Contract
УПАТСТВА ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Услуги што треба да се обезбедат
Услугите што ги бара Договорниот орган се услуги за дизајн и печатење на материјали за проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“
2. Содржина на тендерите
Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со тендерот кои ги разменуваат понудувачот и Договорниот орган треба да бидат напишани на локалниот јазик.
Тендерот мора да се состои од Формулар за поднесување на тендер, Техничка и Финансиска понуда.
1. Формулар за поднесување на тендер
Формуларот за поднесување на тендерот е според приложениот формулар во тендерското портфолио.
2.1. Техничка понуда
Техничката понуда – ја поднесува понудувачот според приложениот xxxxx – Анекс 1.2 дополнети со потребните анекси
2.2. Финансиска понуда
Финансиската понуда мора да биде презентирана во МКД, без ДДВ, следејќи го приложениот формат (Анекс 1.3). Форматот се пополнува во количина или траење идентично како што е дефинирано во дадената табела според техничката понуда од Анекс 1.2:
1. Број на ставка | 2. Потребни спецификации | 3. Количина | 4. Број на страници | 5. Единечна цена по производ без ДДВ (МКД) |
1 | Публикација„Водечки принципи за бизнис и човекови права“ • Дизајн и подготовка за печат • Формат А5 • Насловна и задна корица во боја/ внатрешност двобојна, двострана | Најмалку 400 примероци - 300 примероци на македонски и 100 нa албански јазик | До 50 страници | |
2 | Работни пакети за национална конференција: • Дизајн и печатење во боја на Папки, тетратки, програма и други документи до 10 страни | Најмалку 80 примероци | ||
3 | Дизајн на онлајн публикација на основна анализа (pdf формат) | 1 | ||
4 | Извршно резиме на основна анализа од 10 страници • Дизајн и подготовка за печат • Формат А4 • Во боја (предна, задна корица и внатрешност) • Употреба на табели, графикони и графици | Најмалку 350 примероци - 250 примероци на македонски, 50 нa албански јазик и 50 на англиски јазик | 10 страници | |
5 | Публикација „Практичен водич за имплементација на ВПОН“ • Дизајн и подготовка за печат • Формат А4 • Во боја (предна, задна корица и внатрешност) • Употреба на слики, табели, графикони и графици | Најмалку 300 примероци - 200 примероци на македонски и 100 на албански јазик | До 100 страници | |
6 | Проектен леток • Дизајн и подготовка за печат • Формат А4 • Во боја, двострано • Со превиткувања • Употреба на табели, графикони и графици | Најмалку 300 примероци – 200 примероци на македонски, 50 на албански јазик и 50 на албански јазик | 1 | |
7 | Дизајн и изработка на банер за проектот (90х200) со механизам | 1 | 1 |
Понудувачот е потсетен дека максималниот буџет кој е на располагање за овој договор изнесува 11.000,00 ЕУР х 61,495 = 676.445 МКД.
3. Поднесување на тендери
Тендерите треба да се поднесат електронски пред 03.12.2018 до 13:00 часот по локално време, на следната e-mail адреса xxxxxx@xxxxxx.xxx.xx.
Понудите треба да ги содржат сите потребни документи, наведени погоре, во точка 2.1 и 2.2.
4. Евалуација
Квалитетот на секоја техничка понуда поднесена во дадениот рок ќе се оценува во согласност со следните административни и технички барања:
• Постоење и квалитет на техничка понуда, документ кој треба задоволително да кореспондира со услугите што ги бара Договорниот орган (60 поени)
• Квалитет на профил и портфолио на понудувачот (20 поени)
• Предложената цена е во рамките на буџетот што е на располагање (20 поени)
Договорот ќе се додели на технички сообразната понуда со најдобра вредност за понудената цена
5. Потпишување на договорот
Успешниот понудувач писмено ќе биде информиран за прифаќањето на неговиот тендер. Понудувачот ќе биде поканет да го потпише договорот.
Сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од евалуацијата на тендерите.