Contract
0534
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ
I ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1.
1) Овие Услови за осигурување на живот во случај на смрт (во понатамошниот текст: Услови) се составен дел од Договорот за осигурување на живот само во случај на смрт кој Договорувачот го склучува со Кроациа Осигурување – Живот АД.
2) Терминологија:
- Осигурувач е Кроациа Осигурување – Живот АД;
- Понуда е пополнет формулар од страна на понудувачот;
- Понудувачот е лицето кое ја поднесува пополнетата понуда кај осигурувачот;
- Договорувач е лицето кое со осигурувачот склучило договор за осигурување на живот во случај на смрт на осигуреникот и кое се обврзува да ја плаќа премијата;
- Осигуреник е лицето од чиј живот зависи исплатата на осигурен случај и на кого се однесува осигурителното покритие;
- Корисник на осигурувањето е физичко или правно лице на кое по смртта на осигуреникот му се исплаќа осигурената сума;
- Договорена осигурена сума (во понатамошниот текст: осигурена сума) е обврската на осигурувачот утврдена со договорот за осигурување, односно полисата за осигурување;
- Полиса е документ за склучен договор за осигурување на живот;
- Премија за осигурување на живот е износ кој договорувачот е должен да го плати кај осигурувачот врз основа на договорот за осигурување на живот;
3) Со договорот склучен согласно овие услови, договорувачот се обврзува во договорените рокови да ја плаќа премијата, а осигурувачот се обврзува да му ја исплати на корисникот на осигурувањето осигурената сума во согласност со одредбите на овие Услови.
4) Со договорот за осигурување се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорувачот, осигуреникот, корисникот како и осигурувачот. Составен дел од договорот за осигурување се понудата, полисата, овие услови и сите додатоци на полисата во писмена форма.
5) Сите понуди, изјави, барања и измени од било која договорена страна мора да бидат во писмена форма.
6) Согласно овие услови можат да се осигураат здрави лица со навршени 18 (осумнаесет) години и тоа од првиот ден во месецот кој следи од месецот во кој осигуреникот се стекнал со право на осигурување на својот живот, па се до завршувањето на календарската година во која осигуреникот ќе наврши 65 (шеесетипет) години. Осигурувањето треба да заврши во календарската година во која осигуреникот ќе наврши 75 (седумедесетипет) години старост.
7) Лицата од ставка (6) од овој член, зависно од висината на осигурената сума, како и болните лица може да се осигураат исклучиво врз основа на извршен лекарски преглед, односно врз основа на процена на ризикот на осигурувачот со примена на одредбите на Посебните услови за осигурување на живот со зголемен ризик (анормален ризик).
II ПОНУДА
Член 2.
1) Понудата за осигурување на живот во случај на смрт доставена во писмена форма кај осигурувачот е составен дел од договорот и ги содржи сите битни елементи
2) Понудата мора да се пополни целосно, вистинито и точно и на неа мора да бидат наведени сите битни информации поврзани со превземениот ризик и склучувањето на договорот.
3) Осигурувачот има право, по доставената понуда, да побара и дополнителни податоци, односно да побара информации битни за склучување на договорот, вклучувајќи и лекарски преглед на осигуреникот.
4) Осигуреникот мора да ја потпише понудата во случај кога договорувачот не е воедно и осигуреник.
Член 3.
(1) Писмената понуда за склучување на договорот го обврзува понудувачот 8 (осум) дена од денот кога осигурувачот ја примил понудата и дополнителна документација доколку е потребна за осигурување без лекарски преглед, а ако е потребен лекарски преглед, тогаш за време од 30 (триесет) дена сметано исто така, од денот кога ја примил понудата и дополнителна документација доколку е потребна. Ако осигурувачот во тој рок не ја одбие понудата, која не отстапува од условите на осигурувачот под кои се склучува предложеното осигурување, ќе се смета дека ја прифатил понудата и дека договорот е склучен.
(2) Договорувачот, како и самиот осигуреник, должни се со писмено известување да го известат осигурувачот ако во периодот од поднесувањето на понудата до склучувањето на договорот настапи зголемување на опасноста по здравјето или животот на осигуреникот, како што е потешко заболување или повреда на осигуреникот, промена на професијата или занимавање со спорт.
(3) Осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата за осигурување без наведување на причините за одбивање на понудата, а понудата со приложените документи, освен документите предадени во оригинал, не му се враќаат на договорувачот.
III ПОЛИСА
Член 4.
