за основање на Европска железничка агенција (Регулатива за создавање на Aгенција)
РЕГУЛАТИВА (ЕЗ) Бр. 881/2004 НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА
СОВЕТОТ
од 29 април 2004 година
за основање на Европска железничка агенција (Регулатива за создавање на Aгенција)
ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА,
имајќи го предвид Договорот за основање на Европската заедница, а особено член 71(1) од истиот,
имајќи го предвид предлогот на Комисијата1,
имајќи го предвид мислењето на Европскиот економско-социјален комитет2,
имајќи го предвид мислењето на Комитетот на региони3,
постапувајќи во согласност со постапката утврдена со член 251 од договорот4, во поглед на заедничкиот текст, одобрен од Комитетот за усогласување, на 23 март 2004 година,
со оглед на тоа што:
(1) Постепеното основање на европски железнички простор без граници
1 Сл. весник C 126E, 28 мај 2002 год., стр. 323.
2 Сл. весник C 61, 14 март 2003 год., стр. 131.
3 Сл. весник C 66, 19 март 2003 год., стр. 5.
4 Мислење на Европскиот парламент од 14 јануари 2003 год. (Сл. весник C 38 E, 12 февруари 2004 год., стр. 135), Заеднички став на Советот од 26 јуни 2003 год. (Сл. весник C 270 E, 11 ноември 2003 год., стр. 48) и Став на Европскиот парламент од 23 октомври 2003год. (сеуште непубликуван во Службен весник). Законодавна резолуција на Европскиот парламент од 22 април 2004 год. и Одлука на Советот од 26 април 2004 год.
изискува активност на Заедницата во полето на техничките регулативи кои се применуваат на железници во однос на обете групи аспекти, техничките и безбедносните аспекти, и двете групи аспекти се нераскинливо поврзани.
(2) Директива на Советот 91/440/ЕЕЗ од 29 јули 1991 година за развојот на железниците во Заедницата1 предвидува постепено придобивање права за пристап до инфраструктурата на секакви лиценцирани железнички претпријатија во Заедницата кои сакаат да извршуваат услуги во товарниот превоз.
(3) Директива на Советот 95/18/ЕЗ од 19 јуни 1995 год. за давање дозвола на железнички претпријатија2, предвидува сите железнички претпријатија да мора да имаат дозвола и таа дозвола, издадена во земјата-членка, да е важечка во целата територија на Заедницата.
(4) Директива 2001/14/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 26 февруари 2001 год. за распределбата на капацитетот на железничката инфраструктура и наплатување на такси за користење на железничката инфраструктура и сертификација на безбедноста3, востановува нова рамка со цел создавање Европски железнички простор без граници.
(5) Техничките и експлоатациските разлики меѓу железничките системи во земјите-членки ги разделиле националните железнички пазари и го спречиле динамичниот развој на овој сектор во европски размер. Директива на Советот 96/48/ЕЗ од 23 јули 1996 год. за меѓуоперативноста
на трансевропскиот високо брзински железнички систем4
и Директива
2001/16/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 19 март 2001 год. за меѓуоперативноста на трансевропскиот конвенционален железнички
1 Сл. весник L 237, 24 август 1991 год. стр. 25, Директива изменета со Директива 2001/12/EЗ на Европскиот парламент и на Советот (Сл. весник L 75, 15 март 2001 год. стр. 1).
2 Сл. весник L 143, 27 јуни 1995 год. стр.70, Директива изменета со Директива 2001/13/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот (Сл. весник L 75, 15 март 2001 год. стр. 26).
3 Сл. весник L 75, 15 март 2001 год. стр. 29, Xxxxxxxxx изменета со Одлука на Комисијата
2002/844/EЗ (Сл. весник L 289, 26 октомври 2002 год. стр. 30).
4 Сл. весник L 235, 17 септември 1996 год. стр.6. Директива изменета со Регулатива (EЗ) бр. 1882/2003 на Европскиот парламент и на Советот (Сл. весник L 284, 31 октомври 2003 год. стр. 1).
систем1 , ги одредуваат основните барања и востановуваат механизам за одредување на задолжителни технички спецификации за меѓуоперативност.
(6) Истовременото спроведување на целите за постигнување на безбедност и меѓуоперативност изискуваат значителна техничка работа која мора да се раководи од специјализирано тело. Токму поради тоа, неопходно е да се создаде, во постоечката институционална рамка и со почит кон балансот на силите во Заедницата, Европска агенција одговорна за безбедност и меѓуоперативност на железниците (во понатамошниот текст „Агенција”). Создавањето на таква агенција обезбедува средство за согледување на безбедносните и меѓуоперативните цели за европската железничка мрежа и со висок степен на експертиза и на овој начин придонес во заживувањето на железниците и постигнување на општите цели на заедничката транспортна политика.
(7) За да се унапреди основањето на Европскиот железнички простор без граници и да се помогне во заживувањето на железничкиот сектор кога во исто време се зајакнуваат неговите основни предности во однос на безбедност, агенцијата треба да придонесе во развојот на вистинска европска железничка култура и да формира основен инструмент за дијалог, консултација и размена помеѓу сите учесници во железничкиот сектор, имајќи достојна почит за нивните индивидуални надлежности.
(8) Директива 2004/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот за безбедноста на железниците во Заедницата (Директива за безбедност на железница)2 предвидува развој на општи показатели на безбедност, општи цели на безбедност и општи методи на безбедност. Развојот на овие инструменти изискува независна техничка експертиза.
(9) За да се олеснат постапките за издавање сертификати за безбедност на железничките претпријатија, од основно значење е да се разработат усогласени формати за безбедност и усогласен формат за молби за
1 Сл. весник L 110, 20 април 2001 год., стр. 1
2 Сл. весник L
сертификати за безбедност.
(10) Директивата за безбедност на железници предвидува испитување на националните безбедносни мерки од гледна точка на безбедност и меѓуоперативност. Во таа смисла, мислењето основано врз независна и неутрална експертиза е од основно значење.
