e mail: ou-debrca-belchishta-debarca@schools.mk
ООУ„Дебрца“ с. Белчишта
БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА
услуги - за изведување на настава во природа со ученици од петто одделение за учебната 2023/24 година
ООУ”Дебрца”с. Белчишта
с. Белчишта, март 2024 година
Договорен орган: Договорен орган: ООУ „Дебрца“с. Белчишта, одговорно лице директор Xxxxxxx Xxxxxxxxx,
e mail: xx-xxxxxx-xxxxxxxxxx-xxxxxxx@xxxxxxx.xx
Предмет на набавка: Услуги за организирање и изведување на настава во природа.
Согласно Правилникот за изведување на ученички екскурзии бр 12-13487/1 од 19.11.2019 година од МОН, согласно одобрениот план и програма за изведување на настава во природа со учениците од петто одделение, ООУ„Дебрца“ с. Белчишта Ве известува дека наставата во природа се планира да се изведе во период 10,06,2024 до 14,06 2024 година.
Понудите треба да бидат изработени и доставени согласно барањата во огласот. 1.1.Понудите не треба да содржат алтернативни решенија, односно треба да бидат изработени конкретно и согласно барањата дефинирани во описот на услугата.
1.2.Понудата која содржи дополнителни елементи или услуги нема да има предност при евалуација на истата. Цените во понудите мора да бидат фиксни, односно не е дозволена корекција на цени во текот на реализација на договорот 1.3.КРИТЕРИУМ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА
ЕКСКУРЗИЈАТА Е: најниска цена.
1.4.Минималните услови кои треба да ги исполни понудувачот се:
-да е регистриран согласно позитивните прописи во Република Северна Македонија за вршење на соодветна туристичка дејност.
(за ова доставува Образец ДРД не постар од шест месеци и копија од лиценца за вршење туристичка дејност)
-да е регистриран најмалку три години пред изведувањето на екскурзијата на учениците од основните училишта
-да има успешно реализирано сопствена аранжманска програма во Република Северна Македонија (Копии од договори и потврди за извршена услуга во последните три години)
-да ги исполнува условите за превоз на групи деца согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца.(доставува копии од Потврди за исполнување на посебни техничко експлоатациски услови на моторни возила, копии од сообраќајни дозволи на возилата кои ќе се користат, лиценци за вршење на превоз на патници, Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува условите за превоз на група деца согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца, Изјава со која понудувачот потврдува дека автобусите со кои ќе се врши превозот на деца ќе ги исполнуваат посебните технички барања, определени во правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат деца).
Понудата на понудувачот кој не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од страна на Комисијата како неприфатлива.
Со избраниот понудувач ќе се потпише договор кој што ќе ги содржи
-поединечната и вкупната цена на услугата (сместување, превоз и исхрана);
-услови за сместување, мени за исхрана и превоз;
-во цената влегува и посебното осигурување на учениците;
-начинот на плаќањето;
-водичи, број на наставници и лекар;
-поволности за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства. Избраниот понудувач треба
- на денот на потпишувањето на договорот да достави банкарска гаранција за квалитетно изведување на екскурзијата во висина од 10 % од вкупната вредност на договорот со важност од 90 дена.
- Патувањето да не го врши во периодот од 22 до 06 часот наутро.
Еден ден пред реализација на патувањето, превозникот кој го извршува превозот до директорот на училиштето , треба да достави доказ за вонредна техничка исправност на возилото за јавен превоз согласно постојните важечки закони во
Република Македонија и записник за извршен вонреден технички преглед на автобусот не постар од шест месеци.Возачот на автобусот потребно е да има лекарско уверение не постаро од шест месеци и потврда од одговорното лице на превозникот дека не возел 12 часа пред поаѓањето
Доколку овие документи не се достават и доколку автобусот не ги исполнува наведените услови во поглед на техничката исправност, потребниот број на седишта и доколку автобусот не е климатизиран, директорот нема да го одобри патувањето, потпишаниот договор ќе биде раскинат и уплатените средства избраниот понудувач ќе треба да им ги врати на родителите, а банкарската гаранција ќе биде активирана.
