Општи услови за комбинирано осигурување на домаќинствa
УС-ств
20-12-мк
Општи услови за комбинирано осигурување на домаќинствa
член 1: дефиниции и воведни одредби
[1] Изразите употребени во овие услови го имаат следново значење: oсигурувач - Триглав Осигурување АД, Скопје, друштво за осигурување со кое е склучен договор за осигурување;
договорувач на осигурување - лице кое склучува договор за осигурување;
осигуреник - лице чиј имот и/или имотен интерес се осигурува. Договорувачот на осигурувањето и осигуреникот претставуваат исто лице, освен кај осигурувањата за туѓа сметка;
полиса - исправа за склучениот договор за осигурување;
премија - износ кој го плаќа договорувачот врз основа на договорот за осигурување; помошни простории - подрум, поткровје, гаража, шупа, тераса и слично; надомест од осигурување - износ кој го плаќа осигурувачот врз основа на склучениот договор за осигурување.
[2] Овие услови се темелат врз Законот за облигационите односи, Законот за супервизија на осигурувањето, како и останатите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони, и на соодветен начин се применуваат на договорот за осигурување кој што го склучуваат договарачот на осигурувањето и осигурувачот.
[3] Општите услови се составен дел на понудата и договорот за осигурување што договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот ќе го склучи со Триглав Осигурување АД, Скопје.
член 2: осигурени опасности (ризици)
[1] Во рамките на опсегот одреден со овие услови, осигурувањето покрива уништување или оштетување на осигурените предмети што настанало како резултат на следниве основни опасности: пожар, удар од гром, експлозија, луња, град, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, излевање на вода, лизгање на земјиште, снежна лавина, провална кражба и разбојништво.
[2] Доколку е посебно договорено и ако е платена дополнителна премија, осигурувањето исто така покрива и штети настанати поради дополнителна опасност од кршење стакло, одговорност кон трети лица, поплава и земјотрес.
[3] Кога ќе настане осигурен случај, осигурувањетото исто така покрива и исчезнување на осигурените предмети и трошоци за расчистување, рушење и отстранување во врска со настанатиот осигурен случај на осигурениот предмет.
[4] Осигурувањето покрива само непосредна штета нанесена на осигурените предмети какопоследицаод осигуренитеопасности, но не и други посредни штети или загуба поради настанување на осигурениот случај (губење на закупнина, намалување на вредност, трошоци за вода поради излевање на вода и слични загуби).
[5] Осигурувањето не покрива штети што настанале поради нуклеарна реакција, нуклеарна радијација или радиоактивна контаминација.
член 3: пожар
[1] Пожар е оган појавен надвор од определено огниште или оган кој го напуштил тоа место и е способен понатаму да се развива со својата сопствена сила.
[2] Не се смета дека настанал пожар и осигурувачот не е должен да ја надомести штетата ако осигурените предмети се уништени или оштетени поради:
1/ изложување на оган или топлина при обработка, преработка или друга намена
(на пример, при пеглање, сушење, пржење, печење, варење, загревање, чадење
и слично) или поради паѓање или фрлање на предметот во огниште (печка,
шпорет и слично) или врз него;
2/ прегорување, исчадување, запалување со цигари, жар, светилка, печка и слично;
3/ дејство на електрична енергија од преголем напон или загревање поради преоптоварување на електрични машини, апарати или електрични водови. Како исклучок, осигурувачот е должен да ја надомести штетата од пожар што настанал поради дејство на електрична енергија и кој по прекинот на тоа дејство би се ширел самостојно.
[3] Осигурувањето не покрива штети на оџаци кои настануваат во текот на нивната употреба.
член 4: удар на гром
[1] Осигурувањето покрива штети кои на осигурените предмети се предизвикани од гром со својата сила или топлина, како и штети предизвикани од удар на предмети кои биле соборени од гром.
[2] Осигурувањето не покрива штети:
1/ на електрични машини, апарати и електрични водови настанати поради дејство на електричната енергија од пренапон или загревање поради преоптоварување и атмосферски влијанија (статички оптоварувања и индукција поради атмосферски празнења или слични појави);
2/ предизвикани од удар на гром со пренос на електрична енергија по електрични водови, ниту штети на осигурувачи од кој било вид, заштитни прекинувачи, одводници на пренапон, громобрански инсталации и слични уреди настанати за време на нивното нормално работење.
член 5: експлозија
[1] Експлозија е ненадејно пројавување на сила заснована на стремежот на пареа или гасови за проширување. Кај садови под притисок (котли, цевки и слично) експлозија настанува во случаите кога ѕидовите на садот попуштаат во толкава мера што во моментот доаѓа до изедначување на внатрешниот и надворешниот притисок.
[2] Осигурувањето не опфаќа штети поради:
1/ минирања извршени од осигуреникот или поради дозволени минирања извршени од трети лица;
2/ издувување на експлозивни гасови од печки и слични уреди; 3/ експлозија од биолошки карактер;
4/ пробивање на звучниот ѕид;
5/ експлозија што настанува во садовите под притисок (котли, цевки и слично) поради дотраеност, истрошеност или преголеми наталожени наслаги на р`ѓа, каменец или талог во садот; но се надоместува штета настаната на други осигурени предмети во врска со настанатата експлозија на садот;
6/ намалување на притисок во садот (имплозија).
