Contract
Бр.
РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
Склучен на ден : год. помеѓу:
1.СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА застапувана од д-р Xxxxxxxx Xxxxxxxxx –Претседател и член на Управниот одбор (во понатамошниот текст: Давател на платежни услуги ) од една страна и
2.
со ЕМБС
застапуванo од
, со ЕМБГ (во понатамошниот текст-корисник на платежни услуги ) од друга страна.
I ОПШТИ ДОГОВОРНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој рамковен договор за платежни услуги се уредуваат правата и обврските на давателот на платежни услуги и на корисникот на платежни услуги во однос на:
▪ условите за отворање, одржување и затворање на платежни сметки;
▪ внесување и повлекување на готовина на и од платежните сметки
▪ издавање платни инструменти и/или прифаќање платежни трансакции;
▪ извршување на платежни трансакции (пренос на парични средства на платежна сметка кај давателот на платежни услуги на корисникот на платежни услуги или кај друг давател на платежни услуги);
▪ извршувањето на поединечни и/или последователни платежни трансакции
▪ извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози за правни лица;
▪ извршување на платежни трансакции кај коишто паричните средства се обезбедени со кредитна линија за корисникот на платежни услуги;
▪ парични дознаки;
▪ издавањето на дебитна платежна картичка поврзана со платежна сметка и извршување на платежни трансакции со истата;
▪ условите за користење на електронско и мобилно банкарство и извршувањето на платежни трансакции преку овие канали;
▪ извршување на директни задолжувања, вклучувајќи еднократни директни задолжувања;
Член 2
Со склучување на рамковниот договор, давателот на платежни услуги може да му отвори една или повеќе платежни сметки на корисникот на платежни услуги и во различни валути, без разлика на нивните карактеристики или намена, како и да му ги овозможи сите останати платежни услуги цитирани
во член 1 согласно поднесеното барање за платежни услуги до давателот на платежни услуги од страна на корисникот на платежни услуги.
Давателот на платежни услуги се обврзува на имателот на сметка да му отвори девизна и денарска платежна сметка врз основа на доставена уредна документација презентирана во оригинал или во фотокопија заверена на нотар со превод на македонски јазик на оригиналната документација, заверени од овластен преведувач. Давателот на платежни услуги задржува фотокопија од истата во согласност со законската регулатива и интерните акти.
Член 3
Давателот на платежни услуги и корисникот на платежни услуги го склучуваат овој рамковен договор по поднесено барање за платежни услуги од страна на корисникот на платежни услуги. Корисникот на платежни услуги со потпишувањето на овој рамковен договор потврдува дека пред потпишувањето на Договорот, на јасен и недвосмислен начин бил запознат со содржината на Рамковниот договор преку доставување на примерок од истиот т.н Предлог Xxxxxxxx Договор и воедно е запознат и согласен со условите и одредбите од Претходните информации кои се кои се јавно достапни до корисниците .
Член 4
Составен дел на содржината на овој рамковен договор се:
▪ Претходните информации за платежни услуги кои давателот на платежни услуги ги има јавно објавено на својата веб страна и воедно се достапни во електронска и хартиена форма за корисникот на платежни услуги. Корисникот на платежни услуги е запознат со Претходните информации за платежни услуги доволоно време пред склучување на овој рамковен договор и со потпишувањето на договорот го потврдува истото .
▪ Важечката Тарифа на надоместоците на услугите што ги врши Стопанска Банка а.д
Битола и Важечката одлука за политиката на кматните стапки на Стопанска Банка а.д Битола, објавени на веб страната на давателот на платежни услуги xxxxx://xxx.xxxxx.xx/xxxxxxxx_xxxxxxxx_x_xxxxxxx_xxxxxx.xxxx,
xxxxx://xxx.xxxxx.xx/xxxxxx-xxxxxx-xx-xxxxxxx-xxxxxx-xxxx.xxxx xxxxx://xxx.xxxxx.xx/xxxxxx-xxxxxx-xx-xxxxxxxxx-xxxxxx-xxxx.xxxx
▪ Важечкиот термински план на Стопанска Банка а.д Битола за прием и реализација на платни налози во денарскиот платен промет и во платниот промет со странство ко се објавени на веб страната на давателот на платежни услуги на следните локации :
xxxxx://xxx.xxxxx.xx/xxxxxx-xxxxxx-xx-xxxxxxx-xxxxxx-xxxx.xxxx xxxxx://xxx.xxxxx.xx/xxxxxx-xxxxxx-xx-xxxxxxxxx-xxxxxx-xxxx.xxxx
▪ Поимникот за платежни услуги и платни системи на Стопанска Банка а.д Битола
▪ Известувањето за заштита на приватноста на клиентите на Стопанска Банка а.д Битола
Член 5
Давателот на платежни услуги се обврзува:
▪ Да ги извршува платните налози доставени до страна на Корисникот согласно со важечките прописи
▪ Да врши други платежни услуги согласно Барањето на клиентот и важечките прописи
▪ Да го информира Корисникот за промените на платежната сметка
Давателот на платежни услуги го задржува правото да го одбие извршувањето на платежна трансакција на Корисникот согласно законските прописи.