(1) Полисата за осигурување на живот содржи: назив на осигурувачот, име и презиме или назив на договорувачот, име и презиме на осигуреникот и датум на раѓање, осигурен случај, почеток и истек на осигурувањето, осигурена сума, премија на осигурувањето, корисник за случај на смрт и датум на издавање на полисата.
(2) Потписите на договорувачот и осигуреникот на понудата за осигурување се сметаат за потписи на полисата.
(3) Доколку со осигурувањето на живот се договори и дополнително осигурување, составен дел од Договорот се и дополнителните услови за осигурување согласно дополнителното осигурување. Доколку осигурувачот утврдил зголемен ризик согласно член 1 ставка (7) од овие услови, составен дел од Договорот се и Посебните услови за осигурување на живот со зголемен ризик (анормален ризик).
Член 5.
1) Полисата може да гласи на одредено лице или по наредба, но не може да гласи на донесувачот.
2) Осигурувачот издава полиса во еден примерок.
IV ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 6.
1) Ова осигурување се склучува на одредено времетраење и не може да биде склучено на време пократко од 1 година.
2) Осигурувањето почнува од 0,00 часот оној ден кој е на полисата означен како почеток на осигурувањето, доколку до тој ден е уплатен капарот. Ако првата рата на премијата не е
3) платена до почетокот на осигурувањето, почетокот на осигурувањето е во 0,00 часот оној ден кога е платена првата рата од премијата. Осигурувањето престанува во 0,00 часот оној ден кој на полисата е наведен како ден на истек на осигурувањето.
4) Како исклучок од одредбата 2. од овој член, осигурувањето престанува да важи кога:
- ќе настапи смрт на осигуреникот;
- не е платена премијата согласно роковите од овие услови;
- ќе истече календарската година во која осигуреникот навршил 75 годишна возраст.
V ДОГОВАРАЊЕ НА ОСИГУРЕНАТА СУМА И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 7.
1) Премиите на осигурувањето, како и висината на осигурената сума, ја утврдуваат договорувачот и осигурувачот врз основа на податоците од понудата и соодветните xxxxxxx xxxxxx. При зголемен ризик можат да се договорат дополнителни премии или посебни услови.
Член 8.
1) Премијата на осигурувањето и осигурената сума се договараат во Евра. Премијата по правило се плаќа во денари. Доколку законските прописи кои го регулираат платниот промет со странски средства на плаќање дозволуваат уплати на премии во Евра, плаќањето може да биде извршено и во Евра.
2) Ако е договорено подгодишно плаќање на премијата, осигурувачот пресметува дополнителен надомест за подгодишно плаќање на секоја рата на премијата.
Член 9.
1) Договорувачот е должен да ја плаќа премијата во договорените рокови и на договорениот начин, а осигурувачот е должен да ја прими премијата од секое лице кое има правен интерес премијата да биде платена.
2) Премијата се смета за платена оној ден кога осигурувачот ја примил уплатата.
3) Ако уплатата на премијата не може да се спроведе од причини за кои е одговорен договорувачот, се смета дека премијата е платена оној ден кога е спроведена уплатата.
4) Премијата се плаќа во полн износ без намалување за трошоците на платниот промет.
Член 10.
1) Осигурувачот има право на законска затезна камата на задоцнетите рати на премијата. Пресметката на законската затезна камата почнува да тече 15 (петнаесеттиот) ден од денот на достасувањето.
2) Осигурувачот има право при исплата да ја одбие од осигурената сума целата до тогаш достасана неплатена премија по полисата и затезна камата и неплатената премија по полисата за осигурителната години во која настапила смрт на осигуреникот.
3) Осигурувачот нема право да бара плаќање на премијата по судски пат.
VI ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 11.
1) Ако договорувачот не ја плати премијата ниту 5 (пет) месеци по достасувањето, осигурувачот ќе го повика со препорачано писмо да ја плати достасаната премија во рок од 30 (триесет) дена од денот на врачувањето на препорачаното писмо.
2) Ако во рокот утврден со препорачаното писмо од став 1) на овој член достасаната премија не ја плати договорувачот ниту тоа го направи некое друго заинтересирано лице, осигурувачот може со изјава да го раскине договорот.
3) Како исклучок, ако осигуреникот почине пред истекот на 6 (шест) месеци од уплатата на последната премија, осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со одредбите на член 12 на овие Посебни услови, намалена за неплатената премија по полисата за осигурителната години во која настапила смрт на осигуреникот.
.VII ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 12.
