Овие комерцијални одредби и услови (понатаму 'Одредби') ќе важат за сите наши понуди, испораки и услуги до компаниите (B2B). Дел I се однесува на испорака на стока. Дел II се однесува на услугите од страна на нашата корисничка служба. Сите поединечни...
Комерцијални одредби и услови
Овие комерцијални одредби и услови (понатаму 'Одредби') ќе важат за сите наши понуди, испораки и услуги до компаниите (B2B). Дел I се однесува на испорака на стока. Дел II се однесува на услугите од страна на нашата корисничка служба. Сите поединечни договори што се разликуваат од овие Одредби ќе бидат важечки само ако се потврдат од наша страна на писмен начин и со уреден потпис. Сите неформални изјави се неважечки. Сите комерцијални одредби и услови на страната што нарачува нема да важат. Прифаќањето на стоките во секој случај се смета како прифаќање на нашите Одредби. Нашите кориснички услуги до конзумерите (B2C) се предмет на одделни комерцијални одредби и услови. Нашите комерцијални одредби и услови може да ги најдете на xxx.xxxxxx-xx.xxx.
I. КОМЕРЦИЈАЛНИ ОДРЕДБИ И УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА НА СТОКА
1. ПОНУДА
Нашите понуди не се обврзувачки. Секое претставување на моделите и секоја информација за димензиите, тежината и техничките податоци не се обврзувачки и се предмет на промени во врска со производството и моделот. Таквите промени нема да претставуваат дефект.
2. ФОРМИРАЊЕ НАРАЧКА, ИЗМЕНА НА ПРОИЗВОДИТЕ ЗА ИСПОРАКА
1. Нарачките мора да се направат по писмен пат (писмо, факс или е-пошта или преку системот за нарачување преку интернет). Кога Daikin ќе го потврди приемот на нарачката, тоа не значи дека нарачката е прифатена. Ќе се смета дека сме прифатиле нарачка откако јасно ќе го потврдиме прифаќањето по писмен пат или ако всушност ја извршиме таа нарачка. Секоја согласност и договор склучени по вербален пат и преку телефон мора да се потврдат по писмен пат.
2. Xx задржуваме правото да го поништиме договорот дури и по прифаќање на нарачката, ако информацијата, што во меѓувреме сме ја добиле за ликвидноста на купувачот, кажува дека купувачот нема да може да ја плати целата сума или дел од нарачката.
3. Кога ќе прифатиме понуда, го задржуваме правото да ги измените и подобриме производите за испорака, на пр., во согласност со неговиот тип и дизајн, до таа мера што купувачот се очекува да ги прифати таквите измени и подобрувања во согласност со нашите интереси (пр., испорака на ист или пософистициран уред). Таквите измени и подобрувања се сметаат за одобрени однапред.
4. Откажувањето или измената на цела или дел од понудата од страна на купувачот треба да
писмено да се потврди од наша страна и не овластува да му наплатиме на купувачот - дополнително на веќе доставените услуги и заостанати долгови - (за откажување) сума од 20 % вредноста на нарачката и најмалку € 250. За определени групи на производи (на пр., повеќе scroll- компресори, разладувач со screw-компресор) важат одделни правила за откажување, што може да ги најдете на xxx.xxxxxx-xx.xxx.
3. ЦЕНИ И УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ
1. Цените се засновани на ценовникот, којшто се подобрува од време на време и вообичаено се издава еднаш годишно. Го зачувуваме правото да ги измениме цените и преку годината.
2. Цените се сметаат како нето цени без даноци, обврски или трошоци во назначената цена на пакувањето, освен ако не е поинаку назначено. Нема да ги земеме назад пакувањето и материјалот за пакување.
