ЗА ОТВОРАЊЕ И ОДРЖУВАЊE НА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА И ДРУГИ ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ ЗА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ
ДОГОВОР
ЗА ОТВОРАЊЕ И ОДРЖУВАЊE НА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА И ДРУГИ ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ ЗА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ
Овој Договор за отворање и одржување на платежна сметка и други платежни услуги за физичко лице (во натамошниот текст: „овој Договор“) е склучен во на ден година, од и помеѓу:
1. НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ
Назив: | НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ | |||
Седиште: | ул. Мајка Тереза бр.1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија | |||
ЕМБС: | 4664531 | ЕДБ: | 4030993191133 | |
Застапник по закон | Име и презиме: Xxxxxx Xxxxxxxxxx | Својство: Претседател на Управен одбор | ||
Јавен регистар во кој е запишана Банката | Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица при Централниот регистар на Република Северна Македонија | |||
Застапувани во овој Договор од овластено лице: | Xxx и презиме: | Работно место: | ||
Контакт е-mail: | Контакт тел: | 02/15 600 | ||
Орган надлежен за надзор на работењето на Банката: | Народна Банка на Република Северна Македонија |
(во натамошниот текст: „Банката“)
2. КОРИСНИКОТ
Име и презиме: | |||
Дата на раѓање: | Место на раѓање: | ||
Адреса на живеење: | |||
ЕМБГ: | |||
Бр. на л.к. / пасош: | |||
Контакт е-mail: | Контакт тел: | ||
Податоци за законски застапник на Корисникот (доколку е применливо): | |||
Име и презиме: | |||
Адреса: | |||
ЕМБГ: | |||
Контакт е-mail: | Контакт тел: |
(во натамошниот текст: „Корисникот“)
(Xxxxxxx и Xxxxxxxxxx заедно ќе се нарекуваат „Страни“, а поединечно „Страна“)
I. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
1. Предмет
1.1. Овој Договор ги уредува условите, права и обврските на Банката и Корисникот за идните извршувања на поединечни и последователни платежни трансакции во однос на следните услуги:
1.1.1.отворање, одржување и затворање на платежна сметка;
1.1.2.издавање на дебитна платежна картичка поврзана со платежната сметка; и
1.1.3.услуги на електронско / мобилно банкарство поврзано со платежната сметка.
1.2. Составен дел од овој Договор се и:
1.2.1.Барањето од Корисникот до Банката за користење на соодветна платежна услуга поднесено на интерни обрасци на Банката, кое го опфаќа Барањето за отворање на платежна сметка од Корисникот, како и Барањето за добивање и користење на дебитна картичка од Корисникот и Пријавата за користење на НЛБ клик- Електронско / мобилно банкарство за физички лица („Барањето за користење на платежна услуга од Корисникот“ или
„Барањето“);
1.2.2.Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги на физички лица на НЛБ Банка АД Скопје („Општите услови“);
1.2.3.важечката Одлука за Тарифата на надоместоците на услугите што ги врши НЛБ Банка АД Скопје, во делот кој се однесува за услугите за физички лица кој се предмет на овој договор;
1.2.4.важечката Одлука за политиката на каматните стапки на НЛБ Банка АД Скопје, во делот кој се однесува на услугите за физички лица кој се предмет на овој договор;
1.2.5.важечкиот Термински план за вршење на платен промет со странство на НЛБ Банка АД Скопје, во делот кој се однесува за физички лица кој се предмет на овој договор;
1.2.6.важечкиот Термински план за вршење на платен промет во земјата на НЛБ Банка АД Скопје, во делот кој се однесува за физички лица кој се предмет на овој договор; и
1.2.7.Поимникот за платежни услуги и платни системи на НЛБ Банка АД Скопје.
1.3. Овој Договор, заедно со документите наведени во член 1.2 погоре го сочинуваат Рамковниот договор за платежни услуги помеѓу Банката и Корисникот („Рамковниот договор“).
1.4. Страните се согласуваат дека Xxxxxxx го задржува правото да ги измени и/или дополни Општите услови за времето на важење на овој Договор, без да се склучи посебен анекс на овој Договор. Начинот на измена и/или дополнување на Општите услови и известување на Корисникот е уредено во Општите услови.