член 6: луња
[1] Луња се смета ветар со брзина од најмалку 17,2 метри во секунда, односно 62 км на час (8 степени по Бофоровата скала). Се смета дека имало луња ако ветрот во подрачјето каде што се наоѓа осигурениот предмет кршел гранки од стебла или ги оштетил редовно одржуваните градежни објекти. Во случај на двоумење, осигуреникот мора да ја докаже брзината на ветерот преку извештај од хидрометеоролошки завод.
[2] Осигурувањето покрива само штети предизвикани од непосредно дејство на луња или директен удар на предмети кои биле соборени врз осигурените предмети или однесени со луњата. Покриени се и штети настанати поради продор на врнежи низ отвори создадени со луњата.
[3] Осигурувањето од луња не опфаќа штети:
1/ од навлегување на дожд, град, снег или други наноси преку отворени прозорци или други отвори на објекти, освен преку отвори што настанале од луња;
2/ поради дожд и други врнежи врз предмети сместени на отворен простор, под натстрешници и други отворени објекти, како и во возила за превоз на предмети при селидба;
3/ поради снежни наноси или тежина на снег;
4/ на објекти кои не се изградени на вообичаениот начин на изградба во тоа подрачје или кои се слабо одржувани или дотраени.
член 7: град
Осигурувањето опфаќа штети што се предизвикани кога градот со својот удар ќе го оштети осигурениот предмет така што ќе го скрши, пробие, откорне или пак осигурениот предмет ќе пукне или ќе го промени својот облик поради ударот. Покриени се и штетите од навлегување на врнежи низ отвори настанати од паѓање на град.
член 8: паѓање на летало
[1] Осигурувањето покрива штети што настанале со паѓање на летала од кој било вид (моторни летала, едрилици, хеликоптери, ракета, балон и слично) врз осигурените предмети или удар во нив.
[2] Се смета дека настанал осигурен случај ако од леталото е уништен или оштетен осигурениот предмет, неговите делови, како и предмети од истиот.
член 9: манифестации и демонстрации
[1] Манифестација односно демонстрација се смета организирано или спонтано јавно покажување на расположението на група граѓани. Покриени се само оние штети што настанале поради манифестација односно демонстрација што ја допуштиле надлежните државни органи.
[2] Се смета дека настанал осигурен случај ако осигурениот предмет е уништен или оштетен на кој било начин како последица на манифестации и демонстрации (разбивање, рушење, демолирање, палење и друго).
член 10: излевање на вода
[1] Осигурувањето покрива штети што настанале поради:
1/ излевање на вода од водоводни и одводни инсталации, како и уреди за греење со топла вода и парно греење и други уреди приклучени на водоводната мрежа, поради оштетување (кршење, пукање или откажување на уредите за управување и безбедност) на тие цевки и уреди;
2/ неочекувано избивање на пареа од уредите за греење со топла вода и парно греење;
3/ излевање на вода од отворени славини надвор од домот на осигуреникот.
[2] Осигурувањето не опфаќа штети што настанале поради:
1/ излевање на вода од отворени славини во домот на осигуреникот; 2/ дотраеност, истрошеност и корозија;
3/ габи настанати од влага;
4/ лошо одржување на водоводната и канализациската мрежа, уреди за топла вода и парно греење, како и други уреди или недоволна заштита од замрзнување и слично;
5/ излевање на вода од олуци и олучни цевки, освен ако до излевањето дојде од цевка за атмосферски одвод, којашто е вградена во внатрешноста на објектот;
6/ слегнување на тлото како последица од излевање на вода од водоводни цевки; 7/ штети на самите водоводни и канализациски цевки, уреди и котли поради кршење или прскање;
8/ поради оштетувања настанати со работа на инсталации и промена на вентили од страна на нестручни лица.
член 11: лизгање на земјиште
[1] Лизгање на земјиште, во смисла на овие услови се сметаат ненадејни движења на земјишната површина на коси терени со јасно видливи расцепувања и набори на земјишната површина, ако тие движења во краток временски период предизвикуваат статички опасни деформации или широки пукнатини на објектите.
[2] Исто така лизгање на земјиште се смета и одронување на земјиште или земјишно тло како геолошко отстапување или тркалање на тврди делови од земјата или земјишното тло. Сепак, во тој случај осигурувањето ги покрива само штетите што настанале поради удар од тврди делови од земјата или земјишното тло кои се откинале и при тоа го уништиле или оштетиле осигурениот предмет.
[3] Осигурувањето не покрива штети што настанале:
1/ доколку земјиштето на кое се наоѓа објектот, во моментот на склучување на договорот, во геолошка смисла веќе почнало да се лизга;
2/ поради лизгање што било предизвикано од човекова дејност (на пример, сечење на тлото, ископ и слично);
3/ поради улегнување или слегнување на тлото;
4/ поради постепено геолошко лизгање кое се согледува во помали пукнатини на објектите.
