Изработката на извештајот е согласно обврската на изготвувачот на планскиот документ за спроведување на постапка за стратегиска оцена на животната средина и врз животот и здравјето на луѓето, дадена во глава X (Оцена на влијанието на определени...
Предговор
Врз основа на склучениот Договор помеѓу Градежен Институт “Македонија” АД Скопје со бр.0902‐1790/2 и Mинистерство за култура со бр.46‐12124/17 од 17.12.2018 г., за подготовка и изработка на нацрт извештај за Стратегиска Оцена на животната средина (СОЖС) од спроведување на Планот за управување со природно и културно наследство на Охридскиот регион 2018‐2027 година .
Изработката на извештајот е согласно обврската на изготвувачот на планскиот документ за спроведување на постапка за стратегиска оцена на животната средина и врз животот и здравјето на луѓето, дадена во глава X (Оцена на влијанието на определени стратегии, планови и програми врз животната средина) од Законот за животна средина.
Согласно точка 17 член 3 од Уредбата за стратегии, планови програми, вклучувајќи и нивните промени, за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето, Планот за управување со природно и културно наследство на Охридскиот регион за период 2018‐2027 година е плански документ за кој задолжително се врши стратегиска оцена на влијанија. Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на неговата подготовка и да предложи соодветни мерки за спречување, контрола и/или компензација на влијанијата.
Извештајот е изработен согласно содржината пропишана во Уредбата за содржина на извештајот за стратегиска оцена на животната средина (Службен весник на РМ бр.153 од 20.12.2007 год.).
Експерти за стратегиска оцена на животна средина одговорни за изработката на
Извештајот за стратегиска оцена е:
Xxxxxxx Xxxxxxxx Xxxxxxxxx,дипл.еколог Експерт за СОЖС со Потврда бр. 12‐770/4
издадена од МЖСПП на ден 08.02.2017год.
М‐р Xxxxxxxx Xxxxxxxx Xxxxxxxxxx, дипл.техног Експерт за СОЖС со Потврда бр. 12‐ 770/8 издадена од МЖСПП на ден 08.02.2017 год.
М‐р Xxxxxx Xxxxxxxx Xxxxxxxxx, дипл. археолог и историчар на уметност
СОДРЖИНА
1. ВОВЕД 6
1.1 Стратегиска оцена на животната средина ‐ дефиниција и намена 6
1.2 Координација помеѓу планот и СОЖС 6
1.3 ПРОЦЕС НА СОЖС 8
2. РЕЗИМЕ НА СОДРЖИНАТА, ГЛАВНИТЕ ЦЕЛИ И РИЗИЦИ НА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ И ВРСКА СО ДРУГИ РЕЛЕВАНТНИ ПЛАНСКИ ДОКУМЕНТИ 9
2.1 ПРЕГЛЕД НА СОДРЖИНАТА НА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ 9
2.1.1 Историјат на заштитата на Охридскиот регион 9
2.1.2 Критериуми за впишување на Охридски регион на листата на светското наследство 9
2.1.3 Исклучителни универзални вредности 11
2.1.4 Природни вредности 12
2.1.5 Културни вредности 14
2.1.6 Ризици и оценка на загрозеноста на исклучителните универзални вредности 18
2.1.7 Други ризици врз зачувувањето на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство Охридски регион 26
3. ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА РЕГИОНОТ 36
3.1 Местоположба 36
3.2 Граници на подрачјето 36
3.3 Социјално‐економска основа 39
3.3.1 Основни карактеристики на населението 39
3.3.2 УРБАНИЗАЦИЈА И МРЕЖА НА НАСЕЛБИ 41
3.2 Состојба со животната средина 43
3.2.1 РЕЛЈЕФ 43
3.2.2 Геолошки состав 43
3.2.3 Сеизмички карактеристики 43
3.2.4 Педолошки карактеристики 44
3.2.5 Климатски карактеристики 44
3.2.6 Хидрографски и хидробиолошки карактеристики 46
3.3 УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 47
3.3.1 Водни ресурси и управување со водите 47
3.3.2 УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ 48
3.3.3 УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД 49
3.2.9 УПРАВУВАЊЕ СО БУЧАВА 49
3.2.10 Користење на земјиштето 51
3.10.11ТУРИЗАМ 52
4.ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ОБЕМ НА СОЖС 53
4.1 Поставување на целите и предизвиците на Планот 53
4.1.1 Анализа на цели на Планот 54
4.2 Поставување на цели на СОЖС 55
4.3 Тестирање на ПД во однос на целите на животната средина 56
4.3.1 Споредба помеѓу целите на Планот и СОЖС 58
5. АНАЛИЗА НА АЛТЕРНАТИВНИТЕ РЕШЕНИЈА 68
5.1 ВОВЕД 68
5.2 Сценарио „без промени“ 68
5.3 АЛТЕРНАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ 69
5.3 АЛТЕРНАТИВНИ ПРИОДИ ЗА ДОПРЕЦИЗИРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ НА ТАКАНАРЕЧЕНАТА КОНТАКТНА ЗОНА 72
6. ЦЕЛИ НА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 74
7. МЕРКИ И ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА, НАМАЛУВАЊЕ И НЕУТРАЛИЗИРАЊЕ НА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА 74
8. ПЛАН ЗА МОНИТОРИНГ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 74
9. НЕТЕХНИЧКО РЕЗИМЕ 74
Список на слики
Слика 1. Интеграција на процесите на Планот и СОЖС 7
Слика 2. Реонизација и категоризација на просторот за заштита 11
Слика 3.Охридско Езеро 12
Слика 4.Xxxxxxx предел на Галичица 12
Слика 5.Локалитети со природни вредности во Охридскиот регион 14
Слика 6. Локалитети со културни вредности во Охридскиот регион 15
Слика 7.Културно наследство во градот Охрид според периодот на настанување 16
Слика 8.Старото урбано јадро на Охрид 17
Слика 9.Градот Охрид 17
Слика 10. Градот Струга 18
Слика 11.Xxxxx Xxxxxxx опфат на развојните проекти во Национален парк Галичица 20
Слика 12.Св.Богородица Калишка 20
Слика 13.Калишта 21
Слика 14.Подмоље 21
Слика 15.Мазија 21
Слика 16.Студенчишко Блато 21
Слика 17. Вели Даб 22
Слика 18. Веља Пеш 22
Слика 19.Свети Петар извори 22
Слика 20.Светинаумски извори 22
Слика 21. Старо градско јадро во Охрид 23
Слика 22. Град Струга и поединечни објекти 24
Слика 23. Манастирски комплекси 24
Слика 24. Рибарски населби (Трпејца, Пештани и Радожда ) и Лагадин 25
Слика 25. Главните ризици во сливот на Охридското езеро 26
Слика 26.Изгледот на вливот на реката Сатеска низ годините (сателитска снимка од Google Earth) . 30
Слика 27.Бетонски ѕид на појас Струга‐Калиште и монтажна куќарка Радожда 32
Слика 28. Депонирање на градежен шут во појас на трска кај Струга 32
Слика 29.Обработливи површини во појас на трска пред Радожда 32
Слика 30. Средногодишен водостој на Охридско Езеро во период 1951‐ 2009 година 34
Слика 31. Средногодишен водостој за 2014 година 35
Слика 32. Средногодишен водостој за 2015 година 35
Слика 33. Средногодишен водостој за 2016 година 35
Слика 34. Средногодишен водостој за 2017 година 35
Слика 35. Средногодишен водостој за 2018 година 35
Слика 36. Изглед на Охридското Езеро кога нивото е под минимално дозволената природна кота. 36
Слика 37.Граници на УНЕСКО подрачје 38
Слика 38.Жешки жаришта на бучава во градот Охрид 50
Слика 39. Користење на земјиштето во регионот 52
Слика 40.Разгледувани алтернативни траси на делница Требениште‐Струга 70
Слика 41.Разгледувани алтернативни траси на железничката пруга Кичево ‐Лин 71
Слика 42. Контактна зона и дозволени активности 72
Список на табели
Табела 1. Приказ на ризици 27
Табела 2. Приказ на влијанија 28
Табела 3. Вкупно население,природен прираст и миграциони движења по општини според Попис во 2002 год.
................................................................................................................................................................................................. 39
Табела 4.Писменост и работоспособност кај населението од општините според попис во 2002 год 40
Табела 5.Бесправно изградени според видот на објектот, 2017 43
Табела 6. Просечна годишна и месечни суми на врнежи (во mm) во охридската котлина 44
Табела 7.Траење на сончев сјај во часови во охридската котлина 45
Табела 8.Средна месечна и годишна облачност во десеттини во охридската котлина 45
Табела 9. Средна месечна и годишна релативна влажност на воздухот во охридската котлина (во %) 45
Табела 10. Просечна годишна зачестеност на ветерот од осум правци во охридската котлина (во ‰) 46
Табела 11.Податоци за животна средина (xxx.xxxxxxxx.xx) 48
Табела 12 . Индекс за создаден отпад во Охридскиот регион (2016 година) 49
Табела 13.Нивоа на бучава по подрачја 50
Табела 14.Тестирање на целите 58
ЛИСТА НА КРАТЕНКИ :
ИУВ Исклучителните универзални вредности ГУП Генерален урбанистички план
ДУП Детален урбанистички план
УПВНМ Урбанистички план вон населено место СОЖС Стратегиска оценка на животната средина ЕУ Европска унија
ЛЕАП Локален акционен план за животната средина
МЖСПП Министерство за животна средина и просторно планирање МЗШВ Министерство за земјоделство , шумарство и водостопанство MK Министерство за Култура
НЕАП Национален акционен план за животна средина ПП Просторен План
РМ Република Македонија
УП Урбанистички план
УЗ Урбана заедница
УБ Урбан блок
УНЕСКО Организација на обединети наии за наука, образование и култура
ИУЦН Интернационална Унија за заштита на природата и природните ресурси ХБИ Хидробиолошки инститит
НП Национален парк
ЈП Јавно претпријатие
ЗЗП Закон за заштита на природата ПП Парк на природата
1. ВОВЕД
1.1 Стратегиска оцена на животната средина ‐ дефиниција и намена
Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) е систематски и партиципативен процес што се спроведува за да се анализираат влијанијата врз животната средина, животот и здравјето на луѓето, како и социјалните и економските аспекти поврзани со спроведувањето на одреден плански документ во овој случај “Планот за управување со природното и културното наследство Охридски регион” (во понатамошен текст Планот).
Со постапката за СОЖС се интегрираат прашањата од областа на животната средина при носењето на одлуки за обемот и начинот на спроведување на Планот за управување со природното и културното наследство Охридски регион. Притоа органите надлежни за спроведување на Планот, при наговото ревидирање и финализирање, ќе го земаат предвид следното:
• Состојбите и трендовите на областите и активностите во животната средина, што може да имаат влијание врз или да бидат засегнати од спроведувањето на Планот ;
• Целите на животната средина и индикаторите за нивно постигнување при спроведувањето на Планот ;
• Веројатните значајни ефекти врз животната средина што може да настанат како резултат од спроведувањето на Планот;
• Мерките за избегнување, намалување или ублажување на негативните влијанија;
• Ставовите, потребите и информациите обезбедени од засегнати страни (вклучително и од надлежни органи), во државата и во прекуграничен контекст.
1.2 Координација помеѓу планот и СОЖС
Стратегиска оцена на животната средина во согласност со Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) се изработува
напоредно со ревидирањето на Планот. Овие два процеси, ќе овозможат соодветно вградување на целите на животната средина и мерките за намалување на влијанијата врз исклучителните универзални вредности (ИУВ) во Охридскиот Регион во рамките на Планот. Истовремено, ќе се овозможи усогласување на плановите за мониторинг на спроведување на Планот и неговите ефекти врз животната средина.
План за управување со природно и културно наследство Охридски регион
СОЖС
Ревидирање на Планот за управување со природното и културното наследство Охридски регион
Слика 1. Интеграција на процесите на Планот и СОЖС
(извор: Упатство за поддршка на примената на Протоколот за стратегиска оцена на животната средина, Економска комисија на Обединетите нации за Европа, предлог за разгледување од редакцијата, јануари 2012 година)
Изработката на СОЖС на Планот освен како законска обврска е иницирана и од Реактивна мониторинг мисија од страна на Центарот за светско наследство и советодавните тела на Црвената листа на Меѓународната унија за заштита на природата (УИЦН) и Националниот комитет на меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС), на претходно барање на Комитетот на Светското наследство на УНЕСКО на 40‐тиот состанок во Истамбул (2016 година). Целта на мисијата која беше во посета на Охридскиот регион од 9 до 14 април 2017 година,беше да се процени состојбата на конзервација на природното и културното наследство, како и да се обезбеди помош за Република Северна Македонија .
Со СОЖС би се процениле одделните и кумулативните влијанија од урбанизацијата и реализирањето на планираните проекти од областа на туризмот, патната и железничката инфраструктура врз исклучителната универзална вредност на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион кој е предмет на оваа СОЖС се базира на верзијата од 2017 година и истовремено ги вградува коментарите и препораките од Извештајот на реактивната мисија од 9‐14 април 2017 година спроведена од Центарот за светско наследство и советодавните тела ИУЦН и ИКОМОС.
Извештајот од мисијата дава препораки што земјата треба да ги спроведе, за да се задржи универзалната вредност и исклучителното значење, како и интегритетот на ова природно и културно светско наследство. Главно, препораките се однесуваат на запирање на изградбата или спроведување на дополнителни анализи пред да се донесе одлука за реализирање на одделни инфраструктурни проекти, мораториум на градби во
крајбрежната зона, се со цел да се спречат неповратни трансформации на поврзаноста помеѓу историското јадро, археолошките остатоци, Националниот парк Галичица и Охридското Езеро.
Извештајот од реактивната мисија ја потенцира и потребата за прекугранична соработка со Албанија во однос на спроведување интегрирани заштитни мерки во Охридскиот регион, но исто така и во регионот на Преспанското Езеро. Извештајот нотира дека Планот за управување со природното и културното наследство Охридски регион 2016‐2025, (којшто бил подготвен во 2015 година), потребно е да се ревидира.
1.3 Процес на СОЖС
Процесот на изработка на СОЖС, согласно барањата на Нарачателот е поделен во неколку фази и тоа:
Фаза 1: Анализа на Планот за управување со природното и културното наследство Охридскиот регион, неговите општи и специфични цели и на релевантната правна рамка ; Фаза 2: Анализа на постојната состојба на животната средина и на предизвиците што произлегуваат од постојните активности; воспоставување на целите на животната средина, тестирање на релациите помеѓу целите на животната средина и целите на Планот; анализа на алтернативи, вклучително и нултата алтернатива (сценарио без спроведување на Планот);
Фаза 3: Спроведување на иницијална јавна расправа со цел дискусија за целите за животната средина, специфичните цели и алтернативите на планот;
Фаза 4: Изработка на нацрт Извештај за СОЖС за Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2018‐2027);
Фаза 5: Спроведување на јавна расправа со цел дискусија на нацрт Извештајот за СОЖС и на ревидираниот План за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион;
Фаза 6: Вградување на забелешките на засегнатите страни (вклучително и на засегнатите страни во контекст на спроведувањето на Протоколот за стратегиска оцена на животната средина и спроведувањето на постапката за оцена на прекугранични влијанија) и изработка на финален Извештај за СОЖС за Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2018‐2027).
2. РЕЗИМЕ НА СОДРЖИНАТА, ГЛАВНИТЕ ЦЕЛИ И РИЗИЦИ НА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ И ВРСКА СО ДРУГИ РЕЛЕВАНТНИ ПЛАНСКИ ДОКУМЕНТИ
2.1 Преглед на содржината на планскиот документ
Процесот на изработка на Планот е темелен на концептот на тимска работа и интердисциплинарниот пристап, што подразбира синхронизирано водење на повеќе истражувачки постапки од страна на работниот тим составен од експерти од различни специјалности, врз база на заедничка методолошка платформа, целите кои треба да се остварат и единствената координација.
При изработката на Планот за управување користени се компаративни анализи и искуства од други земји кои веќе имаат изработено Планови за управување за Светско наследство, како и препораките на експертите на УНЕСКО и неговите советодавни тела.
Теми кои што се обработени во Планот се :
1. Критериуми за впишување, исклучителни универзални вредности, интегритет и автентичност и граници на светското наследство во Охридскиот регион
2. Методологија и процес на изработка на Планот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион
3. Управување со светското наследство во Охридскиот регион
4. Ризици и оценка на загрозеноста на исклучителните универзални вредности
5. Визија и цели на заштитата
6. Акциски план
7. План за мониторинг
Во продолжение e даден преглед на главните теми кои се објаснети во Планот:
2.1.1 Историјат на заштитата на Охридскиот регион
Охридскиот регион е впишан на Листата на светско наследство преку Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО од 16 ноември 1972 година, која беше ратификувана од страна на СФР Југославија во 1974 година, а по пат на сукцесија во 1997 година (со ретроактивна важност од 1991 година), беше ратификувана од Република Македонија. Конвенцијата предвидува идентификација, заштита, конзервација и презентација на културните и природните локалитети со „Исклучителна универзална вредност”. Во Конвенцијата се наведува дека делови од културното или природното наследство се од исклучителен интерес и поради тоа треба да бидат зачувани како дел од светското наследство на човештвото како целина. Состојбата на конзервација на локалитетите ја следи Центарот за светско наследство на УНЕСКО.
2.1.2 Критериуми за впишување на Охридски регион на листата на светското наследство
Природното и културното наследство Охридски регион е мешовито светско наследство
што е запишано заради своите природни вредности во 1979 година, (според критериумот (iii),
којшто е еквивалент на подоцна ревидираниот критериум (vii). Во 1980 година критериумската основа беше проширена за да се вклучат критериумите за културни вредности (i), (iii) и (iv).
Охридскиот регион претставува и дел од Прекуграничниот биосферен резерват Охрид‐ Преспа. Номинацијата на Охрид‐Преспа за биосферен резерват официјално беше разгледана на состанокот на МАБ Комитетот на УНЕСКО во јуни 2014 година и со едногласна одлука на Комитетот, регионот Охрид‐Преспа е прогласен за прекуграничен биосферен резерват.
Во 2012 започна пилот проектот “Природно и културно наследство во Охридскиот регион” во рамките на таканаречениот “Upstream” процес, со цел проширување на границите на светското наследство во Албанија, заради зајакнување на интегритетот и зачувување на природните вредности.
Впишувањето на природното и културното наследство во Охридскиот регион се должи на следните критериуми, односно карактеристики:
• Критериум (i): претставува ремек‐дело на човековиот креативен дух: градот Охрид е меѓу најстарите населби во Европа. Присутни се добро зачувани археолошки наоѓалишта од Бронзено време до Средниот век, религиозна архитектура од VII‐XIX век, како и автентична урбана архитектура од XVIII и XIX век. Овие објекти и остатоци имаат историски, архитектонски, културни и уметнички вредности. Заради концентрацијата на археолошки наоѓалишта и урбани структури во стариот урбан центар на Охрид, покрај брегот на Охридското Езеро и во непосредната околина, создаден е исклучителен и хармоничен ансамбл, што го прави овој регион навистина уникатен.
• Критериум (iii): поседува единствено или барем извонредно сведоштво за културната традиција на одредена постоечка или исчезната цивилизација: ова светско наследство е сведоштво на Византиската уметност, која е прикажана на повеќе од 2.500m2 фрески и повеќе од 800 икони. Црквите Света Софија (XI век), Света Богородица Перивлепта (XIII век) и Свети Јован Канео (XIV век) презентираат високо ниво на уметничко постигнување во фреските и теолошките репрезентации коишто се изработени од домашни и странски уметници. Естетските ведности на религиозната архитектура, фреските и иконите придонесуваат овој регион да добие значење на религиозен и културен центар низ вековите.