1.5. Корисникот потврдува дека пред потпишувањето на овој Договор, на јасен и недвосмислен начин бил информиран и запознаен со содржината на Рамковниот договор преку доставување на примерок на предлог рамковен договор и дека пред склучувањето на овој Договор бил запознаен и согласен со условите од документите кои го сочинуваат Рамковниот договор.
1.6. Поимите кои не се изречно дефинирани во овој Договор го имаат значењето што им е пропишано во Општите услови и/или Законот за платежни услуги и платни системи.
1.7. Корисникот може да користи и други платежни услуги што ги нуди Банката само под услови предвидени во важечките закони и други прописи во Република Северна Македонија и во актите и политиките на Банката.
II. ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
2. Барање
2.1. Банката го склучува овој Рамковен врз основа на Барање за отворање и одржување на платежна сметка и други платежни услуги (во натамошниот текст: “Барањето”) на Корисникот, која е составен дел на Договорот.
2.2. Банката се обврзува да му овозможи на Корисникот да ги користи услугите наведени во Барањето и со одредбите на овој Договор.
3. Отворање на платежна сметка
3.1. Xxxxxxx се обврзува да му отвори на Корисникот платежна сметка по комплетирање на сите документи, добивање на потребните информации за отворање на платежната сметка и по направена анализа.
3.2. Платежната сметка станува активна во согласност со одредбите за отворање на сметка од Општите услови.
4. Обврски на Страните
4.1. Страните се согласуваат Xxxxxxx да врши плаќања и други услуги во врска со платежната сметка во согласност со Xxxxxxxx и на начин утврден со важечките прописи, овој Договор и Општите услови.
5. Обврски на Банката
5.1. Банката се обврзува:
5.1.1.да ги извршува исправните платни налози од Xxxxxxxxxx во согласност со важечките прописи и Општите услови,
5.1.2.да го информира Корисникот за промените на платежната сметка во согласност со Општите услови и важечките прописи,
5.1.3.да врши други услуги доколку се исполнети условите од Општите услови.
5.2. Xxxxxxx го задржува правото да одбие извршување на платежна трансакција во согласност со важечките прописи, овој Договор и Општите услови.
6. Обврски на Корисникот
6.1. Корисникот како учесник во платежната трансакција се обврзува:
6.1.1.да располага со средствата на платежната сметка во согласност со важечките прописи, овој Договор и Општите услови,
6.1.2.да дава исправни платни налози во согласност со и на начин утврден со важечките прописи, овој Договор и Општите услови, за што е дадена соодветна согласност, уредено со Општите Услови,
6.1.3.писмено да ја извести Банката за сите промени во согласност со Општите услови,
6.1.4.писмено да ја извести Xxxxxxx, под условите предвидени во Општите услови, за релевантни факти кои имаат влијание врз нивниот меѓусебен однос (приговори, жалби и сл.).
7. Располагање со средства на платежната сметка
7.1. За да располага со средствата на платежната сметка, Xxxxxxxxxx може да овласти едно или повеќе деловно способни лица да работат во согласност со одредбите од Општите услови.
7.2. Корисникот се обврзува дека ќе постапува во согласност со овој Договор и применливите позитивни законски и подзаконски прописи, дека ќе го запознае овластеното лице за работа со платежната сметка со содржината на овој Договор и на документите кои го сочинуваат Рамковниот договор при што се што ќе преземе овластеното лице во име и за сметка на Корисникот, ќе се смета како да е преземено од страна на Xxxxxxxxxx и Корисникот е целосно и неограничено одговорен за доследно почитување на одредбите од овој Договор, применливите законски и подзаконски прописи од страна на овластеното лице.
7.3. Корисникот е должен да ги следи овластувањата за користење што им ги дал на овластените лица за располагање со средствата на платежната сметка и е одговорен пред Банката за секоја штета настаната како резултат на надминување и/или злоупотреба на овластување од страна на овластените лица.
7.4. Со потпишувањето на овој Договор, Xxxxxxxxxx ја овластува Xxxxxxx да ги коригира грешките кои можат да настанат при извршувањето на обврските од Договорот, со задолжување или одобрување на неговата сметка, доколку е применливо. Во случај Xxxxxxx да го искористи ова овластување, таа е должна да го извести Корисникот за извршената корекција без одложување.