(11) Во полето на безбедноста, важно е да се осигура максимална можна транспарентност и ефективен проток на информации. Сè уште не постои анализа на изведбите врз основа на општи индикатори и поврзување на сите учесници во секторот, а таков инструмент треба да се воведе. Во однос на статистиката, неопходна е тесна соработка со Евростат.
(12) Националните организации за безбедност на железници, регулатори и други национални органи, треба да можат да побараат независно техничко мислење кога бараат информации во врска со неколку земји-членки.
(13) Директива 2001/16/ЕЗ овозможува првата група технички спецификации за меѓуоперативност (ТСМ) да се состави не подоцна од 20 април 2004 год. Комисијата го додели мандатот за спроведување на оваа работа на Европската асоцијација за железничка меѓуоперативност која ги вклучува заедно производителите на железничка опрема и управители на инфраструктура и оператори. Треба да се преземат чекори за да се зачува искуството изградено од професионалци од индустријата во контекстот на ЕАЖМ. Континуитетот на работата и развојот на ТСМ со текот на времето, изискува постојана техничка рамка.
(14) Меѓуоперативноста на трансевропската мрежа треба да се зголеми и новите инвестициски проекти избрани за поддршка од Заедницата треба да се во согласност со поставената цел на меѓуоперативноста во Директива бр. 1692/96/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 23 јули 1996 год. за насочницата на Заедницата за развојот на трансевропската сообраќајна
мрежа1.
(15) Со цел да се осигура континуитет, работните групи што ги формира Агенцијата треба според потребата да се потпрат на составот на АЕИФ, дополнет со други членови.
(16) Одржувањето на железничкиот возен парк е важен дел од безбедносниот систем. Нема вистински европски пазар за одржување на железничка опрема поради недостатокот на систем за сертификација на работилници за одржување. Оваа ситуација води до дополнителни расходи за секторот и до патувања без товар. Токму затоа треба постепено да се развива европски систем за сертификација за работилници за одржување.
(17) Професионалните способности што се потребни на машинистите се главен фактор како за безбедноста така и за меѓуоперативноста во Европа. Тие исто така се и предуслов за слободно движење на работната сила во железничката индустрија. Ова прашање треба да се обработи во однос на постојната рамка за социјален дијалог. Агенцијата треба да ја обезбеди неопходната техничка поддршка за да се води сметка за овој аспект на европско ниво.
(17) Регистрацијата е пред èс чин на призн авање на способноста на
железничкиот возен парк да работи под одредени услови. Регистрацијата треба да е транспарентна и недискриминирачка и да е во надлежност на органите на јавната власт. Агенцијата треба да обезбеди техничка поддршка за да се основа систем за регистрација.
(18) Со цел да се осигура максимална можна транспарентност и еднаков пристап до релевантните информации за сите групи, документите предвидени за меѓуоперативност треба да се достапни на јавноста. Истото се однесува и за дозволите и сертификатите за безбедност. Агенцијата
1 Сл. весник L 228, 9 септември 1996год. стр. 1. Одлука изменета со Одлука бр. 1346/2001/EЗ (Сл. весник L 185, 6 јули 2001год. стр. 1).
треба да обезбеди ефикасни средства за размена на оваа информација.
(19) Унапредувањето на иновацијата во полето на железничката безбедност и меѓуоперативноста е важна задача која треба да ја охрабри агенцијата. Секоја финансиска помош обезбедена во рамките на активностите на агенцијата во овој поглед, не треба да води кон никакво нарушување на релевантниот пазар.
(20) За да ги спроведе соодветно своите задачи, агенцијата треба да има правно лице и самостоен буџет финансиран главно преку придонес од Заедницата. За да гарантира независност во својата секојдневна управителска дејност и во мислењата и препораките што ги издава, извршниот директор на агенцијата треба да има целосна одговорност и персоналот на агенцијата треба да е независен.
(21) За да гарантираат ефективно остварување на функциите на агенцијата, државите-членки и Комисијата треба да бидат претставени во Управниот одбор кој е ополномоштен да го формира буџетот, да го проверува неговото спроведување, да усвојува соодветни финансиски правила, да основа транспарентни работни постапки за одлучување од страна на агенцијата, да ја одобрува нејзината работна програма, да го усвојува нејзиниот буџет, да определува политика за посети во земјите-членки и да го назначува извршниот директор.
(22) За да се гарантира транспарентноста на одлуките на Управниот одбор, претставници на соодветните сектори треба да присуствуваат на нивните разгледувања, но без право на глас, тоа право е резервирано за претставниците на државните органи што одговараат пред органите на демократска контрола. Комисијата ги назначува претставниците на секторот, врз основа на нивната претставителност на европско ниво за железнички претпријатија, управители на инфраструктури, железничка индустрија, работнички синдикати, патници и клиенти на товарен превоз.
(23) Работата на Агенцијата треба да биде транспарентна. Треба да се осигура ефективна контрола од Европскиот парламент и за оваа цел, Европскиот парламент треба да има можност да го слушне извршниот директор на
агенцијата. Агенцијата, исто така треба да го примени релевантното законодавство на Заедницата во врска со јавниот пристап на документи.
(24) Во текот на изминатите години, со создавањето на повеќе децентрализирани агенции, буџетската власт се стреми да ја подобри транспарентноста и контролата врз управата на средствата, кои им се доделени од Заедницата, посебно во врска со вклучувањето на таксите во буџетот, финансиската контрола, овластувањето за ослободување од задолженија, придонесите во пензискиот фонд и внатрешната постапка за одобрување на буџет (кодекс на однесување). На сличен начин, Регулатива (ЕЗ) бр. 1073/1999 на Европскиот парламент и на Советот од
25 мај 1999 год. во врска со истрагите спроведени од Европската канцеларија за спречување на измамата (ОЛАФ)1 , треба да се примени без ограничување за агенцијата, која треба да пристапи кон Меѓуинституционалната спогодба од 25 мај 1999 год. меѓу Европскиот парламент, Советот на Европската унија и Комисијата на Европските заедници во врска со внатрешните истраги од страна на Европската канцеларија за спречување на измамата2.
