Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации и тендерска документација од страна на Лазар Мешков - Секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Гевгелија, од каде може да ја добијат...
ОГЛАС ЗА НАБАВКА
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Гевгелија
Република Северна Македонија
Предмет на договор: Набавка на преграда од иверка за магацински простор и преграден простор за одложување на опрема
Реф.бр. 05/2023
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гевгелија доби финансиски средства од Министерството за труд и социјална политика во рамки на проект финансиран со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка), односно во рамки на Проектот за подобрување на социјаните услуги, во насока на имплементација на Договор за грант бр. 2.2/2022 за развој на социјална услуга – Лична асистенција и планира да искористи дел од средствата за исплата, по однос на договор за набавка на преграда од иверка за магацински простор и преграден простор за одложување на опрема.
Набавката ќе се спроведе во согласност со „Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) - набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) од јули 2016 година, ревидирано во ноември 2017 година“.
Се упатуваат сите заинтересирани понудувачи од точка 3.14, 3.15, 3.16 и 3.17 од „Прописите за набавки“, да ги почитуваат одредбите за судир на интереси во делот каде е дефинирана политика за конфликт на интереси на Светска банка.
Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации и тендерска документација од страна на Xxxxx Xxxxxx - Секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Гевгелија, од каде може да ја добијат електронската форма на тендерската документација со барање на следната адреса xxxxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx.
Понудите во хартиена форма треба да се достават најдоцна до 13.03.2023 до 16 часот на следната адреса:
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Гевгелија
Xx.Xxxxx Xxxxxx бр.12 1480 Гевгелија
БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ПРЕГРАДЕН ЅИД ЗА МАГАЦИНСКИ ПРОСТОР И ПРЕГРАДЕН ПРОСТОР ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ОПРЕМА бр. 05/2023
1. Ве покануваме да ја доставите вашата понуда со цени за набавка на следната опрема:
- ПРЕГРАДА ОД ИВЕРКА ЗА МАГАЦИНСКИ ПРОСТОР
- ПРЕГРАДЕН ПРОСТОР ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ОПРЕМА
2. Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гевгелија доби финансиски средства од Министерството за труд и социјална политика во рамки на проект финансиран со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), односно во рамките на Проектот за подобрување на социјаните услуги, во насока на имплементација на Договор за грант бр. 2.2/2022 за развој на социјална услуга – Лична асистенција и планира да искористи дел од средствата за исплата, по однос на договор за набавка на преграден ѕид за магацински простор и преграден простор за одложување на опрема. За таа цел, Ви ја доставуваме и оваа покана за понуда.
3. Потребно е да доставите понуда за секоја ставка дадена во тендерската документација/барање за понуди. Цените ќе бидат евалуирани за сите ставки заедно.
Еден понудувач не може да достави повеќе од една понуда, ниту пак алтернативна понуда.
4. Вашата понуда во затворено плико потребно е да ја доставите на:
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гевгелија Ул.Xxxxx Xxxxxx бр.12
1480 Гевгелија
Со назнака : тендерска документација реф.бр.05/2023
5. Понудата треба да ја доставите на македонски јазик и истата треба да биде пропратена со соодветна техничка документација и каталози или други печатени материјали или релевантни информации за секоја ставка за која сте понудиле цена. Набавката ќе се спроведе во согласност со “Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) - набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) од јули 2016 година, ревидирано во ноември 2017 година”.
6. Рокот до кој давателот на услугата (во понатамошниот текст: купувач) треба да ги прими понудите на адресата наведена во точка 4 е: 13.03.2023 до 16 часот
7. Понудата треба да ја доставите согласно долунаведените инструкции и условите за набавка дадени во прилог.
Понудата се состои од пополнети и потпишани:
Образец на понуда;
Услови за набавката и Спецификација.
Понудата треба да биде пополнета согласно следниве инструкции:
a. ЦЕНИ: Цените потребно е дa бидат изразени во македонски денари со вклучен ДДВ (каде што еприменлив ДДВ), во вкупен износ за испорака на следната адреса:
XXX Xxxxxxxxx дом „Јосип Броз Тито“ Xxxxxxxxx Xx.7-ми Ноември бр.48 Гевгелија
б. ЕВАЛУАЦИЈА И ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР:
Понудите кои ги исполнуваат барањата наведени во техничката спецификација ќе бидат евалуирани, така што ќе се спореди нивната цена до крајното место за испорака.
