Contract
ОУ-ПОД 01/2014 Број: 02-1200/22 од 31.03.2014
Датум на примена: 01.05.2014
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
(1) Во овие услови употребените изрази го имаат следното значење:
„Осигурувач“ - САВА осигурување x.д. Скопје
„Договорувач на осигурување“ - лице кое ќе склучи договор со осигурувачот;
„Осигуреник“ - лице чиј имотен интерес е осигурен. Договорувачот на осигурување и осигуреникот се исто лице, освен при осигурување на туѓа сметка;
„Премија“ - износ кој осигуреникот му го плаќа на осигурувачот за склученото осигурување;
„Полиса“ - документ за склучен договор на осигурување;
„Надомест на штета“ - износ кој осигурувачот му го плаќа на оштетеното лице како надомест за претрпената
„Франшиза“ - учество на осигуреникот во секоја штета;
„Повреда на лица“ - телесни повреди, болест или смрт на трети лица настанати поради штетен настан за времетраење на договорот за осигурување;
„Оштетување на предмети“ - оштетување, уништување или расипување на предмети на трети лица настанати поради штетен настан за времетраење на договорот за осигурување. Како предмети се сметаат и животни, готови пари и хартии од вредност;
ОСИГУРЕНА ОПАСНОСТ
Член 1
(1) Осигурувањето ги покрива оштетните побарувања на нарачателот на услугите, кои се последици на стручна грешка на осигуреникот во вршењето на регистрираната дејност и за кои осигуреникот одговара врз законска основа.
НЕОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ
Член 2
(1) Осигурувањето не ги покрива отштетните побарувања:
1) кои според спогодбата или според посебниот договор ги надминуваат обврските што произлегуваат од законските одредби за одговорност;
2) за штета која има за последица повреда на лица или оштетување на предмети;
3) поради некомерцијално советување од страна на осигуреникот или од страна на неговите вработени;
4) поради кршење на превземените договорни обврски;
5) ако осигуреникот или кај него вработените лица предизвикаат стручна грешка намерно или од крајно невнимание;
6) доколку до стручната грешка дошло во време кога осигуреникот или лицата што за него вршат работа немале соодветна регистрација, лиценца односно дозвола за вршење на дејноста;
7) што настанале поради измама, други кривични дејства, присилување, закана или заплашување;
8) поради загуба на пари или хартии од вредност или поради кусок при попис;
9) до кои доаѓа поради казна која е должен да ја плати нарачателот или осигуреникот;
10) кои немаат повратно значење (како на пр. изречена казна за сторено кривично дело);
11) кои настанале поради губење на податоци или документи (пишани, печатени или електронски сочувани), кои на осигуреникот му се доверени на чување;
12) за штета што ќе ја претрпи:
а) осигуреникот и неговите роднини (до трето колено) и тогаш кога тие се вработени кај него;
б) лицата кои имаат во фирмата на осигуреникот сопственички удел од над 25% и/или имаат според законска основа или според актите на фирмата право односно можност да раководат со фирмата (мнозински сосопственици), како и штетата што ќе ја претрпат нивните роднини (до трето колено) и тогаш кога тие се вработени кај осигуреникот;
13) поради неисполнување на обврските на нарачателот на услугата одредени во договорот;
14) поради пречекорување на проценката за висината на трошоците или на каматните стапки;
15) за штети кои се последица на неплаќање на извршените услуги;
16) за штети поради изгубена добивка, кирија, прекинување на работа и слични оштетни побарувања за посредна штета;
17) поради нарушување на угледот или доброто име;
18) како последица на неликвидност или несолвентност на осигуреникот;
19) за штети предизвикани од производите на осигуреникот;
20) кои се однесуваат, произлегуваат, базираат или се припишуваат на било каква грешка на софтверска или хардверска опрема, на микропроцесори, компјутери, компјутерска или друга опрема, која делумно или во потполност ќе откаже, ќе се оштети или ќе предизвика штета (вклучувајќи и инфицирање на програмската опрема или податоците). Тоа се однесува и на софтверски и хардверски производи и опрема, обликување на компјутерски системи, нивна продажба, измени, сервисирање, одржување или советување од страна на осигуреникот или во негово име;
21) поради загадување на животната средина;
22) поради штета, загуба или трошок од секаков вид што е директна или индиректна последица од или во врска со дејство преземено за контрола, превенција, угушување или на било кој начин се поврзани со:
а) војна, инвазија, дејство на странски непријатели или воени операции (без оглед дали е војната објавена или не), граѓанска војна, побуна, револуција, востание, граѓански немири имајќи го во предвид учеството во или големината на востанието, воена или узурпаторска сила и/или
б) некое дејство на тероризам
Дејство на тероризам се дефинира како дејство, кое вклучува, но не е лимитирано на употреба на сила или насилство и/или од нивна закана од било кои лица, група на лица, без разлика дали дејствуваат сами или во име или врска со било која организација или влада, посветени на политички, религиозни, идеолошки или слични цели вклучувајќи ја намерата да се влијае на било која влада и/или да се заплаши јавноста или дел од јавноста.
