ДОГОВОР ЗА КОНТРАКТУАЛНО ПРОИЗВОДСТВО И СНАБДУВАЊЕ СО PMI
СТРОГО ДОВЕРЛИВО – ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОР
ДРАФТ: 25 АПРИЛ 2014 Г.
ДОГОВОР ЗА КОНТРАКТУАЛНО ПРОИЗВОДСТВО И СНАБДУВАЊЕ СО PMI
Овој Договор за контрактуално производство и снабдување ("Договорот") е склучен на [ден] [месец] 2014 г.
МЕЃУ:
(1) Xxxxxx Xxxxxx Operations a.d. Ниш, компанија што е основана и работи според законите на [Република Србија] со седиште во Ниш, Булевар 12. Фебруар 74, Република Србија ("Контрактуален производител"), и
(2) [Името на ЗК], друштво со ограничена одговорност што е основано и работи според законите на Република Македонија, со седиште на [адреса] ("Производител"),
(заеднички „Договорни страни“, а поединечно „Договорна страна“).
СО КОЈ Договорните страни се согласни, во онаа мера во која тоа го бара Производителот, Контрактуалниот производител (i) ќе произведува и ќе му продава на Производителот цигари и други тутунски производи што ги носат трговските марки што се сопственост на Производителот или за чие користење Производителот бил овластен од нивниот сопственик, како и (ii) ќе го снабдува и ќе му продава на Производителот такви полуготови производи и материјали за кои Договорните страни ќе се договорат во даден временски период, а во секој случај соодветни за целите на крајната дистрибуција на таквите цигари и други тутунски производи, или за вклучување на таквите полуготови производи и материјали во готовите производи според Договорот за контрактуално производство со ТКП, за нивна крајна дистрибуција од страна на Производителот на Територијата и во согласност со условите од овој Договор.
Според тоа, Договорните страни СЕ СОГЛАСУВААТ СО СЛЕДНОТО:
1. Дефиниции
1.1 "Субсидијар” го означува секој ентитет што врши контрола над, е контролиран од, или е под заедничка контрола на некоја од Договорните страни, а под „контрола“ се подразбира способноста, директно или индиректно, да се водат и насочуваат раководењето, работењето и политиките на некој друг преку правото на глас што е добиено на основа на удел во сопственоста, на договор или на друг начин, со тоа што, за целите на овој Договор, Контрактуалниот производител и Производителот нема да се сметаат за Субсидијари.
1.2 "Субсидијар асигнат" го има значењето опишано во Дел 10.4.
1.3 "Годишна проценка на количината" се однесува на приближно проценетата, во опсег од минимална до максимална, количина на Производи што Производителот може да ги порача од Контрактуалниот производител и што Контрактуалниот производител ќе ги изработи за, ќе му ги продаде и испорача на Производителот во секоја година од Времетраењето на овој Договор, во согласност со Договорот за ниво на услуги со PMI.
1.4 "AML и ABC закони" ги означува сите закони што се однесуваат на тероризмот, на перењето пари, на корупцијата, на економските санкции/бојкотирања, вклучувајќи ги, без да се ограничуваат само на нив, (i) Директивите на Европската унија за перење пари, (ii) уредбите на САД со кои се одобрува воведување на програми за трговски и економски санкции што ги спроведува OFAC, FCPA, Законот за тајност на банкарското работење на САД од 1970 г. и, до онаа мера до која тоа може да се однесува на овој Договор, законот ПАТРИОТ на САД од 2001 г., (iii) британскиот Закон за приходи од нелегално работење од 2002 г., британскиот Закон за сериозен организиран криминал и полиција од 2005 г., британскиот Закон против тероризмот, криминалот и за безбедност од 2001 г., британските Регулативи за перење на пари од 2007 г., и британскиот Закон за поткуп од 2010 г., и (iv) целата легислатива на Република Македонија што ја регулира истата област, во сите случаи и со сите дополнувања, и, во сите случаи, секоја дополнителна легислатива или регулатива направена на основа на претходното.
1.5 "Одобрени ентитети" ги означува Давателите на лиценци од PMI и сите нивни Субсидијари што ги одобрил Производителот во писмена форма.
1.6 "Асигнант" го има значењето опишано во Дел 10.4.
1.7 "Датум на исполнување" го означува датумот за кој PMIM ќе ги извести Производителот и ТКП во согласност со условите од Консолидираниот договор за заедничко вложување дека е Датум на исполнување врз основа на Консолидираниот договор за заедничко вложување.
1.8 "Доверливи информации" го има значењето опишано во Дел 7.1.
1.9 “Лица од Контрактуалниот производител што се обештетуваат” го има значењето опишано во Дел 4.2.
1.10 „Штети“ се однесува на сите давачки или трошоци (вклучувајќи ги и разумните адвокатски и консултантски трошоци), пресуди, спогодби, арбитражни одлуки, парични казни, загуби (вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се само на сите такви загуби што биле поднесени или настанале при спорење, одбрана од тужба, истражување или обезбедување на докази во некој спор), барања и обештетувања, со исклучок на морални штети освен во случај кога таквите морални штети резултираат со парични штети;
1.11 "Спор" го има значењето опишано во Дел 9.2.
1.12 “Товар” значи било какво оптоварување (фиксно или тековно), хипотека, право на трети лица (без разлика дали произлегува од законот или од содружнички удел), обврзување, опција, право на првенство при купување (со исклучок на преемптивното право предвидено со закон што го имаат постојните Содружници на друштвата со ограничена одговорност според македонските закони), право на стекнување, пренесување преку емство, договор за труст со цел да се обезбеди емство или друг интерес од било кој вид, вклучувајќи и договори за задршки или други оптоварувања, и било какви договори за создавање на било која од погоре наведените ситуации;
1.13 "ЕВРО" се однесува на важечката законска валута во еврозоната на ЕУ.
1.14 "FCPA" се однесува на Законот на САД за корумпираност во деловното работење со странство од 1977 г., со сите измени и дополненија.
1.15 "Виша сила" се однесува на случка што се должи на виша сила, чин на јавен непријател, војна, блокада, бунт, гром, пожар, бура, поплава, експлозија, постапка на државата, одложување на или воздржување од преземање или непреземање на постапка од страна на државата, нерасположиви материјали што се набавуваат на слободниот пазар, и на било која друга причина, без разлика дали спаѓа во горенаведените или не, што е вон контролата на Договорната страна што се повикува на Виша сила, и покрај тоа што таа Договорна страна се однесувала како Xxxxxxx и претпазлив оператор. Во ниеден случај во Виша сила нема да биде вклучен ниеден настан или состојба што може да се поправи или избегне со плаќање на пари, освен ако за тоа е дадена писмена согласност од Договорната страна што не е онаа Договорна страна што се повикува на Виша сила.
1.16 “Државен орган” го означува секој државен орган, наднационален орган, квази-државен орган, наменски државен орган (вклучувајќи ги и комерцијалните претпријатија што ги контролира државата), суд, сојузна, државна или саморегулаторна организација, комисија, трибунал или организација или било каква регулаторна, административна или друга агенција, или било кое политичко или друго одделение, оддел, огранок или наменско тело на претходно наведените органи.
1.17 “Државен функционер” значи (a) било кој функционер или службеник на било кој државен орган (вклучувајќи ги, ама не ограничувајќи се само на службениците на корпорации во сопственост на или контролирани од државата и јавни меѓународни организации), (b) било која политичка партија или нејзин функционер, (c) било кој кандидат за политичка функција, или (d) било кој функционер или службеник на било која јавна меѓународна организација.
1.18 "ICC прописи" го има значењето опишано во Дел 9.3.
1.19 “Лице што се обештетува” означува било кое Лице од Контрактуалниот производител што се обештетува или Лице на Производителот што се обештетува.
1.20 " Почетно времетраење" го има значењето опишано во Дел 5.1.
1.21 „Закон“се однесува на сите важечки и обврзувачки закони, законски акти, уредби, договори, директиви, одлуки, прописи, регулативи, наредби, писмени налози, забрани, судски решенија, декрети, законици, подзаконски акти или други правно обврзувачки барања наметнати од било кој државен или од државата Контролиран ентитет или од јавна меѓународна организација, во било која јурисдикција или од наднационална природа, што може да бидат на сила во дадено време.
