9 февруари, преку платформата ZOOM)
П О К А Н А
за учество на еднодневна работилница на тема:
„НОВ КОНЦЕПТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА“
(9 февруари, преку платформата ZOOM)
Зошто ваква работилница?
Поради сè позачестеното раскинување на веќе склучените договори за снабдување со електрична енергија (ЕЕ) за сопствени потреби во изминативе неколку месеци, договорните органи се соочени со потребата од итно спроведување нови постапки за доделување договор за јавна набавка со кои треба да се избере нов снабдувач на ЕЕ, а во меѓувреме редовното снабдувањето со ЕЕ го покриваат преку снабдувачот во краен случај.
Од друга страна, новообјавените постапки за доделување договор за јавна набавка завршуваат безуспешно во речиси 80% од случаите, па така наместо да се направи избор на нов снабдувач со ЕЕ, договорните органи ги поништуваат постапките поради тоа што не е поднесена ниту една или ниту една прифатлива понуда (најчесто понудената цена отстапува од проценетата вредност на набавката).
Главната причина за ваквата појава е неможноста на носителот на набавка со кој договорниот орган има склучено договор за снабдување со ЕЕ да го реализира договорот по веќе договорените фиксни цени до истекот на неговата важност, како и настојувањето на договорните органи во сите новообјавени постапки за доделување договор за јавна набавка на ЕЕ повторно да бараат од ЕО фиксна цена за снабдување со ЕЕ за времетраење на целиот период за кој се планира да биде склучен договорот.
Актуелните случувања на слободниот пазар на електрична енергија и постојаниот раст на цената на ЕЕ на светските берзи секако дека влијание врз економските оператори да не сакаат да учествуваат во постапките за јавна набавка на ЕЕ по истите фиксни цени кои претходно ги нуделе или доколку учествуваат тогаш тие нудат премногу високи цени кои го надминуваат прагот и на цената формирана од страна на снабдувачот во краен случај.
Затоа, неминовно е договорните органи активно да се вклучат во изнаоѓање и користење нов применлив концепт за јавна набавка на ЕЕ, кој подразбира воведување нови правила и методи за пресметка на цената на потрошена ЕЕ и напуштање на постоечкиот концепт на дефинирање „фиксна цена за потрошена ЕЕ“, со цел враќање на конкурентноста и успешно завршување на постапките за набавка на ЕЕ со избор на најповолна понуда.
Организирањето на оваа работилница добива дополнителна тежина со оглед на фактот дека новиот концепт за јавна набавка на ЕЕ што го применија договорните органи кои учествуваа во претходната работилница на истата тема се покажа како многу успешен и ги даде своите првични резултати со успешниот избор на најповолен понудувач, т.е. нов снабдувач на електрична енергија, Ве покануваме и поттикнуваме на учество во работилницата заради навремено и успешно спроведување на Вашата претстојна постапка за јавна набавка на ЕЕ.
Xxxx е целта на работилницата?
Целта на оваа интерактивна работилница во организација на СИМПОЗИОН е да понуди еден сосема нов и поинаков концепт за изработка на ТД за јавна набавка на ЕЕ во која критериумот за избор на најповолна понуда и останатите услови се креирани на начин кој одговора на моменталната и идната неизвесна состојба на пазарот на ЕЕ.
Во новиот концепт за изработка на ТД за јавна набавка на електрична енергија се предлагаат следните решенија:
- Евалуација на понудите и избор на најповолна понуда врз основа на понуден најнизок процент на маржа кој ќе се користи за пресметка на цената на потрошена ЕЕ за даден месец, преку примена на соодветна формула.
- Предвидување на разлики во цена (корекција на цени), согласно со промените кои настапуваат на HUPX берзата.
- Начин на следење на промените во цената на HUPX берзата, како основа за пресметка на потрошената ЕЕ и изработка на месечна фактура.
- Креирање на механизам за заштита на договорниот орган од плаќање на повисока цена за потрошена ЕЕ од цената по која снабдувачот во краен случај врши снабдување со ЕЕ.
На работилницата ќе стане збор и за начинот на планирање и пресметка на проценетата вредност на набавката од што ќе зависи и времетраењето на рамковната спогодба за набавка на ЕЕ.
За кого е наменета работилницата?
Работилницата е наменета за договорни органи – одговорни лица, лица за јавни набавки, членови на комисии за јавни набавки, надворешни стручни лица кои ѝ помагаат на комисијата при евалуацијата, лица кои го изготвуваат барањето за јавна набавка на електрична енергија.
Како ќе се спроведе оваа работилница?
На високо интерактивно ниво, со детално елаборирање на новите услови во предложената содржина на тендерската документација за јавна набавка на електрична енергија, преку практични примери, прашања, одговори, дискусии.
Времетраење на работилницата
Работилницата ќе се одвива во текот на еден ден со два блока наставни сесии, во периодот од 10.00–13.00 часот.
Кој ќе ја води работилницата?
Xxxxx Xxxxxxxxxx – специјалист и сертифициран обучувач за јавни набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување договори за јавни набавки, со редовен ангажман како консултант за јавни набавки.
Колку изнесува котизацијата за учество?
Котизацијата за учество на еднодневната работилница (на 9 февруари – преку платформата ZOOM) изнесува 3900 денари + 18% ДДВ.
Дополнителен попуст: за две или повеќе пријавени лица од иста институција или фирма, следува попуст од 10%.
Како да се пријавите за учество на работилницата?
Пријавувањето за учество на работилницата се врши најдоцна до 8 февруари декември 2022 година со пополнување и испраќање пријавен лист на следната електронска адреса: xxxx@xxxxxxxxx.xx
За сите дополнителни прашања и потребни информации во врска со работилницата, слободно контактирајте нè на тел. 000 000 000 или на официјалната електронска адреса.
Дополнителни информации
Сите учесници ќе добијат:
✓ работни материјали од работилницата
✓ Предлог на тендерска документација за јавна набавка на електрична енергија
Информации за уплата на котизација
Примач: СИМПОЗИОН ДООЕЛ – Скопје Адреса: ул. Франклин Рузвелт 54/1-16 Сметка бр.: 210071635330103
XXX Xxxxxxxx Банка АД Скопје ДБ за ДДВ: МК4080016561868