(25) Бидејќи целите на предложената активност, имено, да формираат специјализирано тело да формулира заеднички решенија за прашања во врска со безбедноста и меѓуоперативноста на железницата, не можат доволно да бидат постигнати од земјите-членки поради природата на заедничката работа што треба да се изврши, и токму затоа подобро може да се постигне на ниво на Заедница, Заедницата може да усвои мерки во согласност со принципот на субсидијарност, утврден со член 5 од договорот. Во согласност со начелото на сразмерност, утврдено со тој член, оваа регулатива не го надминува неопходното за да се постигнат тие цели.
ЈА ДОНЕСОА СЛЕДНАВА РЕГУЛАТИВА:
1 Сл. весник L 136, 31 мај 1999 год. стр. 1.
2 Сл. весник L 136, 31 мај 1999 год. стр. 15.
ПОГЛАВЈЕ 1 НАЧЕЛА
Член 1
Основање и цели на Агенцијата
Регулативата ја основа Европската железничка агенција, во понатамошниот текст „Агенција”.
Целта на Агенцијата е да придонесува, преку предложувањето на технички решенија, за спроведувањето на законодавството на Заедницата насочено кон подобрување на конкурентската способност на железничкиот сектор со подигнување на нивото на меѓуоперативноста на железничките системи и развивање на заеднички пристап кон безбедноста на европскиот железнички систем, за да се придонесе во создавањето на Европски железнички простор без граници и во гарантирањето високо ниво на безбедност.
Во остварувањето на овие цели, Агенцијата целосно води сметка за процесот на проширување на Европската унија и за специфичните ограничувања во врска со железничките врски со трети земји.
Агенцијата има единствена одговорност во контекст на функциите и овластувањата кои се назначуваат на неа.
Член 2
Типови на акти на Агенцијата
Агенцијата може:
(a) да адресира препораки кон Комисијата во врска со примената на членовите 6, 7, 12, 14, 16, 17 и 18;
(б) да донесува мислења, предвидени за Комисијата, во согласност со членовите 8, 13 и 15, и за соодветните органи во земјите-членки, во согласност со член 10.
Член 3
Состав на работните групи
1. За изработување на препораките предвидени со членовите 6, 7, 12, 14, 16, 17 и 18, Агенцијата формира ограничен број на работни групи. Овие работни групи ја земаат за основа, од една страна, експертизата изградена од професионалци од железничкиот сектор, особено стекнатото искуство од Европската асоцијација за железничка меѓуоперативност (ЕАЖМ), и од друга страна, експертизата на надлежните национални органи. Агенцијата гарантира дека се нејзините работни групи компетентни и претставителни и дека тие вклучуваат соодветна застапеност на оние сектори на индустријата и на оние корисници кои се под влијание на мерките што можат да се предложат од страна на Комисијата, врз основа на препораките адресирани до неа од страна на Агенцијата. Работата на работните групи е транспарентна.
Кога работата предвидена со членовите 6, 12, 16 и 17 има директно влијание врз работните услови, здравјето и безбедноста на работниците во индустријата, претставниците на работните организации учествуваат во релевантните работни групи.
2. Агенцијата ја проследува усвоената работна програма до репрезентативните тела од железничкиот сектор на европско ниво. Списокот на овие тела го подготвува Комитетот утврден со член 21 од Директива 96/48/ЕЗ. Секое тело и/или група тела, проследува до Агенцијата список на најквалификувани експерти кои се овластени да ги претставуваат во секоја работна група.
3. Националните органи за безбедност, определени со член 16 од Директивата
за безбедност на железници, назначуваат нивни претставници за работните групи во кои тие сакаат да учествуваат.
4. Агенцијата може, доколку е неопходно, да ги дополни работните групи со независни експерти, кои се признати како компетентни во соодветната област.
5. Претставник на Агенцијата претседава со работните групи.
Член 4
Консултација со социјалните партнери
Овие консултации се одржуваат пред да ги достави Агенцијата своите препораки до Комисијата. Агенцијата води соодветна сметка за овие консултации, и во секое време стои на располагање да даде објаснување за своите препораки. Мислењата изразени од ресорниот комитет за дијалог се проследуваат од страна на Агенцијата до Комисијата и од Комисијата до Комитетот, спомнат во член 21 од Директива 96/48/ЕЗ.
Член 5
Консултација со клиенти на железнички превозни услуги на товар и патници
Кога работата предвидена со членовите 6 и 12, има директно влијание врз клиентите на железнички превозни услуги на товар и патниците, Агенцијата ги консултира организациите што ги претставуваат. Списокот на организациите за консултации го подготвува Комитетот утврден со член 21 од Директива 96/48/ЕЗ.
1 Одлука на Комисијата 98/500/EЗ од 20 мај 1998год. за основање на Комитети за ресорен дијалог унапредувајќи го дијалогот помеѓу социјалните партнери на европско ниво (Сл. весник L 225, 12 август 1998год. стр. 27).
Овие консултации се одржуваат пред да ги достави Агенцијата своите предлози до Комисијата. Агенцијата води соодветна сметка за овие консултации, и во секое време стои на располагање да даде објаснување за своите предлози. Мислењата изразени од соодветните организации се проследуваат од страна на Агенцијата до Комисијата и од Комисијата до Комитетот, спомнат во член 21 од Директива 96/48/ЕЗ.
ПОГЛАВЈЕ 2 БЕЗБЕДНОСТ
Член 6
Техничка поддршка
1. Агенцијата ги препорачува на Комисијата општите методи на безбедност (ОМБ) и општите цели на безбедност (ОЦБ) предвидени во членовите 6 и 7 од Директивата за безбедност во железници.
2. Агенцијата препорачува на Комисијата, на барање од Комисијата или од Комитетот, спомнат во член 21 од Директива 96/48/ЕЗ или на своја сопствена иницијатива, други мерки во полето на безбедноста.
