Contract
|
Дополнителни услови за осигурување демонтери на мини, гранати и други експлозивни средства
од последици од несреќен случај (незгода) 01.01.2014
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување демонтери на мини, гранати и други експлозивни средства од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување демонтери на мини, гранати и други експлозивни средства од последици на несреќен случај, што договорачот на осигурувањето ќе го склучи со АД Осигурителна полиса - Скопје, (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договарач на осигурувањето може да биде правно и физичко лице.
(3) Лицата што се осигуруваат според овие Дополнителни услови осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9 став (1) точка 4 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од деловна способност, кои во секој случај се исклучени од осигурувањето.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 2
Осигурувачот е во обврска ако несреќниот случај настане само за време на обавување на дејноста за која е склучено осигурувањето.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член З
Осигурувањето започнува за секој осигуреник од моментот на почетокот на вршењето на припремните работи за демонтирање, а престанува кога предметот за демонтирање е ставен во таква состојба во која веќе не е опасен.
ПРАВНА ПОУКА
Член 4
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 5
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај, а доколку нивната содржина е спротивна со содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
2