1.22 "Консолидиран договор за заедничко вложување" се однесува на Консолидираниот договор за заедничко вложување датиран [датум] 2013 г. меѓу PMIM и ТКП, со сите негови евентуални измени и дополненија.
1.23 "Негативна материјална промена во Македонија" се однесува на настанувањето, по датумот на овој Договор, на било каква промена на македонскиот пазар на тутун што произлегува од било какви дејствија (или непреземање на дејствија) од страна на Република Македонија (со исклучок на оние што настанале во контекст на задолжителното изедначување со европската регулатива), за која има негативно материјално влијание врз работењето, имотот или резултатите од работењето на Производителот, вклучувајќи (i) промени во македонските закони што се однесуваат на акцизниот даночен режим, и (ii) нарушувања на пазарот предизвикани од значителен пораст на нелегалната трговија со тутунски производи.
1.24 "OFAC" се однесува на Office of Foreign Assets Control (Канцеларија за контрола на странски имот) при Државната благајна на САД.
1.25 "Договор за услуги за глобална поддршка со PMI" се однесува на договорот за услуги за глобална поддршка склучен меѓу Производителот и [PMIM] на или околу датумот кога е склучен овој Договор, со сите негови евентуални измени и дополненија.
1.26 "Лиценци на PMI" ги означува договорите за лиценци за трговски марки, договорите за подлиценци или за доделување на права (во зависност од случајот), склучени на или околу датумот кога е склучен овој Договор, и тоа меѓу еден или повеќе Даватели на лиценците од PMI и Производителот, со сите нивни измени и дополненија што може да бидат направени одвреме-навреме.
1.27 "Даватели на лиценци од PMI" се однесува на (i) Xxxxxx Xxxxxx Products S.A., компанија што е основана и работи според законите на Швајцарија, со седиште на Quai Jeanrenaud 3, 2000 Neuchatel, Switzerland; и (ii) Xxxxxx Xxxxxx Global Brands Inc., корпорација што е основана и работи според законите на државата Делавер, Соединети Американски Држави, со седиште на Xxxxxxxxxx 2nd floor, 0000 Xxxxxx Xxxxx, 00000, Xxxxxxxx, Xxxxxxxx, Xxxxxx Xxxxxx xx Xxxxxxx.
1.28 "PMIM" се однесува на Xxxxxx Xxxxxx International Management S.A., компанија што е основана и работи според законите на Швајцарија, со седиште на Xxxxxx xx Xxxxxxxx 00, 0000 Xxxxxxxx, Xxxxxxxxxxx.
1.29 "Договор за ниво на услуги со PMI" се однесува на истоимениот документ што е приложен овде како Апендикс С а што се однесува на процесот на производство, порачување и снабдување на Производите, со сите негови евентуални измени и дополненија.
1.30 “Лица на Производителот што се обештетуваат” го има значењето опишано во Дел 4.1.
1.31 „Барање за одговорност за производот“ означува барање поднесено против било кое од Лицата од Производителот што се обештетуваат од страна на трето лице, а што произлегува од или е поврзано со доставата или натамошната дистрибуција од страна на Производителот на Производите, или за смрт, телесна повреда или штета нанесена на имот што произлегува од или е поврзана со Производи што не ги исполнуваат условите од овој Договор или со Производи што на некој друг начин се дефектни според важечкиот Закон.
1.32 "Производи" се однесува на (i) брендовите и варијантите на брендовите на цигари и други тутунски производи наведени во делот 1 од Апендикс А приложен кон овој Договор, со сите негови измени и дополненија што може да бидат одвреме-навреме направени со обострана согласност на Договорните страни, во такви варијанти на пакување за какви што Договорните страни може да се договорат одвреме-навреме ("Тутунски производи"), изработени и испорачани од страна на Контрактуалниот производител и (ii) оние полупроизводи и материјали што ги вклучуваат, ама не се ограничуваат само на режаниот тутун ("РТ") и на нетутунски материјали ("НТМ") набројани во дел 2 од Апендикс А приложен кон овој Договор, за кои Договорните страни одвреме-навреме може да се договорат ("PMI материјали"), што ги снабдува и испорачува Контрактуалниот производител, во секој случај во согласност со спецификациите и нарачките доставени до Контрактуалниот производител од страна на Производителот во согласност со одредбите од овој Договор.
1.33 "Недозволено плаќање" се однесува на директно или индиректно нудење, плаќање, ветување за плаќање, или одобрување на плаќање на било каков паричен износ, или нудење, давање, ветување за давање, или одобрување на давање на било каква материјална вредност на било кој Државен функционер со цел да се влијае на било каква постапка или одлука на тој Државен функционер, или наведување на некој Државен функционер да направи или да не направи било каква постапка со која се прекршува законската должност на тој Државен функционер, или обезбедување на било каква несоодветна предност, или наведување на Државен функционер да го искористи своето влијание во некој Државен орган за да влијае на било каква постапка или одлука на тој Државен орган.
1.34 “Недозволена трансакција” се однесува на директно или индиректно вршење на било каква исплата или впуштање во било каква трансакција или друго работење со Лице со кое не се дозволени трансакции, или со стоки и услуги што се предмет на програми за санкции спроведувани од OFAC.
1.35 “Лице со кое не се дозволени трансакции” се однесува на секое Лице (a) идентификувано од страна на владата на САД на Списокот на специјално назначени националности и блокирани личности што го води OFAC (вклучувајќи ги сите странски терористички организации, специјално утврдените глобални терористи, или специјално утврдените глобални шверцери на наркотици, во секој одделен случај, онака како што тие утврдувања ги донесува и применува OFAC), или идентификувано на било каков список за санкции издаден од Советот за безбедност при Обединетите нации или идентификувано од страна на Европската унија, или на било кој список за санкции во рамките на Заедничката политика за надворешни и безбедносни прашања (CFSP); (b) идентификувано на било кои јавно достапни списоци на лица осомничени за тероризам, терористички организации или други лица и организации што се под санкции или под рестрикции, издаден од било кој државен орган што има јурисдикција над Договорните страни или нивните Субсидијари; или (c) што се на некој друг начин подложени на економски санкции што ги спроведуваат владата на САД, Обединетите нации, Европската унија или било кој државен орган што има јурисдикција над Договорните страни или нивните Субсидијари, освен ако е тоа дозволено или специфично одобрено од страна на таквите важечки режими на санкции.
1.36 „Разумен и претпазлив оператор“ значи лице што настојува со добра волја да ги изврши своите договорни обврски и, додека го прави тоа и генерално се занимава со својот бизнис, применува таков степен на вештини, способности, посветеност, претпазливост и предвидување што разумно и вообичаено би се очекувало од вешт и искусен оператор што се придржува кон важечките закони а што работи во истиот тип на бизнис под исти или слични околности и услови, па сите референци на стандардот за Разумен и претпазлив оператор ќе се формираат во таа смисла.
1.37 "Претставници" се однесува, во однос на некое лице, на неговите менаџери, службеници, директори, вработени, застапници или агенти.
1.38 "Стандарди" го има значењето опишано во Дел 3.5.
1.39 "Времетраење на Договорот" се однесува на Првичното времетраење на овој Договор што може да биде продолжено и/или прекинато во согласност со Дел 5.
1.40 "Територија" се однесува на домашниот пазар во Република Македонија што подлежи на акцизен режим.
1.41 "ТКП" се однесува на Тутунски комбинат АД Прилеп, компанија што е основа и работи според законите на Република Македонија, со седиште на Марксова 101, 7500 Прилеп, Република Македонија.
1.42 "Договор за контрактуално производство со ТКП" се однесува на договорот за контрактуално производство меѓу, покрај другите, ТКП, Производителот и PMIM, склучен на или околу датумот кога е склучен овој Договор, а во врска со производството од страна на ТКП, а за Производителот, преку преработка на суровините снабдени од страна на Производителот, на (i) оние брендирани Производи на било кој Давател на лиценца од PMI или било кој од нивните Субсидијари наведени во тој договор, и (ii) оние брендирани Производи на ТКП наведени во тој договор со сите негови измени и дополненија што може да бидат направени одвреме-навреме.
