПУВАЧОТ. ИЗВЕДУВАЧОТ веднаш ќе го извести КУПУВАЧОТ ако има причина за сомневање дека настанала или настанува или има веројатност да настане измама.
ИЗВЕДУВАЧОТ нема да понуди или да даде или да се согласи да даде, на било кој вработен, застапник, службеник или претставник на КУПУВАЧОТ било кој подарок, провизија или друг надоместок од било кој вид како поттик или награда за вршење, воздржување од вршење, или за она што е извршено или воздржано од извршување, на било кој чин во однос на добивање или потпишување на било кој ДОГОВОР или било која(кои) спогодба(и) со КУПУВАЧОТ, или за покажување или воздржување од покажување на наклоност или ненаклоност спрема било кое лице во однос на ДОГОВОР или било која(кои) друга(и) спогодба(и) со КУПУВАЧОТ.
ИЗВЕДУВАЧОТ гарантира дека не платил провизија, ниту се согласил да плати провизија на било кој вработен, застапник, службеник или претставник на КУПУВАЧОТ во врска со било кој ДОГОВОР или било кој(а) друга(и) спогодба(и) со КУПУВАЧОТ.
Онаму каде што ИЗВЕДУВАЧОТ или вработените, службениците, подизведувачите, испорачувачите или застапниците на ИЗВЕДУВАЧОТ или било кој кој настапува во име на ИЗВЕДУВАЧОТ се впушти во однесување
забрането со горе наведените одредби во однос на било кој ДОГОВОР или било кој(а) друга(и) спогодба(и) со КУПУВАЧОТ, КУПУВАЧОТ има право:
и) да го раскине односниот ДОГОВОР и да го наплати од ИЗВЕДУВАЧОТ износот на било која загуба што ја претрпел КУПУВАЧОТ, а која произлегува од тоа раскинување; или
(ии) да наплати во целост од ИЗВЕДУВАЧОТ било која друга загуба што ја претрпел КУПУВАЧОТ како последица од било кое прекршување на оваа клаузула 7.4 без оглед дали односниот ДОГОВОР бил раскинат или не.
8. КОНЗОРЦИУМ, СЛИЧНО ЗДРУЖЕНИЕ
8.1. ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА КОНЗОРЦИУМОТ
Кога еден ДОГОВОР се склучува помеѓу КУПУВАЧОТ и конзорциум или слично здружение на ИЗВЕДУВАЧИ од било која форма, секој член на тој конзорциум или слично здружение ќе се смета за ИЗВЕДУВАЧ на односниот ДОГОВОР и ќе биде заеднички и поединечно одговорен со сите други членови на споменатиот конзорциум или слично здружение за исполнување на сите договорни обврски изнесени во односниот ДОГОВОР.
8.2. ЛИДЕР НА КОНЗОРЦИУМОТ
Членовите на конзорциумот или слично здружение ќе именуваат еден од нив како лидер, кој ќе има полн а сила да ги претставува, да го координира конзорицумот или слично здружение и да обезбеди уредно извршување на односниот ДОГОВОР. За таквото именување што порано ќе се извести КУПУВАЧОТ, а најдоцна на датумот на потпишување на односниот ДОГОВОР од страна на двете СТРАНКИ.
9. ПОДДИЗВЕДУВАЊЕ
9.1. ИЗВЕСТУВАЊЕ НА КУПУВАЧОТ ОД СТРАНА НА ИЗВЕДУВАЧОТ КУПУВАЧОТ
Ќе биде известен пред изборот што ќе го направи ИЗВЕДУВАЧОТ сои поддизведувачите, и има право да ги одбие од оправдани причини, меѓу другото, од безбедносни причини.
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му достави на КУПУВАЧОТ, ако може пред потпишувањето на односниот ДОГОВОР, листа на поддизведувачите што може да ги бара.
Овие документи ќе ја содржат најмалку целта и опсегот на поддизведувањето, името на поддизведувачот, точен опис на доверени работи, материјали, услуги, време на извршување, опрема и материјал што ќе се употреби, производител, место на производство или на извршување на подизведувачките услуги и датум на доставување.
Освен тоа, второкласно поддизведување е изрично забрането. Исклучително, ИЗВЕДУВАЧОТ може да поддизведува кај второкласен поддизведувач било кој дел од УСЛУГИТЕ но само по претходно писмено изрично овластување од КУПУВАЧОТ.
9.2. ОДГОВОРНОСТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ ЗА НЕГОВИТЕ ПОДИЗВЕДУВАЧИ
Во секој случај, било кое поддизведување ќе биде на исклучив ризик на ИЗВЕДУВАЧОТ и под негова целосна одговорност.
Претходното известување на КУПУВАЧОТ или неговото овластување во случај на второкласно подизведување нема на никој начин да ја ограничи одговорноста на ИЗВЕДУВАЧОТ по односниот ДОГОВОР, ниту ќе повлече одговорност на КУПУВАЧОТ. Подизведувањето нема да го ослободи ИЗВЕДУВАЧОТ од било која од неговите обврски, и ИЗВЕДУВАЧОТ останува целосно одговорен за било која акција, недостатоци, пропусти или небрежност на неговите подизведувачи и нивните затапници бидејќи истото е за него и за неговите застапници.
ИЗВЕДУВАЧОТ исто така е одговорен за уредно исполнување од страна на на неговите подизведувачи со сите задравствени, безбедносни, еколошки, работни услови и социјални ЗАКОНИ и обврски, особено оние кои се однесуваат на илегална работа, како и со односните одредби од ОПШТИТЕ УСЛОВИ и од односниот ДОГОВОР. Во секој случај, сите подизвведувачи на ИЗВЕДУВАЧОТ кои работаат на односното ГРАДИЛИШТЕ за спроведување на било кој дел од ДОГОВОР ќе бидат уредно и претходно осигурени за ризиците поврзани со нивните активности и работи на ГРАДИЛИШТЕТО.
Било кое неисполнување на овие обврски може да резултираат со неплаќање на УСЛУГИТЕ извршени во такви услови. без повреда на било кое барање за штети претрпени од страна на КУПУВАЧОТ во врска со со истото. Сите релевантни потврди за регистрација, дозвола за работа или било кое законско или статутарно барање ќе се добие и докаже од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ и сите подизведувачи за време на целото извршување на секој ДОГОВОР.
9.3. ПРИВРЕМЕНИ РАБОТНИЦИ
ИЗВЕДУВАЧОТ понатаму ќе го известува КУПУВАЧОТ за било кое вработување на привремени работници. Тие привремени работници ќе се вработуваат сам во согласност со важечките ЗАКОНИ. Во секој случај, ИЗВЕДУВАЧОТ секогаш ќе направи сé за извршување на УСЛУГИТЕ користејќи го внатршниот персонал, бидејќи стручноста на ИЗВЕДУВАЧОТ за УСЛУГИТЕ е од најголемо значење.
ИЗВЕДУВАЧОТ никогаш нема исклучиво да вработува привремени работници за извршување на УСЛУГИТЕ.
10. ДОКУМЕНТАЦИЈА
За време на целиот рок на ДОГОВОРОТ, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му ја доставува на КУПУВАЧОТ целосната ДОКУМЕНТАЦИЈА која се однесува на УСЛУГИТЕ и ќе ги доставува поднесоците спрема предвидувањата во временскиот план во ДОГОВОРОТ. Сите права поврзани со ДОКУМЕНТАЦИЈАТА, како што имено се ПОДНЕСОЦИТЕ, соодветно ќе му се пренесуваат на КУПУВАЧОТ.
Доставувањето на ДОКУМЕНТАЦИЈА која според разумното мислење на КУПУВАЧОТ не е комплетна ниту во согласност со ДОГОВОРОТ или ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ, нема да претставува доставување на ПОДНЕСОЦИ.
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе остане целосно одговорен за последиците од било која неточност, некомплетност, грешка или пропуст, или се од горенаведеното, во ДОКУМЕНТАЦИЈАТА доставена на КУПУВАЧОТ, без оглед дали КУПУВАЧОТ покренал било кои резерви во однос на ДОКУМЕНТАЦИЈАТА или ПОДНЕСОЦИТЕ.
11. СЛЕДЕЊЕ, ИНСПЕКЦИЈА
11.1. СЛЕДЕЊЕ ОД СТРАНА НА ИЗВЕДУВАЧОТ
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе именува за секој ДОГОВОР квалификуван претставник одговорен за својот персонал и своите подизведувачи. КУПУВАЧОТ ќе именува "Директор на договор" за координирање на секој ДОГОВОР, и тој директор на договор исто така мора да обезбеди врска со ангажираните одделенија на КУПУВАЧОТ.
За таа цел, управни одбори со претставници на секоја СТРАНКА ќе се состануваат редовно како што е договорено помеѓу СТРАНКИТЕ во односниот ДОГОВОР. Тие ќе ги имаат особено следните цели:
- Осврнување на сите работи поврзани со текот и спроведувањето на ДОГОВОРОТ;
- Проценување на УСЛУГИТЕ и спроведувањето на ДОГОВОРОТ; и по конкретно:
o Испитување на безбедносните индикатори;
o Дефинирање на акциони планови што треба да се преземат;
o Проучување и потврдување на акциите за подобрување;
o Проверување на резултатот од корективните акции, ако ги има;
o Проучување и потврдување на опсегот на параметрите на промените на УСЛУГИТЕ;
o Испитување на исходите на промените на ЗАКОНИТЕ, ако ги има;
o Осврнување на било кој проблем што настанал за време на спроведувањето на ДОГОВОРОТ.