[4] Осигурувањето не покрива трошоци за санација на земјишното тло.
член 12: снежна лавина
[1] Осигурувањето покрива штети што настанале поради лизгање на снежна маса која се откинала од планинските падини.
[2] Осигурувањето исто така покрива штети што настанале од дејството на воздушен притисок предизвикан од снежна лавина.
член 13: провална кражба и разбојништво
[1] Провална кражба се смета дека настанала ако сторителот:
1/ провали во заклучени простории (скрши или провали врата, прозорец, sид,
таван или под);
2/ отвори заклучени простории со лажен клуч или некое друго средство што не е наменето за редовно отворање;
3/ незабележливо влезе на местото на осигурување, се скрие и изврши кражба во време додека просторот е заклучен;
4/ се провлече во заклучени простории преку отвор кој не е наменет за влез и притоа совлада препреки кои оневозможуваат влез без напор;
5/ провали во заклучено складиште во просторот каде што стигнал на начин кој согласно со одредбите од овој член се смета за провална кражба;
6/ отклучи простор или складиште каде што се наоѓаат осигурените предмети со вистински клуч или со негов дупликат, ако до таков клуч дошол на начин како што е утврдено во точките 1 до 5 од овој став или со разбојништво;
7/ продре во простор кој не е на приземје или во подрум преку отворен прозорец; 8/ земе предмети од балкон кој не се наоѓа на приземје. [2] За провална кражба не се смета доколку:
1/ сторителот влезе преку отворен прозорец ако долниот раб од земјата е оддалечен помалку од 160 см;
2/ истата е предизвикана или во неа учествувало или ја поттикнало лице кое со осигуреникот живее во исто домаќинство.
[3] Разбојништво се смета одземање на осигурените предмети со примена на сила или загрозување на здравјето и животот на осигуреникот или членови на неговото домаќинство. Во случај на разбојништво, осигурувањето исто така покрива штети на предмети кои се осигуруваат и кога се надвор од станот, но најмногу до износ од 2,5% од сумата за пресметување на обврските на осигурувачот наведени во полисата, доколку не е поинаку договорено.
[4] Осигурувањето исто така покрива штети при провална кражба или разбојништво, односно при обид за истото, настанати на објектот или на негови делови (ѕидови, тавани, врати, брави, вградена опрема, инсталации, итн.) и тоа во висина на трошоците за поправка, но најмногу до 2% од износот за пресметка на обврските на осигурувачот наведени во полисата, освен ако не е поинаку договорено. Со тој опсег покриена е и штета на внатрешни делови на станот, односно на помошните простории што ја предизвикал сторителот како резултат на злонамерност при провала или разбојништво. Осигурувањето не покрива штети на стаклени врати, прозорци и стаклени ѕидови или прегради, освен ако не е поинаку договорено.
[5] Осигурувањето исто така покрива кражба кога е украдена испрана облека, постелнини, теписи и завеси, додека поради перење, сушење или пеглање се наоѓа надвор од станбениот простор (во перални, сушилници, пеглачници) кои пак се наоѓаат во истата зграда каде што се наоѓа станот на осигуреникот. Кражбата е покриена, доколку предметите се украдени во текот на денот (од утро до мрак) за време на сушење или проветрување, на тераса или во дворот од објектот во кој живее осигуреникот. Штетата е покриена до најмногу 1,5% од износот на обврските на осигурувачот наведен во полисата. Осигурувањето не покрива штети доколку
кражбата ја прикрива или во неа учествува како учесник или поттикнувач лице кое живее во заедничко домаќинство со осигуреникот.
[6] Осигурувањето исто така покрива кражба на пари и хартии од вредност до износ од 500 евра, скапоцености (злато, накит и слично) до износ од 1.000 евра, уметнички предмети, слики, скулптури, нумизматички или филателистички збирки до износ од 1.000 евра во денарска противвредност и тоа само доколку се наоѓаат на кое било место во заклучен станбен објект.
член 14: кршење стакло
[1] Осигурувањето опфаќа штети поради разбивање или пукање на стакло наведено во точка 1, став 2 од член 17 на овие услови.
[2] Осигурувањето исто така покрива трошоци за симнување и повторно местење на предмети кои пречат при поставување на ново стакло (на пример, заштитна мрежа, заштитни решетки, засолништа од сонце и слично).
[3] Осигурувањето не покрива штета што настанува:
1/ при преместување или местење на осигуреното стакло надвор од станот на осигуреникот;
2/ поради гребаници, корозија или слични оштетувања на површината на стаклото.
[4] Ако поради начинот на изработка не е можно да се замени разбиеното стакло без да се промени рамката, тогаш и таа е покриена со осигурувањето.
[5] Доколку осигурувачот не може да изврши увид на штета, осигуреникот е должен да ги чува доказите за настанатата штета.