1.43 "Лиценца на ТКП" се однесува на договорот за лиценца за трговска марка меѓу ТКП, Производителот и PMIM, склучен на или околу датумот кога е склучен овој Договор, со сите негови евентуални измени и дополненија.
1.44 "Договор за снабдување со ТКП" се однесува на договорот за снабдување со производни материјали и продажба меѓу, покрај другите, Производителот како купувач, ТКП како снабдувач и PMIM, склучен на или околу датумот на кој е склучен овој Договор, со сите негови евентуални измени и дополненија.
1.45 "Договори за трансакции" се однесува на овој Договор, на Консолидираниот договор за заедничко вложување, на Основачкиот договор на Производителот, на Договорот за контрактуално производство со ТКП, на Лиценците на ТКП, на Лиценците на PMI, на Договорот за снабдување со ТКП и на Договорот за услуги за глобална поддршка со PMI.
1.46 "Трибунал" го има значењето опишано во Дел 9.3(a).
1.47 „УС долар“ се однесува на сегашната законска валута на Соединетите Американски Држави.
1.48 "Работен ден" се однесува на било кој ден што не е сабота или недела, во кој банкарските институции во градовите Ниш, Република Србија, и Скопје, Република Македонија обично се отворени.
2. Производство и продажба на Производите
2.1 Контрактуалниот производител изработува, или наложува да бидат изработени, од страна на ентитети одобрени во писмена форма од страна на Производителот, а Производителот презема, толкави количини од Производите што Производителот ги порачал во согласност со Дел 3.1, и според условите од овој Договор.
2.2 Контрактуалниот производител е ексклузивен добавувач на Производителот во однос на ПМИ Материјалите и следните Tутунски Производи:Marlboro.
3. Услови за производство и продажба
3.1 Одвреме-навреме, според потребите на Производителот, Производителот може да прави порачки за Производите во обемот и според условите предвидени со Договорот за ниво на услуги со PMI. При правењето на порачка за производите, Производителот ќе треба да го наведе следното: (i) количеството на Производи (наведувајќи дали тоа се Тутунски производи или PMI материјали) што се порачува, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се само на секој бренд, и варијанта на бренд и на пакување (кога е тоа применливо); и (ii) датумот/датумите на испорака на таквите Производи. Сите производи се наменети за крајна дистрибуција, или за вградување во готовите производи за крајна дистрибуција на Територијата, а Контрактуалниот производител ќе се придржува кон сите законски, регулаторни, акцизни и други барања за кои ќе биде известен од страна на Производителот во согласност со Дел 6.2(c).
3.2 Контрактуалниот производител е согласен да ги изврши сите порачки направени од Производителот врз основа на овој Договор, во согласност со условите (вклучувајќи ги, без да се ограничува само на нив, условите што се однесуваат на времето на испорака, типот и спецификациите на Производите, и количеството на порачаните Производи) од порачките, со овој Договор и со Договорот за ниво на услуги со PMI.
(а) Ако Контрактуалниот производител не го испорача во целост количеството од било кој PMI материјал наведено во било која порачка направена од страна на Производителот во согласност со условите на таа порачка, Производителот има право да избере (по свое исклучиво дискреционо право), и без да им наштети со тоа на било кои права и правни лекови што му се на располагање на Производителот во врска со неисполнувањето, да ги набави PMI материјалите што не му биле испорачани директно од било кое трето лица што за таа цел го избрал Контрактуалниот производител, а во тој случај Производителот веднаш ќе го извести Контрактуалниот производител за таквиот избор, а Контрактуалниот производител веднаш ќе му ги надомести на Производителот сите зголемени трошоци што ги сноси Производителот како последица од тоа што PMI материјалите што недостигале ги набавил од трето лице, а што претставуваат разлика над износот што инаку би го платил Производителот на Контрактуалниот производител за производството или снабдувањето со материјалите што недостигаат, во согласност со Дел 3.7.
(b) Без да биде тоа противречно со погорниот параграф (а), Контрактуалниот производител нема да биде должен да му плати на Производителот за сите зголемени трошоци за замена што ги сносел Производителот во случај кога неможноста на Контрактуалниот производител да го испорача порачаното количество
(i) се должи на случај на Виша сила (во тој случај, зголемените трошоци за замена ќе ги сносат еднакво Контрактуалниот производител и Производителот); или
(ii) била директно причинета од крешење на условите на овој Договор од страна на Производителот.
3.3 Контрактуалниот производител ќе го обезбеди производството и испораката или снабдувањето и испораката (во зависност од случајот) на Производите порачани од Производителот на или пред датумите за испорака што ги навел Производителот во порачките, а кога не е наведен датум на испорака, тогаш во најскоро можно време. Освен ако не е поинаку предвидено во овој Дел, времето на испорака е од суштинска важност во овој Договор.
3.4 Производите ќе се испорачуваат DAP (Delivered at Place) (Incoterms 2010) на следните места за испорака:
(a) Тутунските производи ќе бидат испорачувани во наведеното складиште за готови производи на Производителот во Скопје, Република Македонија; и
(b) PMI материјалите ќе бидат испорачувани во наведеното складиште во објектот на ТКП во Прилеп, Република Македонија.
Сопственоста над Производите и ризикот поврзан со нив ќе преминат на Производителот во моментот на испораката во согласност со овој Дел 3.4.
3.5 Контрактуалниот производител ќе обезбеди сите Производи што се продаваат според овој Договор да бидат изработени и/или испорачани (во зависност од случајот) и складирани во согласност со (i) сите важечки спецификации и стандарди изнесени во Апендикс В и (ii) сите други важечки спецификации и стандарди што Производителот одвреме-навреме може да му ги соопштува на Контрактуалниот производител, вклучувајќи ги, без да се ограничува само на нив, сите барања наведени од страна на Производителот согласно Дел 6.2(c) и согласно Договорот за ниво на услуги со PMI (барањата наведени под (i) и (ii) понатаму во текстот се означуваат со заедничко име „Стандарди“). Контрактуалниот производител ќе биде одговорен за набавување на сите производни материјали што му се потребни за да ги изработи Тутунските производи, а Контрактуалниот производител се обврзува да ги изработува Тутунските производи користејќи само такви производни материјали што ги исполнуваат Стандардите.
3.6 Производителот има право да ги прегледа сите испорачани Производи за да провери дали тие се во согласност со Дел 3.5 и дали може да се продаваат.
(а) Кога при инспекцијата Производителот ќе најде Производи што не биле произведени во согласност со Дел 3.5 или што не се погодни за продажба, исклучиво според наоѓањето на Производителот, поради дамки, валканици, мувла или друго нарушувње на квалитетот, Производителот ќе има право, со доставување на писмено известување до Контрактуалниот производител во било кое дадено време, да побара од Контрактуалниот производител, а Контрактуалниот производител е согласен
(i) или да ги замени (или да се погрижи да бидат заменети од страна на ентитети одобрени во писмена форма од страна на Производителот) таквите производи што не ги исполнуваат условите или што не се погодни за продажба во рок од десет (10) календарски дена од добивањето на писменото известување од страна на Производителот, исклучиво на трошок на Контрактуалниот производител; или
(ii) по избор на Контрактуалниот производител, да му ги надомести на Производителот трошоците за замена на таквите Производи што не ги исполнуваат условите или не се погодни за продажба.
(b) Меѓутоа, претходно наведените постапки во случај на производи што не може да се продаваат нема да важат кога таквата непогодност за продажба произлегува од чување преголеми залихи, од несоодветни постапки за складирање, или од несоодветно ротирање на залихите од страна на Производителот или на неговите купци, или од било каков друго пропуст на Производителот да се придржува кон кои и да било други практики за чување или складирање што се вообичаени во тутунската индустрија.
(с) Кога непогодноста за продажба била причинета од такво чување преголеми залихи, од несоодветни постапки за чување,, или од несоодветно ротирање на залихите или од друг пропуст на Производителот да се придржува кон кои и да било други практики за чување или складирање што се вообичаени во тутунската индустрија, Производителот може на свој трошок да се ослободи од или да ги врати одбиените Производи или Производите непогодни за продажба, како што ќе биде договорено со Контрактуалниот производител. Договорните страни се согласни да им ги одбијат на Контрактуалниот производител или на Производителот, во зависност од случајот, или на лицата назначени од нив, акцизите платени за сите такви Производи што се фрлени и/или вратени врз основа на овој Дел 3.6.