Освен тоа, ИЗВЕДУВАЧОТ редовно ќе му доставува на КУПУВАЧОТ (најмалку секој месец) со наведување на сите соочени проблеми и соодветни корективни акции и мерки извршени или предложени во однос на истите.
Следните претставници ќе присуствуваат во Управниот одбор:
- Претставник на одделението за набавка;
- Претставник на ГРАДИЛИШТЕТО;
- Директор на договор како што е дефиниран погоре;
- Технички директор на ИЗВЕДУВАЧОТ;
- Комерцијален претставник на ИЗВЕДУВАЧОТ;
- Плус, врз основа на случај, односен купувач на XXXXXXX XXXXXX XXXXXXXXXX;
- Било кое друго лице потребно спрема дневниот ред на Управниот одбор.
Записникот од секој состанок на Управниот одбор ќе го составува ИЗВЕДУВАЧОТ и ќе подлежи на претходно одобрување од XXXXXXX XXXXXX.
Спроведувањето на ДОГОВОРОТ предизвикува преглед и оцена од КУПУВАЧОТ.
11.2. ИНСПЕКЦИИ ОД СТРАНА НА КУПУВАЧОТ
Купувачот може, на свој трошок во секое време, дури и без претходно известие, да изврши сам или преку делегати инспекција на ГРАДИЛИШТЕТО на добрто извршување на ДОГОВОРОТ од страна на на ИЗВЕДУВАЧОТ или било кој од неговите подизведувачи.
Било кое следење, инспекција или контрола од страна на КУПУВАЧОТ ќе се врши без одговорност на КУПУВАЧОТ и не го ублажува ниту влијае врз било кои обврски на ИЗВЕДУВАЧОТ.
12. УСЛОВИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ГРАДИЛИШТЕТО
12.1. ПЕРСОНАЛ И МАТЕРИЈАЛИ НА ИЗВЕДУВАЧОТ
Изведувачот ќе вработи квалификуван персонал и ќе обезбеди доволно, потребни или соодветни материјали, средства и алати, вклучувајќи проверени по барање, во било која фаза на извршувањето на секој ДОГОВОР со цел за исполнување на неговите договорни обврски за обезбедување на уредно вршење на УСЛУГИТЕ за постигнување на неговата ОБВРСКА ЗА РЕЗУЛТАТ.
12.2. ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРАДИЛИШТЕТО
ИЗВЕДУВАЧОТ потврдува дека е целосно запознат со односните работни активности на ГРАДИЛИШТЕТО и со сите ризици и ограничувања поврзани со истите, како и со работната, социјалната и човековата средина во која треба да се извршува секој ДОГОВОР и се обврзува уредно да го известува КУПУВАЧОТ за овие аспекти за време на целото извршување на односниот ДОГОВОР.
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги адаптира своите работи на ГРАДИЛИШТЕТО и на на работите и активностите на ГРАДИЛИШТЕТО во секоја фаза на извршувањето на УСЛУГИТЕ, земајќи ги предвид сите безбедносни правила и ЗАКОНИ. ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги земе предвид сите работи извршени на ГРАДИЛИШТЕТО било од страна на на КУПУВАЧОТ или било кое трето лице за време на истиот период и ќе ги спроведува и исполнува сите инструкции дадени од страна на Директорот на договор на КУПУВАЧОТ.
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги извршува сите мерки за спроведувањето на ДОГОВОРОТ да не може на било кој начин да влијае ниту да ја повреди продуктивноста и активностите на КУПУВАЧОТ на односното ГРАДИЛИШТЕ, и се утврдува дека модалитетите на било кое неизбежно нарушување или суспендирање на продуктивноста или активности на КУПУВАЧОТ поради работата на ИЗВЕДУВАЧОТ ќе бидат изрично претходно договорени помеѓу СТРАНКИТЕ.
ИЗВЕДУВАЧОТ исто така ќе ги преземе сите заштитни мерки за избегнување на било која штета на соседите (особено во смисла на шум, прашина, нафта и било кое друго загадување) за одговорноста на КУПУВАЧОТ да не се испитува од страна на на било која јавна администрација или било кое трето лице во однос на ДОГОВОРОТ, РАБОТИТЕ, ОПРЕМАТА, и УСЛУГИТЕ, ИЗВЕДУВАЧОТ е целосно одговорен за последиците што произлегуваат од истите.
12.3. КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОРИИТЕ НА КУПУВАЧОТ
Во случај КУПУВАЧОТ да му стави на располагање на ИЗВЕДУВАЧОТ простории и уреди на или близу до ГРАДИЛИШТЕТО за и за време на спроведувањето на на било кој ДОГОВОР, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги користи на свој ризик и трошок овие простории и уреди и ќе одговара за грижата за нив, вклучувајќи било која опрема, машини, алати, материјали и друга опрема на персоналот.
ИЗВЕДУВАЧОТ се обврзува да ги одржува овие простории и уреди во добра состојба, чисти и безбедни за време на целото извршување на односниот ДОГОВОР и да не ги модифицира без претходно изрично овластување.
КУПУВАЧОТ не одговара за било кои загуби или штети поврзани со користењето на споменатите простории и уреди од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ, особено во случај на кражба, пожар, итн., предизвикани на опремата, машините, алатите, материјалите на ИЗВЕДУВАЧОТ и опремата на друг купувач и подизведувачи.
Ако КУПУВАЧОТ прави свои патишта, железница и други внатрешни превозни средства кои постојат на или се на располагање на односното ГРАДИЛИШТЕ, расположливи на ИЗВЕДУВАЧОТ за извршување на било кој дел од неговите УСЛУГИ, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги користи на свој ризик, во согласност со ЗАКОНИТЕ, односниот ДОГОВОР и било кои прописи и услови кои се применуваат во овој поглед на начин да не се спречуваат активностите, производството и сообраќајот на КУПУВАЧОТ и да се оптимизира користењето на споменатите патишта, пруги и средства за внатрешен транспорт.
12.4. МАТЕРИЈАЛИ НА КУПУВАЧОТ
12.4.1. СНАБДУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, ТЕЧНОСТИ И ГАС
КУПУВАЧОТ може да му обезбеди електрична енергија, гас, вода, пареа или компримиран воздух на ИЗВЕДУВАЧОТ но исклучиво за стиктно извршување на ДОГОВОР ако тоа го дозволуваат законите кои се применуваат на ГРАДИЛИШТЕТО.
Во таков случај, ИЗВЕДУВАЧОТ претходно ќе ги провери своите потреби, согласувањето на неговите потреби со предвидениот капацитет на односното ГРАДИЛИШТЕ во овој поглед и ќе ги определи дополнителните средства кои евентуално ќе се извршуваат, на трошок на ИЗВЕДУВАЧОТ.
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги користи тие материјали на начин да се одржува нивното трошење во нормални граници и да се избегне било кое нарушување на мрежата на КУПУВАЧОТ. КУПУВАЧОТ може да бара надомест за трошоците направени во однос на овие материјали, под услов тоа да се договори во односниот ДОГОВОР.
Користењето и трошењето на овие материјали се на ризик на ИЗВЕДУВАЧОТ, и КУПУВАЧОТ не одговара за било кои пропусти во однос на тие материјали и уреди освен во случај на вина на КУПУВАЧОТ ВО ОВОЈ ПОГЛЕД.
12.4.2. ПОЗАЈМУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИ И АЛАТИ ОД СТРАНА НА КУПУВАЧОТ
По изрично барање на ИЗВЕДУВАЧОТ, КУПУВАЧОТ ќе му позајми на ИЗВЕДУВАЧОТ некои материјали и алати одвреме навреме (на пример хардвер, софтвер веќе вклучени во опремата на ГРАДИЛИШТЕТО ои уреди, кран, патувачки кран, итн.).
За важни материјали и алати што ќе му се дадат на заем на ИЗВЕДУВАЧОТ, редовно или за определено време, СТРАНКИТЕ посебно, во определен писмен документ, ќе договорат листа на овие материјали и алати како и услови кои се применуваат на истите. Стручњак именуван од страна на СТРАНКИТЕ ќе ја проверат сообразноста во смисла на безбедноста на тие материјали и алати.
Во секој случај, ИЗВЕДУВАЧОТ претходно ќе ја провери сообразноста, погодноста и адекватноста на тие материјали и алати во користењето на истите за кои има намера.
Сите алати и материјали што му КУПУВАЧОТ му ги позјамил на ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му бидат вратени на КУПУВАЧОТ до крајот на односниот ДОГОВОР, каква и да биде причината, комплетни и најмалку во истата состојба во која биле на датумот кога му биле ставени на располагање на ИЗВЕДУВАЧОТ. Понатаму, сите софтверски копии, електронски податоци и документи, ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ на КУПУВАЧОТ, ќе се отстранат и симнат од компјутерите и хардверските системи на ИЗВЕДУВАЧОТ.
Од датумот кога КУПУВАЧОТ ги става на располагање на ИЗВЕДУВАЧОТ и за целиот период во кој ИЗВЕДУВАЧОТ ги има споменатите материјали и алати кај себе, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги сноси сите ризици на работење, контрола, влошување и губење на овие материјали и алати. Како последица, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе биде одговорен за сите овие алати и материјали и за нивното користење и безбедно чување во количина и квалитет и соодветно ќе го обештети КУПУВАЧОТ. Овие алати и материјали (освен оние наведени во определен писмен документ спомнат погоре) КУПУВАЧОТ може во секое време да ги повлече без надомест и без претходно известие.