3. За преодниот период кој претходи на усвојувањето на (ОМБ), на (ОЦБ) и на техничките спецификации за меѓуоперативност (ТСМ), како и за прашањата во врска со опремата и инфраструктурата кои не се опфатени од ТСМ, Агенцијата може да достави секаква соодветна препорака до Комисијата. Агенцијата обезбедува доследност помеѓу овие препораки и веќе постојните ТСМ или оние кои се во процес на создавање.
4. Агенцијата ја претставува деталната анализа на односот трошок-профит, како поддршка на препораките кои ги доставува таа во согласност со овој член.
5. Агенцијата ја организира и ја олеснува соработката помеѓу националните
органи на безбедност и истражните органи определени во членовите 16 и 21 од Директивата за безбедност на железница.
Член 7
Сертификати за безбедност
Со оглед на примената на членовите 10 и 15 од Директивата за безбедност на железница, во врска со усогласувањето на сертификатите за безбедност, Агенцијата подготвува и препорачува усогласен формат за сертификати за безбедност, вклучувајќи електронска верзија, и усогласен формат за молби за сертификати за безбедност, вклучувајќи список на основни детали кои треба да се осигурат.
Член 8
Национални правила за безбедност
1. На барање од Комисијата, Агенцијата спроведува технички преглед на новите национални правила за безбедност поднесени до Комисијата, во согласност со член 8 од Директивата за безбедност во железница.
2. Агенцијата ја испитува усогласеноста на гореспоменатите правила со ОМБ, определени со Директивата за безбедност на железница, и со ТСМ кои се во сила. Агенцијата, исто така испитува дали овие правила дозволуваат ОЦБ, определени со споменатата директива, да бидат постигнати.
3. Ако откако се земат предвид причините дадени од земјите-членки, Агенцијата мисли дека кое било од овие правила е или неусогласено со ТСМ или ОМБ, или пак не дозволува да се постигнат ОЦБ, таа доставува мислење до Комисијата во рок од два месеца од преносот на правилата до Агенцијата од страна на Комисијата.
Член 9
Контрола врз спроведување на безбедност
1. Агенцијата формира мрежа со националните органи одговорни за безбедноста и со националните органи одговорни за истрагите предвидени со Директивата за безбедност на железници, со цел да се определи содржината на општите показатели на безбедност, наведени во Анекс I кон таа директива и да се соберат релевантни податоци за безбедноста на железниците.
2. Врз основа на општите показатели на безбедност, националните извештаи за безбедноста и несреќни случаи и на свои сопствени информации, Агенцијата на секои две години доставува извештај за спроведувањето на безбедноста, кој се публикува. Првиот таков извештај се публикува за време на третата година од функционирањето на Агенцијата.
3. Агенцијата се потпира на податоците собрани од Евростат и соработува со Евростат за да избегне секакво дуплирање на работа и да осигура методолошка доследност помеѓу општите показатели на безбедност и показателите кои се користат при други видови превоз.
Член 10
Технички мислења
1. Националните надзорни органи од член 30 од Директива 2001/14/ЕЗ, можат да побараат техничко мислење од Агенцијата во врска со прашањата поврзани со безбедноста што им привлекуваат внимание.
2. Комитетите, предвидени во член 35 од Директива 2001/14/ЕЗ и член 11а од Директива 91/440/ЕЕЗ, можат да побараат техничко мислење од Агенцијата, во врска со прашањата поврзани со безбедноста, во рамките на соодветните сфери на нивната надлежност.
3. Агенцијата го дава своето мислење во рок од два месеца. Ова мислење се публикува од страна на Агенцијата, во верзија од која се отстранува целиот доверлив материјал од комерцијална гледна точка.
Член 11
Јавни бази на податоци од документи
1. Агенцијата е одговорна за чување на јавна база на податоци од следниве документи:
(а) дозволи издадени во согласност со Директива 95/18/ЕЗ;
(б) сертификати за безбедност, издадени во согласност со член 10 од Директивата за безбедност на железници;
(в) извештаи од истраги испратени до Агенцијата, во согласност со член 24 од
Директивата за безбедност на железници;
(г) национални правила за безбедност претставени на Комисијата, во согласност со член 8 од Директивата за безбедност на железница.
2. Националните органи одговорни за издавање документи од став 1(а) и (б), ја информираат Агенцијата во рок од еден месец, за секоја одделна одлука за нивно издавање, обновување, изменување или отповикување.
3. Агенцијата може да ја дополни оваа јавна база на податоци со секаков документ од јавен карактер или врска, важна за целите на оваа регулатива.
ПОГЛАВЈЕ 3 МЕЃУОПЕРАТИВНОСТ
Член 12
Техничка поддршка обезбедена од Агенцијата
Агенцијата придонесува за развојот и спроведувањето на железничката меѓуоперативност, во согласност со начелата и дефинициите утврдени во Директивите 96/48/ЕЗ и 2001/16/ЕЗ. За оваа цел, Агенцијата:
(а) ја организира и спроведува, со овластување од Комисијата, работата на работните групи споменати во член 3, во подготвувањето на ТСМ и проследувањето на нацрт-ТСМ до Комисијата;
(б) обезбедува ТСМ да се приспособат на техничкиот напредок и трендовите на пазарот и на социјалните барања и ги предложува на Комисијата измените во ТСМ за кои таа смета дека се неопходни;
(в) осигурува координација помеѓу развојот и ажурирањето на ТСМ од една страна, и развојот на европските стандарди кои се неопходни за меѓуоперативност од друга страна, и ги одржува важните контакти со европските органи на стандардизација;
(г) помага на Комисијата во организирањето и олеснувањето на соработката на назначените тела, опишано во член 20(5) од Директива 96/48/ЕЗ и 2001/16/ЕЗ;
(д) советува и адресира препораки до Комисијата во врска со работните услови на целиот персонал кој изведува задачи критични по безбедноста.
Член 13
Контрола врз работата на назначените тела
Без да е во спротивност со одговорноста на земјите-членки за назначените тела, кои ги одредуваат тие, Агенцијата може, на барање од Комисијата, да го контролира квалитетот на работата на назначените тела. Кога е потребно, таа доставува мислење до Комисијата.