3.7 Цената по која Контрактуалниот производител ќе му продава 1.000 Производи на Производителот ќе биде збир од:
(a) варијабилниот трошок на Контрактуалниот производител за изработка на тие 1.000 Производи, имено (i) цената на материјалите и (ii) трошоците на Контрактуалниот производител за конверзија на тие Производи;
(b) фиксните трошоци на Контрактуалниот производител за 1.000 Производи изработени од него во релевантната година во фабриката во која биле изработени тие 1.000 Производи, имено фиксните производни трошоци на фабриката (вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се само на нив, централните фиксни производни трошоци), општите и административните трошоци на фабриката, и фиксниот производен трошок што е компонента од надоместот за менаџмент услуги од страна на PMIM;
(c) трошоците за шпедиција, складирање, ракување и осигурување што ги сноси Контрактуалниот производител до товарањето во камион или во железнички вагон на тие 1.000 Производи, само ако тие трошоци не биле вклучени во (a) или (b) погоре;
(d) трошокот, со исклучок на фискалната вредност, акцизниот данок или ДДВ, за било какви налепници за легитимирање, или даночни или слични налепници или маркици што Законите на Република Македонија може да налагаат да бидат ставени на Производите, ако е таков случајот, и ако тие трошоци ги платил Контрактуалниот производител на барање на Производителот;
(e) маржа над реалните трошоци наведени од (a) до (d) погоре за односната календарска година, чиј износ ќе се пресметува во согласност со подолниот Дел 3.8;
(f) трошокот за отправување на 1.000 Производи, вклучувајќи го, но не ограничувајќи се само на трошокот за палети и за најлонска фолија за обвиткување на палетите;
(g) трошоците за финансирање на работниот капитал на Контрактуалниот производител поврзани со производството на тие 1.000 Производи;
(h) фискалниот трошок на Контрактуалниот производител за налепници за легитимирање, или на даночни или слични налепници или маркици, што Законите на Република Македонија може да налагаат да бидат ставени на Производите, ако е таков случајот, и ако тие трошоци ги платил Контрактуалниот производител на барање на Производителот;
(i) трошоците за шпедиција, складирање, ракување и осигурување што ги сноси Контрактуалниот производител по товарањето во камион или во железнички вагон на тие 1.000 Производи па до нивната испорака; и
(j) ДДВ на погорните ставки од (a) до (i), ако е таков случајот.
За да се избегне било какво сомневање, погорното споменување на 1.000 Производи ќе се однесува, во случајот кога се работи за цигари, на 1.000 парчиња. Кога Производите се други ставки, на пример флавори и сосови, мерната единица што ќе се користи (наместо 1.000 Производи) за да се пресметаат износите од овој Дел 3.7 Договорните страни ќе ја договорат во времето кога ќе биде пласирана порачката за тие Производи.
3.8 Договорните страни одвреме-навреме ќе ја договараат цената на Производите врз основа на најдобрите проценки на Контрактуалниот производител на неговите трошоци опишани погоре. Цените ќе вклучуваат и маржа на приближно проценетите трошоци од ставките под (a) до (d) од Дел 3.7, а Договорните страни имаат намера таа маржа на приближно проценетите трошоци да резултира со маржа на реалните трошоци од ставките под (a) до (d) од Дел 3.7 за односната календарска година во износ од 6,25%.
Договорните страни редовно и континуирано ќе ги ревидираат цените на Производите, а најмалку еднаш на секои три месеци, врз основа на реалното флуктуирање на погоре опишаните трошоци на Контрактуалниот производител, и со заемна согласност соодветно ќе ги менуваат тие цени за да ја определат и имплементираат годишната маржа од 6.25%. Таквите промени на цените ќе водат сметка за трошоците, такви какви што се дефинирани во (a), (b), (c), (d), (f), (g), (h) и (i) од Дел 3.7, што реално ги сносел Контрактуалниот производител во периодот за кој се врши ревизијата. Секоја од Договорните страни може во било кое време да побара од ревизорите на Контрактуалниот производител да ги потврдат трошоците на Контрактуалниот производител за целите на таквите пресметки. Ако маржата наплатена во било која календарска година надмине 7,5% или падне под 5% од реалните трошоци од ставките под (a) до (d) од Дел 3.7 во таа година, ќе биде извршена исплата на надомест од Контрактуалниот производител спрема Производителот или обратно, во зависност од случајот, во износ на таквиот вишок или кусок.
3.9 За да се избегне било какво сомневање, Контрактуалниот производител нема да биде одговорен да му плаќа на Производителот или на било која друга страна никакви надомести за авторски права поврзани со производството на Контрактуалниот производител и продажбата на Производителот врз основа на овој Договор, на Тутунски производи што ги носат заштитените марки на Производителот или на било која друга страна.
3.10 Контрактуалниот производител ќе му издаде фактура на Производителот не подоцна од пет (5) календарски дена по испораката на Производите по секоја порачка или, кога е тоа така договорено и соодветно, на месечна основа за сите Производи изработени и испорачани според овој Договор во текот на тој месец, издавајќи фактура не подоцна од петтиот (5-тиот) календарски ден од месецот што следува по месецот во кој била извршена испораката, како што ќе биде договорено меѓу Договорните страни.
(a) Плаќањата ќе бидат во ЕВРА и извршени во рок од триесет (30) календарски дена од датумот на фактурирање во ЕВРА, а исплатите ќе се вршат во Работни денови.
(b) Производителот ќе ги плаќа фактурите исклучиво по пат на електронски трансфер на веднаш расположиви средства од својата сопствена регистрирана банковна сметка на сметката на Контрактуалниот производител [број на сметка] во [банка] [Напомена: ќе се внесе дополнително], или на било која друга банкарска сметка што ќе му ја назначи Контрактуалниот производител во писмена форма.
(c) Со овој Договор не се дозволени никакви пренесувања на побарувања и/или долгувања на други лица, освен во случај Договорните страни во писмена форма да го потврдат тоа.
3.11 Ако Производителот е обврзан од важечките Закони (вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се само на меѓународните спогодби за избегнување на двојното оданочување) да одбива и задржува било какви такси, данок на додадена вредност, одбитоци, царини, трошоци или други давачки од било каква природа, и/или било какви даночни задршки од исплатите што Производителот му ги врши на Контрактуалниот производител според овој Договор, Производителот ќе го извести за тоа Контрактуалниот производител, ќе ги изврши потребните одбитоци или задршки и навремено ќе го плати целиот износ на таквите даноци на соодветниот орган за наплата.
3.12 Производителот е согласен да ги вложи сите свои напори за да добие од соодветната даночна управа на Територијата потврда за плаќањето на сите такви даноци од име на Контрактуалниот производител. Таквата потврда во сите случаи ќе биде на име на Контрактуалниот производител. Не подоцна од триесет (30) каледнарски денови по плаќањето на износите на Контрактуалниот производител, Производителот ќе му ја прати на Контрактуалниот производител оригиналната потврда за платениот данок. Производителот ќе му ја надомести на Контрактуалниот производител вредноста на сите даночни одбитоци што Контрактуалниот производител нема да биде во можност да ги добие поради тоа што Производителот не му ги доставил на Контрактуалниот производител потврдите за платени даноци предвидени со овој Дел 3.12.
3.13 Ако, во согласност со било каква важечка спогодба за избегнување на двојно оданочување, не треба да се задржи данок при било каква исплата што ја врши Производителот според овој Договор, или ако задршката на данокот од исплатата треба да се плати по пониска стапка во споредба со стандардната стапка утврдена со важечкиот Закон, Контрактуалниот производител на барање ќе му достави на Производителот уверение од соодветен даночен орган со кое се потврдува дека е резидентен даночен обврзник во Република Србија, и сите други документи што се потребни според локалниот закон и според соодветната спогодба за избегнување на двојно оданочување, за да се осигура дека никаква задршка на данок од исплатата, или намалена стапка на задршка на данок од исплатата не важи за било која исплата што ја врши Производителот според овој Договор.