Секој понудувач може да учествува само со една понуда .
2. ИЗГОТВУВАЊЕ И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДАТА (СОДРЖИНА НА ПОНУДАТА)
2.1. Понудата се изготвува во согласност со содржините кои треба да се реализираат и посебните услови предвидени во БАРАЊЕТО И ПРОГРАМАТА со користење на доставените обрасци дадени во прилог со барањето
2.2. Рок и начин на плаќање
2.3. Рок и важност на понудата.
3. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА 3.1.Најниска цена
4. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4. 1.Краен рок за доставување на понудите е 08.04.2024 година, а јавното отворање ќе биде на 09.04.2024 во 13 часот во просториите на централната училишна зграда во с. Белчишта.
4. 2.Понудата да се достави во еден примерок кој треба да биде заверен и потпишан од одговорното лице на економскиот оператор.
4.3.Понудата треба да ги содржи сите податоци содржани во барањето. Запечатување на понудата
Понудувачот го приложува оргиналниот примерок на понудата во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот со целосна и точна адреса.Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој е:
-адресиран со точна адреса на набавувачот,
-го содржи бројот на барањето,
-во левиот агол стои ознака "Не отварај" со назнака за спроведување постапка за екскурзија за деветто одделение
4.4.Понудувачот треба да ги исполнува следниве услови:
-да е регистриран согласно позитивните прописи во Република Северна Македонија за вршење на соодветна туристичка дејност;
-да е регистриран најмалку три години пред изведувањето на екскурзијата, излетот или друга вонучилишна активност на учениците од основните училишта (има успешно реализирани најмалку три ученички екскурзии и други слободни активности, во последните три години);
-да има успешно реализирано сопствена аранжманска програма во Република Северна Македонија;
-да ги исполнува условите за превоз на групи деца, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца.
4.5.Со понудата понудувачот треба да ги приложат следниве документи:
-изводот од регистарот на дејност (Образец ДРД не постар од шест месеци)
-копија од лиценца за вршење на агенциска туристичка дејност
-копии од Потврди за исполнување на посебни техничко експлоатациски услови на моторни возила, копии од сообраќајни дозволи на возилата кои ќе се користат, лиценци за вршење на превоз на патници, Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува условите за превоз на група деца согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца, Изјава со која понудувачот потврдува дека автобусите со кои ќе се врши превозот на деца ќе ги исполнуваат посебните технички барања, определени во правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат деца)
- да има референтна листа за успешно реализирано сопствена аранжманска програма во Република Северна Македонија (Копии од договори и потврди за извршена услуга во последните три години)
5.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
5.1.Понудите кои ќе пристигнат после предвидениот рок како и понудите кои не се изготвени согласно барањето, Комисијата за прибирање на понуди нема да ги земе во предвид при разгледување.
Програма за НАСТАВА ВО ПРИРОДА ОТЕШЕВО – ЗА УЧЕНИЦИ ОД V ОДД.
ООУ„Дебрца“с. Белчишта за учебна 2023/2024 за околу 20 ученици
Наставата во природа опфаќа редовна настава по утврден распоред и воннаставни активности на учениците во слободното време. Редовната настава ќе се реализира во период од 9 до 12,15 часот, додека, активностите на учениците во слободното време, во периодот од 17,30 часот до 21,30 часот.