1) Согласно Договорот за осигурување на живот во случај на смрт, осигурувачот е обврзан на корисникот на осигурувањето да му ја исплати осигурената сума. Како исклучок од оваа одредба, доколку осигурувањето е направено без лекарски преглед и настапила смрт на осигуреникот во првите 6 (шест) месеци од траењето на осигурувањето, во тој случај се исплаќа само 50% од осигурената сума. После поминати 6 (шест) месеци се ислаќа целиот износ.
Член 13.
1) Осигурувачот ја исплаќа осигурената сума или нејзиниот дел на корисникот наведен на полисата на осигурувањето.
2) Согласно овие Услови, осигурувачот нема други обврски за исплата на договорувачот, односно корисникот.
VIII ОГРАНИЧУВАЊА И ИСКЛУЧУВАЊА НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 14.
1) Осигурувачот не е обврзан на корисникот да му исплати осигурена сума доколку осигуреникот изврши самоубиство во првата година, а доколку изврши самоубиство во втората или третата години од траењето на осигурувањето, се исплаќа до тогаш насобраната математичка резерва.
2) Осигурателот не ја исплаќа осигурената сума на корисникот, односно нејзиниот дел, согласно член 12. од овие Услови, туку само до тогаш насобраната математичка резерва, доколку смртта на осигуреникот настапила како последица на војна или воени ситуации.
3) Доколку корисникот намерно предизвикал смрт на осигуреникот, осигурувачот не е обврзан на исплата кон тој корисник, но ја исплаќа осигурената сума на останатите корисници, односно на законските наследници.
.IX ОБВРСКИ НА ДОГОВОРУВАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 15.
1) Договорувачот односно осигуреникот е обврзан при склучување на договорот за осигурување да ги пријави сите околности кои се од значење за проценка на ризикот. Околности значајни за проценка на ризикот се воглавно оние за кои осигурувачот поставува прашања во понудата за осигурување.
2) Доколку при склучување на осигурувањето договорувачот, односно осигуреникот дал неточни податоци, кои се од таква природа, да доколку осигурувачот ги знаел, осигурувањето не би било ни склучено, осигурувачот има право во текот на првите три години од траењето на осигурувањето да побара поништување на договорот.
Право да побара поништување на договорот осигурувачот има во рок од три месеци од денот кога добил сознание за постоење на тие околности. Во случај на поништување на договорот од наведените причини осигурувачот ја задржува дотогаш наплатената премија.
3) Доколку при склучување на осигурувањето договорувачот дал неточни податоци кои се од таква природа, да доколку осигурувачот ги знаел, осигурувањето би било склучено со примена на Посебните услови за осигурување со зголемен ризик, осигурената сума се намалува сразмерно платената премија и премијата која требал да ја плати.
Член 16.
1) Договорувачот, како и самиот осигуреник, должни се во текот на траењето на осигурувањето да го известат осигурувачот за сите промени битни за договореното осигурување, особено ако осигуреникот во текот на осигурувањето промени занимање или почне да се занимава со некој од спортовите за кои осигурувачот пресметува доплаток на премијата.
2) Договорувачот е должен во писмена форма да го извести осигурувачот за промена на адресата, најдоцна 3 (три) дена по извршената промена. Осигурувачот го задржува правото известувања да испраќа на последната позната адреса дадена од договорувачот.
3) Ако договорувачот не постапи според одредбата на став (2) од овој член, сите последици од известувањата испратени на последната изјавена адреса на договорувачот влегуваат во сила како договорувачот да ги примил.
X НЕТОЧНА ПРИЈАВА НА ПРИСТАПНАТА СТАРОСТ НА ОСИГУРЕНИКОТ
Член 17.
1) Договорот за осигурување е ништовен доколку осигуреникот дал неточен податок во врска со годишната возраст, а неговата годишна возраст ја преминува границата на пристапна старост за склучување на осигурување, односно доколку преминува 65 годишна возраст.
2) Во случај кога годишната возраст на осигуреникот не преминува 65 години, договорот е xxxxxxx, а осигурената сума се утврдува согласно вистинската возраст на осигуреникот.
XI РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 18.
(1) На договорувачот му припаѓаат сите права од склучениот договор, сè додека не настапи осигурениот случај.
(2) Договорувачот може најдоцна 30 дена пред почетокот на новата осигурителна година да побара промени по полисата.
(3) Осигурувачот може од оправдани причини да го одбие барањето на договорувачот.
XII ПРИЈАВА НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 19.
1) Кога ќе настапи смрт на осигуреникот, корисникот, во рок од 7 (седум) дена од денот на настанот, поднесува до осигурувачот xxxxxxx пријава за исплата при што ја приложува и полисата.
2) Со пријавата корисникот поднесува и извод од матичната книга на умрените или некоја друга соодветна службена исправа која ја докажува смртта на осигуреникот.