• Критериум (iv): претставува извонреден пример на градба, архитектонски или технолошки ансамбл или пејзаж кој ги отсликува значајните епохи на човековата историја: Во градот Охрид основан е најстариот Словенски манастир и првиот Словенски Универзитет на Балканот кој придонел кон развивањето и ширењето на образованието и културата во стариот Словенски свет. Старото јадро на Охрид (неговото старо име е Лихнидос) е единствена сочувана автентична урбана целина со плански архитектонски решенија‐форум, јавни, станбении сакрални објекти со потребна инфраструктура кои со својата хармонична поставеност се вклопуваат во бреговата линија и околниот терен. Ранохристијанската уметност од IV до VI век, со пространи базилики со мозаични подови, на која се надоврзува Византиската уметност IX до XIV век со голем број сочувани сакрални објекти од разни типови, претставуваат особен белег на периодот на нивното создавање.
• Критериум (vii): содржи суперлативни природни феномени или подрачја со исклучителна природна убавина и естетска важност: Охридското Езеро коешто датира од пред‐ глацијалниот период е исклучителен природен феномен. Како резултат на неговата географска изолација и непрекината биолошка активност, Охридското Езеро претставува живеалиште на бројни ендемски и реликтни видови на слатководна флора и фауна. Во олиготрофните води на езерото живеат преку 200 ендемски видови ‐ бентосна флора и
фауна, особено алги, диатомеи, црви, полжави и други видови, како и 17 ендемски видови на риби. Во Охридскиот регион исто така се среќаваат 87 видови на птици.
2.1.3 Исклучителни универзални вредности
„Исклучителнните универзални вредности” на светското наследство на УНЕСКО базираат на следните три столба:
1. Подрачјето задоволува барем еден од критериумите утврдени со Оперативниот водич за спроведување на Конвенцијата за светското наследство
2. Подрачјето ги задоволува условите за автентичност и интегритет
3. Подрачјето ги задоволува барањата за заштита на и управување со светското наследство
Охридскиот регион претставува извонредна универзална вредност како комбинација од природни феномени со квалитетот и диверзитетот на културното, материјалното и духовното наследство (слика 2).
Слика 2. Реонизација и категоризација на просторот за заштита
2.1.4 Природни вредности
Охридското Езеро долго време е познато како суперлативен природен феномен. Со геолошка и биолошка историја од 2 ‐5 милион години, се истакнува како најстаро природно езеро во Европа и едно од најстарите езера во светот. Сливот на езерото поддржува подеднакво богата и значајна биолошка разновидност и голем број ендемски видови. Oвој воден екосистем од научна гледна точка, е меѓу најзначајните водни екосистеми, како што се Охридското Езеро и Тангањика.
Слика 3.Охридско Езеро
Овој суперлативен природен феномен се одликува со следните исклучителни универзални вредности:
• Со најголема просечна длабочина од 155 метри Охридското Езеро е најдлабоко езеро на Балканскиот Полуостров и во Европа; според спросечната длабочина е четиринаесето во светот.
• Тоа претставува последен остаток од античкиот воден регион на Евроазискиот континент пред леденото доба и според својата геолошка и биолошка историја се вбројува меѓу најстарите езера во Европа.
• Тоа претставува исклучително жариште на биолошката разновидност од глобално значење. Со 212 ендемични видови на флора и фауна и површина од 358,2 км2, најверојатно претставува езеро со најголема разновидност во светот, во смисла на застапени ендемски видови на единица површина. Живите фосили и ендемичните видови
Слика 4.Карстен предел на Галичица
се развиле како единствен резултат на географската изолација и непреченото одвивање на биолошката активност. Овој ендемизам на Охридското Езеро опфаќа полжави, трепчести црви, голем број реликти од алги и на дијатомеи, езерски сунѓери, алги, риби, како и 87 видови на птици. Остатоци од вегетацијата исто така се присутни во мочурливата вегетација од глацијално потекло, како единствен пример на Балканскиот Полуостров, како и во водниот растителниот свет (пр. Силикатните алги).
• Во отсуство на главните фази на глацијацијата во Плеистоценот, се создале услови за одредени екосистеми (посебно пештерски и водни екосистеми) и елементите на фауна кои се дел од овие екосистеми, да преживеат во тек на подолги периоди. Прастарите групи (реликтни видови на фауна), се распространиле преку процес на еволуција каде од еден вид настануваат два или повеќе
генетски независни видови (специјација) што резултирало во бројни локални ендемични видови.
• при вреднувањето на просторот особено значење е дадено на геоморфолошките и топографските специфики, визурите, атрактивноста на регионот и посебните климатски специфики. Од планините централно место во регионот завзема масивот Галичица со врвот Магаро (2.275 м), додека планината Јабланица претставува западна граница на регионот со неколку врвови над 2000 м. Географскиот диверзитет на планината Галичица е претставен со сите видови релјефни форми, кои се типични за карст
• Охридското Езеро, Националниот Парк Галичица и Преспанското Есеро како комплексна целина, претставуваат област со изразито богата биолошка разновидност, висок степен на хетерогеност и ендемиза, и во таа смисла се смета за навистина импресивна локација во Европа (Xxxxxx & Xxxxx, 1994)1.
• Во Националниот Парк Галичица за прв пат се откриени над 30 растителни таксони и тие претставуваат заштитен знак на планината. На планината Галичица се присутни 19 таксони од светската Црвена листа на засегнати растенија на IUCN кои имаат статус „ретки“ (R – rare). Вкупниот број на таксони од фауната досега забележани на територијата на Паркот изнесува над 3.150, што претставува енормно висока разновиднпст на подрачје од само
25.000 ha
На подрачјето на Охридскиот регион како светско наследство идентификувани се следните локалитети со природни вредности:
1. Света Богородица Калишка ‐ сублакустриски извори;
2. Калишта ‐ единствено природно живеалиште на жолтиот локвањ (Nuphar lutea) на Охридско Езеро;
3. Подмоље ‐ најраспространет појас на трска (Phragmites australis) на Охридското Езеро, природно живеалиште на загрозени видови птици и мрестилиште на крап;
4. Мазија ‐ ревитализирано природно живеалиште на жолтиот локвањ (Nuphar lutea),
мрестилиште на крап и живеалиште и гнездилиште на птици;
5. Студенчишко Блато ‐ макрофитска вегетација и плодиште на краповидни риби;
6. Вели‐Даб ‐ сублакустриски извори, плодиште на пастрмка и биодиверзитет на бентосна фауна;
7. Веља‐Пеш ‐ сублакустриски извори, плодиште на пастрмка и биодиверзитет на бентосна фауна;
8. Свети Петар ‐ крајбрежни и сублакустриски извори, мрестилиште на пастрмка и биодиверзитет на бентосна фауна;
9. Светинаумски Извори ‐ најиздашен извор на Охридско Езеро, мрестилиште на пастрмки и краповидни риби и биодиверзитет на бентосна фауна.
1 Xxxxxx, X.X. & Xxxxx, X. (1994). Hotspots across Europe. Biodiversity Letters, 2: 108 ‐ 116.
Слика 5.Локалитети со природни вредности во Охридскиот регион
2.1.5 Културни вредности
Долгиот историски континуитет на овој простор и размената на културите помеѓу истокот и западот формирал посебен идентитет на оваа мала територија каков што не постои надвор од границите на регионот.
Слика 6. Локалитети со културни вредности во Охридскиот регион
Квалитетот на специфичната архитектура и успешното остварување на единството помеѓу градовите, населбите и природната околина на езерото го прават овој предел автентичен и заради тоа исклучително вреден.
Имајќи ги предвид богатите културно‐историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности кои на регионот му даваат посебност, единственост, репрезентативност, автентичност, со нивната зачуваност, разновидност и интегралност, создадени се можности регионот да претставува добро од највисоко регионално значење со универзални вредности за човештвото и неговата историја, култура, уметност и наука.
Запишаното добро ги вклучува историскиот центар на градовите Охрид и Струга со својата архитектонско‐урбанистичка матрица, неколку рибарски населби на брегот на Охридското Езеро, над 250 археолошки локалитети кои опфаќаат период од над 5000 години, градби од Византиски и Османлиски период.
• Градот Охрид како комплексна споменична целина, има огромно значење поради многубројните археолошки осттаои, како и низата поединечни градби кои ги имаат карактеристиките на културно наследство од исклучително значење. Како еден од најстарите човекови населби во Европа тој претставува ретко архитектонско и уметничко
достигнување и ризница на архитектонски, археолошки, материјални и нематеријални вредности. Градот, формиран во карактеристични природно‐географски, историски, етно‐ социјални и естетски услови на живеење и стопанисување, во изминатиот период, се издигал и развивал во една карактеристична хармонија, без тенденција за узурпација на простор и визури.
• Урбаното јадро на Охрид вклучува градби и други структури кои датираат од предисторијата, антиката и доцната антика, ранохристијанскиот период, раниот и развиениот среден век, османлискиот период, се до денес. Изграден претежно помеѓу VII и XIX век, Охрид е седиште на најстариот словенски манастир (Свети Пантелејмон) и на повеќе од 800 икони со светска слава во византиски стил, насликани помеѓу XI и XIV век. Охридската архитектура е најдобро сочуваната и најкомплетната збирка на урбана архитектура од овој дел на Европа. Словенската култура се ширела од Охрид кон другите делови на Европа. Во градот Охрид се наоѓа еден од најстарите словенски манастири, основан од Св. Климент Охридски во IX век (се смета за првиот „Универзитет“ на Балканот), кој ја ширел писменоста, образованието и културата низ целиот древен словенски свет. Со археолошките истражувања откриени се седум базилики во стариот дел на Охрид (ова сигурно не е конечниот број), кои датираат од периодот меѓу IV, V и почетокот на VI век, а содржат такви архитектонски и декоративни својства кои неспорно укажуваат на силниот подем и слава на античкиот Охрид (Лихнид), во овој поглед. Структурата на градското јадро е збогатена со голем број на археолошки локалитети, со акцент на ранохристијански базилики, кои имаат бројни мозаични подови.
Слика 7.Културно наследство во градот Охрид според периодот на настанување
• Како најистакнати репрезенти со архитектонско‐урбанистички вредности и духовни центри се издвојуваат старите урбани јадра на Охрид и Струга, манастирскиот комплекс Св. Аxxxxxxx Xxxxxx (Св. Наум) на јужниот дел од охридското крајбрежје, манастирскиот комплекс Св. Богородица Захумска‐Заум, кај с. Трпејца и манастирскиот комплекс Св. Богородица – Калишта, Св. Архангел Михаил во с. Радожда на западниот брег од Охридското Езеро и Св. Јxxxx Xxxxxxxx ‐ Xxxxx.
Слика 8.Старото урбано јадро на Охрид
Слика 9.Градот Охрид
• Рибарски населби (Трпејца, Пештани, Радожда и Калишта):
o Трпејца: со векови населението се занимавало со риболов како основен извор на приходи. Значајна улога има и сточарството, а земјоделството е ограничено на мала обработлива површина во сувото трпејчко поле. Во непосредна близина на селото е сместена најстарата сочувана црква Св. Богородица Захумска од XIV век.
o Пештани: со векови жителите се занимавале со рибарство и сточарство, но последните неколку децении се ориентираат кон развој на туризмот со добро развиени услужни дејности трговија и угостителство. Ова наложило старите селски домаќинства да се преадаптираат во модерни современи објекти за потребите на туризмот и угостителството и претставуваат ревитализирани рурални средини.
o Радожда: претставува типично рибарско село, сместено во рамничарскиот дел крај езерскиот брег кое постепено прераснува во туристичка рурална населба, со идеални можности за развој на селски туризам. Селото постепено се трансформира во современа туристичка населба со развој на услужните дејности: трговија, угостителство и туризам. Над селото се наоѓа пештерната црква Архангел Михаил со сочуван вреден живопис.
o Калишта: претставува типично рибарско село каде во последните години се повеќе се градат мали угостителски објекти и се развива угостителството и туризмот. Во непосредна близина на селото се наоѓа манастирскиот комплекс Св. Богородица со пештерниот храм Рождество Богородичино. Манастирската црква и конаците се изградени во поново време и активни се и денес.
• Градот Струга: лоциран долж брегот на Охридското Езеро, неговиот живот сепак е сконцентриран на бреговите на реката Црн Дрим, која како природен феномен истекува од Езерото. Постоењето на Струга е поврзано со наколните населби покрај Охридското Езеро. Археолошките локалитети сведочат за постоењето на наоди од периодот на неолитот, бронзеното време, македонско‐ хеленистичкиот период, римскиот и раниот средновековен период.
Слика 10. Градот Струга
2.1.6 Ризици и оценка на загрозеноста на исклучителните универзални вредности
Урбанизацијата на Охридскиот регион е започната во средината на XX век, а особено интензивна е урбанизацијата на новите делови од градовите и туристичките комплекси во крајбрежниот дел на езерото; историските јадра со поголеми или помали измени се останати во своите историски рамки и постојниот културен пејсаж.
Прекумерната и несоодветно контролирана урбанизација негативно влијае на зачувувањето на: бидиверзитетот, старата градска архитектура, структурата на населбите од крајбрежјето, структура на старите градски јадра на Охрид и Струга и околните простори во кои се наоѓаат историски споменици.
Влошени се и хидрологијата, квалитетот на водата загрозена е биолошката разновидност на Охридското Езеро, пред се поради антропогени фактори.Антропогените фактори вклучуваат недоволна покриеност на населбите со колекторскиот систем и дотраеност на пречистителната станица, интензивен урбан развој и изградба на објекти во крајбрежната зона, несоодветно постапување со отпад, негативни влијанија од сообраќајот (особено во текот на туристичката сезона), фрагментација на живеалиштата итн.
Промените предизвикани од урбанизацијата претставуваат ризик за загрозување на универзалната вредност на светско наследство на Охридскиот регион, како што констатираа Мисиите на УНЕСКО‐ИКОМОС‐УИЦН во 1998 год., мисијата на ИКОМОС од декември 2013 година и Реактивната мониторинг мисија на Центарот за светско наследство на УНЕСКО и консултативните тела (УИЦН и ИКОМОС), која беше одржана од 9 ‐ 14 април 2017 година.
Мисијата одржана во 2017 година утврди дека општата состојба на конзервација на мешовитото светско природно и културно наследство Охридски регион е под закана од бројни фактори што може да резултира со примена на алинеите 179 и 180 од Оперативното упатство што ќе значи дека автентичноста и интегритетот на ова наследство може да стане ранливо.
Ризици врз зачувувањето на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство Охридски регион од инфраструктурни проекти
Со Извештајот на реактивната мониторинг мисија се нотирани ризиците и заканите врз исклучителната универзална вредност на светското природно и културно наследство Охридски регион и тоа:
1. препорачано е да се идентификуваат алтернативни траси (вклучително и предложената траса од страна на ICOMOS) што не навлегуваат во границите на светското наследство, односно не се приближуваат премногу до брегот на Охридското Езеро (особено да се избегнува природниот предел на албанско‐македонската граница) и студијата за алтернативни траси да се достави до Центарот на светското наследство.
2. Автопат А2, европски коридор VIII: да се обезбедат доволен број на премини на делницата Требениште‐Струга (долината на Црн Дрим и Сатеска) за луѓе и животни; да се води сметка за можни археолошки наоѓалишта при изградбата.
3. Кумулативни влијанија од железничката пруга и автопатот, коридор VIII: влијанијата врз животната средина од секој од одделните проекти се анализирани по пат на спроведување на оцена на влијанијата врз животната средина, меѓутоа кумулативните влијанија сеуште не се третирани. Истите треба да се анализираат во текот на спроведувањето на Стратегиската оцена на влијанијата од Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.
4. Државен пат А32: влијанијата од реализацијата од овој патен правец се неприфатливи, бидејќи истите ќе нанесат неповратна штета на исклучителната универзална вредност на светското природно и културно наследство (слика 11).
5. Скијашки центар Галичица3: во конјункција со другите развојни проекти и досегашните промени во населбите и крајбрежниот појас, проектот ќе предизвика неповратна штета на исклучителната универзална вредност на светското природно и културно наследство.
6. Туристички развојни проекти / зони: туристичките развојни зони Краста, Градиште, Љубаниште 1 и 2, како и туристички објекти од поголем обем со значење за конгресен туризам се сметаат како закани, без претходно да бидат анализирани одделните и кумулативните влијанија од овие проекти. Истите треба да се анализираат во текот на спроведувањето на Стратегиската оцена на влијанијата од Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.
2 Овој инфраструктурен проект е откажан.
3 Овој инфраструктурен проект е откажан.
Слика 11.Xxxxx Xxxxxxx опфат на развојните проекти во Национален парк
Галичица
2.1.6.1 Анализа на состојба и ризици за прогласени локалитети со природни вредности
Како што е напоменато на подрачјето на Охридскиот регион како светско наследство идентификувани се 9 локалитети со природни вредности.
1. Света Богородица Калишка ‐ сублакустриски извори
(слика 12);
Општина: Струга
Состојба: потенцијална урбанизација, туризам, потенцијално загадување
Слика 12.Св.Богородица Калишка
2. Калишта ‐ единствено природно живеалиште на жолтиот локвањ (Nuphar lutea) на Охридско Езеро(слика 13);
Општина: Струга
Состојба: потенцијална закана од крајбрежна трансформација, фрагментација на живеалиштето, потенцијално загадување од отпадни води од угостителски објекти, потенцијално испуштање на моторно масло од чамци, потенцијално несоодветно отстранување на цврст отпад од посетители итн.
Слика 13.Калишта
3. Подмоље ‐ најраспространет појас на трска (Phragmites australis) на Охридското Езеро, природно живеалиште на загрозени видови птици и мрестилиште на крап (слика 14);
Општина: Струга
Состојба: потенцијална закана од крајбрежна трансформација, несоодветен развој на туризам, фрагментација на живеалиштето, несоодветни антропогени активности (сечење и палење на трската).
Слика 14.Подмоље
4. Мазија ‐ ревитализирано природно живеалиште на жолтиот локвањ (Nuphar lutea), мрестилиште на крап и живеалиште и гнездилиште на птици (слика 15);
Општина :Охрид
Состојба: несоодветни антропогени активности (натрупување на трската со земјиште и градежен шут), потенцијално загадување поради големи количини на тиња од разни органски и неоргански материи, распаднати растенија и друг вид на отпад.
Слика 16.Студенчишко Блато
Слика 15.Мазија
5. Студенчишко Блато ‐ макрофитска вегетација и плодиште на краповидни риби (слика 16);
Општина :Охрид
Состојба: несоодветна заштита и недоволно познавање на моментална состојба со биодиверзитетот, потенцијална закана од крајбрежна трансформација, несоодветен развој на туризам, фрагментација на живеалиштето.
