Contract
Бр.14/
ДОГОВОР
ЗА ОТВОРАЊЕ И ВОДЕЊЕ ДЕВИЗНА СМЕТКА НА РЕЗИДЕНТ
Склучен на ден помеѓу:
1. СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА претставувана од Претседател на Управен одбор м-р Xxxxxxxx Xxxxxxxxx (во натамошниот текст: Банка) од една страна и
2.
претставувано од овластено лице со ЕМБГ (во натамошниот текст: имател на сметка) од друга страна
Член 1
Предмет на овој договор е регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни во врска со начинот на отворање, водење и затворање на девизната сметка бр. MK07500 , врз основа на Одлуката за начинот на кој резидентите отвораат девизни сметки (во понатамошниот текст: Одлуката).
Член 2
Банката се обврзува на имателот на сметка да му отвори девизна сметка врз основа на доставена уредна документација презентирана во оригинал или во фотокопија заверена на нотар и да задржи фотокопија од истата во согласност со Одлуката и интерните акти на Банката.
Член 3
Со средствата на сметката на имателот располага законскиот застапник, односно сопственикот на сметката или лице /лица овластени од него.
Xxxxxx инструменти на товар на девизната сметка на имателот на сметка може да издадат:
⮚ Имателот на сметката преку пријавените овластени лица за располагање со средствата на сметката;
⮚ Банката врз основа на дадени договорни овластувања од имателот на сметката.
Член 4
Наплатата и плаќањата од девизната сметката на имателот за подмираување на побарувањата и обврските по основ на трансакции со нерезиденти, како и уплатите во ефективни странски пари се врши врз основа на налози поднесени од имателот на сметката, како и приложување на соодветна документација, согласно прописите кои го регулираат платниот промет со странство и важечките прописи во Република Македонија.
Банката ќе ги извршува налозите за плаќање по инструкции на имателот на сметка до висина на девизните средства на сметката од член 1 од Договорот.
Член 5
Xxxxxxx се обврзува да обезбеди:
⮚ современи , висококвалитетни и комплетни услуги на имателот на сметката;
⮚ запознавање со правилата и процедурите за користење на услугите кои ги нуди на учесниците на платниот промет;
⮚ извршување на платните налози истиот ден кога се добиени, а најкасно согласно законските рокови;
⮚ сигурност и оперативна достапност;
⮚ процедури за навремено завршување на обработката, во случај на технички проблеми;
⮚ имателот на сметка да располага со средствата од девизната сметка во склад со Законот за девизно работење и другите подзаконски акти донесени врз основа на овој закон и останатите позитивни законски прописи;
⮚ навремено известување на имателот на сметката за пристигнати девизни приливи преку телефон, факс, е-маил, по пошта;
⮚ плаќањата во странство и во земјата од девизната сметка во девизи и xxxxxx да ги извршува исклучуво по доставен писмен налог од имателот на сметката или од лицата овластени од него и приложена соодветна документација;
⮚ да ја гарантира тајноста на податоците за состојбата на сметката;
⮚ да врши навремен, сигурен и ефикасен пренос на средствата меѓу учесниците во платниот промет со странство;
⮚ да го известува имателот на сметка за состојбите и промените на неговата сметка со доставување на изводи по пошта;
⮚ да изврши интерно блокирање на сметката доколку не биде доставена документација за ажурирање на податоциво во предвидените рокови.
Член 6
Банката пресметува и наплатува надоместоци од имателот на сметка по основ на работење со отворената девизна сметка утврдени со Одлуката за тарифи и надоместоци за правни лица на Стопанска банка а.д. Битола и истите ги објавува на веб страната на банката.Во прилог 1. кон Договорот е даден преглед на дел од редовните провизии за девизни приливи и одливи кои важат во моментот на отворање на сметката.
Надоместоците од претходните ставови на овој член се променливи.
Член 7
Имателот на сметка се обврзува:
⮚ да ја достави потребната документација за отворање на сметка на увид во оргинална форма или фотокопија заверена на нотар;
⮚ да ги пријави овластените лица за располагање со средствата на сметката со писмено овластување потпишано од законски застапник;
⮚ во платниот промет со странство да ги употребува пропишаните платни инструменти пополнети со пропишаната содржина и да ги доставува во рокови и начини согласно законските прописи ;
⮚ да плаќа надомест и фактички трошоци на Банката согласно Одлуката за тарифи и надоместоци на Банката;
⮚ да ја извести банката за промена во неговите лични податоци од преамбулата на овој договор, дадени во банката при отворањето на трансакционата сметка на имателот, или други статусни промени веднаш, а најкасно во рок од 3(три) дена од денот на настанатите промени .
⮚ да доставува документација за ажурирање на податоците најмалку еднаш на 2 години.
⮚ да ги достави до банката сите податоци во врска со трансакциите кои банката ќе ги побара во врска со спроведување на одредбите од Законот за спречување на перење на пари.
Член 8
Имателот на сметка ја овластува Xxxxxxx да ја задолжува неговата девизна сметка за измирување на договорените доспеани а ненаплатени обврски кон Банката по сите основи.
