Осигурувач е Триглав Oсигурување Живот АД Скопје.
Триглав Осигурување Живот АД бул. 8-ми Септември бр.18 кат 2 1000 Скопје
ПГ-З-ЗЗС-ПОД
21-05
Општи услови за колективно ризико осигурување на животот во случај на смрт од болест
Член 1
Општи одредби
[1] Овие Oпшти услови за колективно ризико осигурување на животот во случај на смрт (во понатамошниот текст: Услови) се составен и неразделен дел од Договорот за колективно ризико осигурување на животот во случај на смрт од болест кај договорувачот.
[2] Термините искористени во овие услови го имаат следното значење:
- Осигурувач е Триглав Oсигурување Живот АД Скопје.
- Понуда е предлог за склучување на Договор за колективно ризико осигурување на животот за случај на смрт од болест и се поднесува во писмена форма на образец на осигурувачот.
- Понудувач е лицето кое има намера да склучи Договор за колективно ризико осигурување живот за случај на смрт од болест и за таа цел поднесува писмена понуда до осигурувачот. Осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата при тоа не наведувајќи ги причините за одбивање.
- Договорувач е работодавач - правно лице кое со осигурувачот склучило Договор за колективно ризико осигурување на животот во случај на смрт од болест на осигуреникот и презема обврска за плаќање на премии и други обврски што врз основа на договорот настануваат за страната која се појавува наспроти осигурувачот.
- Осигуреник е лицето на кое се однесува осигурувањето и од чија смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума. Осигуреник може да биде лице кое е вработено кај договорувачот, членови на неговото семејство (како што е предвидено во овие услови), практикант ангажиран согласно законските прописи за практиканство, волонтер ангажиран согласно законските прописи за волонтирање и лице во граѓанско-правен однос.
- Корисник на осигурувањето е лицето во чија корист се договара осигурувањето и на кое му се исплатува договорената осигурена сума.
- Договорена осигурена сума (во понатамошниот текст: осигурена сума) е сумата определена со договорот која осигурувачот е должен да ја исплати кога ќе настане осигурен случај.
- Xxxxxx е исправа за склучен Договор за колективно ризико осигурување на животот за случај на смрт од болест.
- Премија за осигурување на живот е износ кој договорувачот е должен да го плати на осигурувачот врз основа на Договорот за колективно ризико осигурување на животот за случај на смрт од болест.
- Математичка резерва се пресметува во висина на сегашната вредност на проценетите идни обврски на Друштвото кои произлегуваат од договорите за осигурување, намалени за сегашната вредност на идните премии кои треба да се платат врз основа на тие договори.
[3] Со Договорот за колективно ризико осигурување за случај на смрт од болест се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорувачот, осигуреникот, корисникот како и осигурувачот. Составен дел од Договорот за колективно ризико осигурување за случај на смрт се
понудата, полисата, овие услови и сите додатоци на полисата во писмена форма вклучително и список на осигуреници. Списокот на осигуреници содржи име, презиме, ЕМБГ, корисник на осигурувањето, изјаснување дали осигуреникот е носител на јавна функција, потпис со кој ја дава својата согласност да биде осигурен, како и други податоци неопходни за исполнување на обврските на осигурувачот по договорот за осигурување или предвидени со законските прописи. Списокот е во прилог на понудата, која пак е составен дел на полисата за осигурување.
[4] Со договорот склучен согласно овие услови, договорувачот се
обврзува во договорените рокови да ја плаќа премијата, а осигурувачот се обврзува да му ја исплати на корисникот на осигурувањето осигурената сума во согласност со одредбите на овие Услови.
[5] Сите понуди, изјави, барања и измени од која било договорена страна мора да бидат во писмена форма.
[6] Согласно овие услови можат да се осигураат здрави лица со навршени 18 (осумнаесет) години и тоа од првиот ден во месецот кој следи од месецот во кој осигуреникот се стекнал со право на осигурување на својот живот, па сè до завршувањето на календарската година во која осигуреникот ќе наврши 69 години. Осигурувањето треба да заврши во календарската година во која осигуреникот ќе наврши 70 (седумедесет) години старост.
[7] По исклучок од став 6 на овој член, може да се осигуруваат и лица кои се помлади од 18 (осумнаесет) години доколку:
- се деца на работникот кој е осигурен преку колективно осигурување, ако се постари од 14 години и живеат во исто семејство со работникот, и
- работници кои се постари од 15 години и се вработени согласно XXX.
[8] Co дoгoвopoт зa кoлeктивнo ocигypyвaњe нa paбoтницитe вo пpeтпpиjaтиeтo мoже дa ce ocигypaaт и бpaчнитe дpyгapи и дeцaтa нa ocигypeницитe.