III. ПЛАТНИ НАЛОЗИ
8. Извршување на платни налози
8.1. Корисникот издава платни налози и Банката ги извршува платните налози под услови предвидени во Општите услови и во Законот за платежни услуги и платни системи и применливите подзаконски акти вклучително и прописите од областа на девизното работење.
IV. ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ И ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ
9. Издавање на дебитна платежна картичка
9.1. Банката му издава дебитна платежна картичка поврзана со платежната сметка на Корисникот утврдена во Барањето.
9.2. Корисникот се обврзува да ја употребува картичката согласно Општите услови и применливите законски прописи.
10. Издавање на кредитна платежна картичка
10.1. На барање на Xxxxxxxxxx по отворањето на платежната сметка, Xxxxxxx ќе му издаде кредитна платежна картичка врз основа на посебен договор за користење кој Корисникот ќе го склучи со Xxxxxxx.
11. Дозволено пречекорување на платежна сметка
11.1. Сметката на Корисникот - резидент може да премине во долговно салдо до износ утврден со Договорот за одобрување на дозволено пречекорување на платежна сметка кој Банката го склучува со Корисникот - резидент.
V. УСЛУГИ НА ЕЛЕКТРОНСКО / МОБИЛНО БАНКАРСТВО
12. Услуги на електронско / мобилно банкарство
12.1. Банката му ги обезбедува на Корисникот Услугите на електронско / мобилно банкарство утврдени во Барањето.
12.2. Банката ќе ги дава Услугите на електронско / мобилно банкарство на Корисникот, и Корисникот ќе ги користи Услугите на електронско / мобилно банкарство под условите предвидени во Општите услови и применливите прописи.
VI. НАДОМЕСТОЦИ, КАМАТНИ СТАПКИ И ДЕВИЗНИ КУРСЕВИ
13. Надоместоци, каматни стапки и девизни курсеви
13.1. За платежните услуги кои Банката му ги обезбедува на Корисникот, Xxxxxxx пресметува и наплаќа надоместоци, трошоци, провизии и каматни стапки под услови, во рокови и на начин утврден во Тарифникот на Банката и Одлука за политиката на каматните стапки на НЛБ Банка АД Скопје.
13.2. Сите побарувања кои може да настанат со користење на платежната сметка и платежните услуги од Рамковниот договор, се уредени со Општите услови.
13.3. Банката на Корисникот на платежната сметка му пресметува и плаќа камата по истекот на месецот или при затворање на платежната сметка според камата стапка која на денот на склучување на овој Договор изнесува ( %) годишно и истата е променлива согласно Одлука за политиката на каматните стапки на НЛБ Банка АД Скопје.
13.4. Банката на дозволеното пречекорување (лимитот) на платежна сметка и на кредитни картички пресметува и наплатува варијабилна каматна стапка, пресметана како збир од каматната стапка на основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народна банка на Република Северна Македонија (каматна стапка на благајнички записи), што важи на последниот ден од полугодието што му претходи на тековното полугодие и фиксен додаток на процентни поени на годишно ниво согласно одлука на Банката. Усогласувањето на каматната стапка ќе се врши на шестмесечна основа и тоа на 1 јануари и на 1 јули секоја година согласно измената на каматната стапка на благајнички записи која ја објавува НБРСМ, а која е со важност на 30.06 односно 31.12. При формирање и пресметување на каматната стапка за периодот од датумот на склучување на договорот до датумот на првото усогласување на каматната стапка ќе се применува каматна стапка на благајничките записи која што е во важност на 30.06, доколку датумот на склучување на договорот е во периодот од 01.07 до 31.12. или каматна стапка на благајничките записи која што е во важност на
31.12. доколку датумот на склучување на договорот е во периодот од 01.01 до 30.06. Во случај да каматната стапка биде повисока од законската казнена камата, Xxxxxxx ќе пресметува и наплаќа каматна стапка во висина на законска казнена камата.
13.5. На средства кои Корисникот ги користи над утврдениот износ на дозволено пречекорување (лимит) на платежна сметка и на кредитни картички, Банката ќе пресметува казнена камата која претставува збир од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народна Банка на Република Северна Македонија (референтна каматна стапка), што важи на последниот ден од полугодието што му претходи на тековното полугодие, зголемена за 8 процентни поени. Каматната стапка се определува на секое полугодие, односно два пати годишно на 01.01 и 01.07 согласно измената на каматната стапка на благајнички записи која ја објавува НБРСМ, а која е со важност на 30.06 односно 31.12.
