Contract
ДОГОВОР
ЗА ПОСЕТУВАЊЕ НА БАЛЕТСКА НАСТАВА
Склучен на ден година., помеѓу
1. БУЛЛФРОГС ПРОДУЦТИОН ДООЕЛ – СКОПЈЕ, со седиште на ул. Миле Поп Јорданов бр.68 кула 12, 1000 Скопје, Р.Македонија, со ЕДБ 4058009500688 и ЕМБС 6462979 т.с. 380177075607144 Прокредит Банка, застапувано од управителот Xxxxxxxxxx Xxxxxxxxxxxx, (во понатамошниот текст како Училиштето),
2. , (име и презиме на родителот) со ЕМБГ(на родителот) и со адреса на живеење
родител/старател
на во понатамошниот текст: Родител)
Член 1
Предмет на договорот
Предмет на овој договор е давање услуга на часови по балетска уметност, како и развој на личноста на децата преку однапред изготвени едногодишни програми и планови кои се детално опишани во програмата за учебната 2017-2018 година на Буллфрогс Продуцтион.
Училиштето се обврзува дека, професионално, совесно, одговорно, во согласност со работните планови на училиштето, ќе го образува ученикот во областа, балетска уметност.
Родителот ја прифаќа образовната програма на училиштето, односно работните задачи.
Член 2
Период на настава
Со потпишувањето на договорот и пополнување на формуларот за регистрација, родителот го запишува детето во програмата предвидена за 2017/2018 година во сооднетното ниво кое го одредило училиштето по посета на демо часот или во ниво (пополнува Училиштето).
Спроведувањето на програмата ќе се изведува во два семестри. Првиот семестар започнува од 01 септември 2017 година до 31 јануари 2018 година. Вториот семестар започнува од 01 февруари 2018 година и трае до 15 јуни 2018 година. Xxxxxxxxx Xxxxxxxxxx во месец мај ги обработува часовите од втората половина на месец јуни, како би можел вториот семестар да се затвори на 15 јуни. Датуми за обработување на четири часа (15.06-30.06) се:
1. Прв час на 05.05.2018
2. Втор час на 12.05.2018
3. Трет час на 19.05.2018
4. Четврти час на 26.05.2018
Времето кога ќе се одржат овие дополнителни часови се утврдува 1 месец пред реализирањето.
Буллфрогс Продуцтион нема да работи на националните празници, согласно со законските прописи во РМ. Активностите ќе се одржуваат во текот на работната недела, согласно со терминот кој е впишан во апликацијата.
Xxxxxxxxx Xxxxxxxxxx нема да работи нема да работи од 01.01.2018 до 07.01.2018 година.
Член 3
Организација на возрасните групи
Наставната програма и план за тековната година ќе се спроведува на неколку нивоа и групи поделени според критериумот на балетско искуство и возраст на децата. Во зависност од понатамошниот напредокот на детето не се зема во предвид возраста, туку талентот.
Член 4
Права и обврски на корисникот на услугите
За времетраење на овој договор договорените страни се согласни дека ученикот има право на отсуство од закажаниот час во случај на здравствен проблем или било која друга причина, која родителот ќе ја оправда писмено, електронски или преку телефонско јавување.
Според договорот ученикот има право на користење на салата за балет, гардеробата во училиштето за балет, како и на реквизитите во неа. Со овој договор ученикот има право да учествува во дел од организираните настапи, претстави во организација на училиштето со предходен договор со родителот, каде училиштето ќе одлучи за негово учество.
Ученикот е должен да користи соодветна гардероба за балет предвидена од училиштето, која ќе ја добие од Xxxxxxxxx Продуцтион и нема истата да ја користи во надворешни услови (под ова се подразбира дека во салата за балет се влегува исклучиво со чисти балетски патики, трико, xxxxxxxxx во соодветна боја предвидена според групата и балетски уредно собрана коса), со што се обврзува да ја задржи хигиената во балетското училиште. Балетската опрема е задолжителнa која треба да се набави во училиштето (за нови ученици). Секој ученик е обврзан да има соодветна балетска гардероба.
Родителот, односно законскиот старател на ученикот, е должен да го донесе ученикот 15 минути пред почетокот на часот. Родителот, односно законскиот старател на ученикот, е должен доколку ученикот направи некоја материјална штета, истиот да се договори со училиштето за финансиско надоместување на истата.
Родителот, односно законскиот старател на ученикот, се обврзува дека за времетраење на овој договор ќе се придржува на правилата на работа во балетската екипа, плановите и термините на часови, утврдени со планот и програмата на часовите и дека во се ќе постапува според одлуките и упатствата кои родителот, односно законскиот старател на ученикот, ги добива при уписот во училиштето.
