ОК РЕСТОРАНТС & БАРС ДООЕЛ - SUSHICO
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
ОК РЕСТОРАНТС & БАРС ДООЕЛ - SUSHICO
Ул.„Аминта Трети“ Бр.29 – Скопје
Работно место: Помошник во кујна – 3 Извршители
Првично со Договор за вработување на определено време на 1 месец, со можност за продолжување
Xxxxxx опис на потребни услови, работни задачи и способности/вештини за работното место
Услови:
- Завршено средно образование
- Со или без работно искуство
- Основно познавање на англиски или друг јазик, ќе се смета за предност
Работни задачи:
- Прави техничка и логистичка подготовка на сите потребни намирници
- Прави техничка подготовка за одржување на користените садови (машинско и рачно миење)
- Се грижи за подредување и сортирање на чистите садови за употреба
- Се грижи за хигиената во работниот простор и опремата за работа
- Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг по насоки од менаџментот
Способности и вештини:
Способност за тимска работа, управување со време, флексибилност, физичка подготвенoст за работа во стоечка положба, точност, агилност и способност за следење на компаниската политика и процедури на работење.
Работа во смени.
Предвидената почетна плата во висина од 18.000 денари.
Вашата биографија (CV) можете да ја пратите електронски на xxxxxx.xxxxxxxx@xxxxxxx.xx со назнака - Оглас за Помошник во кујна во ОК Ресторантс & Барс ДООЕЛ- SUSHICO.