Материјалите и алатите што ги обезбедува КУПУВАЧОТ остануваат негова сопственост. Ако ИЗВЕДУВАЧОТ има било кои сомневања за квалитетот на алатите и материјалите што КУПУВАЧОТ му ги става на располагање, ИЗВЕДУВАЧОТ веднаш ќе го извести КУПУВАЧОТ.
Транспортот на алатите и материјалите на КУПУВАЧОТ од складиштата или продавниците на КУПУВАЧОТ до местото на користење како и утоварот, врзувањето, обезбедувањето, растоварот и ракувањето на тие алати и материјали ќе биде на целосна одговорност и трошок на ИЗВЕДУВАЧОТ. Преостанатите количини на материјалите обезбедени по оваа клаузула (вклучувајќи старо железо) ќе се вратат бесплатно и без одлагање на локацијата на ГРАДИЛИШТЕТО или било кое друго место
близу до ГРАДИЛИШТЕТО определено од страна на КУПУВАЧОТ. ИЗВЕДУВАЧОТ, по барање на КУПУВАЧОТ, ќе го документира трошењето на сите материјали што ги обезбедува КУПУВАЧОТ по оваа клаузула.
13. ВРЕМЕНСКИ ПЛАН – СУСПЕНДИРАЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕТО НА ДОГОВОР
13.1. ВРЕМЕНСКИ ПЛАН
Ако било кои РАБОТИ и ОПРЕМА треба да ги изврши ИЗВЕДУВАЧОТ или било кои ПОДНЕСОЦИ треба да се достават по ДОГОВОР, ќе се утврди точен временски план во споменатиот ДОГОВОР. ИЗВЕДУВАЧОТ ќе биде исклучиво одговорен да ги преземе сите потребни или соодветни чекори за исполнување на временскиот план. За оваа цел ќе се воспостави механизам на показатели за да може КУПУВАЧОТ да добие детални информации за исполнувањето на времнскиот план од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ и да добие детали за почитување на временскиот план, и доброто функционирање на врските.
13.2. СУСПЕНДИРАЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕТО НА ДОГОВОР ОД СТРАНА НА КУПУВАЧОТ
По писмено барање на КУПУВАЧОТ, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе го суспендира извршувањето на УСЛУГИТЕ на односниот ДОГОВОР целосно или делумно, на начин што КУПУВАЧОТ го смета за потребен, по претходно разумно известие, и за максимално траење од дванаесет (12) месеци.
КУПУВАЧОТ и ИЗВЕДУВАЧОТ ќе се состануваат за да дискутираат за мерките за обештетување за евентуална загуба што ја претрпел ИЗВЕДУВАЧОТ поради ова суспендирање.
14. ВИША СИЛА
Ниедна СТРАНКА нема да одговара за било кој пропуст или доцнење во извршувањето на било кој ДОГОВОР предзивикано од случај на виша сила, т.е. непредвидлив и неодолив случај вон разумната контрола на СТРАНКИТЕ и кој го спречува извршувањето од страна на засегнатата СТРАНКА на нејзините обврски по ДОГОВОРОТ. На пример за случаи на виша сила се сметаат: неодоливи и непредвидливи природни појави (поплави, ураган, гром, итн.), војни, инвазии, револуции, побуни, владини акти, генерални штрајкови или слични случаи, епидемии, итн.
Штрајк на вработените на КУПУВАЧОТ или на вработените на било кој подизведувач на КУПУВАЧОТ нема да се смета за случа на виша сила ако истиот ефективно не го спречува ИЗВЕДУВАЧОТ од извршувањето на неговите договорни обврски по ДОГОВОР.
Ако било кој таков случај на виша сила се случи и ја спречи било која СТРАНКА од целосно или делумно извршување на нејзините договорни обврски, или може разумно да влијае врз идното извршување на нејзините договорни обврски, тогаш таа СТРАНКА (и) уредно без одлагање ќе ја извести другата СТРАНКА за споменатиот случај на виша сила, (ии) ќе ги преземе сите потребни чекори и акции да ги ублажи ефектите што произлегуваат од споменатиот случај на виша сила, вклучувајќи ја интервенцијата на било кое трето лице ако е разумно можно и (иии) за тоа ќе ја извести другата СТРАНКА.
Кога ќе се случи и покрај спроведувањето на горе споменатите чекори и акции, извршувањето на односниот ДОГОВОР дефинитивно станало невозможно или ќе мора да се одложи за повеќе од три
(3) месеци од датумот на известување за таквиот случај на виша сила, тогаш секоја СТРАНКА може писмено да го раскине споменатиот ДОГОВОР со претходно известие од петнаесет (15) дена, и ќе се утврди дека странките ќе ги вложат сите напори за праведно решавање на практичните последици од таквото раскинување спрема околностите.
Во секој случај, секоја СТРАНКА ќе ги сноси трошоците и издатоците што ги ангажирал од почетната точка на случајот на виша сила до завршувањето на споменаиот случај на виша сила или до датумот на раскинување на ДОГОВОРОТ.
15. ОБВРСКИ НА ИЗВЕДУВАЧОТ И ОБВРСКА ЗА РЕЗУЛТАТ
15.1. ОПШТО
ИЗВЕДУВАЧОТ се обврзува и гарантира (и) целосно и комплетно постигнување на карактеристиките и перформансите наведени во ДОГОВОРОТ, (ии) сообразно и комплетно извршување на договорните обврски, како и оние кои се поконкретно наведени во ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ и благовремено доставување на ПОДНЕСОЦИТЕ, и таквото постигнување е ОБВРСКА ЗА РЕЗУЛТАТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ.
Знаењето на КУПУВАЧОТ на било кои информации обелоденети на КУПУВАЧОТ од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ за средствата што ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги употреби за постигнување на горе споменатите резултати како и знаењето на КУПУВАЧОТ на истите на никој начин нема да го ослободи ИЗВЕДУВАЧОТ од постигнување на неговата ОБВРСКА ЗА РЕЗУЛТАТ, ниту ќе претставува лимит на средствата што ќе ги употреби за постигнување на оваа ОБВРСКА ЗА РЕЗУЛТАТ.
15.2. ПРЕКРШУВАЊЕ НА ОБВРСКАТА ЗА РЕЗУЛТАТ ОД СТРАНА НА ИЗВЕДУВАЧОТ
Кога ИЗВЕДУВАЧОТ не постигне било кој од горе споменатите резултати или не ја исполни својата ОБВРСКА ЗА РЕЗУЛТАТ, КУПУВАЧОТ може да примени, откако формално известие останало без ефект во рокот предвиден во ДОГОВОРОТ и бз претходно судско овластување или друга постапка, било кои од правните лекови наведени во клаузула 18.1 од ОПШТИТЕ УСЛОВИ, а особено ќе го заземе местото на (или ќе именува било кое трето лице по свој избор да го замени) ИЗВЕДУВАЧОТ НА ТРОШОК И РИЗИК НА ИЗВЕДУВАЧОТ.
Освен тоа, во случај на било кој пропуст на ИЗВЕДУВАЧОТ и кога итен случај тоа го бара (особено од безбедносни причини или кога опремата или средствата за производство се загрозени) КУПУВАЧОТ може, без судско овластување или друга постапка н по просто известие во кое се споменуваат тие околности, веднаш ќе го замени (или именува било кое трето лице по свој избор) ИЗВЕДУВАЧОТ или било кој од неговите подизведувачи на трошок на ИЗВЕДУВАЧОТ.
15.3. ОТКАЖУВАЊЕ
ИЗВЕДУВАЧОТ не одговара ако неисполнувањето на неговите обврски се должи на:
a) случај на виша сила, како што е дефинирано во ОПШТИТЕ УСЛОВИ;
б) небрежност на КУПУВАЧОТ, ако таквата акција имала директно влијание врз соодветното исполнување од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ на неговите обврски и под услов никаков чин или пропуст на ИЗВЕДУВАЧОТ да не се совпаѓа со случувањето на таквата небрежност.
За секоја од горе наведените работи, ИЗВЕДУВАЧОТ во разумен рок ќе даде уреден доказ за настанување на таков факт и за ефективното влијание врз обврските на ИЗВЕДУВАЧОТ.
16. ОДГОВОРНОСТ
16.1. ОПШТО
ИЗВЕДУВАЧОТ одговара за било која и сите штети, вклучувајќи директна, индиректна, последична, посебна или случајна, физичка, морална, сопственост и нематеријални штети што ги претрпел или што му се предизвикани на КУПУВАЧОТ, неговите вработени и било кои трети лица кои се должат на ИЗВЕДУВАЧОТ, неговите вработени, застапници, претставници или било кои негови подизведувачи, без повреда на сите други права и правни лекови на КУПУВАЧОТ. Таквата одговорност во секој случај ќе биде неограничена во случај на лични повреди.
ИЗВЕДУВАЧОТ целосно му одговара на КУПУВАЧОТ за извршување на ДОГОВОРОТ, вклучувајќи ги ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ и почитувањето на обврската за резултат како што е изнесено во ДОГОВОРОТ, како на пр, доставувањето на ПОДНЕСОЦИТЕ како што е предвидено.
ИЗВЕДУВАЧОТ целосно му одговара на КУПУВАЧОТ за горе изнесеното, без оглед на фактот што дел од УСЛУГИТЕ е извршен од страна на неговите подизведувачи. Учеството на тие подизведувачи во извршувањето или во финализацијата на било кој дел од УСЛУГИТЕ на никој начин не ги ослободува, намалува ниту ограничува обврските на ИЗВЕДУВАЧОТ по било кој ДОГОВОР.