[9] Moжaт дa ce ocигypaaт бpaчнитe дpyгapи кoи нe ce пocтapи oд 69 гoдини, дeцaтa co нaпoлнeти 14 гoдини кoи живeaт вo зaeдничкo ceмejcтвo co ocигypeникoт и нe cтaпилe вo бpaк.
[10] Зa ocигypyвaњe нa бpaчниoт дpyгap или дeцaтa, пoтpeбнa e пиcмeнa изjaвa нa дoгoвopyвaчoт или ocигypeникoт co oзнaчyвaњe нa имињaтa и cpoдcтвoтo.
[11] Осигурувачот може да побара дополнителна документација (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на документи за идентификација на осигурениците и изјави од нив), која договорувачот е должен да му пружи помош за да ја обезбеди, како Осигурувачот би ги исполнил своите обврски по однос на прописите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
[12] Името на застапникот во осигурувањето, називот на друштвото за застапување во осигурувањето, односно осигурително брокерското друштво, доколку договорот за осигурување е склучен преку застапник, друштво за застапување, односно осигурително брокерско друштво е наведено на понудата за осигурување живот.
[13] Сите договори важат само ако се договорени писмено и ако при склучувањето, односно при промената на осигурувањето, е извршена лична идентификација. Сите изјави кои осигурувачот или договорувачот ги поднесуваат еден на друг важат од моментот, односно денот на прием. Ако се праќаат по пошта, како ден на прием се смета денот кога препорачаното писмо било предадено во пошта.
Сите промени кои за последица имаат промена на обврската на осигурувачот започнуваат да важат од првиот ден на следниот месец по приемот на барањето.
[14] Осигурувачот може за договорите склучени со комуникациски средства да одреди осигурувањето да биде склучено со самото плаќање на премијата.
Член 2 Понуда
[1] Договорот за колективно ризико осигурување на животот во случај на смрт од болест се склучува врз основа на писмена понуда. Понудата за осигурување на живот се поднесува во писмена форма на образец на осигурувачот која е составен и неразделен дел на договорот и ги содржи сите суштински елементи на договорот за осигурување живот.
[2] Понудата мора да се пополни целосно, вистинито и точно и во неа мора да се наведат сите факти значајни за преземањето на ризиците и склучувањето на договорот за осигурување живот.
[3] Понудата за склучување на договор за осигурување живот која била поднесена до осигурувачот, го обврзува осигурувачот да му одговори на понудувачот во рок од 8 дена од денот кога ја примил понудата, а ако е потребен лекарски преглед, во рок од триесет дена. Ако осигурувачот во тој рок не ја одбие понудата, за која понудувачот се обврзал согласно Законот, а која не отстапува од условите според кои тој го врши предложеното осигурување, се смета дека понудата е прифатена и дека договорот е склучен оној ден кога понудата пристигнала кај осигурувачот.
[4] Понудата е составен дел на договорот за осигурување живот и мора да биде потпишана од двете страни. Ако договорувачот и осигуреникот не се исто лице, за важност на договорот, на понудата е потребен и потпис на осигуреникот.
[5] Осигурувачот има право, по приемот на понудата, да побара и дополнителни податоци, односно да побара информации битни за склучување на договорот.
[6] Осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата за осигурување без наведување на причините за одбивање на понудата, а понудата со приложените.
Член 3 Полиса
[1] Xxxxxx за колективно ризико осигурување на животот за случај на смрт е доказ за склучен договор за осигурување живот за случај на смрт.
[2] Осигурувачот ја подготвува полисата во еден примерок, според податоците од понудата. Во полисата мораат да бидат наведени податоците за договорувачот, осигурени опасности, почеток и времетраење на осигурувањето, табелата на годишните вредности на осигурената сума за случај на смрт, премија, корисници, датум на изработка на полисата и потпис на овластено лице на осигурувачот. Ако полисата суштински се разликува од понудата и другите писмени изјави на договорувачот, тој може писмено да достави приговор во рок од еден месец од приемот на полисата. Ако тоа не го стори, содржината на полисата важи. Кон полисата за осигурување се приложува и список на осигуреници од страна на договорувачот.
[3] На полисата се запишува почетниот број на осигуреници, со тоа што договорувачот е должен да ја пријави секоја промена во бројот на осигурени работници секој месец.
Член 4
[1] Полисата за осигурување на животот содржи: назив на договорувачот, осигурен случај, почеток и истек на осигурувањето, осигурена сума за случај на смрт, премија на осигурувањето, датум на издавање на полисата, потпис на овластено лице на осигурувачот, општите и посебните услови на осигурувањето кои се составен и неразделен дел на договорот за осигурување, како и констатација дека текстот на истите му е предаден на договорувачот на осигурувањето.
[2] Потписот и печатот на договорувачот на понудата за осигурување се сметаат за потписи на полисата.
