соработка со реномираната ревизорска корпорација PricewaterhousCoopers (PwC). Договорот го потпишаа Деканот на Машинскиот факултет (МФС), проф. д-р Дарко Данев и Партнерот во PwC и регионален менаџер одговорен за Македонија, Албанија и Косово, Г-дин...
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО - Скопје
На 13.03.2019 година во просториите на Машинскиот факултет беше потпишан договор за
соработка со реномираната ревизорска корпорација PricewaterhousCoopers (PwC). Договорот го потпишаа Деканот на Машинскиот факултет (МФС), проф. д-р Xxxxx Xxxxx и Партнерот во PwC и регионален менаџер одговорен за Македонија, Албанија и Косово, Г-дин Xxxxx Xxxxxxxx.
Помеѓу другото, со меморандумот за соработка се предвидува:
- Презентирање на практично искуство и инструкции од вработени на PwC на студенти на МФС како и образовни и практични презентации на истражувачи и студенти на МФС на вработени на PwC;
- Заедничка работа на научни и стручни проекти како и заедничко учество на состаноци, работилници, академски или професионални собири;
- Обезбедување можности од страна на PwC, студентите на МФС да учествуваат во програмите на PwC за пракса и стажирање;
- Давање препораки за вработување на студенти на МФС по барање на PwC;
- Активности за организирање заеднички истражувачки лаборатории /работилници, проектни активности, натпревари и сл., од взаемен интерес; итн.
-
Со задоволство е констатирано дека веќе два машински инженера работат во PwC, а моментално 3 практиканти од IV година од насоката индустриско инженерство и менаџмент стажираат во компанијата и ја реализираат својата пракса од VIII семестар.
По потпишувањето на Меморандумот за соработка Г-дин Xxxxx Xxxxxxxx и Г-дин Xxxxxx Xxxxxxxxxxx, во рамки на предметот Проектен менаџмент, го одржаа и првото од серијата на предавања на тема „Дигитализација“.