3. Нема да прифатиме приговори за фактури примени повеќе од две недели по примање на фактурата. Освен ако не е поинаку назначено, фактурите треба се платат до 30 дена од назначениот датум; денот на плаќање е денот кога ќе го добиеме плаќањето. Во случај на задоцнето плаќање, ќе наплатиме стандардна камата од 12% годишно. Во случај купувачот да не плати, може да ги побараме и трошоците за наплата на нашето барање, заедно со, без никакво ограничување, трошоците за наплата на долг.
4. Ако е договорено плаќање на рати, датумот на плаќањето ќе биде поместен поскоро ако купувачот
не успее да лати една рата.
5. Може да извршиме испораки во зависност од плаќањето однапред.
6. Купувачот не може да ги задржи или да ги компензира плаќањата во зависност од гаранцијата и другите барања.
4. ВРЕМЕ НА ИСПОРАКА
1. Назначените времиња на испорака не се обврзувачки и служат само за референца, иако се стремиме да ги исполниме назначените рокови. Купувачот нема право да инсистира на исполнување на определено време на испорака. Како последица, одложувањата во доставувањето нема да наложуваат барања за оштета и не го овластуваат купувачот да го поништи договорот. Истото важи и ако не се исполнат роковите за испорака поради виша сила, штрајк или други настани што се надвор од контрола.
2. Под никакви услови нема да прифатиме барања за казни поставени од купувачот.
3. Дозволени се испораки на делови.
4. Ако нарачателот се наоѓа во реон за рана испорака, Daikin може времено да ја одложи испораката ако чека исплата на претходна испорака и не треба да му плати на нарачателот никаква оштета во врска со тоа.
5. ПРИФАЌАЊЕ НА ИСПОРАКИТЕ, ПРЕФРЛАЊЕ РИЗИК, ОДЛОЖЕНО ПРИФАЌАЊЕ
1. Освен ако не е поинаку договорено, испораките се извршуваат CIP (со платен транспорт и осигурување) (Incoterms 2010) на назначената дестинација
2. Во принцип, испорака со CIP (со платен транспорт и осигурување) покрива само минимално осигурување при транспорт. Ќе се купи дополнително транспортно осигурување само ако купувачот исклучиво побара и ако е предмет на одделен договор и ќе биде на трошок на купувачот.
3. Купувачот мора веднаш да ги провери испорачаните производи, што ги примил директно или од страна на неговите купувачи, дали се оштетени и секое оштетување на пакувањето или на уредот мора да го запише на документот за испорака и ќе ја одбие испораката на транспортната фирма. Ако купувачот подоцна забележи дека стоката е оштетена, купувачот веднаш треба да ни го пријави таквото оштетување, не подолго од три дена по испораката; во спротивно, секое право на осигурување може да истече.
4. Ако купувачот го пролонгира примањето, може - и покрај нашите други права - да ја наплатиме
стоката како испорачана или може да се ослободиме од неа без да поставиме временско ограничување. Ако, во друг случај, се ослободиме од стоката, времето на испорака ќе се смета од денот кога купувачот по писмен пат ќе побара испорака на стоката.
5. Може да му наплатиме на купувачот за сите трошоци настанати поради задоцнето примање на стоката, заедно со, без никакво ограничување, сите трошоци за складирање, периоди на чекање итн..
6. ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПРАВОТО ВРЗ СТОКАТА
1. Ќе го задржиме правото на испорачаната стока, ако чекаме исплата на сите барања настанати од бизнис односите со купувачот, иако е платена цената за таа стока. Ако се обработат доставените стоки врз коишто го имаме правото, ќе го добиеме и правото врз новиот производ. Ако стоките што сме ги испорачале се измешани, обработени или комбинирани со други предмети, купувачот со тоа, сразмерно на вредноста на нашите фактури, ни го предава правото на сопственост или коспоственост на комбинираниот или новиот производ, во однос и на привремените и на крајните производи.