За горе наведената цел, ИЗВЕДУВАЧОТ останува целосно одговорен спрема КУПУВАЧОТ за сите акти, грешки, небрежност, пропусти и неисполнувања на ИЗВЕДУВАЧОТ како и за оние на неговите подизведувачи односно било кое лице и субјект ангажиран (зборувајќи воопштено) од нивна страна за извршување на било кој дел од ДОГОВОР, како акти, грешки, небрежност, пропусти и неисполнувања да ги направил самиот ИЗВЕДУВАЧ.
16.2. ОДГОВОРНОСТ ЗА БАРАЊА ОД ТРЕТИ ЛИЦА
16.2.1. ОБЕШТЕТУВАЊЕ
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе го обештети КУПУВАЧОТ од постапки, тужби, и барања на трети лица (вклучувајќи особено лични повреди, смрт, губење на имот, општи штети, казнени штети, надоместоци на правен застапник и судски трошоци), во врска со повреди или штети што произлегуваат од чин или пропуст на ИЗВЕДУВАЧОТ, чин или пропуст на неговите вработени, подизведвачи или застапници (освен она што може да му се припише на КУПУВАЧОТ, неговите застапници или вработени) што ги претрпел или му биле предизвикани на КУПУВАЧОТ и неговите вработени, застапници, претставници, подизведувачи, корисници на дозволи или трети лица.
16.2.2. ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ИЗВЕДУВАЧОТ
Во случај на било кое барање против КУПУВАЧОТ кое произлегува од работите наведени во клаузула 16.2 и по кое ИЗВЕДУВАЧОТ одговара, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе биде веднаш известен за тоа, и на свој трошок ќе ги води сите преговори за решавање на истото и било кој спор што може да настане од истото.
КУПУВАЧОТ може, ако е така договорено помеѓу СТРАНКИТЕ и на трошок на ИЗВЕДУВАЧОТ ќе избере да ги води таквите преговори.
16.2.3. ПОМОШ ОД КУПУВАЧОТ И ИЗВЕДУВАЧОТ
По барање на ИЗВЕДУВАЧОТ, КУПУВАЧОТ ќе даде секаква потребна и разумна помош за било која таква цел и ќе му се платат сите издатоци направени при извршувањето на истото. Во случај КУПУВАЧОТ да избере да ги води преговорите, ИЗВЕДУВАЧОТ, по барање на КУПУВАЧОТ но на целосен трошок на ИЗВЕДУВАЧОТ, ќе му ја даде сета потребна и разумна помош за било која таква цел.
16.2.4. ТРОШОЦИ НА КУПУВАЧОТ
ИЗВЕДУВАЧОТ особено ќе му ги плати на КУПУВАЧОТ било кои и сите издатоци во однос на плаќања на трети лица или на сојузната држава, административни и општински органи, како резултат на заедничка и поединечна одговорност на КУПУВАЧОТ и кои произлегуваат од неисполнување од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ и неговите подизведувачи на ЗАКОНИТЕ. КУПУВАЧОТ може да пребие било кои суми чие плаќање го должи ИЗВЕДУВАЧОТ по овој доовор за плаќања што ќе ги врши КУПУВАЧОТ на ИЗВЕДУВАЧОТ.
17. ОСИГУРУВАЊЕ
17.1.
Пред започнување на било кој дел од УСЛУГИТЕ на односното ГРАДИЛИШТЕ, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе извади и одржи спрема случајот било кое и секое осигурително покритие што се бара по законите како и по важечките закони на ИЗВЕДУВАЧОТ, особено во поглед на:
- Осигурување на надомест на работниците вклучувајќи осигурително покритие за телесна штета и лични повреди;
- осигурување на професионална одговорност;
- осигурување на општа јавна одговорност:
- автомобилска одговорност што ги покрива сите поседувани, изнајмени и половни возила; и
- покривање на гарантниот период за згради и градежни работи, ако има такви.
17.2.
Без штета за осигурителното покритие како што е наведено во клаузула 17.1 погоре, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе обезбеди адекватно осигурително покритие за сите ризици од било кои загуби и штети за кои ИЗВЕДУВАЧОТ би одговарал, кои ги покриваат сите директни, индиректни, последични или посебни штети, за кои ИЗВЕДУВАЧОТ или било кој од неговите подизведувачи би можел да биде одговореен во рамките на ДОГОВОРОТ.
Лимитираните износи на таквото осигурување ќе се утврдат спрема резултатите од анализата на ризиците што претходно ќе се изврши за секој ДОГОВОР кога е можно.
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе извади и одржи осигурително покритие за својата законска одговорност спрема КУПУВАЧОТ и било кои трети лица од или во однос на извршувањето на било кој ДОГОВОР, вклучувајќи особено прекршоци кои произлегуваат од било кој чин или пропуст што му се припишува на ИЗВЕДУВАЧОТ, на неговите законски наследници, застапници и вработени.
За работа со КУПУВАЧОТ без штета за определен износ наведен во односниот ДОГОВОР, таквото осигурително покритие ќе биде во сила за минимален износ од ЕУР 3.000.000 (три милиони евра) и најмалку за целото времетраење на односниот ДОГОВОР.
17.3.
ИЗВЕДУВАЧОТ може да избере да го замени осигурителното покритие што се бара по клауула 17.1 и 17.2 погоре со глобална осигурителна полиса која ги покрива, меѓу другото, елементите наведени во споменатите клаузули. Во таков случај, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе го извести својот осигурувач дека КУПУВАЧОТ и неговите вработени и застапници се "со- осигурани" по споменатата осигурителна полиса.
17.4.
Освен сигурителното покритие предвидено во клаузула 17.5 по овој договор, осигурителните полиси наведени во оваа клаузула 17 ќе му се соопштат на КУПУВАЧОТ во рок од триесет
(30) ДЕНА од датумот на потпишување на односниот ДОГОВОР но во секој случај пред првата интервенција на ИЗВЕДУВАЧОТ на ГРАДИЛИШТЕТО, и е важи од датумот на стапување во сила на односниот ДОГОВОР до крајот на споменатиот ДОГОВОР каква и да биде причината.
Во секој случај, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му достави на КУПУВАЧОТ, на негово прво барање, потврди издадени од страна на неговиот односен осигурител кој го потврдува постоењето на осигурително покритие предвидено во овој договор, како и плаќање на соодветните премии што ИЗВЕДУВАЧОТ се обврзува уредно да ги плати
17.5. ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ ВО ИМЕ НА ИЗВЕДУВАЧОТ
17.5.1.
КУПУВАЧОТ може да обезбеди по свој избор и во согласност со ЗАКОНИТЕ, осигурително покритие во име на ИЗВЕДУВАЧОТ за директни, индиректни и последични штети што ги претрпел КУПУВАЧОТ. вклучувајќи загуба на добивки, како и со-осигурувајќи го ИЗВЕДУВАЧОТ за период кој започнува со првите УСЛУГИ и РАБОТИ и ОПРЕМА на ГРАДИЛИШТЕТО, ако има такви. Во таков случај, КУПУВАЧОТ ќе се откаже од било која постапка против ИЗВЕДУВАЧОТ во границата на оваа осигурителна полиса во мера во која загубите и штетите на КУПУВАЧОТ се надоместени од страна на осигурителното друштво.
17.5.2. ОДБИТНИ СТАВКИ
Во секој случај на штета, износите кои одговараат на одбитните ставки ги сноси СТРАНКАТА која ја предизвикала односната штета, директно или преку своите вработени, претставници, именувани лица и подизведувачи.
17.6.
ИЗВЕДУВАЧОТ со ова се откажува од било кои постапки, барања и права на регрес против КУПУВАЧОТ, сите негови вработени и застапници за било која вина или пропуст на последниов, во поглед на штети наведени во клаузула 17.2. КУПУВАЧОТ со ова се откажува од било кои постапки, барања и права на регрес против ИЗВЕДУВАЧОТ во границите на осигурителните полиси кои се применуваат на односниот ДОГОВОР, под услов во во мера во која загубите и штетите на КУПУВАЧОТ се надоместени по споменатите осигурителни политики.
Горе наведените одредби не се применуваат во случај на намерна грешка или груба немарност.
17.7.
Било кое осигурително покритие обезбедено од страна на КУПУВАЧОТ или ИЗВЕДУВАЧОТ, или двајцата, не го ослободува ИЗВЕДУВАЧОТ од било кои негови договорни или законски обврски. Осигурените износи не можат да се сметаат ниту да се толкуваат како ограничување на одговорност.
18. НЕИЗВРШУВАЊЕ ОД СТРАНА НА ИЗВЕДУВАЧОТ
18.1. ОПШТО
Неисполнување на било која од договорните обврски на ИЗВЕДУВАЧОТ му дава право на КУПУВАЧОТ, на еден или сите од следните правни лекови, без ограничување ниту повредување на било кое од другите права на КУПУВАЧОТ:
- ограничување на ИЗВЕДУВАЧОТ без одлагање ниту ограничување на средствата за целосно сообразување со ДОГОВОРОТ, ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ и ПОНУДАТА НА ИЗВЕДУВАЧОТ,
- примена на штети или казни како што е наведено во било кој ДОГОВОР
- суспендирање на плаќање на било кој износ што се должи до целосно завршување на ОБВРСКАТА ЗА РЕЗУЛТАТ
- по формално претходно известие како што е наведено во овој договор:
(и) замена ИЗВЕДУВАЧОТ или именување на било кое трето лице по избор на КУПУВАЧОТ но на трошок и ризик на ИЗВЕДУВАЧОТ за извршување на обврските на ИЗВЕДУВАЧОТ или било кој дел од истите, кои не се извршени или не се исполнети спрема односниот ДОГОВОР како и, спрема случајот,
(ии) раскинување или откажување на односниот ДОГОВОР на трошок и одговорност на ИЗВЕДУВАЧОТ
(иии) барање на обештетување од ИЗВЕДУВАЧОТ.
