Contract
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
Склучен на ден ________________ помеѓу:
Установата за стручно образование _________________________________, со седиште на ____________________________________, претставувана од Директорот _________________, од една страна и
Компанијата ___________________________________, со седиште на _______________________________________________, претставувана од Директорот ___________________, од друга страна.
ЦЕЛИ И НАЧИН НА СОРАБОТКА
Овој Меморандум има за цел да воспостави тековна соработка помеѓу Установата за стручно образование ___________________ (во понатамошниот текст „Училиште“) и Компанијата ______________________ ( во понатамошниот текст „Работодавач“) за ефикасна, континуирана и координирана соработка во однос на развојот на стручното образование и обука, усовршување и оспособување на учениците на локално и национално ниво.
Овој меморандум за соработка има за цел имплементација на образовните програми преку спроведување на практични обуки каде, учениците непосредно ќе имаат можност да го следат целокупниот процес на производство и преку нивните ментори да изведуваат практични обуки во просториите на компанијата.
Двете страни се согласни да соработуваат заедно со цел идентификување на подрачја каде вработените на вклучените страни можат да работат заедно за подигање на квалитетот на стручното образование и обука на локално и национално ниво на кое делуваат.
Со овој меморандум се регулираат меѓусебните права и обврски на договорените страни во врска со програмската структура на стручното образование со обезбедување на практична настава, стипендирање на учениците како и нивно задржување на работа по завршувањето на образованието.
ОБВРСКИ НА ВКЛУЧЕНИТЕ СТРАНИ ВО РАМКИТЕ НА МЕМОРАНДУМОТ ЗА РАЗБИРАЊЕ И СОРАБОТКА
Вклучените страни се согласуваат дека:
ќе споделуваат информации од областа на стручното образование и обука за учениците и возрасните со почитување на доверливоста и интелектуалната сопственост на информациите;
се спремни за заедничка изработка на образовни документи од областа на стручното образование и обука за учениците ;
меѓусебно почитување на името и високото реноме и консултирање во однос на xxxxxxx вид публицитет или надворешни спомнувања на овој меморандум за соработка;
за воспоставување на партнерска соработка, доверба и остварување на заеднички цели во реализација на активностите кои ќе произлезат од овој меморандум
во случај некоја од планираните активности да резултираат со приход и трошок, партнерите заеднички ќе го дефинираат буџетот, а преку тоа и обврските и придобивките на сите партнери.
ОДГОВОРНОСТИ НА ВКЛУЧЕНИТЕ СТРАНИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПОЗИТИВНИТЕ ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ
3.1.Одговорности на Установата за стручно образование:
склучува договор со работодавачот, родителот/старател и ученикот за изведување на практична обука на ученикот;
планира реализација на практичната обука во соработка со работодавачот;
организира соодветно осигурување на учениците;
обезбедува услови на наставникот да врши надгледување на учениците на работните места кај работодавачот;
врши подготовка на учениците за реализирање на практична обука кај работодавачи;
реализира обука за подготовка на менторите за работа со учениците во компанијата и им издава потврда за успешно завршена обука;
изготвува временски распоред на учениците за практична обука кај работодавачите.
3.2.Одговорности на работодавачот:
склучува договор со установата за стручно образование, родителот/старател и ученикот за изведување на практична обука на ученикот;
планира реализација на практичната обука во соработка со установата за стручно образование;
обезбедува услови за постигнување на целите за практичната обука од наставните програми согласно предвидениот фонд на часови;
од редот на вработените, определува ментор задолжен за работа со ученикот кој изведува практична обука кај работодавачот;
дава инструкции и го документира напредокот на ученикот;
учествува на заедничките состаноци со ученикот, родителот/старател и наставникот;
обезбедува примена на средства за заштита, согласно со законската регулатива;
има право да се стекне со финансиски, царински и даночни олеснувања, пропишани со Закон за стручно образование и обука, Сл. Весник на РМ бр. 71/2006, (член 15: Работодавачот има право да се стекне со финансиски, царински и даночни олеснувања пропишани со закон);
обезбедува надоместок за ученичката работа, во согласност со условите пропишани со договорот, доколку така се договорат работодавачот и ученикот/родителот/старателот;
обезбедува услови за проверка на знаења и вештини на учениците и потребни материјали, машини и алати и соодветни мерки за хигиенотеничка заштита;
обезбедува време за одмор на ученикот во текот на работниот ден, при изведување на практичната обука.
ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Вклучените страни се согласуваат дека без претходно писмено одобрение од другата страна, нема да откријат доверливи информации директно или индиректно поврзани со интересите на другите страни.
Под доверливи информации се подразбираат: документи, извештаи и сите други податоци со ознака „ доверливи“ што училиштето и компанијата ги споделуваат меѓусебно.
Вклучените страни се согласуваат дека обврската за тајност се однесува на неограничен временски период, и истата ќе се применува и по евентуалното раскинување на меморандумот.
СТАПУВАЊЕ ВО СИЛА И РАСКИНУВАЊЕ
Овој Xxxxxxxxxx за разбирање и соработка ќе стапи во сила на денот на неговото потпишување од страна на вклучените страни. Меморандумот се склучува на неопределено време и е со важност од денот на потпишувањето од страна на овластени потписници. Меморандумот по потреба може да се ревидира секоја година со претходно писмено барање за измени и дополнувања до другата вклучена страна.
Секоја вклучена страна може да го раскине овој Меморандум за соработка со претходно писмено известување до другата вклучена страна.
ОВЛАСТЕНИ ПРЕТСТАВНИЦИ
Овластени потписници на овој Меморандум се директорот на училиштето од една страна и Директорот на компанијата, од друга страна.
Секоја од вклучените страни, со писмено известување до другата страна, назначува свои претставници од редот на вработените, овластени да ја претставуваат институцијата при реализирање на обврските кои произлегуваат од овој Меморандум.
ЈАЗИК
Меморандумот за разбирање и соработка е подготвен на македонски јазик во четири (4) еднакви примероци, од кои по два (2) за секоја вклучена страна.
СОГЛАСНОСТ
Долупотпишаните страни се согласуваат со содржината на овој Меморандум за соработка и се согласуваат доследно да се придржуваат до неговата содржина.
ПОТПИСНИЦИ