2. Купувачот може да ги препродава стоките што сме ги доставиле и предметите што се создадени со нивна обработка, мешање или комбинирање само во смисла на секојдневен бизнис. Со ова, купувачот ни ги припишува сите барања што произлегуваат од таквата препродажба или од секоја друга правна основа кон трети лица, заедно со споредните права, за да ги обезбеди нашите - идни
- барања што може да произлезат од нашата деловна врска. Купувачот мора да го запише назначувањето на овие барања во своите книги не подоцна од кога ќе се продаде стоката.
3. Пред да ја плати цената на предметот, купувачот може да го препродаде предметот само ако истовремено го извести вториот купувач (крајниот купувач) дека претходно се назначени процедурите за препродажба.
4. Купувачот може да наплати припишаните барања ако ги има реализирано обврските за плаќање кон нас според одредбите на одредбите на овој договор. Во спротивно, купувачот не смее да се ослободи од стоките врз кои ние имаме право (на пр.,: пренос на имот по пат на безбедност, ставање под залог).
5. Купувачот мора веднаш да не извести за секој прилог или друго оштетување на стоките врз кои
имаме право и/или припишаните барања и да објасни на третото лице дека сме ги задржале правата врз тие стоки. Сите трошоци во врска со тоа ќе ги сноси купувачот.
(Последно ажурирање: март, 2017 година)
7. ПИСМЕНА ГАРАНЦИЈА
Освен ако не е поинаку договорено, и без понатамошни барања, гарантираме за сите неисправности и за отсуството на гарантираните квалитети на стоките во време на испораката на следниот начин:
1. Освен ако не е поинаку наведено подолу, гарантниот период изнесува 36 месеци од датумот на испорака (испорака од страна на транспортната фирма). Купувачот е одговорен да докаже дека неисправноста постоела во времето на испораката.
2. Купувачот може да постави барања за гаранција само ако опремата е инсталирана и пуштена во употреба од страна на Daikin или од компанија обучена од Daikin според инструкциите за инсталација на Daikin и ако е редовно одржувана според упатствата за сервисирање и/или инструкциите за работа на Daikin.
3. Не се прифаќа никаква гаранција и/или одговорност, освен ако купувачот не пријави видливи неисправности со писмено известување во рок од 3 работни дена од испораката, а сите други неисправности се пријавуваат без одложување веднаш откако ќе се откријат.
4. Освен ако не е поинаку договорено, стоките на „Применетите системи на Daikin“, што се произведени врз основа на посебна нарачка, како на пример, разладувачи, топлотни пумпи, кондензирачки единици (опремени со scroll-, screw- или центрифугален компресор), фенкојлери (FCU) и клима комори / кровни единици под брендот на Daikin, вообичаено содржат право на гаранција од 12 месеци, ако машината била пуштена во употреба од страна Daikin или од лице сертифицирано од Daikin. Ако производите се означени со „J&E Hall International for Daikin“ купувачот може да побара гаранција од 18 месеци. За производите од брендот „Rotex“ вообичаено следува гаранција од 24 месеци освен за следните варијации: 10 години за цевките за подно греење и системските плочи, VA-цевки и резервоарите за складирање нафта variosafe. 5 години за соларни панели, резервоарите за нафта variosystem и highcube и резервоарите за дождовна вода variocistern. 3 години за соларната единица со топлотна пумпа HPSU и резервоарите за складирање топла вода HYC, SCS и SC. За производите од брендот „Zanotti“ купувачот може да изјави право на гаранција од 12 месеци од пуштањето во употреба или 18 месеци од испораката (испорака до транспортната фирма).
