Contract
Бр.
Скопје,
Д О Г О В О Р
за отварање и водење на сметка на физички лица Склучен во Скопје на ден , помеѓу:
1. Комерцијална банка X.X. Скопје, ( во натамошниот текст (Банка) претставувана од Xxxxxxx Xxxxxxxx – Директор на Дирекцијата за платен промет во земјата, и
2. | |
(име и презиме) | (ЕМБГ) |
(во натамошниот текст: сопственик на сметка) |
Општи одредби
Член 1
Со овој Договор се регулираат меѓусебните права и обврски помеѓу Xxxxxxx и сопственикот на сметката во врска со отварање, водење и работење со сметката со која врши плаќање во денари.
Отварање и водење на сметката
Член 2
Банката врз основа и под услови од овој договор отвора сметка на сопственикот на сметката преку која сопственикот на сметката врши плаќања во денари и подига готови пари.
Член 3
Банката му издава картичка на сопственикот на сметката.
Начин на извршување на платниот промет
Член 4
Сопственикот на сметката е должен да доставува исправно и точно пополнети платни инструменти . За евентуално настанатата штета по основ на погрешно пополнети платни инструменти, Xxxxxxx не носи одговорност.
Член 5
Банката извршува плаќања од сметката на сопственикот на сметката до висината на покритието на сметката. Под покритие се подразбира состојбата на сметката од претходниот работен ден, намалена за сите извршени плаќања од сметката заедно со предвидената банкарска провизија за хонорарните сметки до моментот на утврдување на салдото, а зголемена за евидентираните уплати на сметки во тековниот ден.
Член 6
Сопственикот на сметката може да ја овласти Xxxxxxx да врши плаќање во име и за сметка на сопственикот на сметката кон трети лица. Овластувањето се дава во писмена форма, заверено кај нотар, со назначување на сите потребни елементи за извршување на плаќањето:
• Сметка на товар на која се врши плаќањето
• Износ
• Сметка на налогопримачот
• Дата на извршување на плаќањето.
Доколку сопственикот на сметката го откажува претходно даденото овластување, или ги менува претходнко дадените инструкции, должен е да ја извести Банката во рок од 5 дена пред денот на извршувањето на плаќањето.
Пресметување на камата
Член 8
Сопственикот на хонорарната сметка се обврзува за извршување на услугите од овој договор и врз основа на овој Договор да и плаќа на Банката надомест во висина, во рокови и на начин согласно Тарифата за надоместоци на услугите што ги врши Банката.
Со потпишување на овој Договор, сопственикот на сметката ја овластува Банката и и дава неотповиклив налог да ги наплатува надоместоците и трошоците од претходниот став на терет на средствата на сметката.
Известувања
Член 9
За состојбата на настанатите промени на сметката, Xxxxxxx се обврзува да го известува сопственикот на сметката со доставување на извод за промените и состојбата на средствата на сметката, на начин определен од страна на сопственикот на сметката. Се смета дека сопственикот на сметката го прифаќа изводот доколку не гто оспори во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот.
Сопственикот на сметката е должен да ја провери точноста на изводите и доколку утврди неправилности, должен е да достави приговор во рок од 2 (два) дена од денот на добивањето на изводот. Xxxxxxx се обврзува дека ќе го разгледа и ќе одговори на приговорот во рок од 8 (осум) дена.
Заштита на податоци
Член 10
Банката во согласност со важечките законски прописи, податоците за сметката ги пренесува во Единствениот регистар на иматели на сметки, која се води во Клириншката куќа и е единствена база на податоци и евиденција на имателите на сметки во домашниот платен промет, наменет за извршување на платниот промет, контрола на сметките и обезбедување на податоците.
Договорните странки се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите податоци, дејства и околности за кои добиле сознание во врска со извршување на овој Договор, освен за тоа што е пропишано со важечките прописи или ако поинаку не се договорат.
Важност и престанок на договорот
Член 11
Овој Договор се склучува на неодредено време. Истиот може да го раскине една од договорните странки со отказен рок од еден месец.
Сопственикот на сметката може да го раскине само ако со тоа не ги крши одредбите од овој Договор, и ако пред затварање на сметката ги изврши сите обврски кои произлегуваат од овој Договор.
Xxxxxxx може да го раскине Договорот без рок ако утврди дека имателот на сметката се однесува спротивно на одредбите од овој Договор.
Во случај на раскинување на Договорот од страна на Xxxxxxx, Xxxxxxx ќе ги пренесе средствата од сметката на сопственикот на сметката, на друга сметка врз основа на инструкциите од сопственикот на сметката, а доколку во рок од 8 ( осум) дена сопственикот на сметката не достави инструкции, Xxxxxxx ќе ги пренесе средствата на сметка по свој избор.
Завршни одредби
Член 12
За се што со овој Договор не е предвидено важат одредбите на законските прописи и акти на деловната политика на Xxxxxxx.
Член 13
Во случај на спор надлежен е судот во Скопје.
Член 14
Договорот е составен во 2 (два) идентични примероци, од кои по еден за секоја договорна страна.
Член 15
Договорот е случен и стапува во сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни.
СОПСТВЕНИК НА СМЕТКА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА А.Д.
С К О П Ј Е
КБС-Д