[7] Покрај осигурување на животот по овие општи услови можат да се договорат и дополнителни осигурувања, според посебните услови на осигурувачот. Доколку со осигурувањето на живот
се договори и дополнително осигурување, составен дел од Договорот се и посебните услови за осигурување за соодветното дополнителното осигурување.
Член 5
Почеток и истек на осигурувањето
[1] Ова осигурување се склучува на одредено времетраење и не може да биде склучено на време пократко од 1 година.
[2] Осигурувањето започнува секогаш во 00:00 часот, првиот ден од месецот кој следи по месецот на склучување на договорот, доколку поинаку не е договорено. Денот, месецот и годината на почеток и истекување на осигурувањето се наведени во понудата и полисата. Обврската на осигурувачот започнува од денот кој е наведен како почеток на осигурувањето, ако дотогаш е уплатена првата премија или првата рата, односно еднократната премија.
[3] Договорот за осигурувањето автоматски се обновува за времетраење од една година под исти услови како и претходниот договор и со последниот важечки список на осигурени лица, освен доколку осигурувачот реши да не го обнови договорот за што ќе го извести договорувачот на осигурување во последните 30 дена од важењето на договорот, или доколку договорувачот на осигурувањето во последните 30 дена од важењето на договорот не достави писмена изјава до осигурувачот дека не сака да го обнови осигурувањето.
[4] Осигурувањето на животот престанува да важи кога:
- ќе настапи смрт од болест на осигуреникот;
- не е платена премијата согласно роковите од овие услови;
- ќе истече календарската година во која осигуреникот навршил 70 годишна возраст;
- кога осигуреникот ќе ја изгуби деловната способност или ќе има трајно губење на работната способност од прва категорија (општа неспособност за работа);
- кога во полисата е одреден истек на договорот за осигурување.
[5] За работниците кои се вработиле по почетокот на осигурувањето означено во полисата, осигурувањето почнува да важи од 00:00 часот на првиот ден од месецот кој следи по месецот кога се вработиле, под услов до тој ден да се пријавени од страна на договорувачот кај осигурувачот и да се во списокот на лица кои се осигурени.
[6] Вработените на неопределено време може да одлучат да пристапат кон осигурувањето најдоцна 30 дена по почетокот на осигурувањето.
[7] За работниците осигурувањето престанува да важи во 24:00 часот од оној ден кога работниот однос, по кој било основ е прекинат.
[8] Ocигypyвањeтo за члeнoви на ceмejcтвoтo запoчнyва да важи од 00:00 часот на првиот ден од месецот кој следи по месецот кoj вo пиcмeната пpиjава, пpeдлoжeна на ocигypyвачoт од договорувачот e oзначeн какo пoчeтoк на ocигypyвањeтo, а пpecтанyва вo 24:00 чаcoт oнoj дeн кoга мy пpecтанал pабoтниoт oднoc на ocигypeникoт - pабoтник каj дoгoвopyвачoт на oва ocигypyвањe или дoгoвopoт пpecтанал пo нeкoj дpyг ocнoв.
[9] Независно кој ден во месецот престанал работниот однос, на осигурувачот му припаѓа премијата за тековниот месец.
[10] Договорувачот на осигурување треба да го извести осигурувачот за вклучување на нови лица во осигурувањето (работници и членови на нивни семејства) со испраќање на нов список со кој се дополнува постоечкиот спосок на осигурени лица во исто време со плаќањето на премијата за тие лица.
[11] Договорувачот на осигурување треба да го извести осигурувачот за престанок на осигурувањето на лица кои биле претходно осигурени, со испраќање на писмено известување, наведувајќи ги лицата на кои им престанува осигурувањето, пред плаќањето на премијата за оние кои ќе останат во осигурување.
Член 6
Договарање на осигурената сума и плаќање на премијата за осигурување
[1] Премиите на осигурувањето, како и висината на осигурената сума, се утврдува врз основа на податоците од понудата и соодветните Тарифи за колективно ризико осигурување во случај на смрт од болест кои се на сила.
[2] При зголемен ризик можат да се договорат дополнителни премии.
[3] Осигурувањето ќе се склучи на тој начин што премијата ќе се плаќа со динамика која можат да ја договорат договорувачот и осигурувачот. Договорената премија може да се плати по 60 дена од почетокот на осигурувањето кој е наведен во договорот за осигурување. На осигурувачот му припаѓа премијата до крајот на месецот во кој настанал осигурениот случај. Ако договорувачот доцни со плаќање на една или повеќе премии, со плаќањето на премијата најпрво се подмируваат премиите достасани за наплата. За неплатените премии осигурувачот има право на законска затезна камата.
Член 7
[1] Премијата на осигурувањето и осигурената сума се договараат во Евра или во денари. Премијата по правило се плаќа во денарска противвредност.