5. Во случај на гаранција, по наш избор ја преземаме одговорноста за поправка на неисправните
стоки или делови или да овозможиме стоки и компоненти без никаков дефект. Не постојат други права за гаранција. Трошоците за работна рака, времето на патување, потрошните материјали, како разладни средства и лубриканти или други трошоци (на пр., за инсталација, модифицирање) нема да се надоместат. Daikin, по свој избор ќе овозможи повремено ажурирање на софтверот. Ажурирањата може да содржат поправки на грешки, подобрувања, како и надградби. Ажурирањата се доставуваат до купувачот во форма на машински јазик и во форма за инсталирање, заедно со инструкции за инсталирањето. Купувачот е задолжен да ги инсталира ажурирањата на свој трошок во пристоен временски рок. Секоја оштета што ќе настане ако не се инсталираат ажурирањата, ќе биде на одговорност на купувачот и Daikin не прифаќа никаква одговорност поради неизвршено ажурирање на единицата.
6. Како дополнување на параграфите 2 до 3, не се прифаќа никаква гаранција и/или одговорност за
неисправности што се предизвикани од неадекватна или неправилна употреба или однесување, од неможноста да се надгледуваат работните услови или инструкциите за одржување, прекумерна употреба на неадекватни работни материјали или резервни материјали или резервни делови што не се доставени од Daikin. Исто така, не се прифаќа гаранција за вообичаена употреба или оштетување на потрошните делови, заедно со, но не и само филтри, млазници на бренер, карбонски четки, спојки, електроди, заштитни аноди, UV-сонди, мрежи, масло или други потрошни материјали.
7. Освен ако не ни е дозволено потребното време и можноста да ги преземеме сите потребни мерки
за гаранција, ослободени сме од сите барања за гаранција и оштетувања. Ако купувачот продолжи да користи неисправни стоки, гарантираме и/или сме одговорни само за оригиналната неисправност. Нема да ги обесштетиме трошоците за поправки што се изведени без наша претходна согласност. Ја отфрламе секоја одговорност од последиците за таквите поправки.
8. Гарантниот период за резервни делови и други подобрувања изнесува 6 месеци од испораката (испораката до транспортната фирма).
9. Ако се поправи некаква неисправност, гарантниот период нема да се обнови за заменетите или поправените делови.
10. Може да одбиеме да поправиме дефектите ако купувачот ги нема исполнето обврските за плаќање.
11. Ако се доставени и инсталирани производи од трето лице, гаранцијата не важи за барањата што може да ги поставиме кон доставувачот на производот од трето лице. Купувачот не може да поставува други барања за гаранција и не е квалификуван за права за намалување на цената.
8. ОДГОВОРНОСТ
Одговорни сме за оштетата само ако очигледно сме постапиле со намера или со големо невнимание. Ја отфрламе секоја одговорност за мало невнимание. Особено не сме одговорни за последична оштета (на пр., пасивно време поради погрешни испораки) и финансиски загуби, намалување на профитот, неостварени заштеди, губење профит и сите оштетувања што ги трпи купувачот од барањата од третото лице, освен ако горенаведеното не се припишува на наша одлука или големо невнимание. Ако оштетата се припишува на неисправноста на стоките што ни се нам испорачани, сносиме одговорност онолку колку што произведувачот или доставувачот сноси одговорност кон нас. Нашата одговорност во секој случај не ја надминува вредноста на фактурата на оштетените стоки.
9. ВРАТЕНИ СТОКИ
1. Стоките може да се вратат и да се заменат само по наша прецизна и писмена согласност. Прифаќаме вратени стоки само во нето вредност од минимум € 100 по предмет и максимална нето вредност од € 50 000 по предмет и само ако се смета дека тие стоки се неоштетени, не се користени, се во оригиналното пакување и се достојни за повторна продажба. Поточно, не се дозволени враќања на веќе инсталирани единици (заедно со разладувачи) и враќања на нарачани единици и на резервни делови.
2. TКупувачот треба да го пополни формуларот „Барање за повраток на стока” (достапен на бизнис порталот на Daikin xxxxx://xx.xxxxxx.xx) и да го испрати на нашиот факс или адреса на е-пошта во рок од 10 календарски денови по испораката, во спротивно нема да го прифатиме враќањето.
3. Стоката мора да се врати со платен транспорт на ризик на купувачот до дестинацијата назначена
од наша страна.
