Contract
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Крива Паланка, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08.2020 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Цело е кога има се” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Крива Паланка.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско- корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
-млади лица до 29 години
-лица постари од 50 години
-лица корисници на гарантирана минимална помош
-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
-лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
-лица на кои им е решен статусот со лична документација
-самохрани родители
-родители на деца со пречки во развојот
-родители на 3 и повеќе деца
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
1.Воспитно-образовен асистент на дете/ученик во XXX„Xxxxxx Xxxxxxxx“ (3 извршители), потрено квалификации:
-со завршени додипломски студии по: Дефектологија,Психологија, Педагогија, Социологија, Педагошки факултет-наставна насока или предметен професор (во времетраење од 9 месеци односно за учебната 2020/2021 година)
2.Воспитно-образовен асистент на дете/ученик во ООУ „Илинден“ (5 извршители), потребни квалификации:
-со завршени додипломски студии по: Дефектологија,Психологија, Педагогија, Социологија, Педагошки факултет-наставна насока или предметен професор (во времетраење од 9 месеци односно за учебната 2020/2021 година)
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско- корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Крива Паланка во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Крива Xxxxxxx и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Крива Паланка кај лицето Xxxxx Xxxxxxxxxx, општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“ (тел. 000 000 000), Агенција за вработување- Центар за вработување Крива Паланка кај лицето Xxxxxxx Xxxxxxxxx, Центар за социјална работа Крива Паланка кај лицето Xxxxxxx Xxxxxxxxxx.