Програма за организирање на слободното време со ученици од петто одделение
Планирање на наставните содржини и воннаставните активности и распоредување на времето за работа и слободното време
Наставници кои ќе ја реализираат наставата:
Одделенски наставници од петтите одделенија,наставник по природни науки Раководители на наставата:одделенски наставници од петто одделение Распоред на часови
Вторник: 1. Македонски јазик
2. Математика
3. Природни науки
4. ФЗО
Среда: 1. Македонски јазик
2. Математика
3. Историја и општество
4. Музичко образование
Четврток: 1. Природни науки
2. Математика
3. Математика
4. Музичко образование
Петок: 1. Македонски јазик
2. Историја и општество
3. Музичко образование
4. ФЗО
Часовите од редовната настава ќе се одржуваат во времето од 9 до 12,30 часот, додека, активностите на учениците во слободното време, во периодот од 16,30 часот до 18,00 часот
Конкретизација на наставните содржини ВТОРНИК:
1. Македонски јазик: Прв ден Отешево - раскажување по доживеан настан
2. Математика: Единици мерки за должина: м,дм,цм,км-повторување
3. Природни науки: Животни средини – истражување- водна и копнена животна средина
4. ФЗО: Одење по различен терен
СРЕДА:
1. Македонски јазик: Опис на Преспанско Езеро
2. Математика: Практични вежби -мерење на растојанија-стандардни и нестандарни мерки
3. Општество: Набљудување на рељефот во околината (Посета на островот Голем град)
4. Музичко образование: Пеење изучени песни
ЧЕТВРТОК:
1. Природни науки: Истражување - почвата како животна средина
2. Македонски јазик: Составување стихови и состави-тема"Во Отешево"
3. Математика: Прибирање податоци од мерење на растојанија
4. ФЗО: Народна топка
ПЕТОК:
1. Македонски јазик: Пишување извештај за наставата во природа
2. Општество: Ориентирање во просторот според природните објекти и користење на компас за ориентација во просторот (Враќање преку
Галичица и посета на манастирот Свети Наум)
3. Музичко образование: Пеење народни роднокрајни песни
4. ФЗО: Трчање во природа
Конкретизација на содржините за активностите во слободното време на учениците
- Поттикнување и пишување дневник од престојот во Отешево
- Опишување, преку лични творби: Јас во Отешево
- Читање на личните творби: Xxx во Отешево
- Собирање на личните творби во збирка
- Изработка на плакат од истите
- Ликовни творби со мотив од природата во Отешево и дружењето меѓу учениците
- Собирање растенија за хербаториум
- Препарирање на растенијата
- Собирање инсекти за инсектариум
- Изработка на плакат: Живиот свет во Отешево
- Доработување и презентација на плакатот Живиот свет во Отешево
Програма за организирање на слободното време ВТОРНИК:
- Тргнување во 9 часот
- Пристигнување и сместување во одморалиштето и запознавање со Куќниот ред
- Разгледување и запознавање со објектот
- Вечерна програма -Добро ни дојдовте(забава)
СРЕДА:
маска
од 17:30 до 19 часот натпревар во мал фудбал и народна од 20 до 20:30 часот -припрема за вечерната приредба
од 20:30 до 21:30 вечерна приредба (маскенбал)- избрираме најдобра
ЧЕТВРТОК
од 17:30 до 19 часот- меѓуоделенски натпревар во влечење јаже од 20 до 20:30 часот -припрема за приредба
од 20:30 до 21:30 часот - избор на најдобар пејач, хуморист
ПЕТОК:
од 10 до 12 часот другарување и играње на спортските терени околу 15 часот - Припрема и напуштање на објектот
К у ќ е н р е д
- Будење на учениците во 7 часот
- Миење и местење на креветите до 7:30 часот
- Организиран појадок од 7:30 до 8:00 часот
- Преглед на собите од 8:00 до 8:30 часот
- Припрема за настава до 8:45 часот
- Тргнување и пристигнување на островот „Голем град“ од 8:45 до 9:00 часот
- Почеток на првиот час во 9:00 часот и завршување во 12:15 часот
- Припрема за тргнување од 12:15 до 12:30 часот
- Враќање од настава во природа од 12:30 до 12:45 часот
- Припрема за ручек до 13:00 часот
- Организирано ручање од 13:00 до 14:00 часот
- Попладневен одмор за учениците од 14:00 до 16:00 часот
- Ужина во 16:15 часот
- Слободни активности од 16:30 до 17:15 часот
- Организирање спортски натпревари од 17:30 до 19:00 часот
- Вечерање од 19:15 до 20:00 часот
- Припрема за приредба од 20:00 до 20:30 часот
- Вечерна приредба од 20:30 до 21:30 часо
- Легнување на учениците во 22:00 часот
Посебни услови:
Сместувањето да биде во објект кој ги има сите потребни стандарди кои се неопходни за сместување на учениците, (двокреветни , трокреветни или четирикреветни соби) кои содржат простори за одржување на личната хигиена
,топла вода, со соодветни трпезарии и другите пропратни простории за пријатен престој на учениците.