Член 8
[1] Договорувачот е должен да ја плаќа премијата во договорените рокови и на договорениот начин, а осигурувачот е должен да ја прими премијата од секое лице кое има правен интерес премијата да биде платена.
[2] Ако наместо договорувачот премијата ја плаќа друго лице, самото плаќање не создава други права ни должности, освен оние кои се предвидени по пат на договор помеѓу осигурувачот и договорувачот.
[3] Премијата се смета за платена оној ден кога осигурувачот ја примил уплатата.
[4] Ако уплатата на премијата не може да се реализира од причини за кои е одговорен договорувачот, се смета дека премијата е платена оној ден кога е реализирана уплатата.
[5] Премијата се плаќа во полн износ без намалување за трошоците на платниот промет.
Член 9
[1] Осигурувачот има право при исплата да ја одбие од осигурената сума целата до тогаш достасана неплатена премија по полисата и затезна камата и неплатената премија по полисата за осигурителната година во која настанал осигурениот случај.
[2] Осигурувачот нема право да бара плаќање на премијата по судски пат.
Член 10
Последици од неплаќање на премијата за осигурувањето
[1] Ако договорувачот не ја плати премијата 5 (пет) месеци по достасувањето, осигурувачот ќе го повика со препорачано писмо да ја плати достасаната премија во рок од 30 (триесет) дена од денот на врачувањето на препорачаното писмо.
[2] Ако во рокот утврден со препорачаното писмо од став 1 на овој член достасаната премија не ја плати договорувачот ниту тоа го направи некое друго заинтересирано лице, осигурувачот може со изјава да го раскине договорот.
[3] Како исклучок, ако осигуреникот почине пред истекот на 3 (три) месеци од уплатата на последната премија, осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со одредбите на член 12 на овие услови, намалена за неплатената премија по полисата за осигурителната години во која настапила смрт на осигуреникот.
Член 11
Обврски на осигурувачот
[1] Согласно Договорот за колективно ризико осигурување на животот во случај на смрт од болест, осигурувачот е обврзан на корисникот на осигурувањето да му ја исплати осигурената сума:
- 33,3% oд сумата на осигурување за случај смрт поради болест, ако смртта настапила во првите 3 (три) месеци од приемот во осигурување;
- 66,6% oд сумата на осигурување во случај на смрт поради болест, ако смртта настапила во првите 6 (шест) месеци од приемот во осигурување;
- цела сума на осигурување во случај на смрт поради болест, ако смртта настапи по првите шест месеци од приемот во осигурување.
[2] Како датум кога еден осигуреник за првпат бил примен во осигурување се смета датумот кога за првпат е осигурен под полиса за колективно осигурување на работници кај тековниот договорувач или друг осигурител, но само во случај кога нема прекин на осигурувањето, за што договорувачот на осигурување доставува соодветни докази до осигурувачот.
[3] Осигурувачот исто така ќе ја исплати целата сума на осигурување во случај на смрт поради болест доколку:
1) Осигуреникот дошол од друго трговско друштво или организација во која бил колективно осигурен последните 6 месеци;
2) Осигурувањето било преуредено со нова полиса, при што поминале 6 месеци откако е осигурен;
3) Осигуреникот не бил на боледување последните 3 месеци.
Член 12
[1] Осигурувачот ја исплаќа осигурената сума или нејзиниот дел на корисникот наведен на полисата на осигурувањето.
[2] Согласно овие Услови, осигурувачот нема други обврски за исплата на договорувачот, односно корисникот.
Член 13
Ограничувања и исклучувања на обврските на осигурувачот
[1] Во секој случај, осигурувачот не е обврзан да ја исплати осигурената сума ако смртта на осигуреникот настапила:
1) Како последица на војна односно непријателства и ситуации слични на војна;
2) Осигуреникот изврши самоубиство или настапи смрт од последици на обид за самоубиство;
3) Поради дејство на мини и бомби од сите видови или друго воено оружје;
4) Како последица на востание, немири, бунт и насилства кои настануваат од такви настани;
5) Со извршување на смртна казна;
6) Поради земјотрес;
7) Поради поплави;
8) Како последица на директна или индиректна последица од атомска катастрофа;
9) Поради саботажа или тероризам извршен од политички побуди, насилство или други слични настани во кои учествувал осигуреникот;
10) При подготвување, обид или извршување на казнено дело со умисла како и при бегство после такво дејствие;
11) При управување со летала од сите видови, пловни објекти, моторни и други возила без соодветна возачка исправа (вклучувајќи и лице кое е на обука за добивање возачка исправа без присуство на овластено лице), или на нелегален начин управувало со моторно возило или лице кое е соучесник во таквиот чин;
12) При управување на моторно возило од страна на возач почетник во случаите кога не смее да управува со возилото согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата;
13) Поради дејство на алкохол, наркотички дроги или психотропни супстанци кај осигуреникот, без оглед на каква било одговорност на трето лице за настанокот на осигурениот случај. Се смета дека осигурениот случај настанал поради дејство на алкохолот, ако по настанокот на несреќниот случај е утврдено дека:
- кај осигуреникот кој управувал со возилото е присутна концентрација поголема од 0,5 g/кg на алкохол во организмот;
- кај останатите сопатници е присутна концентрација поголема од 1,00 g/кg алкохол во oрганизмот, и ако таквата состојба имала причинска врска со настанокот на осигурениот случај.