Со потпишување на овој договор, родителот, односно законскиот старател на ученикот, се обврзува дека за времетраење на овој договор во целост ќе ги почитува и ќе се придржува кон сите внатрешни акти и правилници на
училиштето објавени на web страната на Буллфрогс Баллет или xxx.xxxxxxxx.xx.
Член 5
Права и обврски на давателот на услугите
Училиштето се обврзува професионално, совесно и одговорно во согласност со плановите на балетското училиште, да го пренесува знаењето на ученикот, максимално толерантно, без навреди, без физичко насилство и да одржува редовна настава.
Училиштето се обврзува, во случај педагогот да отсуствува од час и да не може да одржи настава поради здравствен проблем или било каков друг проблем, дека ќе обезбеди соодветен кадар кој ќе го замени педагогот кој отсуствува, а воедно се обврзува доколку часот се откаже истиот да биде надополнет во термин кој ќе биде дополнително закажан.
Училиштето се обврзува да одржува беспрекорна хигиена во просториите каде се одржуваат часовите за балет, како и навремено да го известува родителот за било какви настанати промени во тековната наставна програма.
Училиштето има право да користи фотографии, видео записи и останат рекламен материјал со ликот на ученикот, но при тоа секој рекламен материјал ќе биде заштитен со логото на училиштето и ќе се користи исклучиво за неговите потреби.
За време на часовите доколку ученикот се пожали на било каков здравствен проблем, училиштето е должно веднаш да го извести родителот.
Училиштето се обврзува дека нема да користи алкохол, дрога и други наркотични средства за време на работа, ниту пак да доаѓа на работа под дејство на истите.
Во случај на потреба од асистенти во работата, училиштето се обврзува да најде соодветен кадар за тоа, кој ќе ги има истите обврски како балетскиот педагог.
Училиштето се обврзува да во сопствените организирани настапи и претстави да обезбеди соодветен костим за ученикот, за кој треба парично да надомести родителот, односно законскиот старател на ученикот, а по претставата или настапот родителот има право да го задржи.
Училиштето се обврзува да го почитува времетраењето на часот и да ги почитува правата и обврските на ученикот.
Член 6
Паричен надомест
За часовите по балетска уметност, родителот, односно законскиот старател на ученикот со кој е склучен овој договор е должен за цело времетраење на договорот да исплаќа месечен паричен надомест на училиштето, во бруто износ од денари со пресметано ДДВ од 18%.
Доколку родителот, односно законскиот старател на ученикот го извести овластеното лице на училиштето дека ученикот би отсуствувал од сите закажани редовни часови во тековниот месец, истиот е должен да уплати половина од
определениот месечен надомест во став 1 на овој член, односно бруто износ од
xxxxxx со пресметано ДДВ од 18% на истиот.
Во секој друг случај и со присуство на само дел од редовните часови во тековниот месец родителот, односно законскиот старател на детето е должен да го уплати целиот износ определен во став 1 на овој член.
Паричниот надомест родителот, односно законскиот старател на ученикот е должен да го уплати најдоцна до 10-тиот ден во тековниот месец, по издадена фактура од страна на училиштето. Горенаведениот износ се однесува за месечната работа на училиштето.
Во случај на задоцнето плаќање на износот определен во став 1 и став 2 на овој член, Буллфрогс Продуцтион има право да пресмета и наплати законска казнена камата во висина на Референтната стапка на НБРМ што важела за секое полугодие на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за осум процентни поени сметана од истекот на рокот за уплата утврден во член 6 став 4 од овој договор до конечната исплата.
Во случај на неисполнување на обврската на родителот, односно на законскиот старател на ученикот, во смисла на месечна уплата на надоместокот утврден во член 6 став 1 и 2 на овој договор, училиштето има право да го раскине договорот и исплатата на истите да ја побарува по судски пат пред надлежен нотар и надлежен суд.
Член 7
Останати и завршни одредби
Овој договор стапува на сила со денот на негово потпишување од страна на двете договорни страни. Сите евентуални измени или дополнувања на договорот ќе бидат дефинирани меѓу договорните страни со анекс на договорот во писмена форма.
Сите евентуално настанати спорови од овој договор странките ќе ги решаваат спогодбено, во спротивно надлежен ќе биде Основен суд Скопје 2 Скопје. Договорот е составен во два еднакви примероци од кои по еден примерок за секоја договорна страна.
БУЛЛФРОГС ПРОДУЦТИОН ДООЕЛ СКОПЈЕ
Родител