3.14 Производителот ќе му го надомести на Контрактуалниот производител трошокот во случај било кои Производи или опаковки или други материјали од било каков вид за Производите да станат застарени или неупотребливи под услов Контрактуалниот производител да ги одржувал своите залихи на такви материјали во рамките на максималната количина за која бил известен од страна на Производителот.
3.15 Освен ако Договорните страни се договорат поинаку, Производителот, без да му создава трошоци на Контрактуалниот производител, ќе биде одговорен за набавка на било какви налепници за легитимирање, или на даночни или слични налепници или маркици што Законите на Република Македонија може да налагаат да бидат ставени на Тутунските производи. Производителот ќе му ги достави на Контрактуалниот производител таквите налепници или маркици во согласност со DAP, фабриката на Контрактуалниот производител, со соодветните цени и во доволни количини и во соодветни временски интервали за да можат истите да бидат ставени на Тутунските производи без одлагање како што тие се произведуваат. Производителот ќе го сноси ризикот од губењето на таквите налепници или маркици, освен во времето меѓу нивното пристигнување во фабриката на Контрактуалниот производител и испораката на Тутунските производи во согласност со дел 3.4.
4. Обештетување
4.1 Контрактуалниот производител ќе ги обештети, обештетува и штити Производителот и неговите Субсидијари, како и нивните Претставници, и сите наследници и одобрени асигнати на било која од претходно наведените страни (колективно означени како „Лица на Производителот што се обештетуваат“) за и од сите Штети што ги сносат Лицата на Производителот што се обештетуваат, а што директно ќе произлезат или ќе резултираат од, или ќе бидат поврзани со (i) било какво прекршување на било која изјава или гаранција дадена од страна на Контрактуалниот производител во Дел 6.1, (ii) било какво прекршување или пропуст да се изврши било каква обврска, спогодба, потфат или задолжение што Контрактуалниот производител бил должен да го изврши според овој Договор, или (iii) било какво Барање на одговорност за Производот.
4.2 Производителот ќе ги обештети, обештетува и штити Контрактуалниот производител и неговите Субсидијари, како и нивните Претставници, и сите наследници и одобрени асигнати на било која од претходно наведените страни (колективно означени како „Лица на КИ што се обештетуваат“) за и од сите Штети што ги сносат Лицата на КИ што се обештетуваат, а што директно произлегуваат или резултираат од, или се поврзани со (i) било какво прекршување на било која изјава или гаранција дадена од страна на Производителот во Дел 6.2 или (ii) било какво прекршување или пропуст да се изврши било каква обврска, спогодба, потфат или задолжение што Производителот бил должен да го изврши според овој Договор.
4.3 Исклучоци и ограничувања:
(a) Лице што се обештетува нема да има право на обештетување според овој Дел 4:
(i) во врска со било какво барање за Штети во кое тоа Лице се впуштило во измама или кога штетите биле причинети од намерна постапка или од постапка на сериозна небрежност;
(ii) ако и во онаа мера во која соодветното барање за Штети не би настанало да не било направено (или во онаа мера во која тоа е зголемено поради) материјално прекршување на било која од обврските што Договорната страна што бара обештетување ги имала според овој Договор спрема Договорната страна од која се бара обештетување.
5. Времетраење и завршување на Договорот
5.1 Овој Договор ќе стапи на сила од Датумот на исполнување и, освен ако не е предвремено раскинат од било која Договорна страна во согласност со одредбите од дел 5.2, ќе остане на сила за почетен период што истекува на датумот на десеттата (10-тата) годишнина од Датумот на исполнување ("Почетно времетраење"). По истекот на тоа време овој Договор автоматски ќе биде продолжуван за последователни периоди од една (1) година, освен ако не биде раскинат од некоја од Договорните страни со писмено известување дадено најмалку шест (6) месеци однапред.
5.2 Договорните страни може да го раскинат овој Договор во следните случаи:
(a) Од страна на Производителот, и тоа веднаш, преку писмено известување до Контрактуалниот производител во случај да: (i) било која одредба од Деловите 2.1, 3, 4, 6.1, 7, 9, 10.4 и 10.11 веќе не се смета за, или престанува да биде, валидна или спроведлива; (ii) Контрактуалниот производител не ги почитува одредбите од Дел 6.1(h) или Дел 3.3; (iii) Контрактуалниот Производител бара ослободување, или против него е поведена постапка според било кој закон за банкрот, несолвентност или реорганизација, ако престане (или е во опасност да престане) да ја врши дејноста, ако поднесе барање за доброволна ликвидација или за престанување со работа или на друг начин банкротира, стане несолвентен или генерално неспособен да ги плаќа своите долгови како што тие стасуваат за наплата;или (iv) истече, е повлечена или укината, или на било кој начин престане да биде во полна сила и дејство било која државна лиценца што му е неопходна на Контрактуалниот производител за вршење на неговата дејност на ист начин како дотогаш, или да ги поседува или изнајмува имотите што ги поседува или изнајмува.
(b) Од страна на Производителот, и тоа веднаш, преку писмено известување до Контрактуалниот производител, во случај да (i) настане Негативна материјална промена во Македонија; или (ii) Контрактуалниот производител во најмалку три (3) наврати во една дадена година не исполнил било која од своите обврски од овој Договор во поглед на количината и/или квалитетот на било кој од Производите што треба да ги испорачува врз основа на овој Договор,а Xxxxxxxxxxxxxx оцени (по своја сопствена дискреција) дека таквиот пропуст му е од важност.
(с) Од страна на Контрактуалниот производител, и тоа веднаш, преку писмено известување до Производителот, во случај да (i) било која од одредбите од Деловите 2.1, 2.2, 3.7, 3.8, 4, 6.2, 7, 8, 9, 10.4 и 10.11 веќе не се смета за, или престанува да биде, валидна или спроведлива;или (ii) или Производителот не успее да се усогласи со одредбите на еден или повеќе од Деловите 2.1,2.2,3.7,3.8,3.10,3.14,3.15,4 и 6.2.
(d) Од било која Договорна страна (i) веднаш, преку писмено известување до другата Договорна страна, во случај ако другата Договорна страна прекрши било кој услов од овој Договор и не го исправи прекршокот во рок од триесет (30) календарски дена откако писмено била известена за таквото прекршување; или (ii) во согласност со Дел 8.
(е) Од двете Договорни страни со заемна писмена согласност.
(f) Автоматски на датумот на раскинување на Консолидираниот договор за заедничко вложување по Почетното времетраење под услов да било доставено валидно известување за раскинување како што е предвидено во дел 11.1(d) од Консолидираниот договор за заедничко вложување, освен ако не биде поинаку договорено меѓу Содружниците (како што е дефинирано во Консолидираниот договор за заедничко вложување) според Консолидираниот договор за заедничко вложување.
5.3 При и по раскинувањето на овој Договор од било која причина: (i) Контрактуалниот производител ќе престане да ги произведува Тутунските производи, со тоа што на Контрактуалниот производител нема да му биде забрането да ги произведува, за своја сметка или за трети лица, Тутунските производи под брендови ексклузивно лиценцирани на Производителот од страна на било кој Давател на лиценца од PMI според договор за лиценца за трговска марка за дистрибуција надвор од Република Македонија или, кога таквиот договор за лиценца за трговска марка бил раскинат или престанал да важи на некој друг начин, за дистрибуција во Република Македонија; и да се придржува кон инструкциите на Производителот во однос на постојните лагери на Производи; (ii) Производителот веднаш ќе му ги исплати сите износи што му ги должи на Контрактуалниот производител според овој Договор; и (iii) секоја од Договорните страни ќе и ги предаде на другата Договорна страна или на лицето назначено од неа сите Доверливи информации (покрај овој Договор) што ги добила во било каква форма на основа на овој Договор.
5.4 Освен на начин изрично утврден овде, ниедна Договорна страна нема право на било какво побарување спрема другата Договорна страна во однос на раскинувањето на овој Договор во согласност со неговите услови, без разлика дали станува збор за компензација, надомест на штета, обештетување, исплата за добар деловен статус што може да произлезе во однос на производството и продажбата на Производите, или од нешто друго, со тоа што ништо од овој Дел 5.4 да не ограничува или исклучува било каква одговорност за измама, злонамерност, намерна постапка или постапка на сериозна небрежност.