Член 6
Корисникот на платежни услуги се обврзува :
▪ Да располага со средствата на платежната сметка согалсно законските прописи, овој договор и претходните информации
▪ Да доставува исправни платни налзои во согласност и на начин утврден со важечките законски прописи
▪ Писмено да ја извести Банката за сите настанати статусни промени на негова страна (документи за лична идентификација, промена на адреса, промена на податоци за контакт), промена на овластени лица за располагање на средства со платежната сметка, приговори, жалби и други промени кои се важни и влијаат врз деловниот однос со Давателот на платежни услуги
Член 7
За платежните услуги кои ги користи корисникот на платежни услуги има обврска да плаќа надоместоци кон давателот на платежни услуги, односно давателот на платежни услуги има право да ја задолжува сметката на корисникот на платежни услуги за надомест за платежна услуга согласно Тарифата на надоместоците и услугите кои ги врши Стопанска Банка а.д Битола.
Давателот на платежни услуги е должен најмалку еднаш годишно на корисникот на платежни услуги да му даде извештај за сите наплатени надоместоци за услугите поврзани со платежната сметка и, доколку е применливо, информациите за висината на каматните стапки и применетиот девизен курс. Стопанска Банка а.д Битола применува референтна каматна стапка и/или рефрентен девизен курс. Јавно достапниот извор од каде што може да се провери индексот или основата за определување на висината и движењето на користената референтна каматна стапка е на следната локација : xxxxx://xxx.xxxx.xx/xx-xxxxxxxxxxx-xxxxxx-xx-xxxxxxxxxxxxxxxxx-xxxxxx-xx-xxxxxxxxxxxx-xx-xxxxxxxx-xx-
kaznena-kamata.nspx додека рефрентниот девизен курс може да се провери на следната локација : xxxxx://xxx.xxxxx.xx/xxxxxx-xxxxx.xxxx .
Давателот на платежни услуги е должен да го достави извештајот за надоместоците до корисникот на платежни услуги најдоцна до крајот на месец јануари од тековната календарска година за наплатените надоместоци во претходната календарска година.
Начинот на давање на извештајот за надоместоците е во електронска форма доколку корисникот на платежни услуги е воедно и корисник на електронско банкарство или во хартиена форма по пошта на адресата која ја пријавил корисникот кај давателот на платежни услуги.
Давателот на платежни услуги е должен на барање на корисникот на платежни услуги да му го даде извештајот за надоместоци и на хартија, независно од договорениот начин на давање на извештајот.
II ПОСЕБНИ ДОГОВОРНИ ОДРЕДБИ
1. ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
Издавање на дебитни платежни картички
Давателот на платежни услуги му издава дебитна платежна картичка поврзана со платежната сметка на Корисникот соглaсно доставено барање од страна на Корисникот за истото.
Корисникот се обврзува да ја користи платежната картичка согласно условите наведени во посебниот Договор за дебитна платежна картичка (Visa )
Издавање на кредитни платежни картички
Давателот на платежни услуги му издава кредитна платежна картичка поврзана со платежната сметка на Корисникот соглaсно доставено барање од страна на Корисникот за истото и по одобрување од кредитен одбор.
Корисникот се обврзува да ја користи платежната картичка согласно условите наведени во посебниот Договор за дебитна кредитна картичка (Visa / Mastercard)
2. ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
Платежната сметка во денари на Корисникот на платежни услуги – резидент, , може да премине во долговно салдо до износ утврден со Договорот за одобрување на дозволено пречекорување на платежна сметка кој Давателот на платежни услуги го склучува со Корисникот -резидент.
