Бугарскиот ветеринарен Сојуз и Ветеринарната комора на Република Македонија како професионални организации на докторите по ветеринарна медицина во Република Македонија и Република Бугарија ја искажуваат својата подготвеност да соработуваат за прашања...
Договор за соработка помеѓу Ветеринарна комора на Република Македонија и
Бугарскиот ветеринарен Сојуз
На 05.02.2018 година во Софија, Република Бугарија, Претседателот на Ветеринарната комора на Република Македонија д-р Xxxxxxxx Xxxxxxxxxx и Претседателот на Бугарскиот Ветеринарен Сојуз д-р Xxxxxx Xxxxxxx, потпишаа договор за соработка. На настанот присуствуваа заменик-министерот за земјоделство, храна и шумарство на Р. Бугарија д-р Xxxxxx Xxxxxxxx и амбасадорот на Република Македонија во Р. Бугарија, Xxxxxx Xxxxxx. Д-р Xxxxxx Xxxxxxxx изрази задоволство од потпишувањето на Договорот и додаде дека за да биде ефикасна борбата против болестите кај животните потребни се заеднички активности. На настанот свое обраќање имаше и амбасадорот на Република Македонија во Република Бугарија, Xxxxxx Xxxxxx кој истакна дека претставува особена чест и задоволство да се присуствува на настан кој е од огромно значење за унапредување на меѓународната соработката на двете организации.
Бугарскиот ветеринарен Сојуз и Ветеринарната комора на Република Македонија како професионални организации на докторите по ветеринарна медицина во Република Македонија и Република Бугарија ја искажуваат својата подготвеност да соработуваат за прашања од заеднички интерес на билатерално, регионално, европско и светско ниво за развој на ветеринарната професија врз основа на принципите на Светската организација за здравјето на животните (OIE) и Федерацијата на ветеринари во Европа (FVE). Прва активност произлезена од потпишувањето на договорот ќе биде запознавање на докторите по ветеринарна медицина од меѓуграничниот појас на двете држави, со цел размена на искуства и подобрување на меѓуграничната соработка.