6. Вели‐Даб ‐ сублакустриски извори, плодиште на пастрмка и биодиверзитет на бентосна фауна;
Општина :Охрид
Состојба: не е регистрирана директна закана, но потенцијално можна е од несоодветен развој на туризам и од загадување на водата во езерото
Слика 17. Вели Даб
Слика 18. Веља Пеш
7. Веља‐Пеш ‐ сублакустриски извори, плодиште на пастрмка и биодиверзитет на бентосна фауна(слика 18);
Општина :Охрид
Закана: несоодветна заштита и недозволен развој на туризам (поставување на еко камп) како и индиректно преку загадување на водата во езерото
8. Свети Петар ‐ крајбрежни и сублакустриски извори, мрестилиште на пастрмка и биодиверзитет на бентосна фауна (слика 19);
Општина :Охрид
Закана: не е регистрирана закана, но потенцијално можна
Слика 19.Свети Петар извори
е од несоодветен туризам и индиректно преку загадување на водата во езерото
9. Светинаумски Извори ‐ најиздашен извор на Охридско Езеро, мрестилиште на пастрмки и краповидни риби и биодиверзитет на бентосна фауна(слика 20).
Општина :Охрид
Закана: несоодветен развој на туризам (узурпирање на просторот со изградба на угостителски објекти) проследено со фрагментација на живеалиштето, потенцијално органско загадување од прихрана на риби во импровизирани рибници и несоодветно одведување на отпадни води .
Слика 20.Светинаумски извори
2.1.6.1 Анализа на состојба и ризици за прогласени локалитети со културни вредности
На подрачјето на Охридскиот регион како светско наследство идентификувани се следните локалитети со културни вредности.
1. Старо урбано јадро во Охрид –споменична целина (поделена на 19 споменични комплекси) со многубројни археолошки остатоци и поединечни објекти со карактеристики на културно наследство од исклучително значење (слика 21);
Општина :Охрид
Закана: несоодветна урбанизација, изградба на објекти со несоодветна архитектура, габарит и висина, кои допринесуваат за намалување на квалитетот на визурата на традиционалната целина; несоодветна санација и грижа на станбените и сакрални објекти; голем притисок од туризмот за време на летната сезона (вклучувајќи паркирање на несоодветни места, сообраќаен метеж и несодветно фрлање на отпад); употреба на несоодветен материјал за поплочување; употреба на комерцијални билборди и сончеви колектори кои ја нарушуваат автентичноста на целината.
Слика 21. Старо урбано јадро во Охрид
Слика 22. Град Струга и поединечни објекти
2. Град Струга – лоциран долж брегот на Охридското Езеро со многубројни археолошки локалитети и поединечни објекти со карактеристики на значајно културно наследство (слика 22);
Општина :Струга
Закана: несоодветна урбанизација на градот, изградба на објекти со несоодветна архитектура, габарит и висина, кои допринесуваат до целосно трансформирање, фрагментирање и нарушување на визуелниот интегритет на традиционалната целина; несоодветно санација и грижа на станбените и сакрални објекти; голем притисок од туризмот за време на летната сезона (вклучувајќи паркирање на несоодветни места, сообраќаен метеж и несодветно фрлање на отпад).
Слика 23. Манастирски комплекси
3.Манастирските комплекси Св. Xxxxxxxx Xxxxxx (Св. Наум) на јужниот дел од охридското крајбрежје, манастирскиот комплекс Св. Богородица Захумска‐ Заум, кај с. Трпејца, манастирскиот комплекс Св. Богородица – Калишта, на западниот брег од Охридското Езеро и Св. Јован Богослов – Канео(слика 23).
Општини : Охрид и Струга
Закана: урбанизација која допринесува до трансформација на крајбрежната визура; можна закана од несоодветен туризам.
4. Рибарски населби (Трпејца, Пештани, Радожда и Калишта): типични рибарски села, чие население се занимавало со риболов и сточарство, но во последните неколку децении се ориентираат кон развој на туризмот со добро развиени услужни дејности трговија и угостителство. Во непосредна близина на селата се наоѓаат цркви и манастирски комплекси (слика 24).
Општина :Охрид и Струга
Закана: урбанизација на крајбрежниот појас која допринесува до трансформација на крајбрежната визура; можна закана од несоодветен туризам.
Слика 24. Рибарски населби (Трпејца, Пештани и Радожда ) и Лагадин
Губење на оригиналните карактеристики на поединечните елементи, како и од трајно губење на традиционалните материјали, форми и техники на градење вклучува:
• Замена на таканаречената стара турска керамида со други материјали на кровни покривачи
• Промена на изгледот на прозорците и вратите, при што дрвената столарија се заменува со пластична или алуминиумска, а со тоа драстично се видоизменува архитектурата на објектите;
• Употреба на нови градежни материјали при изведба на традиционалното ѕиданото камено приземје на објектите со што се губи автентичниот традиционален изглед на ѕидовите и се нарушува оригиналниот амбиент.
• Употреба на разни нијанси при фасадната обработка на објектите (наместо карактеристичната бела боја ), како и користење на најразлични материјали несоодветни за постојаната архитектура без употреба на дрвени хоризонтални и вертикални опшивни елементи.
• Непочитување на карактеристичната охридска архитектура со разиграни ѕидни маси каде градбите најчесто завршуваат или со испакната дрвена стреа или со профилирана стреа која ја збогатува архитектурата на објектот и над која непосредно започнува кровната конструкција и кровниот покривач.
• Промена на поплочувањето на плоштадите и улиците, со нови современи градежни материјали кои не се вклопуваат во оригиналниот амбиент.
• Рекламните паноа и други елементи од урбана опрема (вклучително и контејнерите за отпад поставени во страрто градско јадро) ги нарушуваат визурите кон објектите, а со самото тоа и нарушување кон амбиенталните и естетски вредности на доброто.
• Градење на голем број на објекти на крајбрежниот појас на Охридското Езеро што доведува до што доведува до континуирана промена на постојаната структура на населбите од крајбрежјето, на самиот пејсаж и на крајбрежјето.
• Неприлагоденоста на концептите за развој на поединечни стопански гранки со постојните потенцијали на Охридскиот регион и со ограничувањата што ги поставуваат критериумите за заштита.
• Недоволно развиена општа свест за вредностите и потенцијалите на просторот во целина, како и недоволно ниво на свеста за архитектонските и уметничките вредности на градителството и другото културно наследство.
• Недоволна обученост и недоволен број на стручни кадри за вршење на работите околу изведување на градежни работи од аспект на интегрирање на механизми за заштита.
2.1.7 Други ризици врз зачувувањето на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство Охридски регион
Ризиците кои се однесуваат на ИУВ во Охридскиот регион, од аспект на природно наследство пред се претставуваат ризици/закани за сливот на Охридското Езеро. Како такви, анализирани се во повеќе документи, студии, стратегии, а на слика 26 прикажана е просторната дистрибуција на главните закани во рамките на сливот на Охридското Езеро опфаќајќи ги двете држави (Албанија и Северна Македонија).
Слика 25. Главните ризици во сливот на Охридското езеро
Извор: Студија за Интегриран екосистемски пристап за сливот на Охридското Езеро како алатк а за зачувување и заштита на природнте ресурси
Прoценката ризиците/заканите кои се однесуваат на ИУВ на Охридскиот регион (освен наведените) најдобро би биле претставени врз база на шемата за класификација на заканите дадени од страна на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) и Глобалната меѓународна оценка на водите (GIWA) по примерот на Костовски,2010 4. Опсегот на влијанијата претставени на табела 1 се движат од 0 (непознато влијание) 1 (мало влијание), 2 (умерено влијание) до 3 (сериозно влијание).
Табела 1. Приказ на ризици
Класа за ризик | Главен ризик | Влијание | Просечно влијание | Xxxx. Влијание |
1. Резиденцијален и комерцијален развој | 1.1 Области за домување и урбан развој | 3 | 2.33 | 3 |
1.2 Комерцијални и индустриски области | 1 | |||
1.3 Области за туризам и рекреација | 3 | |||
2. Земјоделство и аквакултура | 2.1 Повеќегодишни култури | 2 | 1.75 | 2 |
2.2 Насади на дрва | 1 | |||
2.3 Сточарство и фарми | 2 | |||
2.4 Морска и слатководна аквакултура | 2 | |||
3. Производство на енергија и рударство | 3.1 Дупчење на нафта и гас | 0 | 1 | 3 |
3.2 Рударство и вадење на камен | 3 | |||
3.3 Обновлива енергија | 0 | |||
4. Транспортни и сервисни коридори | 4.1 Патишта и железнички пруги | 2 | 2 | 2 |
4.2 Комунални и услужни линии | 0 | |||
4.3 Бродски транспорт | 2 | |||
4.4 Авио транспорт | 0 | |||
5 .Користење на биолошки ресурси | 5.1 Лов и собирање на копнени животни | 1 | 1.74 | 3 |
5.2 Собирање на копнени растенија | 1 | |||
5.3 Сечење и собирање дрва | 1 | |||
5.4 Риболов | 3 | |||
6. Антропогено влијание | 6.1 Рекреативни активности | 3 | 2.33 | 3 |
6.2 Војна, граѓански немири и воени вежби | 0 | |||
6.3 Други активности | 1 | |||
7 Модификации на природниот систем | 7.1 Пожар | 2 | 2.33 | 3 |
7.2 Брани и зафати на вода | 2 | |||
7.3 Други модификации на екосистемот | 3 | |||
8 Инвазивни и други проблематични видови, гени и болести | 8.1 Инвазивни / алохтони видови | 2 | 1.33 | 2 |
8.2 Проблематични локални видови | 0 |
4 X. Xxxxxxxx et al.: A freshwater biodiversity hotspot under pressure. Biogeosciences, 7, 3999–4015, 2010
8.3 Интродукција на генетски материјал | 2 | |||
8.4 Проблематични видови | 0 | |||
8.5 Вируси | 0 | |||
8.6 Болести од непозната причина | 0 | |||
9. Загадување | 9.1 Комунални и урбани отпадни води | 3 | 2 | 3 |
9.2 Индустриски и воени ефлуенти | 3 | |||
9.3 Ефлуенти од земјодески и шумски активности | 2 | |||
9.4 Цврст и течен отпад | 3 | |||
9.5 Аеро загадувачи | 1 | |||
10 .Геолошки настани | 10.1 Вулкани | 0 | 0 | 0 |
10.2 Земјотреси / цунами | 0 | |||
10.3 Лавини / лизгање на земјиштето | 0 | |||
11. Климатски промени и тешки временски услови | 11.1 Промена на живеалиштата | 3 | 2 | 3 |
11.2 Суши | 3 | |||
11.3 Екстремни температури | 2 | |||
11.4 Бури и поплави | 2 | |||
11.5 Други влијанија | 0 | |||
12 Друг вид на закани |
Освен да се идентификуваат актуелните и потенцијални закани, цел на СОЖС е да утврди нивното меѓусебно влијание врз XXX. Анализата покажува дека детектираните ризици во табела 2 резултираат со бројни загрижувачки проблеми поврзани со Охридското Езеро: (1) влијанија на рамки на сливот, (2) земјоделство и шумарство, (3) туризам и пораст на населението, (4) алохтони видови ( 5) промена на живеалиштата или загуба, (6) неодржливо рибарство и (7) глобални климатски промени. Овие влијанија вклучуваат директни закани или може да предизвикаат повеќе индиректни ефекти врз Езерото и се она што индиректно егзистира благодарејќи на него (вклучувајќи го економскиот и социјалниот аспект). Особено битно е да се наведе дека овои ризици се присутни на двете страни на езерото (Албанија, Северна Македонија). Покрај тоа, многу од закани наведени во Табела 1 се однесуваат на повеќе од една од горенаведените проблеми.
Табела 2. Приказ на влијанија на ниво на слив на Охридско Езеро
Влијанија | Главни ризици | Ниво на познавање на причинителите | Пример |
1 .Влијанија во сливот на Охридско Езеро | Внес на нутриенти | добро познати | Река Сатеска и Преспанско Езеро |
Зголемен внес на седименти | средно познати | Притоки на Охридско Езеро (конкретно река Сатеска) | |
Отпадни води | добро познати | Недовршен колекторски систем и пречестителна станица со несоодветен капацитет на станицата за пречистување отпадни води | |
Загадување од тешки метали | непознати | Од индустрии во Албанија |
2. Земјоделство и шумарство | Интензивирано земјоделие | непознати | Биоакумулирани пестициди во рибите |
Наводнување | непознати | Земјоделски активности во Струшкиот дел на Охридскиот слив | |
Сечење на дрва | непознати | Сеча на дрва без одобрение за нивна сеча | |
Зафаќање на води | непознати | Земјоделски активности околу Преспанското езеро, кои индиректно влијаат на режимот на водите на Охридското Езеро | |
Пожари | непознати | Антропогено предизвикани пожари на Галичица ; Спалување на појас на трска | |
3. Туризам и раст на населението | Изградба на куќи, вили, хотели | средно познати | Изградени викенд куќи во заштитени зони на НП Галичица и изградба на хотели во крајбрежна зона (Лагадин) |
Уредување на плажи | средно познати | Некомпатибилни градби во крајбрежен појас , нарушувајќи го крајоликот | |
Водни спортови | Непознати | Нарушување на местата за мрестење на ципиридни риби; Истекување на нафта | |
Загадување | добро познати | Колиформно загадување | |
4. Алохтони видови | Конкуренција со автохтони видови | непознати | Калифорниската пастрмка е закана за охридската пастрмка |
Популациони промени | непознати | Elodea canadensis во макрофитските заедници | |
5 .промени на живеалишта и загуби | Крајбрежна трансформација | добро познати | Фрагментација на Студенчишко блато; намалување на појас на трска; урбанизација во крајбрежна зона |
Фрагментација на крајбрежна макрофитска вегатација | средно познати | Макрофитски појас кај Пештани и Трпејца | |
Промени и зафаќања изворишта | средно познати | Урбанизација на Светинаумски извори (изградба на угостителски објекти) | |
Каптирање на извори | добро познати | Каптирање на изворот Беј бунар | |
Еутрофикација | добро познати | Промена на микробиофилм и алгални заедници особено на карпестите брегови | |
6 Неодржливо рибарство | Прекумерен риболов | добро познати | Нелегален риболов на охридска пастрмка |
Испуштање на алохтони и инвазивни видови на риби | добро познати | Детектирани алохтони видови кои се директна закана за автохтоните видови на риба | |
7 Глобални промени | покачување на просечни температури | непознати | Засилена еутрофикацијата проследена со аноксија во многу делови од езерото предизвикувајќи помор на рибите |
Во Извештајот за напредокот што Владата на РМ во 2018 година го достави до Комитетот засветско наследство на УНЕСКО е нотирано дека Xxxxxxx има повеќекратно потврдено негативно влијание врз квалитетот на водата на Охридското Езеро, како и на животинските и растителните заедници кои го населуваат литоралнот дел на Езерото. Од пренасочувањето на реката во 1962 година, сепак, тоа е главен извор на биохемискапобарувачка на кислород (БПК / BOD) и седименти кои се внесуваат во езерото. Долгорочнитемикробиолошки и физичко‐хемиските истражувања ги откриле негативните
ефекти од приливот Сатеска на Охридското Езеро (WLtzin et Ll., 2002). Просечната транспарентност на реката Сатеска се движи помеѓу 45‐65 cm. Покрај тоа, голем дел од суспендираниот материјал кој го носи Сатеска се фокусира на устата на реката, со што се формира остров. Поради големите количини на акумулирани седименти од устието до селото Подмоље рибите не положуваат јајца, бидејќи истите се покриваат со талог и песок и несозреваат, Седиментот влегува во жабрите на млади риби и тие угинуваат .
Хемиското загадување резултат на тешки метали и органски загадувачи во суспендираните седименти. Тие потекнуваат претежно од земјоделските активности во сливот. Тоа предизвикува намалување на количеството на кислород во водата, што е главната причина за губење на флората и фауната.Покрај ова големата количина на нанос од најмалку 120 000 m3 годишно го менува обликот налиторалот каде што е влезот на реката (слика 26).
Слика 26.Изгледот на вливот на реката Сатеска низ годините (сателитска снимка од Google Earth)
Според истражувањето направено во периодот 2001‐2004 година, Xxxxxxxx X, Xxxxxxx‐Xxxxxxxxxx Л. и Вељаноска‐Сарафиловска X. (Еколошки ефекти на реката Сатеска и нејзините притоки на старото езеро Охрид 2006), заклучиле дека: “Нивото на кислород укажува на тоа дека водата е од I или I‐II класа, каква и се очекува за ваков систем, додека пак хранливи материи (нутриентите) и оптоварувањето со фосфор укажуваат на вода со квалитет на II‐IV класа. Од ова произлегува фактот дека реката Сатеска е ризик кој не е занемарлив и треба да се преземат активности за разрешување на тој проблем. Континуираното оптеретување со органски и неоргански материјали, во текот на целиот период на пренасочување на реката Сатеска во езерските води има свои последици. Најголемото загадување е во текот на летниот период.
Во општината има неколку индустриски капацитети кои не создаваат голема количина на отпадни води. Генерално отпадните води од овие капациети одат во септички јами. Покрај внес на разни полутанти кои се резултат на директни извори на загадување (индустриски и комунални), значителен е и внес на полутанти од земјоделското земјиште ко дифузен извор на загадувањето.Вкупно 1237 hL се третираат со минерални ѓубрива, 346 hL со органски ѓубрива, 630 hL сохербициди, 8628 hL со инсектициди, 261 hL со фунгициди.
Реката Сатеска била пренасочена во Охридското Езеро од нејзината природна патека во реката Црн Дрим во 1962 година (слика 1) за да се подобри водената рамнотежа на езерото и да се зголеми неговиот потенцијал за употреба на хидроенергија. Од тогаш, е главен предизвикувач на биохемиска побарувачка на кислород (BOD) и седименти во езерото (Jordanoski et al., 2006; Vo‐gel et al., 2010b).
Во Охридското Езеро моментно се смета дека апсорпцијата на вода е од помало значење (Xxxxxxxxx et al., 2006a, б), делумно поради тоа што годишната рамнотежа е постигната со регулирање на приливите реки Црн Дрим и пренасочувањето на реката Сатеска. Сепак, тоа е
голем проблем во соседното Преспанско Езеро. Со оглед на подземната хидраулична карстна поврзаност помеѓу овие две езера, неколку студии го истражуваа влијанието на водите на Преспанското Езеро на Охридското Езеро (на пример, Amataj et al., 2007). Заклучено е дека фосфор транспортиран од еутрофното Преспанско Езеро може да го загрози Охридското Езеро во иднина (Xxxxxxxxx et al., 2006a). Зголемените концентрации на фосфор беа идентификувани во Охридското Езеро, кои го олеснуваат процесот на еутрофикација (Xxxxxxxxx et al., 2007) и претставуваат сериозна закана за хиполиментен растворен кислород ‐ главен предуслов за сублиторски и профундален ендемски живот (Станковиќ, 1960).
Состојба со појасот на Трска
Трската, Phragmites australis (Cav.) Trin. ex Steud. (Phragmites communis TRIN.) од Охридското Езеро е значаен претставник на емергентната макрофитска вегетација од Охридското Езеро. Трската во крајбрежниот регион на Охридското Езеро образува природен дисконтинуиран појас со различна широчина.Улогата на трската во животот на крајбрежната зона е разновидна. Трската е храна, живеалиште и засолниште за многу животински видови (безрбетници, риби, водни птици и други организми) итн.