23) поради дејствување или присуство на природни и елементарни непогоди,
24) поради атомска реакција, атомска радијација или радиоактивна, биолошка и хемиска контаминација.
СКЛУЧУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 3
(1) Договор за осигурување се склучува врз основа на пополнет прашалник од страна на осигуреникот.
(2) Осигурувачот може по приемот на пополнетиот прашалник да бара дополнувања или објаснувања. Договорот за осигурување е склучен кога договорните страни ќе ја потпишат полисата за осигурување.
(3) Одредбите за склучување на договор за осигурување се користат и кога ќе се измени постоечкиот договор за осигурување, освен во случај на измена на условите или тарифите за осигурување.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 4
(1) Доколку не е поинаку договорено обврската на осигурувачот за поединечен осигурен случај и годишно (годишен агрегат) е ограничена со висината на избраната сума на осигурување.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 5
(1) Како осигурен случај се смета оштетно побарување кое нарачателот на услугата или трето лице писмено го бара од осигуреникот и од осигурувачот, и двете за времетраење на осигурувањето односно најдоцна во рок од 30 дена по истекот на осигурувањето, за стручна грешка до која дошло за времетраење на осигурувањето, освен ако не е поинаку договорено.
(2) За времетраење на осигурувањето според овие услови се смета и периодот на непрекинатото осигурување за иста опасност кај осигурувачот со исти или различни сукцесивни договори.
(3) Ако стручната грешка настанала поради неизвршување на постапки што требале да бидат извршени се смета дека е направена на последниот ден кога постапката морала да биде извршена.
(4) За еден осигурен случај се смета:
1) ако за еден штетен настан има повеќе оштетни побарувања;
2) ако повеќе штетни настани се поврзани од иста причина;
3) ако повеќе штетни настани се појавуваат поради иста причина меѓу кои има правна, техничка или економска врска. Во тој случај како време на настан на осигурениот случај се смета времето кога настанала првата стручна грешка.
(5) За поднесување на писмено оштетно побарување доволно е писмено известување на нарачателот на услугата за тоа дека му е причинета штета поради стручна грешка на осигуреникот.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 6
(1) Доколку не е поинаку договорено осигурувањето ги покрива само оние осигурени случаи што настанале при вршење на регистрираната дејност на осигуреникот на територија на Република Македонија.
ПОВЕЌЕКРАТНО И ДВОЈНО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 7
(1) Договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот е должен при склучувањето на осигурувањето и при пријава на осигурен случај да го извести осигурувачот за тоа дали истата опасност можеби е осигурена и кај некој друг осигурувач.
(2) Во случај на повеќекратно и двојно осигурување се применува член 990 од Законот за Облигациони Односи.
ОКОЛНОСТИ ЗНАЧАЈНИ ЗА ОЦЕНА НА РИЗИКОТ
Член 8
(1) Осигуреникот е должен при склучувањето на договорот на осигурувачот да му ги пријави сите околности што се важни за оценување на опасноста и кои му биле познати или не можеле да му бидат непознати.
(2) Осигуреникот е должен за секоја промена на околностите, во текот на траењето на договорот за осигурување, кои би можеле да бидат од значење за оценување на опасноста, без одложување да го извести осигурувачот.
(3) По потреба осигуреникот е должен да му овозможи на осигурувачот преглед и ревизија на ризиците.
ПОЧЕТОК И КРАЈ НА ОСИГУРИТЕЛНОТО ПОКРИТИЕ
Член 9
(1) Обврската на осигурувачот од договорот за осигурување започнува после 24 часот од денот кој е наведен во полисата како почеток на осигурувањето и ако премијата е платена до тој ден, односно после 24 часот од денот кога премијата е платена, ако не е поинаку договорено.