3. ОНЛАЈН КОРИСТЕЊЕ УСЛУГИ ПОВРЗАНИ СО ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
Давателот на платежни услуги му овозможува на корисниците на платежни услуги онлајн користење на услугите поврзани со платежна сметка преку интернет (електронско банкарство). Корисниците онлајн може да имаат увид во нивните платежни сметки и платежните сметки за кои имаат овластување за увид како и можност за вршење на платежни трансакции онлајн преку електронското банкарство на Давателот на платежни услуги .
Онлајн пристапот до платежните сметки преку интернет (електронско банкарство) се доделува од страна на Давателот на платежни услуги согласно достaвено барање од страна на Корисникот на платежни услуги.
III ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Член 8
Давателот на платежните услуги му ги дава или става на располагање информациите за извршените поединечни платежни трансакции на Корисникот на платежни услуги, периодично, најмалку еднаш месечно, на договорениот начин со корисникот на платежни услуги што ќе овозможи чување и репродуцирање на овие информации во неизменета форма.
Информациите за извршените платежни трансакции корисникот на платежни услуги може да ги добие:
- Во хартиена форма на шалтерите на давателот на платежни услуги
- Во електронска форма односно во виртуелно сандаче во електронското банкарство на корисникот
Член 9
Корисникот на платежни услуги се обврзува да ги користи платежни услуги на начин предвиден со Законот за платежни услуги и платни системи, соглaсно доставените претходни информации кои се составен дел на овој рамковен договор и се јавно достапни, како и согласно условите и насоките предвидени во поединечните договори за платежните услуги: платежни картички, електронско банкарство.
Член 10
Овој договор се склучува на неопределено време и стапува на сила веднаш по потпишувањето од двете страни.
Секоја измена во рамковниот договор, вклучително и измена на информациите за користење на платежните услуги давателот на платежни услуги е должен да ја предложи на корисникот на платежни услуги во јасна и сеопфатна форма на хартија или друг траен медиум најдоцна два месеци пред датумот на примена на измената.
Корисникот на платежните услуги ги прифаќа или не ги прифаќа предложените измени од пред датумот на примена на измените и за прифаќањето или неприфаќањето го известува давателот на платежни услуги.
Ќе се смета дека корисникот на платежни услуги ги прифатил предложените измени во условите на рамковниот договор доколку пред датумот на примена на измените не го извести давателот на платежни услуги дека ги одбива истите.
Во случај корисникот на платежни услуги да не ги прифати предложените измени, корисникот има право да го раскине рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените без да плати трошок или надоместок за раскинувањето на рамковниот договор, пришто рамковниот договор престанува да важи со датумот на раскинување на договорот од страна на корисникот на платежни услуги.
Раскинувањето на рамковниот договор и затворањето на платежната сметка е без надоместок за корисникот на платежни услуги, освен ако рамковниот договор е на сила во период пократок од шест месеци. Доколку договорот е на сила во период пократок од шест месеци, надоместоците за раскинување на рамковниот договор и затворањето на платежната сметка се во висина на вистински направените трошоци на давателот на платежни услуги.
Давателот на платежни услуги може да го раскине рамковниот договор склучен на неопределено време со известување најмалку два месеци пред денот на раскинување на рамковниот договор. Известувањето за раскинување се доставува до корисникот на платежни услуги во хартиена форма или на траен медиум во едноставна и сеопфатна форма.
Погоренаведените одредби за раскинување на рамковен договор не важат во случај на неактивните платежни сметки и блокираните платежни сметки.
Во случај на раскинување на рамковниот договор и затворање на платежната сметка согласно кој надоместоците за платежните услуги од корисникот на платежни услуги се пресметуваат или наплатуваат на редовна основа, давателот на платежни услуги ги наплатува надоместоците во висина која е сразмерна на периодот до раскинување на договорот.
Доколку корисникот на платежни услуги надоместоците за платежните услуги ги платил однапред, давателот на платежни услуги е должен на корисникот на платежни услуги да му врати дел од износот на платените надоместоци кој е сразмерен на периодот од денот на раскинување на договорот до последниот ден на периодот за кој надоместокот е платен.
Давателот на платежните услуги е должен веднаш по истекот на рокот од два месеци од кога е доставено известувањето за раскинување на рамковниот договор, да го раскине договорот и да ја затвори платежната сметка, а доколку на платежната сметка има позитивно салдо да ги пренесе паричните средства на евиденциска сметка со посебна намена и не смее да пресметува и наплатува било какви надоместоци за одржување на евиденциската сметка.