13.6. При конверзии на валути, Xxxxxxx применува девизни курсеви како што е предвидено во Општите услови.
VII. КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ СТРАНИТЕ НА ДОГОВОРОТ
14. Начини на комуникација
14.1. Страните се согласи комуникацијата помеѓу нив да се одвива преку податоците за контакт наведени во овој Договор, односно последните познати / ажурирани податоци за контакт на Корисникот кои Банката ги има во својата евиденција, преку сите расположливи канали и согласно Општите услови.
VIII. ЗАШТИТНИ И КОРЕКТИВНИ МЕРКИ
15. Заштитни и корективни мерки и одговорност
15.1. При користење на платежната сметка, дебитна платежна картичка и Услуги на електронско
/ мобилно банкарство, Корисникот се обврзува да ги применува заштитните и корективните мерки предвидени во Општите услови и во применливите прописи.
15.2. Одговорноста за неавторизирани платежни трансакции се утврдува согласно Општите услови и применливите закони.
IX. ВАЖЕЊЕ, ИЗМЕНИ И РАСКИНУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР
16. Време на важење на овој Договор
16.1. Овој Договор е склучен на неопределено време.
16.2. Овој Договор стапува на сила со денот на неговото потпишување од двете Страни.
17. Измени на овој Договор
17.1. Начинот и условите за измена на Рамковниот договор се уредени во Општите услови
18. Услови за престанување на важноста на Договорот и поединечните платежни услуги
18.1. Затворање на платежната сметка може да се изврши од страна на Корисникот или од страна на Банката под условите предвидени во Општите услови.
18.2. Услугите за дебитната платежна картичка важат, се обновуваат и може да се променат / откажат согласно Општите услови.
18.3. Услугите за електронско / мобилно банкарство може да се променат / откажат согласно Општите услови.
19. Раскинување на овој Договор
19.1. Корисникот и Xxxxxxx можат да го раскинат овој Договор, односно Рамковниот договор под услови, на начин и во рокови предвидени во Општите услови.
X. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, АЖУРИРАЊЕ, ДЕЛОВНА ТАЈНА
20. Обработка на личните податоци на Корисникот
20.1. Информации и услови за обработка на личните податоци на Xxxxxxxxxx, како и на неговите законски застапници и неговите Овластени лица за работа со платежна сметка, од страна на Xxxxxxx и платежните системи во кои учествува Банката за целите на овој Договор се дадени во Општите услови.
20.2. Со потпишување на овој Договор, Xxxxxxxxxx се согласува за обработката на неговите лични податоци од страна на Xxxxxxx согласно одредбите предвидени во Општите услови, како и во Политиката за заштита на приватноста и Принципите и начинот на обработка на личните податоци на Банката, објавени на веб страната на НЛБ Банка АД Скопје и потврдува дека за истото се запознаени и согласни и неговите Овластени лица за работа со платежна сметка.
21. Обврска на Корисникот за ажурирање на податоци
21.1. Корисникот има обврска да ги ажурира своите податоци во случај на промена на начин и во рокови предвидени во Општите услови.
21.2. Корисникот се обврзува за сите промени во адресните и контакт податоците, промени поврзани со работењето со сметката, промена на податоците на неговите законски застапници доколку е применливо, неговите Овластени лица за работа со платежна сметка, и сите други податоци кои Корисникот ги доставил при склучувањето на Рамковниот договор и/или во Барањето за користење на платежна услуга писмено да ја извести Банката веднаш, но не подоцна од 3 (три) дена од денот на настанувањето на промените.
22. Xxxxxxxxx и деловна тајна
22.1. Документите, податоците и/или информациите стекнати при вршењето на платежните услуги поврзани со платежните сметки и/или со платежните трансакции во врска со овој Договор претставуваат банкарска односно деловна тајна согласно закон и Банката е
должна да ги чува во тајност и со нив да постапува во согласност со одредбите од Законот за банките, Законот за платежни услуги и платни системи и други закони и прописи кои се применуваат на работењето на Банката.