Теренските мерења извршени во периодот 1985‐1986 година од Лабораторијата за хидроботаника од Хидробиолошки завод од Охрид, укажуваат дека трската во крајбрежниот регион образува природен дисконтинуиран појас околу Езерото (Сл.2.). Појасот на трска од Охридското Езеро по должината на крајбрежјето на Р.Македонија (Радожда ‐ Св. Наум), имаше вкупна должина од 14.833 m (14,83 km) и вкупна површина од 743.500 m2 (74.35 ha). Појасот трска го сочинуваа 105 поединечни комплекси со различна форма и големина. Широчината на комплексите варираше од 2 до 130 метри. Големината на комплексите зависи пред сè од конфигурацијата на дното на езерскиот базен, од природата на подлогата, а исто така и од трофијата на подрачјата од крајбрежјето каде што тие се распространети. Поради тоа, комплекси со најголеми површини се среќаваа во оние региони од Езерото каде дното на базенот е со благ наклон и образува пространи крајбрежни, рамни, песокливи тераси (подрачје од крајбрежјето Калишта ‐ Струга, Струга ‐ Охрид и Љубанско Поле ‐ Св. Наум). Многу мали, изолирани комплекси, во вид на своевидни "острови" покрај брегот, се јавуваа во региони каде што езерското дно со многу пострмен нагиб се спушта кон длабочините (Сл.3.). Во овие региони езерскиот брег е каменест (спили, грагор или многу крупен песок).
Послени мерења на појасот на трска од Охридско Езеро се спроведени од екпсерти оф ХБЗ за Проектот "Регистрација на појасот на трската како основа за понатамошно следење на состојбите во Охридското Езеро, а со цел за определување на стратегијата за нејзина заштита" е работен согласно "Програмата за животна средина и природата за 2011 година" на Општина Охрид и истиот е финансиран од Општина Охрид.
Споредбата на состојбите со појасот на трската во Охридското Езеро со истражувањата од периодот 1985‐1986 година и истражувањата од 2011 година укажуваат дека во последните 25 години има промени во појасот на трската. Промените во појасот на трската се констатирани како во бројот на комплекси, така и во вкупната површина на појасот.
Евидентираните промени во појасот на трската во тек на 2011 година се должат на сраснувањето на поранешните помали комплекси во поголеми и нивно проширување дури и на копно, а и на тоа што комплексите трска кои порано биле со ретка трска сега се со поголема густина. Затоа вкупниот број комплекси трска во 2011 година (80) е помал во однос на оној евидентиран пред 25 години (105), додека вкупната површина на појасот на трската е зголемена. Имено, според мерењата од 2011 година вкупната површина на појасот на трската од Охридското Езеро изнесува 77,15 ha, што е за 2,8 ha поголема од онаа измерена пред 25 години (и покрај неконтролираното уништување на трската со сечење, палење, корнење, натрупување со земјиште и градежен шут).
Имајќи во предвид дека трската е под посебна заштита со: Законот за заштита на Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро, Законот заштита на природата, Законот за рибарство и аквакултура на Република Северна Македонија, Законот за заштита на природни реткости, Законот за заштита и унапредување на животната средина и природата, Законот за животна средина, Законот за води во Проектот е наведено дека комплексите трска во литоралниот регион на Охридското Езеро треба да се посебно заштитени.
Земјаќи ја во предвид сегашната состојба на појасот на трска и извршениот увид од страна на ХБЗ укажуваат дека во поедини подрачја трската е неконтролирано уништувана од страна на човекот со сечење, палење, корнење, натрупување со земјиште и градежен шут за добивање на т.н. "корисни површини" за различни цели (обработливи површини, како места за депонирање на земја и градежен шут, плажи, хотелски комплекси, паркиралишта и др.).
Слика 27.Бетонски ѕид на појас Струга‐Калиште и монтажна куќарка Радожда
Слика 28. Депонирање на градежен шут во појас на трска кај Струга
Слика 29.Обработливи површини во појас на трска пред Радожда
Недостаток од податоци
Во процесот на прибирање податоци за поширокото опкружување на Охридското Езеро и општина Охрид, Струга и Дебрца идентификуван е недостаток од податоци, кои вистински ќе ја претстават состојбата на природното и културното наследство.
Мониторингот на биолошките параметри во Охридско Езеро е надлежност на ХБЗ но истиот е лимитиран, што подразбира редуцирање на бројот на пробни точки, испитувани параметри или динамика на колекционирање на пробите. Ова неизбежно за последица има создавање на т.н. празнини во хронолошките дата сетови со кои располага институцијата. Според согледувањата на ХБЗ , ова би се премостило единствено со усвојување на национална мониторинг програма во која што Хидробиолошкиот завод би имал клучна улога. Ова претставува желба и императив за кој Xxxxxxxxxxxxx се залага во неговата долгодецениска работа па до денес. Така, само национален мониторинг кој би се организирал според начелата на Европската директива за води, а во кој Хидробиолошки завод би ја имал клучната улога, благодарејќи на сопствената експертиза и искуство во сферата на имплементација на Европската директива за води, би овозможило подобра, покомплексна и подолготрајна заштита на водните тела во Северна Македонија5
Постои голем недостаток на описи за биолошка разновидностот на Охридското Езеро, особено за неколку групи на без'рбетници. Недостатокот од Црвена книга со податоци како и црвена листа за флората и фауната во Р. Македонија, што претставуваше отежнување во постапката на евалуацијата на видовите. Заради тоа видовите беа оценување во согласност со Листите на ендемични видови во Република Македонија, наведени во Првиот национален извештај кон CBD конвенцијата (МЖСПП, 2003).
Во последните неколку години забележан е значителен прогрес во познавањето на алгалниот диверзитет, пред сè на диверзитетот на силикатните алги (дијатомеи). Во 2007 е објавена монографија за дијатомеите од Охридското и Преспанското Езеро, (Levkov et al. 2007) каде се опишани 75 нови видови за науката. Подоцна се спроведени детални таксономски истражувања на одделни родови како што се Amphora (Levkov 2009), Luticola (Xxxxxx et al. 2013), Xxxxxxx (Xxxxxx & Xxxxxx 2013), Xxxxxxxxxx (Xxxxxx et al. 2013) Diploneis (Jovanovska et al. 2013) кои вклучуваат таксони од геолошките стари езера (Охридско, Преспанско и Дојранско), планински и речни станишта, како и екстремни станишта (термални извори, аерофити и епизоични). Во рамки на овие и дополнителни студии се опишани околу 60 нови видови за наука, и се регистрирани голем број видови за Македонија. Досегашните резултати укажуваат дека само во Охридското и Преспанското Езеро се регистрирани над 900 дијатомејски таксони (Levkov & Xxxxxxxx 2012), додека за територијата на Македонија се познати околу 1600 видови дијатомеи.6
Присуството на дијатомеи е силно загрозено поради драматично зголемената еутрофикација (т.е. поголеми количини хранителни материи се внесуваат и предизвикуваат интензивен раст на растенијата) предизвикана од несоодветно управување со езерото и неговата околина. Видовите од двете заедници (крајбрежна и профундална) се под силен ризик од исчезнување. Главни фактори кои влијаат врз крајбрежната заедница се инфраструктурни проекти, модификација на стаништата (уништување или фрагментација на појасот на трска) и промени во нивото на водата (што доведува до пресушување на крајбрежната зона). Фактори кои влијаат врз профундалната зона се различни и се резултат на еутрофикацијата и вклучуваат зголемена: седиментација на органски и неоргански седимент,
5
Заштита на Охридското Езеро “Кон зајакнато управување co прекуграничното природно и културно наследство на регионот на Охридското Езеро”‐ билтен 6,октомври 2017 година
6 Петти национален извештај кон конвенцијата за биолошка разновидност
заматеност, концентрација на хранителни материи, како и намалена: фототрофна зона и концентрација на кислород.
Продолжувањето на силното човеково влијание врз езерото ќе резултира со изумирање на многу ендемични и реликтни видови. Во таков случај езерото ќе ги изгуби епитетите “најразнообразно инајзначајно“. Дијатомеите преживеале два милиони години соочувајќи се со различни предизвици, станувајќи сведоци на промените во животната средина, но нивната иднина во езерото е неизвесна поради несоодветниот однос кон езерото, третирајќи го како акумулација иликомерцијален продукт. Охридското Езеро е светско наследство.7
Последни биолошки истражувања на Студенчишко блато се направени пред 7 години во студијата за ревалоризација на остатотокот од Студенчишкото Блато изработена од Деконсема. Поради евидентирана појава на уништување на блатната вегетација и формирање на обработливи површини, како и диви депонии со градежен шут и индустриски отпад, изградба на асфалтирана патека и други инфраструктурни објекти, а во крајбрежниот појас (на допирот на Блатото со Охридското Езеро) потребно е да изврши Ревалоризација.
Неревидирани нивелација на Охридско Езеро
Нивелација на езерото последен пат е правена пред половина век, што јасно укажува на потребата да се направи повторна денивелација.Со пренасочивање на коритото на реката Сатеска во Охридското езеро, променети се природните осцилции на водите во езерото за околу 50 сантиметри,бидејќи со тоа намалено е крајбрежјето.Котите кои што се определени во почетокот на 1960‐тите години потребно е да се ревидираат, бидејќи тие коти може да се померени и не познато дали тие имаат ефект, а тогаш станува збор за затварање на хидролошкиот минимум при што се ризикува опстанокот на рибите во реката Црн Дрим.
Исто така,потребно е и ревидирање и на договорот со Албанија за испуштање на одредена количина вода за нејзините енергетски потреби. Како што може да се забележи на графокот од 1951‐1963 година природен средногодишен водостој на Езерото е 47cm, кој 1964‐2009 година при регулиран режим на нивото на Езерото е 27 cm. Во периодот од 2014‐2018 средногодишниот режим е 28cm (просечно за 4те години) .
Нивото на Езерото претставува основен фактор за состојбата и на Студенчишкото Блато. Несомнено е дека водите од Блатото комуницираат со Езерото и токму нивото на Езерото е регулатор на нивото на подземните води во Блатото. Сигурно е дека високите водостои на Езерото прават поголема бариера на истек на водите кон него и го зголемуваат нивото на подземната вода во Блатото, а при високи водостои, како што беа во 1963 година и во пролетта 2010 година, тоа станува составен дел на Езерото. Одржливиот развој и воопшто опстанокот на Блатото се состои токму од тоа како ќе биде изградена врската со Езерото, односно како ќе биде решена постојаната комуникација на водите од Блатото со водите на Езерото.
Слика 30. Средногодишен водостој на Охридско Езеро во период 1951‐ 2009 година
7 Заштита на Охридското Езеро “Кон зајакнато управување co прекуграничното природно и културно наследство на регионот на Охридското Езеро”‐ билтен 5,јуни 2017 година
Податоците за средногодишниот водостој на Охридското Езеро во периодот од 2014‐2018
година се прикажани на сликите 32‐36 и истите се од XXXX.
Слика 31. Средногодишен водостој за 2014 година
Слика 32. Средногодишен водостој за 2015 година
Слика 33. Средногодишен водостој за 2016 година
Слика 34. Средногодишен водостој за 2017 година
Слика 35. Средногодишен водостој за 2018 година
Слика 36. Изглед на Охридското Езеро кога нивото е под минимално дозволената природна кота
Сумирајќи ги наведените ризици за ИУВ на Охридскиот регион , како и состојбата во која се наоѓаат моментално, Планот ги дефинира следните цели :
1. Контролирана урбанизација
2. Заштита на природното и културното наследство
3. Одржлив економски развој што не е во спротивност со исклучителните универзални вредности на Доброто
4. Зајакнување на управувачките капацитети на надлежните институции
5. Подигање на свеста и едукација
Постигнувањето на целите е преку Акцискиот План.
3. ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА РЕГИОНОТ
3.1 Местоположба
Охридскиот регион се наоѓа во Југозападниот дел на Република Северна Македонија, на планинскиот масив Галичица, вклучително и делови од нејзините ограноци Исток и Петринска Планина.Предметната локација се наоѓа во опфат на просторот заштитен како светско природно и културно наследство.
3.2 Граници на подрачјето
Согласно член 7 од Нацрт Законот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион, опфатен е просторот во следните граници:
“Границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство се: започнува од граничниот премин кај Свети Наум од каде што се протега на исток и североисток по граничната линија меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија се до граничниот столб Ф 11/И. Оттука границата свртува во северен правец, избива на надморска висина од 1.102 м на Стара Галичица, од каде што се издига кон поголема надморска висина, а потоа се спушта по суводолицата која завршува кај месноста Липова Ливада на надморска висина од 1.568 м. Одовде границата свртува во источен правец и води по асфалтниот пат до месноста Долна Плос, од каде што го менува правецот кон север искачувајќи се на врвот Томорос ‐ т.т. со кота 1.673 м. Оттука границата го задржува истиот правец и води по возвишенијата Пресека ‐т.т. со кота 1.633 м, Тумба ‐ т.т. со кота 1.605 м,
Шагон ‐ т.т. со кота 1.622 м, Самар ‐ кота 1.657 м, Црвен Камен ‐ т.т. со кота 1.660 м, Гарванов Камен, Самерница ‐ т.т. со кота 1.346 м, Бајчинов Рид ‐ т.т. со кота 1.380 м, го сече патот Охрид ‐ Ресен и избива на возвишението Прчишта ‐ т.т. со кота 1.184 м, а потоа на Стогово ‐ т.т. со кота
1.327 м и на Калипадинје ‐ кота 1.372 м. Оттука границата продолжува да се протега во северен правец и се спушта на висинската точка со кота 1.268 м, минува низ ридот Никотинец ‐ кота 1.131 м, од каде што се спушта кај месноста Привја Вода ‐ кота 899 м. Одовде границата го менува правецот и се протега на северозапад искачувајќи се на ридот Градиште ‐ т.т. со кота
1.086 м. Оттука границата се спушта и минува низ јужните делови на Дебарца, потоа низ ридот Горица ‐ т.т. со кота 877 м, ја сече Сатеска Река, минува низ месноста Горна Тумба и котата
1.270 м, потоа низ возвишението Кодра Маре ‐ т.т. со кота 1.436 м и висинската точка со кота од 1.522 м, се спушта кон месноста Гриковец, минува низ селото Тоска и избива на висинската точка 971 м. Одовде границата го менува правецот кон југ, ја сече реката Црни Дрим, минува низ Суво Поле, потоа низ т.т. 754 м и 714 м, го сече брдото Долна Краста, го сече патот с. Враништа ‐ с. Октиси, минува низ висинската точка 752 м и низ источните делови на Синје Брдо, минува низ висинската точка 864 м, го сече патот Струга ‐ с. Вишни, минува низ котата
1.026 м, потоа низ месностите Банго и Цонга, висинската точка 1.165 м, тригонометриските точки 1.144 м (Каралиште), 1.103 м (Красје) и 1.179 м и избива на граничниот премин Ќафа Сан на македонско‐албанската граница. Оттука границата го менува правецот кон исток и во должина од 2,2 км води до брегот на Охридското Езеро по границата спрема Албанија, а потоа се протега низ Охридското Езеро за да заврши на граничниот премин кај Св. Наум. Површината на природното и културното наследство на Охридскиот регион изнесува 833,5 км2.”
Слика 37.Граници на УНЕСКО подрачје
3.3 Социјално‐економска основа
Просторен опфат на планот се совпаѓа со територијата утврдена со административните граници на 3 општини: Охрид, Струга и Дебарца, согласно актуелната административно‐ територијална организација на Република Северна Македонија.
3.3.1 Основни карактеристики на населението
Населението спаѓа меѓу основните елементи на кои базира предвидувањето на идната организација. Тоа е најбитен фактор на идниот развој на земјата и општеството. Утврдувањето на концептот на просторната организација, уредувањето и користењето на територијата на Регионот зависи од развојот, структурните промени и просторната дистрибуција на населението.
Вкупно население
Според Пописот на населението, домаќинствата, становите и земјоделски стопанства во Република Македонија во 2002 год. и според административно територијалната поделба од 2004 год., во Охридскиот регион, живеат 124.632 жители како резултат на растежот на вкупното население во подолг период.
Табела 3. Вкупно население,природен прираст и миграциони движења по општини според Попис во 2002 год.
Општина | Население | Територијална дистрибуција | Природен прираст (промили) | Отселени | Доселени | Миграционо салдо |
Охрид | 55.749 | 38,7 | 3,0 | 136 | 245 | 109 |
Струга | 63.376 | 3,8 | 10,3 | 293 | 302 | 9 |
Дебрца | 5.507 | 44,9 | ‐15,1 | 23 | 24 | 1 |
Природен прираст
Динамика на порастот на населението во анализираниот период (2002 година) изнесува, индексно изразена, 113,4 т.е. 0,4% просечно годишно. Природното движење на населението пак, анализирано преку показателите на наталитетот, морталитетот и природниот прираст, покажува тенденција кон постојано намалување на стапките, што резултира во релативно побавен процес на репродукција на населението и во подрачја кои имаат високи стапки на наталитет и природен прираст Стапката на природен прираст е најголема во општината Струга, во однос на останатите општини, како и во однос на Републиката (4,9 промили); стапката во Охрид е помала, додека вo Дебрца стапката има негативна вредност.
Миграции
Механичките промени кај населението, изразени преку миграционите движења, особено се одразуваат негативно во случите на мали подрачја. Тие влијаат на вкупниот број жители, како и на структурните карактеристики на населението, а имплицираат краткорочни и долгорочни последици.
Структура на население
Според старосната структура во 2002 год. во општината Струга младото население (0‐14 год.) има значителен удел (26,8%) во вкупното население што е резултат на висок наталитет. Во општина Дебрца оваа категорија на население учествува со 16,9% и 13,7%. Исто така, како последица на овие пропорции во старосната структура, категоријата на населението на возраст над 65 год. има најмал удел токму во општината Струга (8,5%), додека во Дебрца има изразено големо учество (28,1%). Работоспособниот контингент (20‐64 год.) се движи од 52,3% во Дебрца до 62,3% во Охрид.
Структурата на населението по пол ги дава основните демографски белези на населението од определено подрачје од кои зависат повеќе други карактеристики кои се одразуваат врз репродукционата основа, работоспособниот и активниот контингент, вработеноста итн.
Густина на населеност
Природните и миграциските движења на населението придонеле за негова нерамномерна територијална разместеност и концентрација. Најголемо учество во вкупното население на Регионот има општината Струга (44,0%), потоа следат Охрид (38,7%) и Дебрца (3,8%).
Густината на населеност во 2002 год. е највисока во општината Охрид (144 ж/ km2), потоа во Струга (129 ж/ km2), и Дебарца (13 ж/km2). Просечната густина на ниво на Државата изнесува 78,6 ж/ km2.По припадност, во општините Охрид и Дебарца и доминира македонската популација, додека Албанците имаат најголемо учество во Струга.
Работоспособност и писменост
Како најважни категории на демографско‐економската структура се сметаат работоспособниот и активниот контингент на населението. Учеството на работоспособно население во вкупното население на определена агломерација е многу важна детерминанта на нејзиниот стопански развој. Работната сила, како непосреден носител на сите активности, се регрутира од контингентот на работоспособното население т.е. од мажите на возраст од 15‐ 64 години и жените на возраст од 15‐59 год. Писменоста има значително влијание врз другите компоненти особено за согледување на културолошките белези на населението.
Табела 4.Писменост и работоспособност кај населението од општините според попис во 2002 год.
Општина | % | на неписмени | % | на работоспособно население |
Охрид | 2,6 | 59,8 | ||
Струга | 3,0 | 53,3 | ||
Дебрца | 7 | 48,8 |
Економска активност
Економската димензија на просторното планирање се манифестира преку согледување на долгорочните релации во структурата на стопанските области и определување на нивната просторна диспозиција врз основа на интегрирање на просторот и животната средина во синергија со развојните тенденциите на економската политика, со цел сочување на еколошкиот квалитет на локалната заедница, регионот и земјата.