(2) Обврската на осигурувачот завршува по истекот на 24 час од денот кој е наведен во полисата како ден на завршување на осигурувањето. Кога во полисата е наведен само почетокот на осигурувањето, истото продолжува од година во година (перманентно), додека некоја од договорните страни не го откаже договорот најмалку 3 месеци пред крајот на тековната осигурителна година.
(3) Доколку осигурувањето е склучено на повеќе од 3 години, секоја договорна страна може по истекот на тоа време, со отказен рок од 6 месеци, да го откаже договорот, и тоа писмено да и го соопшти на другата страна.
НАПЛАТА НА ПРЕМИЈАТА И ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ
Член 10
(1) Првата или еднократната премија за осигурување осигуреникот мора да ја плати при приемот на полисата за осигурување.
(2) При плаќање на премијата преку фактура или некој друг документ, каде обично се определува рокот на плаќање на првата премија, се смета дека премијата за осигурување е платена доколку плакањето е извршено до рокот на доспевање на фактурата или некој друг документ.
(3) Ако е договорено премијата да се плаќа на рати, и не се пресметани камати поради одложување на плаќањето, при настан на осигурен случај доспеваат за плаќање сите рати на премијата од тековната осигурителна година.
(4) Доколку е договорено премијата да се плаќа на рати или наназад, може да се пресмета редовна камата од износот на премијата, за која е договорено одложување на плаќањето. Ако премијата на рати не е платена до денот на доспевање, може да се пресмета и затезна камата.
(5) Доколку премијата е платена по пошта или банка, за време на плаќање се смета денот кога средствата приспеваат на трансакциската сметка на осигурителот.
(6) Ако на осигуреникот му се признал попуст за времетраење на осигурувањето и тој тоа го прекинал пред истекот на договорениот рок, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што осигуреникот би требало да ја плати ако осигурувањето било склучено само за период до прекинувањето.
(7) Акo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo, пpeмиjaтa што cтacaлa по cклyчyвaњeто нa дoгoвopoт нe ja плaти дo cтacaнocтa, нитy тоа гo стори некое друго зaинтepecиpaнo лицe, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa спoред caмиoт зaкoн - пo иcтeкoт нa poкoт oд 30 дeнa oд кoгa на дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo мy e вpaчeнo пpeпopaчанo пиcмo oд ocигypyвaчoт co извecтyвaњe зa
cтacaнocтa нa пpeмиjaтa, нo co тoa што тoj poк дa нe мoжe дa иcтeчe пpeд дa поминaт 30 дeнa oд cтacaнocтa нa пpeмиjaтa.
(8) Во случај кога договорот за осигурување престанува да важи заради неплатена премија осигуреникот мора да ја плати премијата до денот на важењето на договорот. Ако до денот на важењето на договорот за осигурување настанал осигурен случај, за кој осигурувачот мора да плати отштета, осигуреникот мора да ја плати целата премија за тековната осигурителна година.
ДОЛЖНОСТИ НА ОСИГУРЕНИКОТ ПРИ НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 11
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот дека се појавил осигурен случај во рок од 3 дена од денот кога тој за него дознал и да му ги достави сите оригинални документи што содржат оштетни побарувања.
(2) Доколку документите се изгубат или исчезнат, осигуреникот е должен да пријави во најблиската полициска станица.
(3) Ако против осигуреникот или против лицата за кои осигуреникот е одговорен, се покрене судска постапка поради сомневање за извршување на криминално дејство или ако се издаде одредба за кривично казнена постапка, осигуреникот е должен веднаш да го извести осигурувачот иако веќе го пријавил осигурениот случај како што е определено во став 1 на овој член.
(4) Осигуреникот е должен да се однесува согласно со упатствата и советите на осигурувачот и да се потруди, во границите на своите можности да ја избегне, намали или разјасни штетата. Тој мора да го подржува осигурувачот како при одбивање на штетата така и при одредување на висината и решавање на штетата. Тој е должен да дава детални и вистинити известувања во врска со штетата, да ги назначи сите околности поврзани со осигурениот случај и да му ги достави на осигурувачот сите запишани податоци кои можат да бидат значајни за проценката на осигурениот случај.