14) Како последица на нелегално извршување на работи од страна на осигуреникот кој не бил пријавен во задолжително социјално осигурување;
15) Како резултат на непридржување на осигуреникот кон предвидените мерки на безбедност и правилата за користење на соодветна заштитна опрема.
Член 14
Обврски на договорувачот на осигурувањето
[1] Договорувачот при склучувањето на договорот е должен на осигурувачот да му ги пријави сите околности кои се важни за оценувањето на опасноста и кои му се познати или не можеле да му останат непознати. За важни се сметаат особено оние околности за кои осигурувачот писмено прашал во понудата.
[2] Одредбата на став (1) од овој член особено се однесува на околностите за кои осигурувачот бара дополнителни податоци.
[3] Договорувачот е должен, на барање на осигурувачот, да ги обезбеди од осигуреникот сите потребни податоци кои на него се однесуваат.
[4] Ако договорот за осигурување се склучува во име или за сметка на друг или во корист на трет или за туѓа сметка или за сметка на оној на кој се однесува, одредбите на ова поглавје и на поглавје X од овие услови се однесуваат и на тоа лице, ако знаело дека податоците кои се нужни за оцена на ризикот се непотполни или неточни.
Член 15
Мирување на плаќањето на премијата
[1] Договорувачот, како и самиот осигуреник, должни се при прием во осигурувањето, но и за време на траењето на осигурувањето, да го известат осигурувачот за секоја промена на околностите која може да биде од значење за оценка на ризикот и кои се битни за договореното осигурување, особено ако осигуреникот за време на осигурувањето ја промени професијата, занимањето (пилот,
пиротехничар-демонтер на мини, нуркач, рудар, полицаец, обезбедување со поседување оружје, шумски работник, минер, професионален спортист, морнар, војник, професионален пожарникар), односно дејностите за кои осигурувачот пресметува доплатна премија.
[2] Тој е должен, согласно став 1 од овој член, без одлагање да го извести осигурувачот за зголемувањето на ризикот, ако ризикот е зголемен со некоја негова постапка, а ако зголемувањето на ризикот се случило без негово учество тој е должен да го извести во рок од 14 дена од кога дознал за тоа.
[3] Ако зголемувањето на ризикот е толкаво што осигурувачот не би склучил договор ако постоела таква состојба во моментот на неговото склучување, тој може да го раскине договорот.
[4] Ако зголемувањето на ризикот е толкаво што осигурувачот би склучил договор само со поголема премија да постоела таква состојба во моментот на склучувањето на договорот, тој може на договорувачот на осигурувањето да му предложи нова стапка на премијата.
[5] Ако договорувачот на осигурувањето не се согласи со нова стапка на премијата во рок од 14 дена од приемот на предлогот на новата стапка, договорот престанува според самиот закон.
[6] Договорот останува во сила и осигурувачот повеќе не може да ги користи овластувањата да му предложи на договорувачот на осигурувањето нова стапка на премијата или да го раскине договорот, ако не ги искористи тие овластувања во рок од еден месец од кога на кој и да е начин дознал за зголемувањето на ризикот, или ако уште пред истекот на тој рок покаже на некој начин дека се согласува со продолжувањето на договорот (ако ја прими премијата, исплати надомест за осигурен случај што настанал по тоа зголемување и слично).
[7] Ако осигурениот случај настане пред да биде известен осигурувачот за зголемувањето на ризикот или откако е известен за зголемувањето на ризикот, но пред да го раскине договорот, или да постигне спогодба со договорувачот на осигурувањето за зголемување на премијата, надоместот се намалува во сразмер меѓу платените премии и премиите што би требало да се платат според зголемениот ризик.
Член 16
[1] Договорувачот е должен писмено да го извести осигурувачот во случај на промена на адресата во полисата за осигурување на животот, како и за промена на адресата на електронското сандаче, пријавена од договорувачот, најдоцна во рок од 5 (пет) дена од денот на извршената промена.
[2] Договорувачот е должен да го извести писмено осигурувачот за секоја промена на адресата и местото на плаќање на премијата најдоцна во рок од 3(три) дена од извршената промена, во спротивно осигурувачот го задржува правото сите писма да ги испраќа на последната пријавена адреса од договорувачот, и сите последици од испратените писма на последната пријавена адреса од договорувачот се сметаат за уредно доставени.