Со преносот на паричните средства на сметка со посебна намена не престанува правото на сопственост над паричните средства на корисникот на платежни услуги, вклучувајќи ги и подоблиците на правото на сопственост и другите права што произлегуваат од сопственоста.
Член 11
Документите, податоците и информациите стекнати при вршењето на платежните услуги поврзани со платежните сметки или трансакции претставуват банкарска тајна односно деловна тајна и Давателот на платежни услуги е должен да ги чува во тајност и со нив да постапува согласно зкаонските одредби. Давателот на платежни услуги може да ги открие податоците, информациите и документите на трети лица само во случаевите предвидени и дозволени со закон.
Заради заштита на сопстевните инетереси од друга страна, Корисникот на платежни услуги е должен да ги чува сите податоци поврзани со неговата платежна сметка и платежни услуги кои ги користи како строго доверливи.
Давателот на платежни услуги не одговара за било каква штета која може да настане за Корисникот како резултатт на непочитувањето на обврските од негова страна.
Член 12
Корисникот на платежни услуги се обврзува да врши редовно ажурирање на документацијата за идентификација со која се идентификувал кај Давателот на платежни услуги веднаш по истекување на рокот на важност на истата. Корисникот се обврзува за сите промени поврзани со неговите податоци доставени иницијално кај Давателот на платежни услуги, како адресните и другите податоци за контакт, податоците за законски застапник или овластено лице и слично, писмено во рок од 3 работни дена од денот на настанувањето на измените да го извести Давателот на платежни услуги.
Корисникот на платежни услуги има обврска да изврши ажурирање на податоците и доколку истото биде побарано од Даватлот на платежни услуги пред истекот на рокот на важноста на документот за идентификација односно доставената докуменатција кај Давателот на платежни услуги во согласност со важечките законски прописи.
Член 13
Корисникот на платежни услуги со потпишувањето на овој договор потврдува дека го има примено Известувањето за заштита на приватноста на клиентите на Стопанска банка а.д. Битола.
Давателот на платежни услуги ќе врши обработка на личните податоци, вклучувајќи го и ЕМБГ и ќе ги користи личните податоци на Корисникот за потребите на работењето на начин предвиден со Закон и во согласност со Законот платежни услуги и платни системи како и за промоција на своите производи и услуги, по претходно добиена писмена согласност од корисникот на платежни услуги.
Давателот на платежни услуги ќе превземи соодветни заштитни мерки за да ги заштити личните податоци на корисникот на платежни услуги. Личните податоци ќе се обработуваат исклучиво за целите заради кои се неопходни и само кога Давателот на платежни услуги за тоа има соодветна законска основа.
Давателот на платежни услуги ќе го информира корисникот на платежни услуги за сите аспекти на обработка на неговите лични податоци, а особено на неговите права како субјект на лични податоци.
Член 14
За се што не е предвидено со овој Договор, ќе се применуваат одредбите од Законот платежни услуги и платни системи. Во случај на спор помеѓу двете договорни страни во врска со платежните услуги и рамковниот договор се применува Законот за платежни услуги и платни системи, а надлежен суд е стварно и месно надлежниот суд.
Можностите коишто му се на располагање на корисникот на платежните услуги во насока на заштита на неговите права, се:
▪ правото на поднесување приговор до давателот на платежни услуги,
▪ правото на поднесувањето поплака до надлежниот орган за надзор на давателот на платежни услуги односно Народната Банка на Република Македонија
▪ вонсудската постапка за решавање на спорот
▪ судска постапка за решавање на спорот
Член 15
Договорот влегува во сила по негово потпишување од овластени претставници на договорните страни.
Член 16
Овој Договор е составен во два еднообразни примероци, од кои по еден за секоја договорна страна.
Корисник на платежни услуги Давател на платежни услуги
Потпис и ПЕЧАТ Потпис – согласно овластување од УО
Информативен документ за надоместоците
Назив на давателот на платежната сметка: Стопанска Банка а.д Битола Назив на платежната сметка: Платежна сметка за правни лица Датум: 1.1.2023
Овој документ содржи информации за надоместоците за користење на главните услуги поврзани со платежната сметка. Ќе ви овозможи споредба на тие трошоци со трошоците на другите сметки.