При евалуирањето, купувачот за секоја понуда ќе ја одреди евалуираната цена, преку корекција на евентуалните аритметички грешки и тоа на следниов начин:
- онаму каде што постои отстапување помеѓу износите изразени како броеви и како зборови, износот даден со зборови ќе се земе како точен;
- онаму каде што постои отстапување помеѓу поединечната цена и вкупната цена кај одредена ставка, кое настанало како резултат на множењето на поединечната цена со количината, поединечната цена онака како што е понудена ќе се земе за точна.
Доколку понудувачот не ја прифати корекцијата, неговата понуда ќе биде одбиена.
Договор ќе биде склучен со понудувачот кој што доставил понуда која во најголема мера ги исполнува барања на набавката и е со најниска евалуирана цена.
Напомена. Услов за склучување на договор за набавка со избраниот понудувач ќе биде достава од страна на понудувачот на Документ за регистрирана дејност издаден од Централниот регитар на РСМ како доказ дека е регистриран за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот најмалку 1 година пред датата на достава на понудата.
ВАЖНОСТ НА ПОНУДАТА: Вашата понуда има важност 45 (со зборови: четриесетипет) дена од крајниот рок за доставување на понудата, како што е наведено во точка 6 на оваа покана.
Дополнителни информации може да побарате на :
xxxxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx - Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гевгелија, Секретар Xxxxx Xxxxxx.
Телефон : 000 000 000
Е-пошта:xxxxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx
8. Мониторинг (спроведување контроли и ревизии)
8.1 Понудувачот е запознаен и согласен да се придржува до насоките дадени од страна на Купувачот кои се во согласност со позитивните прописи, применливи за местото каде се врши испораката на стока.
8.2 Понудувачот е запознаен и согласен да обезбеди неговите под-договорачи и консултанти да дозволат Светска Банка (во понатамошниот текст: банка) и/или лицата назначени од нејзина страна да ги проверат канцелариите на Понудувачот и сите негови сметки и документи кои се поврзани со исполнувањето на договорот и достава на понудата, како и да направат проверка (ревизија) на таквите сметки и документи од страна на ревизори назначени од банката, доколку
банката истото го побара. Понудувачот како и неговите под-договарачи и консултанти потребно е да ја имаат во предвид точката 4 од Договорот - Измама и корупција, со која меѓудругото се забрануваат активности кои се со намера да го попречат остварувањето на правата на банката за спроведување мониторинг, и истите претставуваат основа за раскинување на договорот (како и за прогласување на неподобност на добавувачот, во согласност со правилата и процедурите на банката, во делот кој се однесува на санкции).
Со почит
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Гевгелија
Секретар Xxxxx Xxxxxx
(датум)
ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
До Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Гевгелија
Ја доставуваме оваа понуда за набавка на преграда од иверка за магацински простор и преграден простор за одложување на опрема, Реф.бр. 05/2023 во согласност со Условите за набавка кои се прилог на овој образец на понуда на вкупна вредност од
(со бројки и букви: (валута) со ДДВ.
Со оваа понуда ќе ви ги испорачаме бараните стоки во бараниот рок согласно тендерската документација.
Потврдуваме дека сме запознаени дека не сте обврзани да ја прифатите најниската или било која понуда која ќе ја добиете.
Потврдуваме дека оваа понуда е соодветна на барањето. Потврдуваме дека оваа понуда е соодветна на барањето за важност на понудата наведено во тендерската документација (покана за доставување понуда).
