Друштво за осигурување UNIQA Life а.д. Скопје, ул. ВМРО 3, 1000 Скопје, тел. 02 3228 820. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Посебни услови за осигурување на живот во случај на смрт или доживување и настанување на тешки болести
Друштво за осигурување UNIQA Life а.д. Скопје, ул. ВМРО 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се усвоени на редовна седница на Управен одбор одржана на 08.04.2019 година и со одлука бр.0202-33 се применуваат од денот на донесувањето.
Член 1.
1.Овие Посебни услови за осигурување заедно со Општите услови за осигурување на живот во случај на смрт, доживување и настапување на тешки болести, се составен дел од договорот за осигурување на живот во случај на смрт или доживување и настанување на тешки болести кој Осигурувачот го склучува со Договорувачот на осигурувањето.
2. Ако покрај осигурувањето на живот е склучено и дополнително осигурување за доброволно здравствено осигурување, составен дел од договорот се и Општите услови за доброволно здравствено осигурување кон осигурување на живот, Посебни услови за дневен надомест за болничко лекување, Посебни услови за осигурување на еднократен надомест за лекување, Табела за класификација на фрактури на коски, Табела за одредување на сложеност на хирушки интервенции.
3. Под Осигурено лице во контекст на дополнителното осигурување се подразбира детето кое на понудата и осигурителната полиса е наведено како осигуреник на дополнителното здравствено осигурување .
4. Осигурено лице во контекст на дополнителното осигурување е дете кое во моментот на склучување на договорот е на возраст од неговото раѓање до навршена 13 годишна возраст .
5. Со еден Договор за осигурување на живот во случај на смрт или доживување и настанување на тешки болести, може да се склучи дополнително осигурување за здравствено осигурување за само едно дете .
Член 2
1. Договорувач на осигурувањето под овие услови може да биде било кое заинтересирано лице. Договорувачот на осигурувањето има обврска да ја плаќа премијата на осигурување во текот на целиот период на траење на осигурувањето. Премијата на осигурување се плаќа месечно, квартално, полугодишно или годишно, во зависност од договорената динамика на плаќање на премијата.
2. Според овие Услови може да се осигурат само здрави лица од навршени 14 до навршени 65 години, со тоа што Осигуреникот може да има најмногу 70 години на живот во моментот на престанок на договорот за осигурување.
3. Корисник на осигурувањето во случај на доживување или смрт е детето на осигуреникот кое во моментот на склучување на договорот е до 13 годишна возраст, со тоа што договорот се заклучува со осигурително покритие до календарската година во која корисникот навршува 18 години.
Член 3
1. Три месеци пред доспевањето на договорената осигурена сума за наплата во случај на доживување, Договорувачот на осигурувањето има можност да определи дали осигурената сума на Корисникот на осигурувањето ќе му се исплати еднократно за случај на доживување на истекот на осигурувањето, или еднократно во случај на брак, доживување или смрт на корисникот .
2. Во случај да Договорувачот на осигурување се определи за еднократна исплата на осигурената сума во случај на доживување, Осигурувачот ќе му ја исплати на Корисникот на осигурувањето договорената осигурена сума вклучително и остварената добивка која му припаѓа.
3. Во случај кога Договоpувачот на осигурувањето се определи за исплата на осигурената сума во случај на брак, доживување или смрт, се склучува нов договор за осигурување за брак, доживување или смрт каде иницијално договорениот загарантиран износ на осигурителната сума во случај на брак, доживување или смрт се зголемува за делот од остварената добивка која му припаѓа. Осигуреник во новиот договор се
јавува постојниот Корисник на осигурување.
4. Спрема новиот договор, Осигуреникот на осигурувањето стекнува право на учество во позитивниот деловен резултат на Осигурувачот - добивката.
5. Доколку Осигуреникот, по склучување на новиот договор, стапи во брак од навршување на 18 до 25 годишна возраст од животот, Осигурувачот ќе ја исплати договорената осигурена сума кога осигурениот случај- брак ќе се склучи. Доколку Осигуреникот не стапи во брак до својата 25 годишна возраст од животот, Осигурувачот ќе ја исплати договорената осигурителна сума кога Осигуреникот ќе наврши 25 години.
6. Во случај смртта на Осигуреникот да настапи во текот на периодот кога се очекува стапување на брак, Договорувачот на осигурувањето стекнува право за наплата на осигурена сума за брак, доживување или смрт .
7. Доколку Договорувачот не го извести осигурувачот за начинот на исплата на осигурената сума во рокот наведен во ст.1 од овој член, на Xxxxxxxxxx му следува само можноста за еднократна исплата на осигурената сума за случај на доживување на истекот на осигурувањето .
Член
Осигурувачот се обврзува на Осигуреникот да му исплати награда во висина од 1% од осигурената сума под услов корисникот да го заврши средното образование со одличен успех.
Член 5
Овие услови се применуваат со Општите услови за осигурување на живот во случај на смрт или доживување и настанување на тешки болести а доколку се во спротивност со нив се применуваат одредбите од овие услови.
За се што не е опфатено под овие услови, се применуваат одредбите од Општите услови за осигурување на живот во случај на смрт или доживување и настанување на тешки болести .
Член 6
Во случај кога осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до:
1. Организационата единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување ( комисија за постапување по преставки)
2. Службата за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3. Организацијата за заштита на потрошувачи и
4. Агенцијата за супервизија на осигурување.
Друштвото за осигурување преку воспоставен систем и интерни процедури одлучува по поднесените преставки во рок од 30 дена од денот на поднесување на преставката
Друштвото води регистар на доставени и решени преставки и за истите во законските рокови е должно да ја известува Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Член 7
Сите лични податоци со кои Друштвото располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај УНИКА ЛАЈФ АД СКОПЈЕ.Согласно со Законот за супервизија на осигурувањето, член 107 и член 108, податоците за осигуреникот и полисата се доверливи.
Член 8
За сето она што не е регулирано со овие Посебни услови или Општите услови, Законот за супервизија на осигурување и Законот за заштите на потрошувачите важат одредбите на Законот за облигациони односи
Овие услови се усвоени на редовна седница на Управен одбор одржана на 08.04.2019 година и со одлука бр.0000-0000-00 се применуваат од денот на донесувањето.
Друштво за животно осигурување UNIQA Лајф а.д. Скопје бул. ВМРО 3, 1000 Скопје
тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128