• Барањето се доставува најдоцна 3 дена пред крај на тековниот месец (за исклучување во следниот месец) на email адреса evn_isklucuvanje@evn.mk , која е наменета исклучиво за комуникација со снабдувачите при исклучувањето. • ОДС, во текот на првата...
Исклучување по барање на снабдувач
Снабдувачот има право да побара од операторот на дистрибутивниот систем, да ја прекине испораката на електрична енергија на определен потрошувач ако:
• потрошувачот не ја платил доставената фактура во рок и на начин определен во договорот за снабдување;
• постојниот договор за снабдување не е продолжен, или не е склучен нов договор со постојниот или со друг снабдувач;
• договорот за снабдување престанал да важи;
• договорот за снабдување престанал кога се исполнети условите за раскинување на договорот по барање на снабдувачот или потрошувачот, пропишани со Правила за снабдување или определени со договорот.
Снабдувачот нема право да побара исклучување на потрошувач:
• ако потрошувачот отпочнал постапка за промена на снабдувач во согласност со Правилата за снабдување и
• пред да ги спроведе сите мерки за заштита на потрошувачи предвидени со закон и со Правилата за снабдување.
За реализација на исклучувањето, потребни се следните чекори од страна на Снабдувачот:
• Снабдувачот пополнува електронско Барање за исклучување на корисници по мерни места, го печати, печатира и архивира.
• Барањето се доставува најдоцна 3 дена пред крај на тековниот месец (за исклучување во следниот месец) на email адреса xxx_xxxxxxxxxxxx@xxx.xx , која е наменета исклучиво за комуникација со снабдувачите при исклучувањето.
• ОДС, во текот на првата недела од месецoт, ќе Ве извести за планираниот датум на исклучување по Вашето барање како Вие би го известиле корисникот за датумот на исклучувањето.
• ОДС, ќе ве извести за реализираното исклучување следниот ден по исклучувањето.
• Повторното приклучување на корисникот, се реализира со истото Барање, со штиклирање на полето за повторно приклучување (стандардно приклучување – следниот ден, или експресно приклучување – истиот ден на доставување на барањето)
• За реализираните услуги за исклучување и повторно приклучување по барање на снабдувач, ќе се изготвува месечна фактура кон Снабдувачот по мерно место, согласно ценовникот за услуги на ЕВН Електродистрибуција одобрен од Регулаторна Комисија за Енергетика.
• Доколку сакате да го откажување исклучувањето, потребно е да го пополните истото барање при што ќе го штиклирате полето за откажување на исклучувањето.
• Откажувањето на исклучувањето после крајниот предвиден рок односно на денот пред исклучувањето (до 10 часот), се наплаќа како реализирана услуга.