5.5 Дефинициите од Дел 1 и одредбите од Деловите 4, 5, 7, 9 и 10 ќе продолжат да важат и по раскинувањето на овој Договор.
6. Изјави и гаранции
6.1 Контрактуалниот производител му го изјавува и гарантира на Производителот следното:
(a) Контрактуалниот производител е компанија прописно регистрирана и валидно постоечка во [Република Србија] и ги има сите потребни компаниски или други моќи и овластувања и потребните државни лиценци за вршење на својата дејност на ист начин како што таа била вршена досега, и да ги поседува или изнајмува имотите што ги поседува или изнајмува;
(b) овој Договор е прописно одобрен од страна на Контрактуалниот производител и, кога ќе биде извршен и спроведен од страна на Контрактуалниот производител, ќе претставува легална, валидна и законски обврзувачка обврска на Контрактуалниот производител, што може да се спроведе во согласност со неговите услови;
(c) во врска со овој Договор, Контрактуалниот производител е (а ќе обезбеди и неговите Одобрени ентитети да бидат) во согласност со сите важечки материјални Закони што се применливи за него или за нив, и ги исполнува условите за Лиценците на PMI. Не е во тек, ниту се очекува да биде покрената во иднина, било каква постапка за укинување или повлекување на било какво државно право или лиценца што сега ја има Контрактуалниот производител, или на било каква согласност што му била дадена на Контрактуалниот производител, а што би му била потребна на Контрактуалниот производител за да ги исполни своите обврски од овој Договор. Колку што му е познато на Контрактуалниот производител, не постои ниеден Закон што би бил прекршен, ниту пак никаква лиценца, право или согласност што би била укината како резултат од тоа што Контрактуалниот производител ќе ги исполнува своите обврски што произлегуваат од овој Договор;
(d) освен оние што веќе се добиени од страна на Контрактуалниот производител, никаква друга согласност или одобрение од било кое трето лице, и никакво одобрение, овластување, лиценца, дозвола или друго дејствие од страна на било кој српски државен орган не е потребно за извршување на дејствијата на Контрактуалниот производител што произлегуваат од овој Договор или за да може Контрактуалниот производител да ги изврши трансакциите предвидени со овој Договор. Контрактуалниот производител ќе ги одржува сите државни согласности, одобренија, лиценци, барања и регистрации (за кои е или ќе стане свесен) што се потребни, и ќе ги добие оние што ќе станат потребни за извршувањето и спроведувањето на овој Договор;
(e) нема влезено, и нема да влезе во било каков договор со некој Државен функционер што би ја компромитирал неговата способност да ги изврши своите обврски кон Производителот што произлегуваат од овој Договор, и тековно нема, ниту пак ќе ангажира или назначува никакви службеници, директори или вработени што се Државни функционери. Контрактуалниот производител ќе го извести Производителот во разумен временски рок ако Контрактуалниот производител стане свесен дека било кој негов службеник, директор или вработен станал Државен функционер (и под услов таквиот поединец да остане службеник, директор или вработен на Контрактуалниот производител (во зависност од случајот) во тоа време);
(f) колку што му е познато, не крши ниеден од AML и ABC законите и нема да презема никакви дејствија со кои би се кршел било кој од законите против перењето пари, AML и ABC законите, и Контрактуалниот производител нема да презема никави дејствија што би можеле да претставуваат Недозволена трансакција. Xxxx Xxxxxxxxxxxxxxx производител ниту било кој од неговите Субсидијари не фигурираат на Списокот на специјално назначени националности и блокирани лица на OFAC или на било кој друг список за санкции објавен од Обединетите нации или од Европската унија, ниту пак имаат било какви деловни зделки со било кое лице што фигурира на тие списоци. Без ограничувања на обопштеноста на претходното, Контрактуалниот производител нема, и нема да создава, никаков таен или нерегистриран фонд или имот со цел да олесни било какво Недозволено плаќање или Недозволена трансакција што би кршела било кој од AML и ABC законите, и нема да презема никакви дејствија за давање понуда, плаќање, ветување за плаќање, или одобрување на плаќање или на давање пари, или на било што друго од вредност, на било кој Државен функционер со цел да добие или да задржи некој бизнис или да обезбеди било каква неправична предност што крши било кој од AML и ABC законите во врска со овој Договор;
(g) е, и ќе биде во текот на целото Времетраење на овој Договор, целосно квалификуван, со соодветна и искусна работна сила во доволен број за да ги произведува Производите во согласност со овој Договор и има, и ќе одржува во текот на целото Времетраење на овој Договор, доволни производствени капацитети во фабриката за да ги изработува Производите според Стандардите во целосната Проценета годишна количина;
(h) ги поседува, изнајмува или на друг начин има, и (во текот на целото Времетраење на Договорот) ќе има целосни и правно остварливи права да ги користи, слободно од Товари, и нема (во текот на Времетраењето на договорот, освен со претходна писмена согласност од Производителот) да стапи во или да дозволи да постојат било какви Товари врз целата материјална машинерија, опрема и други стварни имоти потребни за вршењето на неговата дејност за преработка на тутун и производство на цигари; сите постапки, машинерии, опрема други стварни имоти потребни за вршење на неговата дејност за преработка на тутун и производство на цигари се добро одржувани и во добра и работна состојба (со исклучок на редовната амортизација), редовно и соодветно се одржуваат и нивната состојба е во согласност со претпоставката за корисен живот при пописот и амортизацијата на имотот, и ќе бидат одржувани во таква состојба во текот на целото Времетраење на Договорот; и
(i) Производите испорачани на Производителот од страна на Контрактуалниот производител врз основа на овој Договор: (i) ќе ги исполнуваат Стандардите; (ii) ќе бидат со задоволителен квалитет и погодни за секоја намена што ја знае Контрактуалниот производител или со која Производителот ќе го запознае Контрактуалниот производител; (iii) ќе бидат без недостатоци во поглед на материјалот и изработката и слободни од било какви Товари; и (iv) ќе бидат во согласност со сите важечки Закони и вообичаени барања во индустријата.
6.2 Производителот му го изјавува и гарантира на Контрактуалниот производител следното:
(a) Производителот е компанија прописно регистрирана и валидно постоечка во Република Македонија и ги има сите потребни компаниски или други моќи и овластувања и потребните државни лиценци за вршење на својата дејност на ист начин како што таа била вршена досега;
(b) овој Договор е прописно одобрен од страна на Производителот и, кога ќе биде извршен и спроведен од страна на Производителот, ќе претставува легална, валидна и законски обврзувачка обврска на Производителот, што може да се спроведе во согласност со неговите услови;
(c) Производите ќе бидат крајно дистрибуирани од страна на Производителот или на неговото назначено лице на Територијата и Производителот ќе го информира Контрактуалниот производител за сите релевантни законски, регулаторни, акцизни и други услови за дистрибуција на Териоторијата; и
(d) колку што му е познато, не крши ниеден од AML и ABC законите и нема да презема никакви дејствија со кои би се кршел било кој од AML и ABC законите. Xxxx Xxxxxxxxxxxxxx ниту било кој од неговите Субсидијари не фигурираат на Списокот на специјално назначени националности и блокирани лица на OFAC или на било кој друг список за санкции објавен од Обединетите нации или од Европската унија.