Структурата на вработени по дејности покажува дека најголем број вработени се евидентирани во индустријата (9384 лица) што претставува околу 29,9% од вкупниот број вработени во Охридско ‐ Преспанскиот регион, во трговијата на големо и мало и поправка на моторни возила 3964 вработени (12,6%), во здравството и социјалната работа 2606 или 8,3%, во јавна управа и одбрана, задолжителна социјална заштита 2349 лица односно 7,5% од вкупниот број во Регионот, 1964 лица односно 6,2% вршат занимање во образованието, 2039 лица или 6,5% се ангажирани во градежништвото, со земјоделство се занимаваат 1760 лица или 5,6%, во сообраќајот, складирање и врски се ангажирани 1683 лица односно 5,4%, во угостителството и туризмот работаат околу 1550 лица или 4,9% од вкупниот број лица кои вршат занимање во Регионот. Со риболов се занимаваат само 114 лица или 0,4% од вкупниот број вработени во Регионот.
Според просторната дистрибуција на лицата кои вршат занимање во Регионот, најголем број (00000) xxxxxxx околу 50% евидентирани се во општината Охрид, потоа 29,6% или околу 9270 лица во општина Струга, 15% или 4705 вработени има во општина Ресен и останатите се евидентирани во општините Дебарца (1000 вработени) и Вевчани (607 вработени). Во однос на занимањето што го вршат, најголем број од ангажираните лица (4905) се работници во услужни дејности, во продавници и на пазарни продажби, потоа 4855 лица вршат занимање за неиндустриски начин на работа во производството, потоа следат во ист број стручњаци и научници и техничари и сродни занимања (по околу 3950 односно 3930 лица), ракувачи и составувачи на машини и постројки има околу 3600, службеници се 2886 и околу 2020 лица се
членови на законодавни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.
3.3.2 Урбанизација и мрежа на населби
Процесот на урбанизација во Република Северна Македонија веќе подолг временски период претставува еден од доминантните процеси на вкупниот општествено‐економскиот развој.Процесите и тенденциите во изминатиот период покажуваат дискрепанција помеѓу брзиот пораст на нивото на урбанизираност (искажано преку високо ниво на популациска концентрација во урбаните центри) и динамиката на стопанскиот развој и достигнатото ниво на економска развиеност (изразено преку висината на општествениот производ по жител). Постојниот расчекор претставува основна причина поради која процесот на урбанизација не претставува, во сите сегменти, позитивен влијателен фактор на вкупниот развој (особено од аспект на заштита на животната средина).
Развој на населбите
На територијата на општина Струга има најголем број населби во регионот, но околу 32% од нив се мали села со големина до 99 жители. Најголема и единствена урбана населба во општината е Струга со 16 559 жители во 2002 г. Во рамките на општината Дебрца има вкупно 30 населби од кои најголем дел (60%) се населби со големина до 99 жители.
Според големинската класификација, следува општината Охрид со вкупно 33 рурални населби. Освен Охрид, како единствена урбана населба со 42033 жители, од останатите во најголем дел доминираат мали населби и тоа 40% со големина до 99 жители, 27% со големина од 100‐999 жители и 18% со големина од 500 ‐999 жители.
Територијалниот, просторен, или планиметриски, развој на населените места во регионот се карактеризира со вообичаениот географски распоред, односно со зафаќање на географски погодни локалитети. Населените места се распоредени: по крајбрежјето на езерото, во котлините, во ридските, планинските предели, односно простори кои на луѓето им давале гаранција за стопанска активност и животна егзистенција.
Според надморската висина, населените места се распоредени од 695 м.н.в. до 1600 м.н.в. И за овој регион се карактеристични промени во алтиметрискиот распоред на населението, односно спуштање кон помали височини (вертикални миграции) кои биле предизвикани од ограничените можности за стопанисување и аграрната пренаселеност поради високиот природен прираст. Типовите населени места се условени во прв ред од релјефните карактеристики и географската положба. Како резултат на ваквите фактори се создадени населени места, особено градови, кои биле стопански, сообраќајни и културни центри. Се разбира, тука првенствено се мисли на Охрид кој со своето богато културно и историско минато дава обележје на целиот регион.
Покриеност на населбите со урбанизација
Степенот на урбанизација на населбите во голем обем зависи и од покриеноста на просторот со урбанистичко‐планска документација како основа за плански развој. Во тој смисол, овој индикатор е подеднакво значаен и за урбаните и за руралните населби, бидејќи планските согледувања и насоки ги утврдуваат развојните потреби на населбите и овозможуваат рационална организација и користење на просторот, повисоко ниво на опременост со комунална инфра и супраструктура, плански мерки за развој на сите стопански и нестопански дејности и мерки за заштита. Во периодот на транзиција, при тенденција за ревитализација на населбите, планската документација е особено значајна за утврдување на развојни ресурси за секоја населба, врз основа на чија експлоатација е можна комплетно нова ориентација во вкупниот развој кој може да обезбеди заживување и прогрес на населбите.
Охридскиот регион има долга традиција во просторното и урбанистичко планирање. Меѓутоа, голем дел од планската документација е со изминат рок, а бројните и длабоки
општествени и економски промени кои во меѓувреме настанаа наметнуваат потреба од преиспитување на планските решенија. Но сепак, како извор на основна база на податоци, за согледување на традициите и трендовите во одделни сегменти од развојот, постојната документација сепак претставува солидна основа и инпут за идните планирања. Промените кои се резултат на административно‐територијалните организации на државата (1996г. и 2002г.) исто така доведуваат до тешкотии во користење на документацијата, поради што неминовно се наметнува потребата од усогласување со сите овие промени, ажурирање на плановите со изминат рок, измена и дополна на постојните, односно изработка на нови. Овие потреби произлегуваат и од донесувањето на новиот Закон за просторно и урбанистички планирање (Сл. весник на РМ бр. 51/05) во рамките на кој претрпеа промени и терминологијата, но и содржината и концепцијата на одделни плански документи.
Регионот има усвоен Просторен план за периодот 1971‐1990год; како и просторни планови на општините Охрид, Струга и Ресен (1988‐2000 г.)
Во општина Охрид, од вкупно 29 населени места, за 15 населби од рурален карактер нема планска документација. Тоа се во најголем дел малите населби со големина до 100, односно 100‐500 жители. Од останатите рурални населби за 8 постои усвоена Урбанистичка документација за населено место со плански хоризонт до 2003, односно 2004 година, останатите рурални населби се опфатени со Основни, односно Генерални урбанистички планови изготвени за одделни потези од крајбрежното подрачје. Градот Охрид има нов Генерален урбанистички план , усвоен во 2006 год.
Во Општина Струга од вкупно 51 населба, за 27 населби има усвоено Општи акти со кои се утврдува градежното подрачје во населбите, 19 населби имаат усвоени Урбанистички документации за населено место (УДНМ), една населба има Основен урбанистички план, додека градот Струга и трите поранешни седишта на општини, инаку рурални населби: Лабуништа, Велешта и Делогожди имаат Генерални урбанистички планови. Може да се констатира дека општина Струга има најдобра покриеност со планска документација, бидејќи практично не постои населба за која нема никаков вид на документација. Во однос на планскиот хоризонт на документите, може да се констатира дека најголем дел од документацијата (Општите акти) се усвоени во 1991 година, Основниот урбанистички план е донесен 1982 год; УДНМ се усвоени 1996 година, а од најнов датум се Генералните урбанистички планови за Струга (2004 год.),Лабуништа (2001 год.), Велешта и Делогожди (1999 год.). Реализацијата на Генералниот урбанистички план за градот Струга се одвива преку усвоен 31 Детален урбанистички план.
Општината Дебарца е новоформирана општина во рамките на која има 30 рурални населби. За 7 населени места има усвоено УДНМ, за 2 Општи акти и за седиштето на општината Белчишта има Генерален урбанистички план (1997г.‐ 2007 г.)
Планирањето и користењето на земјиштето во границите на природното и културното наследство во Охридскиот регион се утврдува со Просторниот план на РМ односно Просторниот план на охридско‐преспанскиот регион, Генералните урбанистички планови (ГУП( на градовите Охрид и Струга, деталните урбанистички планови (ДУП(урбанистичките планови за село, урбанистичките планови за вон населено место (УПВНМ), урбанистички планови за подрачја и градби од државно значење, урбанистичко‐плански документации за градби од посебен интерес, државни урбанистички плански документации (ДУПД(, локални урбанистички планска документации (ЛПУД), урбанистичко планска документација за туристичко‐развојни зони (УПТРЗ), урбанистичко‐плански документации за автокампови и за инфраструктурни проекти во Охридскиот регион.
Табела 5.Бесправно изградени според видот на објектот, 2017
Општина | ВКУПНО | Помошни објекти | Доградби, надградби и сл. адаптации | Деловни објекти | Гаражи | Огради | Скалила | Тераси | Летни тераси | Стреи | Времени објекти | Помошни објекти |
Охрид | 68 | 16 | 5 | 4 | 1 | 11 | / | 2 | / | 6 | 20 | 3 |
Струга | 22 | 2 | 8 | 2 | 6 | / | / | / | / | 3 | / | 1 |
Дебрца | / | / | / | / | / | / | / | / | / | / | / | / |
3.2 Состојба со животната средина
3.2.1 Релјеф
Во Охридско‐преспанскиот регион преовладува ридско‐планинскиот рељеф со површина од 1553km2, или 67% од регионот, рамничарскиот терен зафаќа 325km2, или 14%, а под езера потпаѓаат 437,28 km2, или 19% од регионот. Во дното на двете котлини, охридската и преспанската, лежат тектонски езера чии хоризонтални брегови се слабо разгранети. Бреговата линија на Охридското езеро изнесува 88,2km од кои на наша територија се 56,7km. Брегот на Преспанското езеро изнесува 114,4km, а на наша територија се 50,4km.
3.2.2 Геолошки состав
Охридско‐преспанскиот регион припаѓа на Западно‐Македонската зона која влегува во Динарскиот систем. Во овој регион издвоени се следниве геолошки формации: палеозоик, тријас, креда, неоген, квартер. Од магматските карпи во регионот се застапени: гранити, сијенити, габрови, диорити, дијабази, трахити, серпентинити и дунити.
3.2.3 Сеизмички карактеристики
Современата тектонска активност, како последица на основните фази на алпскиот ороген, претставува продолжение на осцилаторските движења на одделни блокови меѓусебно поврзани со разни дисконтинуитети. Таа и денес се чувствува низ почестата сеизмичка активност на одделни делови од теренот на регионот. Оваа сеизмичка активност врзана со разделните зони се однесува на јужниот дел од регионот што ги опфаќа Охридско‐Струшката и Преспанската депресија, како и дел од теренот по текот на Црн Дрим, почнувајќи од Струшкото поле па се до Дебарскиот неоген басен. На овој простор постојано и нерамномерно е присутно издигање на теренот со создавање на флексури и раседи. Од сеизмички аспект од особено значење се раседите кои се протегаат долж источниот брег на Охридското езеро кон планината Галичица и источниот дел на Струшкото поле. За овие раседи врзани се помал број на хипоцентри со претежно сеизмичен интензитет од 70 МЦС и неколку појаки со интензитет од 8‐90 МЦС. Овие потреси, како и оние што се нслучуваат на соседните терени, условиле целиот терен на Охридското‐Струшката потолина и Преспанскиот ободен дел на планината Галичица и Пелистер, да спаѓаат во зоната на 80МЦС по максимален сеизмичен интензитет, самите приобални делови во зона од 90 МЦС, а останатиот дел од регионот во зона од 70 МЦС.
Најголем дел од теренот во регионот се наоѓа во зона на интензивни издигнувања. На потегот Струга, Охрид, Ресен и Битола се забележува интензивно нерамномерно издигнување,
што претставува еден од основните фактори за сеизмички потреси. Ова потврдува дека најголемиот дел од регионот е изложен на современите потреси.
3.2.4 Педолошки карактеристики
Особеностите на почвите и нивниот распоред се од големо значење за избор и лоцирање на земјоделските и шумските култури, како и за оценка на нивната валоризација. Во регионот се застапени следниве групи и видови на почви:
1. Почви на речните и најниските езерски тераси;
2. Почви на наносните конуси;
3. Почви на брановидните терциерни и делувијални седиментни терени и езерските тераси и
4. Почви на планинските терени врз компактни стени.
3.2.5 Климатски карактеристики
а) Температура на воздухот
Податоците кои се користени за опишување на карактеристиките на регионот се однесуваат на периодот 1961‐1990 година за мерните места Охрид и Струга.
Најголемиот дел од оваа котлина е под водата на Охридското езеро кое е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (1945m), а на запад со Јабланица (2257m) и се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија. Охридската Котлина лежи на надморска височина чија апсолутна вредност се движи од 695 до 760 метри. Таа од Јадранското море е оддалечена околу 110 км и, преку преслапот од запад, постојат услови за продирање на морски воздушни маси, но во оваа котлина во поголема мера е изразено влијанието на езерото што се гледа во повисоките температури на воздухот во зимските и нешто смалени во летните месеци. Просечната годишна температура во Охрид изнесува 11,1°С, а во Струга 10,70С, просечната јануарска во Охрид има вредност 1,7° во Струга 0,9°С, просечната февруарска во Охрид е 2,7 во Струга 2,2°С, просечната декемвриска температура во Охрид е 3,3°С во Струга е 2,7°С. Меѓутоа, во летните месеци разликата во температурата на воздухот помеѓу Охрид и Струга е сосема мала. Во јули Охрид е само за 0,1°; а во август 0,3°С потопол од Струга. Влијанието на Охридското езеро во котлината се манифестира со намалувањето на годишните температурни колебања. Охридското Езеро како терморегулатор на околниот воздух покажува влијание и со снижување на температурата на воздухот во топлиот дел од годината, особено во летните месеци.
а) Врнежи во Oхридската котлина
Врнежите во Oхридската котлина се условени од медитеранскиот плувиметриски режим. Поголемиот дел од годишните врнежи паѓаат во ладниот дел од годината, со максимум во доцна есен, а помал во топлиот дел од годината, со минимум во летните месеци. Значајно е и тоа што врнежите во охридската котлина главно се од дожд, а сосема мала количина од кусотраен снег. Просечно, годишно во охридската котлина има 19 денови со снежен покривач. За развојот на вегетацијата значаен е распоредот на просечните температури и врнежи по годишни времиња, како и во тек на вегетациониот период (01. IV до
30. IX). Овој распоред е прикажан во табелата подолу:
Табела 6. Просечна годишна и месечни суми на врнежи (во mm) во охридската котлина
Од податоците во табелата се гледа дека есента е потопла од пролетта, а просечната температура на воздухот за време на вегетацискиот период изнесува 16,8°С. Распоредот на врнежите е доста неправилен. Имено, најголеми количини на врнежи има во зимскиот (224mm) и есенскиот (208mm) период, а најмали во летниот период (96mm). За време на вегетацискиот период паѓаат 248mm воден талог, што претставува 35% од вкупната сума на врнежи.
б) Сончев сјај, облачност и влажност во охридската котлина
Охридската котлина се одликува со долготрајно сончево зрачење. Просечното годишно сончево зрачење изнесува 2233 часови или во просек 6 часови дневно со максимум во јули и минимум во јануари
Табела 7.Траење на сончев сјај во часови во охридската котлина
Просечната годишна облачност изнесува 5,2 десеттини и има правилен годишен тек. Се смалува од јануари до јули, а потоа кон декември правилно се зголемува. Од вкупниот годишен број на денови, 24% се ведри, 27% се мрачни, а 49% се облачни.
Табела 8.Средна месечна и годишна облачност во десеттини во охридската котлина
Релативната влажност на воздухот има спротивен тек со температурата на воздухот. Од јануари до јули опаѓа, а потоа се зголемува.
Табела 9. Средна месечна и годишна релативна влажност на воздухот во охридската котлина (во %)
в) Ветрови во охридската котлина
Охридската котлина се одликува со посебен режим на ветрови, условен од езерото. Покрај ветровите што се јавуваат поради општите атмосферски промени, се јавуваат и ветрови со локален карактер условени од нееднаквото загревање на воздухот над копното и над езерската површина. Ветровите во Охридската котлина имаат и свои локални називи, било според правецот на дувањето или називи што им ги дале охридските рибари. Овие локални ветрови имаат влијание на општиот распоред и зачестеноста на правците на ветровите во котлината. Така, според мерењата на мерниот пункт Охрид, во овој дел преовладува северниот, потоа југозападниот и јужниот ветер. Честината на ветровите и мирните периоди, исто така, се менуваат во текот на денот, особено во летниот период. Утрата се карактеризираат со доминација на северните ветрови и тишините. Состојбата целосно се менува попладне, кога ветровите од југ и југоисток ги потиснуваат тишинитеЛокалните ветрови имаат влијание на општиот распоред и зачестеноста на правците на ветровите. Преовладува
северниот ветар, со просечна годишна брзина од 2,4 m/sec. Овој ветар дува преку целата година, најчесто во вечерните часови.
Табела 10. Просечна годишна зачестеност на ветерот од осум правци во охридската котлина (во ‰)
N | NE | E | SE | S | SW | W | NW |
297 | 43 | 23 | 23 | 176 | 179 | 58 | 73 |
г) Испарување, магла и росаво охридската котлина
Испарувањето од слободната водна површина е поголемо од паднатите врнежи. Просечно годишно испаруваат 836 l/m2 додека годишната сума на врнежи е 708,3 l/m2. Испарувањето е најголемо во август 137 l/m2, а најмало во јануари 27 l/m2.Маглата е ретка појава во охридската котлина. Просечно годишно се јавуваат 5 дена со магла, од кои два во јануари и по еден во ноември, декември и февруари.Росата се јавува преку целата година но со најголема зачестеност е од април до јуни и од септември до ноември. Просечно годишно се јавуваат 113 дена со роса.Според методологијата на X. Мавродиев за климатските подрачја, климата во охридската котлина припаѓа на топлото континентално климатско подрачје и тоа до надморска височина од околу 800 m.
д) климатски промени
Предвидените промени во климата (изразени како промени во температура на воздухот и врнежите) се развиваат постепено и резултатите се значајни на подолг период. Најголемо влијание имаат поплавите. Поплавите се зачестена појава во Република Македонија претставуваа локална манифестација на последиците од глобалните промени и предизвикаат значителни штети.
Според подготвените регионални сценарија за Македонија оваа зона е под доминантно‐ континентално климатско влијание. Од анализата на тие климатски сценарија произлегува дека средногодишната температурата во оваа рефугијална зона за 50 години ќе се покачи во просек за 2,0о С , додека за 100 години 4,0 о С. При тоа зимските температури ќе се зголемат речиси исто како просекот (2,0 и 3,9 о С за 50 и 100 години), што важи и за летните, освен температурата после 100 години (2,1 и 4,4 о С за 50 и 100 години). Годишните суми на врнежи ќе се намалат за 3% (50 години) и 8% (за 100 години). При тоа врнежите ќе се намалат само во тек на летната, пролетната и есенската сезона (‐18% за 100 години ‐ лето) додека зимските врнежи ќе се зголемат (+4% за 100 години). Меѓутоа врнежите во југозападниот регион какде и спаѓа Охридскиот регион нема да се намалат значително како во централните и јужните делови на Македонија.
Климатските прилики во овој рефугијален реон поради присуството на Охридското и Преспанското Езеро, како и клисурата на Црн Дрим се прилично константни, бидејќи целиот тој систем делува како еден термостат и овозможува поволни услови за развиток на рефугијалната шумска вегетација.