Член 14
Контрола врз меѓуоперативноста
1. На барање од Комисијата, Агенцијата препорачува постапки за спроведување на меѓуоперативност на железничките системи преку олеснување на координацијата помеѓу железничките претпријатија и помеѓу управителите на инфраструктури, особено да ја организира миграцијата на системи.
2. Агенцијата го контролира напредокот во меѓуоперативноста на железничките системи. На секои две години таа презентира и публикува извештај за напредокот во меѓуоперативноста. Првиот таков извештај се публикува за време на втората година од функционирањето на Агенцијата.
Член 15
Меѓуоперативност на трансевропската мрежа
На барање од Комисијата, Агенцијата го прегледува, од гледна точка на меѓуоперативност, секој железнички инфраструктурен проект за кого е побарана финансиска поддршка од Заедницата. Агенцијата дава мислење за усогласеноста на проектот со важните ТСМ, во рок од два месеца од депонирањето на молбата. Ова мислење целосно ги зема во обѕир изземањата предвидени во член 7 од Директива 96/48/ЕЗ и од Директива 2001/16/ЕЗ.
Член 16
Сертификација на работилници за одржување
Во рок од три години од почетокот на своите активности, Агенцијата разработува европски систем за сертификација на работилници за одржување на железничкиот возен парк и прави препораки во поглед на спроведувањето на системот.
Овие препораки се однесуваат особено за:
–структуриран систем за управување,
–персонал со неопходна компетентност,
–капацитети и инструменти,
–техничка документација и прописи за одржување.
Член 17
Стручна компетентност
1. Агенцијата изработува препораки во врска со определувањето на единствени општи критериуми за стручната компетентност и оценувањето на персоналот вклучен во работењето и одржувањето на железничкиот систем. При тоа, се дава приоритет на машинистите и инструкторите. Агенцијата ги консултира претставниците на социјалните партнери, во согласност со спогодбите утврдени во член 4.
2. Агенцијата изработува препораки во поглед на избирањето на систем за акредитација на центри за обука.
3. Агенцијата ги поттикнува и поддржува размените на машинисти и инструктори помеѓу железничките компании од различни земји-членки.
Член 18
Регистрација на железнички возен парк
Агенцијата изработува и препорачува на Комисијата, стандарден формат за националниот регистар на возила, во согласност со член 14 од Директивите 96/48/EЗ и 2001/16/EЗ.
Член 19
Регистар на документи за меѓуоперативност
1. Агенцијата чува јавен список на следниве документи, предвидени со Директивите 2001/16/ЕЗ и 96/48/ЕЗ.
(а) "ЕЗ"-декларации за верификација на потсистеми ;
(б) "ЕЗ"-декларации за усогласеност на составните делови;
(в) овластувања за ставање во употреба, вклучувајќи ги соодветните регистарски броеви;
(г) регистри на инфраструктура и железнички возен парк.
2. Соодветните тела ги поднесуваат овие документи до Агенцијата, која ги одредува во спогодба со земјите-членки, практичните постапки за нивно поднесување.
3. При праќање на документите споменати во став 1, соодветните тела можат да наведат кои документи не се за објавување во јавноста поради безбедносни причини.
4. Агенцијата формира електронска база на податоци за документите, водејќи целосно сметка за став 3. Оваа база на податоци е достапна за јавноста преку вебстраница.
ПОГЛАВЈЕ 4
СТУДИИ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА ИНОВАЦИЈА
Член 20
Студии
Кога е неопходно да се исполнат задачите утврдени со оваа регулатива, Агенцијата нарачува студии, кои ги финансира од својот сопствен буџет.
Член 21
Поттикнување на иновација
Комисијата може да ја довери на Агенцијата, во согласност со работната програма на Агенцијата и буџетот, задачата за поттикнување на иновациите кон подобрување на железничката меѓуоперативност и безбедност, особено употребата на нови информатички технологии и системи за следење и бележење.
ПОГЛАВЈЕ 5
ВНАТРЕШНА СТРУКТУРА И УПРАВУВАЊЕ
Член 22
Правен статус
1. Агенцијата е тело на Заедницата. Таа има правен ентитет.
2. Во секоја од земјите-членки, Агенцијата ужива најопсежна правна способност која се применува на правните ентитети според нивното законодавство. Таа може особено, да се стекнува или да се ослободува од подвижен и недвижен имот и може да биде страна во правни постапки.
3. Агенцијата е претставена од нејзиниот извршен директор.
Член 23
Привилегии и имунитети
Протоколот за привилегии и имунитети на Европската заедница се применува за Агенцијата и за нејзиниот персонал.
Член 24
Персонал
1. Правилникот за работни односи за раководните служби на Европските заедници, Условите на вработување на другите службеници на Европските заедници и правилата заеднички усвоени од институциите на Европските заедници за целите на примената на Правилникот за работни односи и Условите на вработување се применуваат за персоналот на Агенцијата.
2. Без да е во спротивност со член 26, дадените овластувања на органот кој назначува и на договорната страна од споменатиот Правилник за работни односи и условите на вработување, се применуваат од страна на Агенцијата во однос на нејзиниот персонал.
3. Без да е во спротивност на член 26(1), персоналот на Агенцијата се состои од:
- времено вработени лица вработени од Агенцијата, за максимум од пет години меѓу професионалци од секторот, врз основа на нивните квалификации и искуство, во полето на безбедност и меѓуоперативност на железници.
- раководни лица назначени или времено распределени од Комисијата или од земјите-членки, за максимум од пет години; и
- други службеници, како што е определено во Условите за вработување на други службеници на Европските заедници, за извршување на оперативни или секретарски функции.
4. Експертите што учествуваат во работните групи организирани од Агенцијата, не се дел од персоналот на Агенцијата. Нивните патни и дневни трошоци, базирани врз правилата и тарифите усвоени од Управниот одбор, се подмируваат од страна на Агенцијата.
Член 25
Формирање и овластувања на Управниот одбор
1. Управниот одбор се формира со оваа регулатива.
