Contract
ПРЕДЛОГ АНЕКС НА ДОГОВОР
за деловна соработка за купопродажба на производи од програмата на ФЗЦ Склучен на ден меѓу:
1. Фабрика за заварени цевки и профили 11 ОКТОМВРИ Акционерско друштво Куманово, со седиште во Куманово на xxxxx „00 Xxxxxxx“ xxxx 00 X, Xxxxxxxx, Република Македонија, со ЕМБС:4028201, претставувано од Извршен директор, во понатамошниот текст Прва договорна страна, од една страна
и
2. Друштво за градежништво и трговија Квалитет-Пром ДООЕЛ Куманово увоз-извоз Куманово, со седиште на ул. „Никола Тесла“ број 160 Куманово, застапувано од управителот Xxxx Xxxxxxxxxxxxx од Куманово, во понатамошниот текст Втора договорна странач, од друга страна
Член 1
Со овој Анекс се менува член 3 и член 5 од Договорот за за купопродажба на производи од програмата на ФЗЦ бр.02-1898/1 од 25.09.2015 година.
Во член 3 зборовите “250.000.000,00 денари за секоја измината година од денот на склучување на овој договор” се заменуваат со зборовите “1.500.000.000,00 денари за период од три години.”.
Член 2
Овој Xxxxx влегува во сила на денот на неговото склучување по што важноста на основниот договор се продолжува за 3 години.
Член 3
Анекс на договорот е склучен во 4 (четири) примерока, од кои по 2 (два) за секоја договорна страна.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ:
Прва договорна страна :
За Фабрика за заварени цевки и профили
11 ОКТОМВРИ Акционерско друштво Куманово извршен директор
Втора договорна страна :
За Друштво за градежништво и трговија
Квалитет-Пром ДООЕЛ Куманово увоз-извоз Куманово управител Xxxx Xxxxxxxxxxxxx