[3] Доколку договорувачот, кај осигурувачот достави адреса на електронско сандаче, осигурувачот може да ги доставува писмата наменети за договорувачот на наведената адреса на електронското сандаче.
Член 17
Неточна пријава
[1] Ако договорувачот на осигурувањето намерно направил неточна пријава, или намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор ако знаел за правата состојба на работите и околностите, осигурувачот може да бара поништување на договорот, и нема обврска да ја исплати осигурената сума.
[2] Во случај на поништување на договорот од причините наведени во став (1) од овој член, осигурувачот ги задржува наплатените премии и има право да бара исплата на премијата за периодот на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот.
[3] Правото на осигурувачот да бара поништување на договорот престанува ако тој во рок од 3 (три) месеци од денот на дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договорувачот на осигурувањето дека има намера да го користи тоа право.
Член 18
[1] Ако договорувачот на осигурувањето направил неточна пријава, или пропуштил да го даде должното известување, а тоа не го сторил намерно, осигурувачот може, по свој избор, во рок од еден месец од
дознавањето за неточноста или нецелосноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи зголемување на премијата сразмерно со поголемиот ризик.
[2] Договорот во тој случај престанува по истекот на 14 дена од кога осигурувачот својата изјава за раскинување му ја соопштил на договорувачот на осигурувањето, а во случај на предлог од осигурувачот премијата да се зголеми, раскинувањето настапува според самиот закон ако договорувачот на осигурувањето не го прифати предлогот во рок од 14 дена од кога го примил.
[3] Во случај на раскинување, осигурувачот е должен да го врати делот од премијата што отпаѓа на времето до крајот на периодот на осигурувањето.
[4] Ако осигурениот случај настанал пред да е утврдена неточноста или нецелосноста на пријавата или по тоа, но пред раскинувањето на договорот, односно пред постигнувањето на спогодба за зголемување на премијата, надоместот се намалува во сразмер меѓу стапката на платените премии и стапката на премиите што би требало да се платат според вистинскиот ризик.
Член 19
Обнова на осигурувањето
[1] Одредбите на членовите 19 и 20 на овие Услови, за последиците од неточната пријава или премолчувањето на околностите од значење за оцена на ризикот се применуваат и во случаи на осигурувања склучени од името и за сметка на друг, или во корист на трет или за туѓа сметка, или за сметка на оној на кого се однесува, ако овие лица знаеле за неточноста на пријавата или за премолчувањето на околностите од значење за оцената на ризикот.
Член 20
Располагање со правата од осигурувањето
[1] По исклучок на одредбите на оваа глава за последиците од неточни пријави и премолчување на околностите од значење за оцена на ризикот, за неточна пријава на староста во договорите
за осигурување на животот важат следниве правила:
1) Договорот за осигурување живот е ништовен и осигурувачот е должен во секој случај да ги врати сите примени премии, ако при неговото склучување неточно е пријавена староста на осигуреникот, а неговата вистинска граница ја преминува границата на староста до која осигурувачот, според своите услови и тарифи, врши осигурување на животот;
2) Ако е неточно пријавено дека осигуреникот има помалку години, а неговата вистинска старост не ја преминува границата до која осигурувачот врши осигурување на живот, договорот е полноважен, а осигурената сума се намалува во сразмер со договорената премија и со премијата предвидена за осигурување на живот на лицата кои се на возраст како осигуреникот;
3) Кога осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено при склучувањето на договорот, премијата се намалува на соодветен износ, а осигурувачот е должен да ја врати разликата меѓу премиите примени и премиите на кои има право.
Член 21
Права на договорувачот на осигурувањето пред настапот на осигурениот случај
[1] Договорувачот може да прави промени на списокот на oсигурени лица, контакт-податоците или (по барање на осигурениците) корисниците на осигурувањето.
[2] Осигурувачот може од оправдани причини да го одбие барањето на договорувачот.
Член 22
Располагање со правата од осигурувањето
[1] На договорувачот му припаѓаат сите права што произлегуваат од склучениот договор за колективно ризико осигурување за случај на смрт, сè додека не настапи осигурениот случај.
[2] Сите изјави и барања на договорувачот се обврзувачки за осигурувачот доколку се дадени во писмена форма или на образец на осигурувачот, и се примени од страна на осигурувачот пред да настапи осигурениот случај.
[3] Доколку корисникот умре пред да настапи осигурениот случај, осигурената сума не му припаѓа на неговите наследници, туку на следниот корисник, а ако тој не е одреден, тогаш на имотот на договорувачот.