Одговорно лице/Овластен потпис
Име и презиме на одговорното лице/овластениот потписник
*) Напомена -Формата на понуда потребно е да биде пополнета и потпишана (потпис и печат) Назив на понудувачот
Адреса
Телефонски број за контакт Е-маил
Број на набавка: 05/2023
1. ЦЕНИ И РАСПОРЕД И УСЛОВИ НА ИСПОРАКА
Поз | Ознака | Опис на Позиција | Мера | Количина | Единечна цена бeз ДДВ | Вкупна цена |
-материјал : оплеменета | ||||||
иверица | ||||||
-дебелина d = 1,6 см, | ||||||
-боја : бела, | ||||||
-висина : 200 см, | ||||||
Преграда од иверка за | -должина : 200 см ( 100 см фиксен дел, 100 см лизгачка врата ) | |||||
1. | магацински простор (набавка, транспорт и монтажа) | -прицврстена со држач во ѕидот само на горниот дел од лизгачката врата. -поставена на –долен лизгачки механизам (шина) со должина 200 см, дебелина 8 см и | парче | 1 | ||
-горен лизгачки механизам со должина 200 см, дебелина 8 см | ||||||
-гаранција минумум една година | ||||||
-сервис на лице место кај купувачот | ||||||
2. | Преграден простор за одложување на опрема | -материјал : оплеменета иверица - дебелина d= 1,6 см, -боја : бела, -висина : 200 см, -должина : 220 см( два дела по 90см и еден дел од 40 см) | парче | 1 | ||
(набавка, транспорт и монтажа ) | -длабочина : 40 см, -во секој дел по три полици. -отворено, без вратички, | |||||
-гаранција минумум една година -сервис на лице место кај купувачот. | ||||||
ВКУПНО | ||||||
ДДВ | ||||||
ВКУПНО СО ДДВ |
(Забелешка: Во случај на отстапување помеѓу единечната и вкупната цена, единечната цена ќе се земе за точна)
Генерално за сите позиции во овaa спецификација важи набавка, транспорт и вградување/монтажа на соодветните материјали и сето тоа треба да се пресмета во вкупната цена на позицијата.
Сите материјали, бои, дезени и модели да се потвдрат од страна на Купувачот.
Во постапката на изведбата да се употребуваат техничките упатства, препораки и детали на производителите кои се наведени или ако не се наведени да се употребуваат со исти или подобри карактеристики.
Сите мерки потребни за вградување на елементите опфатени во позициите за градежно занаетчиски работи да се земат на лице место.
За сите наведени спецификации на материјалите важи "или еквивалентно на" но притоа понудувачот/изведувачот треба со примери да докаже дека материјалот кој го нуди како „еквивалентен на“ за замена има исти или подобри карактеристики од наведениот во предмерот.
1. Фиксни цени: Цените дадени во табелата се непроменливи и фиксни и истите нема да бидат предмет на прилагодувања во текот на целото времетраење на договорот.
2. Распоред на испорака: Испораката треба да се направи не подоцна од 15 работни дена од денот на добивање на писмена нарачка од страна на купувачот.
3. Применливи прописи: Договорот ќе биде предмет на толкување, во согласност со применливите позитивни прописи во земјата на купувачот.
4. Решавање на спорови: Купувачот и добавувачот ќе ги вложат сите напори за решавање на евентуален спор спогодбено со директни преговори за надминување на несогласување или спор помеѓу нив кои произлегуваат од толкување и примена на договорот. Доколку и покрај напорите, не може да се најде решение за настанатиот спор помеѓу купувачот и добавувачот, спорот ќе се реши во согласност со процедурите во земјата на купувачот.
5. Исплата: Плаќањето на фактурата ќе биде на следниов начин: 100 % од вредноста на договорот ќе се плати во рок од 60 дена од датумот на сертификатот за прием на стоката, издаден од страна на купувачот заедно со доставена гаранција.
6. Гаранција: Гаранцијата за сите производи потребно е да биде минимум 1 година, или кaко е препорачано од производителот.
7. Пакување и означување: Добавувачот ќе обезбеди стандардно пакување на стоките, со цел да се спречи нивно оштетување во текот на транспортот до крајната дестинација, како што е дадена во договорот.
8. Дефекти: Сите дефекти ќе бидат отстранети од страна на добавувачот без никакви трошоци за купувачот во рок од 30 дена од денот на известувањето за настанат дефект, доставено од страна на купувачот.