Спортските објекти и терени се во непосредната околина и истите ќе придонесат за непречено реализирање на спортско рекреативните активности: утринска гимнастика и спортските натпреварувања меѓу учениците.
Објектот да располага со простории за културно забавен живот на учениците. Храната на учениците да биде само со пилешко и телешко месо ,по ХАЛАЛ систем.
Образец на понуда
Врз основа на Јавниот оглас- за прибирање на понуди за изведување на настава во природа со ученици од петто одделение за учебната 2023/2024 година објавен на 01.04.2024 година од страна на ООУ"Дебрца“с. Белчишта во весникот
„Слободен Печат“ и „Лајм“, подигнавме Xxxxxx за прибирање на понуди, за изведување на настава во природа со ученици од петто одделение оддление за учебната 2023/2024 година и ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1.Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
Во прилог на оваа Понуда Ви ги доставуваме следниве докази за исполнување на
минимумот критериуми предвидени во точка 7 од огласот
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------
Согласни сме да ги понудиме нашите услуги за реализација на екскурзијата според дадената програма и согласно барањата во објавениот оглас, а кои се однесуваат за посебното осигурување на учениците кои патуваат, водич и постојана придружба од лекар.
Во прилог Ви приложуваме подетални информации во врска со понудата како што е : Предлог листа на исхрана /мени само со пилешко и телешко месо, по ХАЛАЛ систем.
•
Ручек прв ден Вечера прв ден Доручек втор ден Xxxxx втор ден Вечера втор ден Доручек трет ден Ручек трет ден Вечера трет ден Доручек четврт ден
• Податоци за сместување (во кој објект ќе бидат сместени за ноќевање и слично)
• Поволности за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства или два или повеќе ученици од едно семејство.---------------------
• Водичи
• Лекар
• Наставници
Место и датум Одговорно лице: име и презиме Потпис и печат
Дел III – Финансиска понуда
• III.1. вкупна цена на услугата за еден ученик (цена за сместување, за превоз, цена за исхрана и осигурување ) денари
со ДДВ, односно детален приказ на вкупната цена за еден ученик е следниов
-цена за сместување, ноќевање-------------------------------
-цена за превоз
-цена за исхрана
-цена за осигурување
• III.2.Начин и рок на плаќање
• III.3. Период на важност на понудата ------------------------------------
• Согласни сме доколку бидеме избрани да доставиме банкарска гаранција за квалитетно изведување на екскурзијата и другите слободни активности во висина од 10% од вкупната вредност на договорот со важност од 90 дена
• Согласни сме доколку бидеме избрани, еден ден пред тргнување да доставиме документите за доказ за вонредна техничка исправност на возилото за јавен превоз согласно постојните важечки закони во Република Македонија и записник за извршен вонреден технички преглед на автобусот не постар од шест месеци, лекарско уверение за возачот не постаро од шест месеци, потврда од одговорното лице на превозникот дека не возел 12 часа пред поаѓањето,
• Согласни сме доколку бидеме избрани и доколку не ги доставиме потребните документи еден ден пред тргнување наведени во претходната точка и доколку автобусот не ги исполнува наведените услови во поглед на техничката исправност, потребниот број на седишта и доколку автобусот не е климатизиран, директорот да не го одобри патувањето, потпишаниот договор да биде раскинат и уплатените средства да им ги вратиме на родителите, а банкарската гаранција ќе биде активирана.
• III.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во ова барање за прибирање на понуди, а особено:
• Превозот да се врши со превозни средства кои ги исполнуваат условите за превоз на групи деца согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца.
• Автобуски превоз спрема дадена програма
• Посебно осигурување на ученици
• Лекар за време на патувањето
• Организација и водство
• Гратис патување, сместување и исхрана на наставници
• Гратиси за ученици
• три дена доручек за сите ученици, наставници и лекарот
• Три дена ручек за сите ученици, наставници и лекарот
• три дена вечера за сите ученици наставници и лекарот
• Финасиската одговорност за реализација на склучениот договор е исклучиво на родителите
Место и датум:
Одговорно лице име и презиме Потпис и печат