член 15: одговорност
Осигурувањето се однесува на одговорност на осигуреникот кон трети лица за штети причинети од осигурените ризици наведени во член 1, во висина од 10% од сумата на осигурување на градежниот дел од станбениот објект.
Осигурувањето покрива одговорност за штета за секој одделен случај до осигурениот износ од сумата на осигурување на градежниот дел на станбениот објект.
член 16: поплава
[1] Поплава е настан кога постојаните води (реки, езера, мориња) неочекувано го поплавуваат земјиштето на кое се наоѓаат осигурените предмети, поради тоа што водата се излеала од коритото или го пробила одбранбениот насип или брана, излевање на вода поради зголемена плима и високи бранови и од надоаѓање на вода од вештачки езера.
[2] Под поплава се смета и неочекувано плавење на теренот поради стихиско слевање на вода по стрмнини, улици и патишта (порој) како последица на исклучително силни врнежи.
[3] Поплавасесметаиподземнаводапредизвиканаодпоплавување на земјиште во непосредна близина на осигурените предмети.
[4] Осигурувањето покрива само штети на осигурените предмети што настанале за време на поплава или непосредно откако се повлекла водата.
[5] Осигурувањето не ги опфаќа следниве штети што настанале: 1/ поради габи настанати од влага;
2/ од слегнување на земјишното тло како последица од поплава;
3/ поради вода која се излеала од канализациска мрежа, освен ако до излевањето дошло поради поплава.
член 17: земјотрес
[1] Земјотрес е природно придвижување на земјиштето, кое го предизвикуваат геофизички процеси во внатрешноста на земјата.
[2] Се смета дека дошло до земјотрес, ако осигуреникот докаже дека:
1/ природното придвижување на земјата во близина на местото на осигурување предизвикало штета на градежни објекти, кои пред земјотресот биле во добра состојба или на други предмети кои се еднакво отпорни како градежните објекти; 2/ врз основа на добрата состојба на осигурените градежни објекти пред земјотресот, штетата настанала исклучиво поради земјотрес.
[3] Осигурувањето покрива уништување или оштетување на осигурените предмети кои настанале непосредно поради земјотрес или се во причинско-последична врска со истиот, поради дејство на осигурените опасности коиинаку се вклучени во опсегот на покритието според соодветното основно осигурување.
[4] Ако штетата предизвикана од земјотрес е предмет на одделни побарувања, важи правилото дека штетата која е предизвикана од земјотрес во период од 72 последователни часа се пресметува како еден осигурен случај, при што осигуреникот сам одредува кога ќе започне тој период и тоа на начин што не се поклопува со останатите периоди.
[5] Осигурувањето не покрива штети на: 1/ фрески и ѕидни украси;
2/ вградени резервоари, дворови, надворешни скали и на други надворешни објекти (освен ако тоа е посебно договорено);
3/ на градежни објекти кои сè уште не се подготвени за нивната намена, како и на подвижностите во нив.
член 18: предмет на осигурување
[1] Предмет на осигурување се:
1/ градежни објекти (станови, куќи и индивидуални згради) кои се постојано или повремено населени;
2/ станбени и други подвижности во постојано населени станови и куќи кои се во сопственост на осигуреникот и членовите на неговото домаќинство, како и предмети што ги користат врз основа на кориснички права и договор за наем. Доколку е така договорено, истото важи и за наведените предмети во станови и куќи кои не се постојано населени.
Според овие услови се смета дека станот или куќата е постојано населен/а доколку осигуреникот има постојан престој во нив и ако во период од дванаесет месеци не биле непрекинато оставени без користење подолго од шеесет дена. Останатите станови, односно станбени куќи, според овие услови се сметаат за ненаселени; 3/ предмети што служат за опремување на станот и за лична употреба;
4/ готовина, хартии од вредност, уметнички предмети, скапоцености и збирки, како на пример филателистички, нумизматички збирки и слично;
5/ исправи и документи;
6/ предметите наведени во точка 2 и 3 од овој став, сместени во помошни простории.
[2] Ако е посебно договорено и ако е платена дополнителна премија, предмет на осигурување исто така се:
1/ стакла на прозорци и врати од станот, стаклени ѕидови и прегради во станот, стакла на влезни врати на одделни станбени куќи, како и стакла на прозорци и врати на помошни простории.
[3] Според овие услови предмет на осигурување не се:
1/ делови од објекти (печки од глина, бојлер, хидрофор, цистерна, сите инсталации) освен оние кои според став 2 од овој член може да бидат предмет на осигурување;
2/ разни ѕидни, подни, покривни облоги што не се видливи, односно се наоѓаат под видливи (површински) облоги;
3/ телевизиски и други антени надвор од затворени простории; 4/ животни;
5/ копнени моторни возила (исто така и велосипеди со помошен мотор), приколки, самоодни машини, летала и пловни објекти. Помали пловни објекти што служат за забава, како што се штици за сурфање, кајаци и кануа, како и други пловила со должина до најмногу три метри се предмет на осигурување само додека се на копно;
6/ градежен материјал и опрема наменета за градба. Ако градежниот материјал и опремата се наменети за адаптација и одржување на стан или станбена куќа во која се осигурени станбените подвижности, тогаш и тие предмети се покриени со осигурување;
7/ предмети наменети за извршување на занаетчиски и други дејности, освен дејности на домашен туризам (селски туризам до најмногу три соби за изнајмување со помошни простории) и разни дејности (хоби) кои немаат за цел заработка;
8/ оружје и муниција за коеосигуреникот нема службена дозвола; 9/ предмети во приколки за живеење и шатори.