(5) Осигуреникот треба да му го препушти водењето на судската постапка на осигурувачот и да издаде овластување за застапување на овластеното лице од страна на осигурувачот.
(6) Осигурувачот може да одбие да го води спорот и да му го препушти водењето на спорот на осигуреникот, ако процени дека нема потреба за давање на правна заштита.
(7) Во случај на став 6 од овој член, осигуреникот во согласност со осигурувачот, е должен да се придржува на упатствата и налозите на осигурувачот во врска со водење на судска постапка.
(8) Осигуреникот нема право без претходна согласност од осигурувачот, целосно или делумно да го прифати оштетното побарување односно да постигне спогодба или да изврши исплата на штета.
(9) Ако осигуреникот го спречи осигурувачот при решавањето на оштетните побарувања или ако тој не соработува со него при решавање на осигурениот случај односно на било кој начин ги крши одредбите од договорот за осигурување, тој е должен да ја надокнади штетата што ќе му настане на осигурувачот.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 12
(1) Осигурувачот ја надоместува штетата заедно со трошоците за одбрана, што е утврдена според одредбите на овие услови, и е ограничена со висината на сумата на осигурување.
(2) Доколку се утврди дека осигуреникот кога дошло до осигурениот случај имал повеќе деловни приходи, повеќе вработени лица или околностите што влијаат на пресметката на премијата биле поинакви, и поради тоа е платена недоволна премија, надоместот на штетата се исплатува во пропорција помегу платената премија и премијата која би морала да биде платена.
(3) Учеството на осигуреникот во секоја штета (франшиза) изнесува 10% од надоместот на штета, а најмалку 250,00 ЕУР, во денарска противредност освен ако не е поинаку договорено.
(4) Доколку не е поинаку договорено, надоместокот на штетата за сите осигурени случаи во една осигурителна година е лимитиран со износот на договорената сума за осигурување (годишен агрегат).
(5) Доколку осигуреникот има склучено колективно осигурување на професионална одговорност преку комора односно интересни здруженија и дополнително индивидуално осигурување на професионална одговорност, при настан на осигурен случај се исплатува надомест на штета врз основа на колективното осигурување. Од индивидуалното осигурување надоместот на штетата се исплатува само тогаш кога сумата на осигурување според колективното осигурување не е доволна, и тоа само до висина на непокриениот дел од штетата, но најмногу до висината на сумата на осигурување од индивидуалното осигурување.
Ако осигуреникот врши услуга за нарачателот заедно со други изршители (соизвршители), надоместот на штетата се исплатува во висина на процентот со кој што осигуреникот учествува во извршувањето на нарачаните услуги
НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИ
Член 13
(1) Покрај исплатата на надоместот на штетата, во сумата на осигурување се вклучени и трошоците за судска постапка за докажување на одговорноста на осигуреникот.
(2) Осигурувачот ги надоместува и трошоците на судската постапка и штетата што ќе настане поради трошоците за застапување на оштетениот, доколку сам го водел спорот или му дал согласност на осигуреникот за водење на спорот, па и тогаш кога оштетното побарување за надомест на штета не било основано, но заедно со надоместокот на штетата до висината на сумата за осигурување. Ако судската постапка е водена без знаење и согласност на осигурувачот, со осигурувањето не се покриени трошоците на спорот.
(3) Трошоците за одбрана на осигуреникот во кривична постапка осигурувачот ги надоместува само во случај кога се сложил со изборот на бранителот и се обврзал да ги надокнади тие трошоци, но заедно со надоместокот на штетата до висината на сумата за осигурување
(4) Кога ќе ја изврши својата обврска со исплатата на сумата за осигурување осигурувачот се ослободува од понатамошни давања на име надомест и трошоци за еден осигурен случај и годишно доколку во договорот за осигурување не е поинаку договорено
ДОЛЖНОСТИ НА ОСИГУРУВАЧОТ ПРИ НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 14
(1) Осигурувачот е должен, при склучувањето на осигурувањето, на осигуреникот да му ги предаде важечките услови за осигурување, кои се составен дел од договорот за осигурување.
(2) Осигурувачот е должен детално да ги испита оштетните побарувања, како според основ на штета, така и по висина на оштетното побарување, да ги прифати оправданите побарувања како и да се погрижи за одбраната на осигуреникот од неоправдани или претерани оштетни побарувања.
