Contract
Дирекција за заштита и спасуваење на Република Македонија,врз основа на членовите 22,23,24,25,26, и 27 од Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, бр. 167/15-пречистен текст, 27/16, 120/18), а во врска со член 22 ст. 1 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр.27/14, 199/14, 27/2016, 35/18 и 198/18), и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/2 од 28.06.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр. 01-1902/5 од 14.10.2016 година, бр. 01-625/1 од 20.02.2018 година, бр. 01-625/4 од 18.06.2018 година, 29.08.2018 година, 01-625/14 од 03.09.2018 година, бр. 01-625/18 од 04.10.2018 година, бр. 01-277/2 од 22.01.2019, бр.01-277/4 од 28.05.2019
година и бр.01-277/6 од 03.09.2019 година, бр.01-277/9 од 09.10.2019 година, бр.01-277/12 од 01.11.2019 година, бр.01-277/14 од 08.11.2019 година, бр.01-277/17 од 20.11.2019 година и бр.01-277/20 од 16.12.2019 година, бр. 01-359/1 од 29.01.2020 година, бр. 01-359/5 од 17.09.2020 година, бр. 01-359/8 од 26.10.2020 година, бр. 01-359/11 од 07.12.2020 година, објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
за вработување на 6 (шест) лица во Дирекција за заштита и спасување на определено време до крајот на тековната фискална 2021 година
Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија објавува оглас за вработување на 6 (шест) лица преку засновање на работен однос на определено време за работните места:
I Посебни услови кои треба да ги исполни кандидатот:
1. Помлад соработник за планирање, организирање и спроведување на хуманитарните мерки за заштита и спасување, Подрачно одделение за заштита и спасување Гостивар, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител
Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: безбедност, образование, правни науки
- Стручни квалификации: ниво на квалификација VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- Работно искуство: со или без работно искуство
Посебни работни компетенции:
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00 денари за работното место под реден број 1
2. Помлад соработник за протокол и односи со јавноста, електронска, печатена и ВЕБ продукција, Одделение – кабинет на директорот, Сектор за заеднички работи – 1 извршител
Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: политички науки, социјална работа и социјална политика
- Стручни квалификации: ниво на квалификација VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- Работно искуство: со или без работно искуство
Посебни работни компетенции:
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00 денари за работното место под реден број 2
3. Помлад соработник за спроведување на обука, тренинг и вежби на просторните сили за заштита и спасување, Одделение за обука, Сектор за превенција, планирање и развој
– 1 извршител
Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: одбрана, правни науки
- Стручни квалификации: ниво на квалификација VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- Работно искуство: со или без работно искуство
Посебни работни компетенции:
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00 денари за работното место под реден број 3
4. Помлад соработник – технички секретар, Одделение за техника и материјално техничко опремување, Сектор за материјално техничко опремување и градежно техничко одржување на објекти – 1 извршител
Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: образование, правни науки
- Стручни квалификации: ниво на квалификација VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- Работно искуство: со или без работно искуство
Посебни работни компетенции:
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00 денари за работното место под реден број 4
5. Помлад соработник за административно – техничка поддршка и обработка на податоци и документи, Одделение за техника и материјално техничко опремување, Сектор за материјално техничко опремување и градежно техничко одржување на објекти – 1 извршител
Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: правни науки
- Стручни квалификации: ниво на квалификација VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- Работно искуство: со или без работно искуство
Посебни работни компетенции:
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00 денари за работното место под реден број 5
6. Виш соработник за поддршка при буџетска координација, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања – 1 извршител
Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: економски науки
- Стручни квалификации: ниво на квалификација VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- најмалку 2 (две) години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции:
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Паричен износ на основна нето-плата: 24.400,00 денари за работното место под реден број 6
II. Општи услови кои треба да ги исполни кандидатот:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здраствена способност
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оргинална форма или копија заверена на нотар:
1.Доказ за државјанство на Република Македонија/ оргинал или копија уверение за државјанство 2.Доказ за општа здраствена способност/лекарско уверение оргинал
3.Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност/потврда
4.Уверение/диплома за завршен степен на образование/копија со нотарска заверка верно на оргинал
5.Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
6.Доказ за работно искуство (потврда од АВРМ и од ПИОМ)
7.Доказ за познавање на комјутерски програми/потврда-сертификат-оргинал или копија 8.Биографија
III. Распоред на работно време: Работни часови во неделата - максимум 40 работни часови, работно време со почеток меѓу 07,30-08,30 часот и крај на работно време меѓу 15,30-16,30 часот.
Работни денови: од понеделник до петок
Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица,, Васко Карангелески,, бр. 8 - Скопје касарна Xxxx Xxxxxx – Аеродром – Скопје(со назнака ,,За оглас за вработување за работна позиција бр...,,)
Пријавите со потребната документација се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.
Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.
Рокот за доставување на потребната документација е три (3) дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајки го денот на самото објавување).
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2021 година.
ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ Д И Р Е К Т О Р
XXXXX XXXXXXX