член 19: вредност на осигурените предмети и ограничување на осигурителното покритие
[1] Вредноста на осигурените предмети се одредува според цените во местото каде што се наоѓа осигурениот предмет.
[2] Осигурена вредност на градежниот објект е вредноста на новиот објект, намалена поради абење, старост, економска и техничка застареност (амортизација), доколку не е поинаку договорено.
[3] Осигурена вредност за предметите е набавната цена за новите предмети, намалена за износот на истрошеност, старост и економска застареност, но не помалку од 30% од вредноста на градежниот објект утврдена во точка 2 од овој член.
[4] Одговорност на осигуреникот за штети причинети кон трети лица во висина до 10%
од вредноста на градежниот објект утврдена во точка 2 од овој член.
[5] Во случај на тотална штета или уништување на објектот до степен што не е погоден за живеење, трошоците за нужно сместување на осигуреникот и неговото семејство се утврдуваат во висина до 3% од вредноста на градежниот објект утврдена во точка 2 од овој член.
[6] Доколкунеедоговоренапоголемасуманаосигурувањеиплатена додатна премија, осигурени предмети од овој став се: готовина и хартии од вредност до износ од
500 евра, скапоцености (злато, накит и слично) до износ од 1.000 евра, уметнички предмети, слики, скулптури, нумизматички или филателистички збирки до износ од 1.000 евра во денарска противвредност.
[7] Исправите и документите се осигурени до висина од 100 евра во денарска противвредност.
[8] Ако не е поинаку договорено, предметите што се наоѓаат во помошни простории се осигурени вкупно до висина од 400 евра во денарска противвредност.
[9] Градежен материјал и опрема, наменети за адаптација и одржување на стан или станбена куќа се осигурени до висина од 500 евра во денарска противвредност.
член 20: место на осигурување
[1] Осигурувањето важи додека предметите се наоѓаат во станот на осигуреникот, како и за време на превоз заради селидба во друг стан. Во случај на селидба на осигуреникот, предметите се осигурени во оној стан во кој се преселил осигуреникот, а покритието за претходниот стан престанува.
[2] Предметите се осигурени и тогаш кога се наоѓаат во помошни простории, со тоа што гаражата и шупата можат да бидат на друго место, но мора да бидат во исто место каде што се наоѓа станбениот простор во кој се сместени осигурените предмети.
[3] Ако осигурените предмети се однесени од станот на осигуреникот, а тоа не е направено поради селидба во друг стан или ако тие предмети се користат надвор од станот на осигуреникот, тогаш осигурувањето за тие предмети престанува.
[4] Ако е така договорено и за тоа е платена дополнителна премија, тогаш уметничките предмети, збирки и антиквитети се осигурени и надвор од станот на осигуреникот (на изложби, продажба, реставрација и слично), како и за време на превоз или пренос од осигурениот стан или во него.
[5] Доколку не е поинаку договорено, осигурувањето важи само на територијата на Република Македонија.
член 21: пресметка на штета
[1] Штетата што е покриена со осигурување се пресметува во случај на:
1/ уништување или исчезнување на осигурените предмети - според осигурената вредност на предметите при ликвидација на осигурениот случај;
2/ оштетување на осигурените предмети - во висина на трошоците за поправка и материјал колку што би изнесувале по завршување на ликвидацијата на осигурениот случај, намалени за изгубената вредност поради абење, старост, економска и техничка застареност (амортизација), освен ако во овие услови не е поинаку одредено, како и за вредноста на остатоците. Во штетата не се пресметуваат трошоците кои при поправка настанале поради подобрување, усовршување или други промени кај осигурениот предмет.
[2] Се смета дека осигурениот предмет е уништен и за тоа се пресметува штета по точка 1 од претходниот став доколку трошоците за поправка ја достигнале вредноста на предметите, намалена за вредноста на остатоците.
[3] При оштетување на поединечни предмети од збир на предмети (на пример, гарнитура, сервис и слично) при пресметка на штета не се зема предвид намалената вредност на тој збир.
[4] Остатоците од уништените или оштетените предмети остануваат кај осигуреникот и се пресметуваат по пазарната цена при ликвидација на осигурениот случај, како
и според состојбата во која се наоѓале веднаш по настанување на осигурениот случај.