4. Во секој случај на враќање на стоката, ќе се изврши повраток на средства од 80% од нето цената што сме ја наплатиле на купувачот. Сите стандардни враќања ќе бидат предмет на трошоци за обновување на залихите / административните трошоци од 20% од нето цената.
5. Ние ќе ги провериме сите враќања. Ако стоките се погрешно вратени (т.е. не се во согласност со
горенаведениот параграф 1.), може да ги одбиеме враќањата и стоките да ги вратиме до купувачот на негов ризик и негови трошоци. Исто така, може да наплатиме повеќе за обновување на залихите / административните трошоци од горенаведените 20%.
6. Сметкопотврдите од секаков вид исклучиво ќе се компензираат само за идни испораки.
10. ИНСТАЛАЦИЈА
Купувачот има одговорност да ги инсталира и пушти во употреба стоките и да овозможи своите вработени, агенти и подизведувачи или сите други лица што ги користи купувачот за да ги инсталира и пушти во употреба стоките, да бидат целосно обучени да го направат тоа и да се следат сите одредби на инструкциите и прирачниците што се испорачуваат со стоките.
11. ОКОЛИНА, ЛИЦЕНЦИ
1. Купувачот ќе биде одговорен за сите трошоци што настануваат од и во врска со прекинување на употребата, поправањето, рециклирањето и фрлањето на сите или дел од стоките и нема да сака да ги врати таквите трошоци од нас.
2. Купувачот е одговорен за добивање и исполнување на сите важечки лиценци, одобрувања, дозволи и согласности од соодветните регулаторни тела и за постапување во согласност со други законски надлежни институции во врска со складирање, инсталација, работа, употреба, одржување, поправка, транспорт, прекинување на употребата, поправање и евентуално фрлање на стоките.
3. Кога купувачот ги продава сите или дел од стоките на друго лице, може да стапи во сличен договор со тоа лице.
12. ДОВЕРЛИВОСТ
1. Сите информации и/или совети, било писмени или вербални, во врска со стоките или нашите бизниси, дадени од наша страна до купувачот, нема да се откријат на трето лице без наша претходна писмена согласност, освен ако таквата информација и/или совет веќе е во јавниот домен без да се прекрши овој услов или ако откривањето е побарано со закон.
2. Купувачот веднаш ќе не извести за секое откривање што е побарано со закон и ќе може да побараме соодветно решение да се спречи таквото откривање. Купувачот се согласува целосно да соработува со нас (на трошок на купувачот) ако ја отфрлиме важноста на таквото барање.
13. ПРАВА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
1. Купувачот нема да има права на никаква интелектуална сопственост што ја поседуваме или што е лиценцирана од наша страна.
2. Купувачот нема да дозволи ниедна трговска марка или инструкции или предупредување, што се однесува на стоките, да се избрише или да се прикрие.
3. Сите дизајни, примероци, модели, експериментални опреми, маркетиншки уреди, дополнителни елементи и други предмети во врска со стоките или нивното развивање или создавање ќе останат во наша сопственост, ќе се сметаат за доверливи и нема да се копираат, репродуцираат или откриваат на било кое лице без наша претходна писмена согласност.
14. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
1. Личните податоци на купувачот, што сме ги добиле при нарачка, ќе се зачуваат електронски и ќе се користат за исполнување на нарачката, испорака на стоките и услугите до купувачот, воспоставување на врската со купувачот, за наши внатрешни потреби и за правни или регулаторни причини. За некои од овие причини можеби ќе треба да ги споделиме податоците на купувачот со трети лица, но секогаш уверуваме дека податоците се чуваат доверливо и се заштитени од трети лица.