Назив и адреса на сервисниот центар, каде што ќе бидат отстранувани дефектите од страна на добавувачот, во текот на гарантниот период е:
Адреса : (ДА СЕ ПОПОЛНИ ОД СТРАНА НА ДОБАВУВАЧОТ)_
_
Виша сила: Добавувачот нема да се смета за одговорен за исплата на пенали или за раскинување на договор доколку одредени задоцнувања или други видови на отстапување при реализирањето на договорните обврски, произлегуваат од случај на “Виша сила”.
За целите на оваа клаузула, под “виша- сила” се подразбираат настани надвор од контрола на добавувачот и не вклучува вина на добавувачот или небрежност кои не можеле однапред да се предвидат. Ваквите настани можат да вклучуваат, но не се ограничени на: чин на заштита на својот суверенитет, војни или револуции, пожари, поплави, епидемии, карантин ограничувања, товарни ембарга и сл.
Доколку настане ситуација на виша сила, добавувачот веднаш ќе го извести купувачот во писмена форма за таквата состојба и за причината. Освен доколку не добие други инструкции од Купувачот во писмена форма, добавувачот ќе продолжи да ги извршува своите обврски според договорот колку што е разумно возможно, со примена на разумни алтернативни средства за реализација на договорните обврски кои не се спречени од настан на виша сила.
9. Барани технички спецификации:
(а) Генерален опис
(б) Спецификација и технички стандарди (в) Перформанси
Добавувачот потврдува дека со понудата се исполните барањата наведени во спецификацијата погоре (во случај на отстапувања добавувачот треба да ги наведе отстапувањата)
Име на добавувачот Овластен потписник Место:
Дата:
2. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА (БАРАНО И ПОНУДЕНО) И КОЛИЧИНА ПО МЕСТО НА ИСПОРАКА
Барано | Понудено | ||||||
Поз | Опис на позиција | Мера | Количина | Опис на Позиција | Мера | Количина | |
-материјал : | |||||||
оплеменета | |||||||
иверица | |||||||
-дебелина d | |||||||
= 1,6 см, | |||||||
-боја : бела, | |||||||
-висина : | |||||||
200 см, | |||||||
1. | Преграда од иверка за магацински простор (набавка, транспорт | -должина : 200 см ( 100 см фиксен дел, 100 см лизгачка врата ) -прицврстена со држач во ѕидот само на горниот дел од лизгачката врата. | парче | 1 | |||
и монтажа) | -поставена на –долен лизгачки механизам (шина) со должина 200 см, дебелина 8 см | ||||||
и | |||||||
-горен лизгачки механизам со должина 200 см, дебелина 8 см | |||||||
-гаранција минумум една година | |||||||
-сервис на лице место кај купувачот | |||||||
1.2 | Преграден простор за одложување на опрема (набавка, транспорт и | -материјал :оплеменета иверица - дебелина d= 1,6 см, -боја : бела, -висина : 200 см, | парче | 1 |
монтажа) | -должина : 220 см( два дела по 90см и еден дел од 40 см) -длабочина : 40 см, -во секој дел по три полици. -отворено, без вратички, -гаранција минумум една година -сервис на лице место кај купувачот. |
ИМЕ НА ДОБАВУВАЧ:
Овластен потписник:
Б.4. Образец на договор
Овој Договор со број е склучен на , помеѓу Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гевгелија (име на давателот на услуга)(во
понатамошниот текст: „Купувач“)x
добавувачот) (во понатамошниот текст: „Добавувач“)
(име на
Договорот е склучен врз основа на побарана понуда за набавка на од страна на Купувачот, и доставена прифатена понуда за набавка на од страна на Добавувачот,
реф.бр. и износ од (со зборови:_ ) кој износ ја претставува цената на овој договор (во понатамошниот текст: „Цена на договорот”)
1. Документација која претставува составен дел од овој договор:
Понуда;
Услови на испорака;
Техничка спецификација.
2. Права и обврски на договорните страни
2.1. Добавувачот се обврзува да ја испорача стоката, предмет на Договор, како и се обврзува да отстрани било какви недостатоци на опремата, согласно одредбите на овој Договор.
2.2. Купувачот се обврзува за доставата на стоките и за отстранувањето на можните недостатоци да ја исплати цената на договорот, согласно условите за исплата дадени во истиот.