[4] Своето право на осигурената сума корисникот може да го пренесе на друго лице и пред настапот на осигурениот случај, но за тоа му е
потребна писмена согласност на договорувачот на осигурувањето во [2] Договорувачот е должен да го пријави кај осигурувачот исчезнувањето
која мора да биде наведено името и презимето на лицето на кое правото се пренесува. Ако осигурувањето живот се однесува на животот на некое друго лице, тогаш е потребна иста таква согласност и од тоа лице.
Член 23
Пријава на осигурен случај
[1] Кога ќе настапи смрт на осигуреникот, корисникот, во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на настанот, поднесува до осигурувачот xxxxxxx пријава за исплата.
[2] Пријавата се пополнува на образец на осигурувачот и во прилог со неа се поднесуваат следните документи:
а. Полисата за осигурување живот (копија), Копија од лична карта од корисникот,
б. Извод од матичната книга на умрените,
в. Медицинска документација со која се потврдува смртта на осигуреникот,
г. Исправа со која се потврдува причината за смртта на осигуреникот, д. Потврда од лекарот кој последен го лекувал умрениот со
наведување на причината за смртта на осигуреникот,
ѓ. Правосилно решение за наследување, ако како корисници со полисата се одредени законски наследници,
е. Доказ за сродството, ако корисникот не е одреден со именување.
[3] Осигурувачот има право да бара и други докази, потребни за утврдување на правото на исплата.
[4] Подносителот на пријавата ги сноси трошоците кои настанале во врска со пријавувањето на осигурениот случај.
Член 24
Исплата на осигурената сума
[1] Осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со договорот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога ја примил пријавата на осигурениот случај со сите исправи и докази пропишани со член 25 од овие Услови.
[2] Како исклучок, ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместот, рокот од став (1) на овој член почнува да тече од денот на утврдувањето на основаноста на обврската и нејзината висина.
[3] Осигурувачот во секој случај е должен да го исплати, на барање на овластено лице, неспорниот дел од својата обврска на име на аконтација, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплатата во рокот утврден во став (1) на овој член.
[4] Осигурувачот има право сите ненаплатени рати на премијата да ги наплати при исплата која ја врши врз основа на договорот за осигурување.
[5] Согласно овие Услови право на исплата има само корисникот наведен на полисата и тоа од самото склучување на осигурувањето, без разлика на тоа како е и кога одреден за корисник.
Член 25 Корисник
[1] Договорувачот го одредува корисникот во полисата.
[2] Корисникот не мора да биде одреден по име, туку е доволно во полисата да се наведени нужните податоци за неговото одредување.
[3] Кога за корисници се одредени децата или потомците, користа им припаѓа и на оние кои се родени подоцна, а користа наменета на сопружникот му припаѓа на лицето кое било во брак со осигуреникот во моментот на неговата смрт.
[4] Ако корисникот е малолетно лице, осигурената сума се исплаќа на сметка на малолетното лице за која осигурувачот е известен од законски старател на малолетното лице. Во случај на спор, се постапува согласно позитивните законски прописи.
[5] Договорувачот може и со некој подоцнежен правен акт, вклучувајќи и тестамент, да именува лице на кое му припаѓа правото од договорот.
[6] Право на исплата на осигурената сума има само корисникот и тоа од самото склучување на договорот, без разлика на тоа како и на кој начин е одреден за корисник.
Член 26
Услуги на осигурувачот
[1] Договорувачот мора за сите услуги кои ги бара посебно од осигурувачот, како што се промена на осигурувањето, издавање на дупликат од полиса, заложување на осигурителната полиса и друго, да плати однапред според ценовникот кој важи при секоја промена.
на полисата веднаш откако дознал дека таа исчезнала и да го објави нејзиното исчезнување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
[3] Осигурувачот ја заменува изгубената полиса во рок од 15 дена од денот на објавувањето на исчезната полиса во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно од денот на правосилноста на судското решение.
Член 27
Заштита на потрошувачи
[1] Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел xxxxxxxxx решавање на настанатиот спор до:
1) Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
2) Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3) Организација за заштита на потрошувачи, и
4) Агенција за супервизија на осигурување.
[2] Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
Член 28
[1] Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
Член 29
Вонсудско решавање на спорови
[1] Страните се согласни дека сите спорови што ќе произлезат од Договорот за осигурување, ќе се обидат да ги решаваат вонсудски на мирен начин.
[2] Договорувачот и осигуреникот, како и други лица на кои се однесува осигурувањето, се обврзуваат дека неодложно во писмена форма ќе го известат осигурувачот за сите спорни прашања, приговори и недоразбирања кои се однесуваат на Договорот за осигурување живот.
[3] Приговорите од став 2 на овој член осигурувачот ќе ги проследи до Комисија за решавање на претставки на друштвото, која е должна во однос на истите да одлучи и писмено да се произнесе во рок од 30 (триесет) дена од приемот на приговорот.
