Contract
РЕГУЛАТИВА (ЕУ) НА КОМИСИЈАТА 2015/1329
од 31 јули 2015 година
за измена на Регулативата (ЕУ) бр. 965/2012 во однос на воздушните операции на воздушните превозници во Унијата со воздухоплови регистрирани во трети земји
(Текст со важност за ЕЕО)
ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА,
имајќи го предвид Договорот за функционирањето на Европската унија,
имајќи ја предвид Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008 на Европскиот парламент и на Советот од 20 февруари 2008 година за заедничките правила во областа на цивилното воздухопловство, за формирање на Европска агенција за воздухопловна безбедност и за поништување на Директива 91/670/ЕЕЗ, Регулатива (ЕЗ) бр. 1592/2002 и Директива 2004/36/ЕЗ (1), а особено членовите 8(5) и 10(5) од истата,
со оглед на тоа што:
(1) Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 965/2012(2) ги утврдува условите за безбедно управување воздухоплов. Таа регулатива треба да се измени со цел авиопревозниците кои поседуваат уверение за работа во согласност со Регулативата (EC) бр. 1008/2008 на Европскиот парламент и на Советот (3) да им овозможи операции со воздухоплови регистрирани во трети земји.
(2) На воздухопловните индустрии и владите на земјите-членки треба да им се даде доволно време да се прилагодат на ревидираната законска рамка. Поради тоа, треба да се обезбеди можност за воведување на соодветен период на транзиција.
(3) Мерките предвидени со оваа регулатива се во согласност со мислењето на Европската агенција за воздухопловна безбедност поднесени во согласност со став 1 член 19 од Регулативата (EЗ) бр. 216/2008.
(4) Мерките предвидени во оваа регулатива се во согласност со мислењето на Комитетот основан со член 65 од Регулативата (EЗ) бр. 216/2008,
ЈА ДОНЕСЕ ОВАА РЕГУЛАТИВА:
1 Сл. весник L 79, 19 март 2008 год., стр. 1.
2 Регулатива (ЕУ) бр. 965/2012 на Комисијата од 5 октомври 2012 година за утврдување на техничките услови и административните постапки во врска со воздушните операции во
согласност со Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008 на Европскиот парламент и на Советот (Сл. весник L 296, 25 октомври 2012 год., стр. 1.)
3 Регулативата (EЗ) бр.1008/2008 на Европскиот парламент и на Советот од 24 септември 2008 година за заедничките правила за операции во воздушниот сообраќај во Заедницата (Сл. весник L 293, 31 октомври 2008 год., стр. 1.)
Член 1
Xxxxx XX (Дел-ARO), Xxxxx XXX (Дел-ORO) и Xxxxx XX (Дел-CAT) кон Регулативата (ЕУ) бр. 965/2012 се менуваат во согласност со Анексот на оваа регулатива.
Член 2
Влегување во сила и примена
1. Оваа регулатива влегува во сила на дваесеттиот ден по нејзиното објавување во Службениот весник на Европската унија.
Се применува од 1 октомври 2015 година
2. По пат на отстапување од точка 2 став 1, земјите-членки може да одлучат одредбите од став ORO.AOC.110 точка (г) наведени во точка 2 (б) (ii) од Анексот да се применуваат само од 25 август 2017 година.
Оваа регулатива е целосно обврзувачка и директно применлива во сите земји-членки.
Xxxxxx, 31 јули 2015 год.
За Комисијата Претседател
Xxx Xxxx XXXXXX
Член 1
Xxxxx XX, Xxxxx XXX и Xxxxx XX кон Регулатива (ЕУ) бр. 965/2012 се изменуваат како што следува:
(1) Во Анекс II(Дел – ARO), точка ARO.OPS.110 се изменува како што следува:
(a) Точка (в) се заменува се следново:
`(в) Одобрението на договор за изнајмување на воздухоплов без екипаж се одзема привремено или се повлекува кога:
(1) уверението за пловидбеност на воздухопловот е привремено одземено или повлечено;
(2) воздухопловот е додаден на листата на оператори кои се предмет на оперативна забрана или е регистриран во државата во која сите операторите под нејзина надзор се предмет на забрана за летање во согласност со Регулативата (EЗ) бр. 2111/2005.`;
(б) Се додава следнава точка (д)
` Во случај на барање за издавање на претходна согласност за договор за закуп на воздухоплов без екипаж во согласност со точката (г) од ORO.AOC.110 надлежниот орган треба да обезбеди соодветна координација со органите на државата која го регистрира воздухопловот а која е потребена за вршење на надзорот врз воздухопловот`.