22.2. Заради заштита на своите интереси, Xxxxxxxxxx е должен како строго доверливи да ги заштити и чува сите податоци поврзани со работењето со неговата платежна сметка во Банката и услугите поврзани со истата што му ги обезбедува Банката.
22.3. Банката не одговара за било каква штета која може да настане за Корисникот како резултат на непочитувањето на обврските на Корисникот за чување на тајност.
22.4. Корисникот, неговите законски застапници и неговите Овластени лица за работа со платежна сметка, со склучувањето на овој Договор, слободно и изречно, ја изјавуваат својата волја и даваат согласност на Банката да ги користи податоците кои се сметаат за банкарска односно деловна тајна, како и сите документи, податоци и информации кои се стекнати при вршење на банкарски и други финансиски активности односно кои претставуваат банкарска тајна и да ги открива истите на трети лица, со цел ажурирање на наплата, како и да ги открива истите на други трети лица во согласност со применливите закони.
22.5. Банката е должна податоците што претставуваат банкарска тајна да ги чува, и може да ги користи исклучиво за целите за кои се добиени и не смее да ги открие на трети лица, освен во случаите дозволени со применливите позитивни прописи.
XI. ПРАВНА ЗАШТИТА НА КОРИСНИКОТ
23. Правна заштита на Корисникот
23.1. Доколку Корисникот смета дека Xxxxxxx не се придржува до одредбите од дел трети од Законот за платежни услуги и платни системи (кои се однесуваат на барања за информирање за платежни услуги) или до одредбите од дел четврти од Законот за платежни услуги и платни системи (кои се однесуваат на правата и обврските во однос на давањето и користењето на платежни услуги), Корисникот има право:
23.1.1. да поднесе приговор до Банката; Повеќе информации за оваа постапка се достапни на веб страната на Банката . Xxxxxxx ќе одговори на приговорот на начин кој е спогодбено утврден за комуникација во рок од 15 работни дена од денот на приемот на приговорот, односно, по исклучок, ако не може тоа да го стори поради оправдани причини надвор од нејзина контрола, најдоцна во рок од 35 работни дена од денот на приемот на приговорот.
23.1.2. Откако ќе поднесе приговор до Банката или други заинтересирани страни, да поднесе поплака до Народна банка на Република Северна Македонија, како орган надлежен за вршење на надзор на Банката, согласно со одредбите за поплака до Народната банка од Законот за платежни услуги и платни системи: или
23.1.3. Да поведе вонсудска постапка за решавање на спорови. Повеќе информации за оваа постапка се достапни овде на веб страната на Xxxxxxx. Таква постапка може да се поведе согласно Законот за медијација пред овластени медијатор. Именикот на медијатори е достапен на интернет страницата на Комората на медијатори (xxxxx://xxx.xxxxx.xxx.xx/xxxxxxxxxx/).
23.2. Поднесувањето поплака до Народна банка на Република Северна Македонија банка, или поднесувањето на барањето за вонсудска постапка за решавање на споровите и исходот на таквата постапка, не го исклучува или ограничува правото на Корисникот да покрене судска постапка против Банката пред надлежен суд.
XII. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
24. Меродавно право и решавање на спорови
24.1. На овој Договор се применуваат исклучиво законите на Република Северна Македонија.
24.2. Страните се согласни дека месно надлежниот суд во Република Северна Македонија ќе има исклучива надлежност за решавање на спор помеѓу Страните кој е во врска со или произлегува од овој Договор.
25. Примероци и меродавен јазик
25.1. Во случај кога Xxxxxxxxxx е резидент, овој Договор ќе биде составен на македонски јазик, во 2 (два) истоветни примероци, од кои по 1 (еден) примерок за секоја Страна.
25.2. Во случај кога Xxxxxxxxxx е нерезидент, овој Договор ќе биде составен во 4 (четири) примероци, од кои 2 (два) истоветни примероци на англиски јазик и 2 (два) истоветни
примероци на македонски јазик, и секоја од Страни ќе добие по 1 (еден) примерок на англиски јазик и по 1 (еден) примерок на македонски јазик. Во случај на неусогласеност помеѓу двете верзии на овој Договор, меродавна ќе биде верзијата на македонски јазик.
За НЛБ Банка | Корисник |
Име и презиме | Xxx и презиме |
Функција: | |