3. Раскинување на договорот
3.1. Купувачот со писмено известување може да го раскине договорот во целост или делумно, во следниве случаи:
а. Доколку добавувачот целосно или делумно не ги достави стоките во временскиот период наведен во договорот или во друг период писмено одобрен од страна на купувачот;
б. Доколку добавувачот не изврши некоја од обврските кои се предмет на договорот; или
в. Доколку добавувачот според оценката на купувачот бил вклучен во измама и корупција во текот на поднесувањето на понудата и во извршувањето на договорот, согласно точка 4 од овој договор.
Во случај купувачот делумно или целосно да го раскине овој договор, купувачот има право да набави, согласно условите и начинот кој го смета како најсоодветен, стоки или услуги кои се слични на оние кои не се доставени или изведени од страна на добавувачот.
Сите трошоци и разлика на цена на стоките набавени од купувачот, ќе бидат на терет на добавувачот.
Договорните обврски кои се во сила, добавувачот е должен да ги извршува се до реализација на истите.
3.2 Раскинување на договорот заради несолвентност на добавувачот.
Купувачот може во било кое време со писмено известување да го раскине овој договор со добавувачот доколку над добавувачот е отворена ликвидациона или стечајна постапка, или на било кој друг начин стане несолвентен, без надоместок на добавувачот, и истото нема да влијае на правото за надомест на штета која може да ја побарува купувачот.
3.3 Раскинување на договорот, по сопствена одлука.
a. Купувачот со писмено известување може да го раскине Договорот во било кое време по сопствена одлука, целосно или делумно. Во известувањето за раскинување на договорот ќе биде наведено дека договорот се раскинува по одлука на Купувачот, кој дел од договорот со Добавувачот се раскинува и датумот од кога раскинувањето на договорот стапува на сила.
б. Стоките кои се целосни и готови за испорака во рок од дваесет и осум (28) денови по добивањето на известувањето за раскинување на договорот од страна на купувачот, ќе бидат прифатени од страна на купувачот, согласно условите и цените дадени во договорот. За останатите добра, купувачот може да одлучи:
да ги земе и ги плати според условите и цените дадени во договорот; и/или
да ја откаже испораката и на добавувачот да му ги исплати делумно доставените стоки и услуги како и материјалите и деловите кои му биле претходно доставени од страна на добавувачот.
4. Измама и корупција
Во случај Купувачот да утврди дека Добавувачот и/или било кој од неговиот персонал, агенти, под-договарачи, консултанти, обезбедувачи на услуги или вработени се вклучени во корупциски, измамнички, противзаконски, присилни или недозволени активности (кои се дефинирани во постоечките правила и процедури, во делот на санкции на Светска Xxxxx), заради склучување или извршување на Договорот, Купувачот може во рок од 14 дена да го раскине потпишаниот договор со добавувачот, согласно точка 3 од овој договор.
5. Мониторинг (спроведување контроли и ревизии)
5.1 Добавувачот е запознаен и согласен да се придржува до насоките дадени од страна на купувачот кои се во согласност со позитивните прописи, на местото каде се врши испорака на стока.
5.2 Добавувачот е запознаен и согласен да обезбеди неговите под-договорачи и консултанти да дозволат Светска Банка (во понатамошниот текст: банка) и/или лицата назначени од нејзина страна да ги проверат канцелариите на добавувачот и сите негови сметки и документи кои се поврзани со исполнувањето на договорот и со доставата на понудата, и да направат проверка (ревизија) на таквите сметки и документи од страна на ревизори назначени од банката, на барање на банката. Добавувачот и неговите под-договарачи и консултанти се запознаени со точка 4 од
овој Договор – Измама и корупција, со која меѓу другото се забрануваат активности со кои се има намера да го попречат остварувањето на правата на банката за мониторинг (инспекција и ревизија), и истите претставуваат основа за раскинување на овој договоро (како и за прогласување на неподобност на добавувачот, во согласност со правилата и процедурите на банката, во делот кој се однесува на санкции).
Потпис и печат на Добавувачот: ЗА И ВО ИМЕ НА
Потпис и печат на Купувачот : ЗА И ВО ИМЕ НА
Име на овластен претставник Xxx на овластен претставник