7. Доверливост
7.1 Контрактуалниот производител, било за, било по истекот на Времетраењето на овој Договор, нема директно или индиректно, ниту преку своите Претставници, да открие на ниедно трето лице (освен на Одобрените ентитети) никаква технолошка консултација, таен процес, постоечки или предложени производи или услуги, продажба или други дејности, комерцијални, финансиски и правни информации и други доверливи информации што му биле откриени на него (без разлика дали му биле откриени на, пред или по датумот на овој Договор, и без разлика дали му биле откриени усно, електронски или писмено) од страна на Производителот или на било кој од Субсидијарите на Производителот, како ни условите од овој Договор ("Доверливи информации"), ниту пак ќе ги користи (и нема да им дозволи на Одобрените ентитети да ги користат) таквите Доверливи информации за било која друга цел освен за спроведување на овој Договор, на Лиценците на PMI и на Консолидираниот договор за заедничко инвестирање, без претходна писмена согласност од Производителот. Нема да се смета дека одредбите од овој Дел 7.1 го забрануваат откривањето од страна на Контрактуалниот производител на Доверливи информации само ако, и во онаа мера во која тоа е потребно: (i) за да се подготват или пополнат било какви потребни даночни пријави или финансиски извештаи, (ii) во врска со рутинските ревизии или со други рутински постапки од страна или од име на некој државен орган, (iii) во врска со било какви побарувања на осигурување или на бенефиции, (iv) во онаа мера во која е потребно за да се почитува било кој важечки закон или пропис на било која берза на хартии од вредност или државен орган под чија компетенција спаѓа Контрактуалниот производител, (v) во врска со користењето на било какво право или правен лек, или со извршувањето на било какви обврски што произлегуваат од овој Договор, или (vi) во врска со било какви други слични административни функции во вообичаениот тек на работењет; под услов во секој таков поединечен случај таквиот Контрактуален производител да вложи разумни напори да добие сигурна гаранција дека таквите Доверливи информации ќе бидат третирани на доверлив начин. Без да се косат со обопштеноста на претходно реченото, одредбите од овој Дел 7.1 нема да важат за информации што (а) се или стануваат јавно достапни на било кој начин освен преку откривање од страна на Контрактуалниот призводител што е обврзан да ги чува информациите доверливо според овој Договор, (в) се или стануваат законски достапни за Контрактуалниот производител на недоверлива основа од извор на кој, според сознанијата на Контрактуалниот производител (по разумно испитување) не му е забрането да ги открие тие информации преку правна, контрактуална или даночна обврска, или (с) се или биле развиени самостојно од страна на Контрактуалниот производител што е обврзан да ги чува информациите во доверливост, за што ќе се приложи писмена документација како доказ. Контрактуалниот производител ќе осигура сите негови Одобрени ентитети и сите негови вработени што може да добијат или да имаат пристап до Доверливи информации да се придржуваат во целост кон условите од овој Дел 7. По истекувањето или раскинувањето на овој Договор, Контрактуалниот производител ќе престане (и ќе се погрижи Одобрените ентитети да престанат) да користи и во иднина нема да користи (и ќе се погрижи Одобрените ентитети да престанат да користат) било какви Доверливи информации. Обврската за доверливост што произлегува од овој Дел 7 ќе важи и по истекувањето или раскинувањето на овој Договор за период од две (2) години.
7.2 И покрај сите изрични правни лекови предвидени со овој Договор, и без нарушување на било кое друго право или правен лек со кое може да располага било која од Договорните страни, и едната и другата Договорна страна се свесни и согласни дека само обештетувањето може да не биде соодветен правен лек во случај на кршење на одредбите од овој Дел 7, така што, во случај на кршење или на очекувано кршење на тие одредби, заштитната судска наредба и/или судската наредба што налага специфичен начин на однесување исто така ќе биде расположива како правен лек во соодветни околности, при што секоја од Договорните страни овде неотповикливо се откажува од било какво право што можеби го има во тој поглед на основа на важечкиот Закон.
8. Виша сила
Ако (и до онаа мера во која) било која од Договорните страни е спречена на било каков начин да изврши било која од своите обврски што произлегуваат од овој Договор поради настан што се должи на Виша сила, тогаш Договорната страна така спречена да ги изврши своите обврски нема да биде одговорна за никаков пропуст или одложување на извршувањето под услов таквата Договорна страна итно да ја извести другата Договорна страна за тој пропуст или одложување и за причините што довеле до него, и да ги преземе сите разумни чекори за да продолжи со целосно извршување на обврските во најскоро можно време. Ако таквиот настан на Виша сила трае повеќе од триесет (30) календарски денови, тогаш Договорната страна што не е Страната што била спречена да ги исполни обврските поради Виша сила, има право да го раскине овој Договор, и тоа веднаш, откако писмено ќе ја извести другата Договорна страна, без да има никакви обврски спрема неа.
9. Важечки закони; Решавање на спорови
9.1 Овој Договор и секое барање, спор или противречност (вклучувајќи ги, без да се ограничува само на нив, и вондоговорните барања, спорови или противречности) што произлегува од него или во врска со него или со неговиот предмет ќе подлежат на, и ќе бидат решавани во согласност со законите на Република Македонија. Условите од Конвенцијата за договори за меѓународна продажба на стоки на Обединетите нации нема да важи за овој Договор, ниту за било кој поединечен договор направен во однос на Производите произведени или купени (во зависност од случајот) врз основа на овој Договор.
9.2 Договорните страни се обврзуваат да вложат максимални напори и да се обидат да ги решат пријателски сите спорови, противречности или барања што произлегуваат од овој Договор или од неговото постоење, кршење, раскинување, валидност или извршност (вклучувајќи и вондоговорни спорови или барања) („Спор“). Според тоа, пред да побара арбитража, секоја Договорна страна мора со препорачано писмо да ги извести сите други Договорни страни за својата желба да се обиде пријателски да го реши спорот. Таквото известување треба го опишува Спорот и да ги содржи сите документи што таа Договорна страна сака да ги достави. Договорните страни се обврзуваат да го вклучат вишото раководство во секој обид за пријателско решавање на Спорот.
9.3 Ако не се постигне пријателско решавање на спорот во рок од дваесет и еден (21) ден од датумот на погоре споменатото известување, секоја Договорна страна има право во своја сопствена дискреција да отпочне арбитража во согласност со овој Дел 9.3 Спорот треба да биде изнесен пред и конечно решен преку арбитража според Прописите за арбитража на Меѓународната трговска комора (“ICC прописи”), а се смета дека тие Прописи преку нивното споменување се вклучени во оваа клаузула (освен таму каде што се модифицирани). Седиштето или местото на арбитражата ќе биде Париз, Франција. Постапката за арбитража ќе се води на англиски јазик. Сите докази, правни овластувања, изјави од сведоци, извештаи од вештаци, како и усните сведочења што се изнесени на јазик што не е англиски треба да бидат придружени со службен превод на англиски јазик.
(a) Ќе има тројца (3) арбитри, кои сите течно ќе зборуваат англиски јазик (тие арбитри ќе го сочинуваат „Трибуналот“). Секоја од Договорните страни ќе назначи по еден (1) арбитар, а двајцата (2) арбитри назначени од Договорните страни ќе го одберат третиот (3-иот) арбитар што ќе биде претседавач на Трибуналот (а во случај двајцата арбитри назначени од Договорните страни да не можат да одберат трет (3) арбитар во рок од триесет (30) дена откако и вториот од нив бил назначен, третиот арбитар ќе биде избран и назначен во согласност со ICC прописите).
(b) Во своето одлучување, Трибуналот (освен ако смета дека таквата одлука е несоодветна за околностите на Спорот) ќе и ги додели на Договорната страна што ќе победи сите основани трошоци за трети лица, вклучувајќи и основани адвокатски трошоци и арбитражни трошоци.
(c) Во најширокиот размер дозволен со Законот во врска со било кое законско прашање што ќе произлезе во текот на арбитражата или во однос на било каква донесена одлука, освен за постапки за спроведување на арбитражна одлука и постапки со кои се бара посредник, соговорник или друга времена помош од било кој суд со надлежна јурисдикција, Договорните страни се откажуваат од сите права да поднесат тужби или жалби до било кој национален суд, вклучувајќи ги судовите во Република Македонија и во Швајцарија, и пред било која друга надлежна јурисдикција.
(d) Арбитражната одлука ќе биде конечна и обврзувачка за Договорните страни и за сите лица што поднесуваат барање преку или со нив. Одлуката може да биде изнесена пред и спроведена од страна на секој суд што има јурисдикција, а донесената пресуда во врска со одлуката може да биде изнесена пред секој суд што има јурисдикција.
(e) Освен ако овој Договор веќе бил раскинат, овој Договор и правата и обврските што поризлегуваат од него за Договорните страни ќе останат во полна сила и дејство во текот на донесувањето на одлуката во било каква арбитражна постапка, без оглед на природата на Спорот.