(3) До висината на сумата на осигурување осигурувачот ги покрива и судските трошоци на осигуреникот само во случај кога судската постапка од самиот почеток ја води осигурувачот или лице назначено од страна на осигурувачот.
(4) Осигурувачот е должен да го исплати надоместот на штетата во рок од 14 дена од денот кога ке ги добие сите документи што се неопходни да се определи основот и висината на оштетното побарување.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 15
(1) Осигурувачот ќе го врати делот од наплатената премија за неискористениот период од осигурувањето, ако осигурениот ризик престане да постои по склучувањето на договорот за осигурување.
(2) Доколку осигурениот ризик престане да постои пред склучување на договорот за осигурување, осигурувачот ќе го врати износот на наплатената премија намален за манипулативните трошоци.
(3) Осигурувачот ќе изврши повраток на премијата на барање на осигуреникот само врз основа на приложен доказ за исполнување на условите за повраток на премијата.
(4) Во другите случаи на прекин на осигурувањето пред крајот на истекот, на осигурувачот му припаѓа премијата до денот на прекинот, освен ако во полисата не е договорено поинаку.
(5) Независно од одредбите на став 1, 2 и 3 од овој член осигурувачот не му ја враќа наплатената премија на осигуреникот поради прекин на осигурувањето ако во периодот до прекинот се појавил осигурен случај.
ПРОМЕНА НА АДРЕСАТА
Член 16
(1) Оосигуреникот мора да го извести осигурувачот за промената на адресата на своето живеење односно седиштето на фирмата или за промената на своето име односно името на фирмата во рок од 15 дена од денот на промената.
(2) Доколку осигуреникот ја променил адресата на живеење односно седиштето на фирмата или своето име односно името на фирмата, а за тоа не го известил осигурувачот, доволно е осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот, да го испрати на неговото постојано живеалиште или седиште или да го адресира на последното познато име, односно фирма.
(3) Во случај кога обидот да се достави препорачана пратка до осигуреникот не успее (поради преселување или одбивање да се прими) осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат како примени на денот од првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката
ПРЕТСТАВКИ ОД ОСИГУРЕНИЦИ
Член 17
(1) Осигуреникот, корисникот на осигурување или трето оштетено лице има право да поднесе претставка до Друштвото за осигурување доколку смета дека Друштвото не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување.
(2) Друштвото за осигурување е должно да се произнесе по претставката на осигуреникот/корисникот на осигурувањето/трето оштетено лице во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
(3) Доколку не е задоволен од одговорот на Друштвото за осигурување или ако Друштвото за осигурување не одлучи и писмено не го извести во рокот од 30 дена од денот на поднесувањето на претставката, осигуреникот/корисникот на осигурување/третото оштетено лице има право да поднесе претставка/жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на овој закон.
(3) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нe гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poкoт oд cтaв 2 oд oвoj члeн, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo пoчeтoкoт нa нapeдниoт пepиoд нa ocигypyвaњeтo ce мeнyвa вo cooбpaзнocт co извpшeнитe измeни вo Уcлoвитe зa ocигypyвaњe, oднocнo Tapифaтa нa пpeмии.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ
Член 18
(1) Секоја од договорните страни може да бара одредени спорни факти да ги утврдат вештаци. Барањето се доставува во писмена форма до другата договорна страна. Ако другата договорна страна се сложува со тоа, се пристапува кон постапка на вештачење.
(2) Секоја договорна страна писмено именува свој вештак. Избраните вештаци пред почетокот на работата избираат трет вештак, како претседател кој не може да биде од редовите на лицата кои се во работен однос со осигурувачот и осигуреникот.
(3) Вештаците му предаваат на осигурувачот и осигуреникот по еден примерок од својот писмен наод во определен рок. Ако наодите на вештаците меѓусебно отстапуваат, осигурувачот, нивните писмени наоди веднаш ќе му ги предаде на третиот вештак, кој своето стручно мислење го дава само во границите на констатациите од двата вештаци.
(4) Констатациите на вештаците се задолжителни за двете страни.
(5) Секоја договорна страна ги сноси трошоците за вештакот што го бира и половина од трошоците за третиот вештак.
HAДЛEЖHOCT BO CЛУЧAJ HA CПOP
Члeн 19
(1) Xx xxxxxx нa cпop пoмeѓy дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo - ocигypeникoт и ocигypyвaчoт, нaдлeжeн e cтвapнo нaдлeжниoт cyд cпоред мecтoтo на седиштето на осигурувачот.