член 22: трошоци по настанување на осигурен случај
[1] На штетата се додаваат и трошоците за расчистување кои се потребни поради уништување или оштетување на осигурените предмети, но најмногу до 1,5% од износот за пресметка на обврските на осигурувачот кој е наведен во полисата. Во трошоците за чистење спаѓаат неопходните трошоци за чистење на местото на кое настанала штетата, за отстранување на оштетените и неупотребливите делови, како и трошоци за депонирање на изгорените делови, рушевини и наноси до најблиското место каде што е дозволено сместување на истите.
[2] Кај штетите настанати поради опасност од излевање на вода, при пукање на цевки, осигурувањето исто така покрива штета настаната на осигурените облоги, бои, слики или тапети што треба да се отстранат за да се поправи оштетената цевка.
[3] Осигурувањето не покрива трошоци за отстранување или намалување на опасности, ниту трошоци за посредување на противпожарни или други организации кои според природата на нивната работа се должни да пружат бесплатна помош при осигурен случај.
член 23: сума на осигурување
[1] Ако не е поинаку договорено, осигурувачот ја покрива штетата само до висина на договорената сума на осигурување.
[2] Договорувачот на осигурувањето или осигурувачот можат да бараат намалување на сумата на осигурување и премијата за наредната година доколку сумата на осигурување значително ја надминува осигурената вредност.
[3] Ако договорот за осигурување е склучен без сума на осигурување или на неограничена вредност се смета дека осигурувањето е склучено на вистинската вредност.
член 24: обврски на осигурувачот (надомест од осигурување)
[1] Ако сумата на осигурување е еднаква на вредноста на осигурените предмети или е повисока од неа, при ликвидација осигурувачот го плаќа полниот износ на пресметаната штета, но најмногу до висина на вредноста на осигурените предмети.
[2] Ако сумата на осигурување при ликвидација на осигурениот случај е пониска од вредноста на осигурените предмети (подосигурување), осигурувачот ја надоместува пресметаната штета само во сооднос меѓу сумата на осигурување и вредноста на осигурените предмети, но најмногу до сумата на осигурување.
[3] Во случај на штети на уметнички предмети, збирки и антиквитети, осигурувачот ја плаќа пресметаната штета по поединечно парче од збирката осигурени предмети во полн износ, но најмногу до висина на договорените суми на осигурување, при што вкупната штета на целата збирка предмети не смее да ја надминува сумата на осигурување.
[4] Кога ќе се утврди дека во осигурениот случај станот бил ненаселен, а била платена премија за постојано населен стан, се применува начелото на пропорционалност.
[5] Осигурувачот е должен да ги надомести во целост потребните трошоци за мерките за отстранување или намалување на штетата, а кои по настанување на осигурениот случај се преземаат по налог на осигурувачот, без оглед на сумата на осигурување.
[6] При ликвидација на осигурени случај се исплаќа надомест од осигурување што се намалува за евентуално исплатената аконтација, ревалоризирана по стапката на пораст на трошоците за живот во Република Северна Македонија од денот на уплатата на аконтацијата до ликвидацијата на осигурениот случај.
член 25: опасни околности
[1] При склучување на договор за осигурување, договорувачот на осигурувањето е должен да ги пријави кај осигурувачот сите околности кои се важни за проценка на опасноста (тежина на ризик), а со кои бил запознаен, односно со кои морал да биде запознаен. Како околности кои се важни за проценка на опасноста посебно се сметаат околностите кои на договорувачот на осигурувањето му се познати и врз чија основа се одредува и пресметува премијата, како и оние кои се наведени во договорот за осигурување. Тие околности може заедно да ги одредат договорувачот на осигурувањето и осигурувачот.
[2] Договорувачот на осигурувањето е должен да му овозможи на осигурувачот преглед на ризикот.
член 26: склучување на договор за осигурување
[1] Договорот за осигурување се склучува врз основа на писмена или усна понуда.
[2] По приемот на понудата осигурувачот може да бара дополнување илипојаснување. Се смета дека понудата стигнала до осигурувачот тогаш кога го примил бараното дополнување или појаснување.
[3] Одредбите за склучување на договор за осигурување се применуваат и тогаш кога ќе се промени постојниот договор за осигурување, освен во случај на промена на условите за осигурување или тарифата на премии.
член 27: плаќање на премијата
[1] Првата или еднократна премија, договорувачот на осигурувањето е должен да ја плати при склучување на договорот за осигурување, а остатокот од премијата за кој е договорена динамика за плаќање на рати треба да се плати најдоцна пред истекот на осигурувањето. Доколку е договорено премијата да се плаќа на рати, за наплата доспеваат сите рати во тековната година на осигурување кога настанал осигурениот случај.
[2] Доколку е договорено премијата да се плаќа на рати за изминатото време на осигурувањето, може да се пресметува редовна камата на износот на премијата за која е договорено одложено плаќање. Ако ратата не е платена до денот на доспевање, може да се пресметува и законска камата.
[3] За датум на плаќање на премијата се смета денот кога налогот се евидентира од страна на банката на осигурувачот.
[4] Ако без разлика на договореното време на осигурување во договорот била определена пониска премија, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тој временски период, осигурувачот има право да ја побарува разликата до онаа премија која договорувачот на осигурувањето би морал да ја плати кога договорот за осигурување би бил склучен само за толку време колку што реално траело осигурувањето.