2. Управниот одбор :
(а) назначува извршен директор, во согласност со член 31;
(б) усвојува, до 30 април секоја година, општ извештај на Агенцијата за претходната година, и го проследува до земјите-членки, Европскиот парламент, Советот и до Комисијата;
(в) усвојува, до 31 октомври секоја година, земајќи го во обѕир мислењето на Комисијата, работната програма на Агенцијата за следната година и ја проследува до земјите-членки, Европскиот парламент, Советот и до Комисијата. Работната програма се усвојува без да е во спротивност со годишната постапка за одобрување буџет на Заедницата. Ако го изрази Комисијата, во рок од петнаесет дена од датумот на примање на работната програма, своето несогласување со програмата, Управниот одбор повторно ја прегледува програмата и ја усвојува, со евентуални измени, на второ читање или со двотретинско мнозинство, вклучувајќи ги претставниците на Комисијата, или со едногласност на претставниците на земјите-членки;
(г) ги применува своите функции во врска со буџетот на Агенцијата, во согласност со Xxxxxxxx 6;
(д) востановува постапки за донесување одлуки од извршниот директор;
(ѓ) определува политика на посети што треба да се спроведат, во согласност со член 33;
(е) применува дисциплинска власт над извршниот директор и раководителите на оддели споменати во член 30(3);
(ж) создава процедурален правилник.
Член 26
Состав на Управниот одбор
1. Управниот одбор е составен од еден претставник на секоја земја-членка и четири претставници на Комисијата, како и од шест претставници без право на глас, овие последните ги претставуваат на европско ниво следните групи:
–железнички претпријатија
–управители на инфраструктури
–железничка индустрија
–работнички синдикати
–патници
–клиенти на железнички превоз на товар
и назначени од Комисијата од списокот со три одобрени имиња поднесени од нивните соодветни европски организации.
Членовите на одборот се назначуваат врз основа на нивниот степен на релевантно искуство и експертиза.
2. Секоја земја-членка и Комисијата назначуваат нивни членови на Управниот одбор, како и еден заменик.
3. Мандатот е пет години и може да се обнови само еднаш.
4. Кога е погодно, учеството на претставници на трети земји и условите за тоа, се утврдуваат во наведените спогодби во член 36(2).
Член 27
Претседавач на Управниот одбор
1. Управниот одбор избира претседавач и заменик-претседавач меѓу своите членови. Заменикот-претседавач го заменува претседавачот во случај кога претседавачот не е во можност да ги извршува неговите/нејзините должности.
2. Мандатот на претседавачот и заменик-претседавачот е три години и може да се обнови само еднаш. Ако, доколку, нивното членство во Управниот одбор заврши во даден момент за време на нивниот мандат како претседавач или заменик-претседавач, тогаш нивниот мандат автоматски истекува на тој датум исто така.
Член 28
Заседанија
1. Претседавачот ги свикува заседанијата на Управниот одбор. Извршниот директор на Агенцијата учествува во заседанијата.
2. Управниот одбор заседава најмалку двапати годишно. Тој исто така заседава и по барање на претседавачот, по барање на Комисијата, по барање на мнозинството членови или една третина од претставниците на земјите-членки во Одборот.
Член 29
Гласање
Освен ако не е наведено поинаку, Управниот одбор ги донесува своите одлуки со двотретинско мнозинство од своите членови кои имаат право на глас. Секој член кој има право на глас, може да гласа само еднаш.
Член 30
Функции и овластувања на извршниот директор
1. Извршниот директор управува со Агенцијата, кој е целосно независен во извршувањето на неговите/нејзините должности, без да е во спротивност со соодветните надлежности на Комисијата и на Управниот одбор.
2. Извршниот директор:
(а) ја подготвува работната програма, и по консултации со Комисијата, ја доставува до Управниот одбор;
(б) ги подготвува потребните аранжмани за спроведување на работната програма и, колку што е можно одговара на барањата за помош од Комисијата во врска со задачите на Агенцијата, во согласност со оваа Регулатива;
(в) ги презема потребните чекори, особено усвојувањето на внатрешните административни напатствија и публикацијата на наредбите, да осигура дека Агенцијата работи во согласност со оваа регулатива;
(г) формира ефективен систем за контрола за да ги спореди резултатите на Агенцијата со нејзините оперативни цели и да формира редовен систем на оценка соодветен на признатите професионални стандарди. Врз оваа основа, извршниот директор, секоја година подготвува нацрт-општ извештај и го доставува до Управниот одбор;
(д) ги применува овластувањата, утврдени во член 24(2), во однос на персоналот на Агенцијата;
(ѓ) подготвува нацрт-изјава за проценка на приходот и расходот на Агенцијата, во согласност со член 38, и го спроведува буџетот, во согласност со член 39.
3. Извршниот директор може да биде потпомогнат во својата дејност од еден или повеќе раководители на оддел. Ако е извршниот директор отсутен или не е во можност да ги извршува неговите/нејзините должности, еден од раководителите на оддел го зазема неговото/нејзиното место.
Член 31
Назначувања на персоналот на Агенцијата
1. Извршниот директор се назначува од Управниот одбор, врз основа на заслуги и документирани административни и управителни вештини, како и компетентност и искуство релевантни за железничкиот сектор. Управниот одбор ја донесува својата одлука со четирипетинско мнозинство од сите членови што имаат право на глас. Комисијата може да предложи кандидат или кандидати.
Овластување за отпуштање на извршниот директор има Управниот одбор, според истата постапка.
2. Извршниот директор назначува други членови на персоналот на Агенцијата, во согласност со член 24.
3. Мандатот на извршниот директор е пет години. Мандатот се обновува еднаш.
Член 32
Сослушување на извршниот директор
Секоја година извршниот директор го претставува на Европскиот парламент општиот извештај за активностите на Агенцијата. Европскиот парламент или Советот, можат во секое време исто така да побараат сослушување на извршниот директор за секој предмет во врска со активностите на Агенцијата.