(f) Освен во случај и во мера во која откривањето е законски наложено, за да се заштити некое законско право или да се спроведе или оспори арбитражна одлука во бона фиде правна постапка пред национален суд или друг судски орган, Договорните страни се обврзуваат како генерален принцип да ги чуваат доверливо сите одлуки, заедно со сите материјали изработени во текот на и за потребите на арбитражата од страна на другата Договорна страна, под услов тие документи да не спаѓаат во јавниот домен.
(g) Сите известувања од едната до другата Договорна страна во врска со арбитражата ќе бидат во согласност со одредбите од Дел 10.9 со исклучок на тоа дека ниедно известување не може да биде пратено по факс.
(h) Овој договор за арбитража ќе биде обврзувачки за наследниците и одобрените лица на кои може да им се пренесат сопственичките удели на секоја од Договорните страни.
9.4 Консолидација на арбитражната постапка. За да се олесни сеопфатното решавање на изнесените Спорови, а на барање на било која од Страните во арбитражната постапка, на основа на Дел 9.3, секоја арбитража или предложена арбитража што вклучува било која од Договорните страни и се однесува на овој Договор и/или на другите Договори за трансакции може да биде консолидирана според ICC прописите.
10. Општи одредби
10.1 Ниедно одложување, пропуст или неискористување на било која од Договорните страни на било кое од нејзините права и расположивите правни лекови предвидени со овој Договор нема да се смета за откажување од тие права и правни лекови или за одобрување на настанот што довел до потребата од искористување на таквото право или правен лек, туку секое такво право и правен лек може да бидат искористени во дадено време и толку често колку што тоа ќе го смета за неопходно Договорната страна што го искористува тоа право или правен лек.
10.2 Овој договор нема да биде дополнуван, приспособуван или менуван, и ниту една одредба од овој Договор нема да биде отфрлена, освен ако за тоа има писмена согласност потпишана од двете Договорни страни.
10.3 Овој Договор, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се само на неговите апендикси (што претставуваат негов составен дел), заедно со содржината (како што е изрично наведена) на секој документ изрично споменат во било кој од условите од овој Договор, го претставува севкупниот Договор меѓу Договорните страни и преовладува над сите други претходни договори и спогодби, било усни, било писмени, било изрични, било подразбрани, меѓу Договорните страни, нивните претходници и нивните Субсидијари во врска со предметот на овој Договор, и сите тие престануваат да важат на датумот кога овој Договор стапува на сила. За да се избегнат било какви недоумици, ништо од овој Дел 10.3 не го исклучува или прекинува Консолидираниот договор за заедничко вложување. Ништо во овој Дел 10.3 нема да ограничи или исклучи било каква одговорност поради измама, злонамерност, намерна постапка или постапка на сериозна небрежност.
10.4 Контрактуалниот производител и Производителот сфаќаат дека секој од нив има значителен интерес од тоа другата страна да ги врши или контролира дејствијата што се бараат од неа врз основа на овој Договор; па, соодветно на тоа, ниту една од Договорните страни не ќе може да го пренесе овој Договор на трети лица без претходна писмена согласност од другата Договорна страна, со исклучок на тоа дека секоја од Договорните страни може да ги пренесе или делегира своите права („Асигнант“), ама не и своите обврски што произлегуваат од овој Договор, на некој од своите Субсидијари („Субсидијар асигнат“). Ако, во било кое време, Субсидијарот асигнат престане да биде Субсидијар на Асигнантот, тогаш Асигнантот и Асигнатот имаат обврска да обезбедат пренесување или трансфер назад на Асигнантот или на друг Субсидијар на Асигнантот, пред да престане таквиот Субсидијар асигнат да биде Субсидијар на Асигнантот.
10.5 Правата и правните лекови со кои располагаат Договорните страни според овој Договор не исклучуваат ниедно друго право или правен лек што се предвидени со важечките Закони.
10.6 Освен ако тоа тука не е изрично поинаку наведено, нема да се смета дека со овој Договор се доделуваат било какви права или бенефиции на било кое лице што не е Договорна страна во овој Договор.
10.7 Ништо од овој Договор нема да биде толкувано дека формира партнерство, заедничко вложување или агенција меѓу Контрактуалниот производител и Производителот. Контрактуалниот производител ќе дејствува за сопствена сметка и на сопствен ризик, и од свое сопствено име, а не од име на Производителот.
10.8 Во случај да се утврди, од страна на било кој надлежен орган, дека било која одредба од овој Договор е невалидна или неспроведлива, сите други одредби од овој Договор продолжуваат да важат со полна сила и дејство, освен ако Производителот или Контрактуалниот производител утврди дека таа одредба е од материјална важност за овој Договор, а во тој случај Производителот или Контрактуалниот производител (во зависност од случајот) може да го раскине Договорот како што е предвидено со Дел 5.2(а)(i) или Дел 5.2(с) (во зависност од случајот).
10.9 Сите известувања во врска со овој Договор треба да бидат во писмена форма и може да бидат доставени преку лична достава или преку регистрирана поштенска пратка, или по телефакс, адресирани до конкретниот примател на адресата наведена на првата страница од овој Договор за секоја од Договорните страни (или на таква друга адреса што Договорната страна може да и ја наведе на другата Договорна страна во писмена форма) и, ако е така доставена, ќе се смета во случај да е пратена по пошта, дека е доставена на третиот (3) Работен ден од датумот на испраќањето; ако е пратена по телефакс, во времето кога ќе биде извршена трансмисијата (со печатена потврда за прием); а во случај на лична достава, на датумот кога е извршена таа достава.
10.10 Насловите на Деловите во овој Договор се само заради полесно снаоѓање и на ниеден начин не влијаат на толкувањето на одредбите од овој Договор.
10.11 Во случај на било какво несовпаѓање меѓу текстот на англиски јазик и било каков превод на овој Договор на друг јазик, важечки е текстот на англиски јазик.
10.12 Сите износи што едната Договорна страна треба да и ги исплати на другата Договорна страна на основа на овој Договор ќе се вршат во целост, без никакви порамнувања или обратни побарувања без оглед на тоа какво е нивното потекло, и од нив нема да се вршат никакви одбитоци и задршки освен одбитоците и задршките што (i) ги налагаат важечките Закони или (ii) што се изрично наведени во овој Договор.
10.13 Секој Договорна страна, на барање на другата Договорна страна, ќе ги изврши или ќе обезбеди да бидат извршени сите такви дејствија, и/или ќе ги спроведе и/или достави, или ќе обезбеди да бидат извршени и/или доставени сите такви документи (во секој од тие случаи на сопствен трошок) што може да бидат побарани според Законот или што другата Договорна страна може во дадено време основано да ги побара, без оглед дали тоа се случува на или по Датумот на извршување, што може да бидат неопходни за да овој Договор се имплементира и добие полно дејство.
ВО ПОТВРДА НА НАПРЕД ИЗНЕСЕНОТО, Договорните страни го извршија овој Договор преку своите прописно овластени претставници на првиот датум споменат во горниот текст
Xxxxxx
Xxxxxx Operations a.d. Nis [Името
на ЗК]
Од: ______________________ |
Од: ______________________ |
|
|
Име: ______________________ |
Име: ______________________ |
|
|
Функција:______________________ |
Функција:______________________ |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Апендикс A
Производи
Дел 1: Тутунски производи
Различни регистрирани варијанти на брендови на цигари на следните лиценцирани брендови:
1/.....
2/.....
3/.....
Дел 2: PMI материјали
Полуготови производи и материјали, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се само на:
а) РТ за terfield во согласност со спецификациите на Производителот
б) НТМ за rfield во согласност со спецификациите на Производителот
Апендикс B
Стандарди
|
Тип на документот |
Број на документот |
Име на документот |
Технички спецификации |
Спецификација |
Q1460 |
Општи спецификации и напатствија за материјалот за пакување |
Стандарди за квалитет |
Упатство за работа |
Q0366 |
Ревизија и известување за визуелниот квалитет на финалниот производ |
Упатство за работа |
Q0736 |
Контрола на самото место на физичкиот и визуелниот квалитет на производот |
|
Упатство за работа |
Q0365 |
„Рок на употреба“ за Готови производи |
|
Процедура |
Q1421 |
Проверка на директниот дојдовен материјал |
|
Барања за услови на чување |
Процедура |
Q1491 |
Превоз, ракување и чување - општо |
Апендикс C
Договор за ниво на услуги со PMI
2323