HAЧИH HA ИЗBECTУBAЊE
Члeн 20
(1) Cитe извecтyвaњa и пpиjaви штo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн дa ги нaпpaви вo cмиcлa нa oдpeдбитe oд oвиe и дpyги ycлoви нa ocигypyвaњe, зaдoлжитeлнo тpeбa пиcмeнo дa ce пoтвpдaт aкo ce нaпpaвeни ycнo, пpeкy тeлeфoн, тeлeгpaмa или нa билo кoj дpyг нaчин.
Kaкo дeн нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa ќe ce cмeтa дeнoт кoгa e пpимeнo извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa. Aкo извecтyвaњeтo oднocнo пpиjaвaтa ce иcпpaќa пpeпopaчaнo, кaкo дeн нa пpиeмoт ќе ce cмeтa дeнoт нa пpeдaвaњeтo вo пoштa
(2) Спогодбите што се однесуваат на содржината на договорот важат само ако писмено се склучени.
ИЗMEHИ HA УCЛOBИTE ЗA OCИГУPУBAЊE И TAPИФATA HA ПPEMИИ
Члeн 21
(1) Aкo ocигypyвaчoт ги измeни Уcлoвитe зa ocигypyвaњe или Tapифaтa нa пpeмии, дoлжeн e зa тoa пиcмeнo, или нa дpyг пoгoдeн нaчин, дa гo извecти дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нajдoцнa шeeceт дeнa пред истекот на тековната година на осигурувањето.
(2) Дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo имa пpaвo дa гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poк oд шeeceт дeнa oд дeнoт нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo. Bo тoj cлyчaj, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa дa вaжи co иcтeкoт нa тeкoвнaтa гoдинa нa ocигypyвaњeтo.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Члeн 22
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
(2) Доколку осигуреникот ги променил личните податоци наведени во точка 1 од оваа одредба, а за тоа не го известил осигурувачот, осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот ќе го испрати на адресата на неговото последно живеалиште или седиште или ќе го адресира на последното познато име и презиме, односно назив на фирма.
(3) Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот нема да биде успешeн (поради преселување или одбивање да се прими), осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како уредно доставена и ќе ја депонира во своето седиште. осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат за примени од денот на првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 23
(1) Осигуреникот, согласно Законот за заштита на личните податоци изречно се согласува неговите лични податоци да се користат за натамошна обработка од страна на осигурувачот во својство на контролор и од страна на обработувачи на лични податоци за спроведување на конкретните права и обврски од договорот за осигурување, каде осигуреникот е договорна страна или на барање на осигуреникот, пред негово пристапување кон договорот.
(2) Осигуреникот изречно се согласува и го овластува осигурувачот во интерес на работата, а во врска со правата и обврските кои произлегуваат од овој договор, да се интересира за неговите лични податоци (адреса на живеење, вработеност, имотна состојба и примања) кај одговорните државни органи или било која друга надлежна институција, и истите да ги употреби доколку е тоа потребно за извршување на одредбите од овој договор.
(3) Осигуреникот му дозволува на осигурувачот неговите лични податоци да бидат дадени на користење и на други надлежни институции кои за тоа поднеле писмено барање, а во врска со извршување на нивните редовни работи во согласност со закон.
(4) Личните податоци на осигуреникот можат да се користат само во рамките на работите кои произлегуваат од правата и обврските на овој договор и се чуваат во законски утврдените рокови. Осигурувачот се обврзува дека личните податоци на осигуреникот внимателно ќе ги чува во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
НАДЛЕЖЕН ОРГАН
Член 24
Надлежен орган за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување, до која Осигуреникот/корисникот на осигурувањето/третото штетено лице може да достави претставка/жалба во однос на друштвото за осигурување согласно Законот за супервизија на осигурување.
ЗАВРШНА ОДРЕДБА
Член 25
Овие Општи услови влегуваат во сила со денот на донесувањето, а ќе се применуваат од 01.05.2014 година, со што престануваат да важат Општите услови за осигурување од професионална одговорност со деловоден број 02-2782/3 од 27.05.2010 година, донесени на 25-та седница на Одборот на директори одржана на 26.05.2010 година, со датум на примена од 01.01.2010 година.