18.2. ЛИКВИДИРАНИ ШТЕТИ
Ликвидираните штети или казни за непостигнување на договорните обврски ќе се наведат во секој ДОГОВОР.
18.3.
ПРЕТХОДНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕИСПОЛНУВАЊЕ ОД СТРАНА НА ИЗВЕДУВАЧОТ
Во секој случај на неисполнување од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ како што е наведено погоре, КУПУВАЧОТ претходно писмено ќе бара од ИЗВЕДУВАЧОТ да го санира таквото неисполнување во разумен рок. По приемот на споменатото известие, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му достави на КУПУВАЧОТ веродостоен корективен акционен план за санирање на неговото неисполнување во горе наведениот рок.
Во случај ИЗВЕДУВАЧОТ да не му го достави на КУПУВАЧОТ споменатиот акционен план или не го исполни својот акционен план, КУПУВАЧОТ има паво да примени било кои права и правни лекови како што е наведено погоре.
Без оглед на горе наведеното, нема да се бара претходно формално известие во случај на итност, особено од безбедносни причини и за спроведување на било кои разумни мерки за ублажување на било кои последици што произлегуваат од било кое неисполнување на ИЗВЕДУВАЧОТ, туку КУПУВАЧОТ без одлагање ќе му испрати на ИЗВЕДУВАЧОТ формално известие за истото.
19. ДОВЕРЛИВОСТ
19.1.
ИЗВЕДУВАЧОТ се обврзува во свое име како во име на своите подизведувачи да ја исполни обврската за доверливост, необелоденување во корист на трети лица на било кои и сите ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ поврзани со било кој ДОГОВОР или на кои ИЗВЕДУВАЧОТ има пристап пред и за време на извршувањето на таквиот ДОГОВОР, или и двете.
КУПУВАЧОТ се обврзува да ја третира како строго доверлива било која и сите ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ што се испратени или ставени на располагање на КУПУВАЧОТ во форма на документи или во било која друга форма и ќе спречи било кое обелоденување на трети лица освен како што се бара за заштита или користење на ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ составени или пренесени на КУПУВАЧОТ спрема
ОПШТИТЕ УСЛОВИ или ДОГОВОР или на РАБОТИТЕ или ОПРЕМАТА, или сите, како што е предвидено во клаузула 19.2 по овој договор, како што се имено подизведувачите задолжени со поправки и одржување на ГРАДИЛИШТЕТО кои се ангажирани за доверливост и ограничување на користењето. КУПУВАЧОТ понатаму гарантира да не ги користи таквите ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ за било клоја друга цел освен (и) за потребите на КУПУВАЧОТ, (ии) оние кои се доволени во ОПШТИТЕ УСЛОВИ и во односниот ДОГОВОР како и (иии) сите барања на индустриско работење на УСЛУГИТЕ, РАБОТИТЕ, ОПРЕМАТА, УСОВРШУВАЊАТА, СОФТВЕРОТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ и СТАНДАРДНИОТ СОФТВЕР
доставен од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ.
19.2.
За целта на ОПШТИТЕ УСЛОВИ, следните информации нема да се смета за ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ од страна на СТРАНКИТЕ:
a) информации кои се веќе во посед на СТРАНКАТА примач пред соопштувањето на таквите информации од страна на СТРАНКИТЕ;
б) информации соопштени директно или индиректно на јавноста или на СТРАНКАТА примач од извор кој не е другата СТРАНКА, без повреда на правото на трето лице ниту било која повреда на обврската за доверливост; ц) информации кои станале познати во јавноста без повреда на ОПШТИТЕ УСЛОВИ ниту на односниот ДОГОВОР од страна на СТРАНКАТА примач; и
д) информации кои мора да се соопштат по ЗАКОНИТЕ или пресуда задолжителни закони, со обврска на обвинетата СТРАНКА да ја извести другата, за да í се овозможи на оваа СТРАНКА да ги штити своите интереси.
СТРАКАТА која смета дека било кја информација не е ДОВЕРЛИВА ИНФОРМАЦИЈА ќе носи доказ за било кој услов наведен во точки а) до д) погоре.
Горе наведените ограничувања кои се однесуваат на користење на ОБЕЛОДЕНЕТИ ИНФОРМАЦИИ ќе се применуваат на сите можни комбинации од ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ, иако ДОВЕРЛИВА ИНФОРМАЦИЈА или ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ земени
посебно би оодговарале на услови дефинирани во клаузула 19.2.а) до д) погоре.
19.3.
Горе наведената обврска за доверливост останува во сила за време на целото извршување на секој ДОГОВОР и за период од пет (5) години од неговиот рок, предвиден или не, зависно од причината.
Меѓутоа, било која и сите ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ на КУПУВАЧОТ на кои ИЗВЕДУВАЧОТ има пристап пред и за време на спроведувањето на било кој ДОГОВОР, поврзани со производство и производствени процеси, комитенти, технички или деловни стратегии, потреби, продажби, техники, производи, но-хау и опрема што ги употребува или развива КУПУВАЧОТ во и вон извршувањето на било кој ДОГОВОР ќе се сметаат од страна на на ИЗВЕДУВАЧОТ за високо доверливи и како ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ, без рок, додека тие информации не ја загубат својата природа на доверливост спрема клаузула 19.2 погоре.
20. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Одредбите од оваа клаузула 20 остануваат во полна сила и важност после рокот на секој ДОГОВОР за нивното траење.
20.1. ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ НА КУПУВАЧОТ
Било која документација што КУПУВАЧОТ му ја соопштил на ИЗВЕДУВАЧОТ како и претходна ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ НА КУПУВАЧОТ ќе биде и останува сопственост на КУПУВАЧОТ и во никоја околност ИЗВЕДУВАЧОТ нема да ја обелодени на било кое трето лице.
20.2. ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ
20.2.1.
ИЗВЕДУВАЧОТ гарантира дека (и) на датумот на потпишување на односниот ДОГОВОР ги поседува и (ии) и татаму ќе ги поседува сите права на ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ барани за извршување и спроведување на секј ДОГОВОР и, ако не, дека имал право да ги користи истите преку лиценца вклучувајќи го правото на сублиценцирање и правото на користење на ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ за потребите на КУПУВАЧОТ. ИЗВЕДУВАЧОТ понатаму гарантира дека е уредно овластен за правата на користење, дифузија, комерцијализација, работа и модификација на ПРАВАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ приклучени кон УСЛУГИТЕ, ПОДНЕСОЦИТЕ, РАБОТИТЕ И
ОПРЕМАТА, ако ги има, дека не поседува и кои може да ги користи само за целта на односниот ДОГОВОР. ИЗВЕДУВАЧОТ исто така гарантиреа дека слободно ги извршил било кое и сите адаптации, модификации и користења како што може да биде потребн во поглед на УСЛУГИТЕ, РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА, акои ги има, без да изврши прекршок, да прекрши било кои забрани ниту да одговара за било кои санкции.
20.2.2.
Плаќањето на договорната цена утврдена во секој ДОГОВОР бара:
(и) давање на правото на КУПУВАЧОТ да ги користи правата на ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ кои постојат или се оваплотени во или се користат во врска со РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА, за рокот на заштита на тие ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ, за користење, модифицирање, оперирање, следење, поправка или одржување на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА како и за исполнување на барањата на КУПУВАЧОТ наведени во ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ, со право на поддоговарање на таквите задачи на било кое трето лице за потребите на КУПУВАЧОТ или на ГРАДИЛИШТЕТО или потребите наведени во односниот ДОГОВОР, под услов тие трети лица да се обврзале за доверливост и ограничуваа на користење спрема КУПУВАЧОТ во мера наведена во општите услови за набавка на КУПУВАЧОТ; и
(ии) давање на правото на КУПУВАЧОТ да ја користи ДОКУМЕНТАЦИЈАТА освен ПОДНЕСОЦИТЕ со цел за:
- рaбота, користење, репродукција без оглед какво е користењето и процесот, на сите постојни или идни поддршки (*);
- репрезентација во секоја смисла и со сите средства, вклучувајќи пренос преку мрежи Интернет/Интранет, издавање, едитирање, дифузија; (*) и
- адаптација, модификација, корекција, развој, интеграција,транскрипција, превод, носење (*),
(*) под услов користењето на горе наведените права да бидат за работа, одржување, модификација, следењем поправка или користење на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА или потребите наведени во односниот ДОГОВОР во мера предвидена во клаузула 19.
(иии) пренос на ПРАВАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ приклучени кон ПОДНЕСОЦИТЕ кои му дозволуваат на КУПУВАЧОТ:
- да работи, користи, репродуцира сé или дел од ПОДНЕСОЦИТЕ какво и да биде предвиденото користење за потребите на КУПУВАЧОТ или за опотребите на КУПУВАЧОТ, на сите постојни или идни поддршки (*);
- да ги претставува сите или дел од ПОДНЕСОЦИТЕ со сите средства и на сите поддршки, вклучувајќи пренос преку мрежа Интернет/Интранет, публикација, едиција и дифузија; (*) и
- да адаптира, модифицира, коригира, развива, интегрира, транскрибира , преведува
(*) под услов користењето на горе наведените права да бидат за работа, одржување, модификација, следење поправка или користење на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА или потребите наведени во односниот ДОГОВОР во мера предвидена во клаузула 19.