XIII ИСПЛАТА НА ОСИГУРАНИТЕ СУМИ
Член 20.
1) Осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума огласно со договорот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога ја примил пријавата на осигурениот случај со сите исправи и докази пропишани со член 19. од овие Услови.
2) Како исклучок, ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместот, рокот од став (1) на овој член почнува да тече од денот на утврдувањето на основаноста на обврската и нејзината висина.
3) Осигурувачот во секој случај е должен да го исплати, на барање на овластено лице, неспорниот дел од својата обврска на име на аконтација, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплатата во рокот утврден во став (1) на овој член.
4) Осигурувачот има право сите ненаплатени рати на премијата да ги наплати при исплата која ја врши врз основа на договорот за осигурување.
5) Согласно овие Услови право на исплата има само корисникот наведен на полисата и тоа од самото склучување на осигурувањето, без разлика на тоа како е и кога одреден за корисник.
XIV КОРИСНИК
Член 21.
(1) Договорувачот го одредува корисникот во полисата.
(2) Xxxxxxxxxx не мора да биде одреден по име, туку е доволно во полисата да се наведени нужните податоци за неговото одредување.
(3) Кога за корисници се одредени децата или потомците, користа им припаѓа и на оние кои се родени подоцна, а користа наменета на сопружникот му припаѓа на лицето кое било во брак со осигуреникот во моментот на неговата смрт.
(4) Ако корисникот е малолетно лице, осигурената сума им се исплаќа на родителите односно на законските старатели. Во случај на спор, осигурувачот има право да бара
од родителите односно старателите да прибават решение од законодавното тело за старателство со кое се
(5) одредува лицето овластено за прием на договорената сума која му припаѓа на малолетното лице.
(6) Договорувачот може и со некој подоцнежен правен акт, вклучувајќи и тестамент, да именува лице на кое му припаѓа правото од договорот.
(7) Право на исплата на осигурената сума има само корисникот и тоа од самото склучување на договорот, без разлика на тоа како и на кој начин е одреден за корисник.
XV ВАЛУТА НА ОБВРСКАТА
Член 22.
(1) Ако премијата е договорена во ЕВРА, премијата се уплаќа во денарска противвредност по средниот курс на Народна банка на Р. Македонија на денот на уплатата.
(2) Осигурената сума договорена во ЕВРА се исплаќа во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Р. Македонија на денот на исплатата.
XVII ИЗДАВАЊЕ НА ЗАМЕНСКА ПОЛИСА
Член 23.
(1) Договорувачот е должен да го пријави кај осигурувачот исчезнувањето на полисата веднаш откако дознал дека исчезнала и да го објави нејзиното исчезнување во Службен весник на Република Македонија.
(2) Осигурувачот може, за винкулирана или заложена полиса или полиса на која е забележена некоја друга правна работа, како и за полиса до одредена висина на осигурената сума, да бара извршување на амортизациска постапка, односно да го условува издавањето на заменската полиса со доставување на правосилна судска пресуда со која исчезнатата изворна полиса се прогласува за неважечка.
(3) Осигурувачот издава заменска полиса во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на исчезнатата полиса во Службен веник на Република Македонија, односно од денот на правосилноста на судската пресуда.
(4) Договорувачот ги сноси сите трошоци во врска со издавањето на заменската полиса.
XVIII НАДОМЕСТОЦИ
Член 24.
(1) Договорувачот е должен на осигурувачот однапред да му плати надомест за сите услуги кои посебно ги бара од осигурителот во висина која тој ја одредува.
(2) Договорувачот е должен, со договорената премија, да ги уплати и сите придонеси и даноци воведени со прописите
XIX. ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ Член 25
(1) Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел xxxxxxxxx решавање на настанатиот спор до:
1) Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
2) Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3) Организација за заштита на потрошувачи, и
4) Агенција за супервизија на осигурување
(2) Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
Член 26
(1) Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
XX. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ Член 27
Сите лични податоци со кои Друштвото располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД за осигурување на Живот.
XXI. ЗАСТАРЕНОСТ Член 28
(1) Рокот за застареност за поднесување на барање по договор за осигурување изнесува
5 години.
(2) Застарувањето се смета дека настапило по истекот на годината во која било можно да се бара надоместокот.
XXII. ЗАВРШНА ОДРЕДБА Член 29
За односите помеѓу осигурувачот, осигуреникот, договорувачот, корисникот и другите лица на кои се однесува, а не се уредени со овие Посебни услови, се применуваат одредбите на Законот за облигационите односи
Во примена од Јануари 2016 година