2. Купувачот се согласува дека може да побараме од агенции за кредитна препорака и/или агенции за кредитно осигурување да направат кредитно истражување или проверка на купувачот за да се дојде до финансиската состојба на купувачот и дека ќе може да ги пренесеме информациите на купувачот (име, адреса, детали за контакт, име на сопственикот, детали за нарачките, претходните нарачки, однесување при плаќањето, тековната сметка на купувачот) до Atradius Credit Insurance N.V., Zweigniederlassung Österreich за оваа намена.
3. Купувачот понатаму се согласува дека ние и другите членови од оваа група (како што е наведено на xxx.xxxxxx.xxx) може да ги користиме личните податоци на купувачот (име, адреса, детали за контакт, детали за нарачките и претходните нарачки) и за наши маркетинчки цели и да го контактираме купувачот по телефон, е-пошта или SMS или други услуги за испраќање и примање пораки за нашите производи и услуги коишто може да бидат од интерес на купувачот. Купувачот може во секое време да ја прекине согласноста.
15. МЕСТО НА НАДЛЕЖНОСТ, ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
1. Сите спорови што настануваат од или се во врска со овој Договор ќе се решаваат исклучиво во судовите во Виена.
2. Сите договори склучени од наша страна и сите спорови што настануваат во врска со тие договори ќе се водат и ќе се решаваат во согласност со австрискиот закон без да се дава на значење на конфликтот помеѓу австриските законски правила и конвенцијата за продажба на ОН.
16. РАСКИНЛИВОСТ
Ако некоја одредба од овие комерцијални одредби и услови или од договорот склучен помеѓу нас и купувачот е неважечка или неефективна, тоа нема да има влијание врз останатите одредби. Неважечките одредби ќе се заменат со законски одредби што ќе бидат најблиску до намерата на страните.
II. КОМЕРЦИЈАЛНИ ОДРЕДБИ И УСЛОВИ ЗА УСЛУГИ
Следните услови се однесуваат на услуги овозможени од нашата корисничка служба, како на пример, инсталација, пуштање во работа, проверка и решавање проблеми, поправка и одржување.
1. ОБЕМ НА УСЛУГИ
1. Прецизниот обем на услуги произлегува од нашата писмена понуда или нашата писмена потврда на нарачката. Сите дополнителни услуги, што не се наведени во понудата и/или потврдата на нарачката и се реализирани по барање на купувачот, ќе се наплатат одделно, според нашиот ценовник. Истото ќе важи и ако при проверка на самото место се утврди дека се потребни дополнителни услуги.
2. Во случај на единици за далечинско надгледување, нашата корисничка служба ќе преземе мерки само тоа го побара корисникот.
3. Нудиме услуги само за опремата и компонентите на единицата што ние сме ја испорачале и/или произвеле. Затоа обемот на услуги не содржи тест на компоненти од трето лице, тест за протекување на доводните цевки спроведени од купувачот, тест за напојувањето со струја и/или за водовите за поврзување, хидраулично прилагодување на единицата. Ако единиците се состојат од компоненти од трето лице, нашите услуги не содржат проверка на целата единица. Нема да провериме дали единицата е целосна и дали безбедносните уреди се во согласност со важечките прописи и врвната технологија.
4. Од нас не се бара да провериме дали се точни информациите и документите (на пример, опис на единици, шеми) доставени од купувачот.
2. ПРОЦЕНА НА ТРОШОЦИТЕ
1. Проценките на трошоците се необврзувачки и без никаква гаранција.
2. Ако сме понудиле процена на трошоците или понуда за пакет, ќе добиеме претходна согласност од купувачот во врска со секоја потребна дополнителна работа којашто може да се определи само по склопување, којашто е потребна за да се овозможи работа на системот и којашто надминува 10% од вкупната сума.
3. ОБВРСКИ ЗА СОРАБОТКА
1. Купувачот треба да овозможи секоја соработка, што е потребна за овозможување на нашите услуги, е овозможена на време и без никакви трошоци.