3.2.6 Хидрографски и хидробиолошки карактеристики
Една од најбитните карактеристики на овој Регион е присуството на езерото, што условува низа импликации од аспектот на природните особености и стопанско значење. Охридското Езеро долго време е познато како суперлативен природен феномен. Со геолошка и биолошка историја од 2 ‐5 милион години, се истакнува како најстаро природно езеро во Европа и едно од најстарите езера во светот. Сливот на езерото поддржува подеднакво богата и значајна биолошка разновидност и голем број ендемски видови. Oвој воден екосистем од научна гледна точка, е меѓу најзначајните водни екосистеми, како што се Охридското Езеро и
Тангањика.Овој суперлативен природен феномен се одликува со следните исклучителни универзални вредности:
• Со најголема просечна длабочина од 155 метри Охридското Езеро е најдлабоко езеро на Балканскиот Полуостров и во Европа; според спросечната длабочина е четиринаесето во светот.
• Тоа претставува последен остаток од античкиот воден регион на Евроазискиот континент пред леденото доба и според својата геолошка и биолошка историја се вбројува меѓу најстарите езера во Европа.
• Тоа претставува исклучително жариште на биолошката разновидност од глобално значење. Со 212 ендемични видови на флора и фауна и површина од 358,2 км2, најверојатно претставува езеро со најголема разновидност во светот, во смисла на застапени ендемски видови на единица површина. Живите фосили и ендемичните видови се развиле како единствен резултат на географската изолација и непреченото одвивање на биолошката активност. Овој ендемизам на Охридското Езеро опфаќа полжави, трепчести црви, голем број реликти од алги и на дијатомеи, езерски сунѓери, алги, риби, како и 87 видови на птици. Остатоци од вегетацијата исто така се присутни во мочурливата вегетација од глацијално потекло, како единствен пример на Балканскиот Полуостров, како и во водниот растителниот свет (пр. Силикатните алги).
• Во отсуство на главните фази на глацијацијата во Плеистоценот, се создале услови за одредени екосистеми (посебно пештерски и водни екосистеми) и елементите на фауна кои се дел од овие екосистеми, да преживеат во тек на подолги периоди. Прастарите групи (реликтни видови на фауна), се распространиле преку процес на еволуција каде од еден вид настануваат два или повеќе генетски независни видови (специјација) што резултирало во бројни локални ендемични видови.
3.3 Управување со животната средина
3.3.1 Водни ресурси и управување со водите
Водоснабдување на населението
Во Охридскиот регион само градовите и селата кои се наоѓаат во нивна близина имаат организирано водоснабдување преку регионални водоснабдителни системи. Водоснабдување на останатите села е претежно локално ‐ секое село има свој водоснабдителен систем и водите се зафаќаат од локални извори или бунари. Често овие системи се со мал капацитет и не ги покриваат потребите, грижата за одржувањето на изворникот и мрежата е недоволна, и често се јавуваат проблеми во редовното водоснабдување.
Во Општината Охрид, од вкупно 29 села, само градот Охрид, селата и локалитетите Пештани, Елешец, Лагадин, Долно Коњско, Исток, Свети Стефан, Рача и Орман се водоснабдуваат од заедничкиот систем – Охридски водоснабдителен систем.
За Охридскиот водоснабдителен систем се зафаќаат води од Охридско Езеро, од извори и бунари. Количината на вода која се зафаќа од Летничките Извори изнесува 30‐100 л/сек, од Билјанините извори и Бејбунар се зафаќаат 45 л/сек; потоа од Охридското Езеро се зафаќаат 200 л/сек и од бунарите Студенчишта 2х45 л/сек.
Во Општината Струга градот Струга и уште 21 село (од вкупно 54 села) се снабдуваат преку Струшкиот водоснабдителен систем. За Струшкиот водоснабдителен систем се зафаќаат вкупно 430 л/сек од изворите: Шум, Горна Белица, Радолишта, Радожда и Таш Моруништа. Села кои се приклучени на Струшкиот водоснабдителен систем се: Биџево, Враниште, Горна и Долна Белица, Дрслајца, Заграчани, Калишта, Ложани, Мали Влај, Мислешево, Мороишта, Радожда, Радолишта, Шум, Велешта, Горно и Долно Татеши, Добовјани, Ташмаруништа, Ливада и Ново Село.
Во општина Дебарца поголем број од селата се водоснабдуваат од локални извори, а во 8 села ‐ Горно Средоречие, Долно Средоречие, Грко Поле, Мраморец, Ново Село, Слатински Чифлик, Сошани и Црвена Вода нема водовод.
За подобрување на водоснабдувањето во тек е изградба на регионален водовод "Радомирово" на кој ќе се приклучат селата Горно Средоречие, Долно Средоречие, Грко Поле и Ново Село. За регионалниот водоснабдителен систем се зафаќаат води од извори во близина на ХЕЦ "Песочанка".
Наводнување
Во Охридско Преспанскиот регион се наводнуваат 7.645 ха. Обработлива површина за кои е потребно да се обезбеди 45.589 х 103m3/год вода. Главни изворници за наводнување се Охридско Езеро, Преспанско Езеро, реките Црн Дрим, Сатеска и Коселска.
Брани и акумулации
За подобрување на режимот на користење на расположивите води по количина, квалитет и време, акумулациите претставуваат важни објекти во водостопанството. Во Р. Македонија изградени се 21 акумулација, од кои во Охридскиот регион се изградени акумулациите Глобочица и Слатино. Охридското Езеро, со тоа што е поставена преграда на р. Црн Дрим кај Струга преку која се контролира истекувањето од Езерото, всушност е претворено во акумулационен базен со корисен волумен од 227,5 х 106 m3.
3.3.2 Управување со квалитет на воздухот
Главни емисиони точки, кои влијаат врз загадување на воздухот во општина Охрид се: индустриски и комерцијални објекти, како и домаќинството и греење на хотели (дрво, нафта и сл.) во зимскиот период.
Патниот сообраќај е главен мобилен извор на загадување на воздухот. Дополнително во летниот период сообраќајот на вода е уште еден мобилен извор на загадување на воздухот во Општината.
Територијата на Општина Охрид не е вклучена во Државниот систем за автоматско следење на квалитетот на амбиентниот воздух, со кој управува МЖСПП на Република Македонија, што може да се забележи од следнава слика.
Табела 11.Податоци за животна средина (xxx.xxxxxxxx.xx)
Индикатор | Охрид | Струга | Дебрца | Просек РМ |
Просечна годишна концентрација на тешки метали (аероседимент) мг/м2 (макс.дозв.300) (2014) | 91,69 | 185,71 | / | 147,94 |
Број на денови со надмината 24 ч. гранична вредност на ПМ10 (мг/м3) (2014) | / | / | / | 154,43 |
Аероседиментите се значајни бидејќи истите имаат влијание врз природното и културното наследство.Честичките депонирани на вегетацијата може да го инхибираат нормално дишење и фотосинтеза на листот.Прашината може да предизвика хлороза комбинирано со појава на дебела кора и алкална токсичност произведени во влажни временски услови.
Спомениците со голем културен и уметнички интерес се често лоцирани во области каде што антропогената активност не е занемарлива (во централно градско подрачје на Охрид и Струга). Како последица на загадувањето на воздухот, издувните гасови од индустриските постројки и јавниот транспорт, се придонесува кон оштетување на градбите и екстериерите.8.
8 Cultural heritage and its environment: an issue of interest for Environmental Science and Pollution Research
3.3.3 управување со отпад
Управување со комунален цврст отпад
Во мометот работи комунална депонија лоцирана во месноста Буково ( каде депонирање на цврст отпад вршат комуналните претпријатија од Струга, Охрид и повремено Вевчани) На територијата на секоја општина во предметниот регион се забележани неуредени депонии (сметишта) каде се исфла домашен отпад, како и градежен шут.
Со комуналниот и другите типови на неопасен отпад во општина Охрид управува Јавното претпријатие ―Охридски Комуналец – Охрид, кое е основано од Советот на Општината, со главна одговорност за вршење на комунални дејности на територијата на општина Охрид. ЈП
―Охридски Комуналец― – Охрид собира отпад од урбаниот и од руралниот дел на Општината. Урбаното население е опслужено 100%, односно опфатени се 43.684 жители што претставува 78,34% од вкупното население. Од вкупното рурално население опслужени се
12.002 жители, односно 21,55%. Неопслуженото рурално население изнесува 63 жители, односно 0,11%.
Табела 12 . Индекс за создаден отпад во Охридскиот регион (2016 година)
Општина | Создавање на отпад зa туристи (kg/ноќ) | Создавање на отпад за постојано население (kg/ca/yr) | Создаден отпад од постојано население (t) | Создаден отпад од туристи, 2016 | Вкупно создаден отпад за 2016 (t) | Вкупно соберен отпад, 2016 (t) | Покриеност (%) | Пондерирано создавање на отпад, (kg/ca/yr) |
Охрид | 1,2 | 361 | 18886 | 1161 | 20047 | 20047 | 100% | 365 |
Струга | 1,2 | 174 | 11352 | 481 | 11833 | 8815 | 74 % | 178 |
Дебрца | 1,2 | 198 | 805 | ‐ | 805 | 429 | 53% | 198 |
Управување со отпадни води
Јавните претпријатија во регионот се главно одговорни за управување со отпадните комунални, атмосферски и индустриски води. Покриеноста на населението со канализациона мрежа во урбаните средини варира од 92% во Охрид до 100% во Струга. Во Охридскиот регион изградена е секундарна канализациона мрежа во должина од 108km, а изградена е и атмосферска канализација во должина од 8.629m
Покриеноста на руралните области со канализациона мрежа е многу мала. Постројка за третман на отпадните води за градовите Охрид и Струга како и останатите населби е лоцирана во близина на Охрид. Постројката овозможува механички и биолошки третман на отпадните води и е со капацитет од 120.000 еквивалент жители. Прочистената вода се слива во Црн Дрим.
3.2.9 Управување со бучава
Идентификуваните извори на бучава во Охридскиот регион (со послебен акцент на градовите Охрид и Струга) главно доаѓаат од: бучава од соседството (ресторани, кафулиња барови со тераси итн ), бучава од сообраќај (патен,воздушен и воден), бучава од индустриски објекти итн.
Бучавата од угостителските објекти и бучавата од гости и посетители на угостителските објекти имаат најголем интензитет во старото градско јадро, односно Стариот град, Старата Охридска чаршија,Старата Струшка Чаршија, градските плоштад, градското пристаниште, градскиот кеј, кејот на реката Црн Дрим и монтажните платформи на кои има угостителски објекти и дискотеки долж крајбрежјето во двата града .
Поради зголемена фрекфенција на возилата и појава на застојот во сообраќајот, особено во крајбрежните делови (каде е патот до плажите) во пикот на туристичката сезона, се интензивира бучавата во Охридскиот Регион.
Исто така како извори на бучава се јавуваат и авионите кои слетуваат и полетуваат, како и бродовите, чамците, скутери кои ја користат водната површина на ОХридското Езеро за траспорт.
Во општините Охрид, Струга и Дебрца не се врши континуирано следење на нивоата на бучава. Зголемените нивоа на бучава се особено изразени во Охрид и Струга за време на туристичката сезона, празниците и викендите.
Затоа, општина Охрид изготви Акционен план и Програма за управување со бучава (2011). Според добиените резултати од нивото на бучава, во градот Охрид беа идентификувани жешките жаришта, прикажани на следната слика
Слика 38.Жешки жаришта на бучава во градот Охрид
Граничните вредности за основните индикатори за бучавата во животната средина се утврдени во Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава (“Службен весник на РМ“ бр.147/08). Според степенот за заштита од бучава, граничните вредности за основните индикатори за бучавата во животната средина предизвикана од различни извори не треба да бидат повисоки од вредностите дадени во следнава табела 2:
Табела 13.Нивоа на бучава по подрачја
Подрачје диференцирано според степенот на заштита од бучава | Ниво на бучава изразено во dB (A) | ||
Ld | Lv | Ln | |
Подрачје од прв степен | 50 | 50 | 40 |
Подрачје од втор степен | 55 | 55 | 45 |
Подрачје од трет степен | 60 | 60 | 55 |
Подрачје од четврт степен | 70 | 70 | 60 |
*Легенда: ‐Ld ‐ ден (период од 07:00 до 19:00 часот) ‐Lv ‐ вечер (период од 19:00 до 23:00 часот) ‐Ln
‐ ноќ (период од 23:00 до 07:00 часот)
Најголем дел од Охридскиот регион каде се наоѓа заштитеното природно и културно наследство се наоѓа во подрачја со степен I на заштита и како се одалечува така и се намалува степенот за заштита од бучава и тоа:
Подрачје со I степен на заштита од бучава ‐подрачје наменето за туризам и рекреација, подрачје во непосредна близина на здравствени установи за болничко лекување и подрачје на национални паркови и природни резервати;
Подрачје со II степен на заштита од бучава ‐подрачје кое е примарно наменето за престој, односно станбен реон, подрачје во околина на објекти наменети за воспитна и образовна дејност, објекти за социјална заштита наменети за сместување на деца и стари лица и објекти за примарна здравствена заштита, подрачје на игралишта и јавни паркови, површини со јавно зеленило и рекреациски површини и подрачја на локални паркови.
Подрачје со III степен на заштита од бучава е подрачје каде е дозволен зафат во околината, во кое помалку ќе се смета предизвикувањето на бучава, односно трговско‐деловно‐станбено подрачје, кое истовремено е наменето за престој, односно во кое има објекти во кои има заштитени простории, занаетчиски и слични дејности на производство (мешано подрачје), подрачје наменето за земјоделска дејност и јавни центри каде се вршат управни, трговски, услужни и угостителски дејноси.
Подрачје со IV степен на заштита од бучава е подрачје каде се дозволени зафати во околината, кои можат да предизвикаат пречење со бучава, подрачје без станови, наменето за индустриски и занаетчиски или други слични производствени дејности, транспортни дејности, дејности за складирање и сервисни дејности и комунални дејности кои создаваат поголема бучава.
3.2.10 Користење на земјиштето
Користење на земјоделското земјиште
Република Северна Македонија располага со вкупно 1.264.985 ха земјоделски површини, од кои 560.264 ха (44,29%) се обработливи површини. Од овие земјоделски површини на Охридско – преспанскиот регион припаѓаат 5,52%, односно 69.842 ха; од кои пак 30.995 ха (5,53%) се обработливи површини.
Во рамките на регионот, најголем дел од земјоделските и обработливите површини отпаѓаат на општина Ресен, односно 39,05%, потоа следуваат општина Дебарца со 29,18%, општина Струга со 16,74%, Охрид со 13,77% и општина Вевчани со само 1,51% од вкупната обработлива површина на регионот.
Ораниците и бавчите се најзастапени во општина Ресен и Дебарца, потоа Струга, Охрид и Вевчани. И овоштарниците (првенствено со јаболкови насади) доминираат во општина Ресен со 69,28%, потоа следува Охрид со 15,35%, Дебарца со 8,72%, Струга со 6,23% и Вевчани со 0,41%.
Лозјата се најмногу застапени во Охрид со 42,35% а најмалку во општина Вевчани со 4,41%. Ливадите, кои се категоризираат во обработливи површини, се најдоминантни во општина Ресен, потоа во Дебарца, Струга, Вевчани и Охрид.
Во Р. Македонија не е направена ниту реонизација за овошните култури, ниту катастар за застапеноста на разни овошни култури, меѓутоа природните (особено климатските) услови сепак влијаеле да по природен пат се оформат микро и макро реони. Така на пример праската,
како овошен вид, најзастапена е во тиквешијата, се до Гевгелија, сливата во беровскиот крај, итн.
Климатските услови кои го карактеризираат овој регион се најповолни за одгледување на јаболкото, крушата, сливата, оревот и ситното (јагодесто) овошје. Јаболкото, како најперспективна култура за овој регион, бара реони со повисока надморска височина и повисока воздушна влага.
Во овој регион доминантна земјоделска гранка е овоштарството, со посебен акцент на јаболко производството. Овоштарството е на високо светско ниво, како по технологијата на одгледување, така и по добиените приноси по единица површина (над 40 т/ха).
Слика 39. Користење на земјиштето во регионот
3.10.11Туризам
Туристичкиот развој и учеството на содржинските елементи во него претставува забележителен интеракциски однос. Туризмот во Охридскиот регион претставува дејност од посебен интерес. Ваквиот приод подразбира дека општата интегративна заложба во креирањето на туристичкиот развој и организацијата на туристичките простори во рамките на Охридскиот регион ќе се темели и на усвоените просторни решенија на сферите кои се во
непосредна врска со туристичкиот развој. Тоа значи дека потенцијалите кои се од карактер на туристичко‐географска, функционална и просторна положба, сообраќајна поврзаност, карактеристиките на природното и културното наследство и неговата заштита и социо‐ економскиот развој треба да бидат корелативна содржина на просторниот план.
Појдовна основа на концептот за развој на туризмот и организација на туристичките простори претставува значењето на природното и антропогено наследство во афирмацијата не само на овој простор туку и на Р. Македонија како целина. Туризмот се наоѓа во улога на унапредување и витализација на просторните ресурси.
Најголемо учество во заспапеноста на сместувачките капацитети бележи охридската општина со 58,2%, струшката учествува со 25,5% , а во Дебрца отсуствуваат. Врз основа на разместеноста, просторно планските предвидувања треба да се насочени кон порамномерна туристичка изграденост, покрај лоцираноста во литоралните зони, неопходно е да се поттикне изградбата на сместувачки капацитети и во другите морфолошки целини, како во општина Дебрца и да се оствари изградба на транзитните правци во регионот.
4.ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ОБЕМ НА СОЖС
4.1 Поставување на целите и предизвиците на Планот
Процесот на утврдување на обемот вклучува:
• анализи на предизвици и цели и задачите на Планот,
• поставување на целите на СОЖС и
• тестирања на компатибилност/усогласеност или дивергентност на целите на Планот и СОЖС
Развојни предизвици на Планот
Конзервацијата на исклучителните универзални вредности на светското природно и културно наследство на Охридски регион, наидува голем број на предизвици. Анализирајќи ги Извештаите од УНЕСКО, мислењата од јавноста и засегнатите страни како експертското мислење, издвоени се главните предизвици кои се провлекуваат во сите горенаведени документи и тоа :
НЕДОВОЛНО ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ НА УПРАВУВАЊЕ СО ПРИРОДНО И
КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
НЕИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРАВНА И ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА
ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ПРИРОДНИ РЕСУРСИ; КРАЈБРЕЖНА И ПРЕДЕЛСКА
УРБАНА ТРАНСФОРМАЦИЈА И КУМУЛАТИВНО ВЛИЈАНИЕ НА ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ
НЕДОВОЛНО РАЗВИЕНА СВЕСТ КАЈ ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ И
ИНСТИТУЦИОНАЛНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА ИУВ
Одговорот на овие развојни предизвици треба да биде приоритетен како и да се направи план за нивно спроведување.
Целите на СОЖС беа поставени врз основа на релевантните национални и ЕУ закони, стратегии и планови; наеколошките проблеми, како дел од опсегот на СОЖС, исто така, придонесоа за формулирање наЦели на СОЖС. Тие се дискутираат подоцна во овој извештај.
4.1.1 Анализа на цели на Планот
Основна цел на Планот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион (2018‐2027) е да ги валоризира, заштити и промовира универзалните природни и културни вредности на Охридскиот регион. Планот треба да обезбеди пренесување на исклучителните вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион на идните генерации, како дел од општото наследство на целото човештво.