[4] Во случаите кога договорувачот, осигуреникот и корисникот на осигурувањето сметаат дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, можат да поднесат претставка до органот надлежен за вршење на надзор на осигурувачот - Агенција за супервизија на осигурување. Исто така, овие лица можат до Агенцијата за супервизија на осигурување да поднесат приговор, односно жалба во писмена форма против целокупното работење на Друштвото за осигурување.
Член 30: ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
(1) Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци:
Назив: Триглав Осигурување Живот АД, Скопје
Седиште: Булевар 8-ми Септември бр. 18 кат 2, Општина Карпош,
Скопје
(2)Офицер за заштита на лични податоци:xxxxxx.xx@xxxxxxxxxxxx.xx
*Дополнителни информации за офицерот за заштита на лични податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото.
Член 31: ОБРАБОТКА И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Триглав Осигурување Живот АД, Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релевантни позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје, а Триглав Осигурување Живот АД, Скопје во својство на контролор на личните
податоци, истите ги користи совесно, законито и согласно целта за која се собрани.
Член 32: ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Триглав Осигурување Живот АД, Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување и исполнување на правата и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување, врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, одредбите од Законот за облигациони односи и одредбите од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Член 33: ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
(1) Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e- mail), Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврски кои произлегуваат од договорите за осигурување. Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија, ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
(2)Со цел водење на постапка за прием во осигурување, склучување на договори за осигурување, како и извршување на права и обврски преземени со склучување на договор за осигурување, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје обработува копии од документи во кои се содржани лични податоци.
(3) Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на податоците од став 2 на овој член може да има за последица одбивање во прием на осигурување, несоодветно проценување или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
(4) Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: „бул.8-ми Септември“ бр.18 кат2, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxxxxxxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на личнитe податоци Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици на несоодветно проценување на степенот на оштета или неисплаќање на оштетно барање.
Член 34: РОКОВИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Личните податоци, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
[2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
Член 35: ПРАВАТА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxxxxxxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
[2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 33, од страна на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до
Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Член 36: ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Триглав Осигурување Живот АД, Скопје е дел од Групацијата Триглав. Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во рамките на Групацијата, односно во матичното друштвото Заваровалница Триглав каде што личните податоци се обработуваат само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во рамките на Групацијата Триглав се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: „бул.8-ми Септември“ бр.18 кат2, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxxxxxxx.xx.
Член 37: ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
(1)Личните податоци за цели на директен маркетинг, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува само врз основа на изречна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг кои ги врши Триглав Осигурување Живот АД, Скопје или поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија за своите услуги и услугите на поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија.
(2)Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxxxxx.xx@xxxxxxxxxxxx.xx, или по пошта до Триглав Осигурување Живот АД, Скопје, бул.„8-ми Септември“бр.18 кат2, 1000 Скопје, со назнака “Офицер за заштита на лични податоци”).
член 38
Откуп на осигурувањето, аванс, мирување, учество во добивка
(1)Откуп на осигурувањето, аванс и мирување на осигурувањето не се можни. Колективното ризико осигурување на животот во случај на смрт од болест е без учество во добивка.
Член 39
Застареност
[1] Побарувањата од договорот за осигурување живот застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
Член 40
Надзор над друштвото за осигурување
[3] Надзорно тело надлежно за надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
Член 41
Изјава за информираност
[1] Договорувачот на осигурувањето/осигуреникот (или двајцата осигуреници кај заемното осигурување) со потписот на понудата изречно потврдуваат дека при склучувањето на договорот за осигурување, од страна на осигурувачот писмено се известени за сите податоци согласно членовите 49 и 50 од Законот за супервизија во осигурувањето и дека пред склучувањето на осигурувањето им е оставено разумно време за донесување на конечна одлука за склучување на Договорот за осигурување. Согласно ова, договорувачот/осигуреникот (или двајцата осигуреници кај заемното осигурување) со потписот на понудата потврдуваат дека се известени и за правото за поднесување на жалба.
Член 42
Завршни одредби
[1] Во случај на спор за пресудување е надлежен стварно и месно надлежниот суд на Република Северна Македонија во седиштето на осигурувачот.
[2] За односите меѓу осигурувачот и договорувачот кои не се уредени со овие Општи услови, се применуваат законските одредби.
[3] Осигурувачот ќе го извести договорувачот за сите промени во согласност со законските прописи.
[4] Договорувачот е должен без одлагање да го извести осигурувачот за секоја промена на своето име или презиме, односно назив на фирмата, доколку договорувачот е правно лице, како и за адресата на фактичкото живеалиште, односно седиште на фирмата, доколку договорувачот е правно лице.
[5] Овие Услови влегуваат во сила од моментот на нивното усвојување.
Член 43
[1] Овие Општи услови влегуваат во сила од моментот на нивното усвојување, а ќе се применуваат од 01.05.2021 година.