Член 33
Посети на земјите-членки
1. За да ги изврши доверените задачи во членовите 8, 9, 10, 13 и 15,
Агенцијата може да оствари посети на земјите-членки, во согласност со политиката, определена од Управниот одбор. Националните органи на земјите- членки ја олеснуваат работата на персоналот на Агенцијата.
2. Агенцијата ги информира соодветните земји-членки за планираните посети, имињата на делигираните функционери на Агенцијата, и датумот на кој започнува посетата. Службените лица на Агенцијата, овластени да остваруваат такви посети, го прават тоа по претставување на одлука од извршниот директор, во која се наведуваат причината и целите на нивната посета.
3. На крајот од секоја посета, Агенцијата изготвува извештај и го испраќа истиот до Комисијата и до соодветните земји-членки.
Член 34 Одговорност
1. Договорната одговорност на Агенцијата се регулира со законот што се применува во соодветниот договор.
2. Судот на правдата на Европските заедници е компетентен да се произнесе по секоја клаузула за арбитража која се содржи во договор склучен од Агенцијата.
3. Во случај на недоговорна одговорност, Агенцијата, во согласност со општите начела заеднички за законодавствата на земјите-членки, надоместува секакви штети, нанесени од нејзините оддели или од нејзиниот персонал во текот на извршувањето на нивните должности.
4. Судот на правдата на Европските заедници е надлежен за споровите во врска со надомест на штета, наведени во став 3.
5. Личната одговорност на нејзиниот персонал кон Агенцијата се регулира со одредбите утврдени во Правилникот за работни односи или Условите на вработување, кои се применуваат за нив.
Член 35
Јазици
1. Управниот одбор одлучува за јазичниот режим за Агенцијата. По барање на член на Управниот одбор, се одлучува со едногласност. Земјите-членки можат да се обратат кон Агенцијата на јазик на Заедницата по нивни избор.
2. Преводните услуги, неопходни за функционирање на Агенцијата ги обезбедува Центарот за преведување за телата на Европската унија.
Член 36
Учество на трети земји
1. Агенцијата е отворена за учество на европски земји кои склучиле спогодби со Заедницата, при што соодветните земји го усвоиле и го применуваат законодавството на Заедницата во полето опфатено со оваа регулатива.
2. Во согласност со релевантните одредби на гореспоменатите спогодби, се прават договори во кои се специфицираат деталните правила за учество на овие земји во работата на Агенцијата, особено карактерот и степенот на такво учество. Овие договори вклучуваат, помеѓу другото, одредби за финансиски придонес и персонал. Тие можат да обезбедат застапеност, без право на глас, во Управниот одбор.
Член 37
Транспарентност
Регулатива (ЕЗ) Бр. 1049/2001 на Европскиот парламент и на Советот од 30 мај 2001 год. во врска со јавниот пристап до документи на Европскиот парламент,
Советот и на Комисијата1, се применува за документите држани од Агенцијата.
Управниот одбор ги усвојува практичните мерки за спроведување на Регулатива (ЕЗ) Бр. 1049/2001 до...∗
Одлуките од Агенцијата, во согласност со член 8 од Регулатива (ЕЗ) Бр. 1049/2001 можат да бидат предмет на жалба до Народниот правобранител или на дејание пред Судот на правда на Европските заедници, соодветно по членови 195 и 230 од Договорот.
ПОГЛАВЈЕ 6 ФИНАНСИСКИ ОДРЕДБИ
Член 38
Буџет
1. Проценките за вкупниот приход и расход на Агенцијата се подготвуваат за секоја финансиска година, соодветна на календарската година, и се наведуваат во буџетот на Агенцијата.
Приходот и расходот се во баланс.
2. Приходот на Агенцијата се состои од:
- финансиски придонес од Заедницата;
- секој финансиски придонес од трети земји кои учествуваат во работата на Агенцијата, како што е предвидено со член 36;
1 Сл. весник L 145, 31 мај 2001год. стр. 43.
∗ Шест месеци по стапувањето на сила на оваа Регулатива.
- такси за публикации, обука и сите други услуги обезбедени од Агенцијата.
3. Расходот на Агенцијата вклучува трошоци за персонал, административни, инфраструктурни и оперативни трошоци.
4. Секоја година, Управниот одбор, врз основа на нацрт изработен од Извршниот директор, составува буџетски баланс на приходот и расходот за Агенцијата за следната финансиска година. Овој буџетски баланс кој вклучува нацрт-план за утврдување, се проследува од Управниот одбор до Комисијата, најдоцна до 31 март.
5. Буџетскиот баланс се проследува од Комисијата до Европскиот парламент и до Советот (во понатамошниот текст наведен како „буџетска управа”), заедно со прелиминарниот општ нацрт-буџет на Европската унија.
6. Врз основа на буџетскиот баланс, Комисијата ги запишува во прелиминарниот општ нацрт-буџет на Европската унија буџетските проценки кои таа ги смета за неопходни за планот за утврдување и сумата на дотацијата која треба да се впише на општиот буџет, што се случува пред буџетската управа, во согласност со член 272 од договорот.
7. Буџетската управа овластува буџетски средства за дотацијата на Агенцијата. Буџетската управа го усвојува планот за утврдување на Агенцијата.
8. Буџетот се усвојува од Управниот одбор. Тој станува конечен по конечното усвојување на општиот буџет на Европската унија. Каде е потребно, тој се прилагодува соодветно.
9. Управниот одбор ја известува буџетската управа што е можно поскоро за неговата намера да спроведе проект што може да има значителни финансиски последици врз финансирањето на буџетот, особено проекти поврзани со сопственост, како на пр. најмување или купување на објекти. Тој ја информира Комисијата за тоа. Кога претставник на буџетската управа ја објавил својата намера да изнесе мислење за проектот, тој го проследува своето мислење до Управниот одбор во рок од шест недели од датумот на објава на проектот.
Член 39
Спроведување и контрола на буџетот
1. Извршниот директор го спроведува буџетот на Агенцијата.