За постигнување на таа цел, Планот за управување дава визија за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион за еден подолгорочен период, насоки за негова реализација искажани преку општите цели и предложените програми и активности, со препознатливи механизми и носители на активностите, рокови за нивна имплементација како и маханизми за мониторинг. Тој го унапредува разбирањето на регионот, неговото толкување и користење како образовно средство, и претставува поткрепа на локалната заедница во нејзиното културно, општествено и економско живеење. Планот за управување со Охридскиот регион има за цел да обезбеди целосна рамка за спроведување на одлуките за конзервација, управување и користење на доброто за период од девет години од денот на неговото усвојување. Во суштина, Планот има за цел:
- да го дефинира значењето на ИУВ;
- Да даде краток преглед на актуелните проблеми и предизвици;
- Да дефинира управување врз база на ИУВ на подрачјето согласно напатствијата на УНЕСКО
- Да ги дефинира целите за насочување на политиките и активностите во текот на деветгодишното имплементирање на Планот.
4.2 Поставување на цели на СОЖС
Целта на оваа СОЖС е да осигури дека заштитата на ИУВ во Охридскиот регион е во согласност со Планот за управување како и со правната рамка. Тоа ќе се направи преку навремено оценување на влијанијата кои можат да ги имаат детектираните проблеми врз ИУВ и преку разгледување на алтернативите за избегнување или намалување на истите. Навременото вклучување на целите на заштита на ИУВ ќе овозможи одржлив развој на Охридскиот Регион и зачувување на природното и културно богатство за кои истиот е под УНЕСКО заштита.
Целта на стратегиската оцена е пропишана согласно:
✓ Закон за животна средина („Сл. Весник на РМ“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/ 18).
А истата е поврзана со :
✓ Закон за заштита на природата („Сл. Весник на РМ“ бр. 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14).
✓ Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион („Сл. Весник на РМ“ бр. 75 од 07.06.2010 година).
СОЖС пред се се фокусира на влијанијата кои не можат лесно да се решат на ниво на проект (како што е случајот на кумулативните влијанија на инфраструктурните проекти во Охридскиот Регион), односно проблеми коишто треба да се решат на стратегиско ниво. Беа идентификувани клучните прашања што треба да се оценат, врз основа на препораките на УНЕСКО ,прашањата покренати од засегнатите институции и земајќи ги предвид прашањата што предизвикуваат загриженост кај јавнота и невладиниот сектор, како и експертскиот наод на тимот на студијата за СОЖС.
Со оглед на фактот што станува збор за комплексен систем кој ги опфаќа заштитата на природата и културното наследство, истиот е во интеракција со многу други плански документи, програми и стратегии. Поради тоа потенцијалното постоење на директни и индиректни врски помеѓу предметниот план и други плански документи на локално, регионално, национално и/или меѓународно ниво, во рамките на постапката за стратегиска оцена на животната средина потребно е да се анализира нивната компатибилност и усогласеност. Овој тип на анализа треба да утврди дали евентуално постои конфликт во усогласеноста помеѓу целите на различните плански документи, па доколку истата се утврди, тогаш потребно е дефинирање на мерки за обезбедување на компатибилноста. За потребите на анализата на врските и компатибилноста помеѓу Планот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион за период 2018‐2027 година и другите плански документи, во рамките на постапката за СОЖС на предметниот план анализирани се повеќе плански документи на локално, регионално и национално ниво од следните клучни области: а) Управување со заштитени подрачја; б) Заштита на животната средина; в) Економски развој; г) Одржлив развој, д) Релевантни области – туризам, енергија, транспорт, социјална политика.
Синхронизацијата на разгледуваниот плански документ со останатите постоечки планови, програми и стратегии перспективно ќе ја овозможи неговата реализација, а покрај тоа и постигнувањето на директните цели на планот, помалку или повеќе да придонесе и кон реализација на целите на останатите планови. Со континуираната примена на ваквиот пристап, во рамките на СОЖС, се обезбедува едно системско решение за постигнување на висок степен на комплементарност на целите на одделните плански документи и оптимизирање на ефикасноста во нивното остварување, независно од нивната хиерархиска или друг вид на поврзаност.
Планскиот документ се изготвува во согласност со целокупната донесена домашна законска регулатива, ЕУ законодавство, како и меѓународни документи кои се ратификувани во Република Северна Македонија.
Национални планови, програми и стратегии:
1. Просторен план на Република Северна Македонија (2004‐2020)
2. Просторен план за охридско‐преспанскиот регион (2005‐2021)
3. План за управување со Национален парк Галичица (2011‐2010) (нацрт)
4. Национална стратегија за развој на културата (2018‐2022);
5. Предлог Национална Стратегија за биолошка разновидност на со Акционен план(2015);
6. Национална стратегија за заштита на природата (2017‐2027).
7. Стратегија за регионален развој на Република Северна Македонија (2009‐2019);
8. Трет Национален План на Република Македонија кон Рамковната конвенција на ОН за климатски промени(2014)
9. Национална Стратегија за управување со отпад (2008‐2020);
10. Национална стратегија за одржлив развој (2009‐2030);
11. Национален план за заштита на амбиенталниот воздух (2013‐2019)
12. Национална стратегија за земјоделството и рурален развој (2014‐2020);
13. Национална Стратегија за Води (2011‐2041);
14. Национална транспортна стратегија (2007‐2017)
15. Национална Стратегија за развој на туризмот (2009‐2013);
16. Стратегија за животна средина и климатски промени (2014‐2020)
17. Програма за развој на Југозападен плански регион (2015 – 2019);
18. Просторно уредување на Охридскиот регион на општинско ниво
4.3 Тестирање на ПД во однос на целите на животната средина
Како што е наведено, целите на СОЖС произлегуваат од постојните закони, стратегии и планови и од детектираните проблеми за ИУВ на Охридскиот регион.
Процесот на СОЖС мора да осигура дека целите на СОЖС се земени во предвид на следниот начини:
‐ споредбата помеѓу целите на Планот и СОЖС е направена со цел да се идентификуваат потенцијалните конфликти
‐ Целите на Планот може да се ре‐дизајнирани за да се избегнат и / или намалат овие конфликти
‐ За конфликтните области треба да се идентификуваат соодветни мерки за ублажување Во овој извештај се идентификувани следните цели на СОЖС:
Цел 1. КОНТРОЛИРАНА УРАБАНИЗАЦИЈА
Цел 2. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА УПРАВУВАЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА
НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Цел 3. ЗАШТИТА НА ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
Цел 4. ОДРЖЛИВ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ШТО НЕ Е ВО СПРОТИВНОСТ СО
ИСКЛУЧИТЕЛНИТЕ УНИВЕРЗАЛНИ ВРЕДНОСТИ НА ДОБРОТО
Цел 5. ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА И ЕДУКАЦИЈА
4.3.1 Споредба помеѓу целите на Планот и СОЖС
Во табелата подолу прикажани се целите на Планот и нивниот однос кон целите на СОЖС. Бројките покрај целите на СОЖС се всушност Национални планови, програми и стратегии од кои призлегуваат и се даде дени на страна 56.
Табела 14.Тестирање на целите
ЦЕЛИ НА ПЛАНОТ | ЦЕЛИ НА СОЖС | ОДНОС (конфликтен, неутрален, синергетски) | ||||||
КОНТРОЛИРАНА | Обезбедување на просторни услови за изградба, реконструкција, опремување и заштита на Регионот;(2) | неутрален | ||||||
Намалување на разновидност (5) | директните | и | индиректните | притисоци | врз | биолошката | синергетски | |
Донесување на просторни планови за национални паркови Пелистер, Галичица и Маврово до крајот на 2020 година (6) | синергетски | |||||||
Да се усогласат развојните културни политики во Република Македонија со релевантните развојни културни политики од меѓународен карактер (ОН, УНЕСКО, СЕ, ЕУ). (4) | синергетски | |||||||
Подобрување на безбедноста на патувањето со намалување на несреќите и подобрување на личната безбедност на пешаците, велосипедистите, возачите, патниците. (14) | неутрален | |||||||
‐ Зачувување и заштита на сите простори (места) со искпучиви и неповторливи природни вредности од значење за научната, културно образовната, воспитната, рекреативната и други функции (1) | синергетски |
УРБАНИЗАЦИЈА | Обезбедување услови за оптимално функционирање на постојните и планираните инфраструктурни системи, населби, производни капацитети и други системи (2) | конфликтен |
Утврдување на оптимална дистрибуција на акгивностите, физичките структури и населението во Регионот, со почитување на економските, техничкотехнолошките, еколошките и просторно ‐ функционалните критериуми (3) | синергетски | |
Организација на инфраструктурата со минимално влијание врз околината и ревитализација на руралниот простор, постојните структури и капацитети, и традиционалните начини на стопанисување. (3) | синергетски | |
Дефинирање на потребната просторно‐планска документација за уредување и обликување на просторот и утврдување на урбанистичко‐ технички услови за соодветна изградба, односно реконструкција и уредување на просторот во согласност со намената и зонирањето на просторот. (3) | синергетски | |
Координирање на просторниот развој во насока на одржливо управување со природните и културните ресурси (3) | Синергетски | |
Дефинирање на рационален и оптимален просторен модел за организација и користење на просторот и зачувување на биолошката разновидност и заштита на природните вредности кои го чинат националниот парк. (3) | Синергетски | |
Дефинирање на просторни услови за развој, како дел од интегралното управување во рамките на севкупниот систем за заштита на животната средина. (3) | Синергетски | |
Промоција на заштита на животната средина и подобрување на здравството со градење и инвестирање во јавниот транспорт и другите видови ефикасен и постојан транспорт кој ја намалува емисијата и потрошувачката на ресурси и енергија (14) | Синергетски | |
Промоција на социјалниот фактор со поврзување на далечните и неразвиени заедници и пристапноста на транспортната мрежа; (14) | Неутрален | |
Промоција на економскиот раст со градење, подобрување, управување и одржување на транспортните служби, инфраструктура и мрежи за добивање на максимална ефикасност(14) | КОНФЛИКТЕН | |
Промоција на интегрираната и интерконектирана транспортна мрежа која воспоставува ефективни услуги за корисниците (14) | КОНФЛИКТЕН | |
Одредување на плански опфат во дефинирана зона на опкружување по приоритет и етапа на истражување и реализација, а по утврдена поделба на урбани блокови |
Утврдување на параметрите за големината на планираните површини за одредени намени, врз основа на нормите за планирање на објекти (18) | синергетски | |
Рационално користење на просторот, максимално вклопување на инфраструктурата и објектите со теренот; оформување на препознатлива амбиентална целина; почитување и заштита на правото на човекот на приватност; почитување и надградување на пејсажните вредности; оформување на културен пејсаж; вградување на пропратни содржини на основната наменска употреба на земјиштето; вградување на заштитни мерки; почитување на законските прописи, стандарди и нормативи во планирањето; предвидување мерки за заштита и спасување. (18) | синергетски | |
Пренамена на УЗ17 ‐ УБ 17.1 од (предлог) строго заштитена зона СЗЗ‐Студенчишко Блато во А0‐ домување со посебен режим (15) | КОНФЛИКТЕН | |
Измени во зонирањето на НП Галичица за да се овозможи реализација на развојните проекти (18) | КОНФЛИКТЕН | |
Ревитализација на инфраструктурата (18) | синергетски | |
Да се внимава на капацитетот на средината или опкружувањето за користење на просторот во смисол на број на туристи, активности и објекти кои може да бидат истовремено присутни, а просторот да не ја изгуби првобитната атрактивност (18) | синергетски | |
Развој на туристичките развојни зони КО Љубаништа, КО Охрид 4, КО Калишта, КО Струга, КО Стење, КО Отешево; ‐ автокамповите: „Љубаништа", „Градиште", „Елешец", „Xxxxx Xxxxx", „Ас“, „Ливадиште" и „Треска"; | КОНФЛИКТЕН | |
Да се унапреди законодавната рамка, согласно ЕУ легислативата и релевантните ратификувани меѓународни договори за заштита на природата и да се обезбеди соодветна институционална рамка преку зајакнување на административните капацитети (6) | синергетски | |
Зајакнување на базата на информации, аналитичкиот и институционалниот капацитет на кпучните национални институции за интегрирање на приоритетите за климатските промени во националните стратегии за развој и релевантните секгорски програми со обезбедување финансиска и техничка поддршка. (8) | синергетски | |
До 2022 година да се вгради политиката за заштита на природата во стратегиите, плановите и програмите во другите сектори. (6) | синергетски |
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА УПРАВУВАЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ | Иницирање на соработка на трилатерапно ниво во сите сегменти на развојот и поставување на основи на одржлив економски и социјален развој и интегрална заштита на просторот од трите страни (2) | синергетски |
Да се воспостави поволен финансиски и материјален амбиент за долготраен развој на културата со заложба за континуирано зголемување на буџетските средства наменети за финансирање на програмските активности во културата. (4) | синергетски | |
Да се стимулира креативниот уметнички потенцијал на сите граѓани на Република Македонија независно од нивната етничка, верска, идеолошка, политичка, социјална, родова и старосна припадност (4) | Неутрален | |
Вклучување на Република Македонија во глобалните напори за ублажување на климатските промени и спроведување на обврските преземени од членството во Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени и Кјото Протоколот. (8) | Неутрален | |
Воспоставување на национален фонд за тестирање мерки за адаптација и воведување на видови, отпорни на суша (8) | Неутрален | |
Формирање на национален центар за суша (8) | Неутрален | |
Развивање критериуми и идентификација на начини на употреба на земјиштето и агроеколошки зони и сл. (8) | Неутрален | |
Да се обезбеди континуирано и зголемено финансирање на заштитата на природата од буџетски средства на централно и локално ниво, од инвестиции и други извори на финансирање, преку воспоставување на соодветни одржливи и ефикасни модели на финансирање на заштитата и одржпивото користење на природата. (6) | Неутрален | |
Воведување на стабилни финансиски ресурси и соодветни економски механизми за обезбедување на целосно покривање на трошоците за одржување на интегрираниот систем за управување со отпад; (9) | неутрален | |
Воспоставување на систем засобирање податоци/информации за изворите, природата, количествата и судбината натековите на отпадот, како и за капацитетите за обнова на материјали/енергија и за депонирање на отпадот и обезбедување на потребниот пристап на јавноста до истиот; (9) | неутрален |
‐Воспоставување на технички современ систем за управување со отпад; (9) | неутрален | |
‐Примена на ефикасни и исплатливи техники за управување со посебните текови отпад; (9) | неутрален | |
Воведување на депонии за опасен и за неопасен отпад и други капацитети за депонирање на отпадот во согласност со современите стандарди; (9) | неутрален | |
‐Постапно затворање и/или санирање на постојните комунални одлагалишта за отпад и/или индустриски еколошки жаришта. (9) | Синергетски | |
Креирање бизнис околина и простор за нови вработувања (18) | Синергетски | |
ЗАШТИТА НА ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО | ‐Контрола на квалитетот на воздухот и да се намалат заканите по човековото здравје и функционирањето на екосистемите (11) | Неутрален |
Зачувување и заштита на сите простори (места) со исклучиви и неповторливи природни вредности од значење за научната, културно образовната, воспитната, рекреативната и други функции (1) | Синергетски | |
Да се обезбеди интегрална заштита на природната просторна целина на Националните паркови и Спомениците на природата (Јабланица, Охридско Езеро, Галичица, Преспанско Езеро; Пелистер). (2) | Синергетски | |
Обезбедување заштита на природата во Македонија базирана на принципите на „Натура 2000“ мрежата преку засилена имплементација на Стратегијата за биолошка разновидност и Акциониот План (10) | Синергетски | |
Промовирање нова мрежа за мониторинг на животната средина (10) | Синергетски | |
Зачувување на добра состојба на водата, спречување на загадувањето на водата, спречување на хидро‐ морфолошките промени и рехабилитација на статусот на водата каде што е нарушен. (13) | Синергетски | |
Заштита на луѓето и материјалните добра од штетните ефекти на водата; (13) | Неутрален | |
Постигнување на добар статус на водата на површинските и подземните водни тела (13) | Синергетски | |
Заштита на водата и екосистемите зависни од вода(13) ‐ | Синергетски |
Усогласување на мерките на управување со водите со корисниците на просторот од другите сектори (13) | Синергетски | |
‐Одржливо управување со водите со рационапно и одржливо користење на водните ресурси(13) | Синергетски | |
‐Подобрување на статусот на биолошката разновидност преку зачувување на екосистемите, видовите и генетската разновидност заради зголемување на придобивките од биолошката разновидност и екосистемските услуги (5 ) | Синергетски | |
Да се остварува континуирана заштита на културното наследство независно од неговото историско, цивилизациско и етнокултурно обележје. (4) | Синергетски | |
‐Да се дигитализира современото уметничко творештво како дел од современото културно богатство на Република Македонија. (4) | Синергетски | |
‐Да се создадат услови за зголемување на бројот на културните добра под заштита на УНЕСКО како културни добра со исклучително светско значење. (4) | Синергетски | |
‐Да се унапреди заштитата на интелектуапната сопственост во културата и во културното творештво. (4) | неутрален | |
Воспоставување на Старото градско јадро како туристичка дестинација за Посета | Синергетски | |
Да се воспостави и практикува одржливо користење на геодиверзитетот, геонаспедството и другите компоненти на природата (биолошката и пределската разновидност) преку употреба на традиционални знаења, иновации, најдобри пракси и позитивни стимулации за зачувување и одржливо користење на природата.( 6) | синергетски | |
Модерна регионална економија базирана врз висока технологија и знаење (17) | Неутрален | |
Остварување на рационално користење, организирање и уредување на просторот со рационално разместување на производните сили(1) | синергетски | |
‐Обезбедување доволно количини квалитетна вода за пиење и ревитализација и модернизација на системите за наводнување и водоснабдување (13) | Неутрален |
ОДРЖЛИВ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ШТО НЕ Е ВО СПРОТИВНОСТ СО ИСКЛУЧИТЕЛНИТЕ УНИВЕРЗАЛНИ ВРЕДНОСТИ НА ДОБРОТО | ‐Заштеда на енергија од индустриско производство, аграр, енергетика и комунални дејности (1) | Неутрален |
‐Подобрување на енергетската ефикасност‐употреба на поквалитетни горива и пречистување на гасовите пред испуштањето во средината (1) | Неутрален | |
‐Пошумување на терените и порационално користење на дрвната маса преку зголемување на техничкото за сметка на огревното дрво (1) | Неутрален | |
Остварување на порамномерен регионален развој, со побрз развој на стопански недоволно развиените краишта; | Неутрален | |
‐Подобрување на степенот на искористеноста на енергетскиот систем и зголемување на неговата флексибилност и сигурност; (1) | КОНФЛИКЕТЕН | |
‐Користење на депониски биогас и рециклажа како заштеда на суровини, природни ресурси и енергија;(1) | неутрален | |
Конкурентни плански региони што се одликуваат со динамичен и одржлив развој; (7) | Синергетски | |
Зачувување и унапредување на шумскиот фонд, (12) | синергетски | |
‐Зголемување на аквакултурното производство и одржливо рибарење (12) | неутрален | |
‐Заштита на животната средина преку спроведување на добри земјоделски практики ‐ вкрстена сообразност(12) | Синергетски | |
‐Обезбедување на пазарно одржливо органско производство и поширока примена на агроеколошкиот пристап,(12) | Синергетски | |
зголемување на конкурентноста на македонското земјоделско производство и прехранбената индустрија, развој на руралните средини и одржливо управување со природните ресурси.( 12) | неутрален |