[5] Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договорувачот мора да ја плати неплатената премија за времето до денот на престанок на важноста на договорот за осигурување или целокупната премија за тековната осигурителна година, ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот мора да исплати надомест од осигурување.
член 28: поврат на премија
[1] На осигурувачот во целост му припаѓа премијата за тековната осигурителна година, доколку осигурениот предмет е уништен како последица на осигурените опасности.
[2] Осигурувачот враќа дел од премијата за неискористеното време на осигурување ако осигурениот предмет е уништен поради настанување на неосигурени опасности.
[3] Ако осигурениот предмет е уништен пред почетокот на гаранцијата, осигурувачот ја враќа вкупната платена премија.
[4] Во останатите случаи на престанок на важноста на договорот за осигурување пред завршување на периодот за кој е платена премијата, на осигурувачот му припаѓа премија до денот до кој трае неговата обврска, освен ако не е поинаку договорено.
член 29: осигурен случај
Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал во моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.
член 30: обврски на осигуреникот по настанување на осигурен случај
[1] Осигуреникот е должен да пријави кај осигурувачот настанување на осигурен случај најдоцна во рок од три дена од денот кога дознал за истиот.
[2] Осигуреникот е должен веднаш да го извести надлежниот орган за внатрешни работи (полиција) за осигурениот случај кој настанал поради пожар, експлозија, провална кражба и разбојништво, односно обид за истите, како и обична кражба и да наведе кои предмети биле уништени или оштетени.
[3] Осигуреникот е должен да му ги достави сите податоци на осигурувачот и други докази кои се потребни за утврдување на причината, опсегот и висината на штетата.
[4] Доколку осигуреникот не ги исполни своите обврски во договорениот рок, осигурувачот може да не го исплати надоместокот од осигурување, ако поради тој пропуст не може да се утврди настанување на осигурениот случај или опсегот на оштетување на осигурените предмети.
член 31: постапка при вештачење
[1] Секоја договорна страна може да побара утврдување на спорните околности од страна на вештаци.
[2] Секоја страна назначува по еден вештак кој не е во работен однос со странките. Назначените вештаци пред почетокот на работата назначуваат трет вештак кој дава свое мислење само кога заклучоците на првите два вештака се различни, но само во границите на неопходните заклучоци.
[3] Секоја договорна страна ги покрива трошоците за вештакот кој го именувала, а за третиот вештак трошоците се делат на половина.
[4] Заклучоците од вештаците се обврзувачки за двете страни.
член 32: пронаоѓање на украдени предмети
[1] Ако осигуреникот на кој било начин дознае каде се наоѓаат украдените предмети, должен е со учество на надлежните органи за внатрешни работи веднаш да преземе сè што е потребно, да го утврди идентитетот на тие предмети, да ги добие назад што побрзо, како и веднаш да го извести осигурувачот.
[2] Ако осигуреникот сè уште не примил надомест од осигурување за пронајдените предмети, мора да ги преземе истите. Ако предметите се оштетени, штетата се пресметува согласно со одредбите од член 20 од овие услови.
[3] Ако осигуреникот веќе примил надомест од осигурување пред да дознае каде се наоѓаат осигурените предмети, доколку ги пронајде може да ги задржи за себе со тоа што на осигурувачот ќе му го врати примениот надомест од осигурување за предметите кои се пронајдени, а не се оштетени. Ако пронајдените предмети се оштетени, осигуреникот може да бара да ги задржи за себе по соодветно одредена вредност, а осигурувачот мора да го врати соодветниот дел од надоместокот за осигурување. Доколку осигуреникот не сака да ги преземе предметите, тие стануваат сопственост на осигурувачот. Ако осигурувачот при продажба достигне износ кој го надминува износот на исплатениот надомест од осигурување и трошоците за продажба, остатокот од износот му се одобрува на осигуреникот.
член 33: осигурување по настанување на осигурен случај
[1] По настанување на осигурен случај во кој осигурените предмети биле оштетени, осигурувањето продолжува без промени.
[2] За предметите кои според договорот за осигурување се сметаат за уништени, осигурувањето по настанување на осигурениот случај престанува да важи.
член 34: промена на условите за осигурување или на тарифата на премии
[1] Ако осигурувачот ги промени условите за осигурување или тарифата на премии, должен е да го извести договорувачот на осигурувањето за промената во рок согласно законските прописи.
[2] Договорувачот на осигурувањето има право во законски предвидениот рок по приемот на известувањето да го откаже договорот за осигурување. Договорот престанува да важи по истекот на тековната осигурителна година.
[3] Ако договорувачот на осигурувањето не го откаже договорот, договорот се менува со почетокот на следната година во согласност со новите услови за осигурување или тарифата на премии.
член 35: промена на адреса
[1] Договорувачот на осигурувањето е должен да го извести осигурувачот за промена на адресата на живеење, односно на седиштето или своето име, односно името на фирмата во рок од 15 дена од денот на промената.