Таквото давање на права на КУПУВАЧОТ:
а) ќе се применува и ќе важи во било која односна земја во светот; и
б) ќе се дава најмалку за траењ на заштита на односните ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ.
Сите горе наведени права на КУПУВАЧОТ се пореносливи заедно со РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА.
20.3. БАРАЊА ОД ТРЕТИ ЛИЦА
Во случај на било која закана од тужба или било која привремена или дефинитивна забрана на користењето на било кој елемент на СТАНДАРДНИОТ СОФТВЕР, СОФТВЕРОТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ, РАБВОТИТЕ и ОПРЕМАТА, ПОСНЕСОЦИТЕ, ако ги има, со тоа
што оваа клаузула останува да важи и после рокот на ДОГОВОРОТ, која произлегува од (и) барање во кое се наведува фалсификат или (ии) од законско решавање, КУПУВАЧОТ ќе го извести ИЗВЕДУВАЧОТ за тој случај без одлагање и ИЗВЕДУВАЧОТ на свој трошок и во најкраток рок ќе го добие во име на КУПУВАЧОТ правото:
- да продолжи со користење на тој елемент, или алтернативно
- да го замени или модифицира оспорениот елемент со нефалсификуван елемент строго еквивалентен на истиот.
Во секој случај, никаква модификација или замена во врска со горе наведеното нема да резултира со влошување или намалување на функционалноста или погодноста за користење на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА, ПОДНЕСОЦИТЕ или инсталациите на КУПУВАЧОТ за кои се вршат УСЛУГИТЕ.
Во случај на било кое барање од трето лице, без оглед дали е покренато врз пријателска основа или пред судовие, ИЗВЕДУВАЧОТ веднаш ќего зманеува КУПУВАЧОТ, ќе го брани, обештетува КУПУВАЧОТ и неговите односни службеници, директри и вработени, за сите загуби, обврски, штети, трошоци и сите издатоци, вклучувајќи надоместоци на правен застапник и надоместоци на стручњак, кои произлегуваат директно или индиректно од било кои такви барања, постапки или тужби, наведувајќи повреда на било кои ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ во врска со РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА и ПОДНЕСОЦИТЕ и
користењето на истите.
20.4. УСОВРШУВАЊА
20.4.1.
УСОВРШУВАЊАТА му припаѓаат на КУПУВАЧОТ. Право на сопственост и сопственост на УСОВРШУВАЊАТА и било кои односни ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ вклучувајќи авторски права му се даваат на КУПУВАЧОТ. Спрема тоа, КУПУВАЧОТ има исклучиво право да применува , во свое име и на свој трошок и во своја корист, за тие ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ во било која земја во светот во поглед на УСОВРШУВАЊАТА.
Ако еден ТЕК (како на пример било кој елемент од ДОКУМЕНТАЦИЈАТА, а имено ПОДНЕСОЦИТЕ) е заштитен со авторско право, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му ја пренесе на КУПУВАЧОТ, на исклучив начин, целината на правата на:
- експлоатација, користење, репродукција без оглед какво е користењето и процесот, на сите постојни или идни поддршки;
- претставување со сите средства и на сите поддршки, вклучувајќи пренос преку мрежа Интернет/Интранет, публикација, едиција и дифузија,
- адаптација, модификација, корексија, развој интеграција, транскрипција, превод и носење;
- комерцијализација и дифузија без оглед на кој начин.
Таквиот трансфер на УСОВРШУВАЊАТА и било кои ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ вклучувајќи авторски права, на КУПУВАЧОТ:
а) ќе се случува по цена која е интегрален делк од договорната цена што меѓутоа, ја плаќа КУПУВАЧОТ на ИЗВЕДУВАЧОТ како што е дефинирано во односниот ДОГОВОР;
б) ќе се применува и ќе важи во земјата каде што се наоѓа ГРАДИЛИШТЕТО или инсталацииите на КУПУВАЧОТ за кои се вршат УСЛУГИТЕ како и во било која земја во светот;
(с) ќе се дава најмалку за траењео на заштитата на односните ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ; и
(д) ќе го вклучи правото за КУПУВАЧОТ да ги пренесува тие права и да дава лиценци и сублиценци на тие права
20.4.2.
Без оглед на клаузула 20.4.1 погоре, ако ИЗВЕДУВАЧОТ може да уврди дека било кој ТЕК и било кои односни ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ произлегуваат од исклучивата инвентивна способност на ИЗВЕДУВАЧОТ независно од подготвувањето на спроведувањето на ОПШТИТЕ УСЛОВИ или односниот ДОГОВОР, како и независно од било кои ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ на КУПУВАЧОТ, тогаш односното ПРАВО НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ ќе му припадне на ИЗВЕДУВАЧОТ и ќе се вклучи во лиценцата дадена со клаузула 20.2.2. погоре, без дополнително плаќање.
21. СОФТВЕР
Во секој ДОГОВОР ќе се наведе СТАНДАРДНИОТ СОФТВЕР, и софтверот на ИЗВЕДУВАЧОТ што ќе се обезбеди и достави по било кој ДОГОВОР од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ на КУПУВАЧОТ.
Во случај софтвер или програма да не биде наведен во односниот ДОГОВОР дека е СТАНДАРДЕН СОФТВЕР или СОФТВЕР НА ИЗВЕДУВАЧОТ, таквиот софтвер или програма ќе се смета толкува како СОФТВЕР НА ИЗВЕДУВАЧОТ.
21.1. СТАНДАРДЕН СОФТВЕР
На ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му се овозможи ако е потребно кога ДОГОВОРОТ се раскинува да му предаде на КУПУВАЧОТ било кој и сиот СТАНДАРДЕН СОФТВЕР вез ограничување.
Ако УСЛУГИТЕ и РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА вклучуваат
СТАНДАРДЕН СОФТВЕР целосно или делумно заштитен со ПРАВАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му ја пренесе на
КУПУВАЧОТ целината на правата кои се однесуваат на:
- експлоатација, користење, репродукција без оглед какво е користењето и процесот, на сите постојни или идни поддршки (*);
- претставување со сите средства и поддршки, вклучувајќи пренос преку мрежа Интернет/Интранет, публикација, едиција и дифузија (*),
- адаптација, модификација, корексија, развој интеграција, транскрипција, превод и носење (*).
(*) додека горе наведените права се за експлоатација,одржување или користење на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА потребни за вршење на УСЛУГИТЕ или потребни за исполнување на барањата на КУПУВАЧОТ дефинирани во ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ.
Освен тоа, ИЗВЕДУВАЧОТ, по барање на КУПУВАЧОТ и без дополнителен трошок, ќе му ги достави на КУПУВАЧОТ сите информации и изворен код потребни за постигнување на интеропаративноста на други програми со СТАНДАРДНИОТ СОФТВЕР. Во случај на неисполнување од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ на неговите обврски, ИЗВЕДУВАЧОТ, на прво барање на КУПУВАЧОТ и без дополнителен трошок, ќе му го обезбеди на КУПУВАЧОТ изворниот код (како шо е наведено погоре) на СТАНДАРДНИОТ СОФТВЕР и сета односна ДОКУМЕНТАЦИЈА.
СТРАНКИТЕ разбираат и се договараат дека било кој пристап на изворниот код (и) не со ослободува ИЗВЕДУВАЧОТ од било која од неговите обврски и (ии) нема да пренесе било кои дополнителни ПАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ на КУПУВАЧОТ, кој е исклучиво е овластен да го користи изворниот код за УСЛУГИТЕ и експлоатација на РАБОТИТЕ и ОПЕМАТА, АКО ГИ ИМА.
Оваа лиценца на КУПУВАЧОТ:
а) ќе се случи по цена која е веќе вклучена и сочинува составен дел од договорната цена што му ја плаќа КУПУВАЧОТ на ИЗВЕДУВАЧОТ како што е дефинирано во односниот ДОГОВОР;
б) ќе се применува и ќе важи во земјата каде што се наоѓа ГРАДИЛИШТЕТО како и во сите земнји во светот;
с) ќе се дава најмалку за времетраењето во кое односниот СТАНДАРДЕН СОФТВЕР е заштитено со ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ; и
д) ќе го вклучи правото за КУПУВАЧОТ да ги пренесува тие права и да дава лиценци и сулиценци на тие права.
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му го соопшти на КУПУВАЧОТ методот и но-хау кои се однесуваат на користењето на СТАНДАРДНИОТ СОФТВЕР со најдобра перформанса.
21.2. СОФТВЕР НА ИЗВЕДУВАЧОТ
Ако РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА или исполнувањето на барањата на КУПУВАЧОТ НАВЕДЕНИ ВО ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ вклучуваат СОФТВЕР НА ИЗВЕДУВАЧОТ целосно или делумно заштитени со ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му ја лиценцира на КУПУВАЧОТ целината на правата кои се однесуваат на:
- Работа, користење, репродукција без оглед какво е користењето и процесот, на сите постојни или идни поддршки (*);
- Претставување со сите средства и поддршки, вклучувајќи пренос преку мрежа Интернет/Интранет, публикација, едиција и дифузија (*),
- Адаптација, модификација, корексија, развој интеграција, транскрипција, превод и носење (*)
(*) под услов горе наведените права да бидат потребни за експлоатација, одржување и користење на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА или потребни за исполнување на барањата на КУПУВАЧОТ дефинирани во ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ.