Поголема демографска, економска, социјална и просторна кохезија помеѓу и во рамките на планските региони во Република Македонија (7) | неутрален | |
Биодиверзитет ‐ заштита на автохтоните раси и сорти,(12) | Синергетски | |
Развој на цвеќарството и производството на зачински и лековити растенија преку што може да се активираат површините кои не се доволно плодни и структурни за одгледување на градинарски растенија, но и развојот на органско производство на градинарски култури. (12) | Неутрален | |
Ефикасно справување со отпадот од земјоделството, производство и употреба на обновливи извори на енергија во земјоделството (12) | Синергетски | |
‐Прилагодување на земјоделскиот сектор кон климатските промени. (12) | Синергетски | |
Да се охрабрат структурните промени во индустријата, во полза на оние индустрии кои не користат големи количества на електрична енергија и кои имаат вкупно помало негативно влијание врз животната средина; (10) | Синергетски | |
‐Да се користи механизмот за чист развој според протоколот од Кјото како дополнителна алатка за спроведување на проекти за намалени (10) | Синергетски | |
Утврдување техники и постапки за култивирање, користење вештачки ѓубрива и рекламација на почвата за клучните култури во регионите погодени од кпиматските промени (8) | Неутрален | |
Воведување различни практики на орање за промовирање одржливи земјоделски практики (8) | Неутрален | |
Развивање техники за наводнување и водоснабдување (8) | Неутрален | |
Утврдување техники и постапки за култивирање, користење вештачки ѓубрива и рекламација на почвата за клучните култури во регионите погодени од кпиматските промени (8) | Неутрален | |
‐Градење на имиџ на препознатлива европска дестинација за туризам, базиран на културното и природното наследство и препознатлива по производите со висок | Синергетски |
квалитет инкорпорирано во заедничко име ‐ туристички производ на Македонија. (15) | ||
Развој на производи и услуги (Препознатливи производи, Категоризација на сместувачките капацитети, Вински туризам, Рурален туризам, Култура и занаети, Бањи), Соодветен пристап и инфраструктура (Патна инфраструктура, Воздушен пристап); (15) | Синергетски | |
‐План за проведување на стратегијата за развој на туризмот (15) | Синергетски | |
Промоција на заштита на животната средина и подобрување на здравството со градење и инвестирање во јавниот транспорт и другите видови ефикасен и постојан транспорт кој ја намалува емисијата и потрошувачката на ресурси и енергија;(15) | Синергетски | |
Управување и заштита на животната средина и културното наследство и развој на туризмот преку јавно‐приватно партнерство , како и подобрување на туристичката инфраструктура и туристичката понуда (15) | Синергетски | |
ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА И ЕДУКАЦИЈА | Зголемување на вработеноста и постојано подобрување на материјалните, културните, општествените и другите услови заживот и работата на граѓаните; (1) | Неутрален |
Да се поддржи издавањето на референтно списание за култура и уметност, како и издавањето на публикации релевантни за одредени дејности од областа на културата (со меѓународен карактер). (4) | Синергетски | |
‐Да се поддржуваат проекти за промоција и пласман на културата на Република Македонија во меѓународни рамки (4) | Синергетски | |
Да се негува комуникацијата на одделните културни идентитети, при што ќе се подига свеста за културата како сфера од посебен општествен и национален интерес. (4) | Синергетски | |
Да се создадат услови за соодветно образование на талентираните млади кадри, за едукација на граѓаните во областа на културата и уметноста и за примена на новите методи во културната едукација во образовниот систем во рамките на државните и приватните институции. (4) | Синергетски |
Да се воспостави и да се одржува цврста соработка меѓу секторот култура и секторите образование и наука, меѓународната политика и туризмот и другите сектори кои се имплементираат во културниот сектор како основа за развој на културата и на општеството (4) | Синергетски | |
Да се издвои посебен фонд за закуп на интернет‐простори кои ќе ја афирмираат културата на Република Македонија во меѓународни рамки и ќе ја подобрат информираноста за културната историја на Република Македонија. (4) | Синергетски | |
Да се поттикнува развојот на културата во сета нејзина комплексност на: (а) наследениот традициски и етнокултурен идентитет на македонскиот народ и на другите народи кои живеат во Република Македонија, (б) мултикултуралната реалност на македонското општество, (в) естетскиот плурализам на уметничките вредности и (г) хуманистичката, етичката, едукативната, забавната, економската, производствената, кохезивната и другите димензии на културата (4) | Синергетски | |
Образование прилагодено на потребите на економскиот развој, ефикасна социјална и здравствена заштита за населението во Регионот и создавање услови за запирање на миграцијата (17) | неутрален | |
Геодиверзитетот и геонаследството и другите компоненти на природата (биолошката и пределската разновидност) соодветно да се идентификуваат, истражуваат, мониторираат и инвентаризираат (6) | Синергетски | |
Да се подигне нивото на информираност, едукација и промоција за вредностите и значењето на геодиверзитетот и геонаследството и другите компоненти на природата (биолошката и пределската разновидност); (6 ) | Синергетски |
5. АНАЛИЗА НА АЛТЕРНАТИВНИТЕ РЕШЕНИЈА
5.1 Вовед
Со правната рамка за СОЖС потребно е да се „наведат причините за избор на алтернативното решение“. Во случајот на оваа СОЖС на Планот за управување со природно и културно наследство беа разгледани следниве алтернативни решенија:
♣ Сценарио „без промени“: ова претпоставува планот за управување да не се усвои
♣ Алтернативни приоди за управување: тука се сумирани алтернативни реакции за управување со цел вклучување на предложените инфраструктурни проекти. Во овој дел е даден преглед на дополнителните алтернативни опции кои треба да бидат разгледани од страна на Инвеститорите на планираните развојни проекти кои беа утврдени од страна на СОЖС со цел одредени потенцијални значителни преостанати влијанија да се избегнат и/или да се сведат на минимум
♣ Алтернативни решенија за заштитни зони
Иако во СОЖС е даден преглед на алтернативните решенија коишто беа разгледани за развојните активности за ски центарот Галичица и А3 експресниот пат (коишто се достапни во овој момент), таа не претставува детална анализа на алтернативните решенија според повеќе критериуми. Ова вообичаено ќе биде дел од ОВЖС на ниво на проект. Клучните прашања на стратешко ниво по коишто се разликуваат алтернативните решенија на ниво на проект се истакнати во рамки на СОЖС, доколку е соодветно.
5.2 Сценарио „без промени“
Сценариото “без промени“ се однесува на алтернативното решение ‐ да не се имплементира Планот, односно да не се спроведат предложените акции за зачувување на ИУВ на Охридскиот регион. Се претпоставува дека тековната појдовна состојба во „природните" подрачја на паркот ќе продолжи „каква што е“ и дека и понатаму ќе има дополнителен ризик од урбанизација по должината на брегот на езерото. Последиците од сценариото „без промени“ се дадени во продолжение, за што е потребно да биде повлечена:
Доколку не се усвои ПУ со светско природно и културно наследство, ќе остане заканата од опасност од оштетување, уништување или посериозно нарушување на неговиот интегритет, поради забрзаното пропаѓање предизвикано од реализација на обемни проекти, урбан и туристички развој, уништување поради промена во користењето или сопственоста на земјиштето, како и значајни промени настанати од непознати причини, запуштеност, загрозеност поради изведување на дејствија од воен карактер, климатски промени, пожари, промена на нивото на водите, поплави и настанување на природни катастрофи.
Исто така постои опасност од губење на автентичноста на оригиналните облици (форма, концепција, материјали, компоненти, употреба и функција, традиции и техники, локација и поставеност, како и други внатрешни и надворешни фактори), со кои на веродостоен начин се потврдува исклучителната универзална вредност на природното и културното наследство.
5.3 алтернативни решенија за инфраструктурни проекти
Во ОХридскиот Регион во изминатата декада планирани се поголем број на инфраструктурни проекти и нивните алтернативни решенија се разгледани во продолжение:
1. Ски центар Галичица: Алтернативни решенија во однос на поставеноста со цел да се избегнат влијанијата врз заштитените видови (на пример, (цвииќева качунка (Crocus cvijicii) и аполоновата пеперутка) и алтернативни решенија за да се покаже дека загубата на живеалиштата поврзани со областа за нордиско скијање е оправдана. A3 Експресен пат: делница од Охрид до Пештани: дополнително разгледување и/или допрецизирање на алтернативни технички решенија со цел да се намали нарушувањето и визуелните влијанија врз ЗАУ Црно Брдо (или ИУВ) како и да се осигури дека во последниот дизајн на проектот и во ОВЖСО се вклучени можности за миграција на цицачи до брегот на езерото.
2. A3 Експресен пат: делница од Пештани до државната граница со Албанија: алтернативен пат и локација на раскрсницата (или техничко решение на пр. за изградба на тунели) за да се избегне/сведе на минимум загубата на живеалиштата на македонски даб (Анекс 1 живеалиште 9250 од Директивата за живеалишта). Алтернативни решенија за да се обезбеди миграциски пат до брегот на езерото поврзани со Зли дол и одржување на еколошката функција на овој коридор.
3. Туристичка развојна зона: „Љубаништа 3“: СОЖС препорачува Љубаништа 3 да биде отстранета од ТРЗ Љубаништа57, и ТРЗ да ги содржи само Љубаништа 1 и 2. Во рамките на Планот за управување не се изменети ЗСЗ и Заштитниот појас поради што ќе бидат потребни дополнителни измени на планот. Доколку се продолжи со компонента 3 од ТРЗ, ќе има големо преостанато влијание од развојните активности. Ова влијание од компонента 3 најверојатно нема да може да се неутрализира, бидејќи ова е уникатно живеалиште и ресурс.
4. Туристичка развојна зона: „Стење“: Се препорачува да се разгледаат алтернативни локации за ТРЗ во рамките на Заштитниот појас до ЗСЗ (т.е. да се премести на друга локација на брегот на Преспанското Езеро) и алтернативата да не се гради ТРЗ Стење. Доколку остане на сегашната локација се смета дека не е можно да се неутрализираат потенцијалните негативни влијанија коишто произлегуваат од оваа ТРЗ.
5. Туристичка развојна зона „Отешево“: Треба да се разгледаат опции за намалување на влијанието на ЗАУ и на дабот плоскач. Оваа област на ЗАУ е повторно зонирана како ЗОК во повторното зонирање коешто е предложено во ИПУ.
6. Автопат А2, европски коридор VIII делница Требениште‐Струга: Алтернативен пристап односно да се обезбедат доволен број на премини на делницата Требениште‐Струга (долината на Црн Дрим и Сатеска) за луѓе и животни. Исто така алтернативни решенија да се води сметка за можни археолошки наоѓалишта при изградбата.
7. Кумулативни влијанија од железничката пруга и автопатот, коридор VIII: Алтернативни траси (вклучително и предложената траса од страна на ICOMOS) што не навлегуваат во границите на светското наследство, односно не се приближуваат премногу до брегот на Охридското Езеро (особено да се избегнува природниот предел на албанско‐ македонската граница) и студијата за алтернативни траси да се достави до Центарот на светското наследство.
Мора да се напомене дека од наведените проекти 1‐5 се откажани. Нивното кумулативно влијание е анализирано во рамки на СОЖС за Измена на план за управување со НП Галичица во 2015 година.
Во текот на процесот на избор на локација на трасата на Автопат А2, европски коридор VIII делница Требениште‐Струга разгледани се варијантни решенија. Варијантните решенија се разгледувани и од предпроектот Транспортен Коридор Бр. 8 Делница: Струга‐Требеништа, изработен од Завод за испитување на материјали “ Скопје” – Скопје, институт за сообраќај и геотехника од октомври 1999 год. Врз основан, на предходно оформената информациона основа за трасата на Автопатот разгледувани се одредени варијанти.
Во прв ред на овие испитувања анализирана е трасата на постојниот Магистрален пат СтругабПодмоље. Истиот е дефиниран врз основа на постојната состојба и проектна документација.
Од овие подлоги може да се констатира дека на поголем дел трасата од постојниот пат неможе да се следи од следните причини:
‐ На добар дел од трасата постојните надолжни наклони се поголеми од 6 % местимично и преку 10 % што неможе да се вклопи во зададените проектни услови за Автопатот, како и хоризонталните елементи кои се под дозволените за Автопат.
‐ Од Струга кон Подмоље постојниот пат го напушта саканиот коридор кон Требеништа – Косел
– Битола зацртан од просторниот план и основната патна мрежа.
Слика 40.Разгледувани алтернативни траси на делница Требениште‐Струга
(извор: ОВЖС за проектот)
Избраната траса е во согласност и поповолна со барањата. Како база за дефинирање на хоризонталното решение на трасата на оваа патна делница т.е. осовината на идниот автопат претставува соодветно решение предложено со идејниот проект за делницата Струга – Требеништа.
Недостатоци на алтернаривата (Левата варијанта) се што трасата има ориентација односно е поставена во поголема близина на брегот на Охридското езеро и р. Сатеска, и постои поголема можност за загадување на водите во регионот кој се најчуствителен екосистем. Според одредбите на Ковенцијата на Унеско и Законот за заштита на природа и законот за заштита на природно и културно наследство на Охридскиот регион поповолна е трасата која е Финално одредена во однос на лева варијанта од наведените причини. Исто така трасата не е во целосна согласност и не ги следи факторите на ограничувањето кои го условуваат хоризонталното решение .
Во рамки на Студијата за ОВЖС од изградба на автопат А2, делница Требениште‐Струга наведено е дека финалната варијанта одговара на :
‐ По поволна положба во однос на постојните населени места како и кон важечките урбанистички планови за истите.
‐ Од теренското истражување предложената варијанта во планскиот терен е поповолна во поглед на морфологијата на теренот.
‐ Панорамската траса на оваа варијанта ќе допринесе многу за развој на туризмот во регионот на Струга од крајбрежјето на Охридското Езеро.
Како што може да се забележи на слика 41 не постојат алтернативни траси на железничкиот коридор во обаст која е од интерес на оваа СОЖС и анализирани е само нулта алтернатива и трасата .
Слика 41.Разгледувани алтернативни траси на железничката пруга Кичево ‐Лин
(извор: ОВЖС за проектот)
Со цел да се проценат овие две потенцијални алтернативи на железничката пруга Кичево‐ Лин, применета е анализи со повеќе критериуми, со цел да се утврди посакуваната опција .
Направена е споредба на Алтернативната и Референтната траса, врз основа на технички, сообраќајни, експлотациони, економски критериуми како и критериуми од аспект на животна средина .Ваквата анализа на изработувачите на Студијата за ОВЖС од проектот за изградба на железничката пруга Кичево‐Лин(граница со Р.Албанија) не покажува дека
референтната траса (алтернатива 1) не пожелна или е поќелна , од гледна точка на влијанието врз животната средина .
Оценката на кумулативните влијанија која се спроведува како дел од оваа задача во согласност со Упатствата за оценка на индиректни и кумулативни влијанија како и на интеракцијата на влијанијата (Европска комисија, 1999) допонително ќе се доработува. За да може генерално да се оценат кумулативните влијанија на Проектот, Консултантот ги разгледа достапните студии за ОВЖС за наведените проекти, со цел идентификување на можните интеракции на влијанијата со другите минати, тековни или планирани инсталации/проекти/ активности. Во текот на оценката се користеа и забелешките од терен.
Тргнувајќи од основните проектантски параметри и урбани поставки, патот и железницата во просторот се сместуваат така да ги задоволат сите функции кои им се наменети. Овде во прв ред се мисли на поврзување на региони, стопанско индустриски комплекси, туристички, археолошки и други атрактивни подрачја, природни реткости и др. Во некои случаи се уништуваат исклучително квалитетни простори, земјоделско или на друг начин култивирано земјиште иако сето тоа е продукт на комплексниот процес кој започнува од проектантска идеја, па преку разработка на проектното решение, изведбата, надзорот и другите вклучени служби, вклопување на трасите во постоечкиот амбиент е мошне тешка и одговорна задача.
Во однос на кумулативните влијанија кои патот и железничката пруга се очекува да ги имаат врз ИУВ на Охридскиот Регион се пред се во контруктивната фаза како и и во однос на визуелниот ефект во оперативната фаза.Истите ќе бидат анализирани подетално во подоцнежна фаза од СОЖС.
5.3 Алтернативни приоди за допрецизирање на границите на таканаречената контактна зона
Со цел поголема заштита на природното и културното наследство во Охридскиот регион потребно е да се воспостави и контактна (тампон) зона, чии граници се утврдуваат во Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.
Контактна зона е просторот околку границите на природното и културното наследство во Охридскиот регион е од значење за зачувување на нејзиниот автентичен контекст со режим на заштита различен од режимот на заштита на заштитеното подрачје.
За да се обезбеди дополнителна заштита на доброто, се препорачува секое светско наследство да има дефинирана контактна зона.9
Слика 42. Контактна зона и дозволени активности
9 UNESCO 2017 Operational Guidelines, 103‐7;
Контактна зона (во литературата се среќава уште и како бафер или тампон зона) претставува површина периферна на заштитеното подрачје, каде што се ограничува употребата на природни ресурси или се преземаат посебни мерки за развој за да се подобрат конзерваторските вредности на областа" (дефиниција според Xxxxx, X. X.,1991).
Техниката за опкружување на заштитено подрачје со други заштитени и/или не‐заштитени подрачја овозможува создавање на градиент на заштита околу централната јадровата област.
Постојат различни просторни модели и критериуми за одредување на контактни зони, кои го следат истиот принцип, но се применуваат под сосема различни услови (еколошки, социолошки, економски и сл.) што воедно и се алтернативи во однос на поставување на границите на контактната зона.Постојат пет критериуми кои вообичаено се земаат во нивното создавање. Тоа се:
Големина: утврдена врз основа на фактори како што се целите за создавање на контактната зона, достапноста на земјиштето, користењето на земјиштето, закани и можности. Екологија: контактната зони варираат во зависност од нивниот фокус на пејзажот, живеалиштето и / или зачувувањето на видовите, од кои секоја бара поинаков пристап за
нивно создавање.
Економија: ова вклучува проценки како што се анализа на трошоци и придобивки, временска рамка и дисконтна стапка, за да се процени економската оправданост за воспоставување на тампон‐зоната.
Законодавство: неколку меѓународни договори и конвенции (на пример, Конвенција за биолошка разновидност, Конвенција за светско наследство) и насоки на национално ниво за заштитените подрачја препорачуваат создавање тампон‐зони.
Социјални и институционални: создавање на контактната зони, исто така, вклучува разгледување на прашања како што се традиционалните права на локалните заедници, тип на развојни активности за да се минимизираат негативните влијанија на конзервација, локалните организации да управуваат со тампон‐зони и сопственоста на земјиштето.
Имајќи го предвид процесот на проширување на доброто (дел од „Upstream Process”) кој предвидува вклучување на Охридското езеро како целина, дефинитивната контактна зона ќе биде утврдена по завршувањето на процесот, одредувањето на неговите нови граници и усвојувањето од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.
За Охридскиот регион, до завршување на процесот, контактната зона прифатена од локалните власти, се препорачува да биде од 1 до 3 км во зависност од топографијата на теренот .
6. ЦЕЛИ НА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
7. МЕРКИ И ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА, НАМАЛУВАЊЕ И НЕУТРАЛИЗИРАЊЕ НА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА
8. ПЛАН ЗА МОНИТОРИНГ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
9. НЕТЕХНИЧКО РЕЗИМЕ