2. Купувачот треба да овозможи соодветен пристап до единиците. Купувачот на свој трошок ќе ги овозможи сите потребни технички елементи (на пр., напојување со струја), освен ако таквите елементи не се покриени од наша страна под посебен договор. Купувачот треба да обезбеди соодветно осветлување на работното место. Ако е потребно, купувачот треба да обезбеди скали и скеле за да овозможи нашиот персонал лесно и безбедно да пристапи до местото за работа. Местото за работа мора да биде лесно пристапно за возилото на корисничката служба.
3. Купувачот треба да овозможи единиците за далечинско надгледување да бидат поврзани на телекомуникациска мрежа.
4. Купувачот треба да ги достави сите потребни информации и документи за да овозможи беспрекорна изведба на договорените услуги. Пред да се започне со изведба на услугите, купувачот треба да даде на знаење за сите промени на стандардните поставки, контролниот систем и други параметри направени од негова страна или од страна на трети лица, како и за сите оштетувања со коишто е запознаен купувачот.
5. Кога единицата ќе се пушти во работа, купувачот ќе ги задоволи барањата опишани во нашите соодветни услови.
6. Ако купувачот не соработува соодветно, имаме право да прекинеме со работата. Исто така, купувачот ќе ги сноси сите дополнителни трошоци, каде спаѓаат времињата на мирување на нашите вработени, кои не може да се искористат веднаш на друг начин, како и сите трошоци за дополнително време за патување, според цените од нашиот ценовник.
4. ЦЕНИ И УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ
1. Цените за услугите се определени врз основа на соодветниот ценовник при поставување нарачка, освен ако нашата писмена понуда наведува поинаку.
2. Услугите главно ќе се наплатат врз основа на потрошеното време според договорените цени по час плус трошоците за патување според паушална цена или конкретното потрошено време (km и време).
3. Нашите редовни времиња на извршување на услугите се пон-чет од 08:00 до 17:00 и петок од 07:00 до 12:30. Ќе се наплати дополнително 50% од редовната цена за услуги надвор од тие времиња. Ќе се наплати 100% поголема цена за услуги извршени во недела и при државни празници и од 20:00 до 07:00.
4. Резервните делови ќе се наплатат според соодветниот ценовник на датумот на замената на дел од единицата. Ќе го задржиме правото на сопственост врз резервните делови што сè уште не се платени.
5. Фактурите ќе се издаваат по извршувањето на услугата.
6. Ако купувачот откаже нарачка, ќе му биде наплатено 50% од вредноста на нарачката плус трошоци за транспорт, но најмалку 250,00 евра.
7. Освен ако не е наведено поинаку, фактурите ќе важат и ќе може да се платат без одбитоци веднаш по фактурирањето.
8. Инаку, ќе се примени дел 4 (цени и услови за плаќање) од нашите одредби и услови за продажба.
5. ПИСМЕНА ГАРАНЦИЈА
1. Гарантираме внимателно и професионално извршување на услугите. Сите услуги ќе ги извршат квалификувани лица.
2. Не се прифаќа ниедна гаранција, освен ако купувачот не достави писмено известување за видливи дефекти во рок од 3 работни дена од извршувањето на услугата и за сите други дефекти без одложување откако ќе ги забележи за првпат.
3. Инаку, ќе се примени дел 8 (писмена гаранција) од нашите одредби и услови за продажба.
6. ДРУГО
Освен ако овде не е поинаку наведено, на услугите ќе се применат одредбите на нашите услови за продажба, особено оние што се однесуваат на времињата на доставување, зачувувањето на правото на сопственост, одговорноста, околината и линцените, личните податоци, надлежноста и важечкото право.
Комерцијалните одредби и услови на Daikin се достапни и на интернет на xxx.xxxxxx-xx.xxx
Lexxxxxxxxxx 00/0/0 x 0000 Xxxxxx x Austria
телефон x00 0000 00000, факс x00 0000 00000-000, xxxxxx@xxxxxx-xx.xxx, xxx.xxxxxx.xx