За време на целиот рок на ДОГОВОРОТ и најмалку секои три (3) календарски месеци (ако не е поинаку наведен во односниот ДОГОВОР), ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му достави на КУПУВАЧОТ кога има пренос на имот на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА ако ги има на кои софтверите се приклучуваат, исцрпна и ажурирана која од изворните кодови на СОФТВЕРОТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ и сета односна документација, а исцрпната и ажурирана копија на СОФТВЕРОТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ мора да се предаде најдоцна кога ќе се изврши пренос на имот.
Лиценцата што му ја дава ИЗВЕДУВАЧОТ на КУПУВАЧОТ како СОФТВЕР НА ИЗВЕДУВАЧОТ:
а) ќе се случи по цена која е веќе вклучена и сочинува составен дел од договорната цена што му ја плаќа КУПУВАЧОТ на ИЗВЕДУВАЧОТ како што е дефинирано во односниот ДОГОВОР;
б) ќе се применува и ќе важи во земјата каде што се наоѓа ГРАДИЛИШТЕТО – или инсталациите на КУПУВАЧОТ за кои се вршат УСЛУГИТЕ - како и во било која друга земја во во која РАБОТИТЕ или ОПРЕМАТА можат натаму да се преместат, продадат или пренесат; и
с) ќе се дава најмалку за времетраењето во кое односниот СОФТВЕР НА ИЗВЕДУВАЧОТ е заштитен со било кои ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ; и
д) ќе го вклучи правото за КУПУВАЧОТ да дава лиценци и сублиценци на тие права за работа, одржување, модификација или користење на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА, како и исполнувањето на барањата на КУПУВАЧОТ дефинирани во ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ.
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му го соопшти на КУПУВАЧОТ методот и но-хау кои се однесуваат на користењето на СОФТВЕРОТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ и оние што се бараат за користење на СОФТВЕРОТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ со најдобра перформанса.
22. МОДИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОР – ИЗМЕНИ
22.1. МОДИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОР
ИЗВЕДУВАЧОТ ќе испита што поскоро било кои измени во било кој ДОГОВОР што може да ги бара КУПУВАЧОТ, а ИЗВЕДУВАЧОТ се согласува за оваа цел да не ги одбие таквите измени без доволно испитување и оправдување.
СТРАНКИТЕ заедно ќе одлучат во рок од пет (5) ДЕНА дали бараните измени наведени погоре се веќе внесени во опсегот на односниот ДОГОВОР или дали истите подразбираат модификација на опсегот или договорната цена, или двете, за СТРАНКИТЕ, како и модалитетите што треба да се применат во овој поглед. Ако сите услови на измените се договорат помеѓу СТРАНКИТЕ, ова ќе подлежи на писмена измена на односниот ДОГОВОР потпишан помеѓу СТРАНКИТЕ.
ИЗВЕДУВАЧОТ никогаш нема да бара во било која фаза на ДОГОВОРОТ, било кој дополнителен трошок за модификација вон горе наведената процедура.
22.2. ИЗМЕНИ
Било која модификација на било кој ДОГОВОР мора изрично да се договори во писмена измена потпишана од двете СТРАНКИ. Таквата измена ќе се вклучи под истите услови како во односнио ДОГОВОР и ќе сочинува составен дел од споменатиот ДОГОВОР.
23. РАСКИНУВАЊЕ
23.1. РАСКИНУВАЊЕ ЗА МАТЕРИЈАЛЕН ПРЕКРШОК ОД СТРАНА НА ИЗВЕДУВАЧОТ
Во случај на било кој материјален прекршок на ОПШТИТЕ УСЛОВИ или на било која ДОГОВОР од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ (како на пр. неисполнување на безбедносни, здравствени или еколошки правила на ГРАДИЛИШТЕТО, неизвршување на УСЛУГИТЕ …), КУПУВАЧОТ може да го раскине ОДНОСНИОТ ДОГОВОР со моментална важност без било која друга формалност освен препорачано писмо со потврда на прием кога ИЗВЕДУВАЧОТ не се поправил во рок од пет (5) ДЕНА по приемот на формално известие за истото.
Таквото раскинување на односниот ДОГОВОР ќе се изврши без оглед на другите права и правни лекови на КУПУВАЧОТ, по клаузула 18.1 од ОПШТИТЕ УСЛОВИ како и по ЗАКОНИТЕ.
23.2. РАСКИНУВАЊЕ ЗА НЕМАТЕРИЈАЛЕН ПРЕКРШОК ОД СТРАНА НА ИЗВЕДУВАЧОТ ИЛИ ПОВТОРЕНО НЕИСПОЛНУВАЊЕ
Во случај на (и) било кој нематеријален прекршок на ОПШТИТЕ УСЛОВИ или на било кој ДОГОВОР од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ, (ии) повторено неисполнуавње од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ или (иии) незадоволувачко извршување на билокоја од обврските на ИЗВЕДУВАЧОТ по било кој ДОГОВОР, КУПУВАЧОТ ќе побара од ИЗВЕДУВАЧОТ да се исправи во разумен рок.
Ако ИЗВЕДУВАЧОТ не му достави на КУПУВАЧОТ поправен план во споменатиот рок, или ако ИЗВЕДУВАЧОТ не може да го исполни таквиот поправен план, тогаш КУПУВАЧОТ може, без повреда на другите права и правни лекови на КУПУВАЧОТ по ДОГОВОРОТ, по клаузула 18.1. од ОПШТИТЕ УСЛОВИ како и по ЗАКОНИТЕ, да ГО РАСКИНЕ СО МОМЕНТАЛНА ВАЖНОСТ
ДОГОВОРОТ испаќајќи му на ИЗВЕДУВАЧОТ препорачано писмо со потврда на прием најмалку петнаесет (15) ДЕНА по приемот од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ на писмената опомена или покана на КУПУВАЧОТ.
23.3. РАСКИНУВАЊЕ ОД ФИНАНСИСКИ ПРИЧИНИ ИЛИ ПОРАДИ ВАЖНА МОДИФИКАЦИЈА НА ПРАВНАТА СТРУКТУРА ИЛИ КОНТРОЛА НА ИЗВЕДУВАЧОТ
КУПУВАЧОТ исто така може да раскине било кој ДОГОВОР во случај на:
(и) разумна изјава дека финансиската состојба на ИЗВЕДУВАЧОТ би можела да се толкува дека го спречува односниот ДОГОВОР да се спроведе уредно од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ; или
(ии) важни модификации кои влијаат врз неговата правна структура или било кои важни промени во контролата на неговиот акционерски капитал, и во тој случај ИЗВЕДУВАЧОТ мора нееодложно да го извести КУПУВАЧОТ за споменаите модификации.
КУПУВАЧОТ исто така може да аскине било кој ДОГОВОР ако се достигнат граници на одговорност, ако е така предвидено во ДОГОВОРОТ.
24. ПРЕБИВАЊЕ
Меѓусебниот пренос помеѓу сите компании зачленети во ArcelorMittal SA (како што е дефинирано во клаузула 1.1. од ОПШТИТЕ УСЛОВИ) на било кој и сите видови на кредити и побарувања што било која од тие компании можат да ги имаат од ИЗВЕДУВАЧОТ, вклучувајќи ги оние кои произлегуваат од посебни ДОГОВОРИ, со ова изрично се прифаќа од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ за истите да се пребијат по било кој кредит или прилив што го има ИЗВЕДУВАЧОТ од било која од тие компании.
Спрема тоа, сите побарувања и долгови се сметаат за независни и поврзани, и КУПУВАЧОТ ќе има право да бара од било која друга компанија на КУПУВАЧОТ да пренесе било кои побарувања на ИЗВЕДУВАЧОТ, како и да примени било кое право на задржување или исклучоик на неисполнување, како сите побарувања и долгови да произлегувале од една единствена договорна обврска.
25. ПРЕНОС НА ПРАВА
25.1.
ИЗВЕДУВАЧОТ нема право да пренесе целосно или делумно било кое од своите права односно обврски по ОПШТИТЕ УСЛОВИ или било кој ДОГОВОР или било кој ДОГОВОР без претходна писмена изрична согласност од КУПУВАЧОТ.
25.2.
КУПУВАЧОТ има право да пренесе било кој ДОГОВОР целосно или делумно на било која компанија која директно или индиректно ја контролира, е контролирана од или под заедничка контрола на ArcelorMittal SA (како што е дефинирано во клаузула 1.1. од ОПШТИТЕ УСЛОВИ), и за тој пренос на права КУПУВАЧОТ мора писмено да го извести ИЗВЕДУВАЧОТ.
25.3.
Во случај КУПУВАЧОТ да го продаде или пренесе ГРАДИЛИШТЕТО на било кое трето лице во период во кој споменатиот ИЗВЕДУВАЧ спроведува било која ДОГОВОР во врска со со таквото ГРАДИЛИШТЕ, КУПУВАЧОТ има изрично право да го пренесе споменатиот ДОГОВОР на новиот сопственик на ГРАДИЛИШТЕТО, и за таквиот пренос КУПУВАЧОТ мора ада го ИЗВЕДУВАЧОТ најдоцна еден (1) месец пред датумот на пренос на ГРАДИЛИШТЕТО на споменатиот нов сопственик.
25.4.
Ако по спроведувањето на било кој ДОГОВОР, ГРАДИЛИШТЕТО не останува во сопственост на КУПУВАЧОТ, КУПУВАЧОТ има изрично право да пренесе или лиценцира било кое и сите права на користење на ПРАВАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ кои постојат или се отелотворени во или се користат во врска со РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА, за рокот на заштита на таквите можни ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ, со цел за користење, модифицирање, оперирање, следење, поправка или одржување на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА (вклучувајќи го правото да ги поддоговори таквите задачи на на било кое трето лице) за потребите на ГРАДИЛИШТЕТО.