Надоместоци може да се наплатуваат и за користење услуги коишто не се наведени во овој документ. Целосните информации се достапни на следната локација на веб страната на Стопанска Банка а.д Битола xxxxx://xxx.xxxxx.xx/xxxxxxxx-xx-xxxxxxxxxxx-xx-xxxxxxxx-xxxx-xx-xxxxx-xxxxxxxxx-xxxxx-x-x-xxxxxx.xxxx како и во Тарифата на надоместоците и услугите што ги врши Стопанска Банка а.д Битола.
Поимникот кој содржи термини кои се употребени во овој документ е достапен без надомест.
Услуга | Xxxxxxxxxx |
Општи услуги поврзани со сметка | Надоместок |
Водење на платежна сметка | |
Со промет 1-500.000,00 ден. | 400 ден. месечно декурзивно |
Со промет 500.001,00-1.000.000,00 ден. | 800 ден. месечно декурзивно |
Со промет над 1.000.001,00 ден. | 1.200 ден. месечно декурзивно |
Без активност во текот на месецот | 25 ден. месечно |
Без долговен промет во период од две години ( освен промет по основ на провизии) | 300 ден. месечно |
За клиенти со над 100 сметки за куќен совет | 100 ден. месечно декурзивно, освен за основната сметка |
Онлајн користење на услуги поврзани со платежна сметка | Надоместок |
Користење на интернет апликација (е-банкинг) со можност за следење и /или плаќање | Без надомест |
Плаќање (освен со картички ) | Xxxxxxxxxx |
Кредитен трансфер во денари во земјата | |
Плаќање во корист на сметка кај истиот давател на платежни услуги | |
Хартиен платен налог | 35 ден. налози до 10.000 ден., 45 ден. за налози над 10.000 ден. |
Електронски платен налог | 11 ден. |
Плаќање во корист на сметка кај друг давател на платежни услуги | |
Хартиен платен налог преку КИБС | 55 ден. за налози до 10.000 ден., 60 ден. за налози |
над 10.000 ден. | ||
Хартиен платен налог преку МИПС | 320 ден. | |
Електронски платен налог | 22 ден. | |
Електронски платен налог преку МИПС | 120 ден. | |
Кредитен трансфер во валута во странство | ||
Ностро дознаки во странство (одливи): | 0,30% мин. 500ден. | |
Дознаки со назнака странски трошоци натовар на налогодавачот ОУР | согласно тарифна ставка 1.2 плус за дознаки во EUR, USD и CAD | согласно тарифна ставка за ностро дознаки во странство плус за дознаки во сите останати валути |
до EUR 7.000 | 1.500ден. | 2.000ден. |
од EUR 7.001 до EUR 20.000 | 2.000ден. | 2.600ден. |
од EUR 20.001 до EUR 50.000 | 2.800ден. | 4.000ден. |
над EUR 50.001 | 4.000ден. | 5.500ден. |
Прилив од странство | ||
Xxxx дознаки од странство (приливи) | 0,12% мин. 500ден. Доколку е со трошок ОУР намален за износот добиен од странската банка. Доколку странската банка не прифаќа барање за рефундирање ќе се наплатува целиот износ според тарифниот став) | |
Готовина | Надоместок | |
Уплата во готово на платежна сметка | Без надоемст до 12 часот, 50 ден. мин 0.15% по 12 часот | |
Исплата во готово од платежна сметка | 0.50 % минимум 100 ден. | |
Дозволено пречекорување | Годишна каматна стапка 14.75% променлива (4.75% референтна каматна стапка + 10 п.п) | |
Останати услуги | ||
Издавање на квалификувани дигитални сертификати | Надоместок | |
КИБС Сертификат на нов ПКИ токен | ||
Verba Sign PKI Token на 1 година | 2.800 ден. | |
Verba Sign PKI Token на 2 години | 3.937 ден. | |
Verba Sign PKI Token на 3 години | 4.869 ден. | |
Verba Sign Pro PKI Token на 1 година | 3.200 ден. | |
Verba Sign Pro PKI Token на 2 години | 4.400 ден. | |
Verba Sign Pro PKI Token на 3 години | 6.600 ден. | |
КИБС Сертификат на постоечки ПКИ токен | ||
Verba Sign PKI Token на 1 година | 1.330 ден. | |
Verba Sign PKI Token на 2 години | 2.320 ден. | |
Verba Sign PKI Token на 3 години | 3.320 ден. | |
Verba Sign Pro PKI Token на 1 година | 1.710 ден. | |
Verba Sign Pro PKI Token на 2 години | 3.120 ден. | |
Verba Sign Pro PKI Token на 3 години | 4.370 ден. |