[2] Ако договорувачот на осигурувањето ја промени адресата на живеење, односно седиштето или своето име, односно името на фирмата, а при тоа не го известил осигурувачот, доволно е осигурувачот да испрати известување до договорувачот на осигурувањето на последната позната адреса и да го наслови на последното познато име, односно фирма.
член 36: начин на известување
[1] Договорите за содржината на договорот за осигурување се важечки само доколку
се склучени во писмена форма.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Известувањето или изјавата се дадени навремено ако пред истекот на рокот се испратат со препорачано писмо.
[4] Изјавата која треба да се даде на друго лице важи од моментот кога истото ќе ја прими.
член 37: примена на закон
За правата и обврските на договорните страни што не се уредени со овие услови се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие услови одредено прашање е уредено спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од законот.
член 38: информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци:
Назив: | Триглав Осигурување АД, Скопје |
Седиште: | бул.„8-ми Септември“ бр.16, Скопје |
e-mail: |
Офицер за заштита на личните податоци: | |
* Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxxxx://xxx.xxxxxxx.xx/xx/xx-xxx/xxxxxxxx |
член 39: обработка и заштита на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје, а Триглав Осигурување АД, Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи совесно, законито и согласно целта за која се собрани.
член 40: правен основ за обработката на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
[2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
член 41: цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија, ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
[2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Триглав Осигурување АД, Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.
[3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
[4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: „бул.8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Триглав Осигурување АД, Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
член 42: рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Триглав Осигурување АД, Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
[2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
член 43: права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
[2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 41, од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
член 44: пренос на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје е дел од Групацијата Триглав. Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во рамките на Групацијата, односно во матичното друштвото Заваровалница Триглав каде што личните податоци се обработуваат само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во рамките на Групацијата Триглав се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Европската комисија.
Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: „xxx.0-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx.
член 45: обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг кои ги врши Триглав Осигурување АД, Скопје или поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија за своите услуги и услугите на поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија.
[2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx, или по пошта до Триглав Осигурување АД, Скопје, бул.„8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
член 46: Санкциска клаузула – рестриктивна мерка за спречување на перење пари и финансирање тероризам
[1] Осигурувачот не дава осигурително покритие, односно не ја покрива одговорноста на осигуреникот за настаната штета или не исплаќа какви било други поволности, без оглед на Договорот за осигурување, доколку таквата исплата или плаќањето на каква било друга поволност би го изложила осигурувачот на некакви санкции, забрани или ограничувања врз основа на резолуциите на Обединетите нации, или на трговски или економски санкции, на кршење на законите или прописите на Европската Унија, Обединетото Кралство или САД.
член 47: приговор (вонсудско решавање на спорови)
[1] Договорните страни се согласни дека сите спорови што произлегуваат од овој Договор ќе се решаваат по мирен пат.
[2] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно корисникот на осигурување се согласни дека за сите спорни прашања, жалби и несогласувања кои произлегуваат од односот со осигурувачот ќе го известат истиот без одложување. Известувањата во форма на приговор од овој став се доставуваат во писмена форма, од што со сигурност може да се утврди содржината на известувањето и времето на неговото праќање.
[3] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно
корисникот на осигурување кој смета дека со одлуката (решението) на осигурувачот за отштетното побарување му се нарушени правата од осигурувањето, може да поднесе приговор до Комисијата за приговори (жалби) на осигурувачот.
[4] Комисијата за приговори (жалби) е должна да донесе одлука по приговорот во писмена форма, без одложување, но чнајдоцна во рок од 30 дена од денот на прием на приговорот.
член 48: меродавно право и судска надлежност
[1] За правата и обврските на договорните страни што не се регулирани со овие Услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие Услови некое прашање е утврдено спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од Законот.
[2] Споровите што настануваат помеѓу осигуреникот, на една страна, и осигурувачот, на друга страна, ги решава стварно и месно надлежниот суд според седиштето на осигурувачот.
член 49: надзор над друштвото за осигурување
[1] Орган надлежен за вршење надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
[2] Во случај осигуреникот да не е задоволен од односот на осигурувачот во текот на траењето на Договорот за осигурување, може да достави претставка до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за надзор над работењето на осигурувачот.
член 50: застарување на барањата
[1] Побарувањата од договорите за осигурување застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
член 51: изјава за информираност
[1] Договарачот на осигурувањето/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата изречно потврдуваат дека при склучувањето на Договорот за осигурување, од страна на осигурувачот писмено се известени за сите податоци согласно членовите 49 и 50 од Законот за супервизија во осигурувањето и дека пред склучувањето на осигурувањето им е оставено разумно време за донесување на конечна одлука за склучување на Договорот за осигурување. Согласно ова, договарачот/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата потврдуваат дека се известени и за правото за поднесување на жалба.
член 52: влегување во сила
[1] Овие Општи услови со назнака УС-ств/20-12-мк влегуваат во сила со денот на нивното донесување, а ќе се применуваат од 01.01.2021 година