26. ДЕЛИВОСТ
Ако било кои услови од ОПШТИТЕ УСЛОВИ или од било кој ДОГОВОР се нелегални, невавачечки или неспроведливи по било кои ЗАКОНИ, сите други услови од ОПШТИТЕ УСЛОВИ или од тој односен ДОГОВОР остануваат незасегнати од истите. СТРАНКИТЕ се согласуваат да го заменат тој поединечен услов со одредбите од истиот или слично дејство или значење, или најмалку што поблизу до економската цел која во почетокот ја следеле СТРАНКИТЕ преку тие поединечни услови.
27. ВАЖЕЧКИ ЈАЗИК
27.1.
Јазикот што се применува на било кој ДОГОВОР како и на сета документација поврзана со истиот ќе биде јзикот на ГРАДИЛИШТЕТО каде што ќе се извршуваат УСЛУГИТЕ. Ако не е поинаку изрично договорено помеѓу СТРАНКИТЕ, или не се бара со задолжителните ЗАКОНИ кога јазикот на КУПУВАЧОТ и ИЗВЕДУВАЧОТ се различни, ќе се применува англискиот јзаик за сите комерцијални и договорни односи помеѓу СТРАНКИТЕ.
27.2.
ОПШТИТЕ УСЛОВИ постојат на неколку јазици. Во случај на противвречност помеѓу англиската верзија на ОПШТИТЕ УСЛОВИ и било кој од неговите званични преводи, англиската верзија ќе превладее.
28. ИЗВЕСТИЈА
Бил кое известие дадено во врска со било кој ДОГОВОР ќе важи само ако се даде во писмена форма, на јазикот на ДОГОВОРОТ како што е наведено во клаузула 27 погоре, и со писмо, телеграма, факс или електронска пошта потврдена со факс; сите известувања ќе се сметаат за ефективни по приемот на истите.
29. ВАЖЕЧКИ ЗАКОН
ОПШТИТЕ УСЛОВИ и секој ДОГОВОР ќе се регулираат и толкуваат во согласност со ЗАКОНИТЕ на местото на ГРАДИЛИШТЕТО каде што се наоѓа ГРАДИЛИШТЕТО. Конвенцијата на Обединетите нации за договори за меѓународна продажба на стоки од 1980 год. (Виенска конвенција) изрично не важи.
30. СПОРОВИ – ЈУРИСДИКЦИЈА
Било кои и сите барања или споови кои произлегуваат од или во врска со било кој ДОГОВОР писмено ќе се соопштуваат (вклучувајќи е-пошта или факс) на другата СТРАНКА. Во таквото известие ќе се наведат сите детали на барањето или спорот заедно со провремениот спорен износ.
Во случај на спор, СТРАНКИТЕ ќе направат сé да се постигне пријателско решавање во поглед на интерпретацијата, спроведувањето или валидноста на односниот ДОГОВОР во рок од триесет (30) ДЕНА по горе наведеното известување.
Ако претставниците на СТРАНКИТЕ не најдат пријателско решение, спорот ќе го решава (и) надлежниот суд од јурисдикцијата на односното ГРАДИЛИШТЕ или (ии) ако УСЛУГИТЕ треба да се вршат на повеќе ГРАДИЛИШТA, надлежниот суд од јурисдикцијата на КУПУВАЧОТ.
Без оглед на горе наведеното, КУПУВАЧОТ го задржува екслузивното право да пренесе било кој спор ангажирајќи го ИЗВЕДУВАЧОТ пред надлежниот суд од јурисдикцијата на КУПУВАЧОТ или од јурисдикцијата на ИЗВЕДУВАЧОТ.
Во секој случај, секоја СТРАНКА се обврзува да продолжи да ги исполнува своите дговорни обврски освен оние на кои се однесува точниот предмет на нивниот спор.
31. УСОГЛАСЕНОСТ СО ЗАКОНИ И ПОЛИТИКИ НА АРЦЕЛОРМИТТАЛ
31.1. УСОГЛАСЕНОСТ СО ЗАКОНИ
Секоја од СТРАНКИТЕ мора да ги почитува и мора да се осигура дека неговите директори, службеници, вработени, изведувачи, поизведувачи, добавувачи и застапници („ПЕРСОНАЛ“) ги почитуваат сите применливи ЗАКОНИ, вклучувајќи ги и оние во врска со корупција, перење пари, давање на мито, даночно затајување, економски санкции, регистрација, евалуација, одобрување и ограничување на хемикалии, здравје и безбедност, и не смеат да преземаат или предизвикаат преземање на мерки кои се нелегални или незаконски.
31.2. КОРУПЦИЈА
Секоја СТРАНКА гарантира дека (и) не платила, (ии) не се согласила да плати и (иии) нема да плати директно или преку својот ПЕРСОНАЛ или било кои лица кои дејствуваат во нејзино име, никаква провизија, плаќања за олеснувања или ослободувања во врска со налогот.
31.3. ИЗМАМА
СТРАНКИТЕ мора да ги преземат сите потребни чекори, во согласност со позитивната индустриска пракса, за спречување на било какви измамнички активности во врска со налогот, од нив или од нивниот ПЕРСОНАЛ или директорите, службениците, вработените, изведувачите, подизведувачите, добавувачите или застапници на нивниот ПЕРСОНАЛ.
31.4. УСОГЛАСЕНОСТ СО ПОЛИТИКИТЕ НА АРЦЕЛОРМИТТАЛ
ИЗВЕДУВАЧОТ ги прегледал („ПОЛИТИКИТЕ“) на АрцелорМиттал (и) Политика за Здравје и Безбедност; (ии) Кодекс на деловно однесување; (иии) Процедура за борба против корупција; (ив) Политика за човекови права; (в) Кодекс за одговорнa оптимизација на ресурси, кои се наведени на веб-страницата на АрцелорМиттал xxxx://xxxxxxxxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx. Во извршувањето на своите обврски во рамките на налогот и работата која настанува од него, ИЗВЕДУВАЧОТ мора да ги почитува начелата кои се содржани во ПОЛИТИКИТЕ и мора биде сигурен дека неговиот ПЕРСОНАЛ ги почитува тие начела.
31.5. ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА, ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА И ПРАВА НА РЕВИЗИЈА
31.5.1.
ИЗВЕДУВАЧОТ мора да прави, и да биде сигурен дека неговиот ПЕРСОНАЛ прави соодветни внатрешни контроли и според процедурите да обезбеди усогласеност со клаузулата 31, вклучувајќи процедури за точно евидентирање и пријавување на сите релевантни трансакции во книгите и записниците.
31.5.2.
ИЗВЕДУВАЧОТ мора да ги задржи, и да биде сигурен дека неговиот ПЕРСОНАЛ ги задржал, сите документи, фактури и информации поврзани со налогот („ДОКУМЕНТИ“) за период од десет (10) години по неговиот завршетокот или xxxxxx. ИЗВЕДУВАЧОТ е должен да достави до КУПУВАЧОТ оригинали од било кои ДОКУМЕНТИ, на барање. КУПУВАЧОТ може да направи и задржи копии од било кој ДОКУМЕНТ.
31.5.3.
КУПУВАЧОТ може да ја надгледува или ревидира усогласеноста на ИЗВЕДУВАЧОТ со оваа клаузула 31 во секое време додека налогот е во сила, и во рок од десет (10) години од неговото завршување или прекин. Во случај на вакво надгледување или ревизија, ИЗВЕДУВАЧОТ мора да му овозможи на КУПУВАЧОТ (или на негов овластен претставник) пристап до неговите простории и ДОКУМЕНТИ (и тие на неговиот ПЕРСОНАЛ) и (ии) да му дозволи на КУПУВАЧОТ (или на негов овластен претставник) да разговараат со ПЕРСОНАЛОТ на ИЗВЕДУВАЧОТ, на барање на КУПУВАЧОТ. ИЗВЕДУВАЧОТ мора да ги спроведе препораките кои произлегле од вакво надгледување или ревизија во рокот(вите) пропишан(и) од страна на КУПУВАЧОТ.
31.6. ОБЕШТЕТУВАЊЕ И РИЗИК НА ИЗВЕДУВАЧОТ
31.6.1.
ИЗВЕДУВАЧОТ го обештетува, xxxxx и штити КУПУВАЧОТ, и неговите соработници и поврзани компании, и неговиот и нивниот ПЕРСОНАЛ од и против секакви обврски, загуби, штети, повреди, трошоци, издатоци, мерки, постапки, рекламации, барања, парични казни и глоби кои произлегуваат од прекршувањето на обврските, гаранциите на ИЗВЕДУВАЧОТ или постапки од оваа клаузула 31.
31.6.2.
Во случај кога ИЗВЕДУВАЧОТ или неговиот ПЕРСОНАЛ мора да влезе во просториите сопственост на КУПУВАЧОТ, го прават тоа на свој ризик.
31.7. ОДГОВОРНОСТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ
Ништо во оваа клаузула 31 не ограничува или исклучува било каква обврска или одговорност наметната со ЗАКОН на ПРОДАВАЧОТ/ИЗВЕДУВАЧОТ или неговиот ПЕРСОНАЛ или директорите, службениците, изведувачите, поизведувачите, добавувачите или застапниците на неговиот ПЕРСОНАЛ, ниту на сите нив.
***