Член 9
Xxxxxxx ќе обезбеди заштита на личните податоци на Имателот на сметката и овластените лица согласно законската регулатива. Личните податоци ќе се користат само за потребите на работењето со сметката врз основа на согласност на субјектите и во случај и на начин предвиден со закон или друг пропис.
Член 10
Затворање на сметката на имателот на сметката се врши по негово барање.
Банката ја затвора сметката на имателот на сметка на негово барање, доколку ги има измирено сите обврски кон банката, како и надоместоците и трошоците кои се однесуваат на девизната сметка.
Банката може да ги затвори сметките на имателот на сметката согласно Интерните процедури на банката и во случаи определени со позитивните законски прописи.
Член 11
Овој Договор се склучува на неопределено време. Секоја од договорните страни може да го раскине Договорот со писмено известување упатено до другата договорна страна со отказен рок од 30 дена, а по претходно исполнување на сите обврски кои произлегуваат од овој Договор.
Член 12
За прашања кои не се регулирани со овој договор, се применуваат одредбите на Законот за облигациони односи, Законот за девизно работење и другите позитивните законски прописи и актите на Банката.
Член 13
Договорните страни се согласни да ги решаваат разликите во мислењата и рекламациите по овој договор со заедничко меѓусебно договарање, а евентуалните спорови ќе ги решава Основниот суд во Битола, во согласност со важечките законски и подзаконски прописи на Република Македонија.
Член 14
Договорот влегува во сила по негово потпишување од овластени претставници на договорните страни.
Член 15
Овој договор е составен во два еднообразни примероци од кои по еден за секоја договорна страна.
За имателот на сметката, За Банката
ПРИЛОГ 1 – Извадок од Одлуката за тарифи и надоместоци на Стопанска банка а.д.Битола- дел
Б. | ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ | ||
I | ПЛАТЕН ПРОМЕТ СО СТРАНСТВО | ||
Отворање и водење на сметки | Сметка | Без надоместок | |
1 | ДОЗНАКИ | ||
Пренос на средства на сопствена сметка во друга банка во девизи- резиденти правни лица | Дознака | Ден. 600 | |
1.1. | лоро Дознаки од странство (приливи): | ||
- До ЕУР 100 | По дознака | Ден. 100 | |
- Над ЕУР 100 | Износ на дознаката | 0,10% мин. Ден. 200 | |
- Над ЕУР 500.000 | Износ на дознака | 0,08% | |
1.1.1. | Дознаки од странски лица во денари: | ||
-До 1.000,00 денари | Износ на дознаката | Без провизија | |
- Над 1.000,00 денари | 0,10% од износот, мин. Ден. 200, максимум Ден. 1.500,00 | ||
1.2. | ностро Дознаки и во странство (одливи): | ||
1.2.1. | Покритие од девизен пазар или кредит | ||
ЕУР 1-50.000 | Износ на дознаката | 0,30% мин. Ден. 400 | |
ЕУР 50.001-100.000 | Износ на дознаката | 0,25% | |
ЕУР 100.001-500.000 | Износ на дознаката | 0,20% | |
Над ЕУР 500.000 | Износ на дознаката | 0,17% | |
1.2.2. | Покритие од девизен депозит | ||
До ЕУР 500.000 | Износ на дознаката | 0,20% мин. Ден. 400 | |
Над ЕУР 500.000 | Износ на дознаката | 0,17% | |
- Измена на инструкции | Xxxxxx | Xxx.1.000 | |
1.3. | Условни дознаки: | ||
- Во странство | Износ на дознаката | 0,40%, мин. Ден. 500 | |
- Од странство | Износ на дознаката | 0,20%, мин. Ден. 500 | |
1.4. | Дознаки во странство условени со документи | Износ на дознаката | 0,40%, мин. Ден. 500 |
1.5. | Измена на инструкции | Xxxxxx | Xxx. 700 |
1.6. | Трошоци за SWIFT | Налог | Ден. 400 |
Напомена: • Надоместокот од тарифната ставка 1.1. може да се наплатува и од девизниот прилив. • Кај ностро-дознаките со клаузула >сите трошоци во земјата и странство на товар на налогодавачот> покрај провизијата од точка 1.2. налогодавачот ѓи плаќа и и стварните трошоци на странската банка. | |||
III | ДЕВИЗНО-ВАЛУТНА ЛИКВИДАТУРА | ||
1. | Откуп, преземање и исплата на валута | ||
1.5. | Преземање ефектива од претпријатија по одобрение на НБРМ | Денарска противвредност на валутите | 0,35%, мин. Ден. 300 |
1.7. | Исплата на ефектива за службен пат и за експлоатациони трошоци на товар на девизна сметка на правни лица | Денарска противвредност на валутите | 0,35%, мин. Ден. 200 |
2. | Продажба на ефективни валути за денари за службени патувања, експлоатациони трошоци и други намени | Денарска противвредност на валутите | 1%, мин. Ден. 300 |
3. | Враќање на ефективни валути по службено патување | ||
- до ЕУР 30 | Ден. противвред. на валутите | Ден. 100 | |
- над ЕУР 30 | Ден. 300 | ||