2. Најдоцна до 1 март по крајот на секоја финансиска година, сметководителот на Агенцијата го испраќа претходниот финансиски отчет на Агенцијата до сметководителот на Комисијата, заедно со извештајот за управувањето на буџетските и финансиските средства за таа финансиска година. Сметководителот на Комисијата ги консолидира финансиските отчети на институциите и децентрализираните тела, во согласност со член 128 од општата финансиска регулатива.
3. Најдоцна до 31 март по крајот на секоја финансиска година, сметководителот на Комисијата ги проследува претходните финансиски отчети на Агенцијата до Судот на ревизори, заедно со извештајот за управувањето на буџетските и финансиските средства за таа финансиска година. Извештајот за управувањето на буџетските и финансиските средства за таа финансиска година исто така се проследува и до Европскиот парламент и до Советот.
Судот на ревизори ги прегледува овие финансиски отчети, во согласност со член 248 од договорот. Тој публикува извештај за активностите на Агенцијата секоја година.
4. При примањето на резултатите од набљудувањата на Судот на ревизори врз претходните финансиски отчети на Агенцијата, во согласност со член 129 од општата финансиска регулатива, извршниот директор ги изготвува крајните сметки на Агенцијата, на своја одговорност и ги доставува до Управниот одбор за мислење.
5. Управниот одбор го изнесува своето мислење за крајните сметки на Агенцијата.
6. Извршниот директор, најдоцна до 1 јули по крајот на секоја финансиска
година, ги проследува крајните сметки до Европскиот парламент, Советот, Комисијата и Судот на ревизори, заедно со мислењето на Управниот одбор.
7. Крајните сметки се публикуваат.
8. Извршниот директор испраќа до Судот на ревизори, одговор на резултатите од неговите набљудувања, најдоцна до 30 септември. Тој исто така го испраќа овој одговор и до Управниот одбор.
9. На барање на Европскиот парламент, извршниот директор му ги доставува сите информации кои се неопходни за непречена примена на постапката за ослободување од задолженија за соодветната финансиска година, во согласност со член 146(3) од општата финансиска регулатива.
10. Европскиот парламент, по препорака од Советот, постапувајќи со квалификувано мнозинство, пред 30 април на година N + 2 го ослободува извршниот директор од задолженија, во поглед на спроведувањето на буџетот за година N.
Член 40
Финансиска регулатива
Финансиските правила што се применуваат за Агенцијата, се усвојуваат од Управниот одбор по консултациите со Комисијата. Тие не можат да се отстранат од Регулатива (ЕЗ, Евратом) бр. 2343/20021 освен ако такво отстранување не е специјално потребно за дејноста на Агенцијата и Комисијата дала своја согласност претходно.
Член 41
Борба со измамите
1 Регулатива на Комисијата (EЗ, Евратом) бр. 2343/2002 од 23 декември 2002год. за рамковната Финансиска регулатива за телата наведени во член 185 од Регулативата на Советот (ЕЗ, Евратом) бр. 1605/2002 за Финансиската регулатива применлива за општиот буџет на Европските заедници (Сл. весник L 357, 31 декември 2002год. стр. 72).
1. За целите на борбата со измамите, корупцијата и другите незаконски акти, целосно се применува Регулатива (ЕЗ) бр. 1073/1999.
2. Агенцијата пристапува кон Меѓуинституционалната спогодба од 25 мај 1999 год. во врска со внатрешните истраги од Европската канцеларија за спречување на измамата (ОЛАФ) и веднаш ги усвојува потребните одредби кои се применуваат за целиот персонал на Агенцијата.
3. Одлуките во врска со финансирањето и спроведувањето спогодби и инструменти кои произлегуваат од нив, јасно наведуваат дека Судот на ревизори и ОЛАФ можат, доколку е неопходно, да извршат проверки на самото место на примателите на финансии од Агенцијата.
ПОГЛАВЈЕ 7
ОПШТИ И ЗАКЛУЧНИ ОДРЕДБИ
Член 42
Почеток на активностите на Агенцијата
Агенцијата започнува со работа во рамките на 24 месеци од влегувањето во сила на оваа регулатива.
Член 43
Проценка
Пет години по започнувањето на Агенцијата со своите задолженија, Комисијата врши проценка за спроведувањето на оваа регулатива, резултатите добиени од Агенцијата и нејзините методи на работа. Оваа проценка ги зема предвид
гледиштата на претставниците на железничкиот сектор, на социјалните партнери и на организациите на клиентите. Резултатите од проценката се прават достапни за јавноста. Комисијата предложува, доколку е потребно, измена на оваа регулатива.
Во тој контекст, Комисијата, доколку е соодветно, претставува предлог за ревизија на одредбите на оваа регулатива, во смисла на развојот, во врска со регулаторни агенции, во согласност со утврдената постапка во член 251 од договорот. Европскиот парламент и Советот го проучуваат предлогот и посебно согледуваат дали составот на Управниот одбор треба да се ревидира, во согласност со општата рамка која треба да се усвои за регулаторните агенции.
Член 44
Оваа регулатива влегува во сила на денот по нејзиното публикување во Службениот весник на Европската унија.
Оваа регулатива е целосно обврзувачка и директно применлива во сите земји- членки.
Брисел, 29 март 2004 год.
За Европскиот парламент За Советот
Претседател Претседател
П. Кокс М. МекДауел
ИЗЈАВА НА КОМИСИЈАТА
”Комисијата се повикува на своето соопштение од декември 2002 год. за рамката за европските регулаторни агенции и на својот предлог за Регулатива за основање на Европска железничка агенција. Комисијата верува дека, во согласност со резолуцијата на Европскиот парламент од 13 јануари 2004 год. за гореспоменатото соопштение дека управен одбор со ограничен состав, со членови назначени од извршните тела на Заедницата, би гарантирал подобро функционирање на Агенцијата во една проширена ЕУ. Во таа смисла, Xxxxxxxxxx со нетрпение го очекува одговорот на Советот на нејзиното соопштение за рамка за регулаторни агенции. Комисијата ја потврдува својата намера да претстави, кога е погодно, предлог за рамка за европски агенции, кој исто така би го опфатил и составот на управниот одбор”.