(2) Xxxxx XX (Дел – ОRO) се изменува како што следува:
(а) Во точката (в) од ORO.AOC.100 (в), ставот 2 се заменува со следново:
`(2) сите воздухоплови кои се користат поседуваат уверение за пловидбеност (CofA) во согласност со Регулатива 1702/2003 или се закупени без воздухоплов во согласност со ORO.AOC.110 (г); и`;
(б) Точката ORO.AOC.110 се изменува како што следува:
(i) точката (б) се заменува како што следува:
`(б) Операторот, кој е сертифициран во согласност со овој дел не изнајмува воздухоплов со екипаж кој е наведен во листата на оператори кои подлежат на оперативни ограничувања, регистрирани во државата во која сите оператори кои се под нејзин надзор се предмет на забрана за летање или воздухоплови на оператор кои се предмет на оперативна забрана во согласност со Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005.`;
(ii) точката (г) се заменува како што следува:
` Изнајмување на воздухоплов со екипаж
(в) Барателот на одобрение за изнајмување на воздухоплов со екипаж од оператор од трета земја, докажува пред надлежниот орган дека:
(1) операторот од трета земја поседува важечко AOC, издадено во согласност со Анекс 6 од ICAO;
(2) стандардите за безбедност на операторот од трета земја во однос на континуираната пловидбеност и воздушните операции се еквивалентни на важечките услови, утврдени во Регулатива бр. 2042/2003 и оваа регулатива;
(3) воздухопловот поседува стандардно уверението за пловидбеност (CofA), издадено во согласност со Анекс 8 од ICAO;
(4) воздухопловот е опремен во согласност со регулативите на ЕУ за операции во воздух.`;
(в) Точката ORO.AOC.130 се заменува со следново:
`Следење на податоците на летот — авиони
(а) Операторот воспоставува и одржува програма за следење на податоците на летот, кој е интегриран во неговиот систем за управување, за авиони со максимална сертифицирана маса при полетување (MCTOM) на повеќе од 27 000 kg.
(б) Системот за следење на податоците на летот е неказнив и содржи соодветни мерки за заштита на изворите на податоци.`;
(3) Во Xxxxx XX (Дел – CAT) се изменува како што следува:
(а) Во точките (а) и (б) од CAT.IDE.A 100 се заменуваат со следново:
`(а) Инструментите и опремата, потребни според овој поддел се одобруваат во согласност со применливите прописи за пловидбеност, со исклучок на следниве производи и опрема:
(1) Резервни осигурувачи;
(2) Рачни преносни светилки; (3)Прецизен хронометар;
(4) Држач за карти;
(5) Комплет за прва помош;
(6) Комплет за итна медицинска помош;
(7) Мегафони;
(8) Опрема за преживување и сигнализација;
(9) Морски котви и опрема за укотвување; и
(10) Систем за сигурносно врзување на деца.
(б) Инструментите и опремата, што не се потребни според овој поддел, кои не подлежат на одобрение во согласност со други применливите прописи за пловидбеност, но се пренесуваат при летот, треба да го исполнуваат следново:
(1) информациите обезбедени од овие инструменти, опрема и уреди, не се користат од летачки персонал за целите на усогласување со Анекс I кон Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008 или CAT.IDE.A.330,
CAT.IDE.A.335, CAT.IDE.A.340 и CAT.IDE.A.345; и
(2) инструментите и опремата не влијаат на пловидбеноста на авионот дури и во случај на откажувања или дефекти.`.
(б) Во точките (а) и (б) од CAT.IDE.H.100 се заменуваат со следново:
`(а) Инструментите и опремата, потребни според овој поддел се одобруваат во согласност со применливите прописи за пловидбеност, со исклучок на следниве производи и опрема:
(1) Резервни осигурувачи;
(2) Рачни преносни светилки;
(3) Прецизен хронометар;
(4) Држач за карти;
(5) Комплет за прва помош;
(6) Комплет за итна медицинска помош;
(7) Мегафони;
(8) Опрема за преживување и сигнализирање;
(9) Морски котви и опрема за укотвување; и
(10) Систем за сигурносно врзување на деца.
(б) Инструментите и опремата, што не се потребни според овој поддел, кои не подлежат на одобрение во согласност со други применливите прописи за пловидбеност, но се пренесуваат при летот, треба да го исполнуваат следново:
(1) информациите обезбедени од овие инструменти, опрема и уреди, не се користат од летачки персонал за целите на усогласување со
Анекс I кон Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008 или CAT.IDE.A.330,
CAT.IDE.A.335, CAT.IDE.A.340 и CAT.IDE.A.345; и
(2) инструментите и опремата не влијаат на пловидбеноста на хеликоптерот дури и во случај на отказ или дефекти.